намалување на потрошувачка на гас и нафта Archives - Република https://republika.mk/tema/namaluvanje-na-potroshuvachka-na-gas-i-nafta/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 06:56:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png намалување на потрошувачка на гас и нафта Archives - Република https://republika.mk/tema/namaluvanje-na-potroshuvachka-na-gas-i-nafta/ 32 32 Војната на Блискиот Исток ја крена цената на нафтата https://republika.mk/vesti/svet/vojnata-na-bliskiot-istok-ja-krena-tsenata-na-naftata/ Mon, 07 Oct 2024 07:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=823667

На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од осум отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат оти ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 8,5 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 9,1 отсто, на 74,38 долари.

Најголемиот неделен скок на цените во повеќе од една година главно се должи на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако Иран во вторникот истрела низа ракети врз Израел како одмазда за израелската офанзива против сојузниците на Техеран, Хезболах во Либан.

Израел рече дека ќе му одговори на Иран, додека Вашингтон го поддржа во тоа. Сепак, американскиот претседател Џо Бајден рече дека не поддржува напад врз иранските нуклеарни локации како можен одговор.

https://republika.mk/vesti/svet/utrinski-raketirana-hezbolah-ja-pogodi-haifa-izraeltsite-gagaa-vo-juzhen-liban/

Затоа пазарот шпекулираше дека Израел може да ги нападне иранските рафинерии или главниот извозен терминал на островот Харг со цел да ги намали приходите на Техеран од извозот на деривати.

Доколку Израел го нападне, Иран најверојатно ќе возврати со напади врз израелските енергетски и гасни постројки, објавија во петокот иранските медиуми.

Иран е членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и произведува околу 3,2 милиони барели дневно, што одговара на околу три отсто од глобалното производство

The post Војната на Блискиот Исток ја крена цената на нафтата appeared first on Република.

]]>

На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од осум отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат оти ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 8,5 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 9,1 отсто, на 74,38 долари. Најголемиот неделен скок на цените во повеќе од една година главно се должи на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако Иран во вторникот истрела низа ракети врз Израел како одмазда за израелската офанзива против сојузниците на Техеран, Хезболах во Либан. Израел рече дека ќе му одговори на Иран, додека Вашингтон го поддржа во тоа. Сепак, американскиот претседател Џо Бајден рече дека не поддржува напад врз иранските нуклеарни локации како можен одговор. https://republika.mk/vesti/svet/utrinski-raketirana-hezbolah-ja-pogodi-haifa-izraeltsite-gagaa-vo-juzhen-liban/ Затоа пазарот шпекулираше дека Израел може да ги нападне иранските рафинерии или главниот извозен терминал на островот Харг со цел да ги намали приходите на Техеран од извозот на деривати. Доколку Израел го нападне, Иран најверојатно ќе возврати со напади врз израелските енергетски и гасни постројки, објавија во петокот иранските медиуми. Иран е членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и произведува околу 3,2 милиони барели дневно, што одговара на околу три отсто од глобалното производство

The post Војната на Блискиот Исток ја крена цената на нафтата appeared first on Република.

]]>
ЕУ објави план за ослободување од руската нафта и гас https://republika.mk/vesti/svet/eu-objavi-plan-za-osloboduvanje-od-ruskata-nafta-i-gas/ Fri, 22 Apr 2022 09:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=492142

Европската унија ги повика луѓето помалку да возат, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската нафта и гас.

Европската комисија нагласи дека мерките, развиени во соработка со Меѓународната агенција за енергија, ќе им заштедат на домаќинствата во просек по околу 500 евра годишно.

Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот од девет точки наречен „Ја играм мојата улога“ (Playing My Part) ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови, соопшти Европската комисија.

Луѓето ширум Европа и помогнаа на Украина со донации или директна помош за бегалците, а многумина би сакале да направат повеќе. Повеќето домаќинства имаат и повисоки сметки за енергија поради енергетската криза која војната ја влоши. Користењето помалку енергија не е само директен начин за Европејците да ги намалат сметките, туку исто така ја поддржува Украина со намалување на потребата за руска нафта и гас, и се помага да се намалат приливите на приходи што ја финансираат инвазијата, се додава.

 

Според планот, намалувањето на термостатот за само 1 Целзиусов степен би заштедило околу седум проценти од енергијата што се користи за греење, додека местењето на клима уредот за еден степен потопло би можело да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 10 проценти.

Тие ги повикаа граѓаните да го намалат греењето во зима и да користат помалку клима во лето, да ги адаптираат поставките на бојлерот, да го користат својот автомобил поекономично, да ја намалат брзината на автопатиштата, со исклучена клима за автомобили, во недела во големите градови да го остават автомобилот дома, кратките релации да се поминуваат со пешачење или возење велосипед наместо со автомобил, да се користи јавен превоз, да се патува со воз наместо со авион.

The post ЕУ објави план за ослободување од руската нафта и гас appeared first on Република.

]]>

Европската унија ги повика луѓето помалку да возат, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската нафта и гас. Европската комисија нагласи дека мерките, развиени во соработка со Меѓународната агенција за енергија, ќе им заштедат на домаќинствата во просек по околу 500 евра годишно.
Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот од девет точки наречен „Ја играм мојата улога“ (Playing My Part) ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови, соопшти Европската комисија. Луѓето ширум Европа и помогнаа на Украина со донации или директна помош за бегалците, а многумина би сакале да направат повеќе. Повеќето домаќинства имаат и повисоки сметки за енергија поради енергетската криза која војната ја влоши. Користењето помалку енергија не е само директен начин за Европејците да ги намалат сметките, туку исто така ја поддржува Украина со намалување на потребата за руска нафта и гас, и се помага да се намалат приливите на приходи што ја финансираат инвазијата, се додава.  
Според планот, намалувањето на термостатот за само 1 Целзиусов степен би заштедило околу седум проценти од енергијата што се користи за греење, додека местењето на клима уредот за еден степен потопло би можело да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 10 проценти. Тие ги повикаа граѓаните да го намалат греењето во зима и да користат помалку клима во лето, да ги адаптираат поставките на бојлерот, да го користат својот автомобил поекономично, да ја намалат брзината на автопатиштата, со исклучена клима за автомобили, во недела во големите градови да го остават автомобилот дома, кратките релации да се поминуваат со пешачење или возење велосипед наместо со автомобил, да се користи јавен превоз, да се патува со воз наместо со авион.

The post ЕУ објави план за ослободување од руската нафта и гас appeared first on Република.

]]>