намалени Archives - Република https://republika.mk/tema/namaleni/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 09:37:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png намалени Archives - Република https://republika.mk/tema/namaleni/ 32 32 „Помалку трошоци, повеќе за тебе“: Како да ги препознаете производите чија цена треба да е намалена? https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-troshotsi-poveke-za-tebe-kako-da-gi-prepoznaete-proizvodite-chija-tsena-treba-da-e-namalena/ Tue, 24 Sep 2024 09:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=819226

Во „Службен весник“ е објавена Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат видови и количества на одделни стоки на потрошувачите со што од денеска се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од есенската потрошувачка кошница.

Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Одлуката ја донесе Владата на предлог на работна група формирана од министерствата за економија, финансии и земјоделство.

Министерот за економија Бесар Дурмиши на прес-конференција во петокот рече дека одлуката е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индексот на трошоци за живот, кои покажуваат дека во август годинава во однос на декември лани евидентирано е зголемување на трошоците за храна за четири проценти.

Во есенската потрошувачка кошница, според Владата, се вклучени прехранбените производи што најмногу ги користат граѓаните, додека според опозицијата, мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните.

The post „Помалку трошоци, повеќе за тебе“: Како да ги препознаете производите чија цена треба да е намалена? appeared first on Република.

]]>

Во „Службен весник“ е објавена Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат видови и количества на одделни стоки на потрошувачите со што од денеска се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од есенската потрошувачка кошница. Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Одлуката ја донесе Владата на предлог на работна група формирана од министерствата за економија, финансии и земјоделство. Министерот за економија Бесар Дурмиши на прес-конференција во петокот рече дека одлуката е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индексот на трошоци за живот, кои покажуваат дека во август годинава во однос на декември лани евидентирано е зголемување на трошоците за храна за четири проценти. Во есенската потрошувачка кошница, според Владата, се вклучени прехранбените производи што најмногу ги користат граѓаните, додека според опозицијата, мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните.

The post „Помалку трошоци, повеќе за тебе“: Како да ги препознаете производите чија цена треба да е намалена? appeared first on Република.

]]>
Србија ги намали цените на 81 производ https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-gi-namali-tsenite-na-81-proizvod/ Thu, 29 Aug 2024 10:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=811161

Во Србија денеска е промовирана најновата акција на државните и трговските синџири „најдобра цена“, во која во текот на септември и октомври ќе бидат намалени цените на 81 производ во просек за 25%.

Со акцијата која ќе трае два месеца- септември и октомври, како што објавија српските медиуми, се обезбедува месечна заштеда на граѓаните од 8.000 до 22.000 динари .

Премиерот на Србија Милош Вучевиќ појасни дека се одлучиле за поголем попуст од минатата кампања „подобра цена“ и за поголем број производи бидејќи септември и октомври се сметаат за најтешки месеци поради почнување на училишната година и почеток на грејната сезона.

Ова е прашање на договор меѓу државата и трговските синџири. Нема да седиме овие два месеци, туку ќе бараме да го продолжиме, а веќе имаме закажан состанок со трговците во октомври. Сите трговци кои прифатиле да учествуваат во оваа кампања мора да ја почитуваат и да се погрижат производите со попуст да се најдат на полиците – рече Вучевиќ.

Тој рече и дека граѓаните и институциите ќе ја контролираат реализацијата.

 

The post Србија ги намали цените на 81 производ appeared first on Република.

]]>

Во Србија денеска е промовирана најновата акција на државните и трговските синџири „најдобра цена“, во која во текот на септември и октомври ќе бидат намалени цените на 81 производ во просек за 25%. Со акцијата која ќе трае два месеца- септември и октомври, како што објавија српските медиуми, се обезбедува месечна заштеда на граѓаните од 8.000 до 22.000 динари . Премиерот на Србија Милош Вучевиќ појасни дека се одлучиле за поголем попуст од минатата кампања „подобра цена“ и за поголем број производи бидејќи септември и октомври се сметаат за најтешки месеци поради почнување на училишната година и почеток на грејната сезона.
Ова е прашање на договор меѓу државата и трговските синџири. Нема да седиме овие два месеци, туку ќе бараме да го продолжиме, а веќе имаме закажан состанок со трговците во октомври. Сите трговци кои прифатиле да учествуваат во оваа кампања мора да ја почитуваат и да се погрижат производите со попуст да се најдат на полиците – рече Вучевиќ.
Тој рече и дека граѓаните и институциите ќе ја контролираат реализацијата.  

The post Србија ги намали цените на 81 производ appeared first on Република.

]]>
Реинфекциите од ковид-19 се намалиле за 31,5 отсто во однос на минатата недела, опаѓа и смртноста за 35,3 отсто https://republika.mk/zivot/zdravje/reinfekciite-od-kovid-19-se-namalile-za-31-5-otsto-vo-odnos-na-minatata-nedela-opagja-i-smrtnosta-za-35-3-otsto/ Tue, 08 Mar 2022 07:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=469323

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 372 реинфекции од ковид-19, со намалување за 31,5% во однос на претходната недела, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 28 февруари до 6 март годинава.

Пријавени се 44 смртни случаи во 17 градови во текот на изминатата недела, за 35,3% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, најголем број (95,5%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 40-49 години (1) и 30-39 години (1).

Регистрирани сe 2.504 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 32,3% во однос на минатата недела (n=3.701). Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14,0%.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28.02.2022 до 06.03.2022г Тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (56,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 389,4/100.000, Скопје – 312,7/100.000 и Демир Капија – 308,6/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (28,2%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (4,1%).

Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 46,9% во возрасната група од 0-9 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.511 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

На 17.02.2021 во Македонија започна вакцинацијата против ковид-19.

Заклучно со 05.03.2022, вакцинирани се вкупно 871.082 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 850.803 лица, а со трета доза се вакцинирани 144.391 лица.

 

The post Реинфекциите од ковид-19 се намалиле за 31,5 отсто во однос на минатата недела, опаѓа и смртноста за 35,3 отсто appeared first on Република.

]]>

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 372 реинфекции од ковид-19, со намалување за 31,5% во однос на претходната недела, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 28 февруари до 6 март годинава. Пријавени се 44 смртни случаи во 17 градови во текот на изминатата недела, за 35,3% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, најголем број (95,5%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 40-49 години (1) и 30-39 години (1). Регистрирани сe 2.504 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 32,3% во однос на минатата недела (n=3.701). Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14,0%. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28.02.2022 до 06.03.2022г Тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (56,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 389,4/100.000, Скопје – 312,7/100.000 и Демир Капија – 308,6/100.000. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (28,2%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (4,1%). Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 46,9% во возрасната група од 0-9 години. Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.511 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. На 17.02.2021 во Македонија започна вакцинацијата против ковид-19. Заклучно со 05.03.2022, вакцинирани се вкупно 871.082 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 850.803 лица, а со трета доза се вакцинирани 144.391 лица.  

The post Реинфекциите од ковид-19 се намалиле за 31,5 отсто во однос на минатата недела, опаѓа и смртноста за 35,3 отсто appeared first on Република.

]]>