НАкС Archives - Република https://republika.mk/tema/naks/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 10:28:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НАкС Archives - Република https://republika.mk/tema/naks/ 32 32 НАкС: Усвојувањето на дополнувањата на Законот за високо образование да не го наруши социјалниот дијалог https://republika.mk/vesti/makedonija/naks-usvojuvaneto-na-dopolnuvanata-na-zakonot-za-visoko-obrazovanie-da-ne-go-narushi-sotsijalniot-dijalog/ Fri, 08 Mar 2024 10:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=752587

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска преку писмено соопштение го поздрави усвојувањето на дополнувањето на Законот за високо образование, со кој, како што велат, конечно се усогласува висината на платите во јавните високообразовни установи.

Според НАкС, ова доаѓа по континуираните напори и покачувања кои синдикатите во социјалниот дијалог со претставниците на институциите ги договорија во минатите години. Потсетуваат на Гранковиот колективен договор за високо образование и наука од 07.05.2021 на СОНК и НАкС со МОН, со кој платите се зголемија 37 отсто, 10 отсто почнувајќи од 01.09.2021, 10 отсто од 01.09.2022 и околу 17 отсто од 04.05.2023 година.

Посочуваат дека со Општиот колективен договор на јавниот сектор од 20.07.2023 година на Сојузот на Синдикатите на Македонија со Владата, платите линеарно се зголемија за 10 отсто, а со Поединечниот колективен договор на Сојузот на синдикати на УКИМ и Собранието од 29.12.2022, платите на вработените на УКИМ се зголемија за 22 отсто почнувајќи од 01.01.2024 година.

Со вчерашното дополнување на Законот на високо образование, правото на плата конечно се воедначува за цела гранка на високото образование, со што ќе се обезбеди
еднакво вреднување на трудот на вработените во јавните високообразовани институции. НАкС се залагал и се залага за унапредување на севкупните состојби во високото образование и науката во државата, инсистирајќи дека компетитивноста треба да биде исклучиво на полето на образованието и на науката, а никако во однос на платите, се вели во соопштението.

Укажуваат дека се уште се загрозени правата и положбата на вработените во Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ и самостојните научни институти.

Ги повикуваме пратениците во Собранието на РСМ, како што изнајдоа решение за државните универзитети, брзо да делуваат и за усвојување на Законот за МАНУ, што во моментов е заглавен во собраниските процедури. Уредувањето на платите во високото образование со закон значи поголема заштита за сите во хиерархијата на правните документи, но носи и опасност за злоупотреба од политичките субјекти и прекинување на социјалниот дијалог со синдикатите. НАкС нема да дозволи да дојде до ова!, се вели во соопштението.

Платите на вработените во секторот високо образование и наука, како што наведуваат, се само еден аспект од финансирањето во високото образование и науката.

- Се надеваме дека унапредувањето на овој аспект ќе значи и конечен почеток на имплементација на одредбите на Законот за високо образование кои се однесуваат на системот на финансирање на високото образование. Очекуваме надлежните институции и тела, како и универзитетите, конечно да се фокусираат на воспоставување систем на финансирање во високото образование и науката со кој ќе се овозможи унапредување на научно-истражувачката и образовната дејност, функционално унапредување на студентскиот стандард и транспарентно и наменско трошење на парите што студентите ги уплаќаат за партиципација и за школарина, се вели во соопштението.

НАкС го повикува Националниот совет по, како што велат, пет години задоцнување, да го уреди прашањето на финансирање на високото образование преку партиципативен процес, имајќи ги предвид спецификите за секое подрачје.

Независниот академски синдикат (НАкС) го поздравува и студентскиот манифест од 6 марат 2024 година со кој се предлага изготвување на стратешки документ кој ќе овозможи нов систем на финансирање на високото образование според праксата во регионот, и преку кој ќе се овозможи бесплатно образование на првиот циклус на студии, квалитет наместо квантитет и достоинствен студентски стандард.

The post НАкС: Усвојувањето на дополнувањата на Законот за високо образование да не го наруши социјалниот дијалог appeared first on Република.

]]>

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска преку писмено соопштение го поздрави усвојувањето на дополнувањето на Законот за високо образование, со кој, како што велат, конечно се усогласува висината на платите во јавните високообразовни установи. Според НАкС, ова доаѓа по континуираните напори и покачувања кои синдикатите во социјалниот дијалог со претставниците на институциите ги договорија во минатите години. Потсетуваат на Гранковиот колективен договор за високо образование и наука од 07.05.2021 на СОНК и НАкС со МОН, со кој платите се зголемија 37 отсто, 10 отсто почнувајќи од 01.09.2021, 10 отсто од 01.09.2022 и околу 17 отсто од 04.05.2023 година. Посочуваат дека со Општиот колективен договор на јавниот сектор од 20.07.2023 година на Сојузот на Синдикатите на Македонија со Владата, платите линеарно се зголемија за 10 отсто, а со Поединечниот колективен договор на Сојузот на синдикати на УКИМ и Собранието од 29.12.2022, платите на вработените на УКИМ се зголемија за 22 отсто почнувајќи од 01.01.2024 година.
Со вчерашното дополнување на Законот на високо образование, правото на плата конечно се воедначува за цела гранка на високото образование, со што ќе се обезбеди еднакво вреднување на трудот на вработените во јавните високообразовани институции. НАкС се залагал и се залага за унапредување на севкупните состојби во високото образование и науката во државата, инсистирајќи дека компетитивноста треба да биде исклучиво на полето на образованието и на науката, а никако во однос на платите, се вели во соопштението.
Укажуваат дека се уште се загрозени правата и положбата на вработените во Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ и самостојните научни институти.
Ги повикуваме пратениците во Собранието на РСМ, како што изнајдоа решение за државните универзитети, брзо да делуваат и за усвојување на Законот за МАНУ, што во моментов е заглавен во собраниските процедури. Уредувањето на платите во високото образование со закон значи поголема заштита за сите во хиерархијата на правните документи, но носи и опасност за злоупотреба од политичките субјекти и прекинување на социјалниот дијалог со синдикатите. НАкС нема да дозволи да дојде до ова!, се вели во соопштението.
Платите на вработените во секторот високо образование и наука, како што наведуваат, се само еден аспект од финансирањето во високото образование и науката. - Се надеваме дека унапредувањето на овој аспект ќе значи и конечен почеток на имплементација на одредбите на Законот за високо образование кои се однесуваат на системот на финансирање на високото образование. Очекуваме надлежните институции и тела, како и универзитетите, конечно да се фокусираат на воспоставување систем на финансирање во високото образование и науката со кој ќе се овозможи унапредување на научно-истражувачката и образовната дејност, функционално унапредување на студентскиот стандард и транспарентно и наменско трошење на парите што студентите ги уплаќаат за партиципација и за школарина, се вели во соопштението. НАкС го повикува Националниот совет по, како што велат, пет години задоцнување, да го уреди прашањето на финансирање на високото образование преку партиципативен процес, имајќи ги предвид спецификите за секое подрачје. Независниот академски синдикат (НАкС) го поздравува и студентскиот манифест од 6 марат 2024 година со кој се предлага изготвување на стратешки документ кој ќе овозможи нов систем на финансирање на високото образование според праксата во регионот, и преку кој ќе се овозможи бесплатно образование на првиот циклус на студии, квалитет наместо квантитет и достоинствен студентски стандард.

The post НАкС: Усвојувањето на дополнувањата на Законот за високо образование да не го наруши социјалниот дијалог appeared first on Република.

]]>
НАкС: Гранковиот колективен договор за високо образование и наука како единствено системско решение https://republika.mk/vesti/makedonija/naks-grankoviot-kolektiven-dogovor-za-visoko-obrazovanie-i-nauka-kako-edinstveno-sistemsko-reshenie/ Thu, 06 Jul 2023 08:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=658572

Независниот академски синдикат (НАкС) заедно со Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК), вчера одржаа прес-конференција на која ги образложија ефектите од првиот гранков Колективен договор за високо образование и наука, потпишан на 4 мај 2021 година и ги претставија плановите за потпишување на нов договор.

По низата дезинформации кои се појавија во јавноста во врска со содржината и важењето на Колективниот договор, чувствуваме потреба да ја известиме јавноста за правата кои вработените во сите јавни високообразовни и научни установи ги стекнаа со неговото потпишување. Дел од најважните права за кои НАкС и СОНК се изборија со Колективниот договор се:

  • Покачување на платите на наставниот кадар во просек од 40% во последната една и пол година;

  •  Покачување на платите на ненаставниот кадар во просек од 15 - 50 % во последната една и пол година.

  • Право на континуиран пораст на платите;

  • Загарантирана исплата на минат труд од основниот буџет на МОН;

  • Утврдување на платите согласно сложеноста на работните места;

  • Поставување на праг на оптовареност за наставниот кадар во делот на наставата;

  • Проширување на основата за покренување штрајк, вклучително и заради одбрана на автономијата.

  • Право на учество на вработените преку синдикален претставник во работата на раководните тела и органи при одлучување за материјалната и социјалната положба и правата од работен однос, како и во врска со условите за работа и безбедноста и здравјето на работното место.

Oд Синдикатот потенцираат дека и по истекот на рокот за кој е потпишан, Колективниот договор не е завршен, одосно во сила се сите негови одредби сè до потпишување на нов. Меѓу клучните придобивки во Колективниот договор се предвидените механизми за годишно усогласување на платата врз основа на растот на просечната плата, како и непрекинатиот континуинет во примената на сите негови одредби сѐ до потпишување на нов договор.

По две години од неговата примена, јасно е дека Гранковиот колективен договор е најдоброто системско и сеопфатно решение, со кое на секторот високо образование и наука му се гарантира неопходната стабилност и транспарентност во работењето, но и дополнително унапредување на правата на вработените преку потпишување на поединечни колективни договори на ниво на работодавач. Во изминатиов период стана исто така јасно дека е неопходно изнаоѓање на подобри решенија за некои негови аспекти, како што се висината на коефициентите со кои се вреднува сложеноста на работните места, а кои во овој момент сѐ уште се најниски споредено со регионот, покривањето на трошоците за функционален додаток за сите факултети подеднакво, покривањето на трошоците за прекувремена работа. Особено е важно да се изнајдат подинамични решенија со кои основата за исплата на платите на вработените ќе го следи порастот на минималната плата во државата и реалните трошоци за живот. Имајќи го предвид сето ова очекуваме час-поскоро да започнат преговорите со МОН за нов Колективен договор, со кој за сите вработени ќе се обезбедат уште подобри услови за работа. Ги поттикнуваме вработените во високото образование и науката да му дадат поддршка на овој процес така што во погoлем број ќе се придружат во синдикалните организации, велат од НАкС.

The post НАкС: Гранковиот колективен договор за високо образование и наука како единствено системско решение appeared first on Република.

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-kolektivniot-dogovor-za-visoko-obrazovanie-i-nauka-e-ispolnet-vo-tselost/ Wed, 21 Jun 2023 12:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=653723

Со колективниот договор претходните две години имаше зголемување на платите за десет проценти во високото образование и наука и последнава година, односно мајската плата на вработените во високото образование беше зголемена за приближно 18 проценти, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Јаким Неделков, кој денеска одржа прес-конференција во врска со имплементација на Колективниот договор за високо образование и наука заедно со Независниот академски синдикат - НАкС.

- За жал имаме работни места кои што не се вклопија во ова зголемување, а тоа е едноставна причина што спаѓаат во групата на зголемување на плати врз основа на порастот на минимална плата и кај нив имаше зголемување во март месец, односно април со мартовска плата, каде имаше зголемување за 12,55 проценти, рече тој.

Неделков информираше дека колективниот договор е исполнет во целост, а, како што рече, успехот го припишува на двата синдиката.

- Ни останува сите оние недостатоци кои што ги утврдивме при реализација на колективниот договор во однос на работните места, во однос на непостоечки работни места во колективниот договор, а практично ги има на терен, секаде онаму каде што минималната плата ја прави онаа, како што рече таканаречена „урамниловка“, сите тие работи треба да се коригираат, рече тој.

Дополни дека не станува збор само за тие работни места. - Се разбира и не само тие работни места, туку тоа што беше договарано, работа во фази на овој колективен договор останува подигнување на коефициентите по работни места, или, така како што беше договарано, распонот на работни места од најниската плата до највисокото образование да биде 1 спрема 5, рече тој, дополнувајќи дека тоа е втората фаза за која што, како што рече, ќе работат во наредниот период.

- Јас сум уверен дека во преговорите кои што ќе отпочнат многу скоро со Министерството за образование и наука, дека овие коефициенти ќе бидат искорегирани, така како што беше, дополни тој.

Претседателката на Независниот академски синдикат, Елена Џукеска, истакна дека пред потпишувањето на овој гранков колективен договор платите во високото образование многу долг период не само што не биле покачени, туку и буквално се раководеле по некои документи создадени во времето на СФРЈ.

- Ова е прво сеопфатно воведување на регулација на нашата дејност. Се разбира дека за две години не можеме да очекуваме да бидат сите проблеми што произлегуваат од имплементацијата, но е многу важно како почеток, рече таа.

Дополни дека констатацијата после две години имплементација на договорот е дека е неопходно системско решение.

Она што го констатиравме после две години имплементација на овој договор е дека всушност најдобро за сите нас е да има едно системско решение кое што ќе биде основа која што ќе може да се имплементира за сите јавни високообразовни и научни установи, наспроти парцијалните решенија кои што можат да се склучат на ниво на работодавач, рече таа.

The post Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост appeared first on Република.

]]>

Со колективниот договор претходните две години имаше зголемување на платите за десет проценти во високото образование и наука и последнава година, односно мајската плата на вработените во високото образование беше зголемена за приближно 18 проценти, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Јаким Неделков, кој денеска одржа прес-конференција во врска со имплементација на Колективниот договор за високо образование и наука заедно со Независниот академски синдикат - НАкС.
- За жал имаме работни места кои што не се вклопија во ова зголемување, а тоа е едноставна причина што спаѓаат во групата на зголемување на плати врз основа на порастот на минимална плата и кај нив имаше зголемување во март месец, односно април со мартовска плата, каде имаше зголемување за 12,55 проценти, рече тој.
Неделков информираше дека колективниот договор е исполнет во целост, а, како што рече, успехот го припишува на двата синдиката.
- Ни останува сите оние недостатоци кои што ги утврдивме при реализација на колективниот договор во однос на работните места, во однос на непостоечки работни места во колективниот договор, а практично ги има на терен, секаде онаму каде што минималната плата ја прави онаа, како што рече таканаречена „урамниловка“, сите тие работи треба да се коригираат, рече тој.
Дополни дека не станува збор само за тие работни места. - Се разбира и не само тие работни места, туку тоа што беше договарано, работа во фази на овој колективен договор останува подигнување на коефициентите по работни места, или, така како што беше договарано, распонот на работни места од најниската плата до највисокото образование да биде 1 спрема 5, рече тој, дополнувајќи дека тоа е втората фаза за која што, како што рече, ќе работат во наредниот период.
- Јас сум уверен дека во преговорите кои што ќе отпочнат многу скоро со Министерството за образование и наука, дека овие коефициенти ќе бидат искорегирани, така како што беше, дополни тој.
Претседателката на Независниот академски синдикат, Елена Џукеска, истакна дека пред потпишувањето на овој гранков колективен договор платите во високото образование многу долг период не само што не биле покачени, туку и буквално се раководеле по некои документи создадени во времето на СФРЈ.
- Ова е прво сеопфатно воведување на регулација на нашата дејност. Се разбира дека за две години не можеме да очекуваме да бидат сите проблеми што произлегуваат од имплементацијата, но е многу важно како почеток, рече таа.
Дополни дека констатацијата после две години имплементација на договорот е дека е неопходно системско решение. Она што го констатиравме после две години имплементација на овој договор е дека всушност најдобро за сите нас е да има едно системско решение кое што ќе биде основа која што ќе може да се имплементира за сите јавни високообразовни и научни установи, наспроти парцијалните решенија кои што можат да се склучат на ниво на работодавач, рече таа.

The post Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост appeared first on Република.

]]>
НАкС повикува: Колку сме повеќе, толку сме посилни! https://republika.mk/vesti/makedonija/naks-povikuva-kolku-sme-poveke-tolku-sme-posilni/ Mon, 01 May 2023 09:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=635697

Независниот академски синдикат, кој се формираше во 2016 година, со заложба за подобрување на квалитетот на високото образование и науката, почитување на универзитетската автономија, како и подобрување на општествениот и социјален статусна академската заедница, на Меѓународниот ден на трудот испраќа порака дека синдикалното здружување вреди.

Нивниот повик ви го пренесуваме во целост:

По неколкугодишната борба со различните чинители, водејќи дебата базирана на аргументи, анализи, истражувања, алармирајќи за проблемите и застапувајќи квалитетни решенија, НАкС го иницираше потпишувањето на првиот гранков Колективен договор во одделот на високото образование и науката во независна Македонија и во соработка со СОНК, само во последните две години се избори за:

1.Загарантирана исплата на минатиот труд на вработените од основниот буџет на МОН;

2.Дефинирање на основната плата на вработените;

3.Утврдување на платите согласно сложеноста на работните места;

4.Поставување на горен праг на оптовареност за наставниот кадар во делот на наставата;

5.Проширување на основот за покренување штрајк, со вклучување на одбраната на универзитетската автономија како основана причина за штрајк;

6.Зголемување на коефициентите на платите на наставниот и ненаставниот кадар;7.Системско решение за покачување на платите базирано на зголемувањето на просечната плата по истек на важењето на Колективниот договор;

8.Ваквите решенија за делот од платата што се исплаќа од основниот буџет на МОН резултираат со кумулативно покачување на платите од околу 40 % за само две години, и тоа преку:

➢покачување на коефициентите за пресметка на плата за 10%, од 01.09.2021,

➢покачување на коефициентите за пресметка на плата за 10%, од 01.09.2022,

➢договорено покачување на основицата за пресметка на плата од околу 17%, со важност од 04.05.2023;

9.Повторно воведување стипендии за постдипломци и докторанди;

10.Отворање конкурси за апликативни проекти и научно-истражувачки проекти, како и опремување на лаборатории;

11.Отпочнување на процесот на вработување соработнички кадар во областа нависокото образование и науката.

Ништо од ова немаше да го оствариме без несебичната работа на колегите во НАкС, без партнерите од СОНК, кои ни се придружија во борбата за подигнување на достоинството на академската заедница, како и без разбирањето на соговорниците во социјалниот дијалог - Министерството за образование и наука.

На Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката до нашите колеги, наставен и ненаставен кадар кој работи во областа на високото образование и науката,дека синдикалното здружување вреди и дава резултати!

Оттука, ве покануваме да ни се придружите за да бидеме уште побројни затоа што ни престои уште многу борба за подобри работнички права и затоа што работничките права мора постојано да се бранат. Колку сме повеќе, толку сме посилни!

The post НАкС повикува: Колку сме повеќе, толку сме посилни! appeared first on Република.

]]>

Независниот академски синдикат, кој се формираше во 2016 година, со заложба за подобрување на квалитетот на високото образование и науката, почитување на универзитетската автономија, како и подобрување на општествениот и социјален статусна академската заедница, на Меѓународниот ден на трудот испраќа порака дека синдикалното здружување вреди. Нивниот повик ви го пренесуваме во целост: По неколкугодишната борба со различните чинители, водејќи дебата базирана на аргументи, анализи, истражувања, алармирајќи за проблемите и застапувајќи квалитетни решенија, НАкС го иницираше потпишувањето на првиот гранков Колективен договор во одделот на високото образование и науката во независна Македонија и во соработка со СОНК, само во последните две години се избори за: 1.Загарантирана исплата на минатиот труд на вработените од основниот буџет на МОН; 2.Дефинирање на основната плата на вработените; 3.Утврдување на платите согласно сложеноста на работните места; 4.Поставување на горен праг на оптовареност за наставниот кадар во делот на наставата; 5.Проширување на основот за покренување штрајк, со вклучување на одбраната на универзитетската автономија како основана причина за штрајк; 6.Зголемување на коефициентите на платите на наставниот и ненаставниот кадар;7.Системско решение за покачување на платите базирано на зголемувањето на просечната плата по истек на важењето на Колективниот договор; 8.Ваквите решенија за делот од платата што се исплаќа од основниот буџет на МОН резултираат со кумулативно покачување на платите од околу 40 % за само две години, и тоа преку: ➢покачување на коефициентите за пресметка на плата за 10%, од 01.09.2021, ➢покачување на коефициентите за пресметка на плата за 10%, од 01.09.2022, ➢договорено покачување на основицата за пресметка на плата од околу 17%, со важност од 04.05.2023; 9.Повторно воведување стипендии за постдипломци и докторанди; 10.Отворање конкурси за апликативни проекти и научно-истражувачки проекти, како и опремување на лаборатории; 11.Отпочнување на процесот на вработување соработнички кадар во областа нависокото образование и науката. Ништо од ова немаше да го оствариме без несебичната работа на колегите во НАкС, без партнерите од СОНК, кои ни се придружија во борбата за подигнување на достоинството на академската заедница, како и без разбирањето на соговорниците во социјалниот дијалог - Министерството за образование и наука. На Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката до нашите колеги, наставен и ненаставен кадар кој работи во областа на високото образование и науката,дека синдикалното здружување вреди и дава резултати! Оттука, ве покануваме да ни се придружите за да бидеме уште побројни затоа што ни престои уште многу борба за подобри работнички права и затоа што работничките права мора постојано да се бранат. Колку сме повеќе, толку сме посилни!

The post НАкС повикува: Колку сме повеќе, толку сме посилни! appeared first on Република.

]]>
НАкС: МОН навремено да ги исплаќа платите https://republika.mk/vesti/makedonija/naks-mon-navremeno-da-gi-isplaka-platite/ Fri, 20 Jan 2023 11:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=599052

Во изминатиот временски период стана зачестена пракса платите на вработените на јавните универзитети да се исплатуваат со задоцнување, надвор од законски предвидените 15 дена по изминување на исплатниот период, aлармираат од Независниот академски синдикат, потенцирајќи дека на овој начин, се загрозува правната сигурност на вработените на јавните универзитети и се прекршуваат одредбите од чл.109 од Законот за работни односи (ЗРО) и чл. 66 од Колективниот договор за високото образование и наука, а работниците, особено оние чиишто плати се на ниво на минималната плата или блиску до неа се доведуват во исклучително незавидна и понижувачка економска положба.

Имајќи предвид дека наставниот кадар во високото образование многу често е принуден да ги плаќа од сопствени средства службените патувања за учество на конференции и стручни средби, како и набавката на неопходната стручна литература, со ненавремената исплата на платата сериозно се доведува во прашање и извршувањето на редовните работни обврски кои се предвидени со договорите за вработување. Сите овие задоцнувања се направени без претходно писмено известување од работодавачот, за евентуалната промена на денот на исплаќање, како што впрочем е наведено во чл.109 ст.4 од ЗРО, во кој стои „Работодавачот е должен претходно писмено да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплаќањето.“, велат од НАкС.

Независниот академски синдикат за сето го ова го извести во писмена форма министерот за образование и наука, како ресорен министер кој ја контролира законитоста на работењето на високообразовните институции и има обврска да се грижи за почитување и имплементација на колективниот договор.

Бараме во најкус можен рок транспарентно да бидат образложени причините за ваквите задоцнувања и да бидат преземени сите мерки во надлежност на Министерството за образование и наука за почитување на законските одредби и навремена исплата на платите. Квалитетот на високото образование и науката, што во овие години на континуирана светска кризна состојба е сериозен предизвик за сите општества, не може да се обезбеди доколку вработените во високообразовните институции ги немаат основните услови за работа и егзистенција, се вели во соопштението од синдикатот.

The post НАкС: МОН навремено да ги исплаќа платите appeared first on Република.

НАкС бара стопирање на постапката за донесување на законот за плати во јавниот сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/naks-bara-stopirane-na-postapkata-za-donesuvane-na-zakonot-za-plati-vo-javniot-sektor/ Wed, 18 Jan 2023 09:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=598199

Независниот академски синдикат (НАкС) смета дека Владата се обидува „низ мала врата да протне законско решение“ за платите на сите вработени во јавниот сектор. Синдикатот соопшти дека се согласува со потребата од донесување системски и кохерентен закон со кој би се дефинирала методологијата и постапката за формирање на платите, но дека законот треба да се донесе „низ суштински и исцрпен дијалог со сите засегнати страни“.

НАкС бара од Владата да го одложи датумот за коментирање на Предлог-законот за системот на плати во јавниот сектор, односно да ја стопира постапката за донесување на овој закон, бара наместо виртуелна, да има реална јавна дебата во која ќе ги покани синдикатите проактивно да учествуваат во процесот, а поради постоење на, како што посочува, „правни сомнежи за неуставност на одредени одредби“, бара да се побара мислење од експерти кои јавно ќе се изјаснат за овој предлог.

Според НАкС, во предложениот текст на законот за системот на плати во јавниот сектор „демнат повеќе опасности“ затоа што „делумно регулирајќи ја материјата, предлог-законот остава таа да биде дорегулирана со прописи донесени врз основа на закон и подзаконски акти што се коси со идејата за системско решение“.

Ваквиот пристап, посочува Синдикатот, е спротивен на чл.32 од Уставот на РСМ, според кој остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор.

– Се воведуваат нови, а недефинирани елементи во методологијата за пресметка на плати за кои не е уредена постапка за примена преку објективни и правични критериуми. Недефинираноста на елементите и паушалноста на критериумите би можеле да бидат искористени како алатка за намалување на платата на вработените и нивно непринципиелно казнување. Се воведуваат механизми за намалување на веќе утврдената плата, додатоци и надоместоци, што вработените во јавниот сектор би можело да ги доведе во положба на правна несигурност. Се доведуваат под знак прашање одамна изборените работнички права како што се полна плата за време на годишен одмор и стручно усовршување, исплата на утврдени надоместоци за службени патувања и сл., наведува НАкС.

Во Предлог-законот, како што посочува во реакцијата, е предвидена максимална надлежност на државните органи во регулирањето на оваа материја, нагласува Синдикатот, без социјален дијалог и активно учество на Економско-социјалниот совет и синдикатите како претставници на работниците, со што се крши Конвенцијата за работни односи (јавна служба) бр. 151 од 1978 година, како и другите меѓународни документи и принципи за активен социјален дијалог и право на колективно договарање на вработените во јавниот сектор.

-На тој начин, не само што целосно се суспендира синдикалното преговарање, туку суштински се уназадува демократијата во нашето општество. Искуството ни покажало многу пати дека, и покрај добрата намера, контрапродуктивно е кога се брза да се донесе недозреано законско решение, без притоа во широка, јавна и суштинска а не само формална дебата да се вклучат синдикатите, како витално заинтересирана страна, додава НАкС.

The post НАкС бара стопирање на постапката за донесување на законот за плати во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Независниот академски синдикат (НАкС) смета дека Владата се обидува „низ мала врата да протне законско решение“ за платите на сите вработени во јавниот сектор. Синдикатот соопшти дека се согласува со потребата од донесување системски и кохерентен закон со кој би се дефинирала методологијата и постапката за формирање на платите, но дека законот треба да се донесе „низ суштински и исцрпен дијалог со сите засегнати страни“. НАкС бара од Владата да го одложи датумот за коментирање на Предлог-законот за системот на плати во јавниот сектор, односно да ја стопира постапката за донесување на овој закон, бара наместо виртуелна, да има реална јавна дебата во која ќе ги покани синдикатите проактивно да учествуваат во процесот, а поради постоење на, како што посочува, „правни сомнежи за неуставност на одредени одредби“, бара да се побара мислење од експерти кои јавно ќе се изјаснат за овој предлог. Според НАкС, во предложениот текст на законот за системот на плати во јавниот сектор „демнат повеќе опасности“ затоа што „делумно регулирајќи ја материјата, предлог-законот остава таа да биде дорегулирана со прописи донесени врз основа на закон и подзаконски акти што се коси со идејата за системско решение“. Ваквиот пристап, посочува Синдикатот, е спротивен на чл.32 од Уставот на РСМ, според кој остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор. – Се воведуваат нови, а недефинирани елементи во методологијата за пресметка на плати за кои не е уредена постапка за примена преку објективни и правични критериуми. Недефинираноста на елементите и паушалноста на критериумите би можеле да бидат искористени како алатка за намалување на платата на вработените и нивно непринципиелно казнување. Се воведуваат механизми за намалување на веќе утврдената плата, додатоци и надоместоци, што вработените во јавниот сектор би можело да ги доведе во положба на правна несигурност. Се доведуваат под знак прашање одамна изборените работнички права како што се полна плата за време на годишен одмор и стручно усовршување, исплата на утврдени надоместоци за службени патувања и сл., наведува НАкС. Во Предлог-законот, како што посочува во реакцијата, е предвидена максимална надлежност на државните органи во регулирањето на оваа материја, нагласува Синдикатот, без социјален дијалог и активно учество на Економско-социјалниот совет и синдикатите како претставници на работниците, со што се крши Конвенцијата за работни односи (јавна служба) бр. 151 од 1978 година, како и другите меѓународни документи и принципи за активен социјален дијалог и право на колективно договарање на вработените во јавниот сектор. -На тој начин, не само што целосно се суспендира синдикалното преговарање, туку суштински се уназадува демократијата во нашето општество. Искуството ни покажало многу пати дека, и покрај добрата намера, контрапродуктивно е кога се брза да се донесе недозреано законско решение, без притоа во широка, јавна и суштинска а не само формална дебата да се вклучат синдикатите, како витално заинтересирана страна, додава НАкС.  

The post НАкС бара стопирање на постапката за донесување на законот за плати во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Студентите добија поддршка и од професорите од НАкС https://republika.mk/vesti/makedonija/studentite-dobija-poddrshka-i-od-profesorite-od-naks/ Tue, 15 Nov 2022 11:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=573988

Независниот академски синдикат им пружа поддрша на студентите за зачувување и унапредување на студентскиот стандард.

Поттикната од енергетската и економската криза, во минатиот период Владата претстави плановии спроведе повеќе мерки за намалување на расходите, со цел зачувување на животниот стандард на граѓаните. За жал, во својата намера да го стегне ременот, Владата посегна по ускратување на правото на студентски оброк за голем дел од студентите во државата, како и намалување на трошоците за обнова на студентските домови.

Целта на мерката за субвенциониран студентски оброк е подобрување на достапноста до оброк за сите студенти. Нејзиното евентуално укинување го нарушува студентскиот стандард и значително ќе ги зголеми трошоците за студирање, особено на студентите кои доаѓаат од семејства кои остваруваат доход блиску до минималниот. Имајќи предвид дека инфлацијата во земјата ја изеде и онака ниската куповна моќ на граѓаните, кратењето на субвенционираниот студентски оброк не е и не може да биде мерка за зачувување на студентскиот стандард.

https://republika.mk/vesti/makedonija/studentski-otpor-nezadovolni-od-dogovorot-vo-chetvrtok-povikuvaat-na-masoven-studentski-marsh/

Дополнително, Владата најави и намалување на трошоците за реновирање на студентските домови, а управите на студентските домови најавија мерки за штедење. Потенцираме дека овие мерки не смеат да го загрозат достоинството на студентите кои престојуваат во студентските домови, ниту пак да резултираат со престој во ладни простории. Апелираме надлежните при дизајнирањето на мерките за штедење да имаат разбирање за потребите на студентите и да овозможат нормални услови за престој во студентските домови, но и да ги продолжи активностите за реновирање таму каде што се нужни.

Свесни сме дека живееме во време на тешка економска и енергетска криза, која бара трпеливост, намалување и приоретизирање на трошоците, како на микро, така и на макро ниво. Сепак, денеска од било кога претходно ни се потребни добро дизајнирани мерки и политики за справување со економската криза, кои ќе го зачуваат, а не намалат стандардот на студентите.

Независниот академски синдикат (НАкС) дава целосна поддршка на барањата за заштита на студентскиот стандард. Заедно сме со нашите колеги студенти секогаш кога ќе биде загрозен студентскиот стандард и правото на квалитетно високо образование и наука, се додава во соопштението од НАкС.

The post Студентите добија поддршка и од професорите од НАкС appeared first on Република.

]]>

Независниот академски синдикат им пружа поддрша на студентите за зачувување и унапредување на студентскиот стандард.
Поттикната од енергетската и економската криза, во минатиот период Владата претстави плановии спроведе повеќе мерки за намалување на расходите, со цел зачувување на животниот стандард на граѓаните. За жал, во својата намера да го стегне ременот, Владата посегна по ускратување на правото на студентски оброк за голем дел од студентите во државата, како и намалување на трошоците за обнова на студентските домови. Целта на мерката за субвенциониран студентски оброк е подобрување на достапноста до оброк за сите студенти. Нејзиното евентуално укинување го нарушува студентскиот стандард и значително ќе ги зголеми трошоците за студирање, особено на студентите кои доаѓаат од семејства кои остваруваат доход блиску до минималниот. Имајќи предвид дека инфлацијата во земјата ја изеде и онака ниската куповна моќ на граѓаните, кратењето на субвенционираниот студентски оброк не е и не може да биде мерка за зачувување на студентскиот стандард.
https://republika.mk/vesti/makedonija/studentski-otpor-nezadovolni-od-dogovorot-vo-chetvrtok-povikuvaat-na-masoven-studentski-marsh/
Дополнително, Владата најави и намалување на трошоците за реновирање на студентските домови, а управите на студентските домови најавија мерки за штедење. Потенцираме дека овие мерки не смеат да го загрозат достоинството на студентите кои престојуваат во студентските домови, ниту пак да резултираат со престој во ладни простории. Апелираме надлежните при дизајнирањето на мерките за штедење да имаат разбирање за потребите на студентите и да овозможат нормални услови за престој во студентските домови, но и да ги продолжи активностите за реновирање таму каде што се нужни. Свесни сме дека живееме во време на тешка економска и енергетска криза, која бара трпеливост, намалување и приоретизирање на трошоците, како на микро, така и на макро ниво. Сепак, денеска од било кога претходно ни се потребни добро дизајнирани мерки и политики за справување со економската криза, кои ќе го зачуваат, а не намалат стандардот на студентите. Независниот академски синдикат (НАкС) дава целосна поддршка на барањата за заштита на студентскиот стандард. Заедно сме со нашите колеги студенти секогаш кога ќе биде загрозен студентскиот стандард и правото на квалитетно високо образование и наука, се додава во соопштението од НАкС.

The post Студентите добија поддршка и од професорите од НАкС appeared first on Република.

]]>
НАкС со поддршка за утрешниот протест на КСС https://republika.mk/vesti/ekonomija/naks-so-poddrshka-za-utreshniot-protest-na-kss/ Tue, 29 Mar 2022 08:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=480178

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека се приклучува кон барањата на синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати и на СОНК за усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата, како и кон повикот за доследно почитување на Законот за минимална плата и соодветно анексирање на колективните договори.

Според НАкС, загрижувачки е тоа што поради немање слух на надлежните министерства кои, како што велат, треба да бидат социјални партнери на сите нивоа и да делуваат во согласност со законите и колективните договори, синдикатите мора да бараат заштита на правата и интересите на вработените преку јавно искажување незадоволство односно преку предупредувачки протест.

Ние од НАкС сметаме дека покачувањето на минималната плата е добредојдена социјална мерка за подобрување на незавидната материјална положба на вработените со најниски примања, но сепак примената на оваа мерка треба да биде неминовно проследена со усогласување на постојните колективните договори. Неусогласувањето на колективните договори или неговото одложување недвојбено ќе доведе до сериозни недоследности и дисонанции во наградувањето на вработените во високото образование. Имено, трудот на вработените што имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност не може и не смее да се воедначува или девалвира. Затоа го повикуваме Министерството за образование и наука да не ги игнорира нашите барањата за дијалог со вработените во високото образование, туку веднаш да не повика на преговори за усогласување на Колективниот договор за високо образование и наука со усвоените измени и дополнувањата на Законот за минимална плата од февруари 2022, соопшти НАкС.

Со ова нивно обраќање, додава НАкС, сака да им искаже јасна и безрезервна поддршка на синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати кои утре ќе излезат на предупредувачки протест.

The post НАкС со поддршка за утрешниот протест на КСС appeared first on Република.

]]>

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека се приклучува кон барањата на синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати и на СОНК за усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата, како и кон повикот за доследно почитување на Законот за минимална плата и соодветно анексирање на колективните договори. Според НАкС, загрижувачки е тоа што поради немање слух на надлежните министерства кои, како што велат, треба да бидат социјални партнери на сите нивоа и да делуваат во согласност со законите и колективните договори, синдикатите мора да бараат заштита на правата и интересите на вработените преку јавно искажување незадоволство односно преку предупредувачки протест.
Ние од НАкС сметаме дека покачувањето на минималната плата е добредојдена социјална мерка за подобрување на незавидната материјална положба на вработените со најниски примања, но сепак примената на оваа мерка треба да биде неминовно проследена со усогласување на постојните колективните договори. Неусогласувањето на колективните договори или неговото одложување недвојбено ќе доведе до сериозни недоследности и дисонанции во наградувањето на вработените во високото образование. Имено, трудот на вработените што имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност не може и не смее да се воедначува или девалвира. Затоа го повикуваме Министерството за образование и наука да не ги игнорира нашите барањата за дијалог со вработените во високото образование, туку веднаш да не повика на преговори за усогласување на Колективниот договор за високо образование и наука со усвоените измени и дополнувањата на Законот за минимална плата од февруари 2022, соопшти НАкС.
Со ова нивно обраќање, додава НАкС, сака да им искаже јасна и безрезервна поддршка на синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати кои утре ќе излезат на предупредувачки протест.

The post НАкС со поддршка за утрешниот протест на КСС appeared first on Република.

]]>
НАкС бара зголемување и на другите плати согласно колективните договори https://republika.mk/vesti/ekonomija/naks-bara-zgolemuvanje-i-na-drugite-plati-soglasno-kolektivnite-dogovori/ Wed, 09 Feb 2022 12:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=456201

Независниот академски синдикат (НАкС) го поздравува покачувањето на минималната плата усвоено на Економско-социјален совет и смета дека ќе го подобри статусот на работниците со најниски плати и е во насока на подобрување на нивниот животен стандард.

Сепак, оваа мерка не треба да го воедначи трудот на вработените коишто имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност. Воедно, покачувањето на минималната плата треба да се одрази и на висината на останатите плати во јавниот сектор, чиј коефициент е врзан за минималната, но и за просечната плата, соопшти Синдикатот.

НАкС очекува дека изменетата методологија за пресметка на минимална плата ќе се почитува доследно, но дека истовремено ќе се почитуваат и останатите законски прописи и колективни договори кои ја уредуваат оваа материја.

The post НАкС бара зголемување и на другите плати согласно колективните договори appeared first on Република.