намалување ДДВ Archives - Република https://republika.mk/tema/namaluvane-ddv/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jul 2023 11:36:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png намалување ДДВ Archives - Република https://republika.mk/tema/namaluvane-ddv/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ со конкретни предлози: Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5% и 0% ДДВ за основните прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-so-konkretni-predlozi-namaluvane-na-ddv-na-elektrichna-energija-od-18-na-5-i-0-ddv-za-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Tue, 18 Jul 2023 11:36:32 +0000 https://republika.mk/?p=662714

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија уште во текот на минатиот месец поднесе предлог закон за изменување и дополнување на законот за ДДВ, кој ќе биде на дневен ред на денешната собраниска седница.

Овој Предлог закон содржи две многу важни измени за граѓаните во услови на секојдневно влошување на животниот стандард, вели Бојан Стојаноски.

https://www.youtube.com/watch?v=WQ73_4C3hxM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Првиот предлог е намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%. За потсетување, Владата во текот на оваа година два пати го покачи ДДВ-то за електрична енергија, најпрво во јануари од 5 на 10% и сега од 1 јули од 10 на 18%. Во изминатите три години, СДС и ДУИ преку Регулаторна комисија за енергетика ја покачија цената на струјата за 50-тина проценти.

Овие покачувања се резултат на недомаќинското, нестручно и криминално работење на владината коалиција со државните енергетски компании ЕСМ и МЕПСО.

Нашиот втор предлог кој е на барање на граѓаните е намалување на ДДВ од 5% на 0% за основните прехранбени производи. Тука се гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС.

Ние предлагаме намалување на давачките за храна кон државата, а СДС предлага зголемување. Ние бараме да не се плаќа ДДВ, за побрзо да се симне инфлацијата, а власта предлага зголемување на ДДВ за над 4.000 прехранбени производи за да прибере денар повеќе. Поголемо ДДВ ќе значи инстантно зголемување на цените и нов удар по потрошувачката кошничка. Власта се уште ја крие целосната листа на овие т.н. ексклузивни производи, но ајде нека кажат колегите од мнозинството што е ексклузивно во бисквити.

За да нема забуни, особено кај колегите од СДС кои се повеќе се чувствуваат измамени од ДУИ, по којзнае кој пат бараме веднаш, уште пред гласањето да се објави листата на производи кои државата ќе ги поскапи.

 

Економските политики на власта доживуваат крах. Македонија е една од земјите со највисока инфлација во Европа, а најнизок економски раст. Бројот на граѓани кои се под прагот на сиромаштија секојдневно се зголемува, а власта зголемува даноци. ДУИ и СДС собираат арач за да можат да уживаат уште повеќе во своите благодети додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај-истакна Стојаноски.

The post ВМРО-ДПМНЕ со конкретни предлози: Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5% и 0% ДДВ за основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија уште во текот на минатиот месец поднесе предлог закон за изменување и дополнување на законот за ДДВ, кој ќе биде на дневен ред на денешната собраниска седница. Овој Предлог закон содржи две многу важни измени за граѓаните во услови на секојдневно влошување на животниот стандард, вели Бојан Стојаноски. https://www.youtube.com/watch?v=WQ73_4C3hxM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Првиот предлог е намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%. За потсетување, Владата во текот на оваа година два пати го покачи ДДВ-то за електрична енергија, најпрво во јануари од 5 на 10% и сега од 1 јули од 10 на 18%. Во изминатите три години, СДС и ДУИ преку Регулаторна комисија за енергетика ја покачија цената на струјата за 50-тина проценти. Овие покачувања се резултат на недомаќинското, нестручно и криминално работење на владината коалиција со државните енергетски компании ЕСМ и МЕПСО. Нашиот втор предлог кој е на барање на граѓаните е намалување на ДДВ од 5% на 0% за основните прехранбени производи. Тука се гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние предлагаме намалување на давачките за храна кон државата, а СДС предлага зголемување. Ние бараме да не се плаќа ДДВ, за побрзо да се симне инфлацијата, а власта предлага зголемување на ДДВ за над 4.000 прехранбени производи за да прибере денар повеќе. Поголемо ДДВ ќе значи инстантно зголемување на цените и нов удар по потрошувачката кошничка. Власта се уште ја крие целосната листа на овие т.н. ексклузивни производи, но ајде нека кажат колегите од мнозинството што е ексклузивно во бисквити. За да нема забуни, особено кај колегите од СДС кои се повеќе се чувствуваат измамени од ДУИ, по којзнае кој пат бараме веднаш, уште пред гласањето да се објави листата на производи кои државата ќе ги поскапи.
  Економските политики на власта доживуваат крах. Македонија е една од земјите со највисока инфлација во Европа, а најнизок економски раст. Бројот на граѓани кои се под прагот на сиромаштија секојдневно се зголемува, а власта зголемува даноци. ДУИ и СДС собираат арач за да можат да уживаат уште повеќе во своите благодети додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај-истакна Стојаноски.

The post ВМРО-ДПМНЕ со конкретни предлози: Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5% и 0% ДДВ за основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе предложиме законски измени во два дела, намалување на ДДВ на електрична енергија на 5% и намалување на ДДВ на основните прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ke-predlozhime-zakonski-izmeni-vo-dva-dela-namaluvane-na-ddv-na-elektrichna-energija-na-5-i-namaluvane-na-ddv-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Thu, 01 Jun 2023 14:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=646905

Ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција го поддржавме замрзнувањето на цените бидејќи тоа беше еден момент многу тежок за граѓаните со огромно високо ниво на стапка на инфлација. А, она кое што го добив како вест е токму она што Вие го кажувате, а тоа е дека се одмрзнуваат претходно замрзнатите цени што значи дека сега пазарот ќе ја утврдува цената односно пазарот е тој кој што ќе ја диктира цената. Стравувам за можни последици во делот на инфлацијата и затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група во Парламентот ќе предложиме законски измени во два дела“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од општина Конче.

Мицкоски додаде дека првиот дел е повторно враќање на данокот на додадена вредност за електричната енергија на 5% бидејќи Фатмир Битиќи веќе најавува дека ќе се враќа онаа стапка од 18%.

Исто така ќе предложиме намалување на стапката на данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека вистинска Влада која вистински се грижи за своите граѓани ќе скрати од своите луксузирања од бесрамното трошење и криминалното трошење на народните пари во тендери во четири очи. И на тој начин ќе помогне да се зачува и онака кревкиот стандард на граѓаните.

The post Мицкоски: Ќе предложиме законски измени во два дела, намалување на ДДВ на електрична енергија на 5% и намалување на ДДВ на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција го поддржавме замрзнувањето на цените бидејќи тоа беше еден момент многу тежок за граѓаните со огромно високо ниво на стапка на инфлација. А, она кое што го добив како вест е токму она што Вие го кажувате, а тоа е дека се одмрзнуваат претходно замрзнатите цени што значи дека сега пазарот ќе ја утврдува цената односно пазарот е тој кој што ќе ја диктира цената. Стравувам за можни последици во делот на инфлацијата и затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група во Парламентот ќе предложиме законски измени во два дела“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од општина Конче. Мицкоски додаде дека првиот дел е повторно враќање на данокот на додадена вредност за електричната енергија на 5% бидејќи Фатмир Битиќи веќе најавува дека ќе се враќа онаа стапка од 18%.
Исто така ќе предложиме намалување на стапката на данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека вистинска Влада која вистински се грижи за своите граѓани ќе скрати од своите луксузирања од бесрамното трошење и криминалното трошење на народните пари во тендери во четири очи. И на тој начин ќе помогне да се зачува и онака кревкиот стандард на граѓаните.

The post Мицкоски: Ќе предложиме законски измени во два дела, намалување на ДДВ на електрична енергија на 5% и намалување на ДДВ на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>