намалена Archives - Република https://republika.mk/tema/namalena/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 12:38:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png намалена Archives - Република https://republika.mk/tema/namalena/ 32 32 Ограничена маржата за училишниот прибор https://republika.mk/vesti/makedonija/ogranichena-marzhata-za-uchilishniot-pribor/ Tue, 03 Sep 2024 12:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=812698

Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информира премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата.

Најави дека и понатаму ќе има ограничувања на маржите и профитот на поединци кои, како што кажа, генерираат профити и со тоа ја зголемуваат инфлацијата.

Прашан дали носењето на оваа мерка не требаше да се направи порано, рече дека не е задоцнето нејзиното носење и додаде дека ќе следат мерки за заштита на есенската и зимската кошничка.

The post Ограничена маржата за училишниот прибор appeared first on Република.

]]>

Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информира премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата. Најави дека и понатаму ќе има ограничувања на маржите и профитот на поединци кои, како што кажа, генерираат профити и со тоа ја зголемуваат инфлацијата. Прашан дали носењето на оваа мерка не требаше да се направи порано, рече дека не е задоцнето нејзиното носење и додаде дека ќе следат мерки за заштита на есенската и зимската кошничка.

The post Ограничена маржата за училишниот прибор appeared first on Република.

]]>
Просечната плата во земјава намалена за околу 500 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-plata-vo-zemjava-namalena-za-okolu-500-denari/ Thu, 21 Mar 2024 18:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=757116

Просечната нето-месечна плата на вработените за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари. Просечниот бруто-износ е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика. Во однос на декември, ова значи дека просечната плата во земјава е намалена за околу 500 денари. Најголем пад има во градежништвото, минус 10,9%, во преработувачката индустрија минус 4,9% и во трговијата на големо и мало од минус 3,8%. Ова намалување уште повеќе го отежнува животниот стандард, кога потрошувачката кошничка во овој месец за четиричлено семејство достигна 1.210 евра сосе евентуалната кирија. Професорот Љубомир Кекеновски нагласува дека политичката корупција влијае и на платите и на енормното поскапување.

Од друга страна, одлуката за зголемување на минималната плата сè уште не е објавена во Службен весник, а доцни и усогласување на платите на околу 60.000 вработени во јавниот сектор кои во платата за март треба да имаат 2.500 денари повеќе. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) велат дека власта намерно ја одолговлекува одлуката за зголемување на минималецот.

„Се работи за 2.500 денари по вработен во јавниот сектор, покрај 2.500 евра плата на функционерите кои ќе се обидат да манипулираат со овој закон. По објавувањето на социо-економскиот совет во Владата, истиот ќе биде објавен во Службен весник, во петок или најдоцна во понеделник и се очекува да стапи во сила. Доколку не се усогласат платите, тоа ќе биде кривично дело за што ќе пријавиме во обвинителството“, рекоа од ССМ.

Последните пресметки на синдикатите покажаа дека на едно четиричлено семејство му се потребни околу 59 илјади денари за покривање на основните потреби во месецот. Во март, во однос на февруари, трошоците се зголемени за повеќе од 1.500 денари, главно за храна и пијалоци. Овие производи беа под контрола на мерката за гарантирани цени, но Владата не ја продолжи. Сега ќе се чека да профункционира Законот за спречување на нефер трговски практики, но за тој да почне да се применува ќе почекаме до септември.

The post Просечната плата во земјава намалена за околу 500 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната нето-месечна плата на вработените за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари. Просечниот бруто-износ е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика. Во однос на декември, ова значи дека просечната плата во земјава е намалена за околу 500 денари. Најголем пад има во градежништвото, минус 10,9%, во преработувачката индустрија минус 4,9% и во трговијата на големо и мало од минус 3,8%. Ова намалување уште повеќе го отежнува животниот стандард, кога потрошувачката кошничка во овој месец за четиричлено семејство достигна 1.210 евра сосе евентуалната кирија. Професорот Љубомир Кекеновски нагласува дека политичката корупција влијае и на платите и на енормното поскапување. Од друга страна, одлуката за зголемување на минималната плата сè уште не е објавена во Службен весник, а доцни и усогласување на платите на околу 60.000 вработени во јавниот сектор кои во платата за март треба да имаат 2.500 денари повеќе. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) велат дека власта намерно ја одолговлекува одлуката за зголемување на минималецот. „Се работи за 2.500 денари по вработен во јавниот сектор, покрај 2.500 евра плата на функционерите кои ќе се обидат да манипулираат со овој закон. По објавувањето на социо-економскиот совет во Владата, истиот ќе биде објавен во Службен весник, во петок или најдоцна во понеделник и се очекува да стапи во сила. Доколку не се усогласат платите, тоа ќе биде кривично дело за што ќе пријавиме во обвинителството“, рекоа од ССМ. Последните пресметки на синдикатите покажаа дека на едно четиричлено семејство му се потребни околу 59 илјади денари за покривање на основните потреби во месецот. Во март, во однос на февруари, трошоците се зголемени за повеќе од 1.500 денари, главно за храна и пијалоци. Овие производи беа под контрола на мерката за гарантирани цени, но Владата не ја продолжи. Сега ќе се чека да профункционира Законот за спречување на нефер трговски практики, но за тој да почне да се применува ќе почекаме до септември.

The post Просечната плата во земјава намалена за околу 500 денари appeared first on Република.

]]>