намален Archives - Република https://republika.mk/tema/namalen/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 07:56:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png намален Archives - Република https://republika.mk/tema/namalen/ 32 32 За десет години во Македонија бројот на ученици е намален за 27 илјади https://republika.mk/vesti/makedonija/za-deset-godini-vo-makedonija-brojot-na-uchenitsi-e-namalen-za-27-iljadi/ Mon, 02 Sep 2024 07:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=812148

Само за последните десет години, бројот на ученици во основните и во средните училишта е намален за 27 илјади. Намалувањето на бројот на ученици е особено изразен во средното образование, каде само за десет години, бројот на ученици е намален дури за 20 проценти, односно за 17 илјади ученици, а во основното образование, намалувањето изнесува 5 проценти, односно 10 илјади ученици.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации, во кое се користени податоци од Државниот завод за статистика.

Според истражувањето, во две третини од општините има намалување на бројот на ученици, додека зголемување има во десет скопски општини и во 9 други општини, надвор од Скопскиот регион.

Најголемо намалување на бројот на ученици во вкупна бројка има во општина Гази Баба, каде во последната учебна година имало дури 2.389 помалку ученици отколку пред десет години. Следна општина е Тетово каде имало речиси 1.500 ученици помалку, само за период од десет години. Со намалување од по илјада ученици следуваат: Центар, Струга, Куманово и Гостивар.

Во релативни бројки, најголемо намалување на бројот на ученици во осмолетка има во општина Ново Село, каде само за десет години, бројот на ученици во односното образование е преполовен, односно е намален за 57 отсто.

Намалување на бројот на ученици за третина има во општините Маврово и Ростуше, Вевчани, Кратово и Пехчево. Намалување за една четвртина на бројот на основци има во Врапчиште, Конче, Зрновци, Гази Баба и Берово.

Спротивно, зголемување на бројот на ученици имало во десет општини од Скопскиот регион, а со тоа и во Градот Скопје во целина.

Најголемо зголемување и во вкупна бројка и процентуално има во Бутел и Карпош. Во Карпош, во последната учебна година имало речиси 2,5 илјади повеќе основци отколку пред десет години, што е зголемување на бројот на ученици за 56 %. Во Бутел, зголемувањето е за околу 2 илјади ученици, односно за 59 %. Слично е и во Ѓорче Петров каде зголемувањето е за 43 %, односно за нешто повеќе од илјада ученици. Надвор од Скопје, зголемување имало во девет општини, но во сите заедно имало само илјада ученици повеќе сега отколку пред десет години. Тоа се претежно мали општини како Чашка, Теарце, Ресен и Крушево. Единствено од поголемите градови, само во Струмица има зголемување на бројот на основци за околу 400, односно за 9 %, стои во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.

Кога станува збор за средното образование, се посочува, состојбата е многу полоша. Таму, намалување на бројот на ученици има во дури 73 општини, односно во 90 % од општините, вклучувајќи го и Град Скопје како целина.

Во апсолутни бројки, најголемо намалување на бројот на средношколци има во Скопје и во речиси сите големи градови, почнувајќи од Тетово, Струга и Кичево, сè до Струмица, Гостивар, Куманово и Штип.

Процентуално, пак, најголем губитник е Пехчево. Таму, бројот на ученици во средно е намален за 83 % само во последните десет години. Преполовување на бројот на средношколци има во Крушево, Македонски Брод и Врапчиште.

Во главниот град Скопје има намалување од 2.727 средношколци, односно за 10 % во последната учебна година.

Спротивно, зголемување има само во седум општини од кои пет се од Скопскиот регион и само три други општини, Брвеница, Боговиње и Богданци. Четири од општините со зголемување се оние во коишто во последните десет години се отворило средно училиште, а претходно немало со што може да се оправда зголемениот број на ученици. Ако се изземат овие општини, бројот на ученици во средно е зголемен само во 3 општини во земјава и тоа: Аеродром, Центар и Богданци.

Како и да е, во сите седум општини каде што има зголемување на бројот на средношколци, вкупната бројка на зголемување изнесува 1.136, наспроти 18.000 за колку што е намален бројот на ученици во останатите 73 општини, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Истовремено со намалувањето на бројот на ученици во основното образование насекаде низ земјава, се посочува, бројот на наставници е зголемен.

Имено, во последната учебна година имало 1203 наставници повеќе отколку пред десет години, односно нивниот број е зголемен за 7 %. Истовремено, бројот на ученици е намален за 5 проценти. Кога станува збор за средното образование, бројот на наставници е намален за речиси 5 %, но таму намалувањето на бројот на ученици е за 20 %, стои во истражувањето објавено од Центарот за граѓански комуникации.

The post За десет години во Македонија бројот на ученици е намален за 27 илјади appeared first on Република.

]]>

Само за последните десет години, бројот на ученици во основните и во средните училишта е намален за 27 илјади. Намалувањето на бројот на ученици е особено изразен во средното образование, каде само за десет години, бројот на ученици е намален дури за 20 проценти, односно за 17 илјади ученици, а во основното образование, намалувањето изнесува 5 проценти, односно 10 илјади ученици. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации, во кое се користени податоци од Државниот завод за статистика. Според истражувањето, во две третини од општините има намалување на бројот на ученици, додека зголемување има во десет скопски општини и во 9 други општини, надвор од Скопскиот регион. Најголемо намалување на бројот на ученици во вкупна бројка има во општина Гази Баба, каде во последната учебна година имало дури 2.389 помалку ученици отколку пред десет години. Следна општина е Тетово каде имало речиси 1.500 ученици помалку, само за период од десет години. Со намалување од по илјада ученици следуваат: Центар, Струга, Куманово и Гостивар. Во релативни бројки, најголемо намалување на бројот на ученици во осмолетка има во општина Ново Село, каде само за десет години, бројот на ученици во односното образование е преполовен, односно е намален за 57 отсто. Намалување на бројот на ученици за третина има во општините Маврово и Ростуше, Вевчани, Кратово и Пехчево. Намалување за една четвртина на бројот на основци има во Врапчиште, Конче, Зрновци, Гази Баба и Берово. Спротивно, зголемување на бројот на ученици имало во десет општини од Скопскиот регион, а со тоа и во Градот Скопје во целина.
Најголемо зголемување и во вкупна бројка и процентуално има во Бутел и Карпош. Во Карпош, во последната учебна година имало речиси 2,5 илјади повеќе основци отколку пред десет години, што е зголемување на бројот на ученици за 56 %. Во Бутел, зголемувањето е за околу 2 илјади ученици, односно за 59 %. Слично е и во Ѓорче Петров каде зголемувањето е за 43 %, односно за нешто повеќе од илјада ученици. Надвор од Скопје, зголемување имало во девет општини, но во сите заедно имало само илјада ученици повеќе сега отколку пред десет години. Тоа се претежно мали општини како Чашка, Теарце, Ресен и Крушево. Единствено од поголемите градови, само во Струмица има зголемување на бројот на основци за околу 400, односно за 9 %, стои во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.
Кога станува збор за средното образование, се посочува, состојбата е многу полоша. Таму, намалување на бројот на ученици има во дури 73 општини, односно во 90 % од општините, вклучувајќи го и Град Скопје како целина. Во апсолутни бројки, најголемо намалување на бројот на средношколци има во Скопје и во речиси сите големи градови, почнувајќи од Тетово, Струга и Кичево, сè до Струмица, Гостивар, Куманово и Штип. Процентуално, пак, најголем губитник е Пехчево. Таму, бројот на ученици во средно е намален за 83 % само во последните десет години. Преполовување на бројот на средношколци има во Крушево, Македонски Брод и Врапчиште. Во главниот град Скопје има намалување од 2.727 средношколци, односно за 10 % во последната учебна година. Спротивно, зголемување има само во седум општини од кои пет се од Скопскиот регион и само три други општини, Брвеница, Боговиње и Богданци. Четири од општините со зголемување се оние во коишто во последните десет години се отворило средно училиште, а претходно немало со што може да се оправда зголемениот број на ученици. Ако се изземат овие општини, бројот на ученици во средно е зголемен само во 3 општини во земјава и тоа: Аеродром, Центар и Богданци.
Како и да е, во сите седум општини каде што има зголемување на бројот на средношколци, вкупната бројка на зголемување изнесува 1.136, наспроти 18.000 за колку што е намален бројот на ученици во останатите 73 општини, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Истовремено со намалувањето на бројот на ученици во основното образование насекаде низ земјава, се посочува, бројот на наставници е зголемен.
Имено, во последната учебна година имало 1203 наставници повеќе отколку пред десет години, односно нивниот број е зголемен за 7 %. Истовремено, бројот на ученици е намален за 5 проценти. Кога станува збор за средното образование, бројот на наставници е намален за речиси 5 %, но таму намалувањето на бројот на ученици е за 20 %, стои во истражувањето објавено од Центарот за граѓански комуникации.

The post За десет години во Македонија бројот на ученици е намален за 27 илјади appeared first on Република.

]]>
Во болниците се лекуваат 125-ковид пациенти, од нив 45 се на кислородна поддршка https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-bolnicite-se-lekuvaat-125-kovid-pacienti-od-niv-45-se-na-kislorodna-poddrshka/ Tue, 23 Aug 2022 07:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=543105

Во период од 15 до 21 август регистрирани се вкупно 2.686 нови позитивни случаи на КОВИД-19 од 34 градови во земјава, со намалување од 22,7 проценти во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Делчево, Кавадарци, Гевгелија, Пехчево, Охрид, Неготино, Берово и Кратово.

Согласно податоците од ИЈЗ, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години. Во однос на претходната недела, регистрирано е намалување кај сите возрасни групи со најзабележително намалување од 36,3 отсто во возрасната група 10-19 години.

Оздравени се 3.197 лица, или 14,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 20 смртни случаи, најголем број од Охрид – 5.

Во текот на минатата недела се хоспитализирани 28 лица, а моментално во болниците се лекуваат вкупно 125 ковид-пациенти, 37,2 отсто помалку во споредба со претходната седмица. Од нив 45 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 21 август вакцинирани се вкупно 875.486 лица со барем една доза на вакцина
против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно
856.527 лица.

Со една доза на вакцина против КОВИД-19, во државата и странство, вакцинирани се 59,5 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 55,2 проценти од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 47,7 отсто.

Опфатот со две дози на вакцина против КОВИД-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 58,2 проценти, односно 54,0 отсто кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 46,6 проценти.

Опфатот со трета доза кај населението над 18 годишна возраст изнесува 11,1 проценти, додека кај населението над 12 годишна возраст е 10,2 отсто. Опфатот со трета доза на вкупното население изнесува само 8,8 проценти.

The post Во болниците се лекуваат 125-ковид пациенти, од нив 45 се на кислородна поддршка appeared first on Република.

]]>

Во период од 15 до 21 август регистрирани се вкупно 2.686 нови позитивни случаи на КОВИД-19 од 34 градови во земјава, со намалување од 22,7 проценти во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Делчево, Кавадарци, Гевгелија, Пехчево, Охрид, Неготино, Берово и Кратово. Согласно податоците од ИЈЗ, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години. Во однос на претходната недела, регистрирано е намалување кај сите возрасни групи со најзабележително намалување од 36,3 отсто во возрасната група 10-19 години. Оздравени се 3.197 лица, или 14,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 20 смртни случаи, најголем број од Охрид – 5. Во текот на минатата недела се хоспитализирани 28 лица, а моментално во болниците се лекуваат вкупно 125 ковид-пациенти, 37,2 отсто помалку во споредба со претходната седмица. Од нив 45 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Заклучно со 21 август вакцинирани се вкупно 875.486 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 856.527 лица. Со една доза на вакцина против КОВИД-19, во државата и странство, вакцинирани се 59,5 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 55,2 проценти од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 47,7 отсто. Опфатот со две дози на вакцина против КОВИД-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 58,2 проценти, односно 54,0 отсто кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 46,6 проценти. Опфатот со трета доза кај населението над 18 годишна возраст изнесува 11,1 проценти, додека кај населението над 12 годишна возраст е 10,2 отсто. Опфатот со трета доза на вкупното население изнесува само 8,8 проценти.

The post Во болниците се лекуваат 125-ковид пациенти, од нив 45 се на кислородна поддршка appeared first on Република.

]]>
Наталитетот е намален за 2 проценти во 2021 година, најмногу деца се раѓаат во јули https://republika.mk/vesti/makedonija/natalitetot-e-namalen-za-2-procenti-vo-2021-godina-najmnogu-deca-se-ragjaat-vo-juli/ Tue, 07 Jun 2022 12:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=512200

Бројот на живородените деца во 2021, во споредба со минатата година, е намален за два проценти. Во Република Македонија минатата година се родени вкупно 18.790 деца, од кои живородени се 18.648, а мртвородени 142, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,1 процент, односно на 100 живородени женски деца 104,5 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец јули, односно 1.735.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 34 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.2 години, a 27.5 години кај првите раѓања.

Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1992 година.

Во 2021 година се регистрирани и 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.546 деца, или 13,7 проценти од вкупниот број на живородените деца припаѓаат на вонбрачните.

 

The post Наталитетот е намален за 2 проценти во 2021 година, најмногу деца се раѓаат во јули appeared first on Република.

]]>

Бројот на живородените деца во 2021, во споредба со минатата година, е намален за два проценти. Во Република Македонија минатата година се родени вкупно 18.790 деца, од кои живородени се 18.648, а мртвородени 142, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,1 процент, односно на 100 живородени женски деца 104,5 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец јули, односно 1.735. Според возраста на мајката, најголемо учество од 34 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.2 години, a 27.5 години кај првите раѓања. Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1992 година. Во 2021 година се регистрирани и 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години. Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.546 деца, или 13,7 проценти од вкупниот број на живородените деца припаѓаат на вонбрачните.  

The post Наталитетот е намален за 2 проценти во 2021 година, најмногу деца се раѓаат во јули appeared first on Република.

]]>
За една недела бројот на активни случаи намален за повеќе од 3.000 https://republika.mk/zivot/zdravje/za-edna-nedela-brojot-na-aktivni-sluchai-namalen-za-povekje-od-3-000/ Thu, 24 Feb 2022 10:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=462984

Бројот на активни случаи, заклучно со вчерашниот ковид-извештај, е 5.449, што за една недела е намалување за околу 3.300. Ако на 16 февруари имаше 8.784 активни случаи, вчера беа регистрирани 5.449.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 674 случаи на КОВИД-19 од направени 3.156 тестови или 21,3 отсто. Меѓу новозаразените, 98 биле реинфицирани. Во последниот ковид-извештај беа регистрирани и 12 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително биле пријавени уште девет починати лица за период од 31.01. до 20.02.2022. Од вкупниот број на починати лица (21), кај 20 лица биле регистрирани коморбидитети. Евидентирани беа и 978 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.878.073 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958 а бројот на активни случаи изнесува 5.449.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје 2971, Битола 296, Велес 224, Куманово 222, Кавадарци 208 и Прилеп 201. Во Македонска Каменица има само еден активен случај, а во Дојран ниту еден.

Деновиве се очекува Генералниот координативен кризен штаб и Владата да се произнесат за двете мерки предложени од Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.

Комисијата веќе ги доставила предлозите до министерот за здравство, а потоа тие треба да се проследат до Генералниот координативен кризен штаб и до Владата.

Според Комисијата, укинување на сертификатите за вакцинација сè уште нема да има, оти, како што рече завчера нејзиниот портпарол д-р Злате Мехмедовиќ, „сè уште се наоѓаме во широка трансмисија на вирусот на локално ниво и дека укинувањето на која било од актуелните мерки, вклучувајќи ги и сертификатите, може да доведе до влошување на епидемиолошката состојба и повторно преполнување на болничките капацитети или на амбулантите“.

Тој потенцира дека кај нас опфатот со вакцинација е премногу низок, поточно само 41 процент примиле две дози, за да се размислува во насока да има укинување на некои од мерките кои би спречиле и кои спречуваат трансмисија на вирусот.

Заклучно со 20 февруари во земјава вакцинирани се вкупно 869 763 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848 573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140 455 лица.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, постои тренд на намалување на позитивноста кај сите старосни групи, вклучително и кај децата од шест до 14-годишна возраст, кај кои претходните недели имаше пораст на позитивни случаи.

The post За една недела бројот на активни случаи намален за повеќе од 3.000 appeared first on Република.

]]>

Бројот на активни случаи, заклучно со вчерашниот ковид-извештај, е 5.449, што за една недела е намалување за околу 3.300. Ако на 16 февруари имаше 8.784 активни случаи, вчера беа регистрирани 5.449. Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 674 случаи на КОВИД-19 од направени 3.156 тестови или 21,3 отсто. Меѓу новозаразените, 98 биле реинфицирани. Во последниот ковид-извештај беа регистрирани и 12 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително биле пријавени уште девет починати лица за период од 31.01. до 20.02.2022. Од вкупниот број на починати лица (21), кај 20 лица биле регистрирани коморбидитети. Евидентирани беа и 978 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.878.073 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958 а бројот на активни случаи изнесува 5.449. Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје 2971, Битола 296, Велес 224, Куманово 222, Кавадарци 208 и Прилеп 201. Во Македонска Каменица има само еден активен случај, а во Дојран ниту еден. Деновиве се очекува Генералниот координативен кризен штаб и Владата да се произнесат за двете мерки предложени од Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени. Комисијата веќе ги доставила предлозите до министерот за здравство, а потоа тие треба да се проследат до Генералниот координативен кризен штаб и до Владата. Според Комисијата, укинување на сертификатите за вакцинација сè уште нема да има, оти, како што рече завчера нејзиниот портпарол д-р Злате Мехмедовиќ, „сè уште се наоѓаме во широка трансмисија на вирусот на локално ниво и дека укинувањето на која било од актуелните мерки, вклучувајќи ги и сертификатите, може да доведе до влошување на епидемиолошката состојба и повторно преполнување на болничките капацитети или на амбулантите“. Тој потенцира дека кај нас опфатот со вакцинација е премногу низок, поточно само 41 процент примиле две дози, за да се размислува во насока да има укинување на некои од мерките кои би спречиле и кои спречуваат трансмисија на вирусот. Заклучно со 20 февруари во земјава вакцинирани се вкупно 869 763 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848 573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140 455 лица. Според податоците на Институтот за јавно здравје, постои тренд на намалување на позитивноста кај сите старосни групи, вклучително и кај децата од шест до 14-годишна возраст, кај кои претходните недели имаше пораст на позитивни случаи.

The post За една недела бројот на активни случаи намален за повеќе од 3.000 appeared first on Република.

]]>