намалува Archives - Република https://republika.mk/tema/namaluva/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 17:26:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png намалува Archives - Република https://republika.mk/tema/namaluva/ 32 32 ИЈЗ: За десет години бројот на старото население во Македонија се зголемило од 13.1% на 18.1%, а бројот на новородени се намалува https://republika.mk/zivot/zdravje/ijz-za-deset-godini-brojot-na-staroto-naselenie-vo-makedonija-se-zgolemilo-od-13-1-na-18-1-a-brojot-na-novorodeni-se-namaluva/ Tue, 01 Oct 2024 17:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=821496

Населението во светот старее и Македонија не е исклучок во овој тренд, се вели во извештајот на Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен по повод 1 Октомври, Меѓународен ден на старите лица.

Во Македонија за десет години, во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население на 65 и повеќе години се зголемило од 13.1% на 18.1%. Според последните податоци на Државниот завод за статистика вкупениот број на население над 65 години во Македонија е 315. 331 жител, додека бројот на новородени се намалува.

Жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица како кај нас така и во светски рамки.

Бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари ширум светот се предвивува да се зголеми двојно повеќе, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година. Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо. На глобално ниво, бебињата родени во 2022 година се очекува да живеат 71,7 години во просек, 25 години подолго од оние родени во 1950 година. Стареењето на населението е неповратен глобален тренд. Во 2021 година 1 од 10 луѓе во светот биле на возраст од 65 години и повеќе. Во 2050 година оваа возрасна група се предвидува да опфаќа 1 од 6 луѓе на глобално ниво.

Вообичаени здравствени состојби поврзани со стареењето се: губење на слухот, катаракта, остеоартритис, хронична опструктивна белодробна болест, дијабетес, деменција и депресија. Како што луѓето стареат, тие имаат поголема веројатност да искусат неколку состојби истовремено, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Во постара возраст карактеристични се и појави на некои по сложени здравствени состојби кои вообичаено се нарекуваат геријатриски синдроми. Тие често се последица на повеќе основни фактори и вклучуваат слабости, уринарна инкотиненција, падови, делириуми, чирови од притисок.

Иако некои од варијациите во здравјето кај постарите лица се генетски, повеќето се должат на физичката и на социјалната средина на луѓето вклучувајќи ги нивните домови, нивните соседства и заедници како и нивните лични карактеристики како што е пол, етничката припадност или социо-економскиот статус. Сите овие карактеристики придонесуваат за тоа на каков начин луѓето ќе стареат. Физичката и социјалната средина може дирекно да влијае на здравјето, преку бариери или пак преку стимулации кои влијаат на можностите како и на одлуките за добро здравственото поведение.

Одржување здраво однесување во текот на животот особено балансирана исхрана, редовна физичка активност и неупотребување на тутун и тутунски производи, сето тоа придонесува за намалување на ризик факторите од незаразни заболување како и подобрување на физичките и менталните капацитети но и одложување на зависност за нега од друго лице.

 

The post ИЈЗ: За десет години бројот на старото население во Македонија се зголемило од 13.1% на 18.1%, а бројот на новородени се намалува appeared first on Република.

]]>

Населението во светот старее и Македонија не е исклучок во овој тренд, се вели во извештајот на Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен по повод 1 Октомври, Меѓународен ден на старите лица. Во Македонија за десет години, во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население на 65 и повеќе години се зголемило од 13.1% на 18.1%. Според последните податоци на Државниот завод за статистика вкупениот број на население над 65 години во Македонија е 315. 331 жител, додека бројот на новородени се намалува. Жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица како кај нас така и во светски рамки. Бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари ширум светот се предвивува да се зголеми двојно повеќе, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година. Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо. На глобално ниво, бебињата родени во 2022 година се очекува да живеат 71,7 години во просек, 25 години подолго од оние родени во 1950 година. Стареењето на населението е неповратен глобален тренд. Во 2021 година 1 од 10 луѓе во светот биле на возраст од 65 години и повеќе. Во 2050 година оваа возрасна група се предвидува да опфаќа 1 од 6 луѓе на глобално ниво.
Вообичаени здравствени состојби поврзани со стареењето се: губење на слухот, катаракта, остеоартритис, хронична опструктивна белодробна болест, дијабетес, деменција и депресија. Како што луѓето стареат, тие имаат поголема веројатност да искусат неколку состојби истовремено, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Во постара возраст карактеристични се и појави на некои по сложени здравствени состојби кои вообичаено се нарекуваат геријатриски синдроми. Тие често се последица на повеќе основни фактори и вклучуваат слабости, уринарна инкотиненција, падови, делириуми, чирови од притисок. Иако некои од варијациите во здравјето кај постарите лица се генетски, повеќето се должат на физичката и на социјалната средина на луѓето вклучувајќи ги нивните домови, нивните соседства и заедници како и нивните лични карактеристики како што е пол, етничката припадност или социо-економскиот статус. Сите овие карактеристики придонесуваат за тоа на каков начин луѓето ќе стареат. Физичката и социјалната средина може дирекно да влијае на здравјето, преку бариери или пак преку стимулации кои влијаат на можностите како и на одлуките за добро здравственото поведение. Одржување здраво однесување во текот на животот особено балансирана исхрана, редовна физичка активност и неупотребување на тутун и тутунски производи, сето тоа придонесува за намалување на ризик факторите од незаразни заболување како и подобрување на физичките и менталните капацитети но и одложување на зависност за нега од друго лице.  

The post ИЈЗ: За десет години бројот на старото население во Македонија се зголемило од 13.1% на 18.1%, а бројот на новородени се намалува appeared first on Република.

]]>