Наке Чулев Archives - Република https://republika.mk/tema/nake-chulev/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jan 2024 10:22:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Наке Чулев Archives - Република https://republika.mk/tema/nake-chulev/ 32 32 Чулев: Безбедносната состојба во државата е загрижувачка и сигурноста на граѓаните е доведена во прашањe https://republika.mk/vesti/makedonija/chulev-bezbednosnata-sostojba-vo-drzhavata-e-zagrizhuvachka-i-sigurnosta-na-graganite-e-dovedena-vo-prashane/ Tue, 02 Jan 2024 09:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=728894

Изминатиов период цела Македонија беше потресена од ужасните убиства на малата Вања и на Панче. Ве молиме за коментар, како полицијата постапи во решавање на овој случај, се направија ли грешки во истрагата?

Убиствата на малолетничката Вања и Панче се само врв на сантата мраз кога е во прашање нестручно и непрофесионално постапување на МВР под раководство на Оливер Спасовски. Нашите сознанија зборуваат дека истрагата можела многу поквалитетно и поефикасно да се спроведе, а доколку не се направени сериозни професионални и стручни пропусти и се преземени должни дејствија кои согласно полициските и криминалистичките процедури требало да се преземат, сигурно можело и да се превенира киднапирањето и последователното убиство на Вања. И тоа пред се, е резултат на лошите кадровски и менаџерски политики на раководството на МВР, Наке Чулев од ВМРО-ДПМНЕ.

Во оваа насока, уште еднаш сакам да го повторам ставот кој неколку пати претходно го нагласив, дека веднаш по формирањето на техничката Влада во рамките на МВР ќе се спроведе интерна ревизија на преземените дејствија и во двата кривично правни случаи. Врз основа на тоа што ќе биде утврдено во рамки на внатрешната ревизија, против сите оние кои направиле клучни пропусти во истрагата со несовесно, непрофесионално и нестручно постапување, ќе се покренат соодветни дисциплински постапки, а истовремено и ќе се информира и ОЈО за ГОКК за новите информации и елементи од истрагата. Доколку има елементи ќе се поднесат и соодветни кривични пријави до ОЈО за ГОКК. Воедно, за сите нови моменти од истрагата транспарентно ќе се информира македонската јавност. Истовремено, ќе се направат максимални обиди со цел што е можно побрзо изведување на главниот осомничен пред лицето на правдата.

-Во каква подготвеност и готовност е македонската полиција? Синдикатите се жалат на немање основни услови и средства, стари униформи…

Целокупниот разузнавачко-безбедносен систем е на колена, а состојбата е загрижувачка и хаотична. Реформите на безбедносниот систем кои ги предводеше Оливер Спасовски се дефинитивно неуспешни и не ги даваат резултатите кои ги очекуваат пред се граѓаните, но и меѓународните партнери на Македонија. За неуспешноста на безбедносните реформи и неефикасноста на безбедносниот систем, вклучително и МВР како носечка безбедносна институција, сведочат безброј коруптивни, криминални и безбедносни скандали од меѓународни размери во изминатиот период откако СДСМ и ДУИ се на власт. Наместо успешна институција етаблирана во меѓународни рамки, сведоци сме дека Оливер Спасовски и неговиот тим создадоа институција која се мачи да одговори на основните безбедносни предизвици.

Синдикалните организации, кои вистински се залагаат за заштита на правата на вработените во МВР, се целосно во право за критиките кои ги упатуваат кон Оливер Спасовски и раководството на МВР и проблемите на кои укажуваат мора најприоритетно да се адресираат доколку сакаме готовноста, мотивираноста и ефикасноста на полицијата да биде на посакувано ниво.
-Уште еден голем проблем во МВР се и партиските вработувања.

Имате ли сознанија каква е состојбата на оваа тема, што се случува со нестручниот кадар вработен по партиска основа?

Денес МВР е високо партизирано, пренатрупано со нововработен неквалитетен и нестручен кадар, кој не може да испорача резултати, а немотивираноста и апатијата е главна карактеристика на безбедносниот систем.

Сите непослушни или идеолошко некомпатибилни вработени се подложни на силни нехумани притисоци, мобинг, дискриминација, дисциплински постапки, суспензии и откази. Имајќи монопол на системот за безбедносни проверки, се вршат злоупотреби и на добар дел од нив им се фабрикуваат безбедносните проверки со цел уништување на нивната професионална кариера и институционална елиминација. Тоа е и причината за огромниот број на изгубени судски работни спорови за кои МВР губи милионски суми и за ова мора да се сноси одговорност.

Моралните, етичките и професионалните вредности во МВР се целосно руинирани. Редот, дисциплината и почитувањето на хиерархијата се сериозно нарушени. Системот на кариера е целосно уништен. МВР се соочува со сериозен дефицит на конспиративност, професионалност и стручност. Отсуствува довербата, колегијалноста и институционалната лојалност. Припадниците на МВР се се почесто предмет на насилни напади. Корупцијата и пенетрацијата на криминалните структури во МВР е сериозна и загрижувачка.

-За дополнителен заменик министер, СДСМ преку Централниот одбор го именуваше Митко Бојмалациев, шеф на кабинет на Оливер Спасовски. Што мислите за овој избор?

Во СДСМ има кадри кои имаат познавање од безбедноста, но веројатно поради интерни политички борби кои се водат во оваа партија, не можат да дојдат до позиција и се маргинализирани. Истовремено, безбедносните институции ги водат личности без кредибилитет и познавање на оваа проблематика.

Конкретното лице, кое е политичко решение на СДСМ за дополнителен заменик министер, не произлегува од професионалните структури на МВР и безбедносниот систем. Како човек со долгогодишно искуство во областа на безбедноста, кој кариерата ја почнал од улица, можам да констатирам дека секое решение за раководно место во безбедносниот систем кое не произлегува од делот на професионалниот кадар, вработените го чувствуваат како наметнато бидејќи изборот не е дел од нив и не живеел со нивните проблеми и предизвици.

Се чини дека предлагањето на млад и неискусен кадар за позицијата во МВР е пред се потценување и девалвирање на оваа институција од страна на СДСМ, затоа што станува збор за кадар кој освен во делот на водењето на кабинетот, нема речиси никакво позначајно искуство делот на оперативно работење и безбедноста. Да бидам искрен, не сум воопшто изненаден, затоа што ваквиот предлог доаѓа од политичка партија која во изминатите 7 години, со лошата кадровска политика фрли сериозна сенка врз работењето на владата и на сите институции и придонесе Македонија да биде во лоша економска, финансиска и безбедносна состојба.

-Последниве години во Македонија се случија низа убиства, големи криминали, пукања среде бел ден…. Кој е вашиот став за тоа како полицијата постапува, со оглед на фактот што најголем дел од нив се нерасчистени?

За жал Министерството за внатрешни работи е претворено во институција која во јавноста пласира селектирани информации, монтирани статистички бројки и креира лажна перцепција за реалната безбедносна состојба во држава и тоа е сериозен преседан.

Оливер Спасовски и владата сакаат да прикажат дека во однос на безбедноста во државата се е „мед и млеко“, а всушност состојбата е спротивна и многу поинаква. Откривачката функција на МВР во однос на сериозните кривични дела е на исклучително ниско ниво.

Гледајќи ги секојдневните информации од „црната хроника“ сите ние сме свесни дека безбедносната состојба во државата е загрижувачка и сигурноста на граѓаните е доведена во прашања. Свесни сме дека пукањето, дрогата, разбојништвата и насилството на улиците е рапидно зголемено. Македонија стана една од главните логистички бази за издавање на државјанства, пасоши, банкарски сметки и други документи на белосветски криминалци, екстремисти и други безбедносно индикативни лица.
Факт е дека оваа влада нема капацитет и политичка волја да преземе сериозни обиди за справување со катастрофалната ситуација со организираниот криминал и корупцијата во која се наоѓа државата, а што е и официјално констатирано од страна на ЕУ и други релевантни меѓународни организации, но и на што секојдневно укажуваат релевантни дипломатски претставници во државата и надвор од неа. Паралелно со тоа, наместо справување со криминалот, гледаме како тие секојдневно се дружат и објавуваат фотографии со познати криминалци, нешто што во демократските и развиените земји е далеку од прифатена пракса.

-Сумирано, какви промени се потребни во МВР?

Често кога разговарам со моите пријатели, но и со луѓето со кои се сретнуваме на улица, слушам дека сакаат да живеат во побезбедна и посигурна држава и ние во ВМРО ДПМНЕ сме свесни за тоа. Затоа, приоритет на новата влада и МВР ќе биде бескомпромисна и неселективна борба против сите кои постапуваат спротивно на законот, без разлика на нивната етничка, верска или политичка определба. Неопходно и важно е, МВР да објави војна на корупцијата и да ги гони сите корумпирани функционери се додека не се соочат со лицето на правдата, а резултатите да бидат видливи и мерливи.

Потребни се големи промени, но пред се неопходно е враќање на ентузијазмот, дигнитетот и мотивираноста кај припадниците на МВР. Во рамки на МВР има чесни и стручни професионалци кои имаат капацитет и потенцијал да испорачаат врвни резултати во областа на безбедноста. За таа цел облигаторно е да се изгради модерна, ефикасна и транспарентна полиција. Во таа насока потребно е подигање на животниот стандард на припадниците на МВР, модернизирање и набавка на сосема нови современи и функционални униформи, целосна дигитализација и воведување на информатичка технологија во работењето и услугите кои ги дава МВР, воспоставување на ефикасен систем на кариера и негово доследно почитување, континуирани специјалистички обуки на вработените, повторно етаблирање на средното полициско училиште, понуда за работа за најдобрите студенти од сродните факултети, јакнење на оперативно-техничките капацитети на МВР, продлабочување на меѓународната соработка итн.

The post Чулев: Безбедносната состојба во државата е загрижувачка и сигурноста на граѓаните е доведена во прашањe appeared first on Република.

]]>

Изминатиов период цела Македонија беше потресена од ужасните убиства на малата Вања и на Панче. Ве молиме за коментар, како полицијата постапи во решавање на овој случај, се направија ли грешки во истрагата? Убиствата на малолетничката Вања и Панче се само врв на сантата мраз кога е во прашање нестручно и непрофесионално постапување на МВР под раководство на Оливер Спасовски. Нашите сознанија зборуваат дека истрагата можела многу поквалитетно и поефикасно да се спроведе, а доколку не се направени сериозни професионални и стручни пропусти и се преземени должни дејствија кои согласно полициските и криминалистичките процедури требало да се преземат, сигурно можело и да се превенира киднапирањето и последователното убиство на Вања. И тоа пред се, е резултат на лошите кадровски и менаџерски политики на раководството на МВР, Наке Чулев од ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа насока, уште еднаш сакам да го повторам ставот кој неколку пати претходно го нагласив, дека веднаш по формирањето на техничката Влада во рамките на МВР ќе се спроведе интерна ревизија на преземените дејствија и во двата кривично правни случаи. Врз основа на тоа што ќе биде утврдено во рамки на внатрешната ревизија, против сите оние кои направиле клучни пропусти во истрагата со несовесно, непрофесионално и нестручно постапување, ќе се покренат соодветни дисциплински постапки, а истовремено и ќе се информира и ОЈО за ГОКК за новите информации и елементи од истрагата. Доколку има елементи ќе се поднесат и соодветни кривични пријави до ОЈО за ГОКК. Воедно, за сите нови моменти од истрагата транспарентно ќе се информира македонската јавност. Истовремено, ќе се направат максимални обиди со цел што е можно побрзо изведување на главниот осомничен пред лицето на правдата. -Во каква подготвеност и готовност е македонската полиција? Синдикатите се жалат на немање основни услови и средства, стари униформи… Целокупниот разузнавачко-безбедносен систем е на колена, а состојбата е загрижувачка и хаотична. Реформите на безбедносниот систем кои ги предводеше Оливер Спасовски се дефинитивно неуспешни и не ги даваат резултатите кои ги очекуваат пред се граѓаните, но и меѓународните партнери на Македонија. За неуспешноста на безбедносните реформи и неефикасноста на безбедносниот систем, вклучително и МВР како носечка безбедносна институција, сведочат безброј коруптивни, криминални и безбедносни скандали од меѓународни размери во изминатиот период откако СДСМ и ДУИ се на власт. Наместо успешна институција етаблирана во меѓународни рамки, сведоци сме дека Оливер Спасовски и неговиот тим создадоа институција која се мачи да одговори на основните безбедносни предизвици. Синдикалните организации, кои вистински се залагаат за заштита на правата на вработените во МВР, се целосно во право за критиките кои ги упатуваат кон Оливер Спасовски и раководството на МВР и проблемите на кои укажуваат мора најприоритетно да се адресираат доколку сакаме готовноста, мотивираноста и ефикасноста на полицијата да биде на посакувано ниво. -Уште еден голем проблем во МВР се и партиските вработувања. Имате ли сознанија каква е состојбата на оваа тема, што се случува со нестручниот кадар вработен по партиска основа? Денес МВР е високо партизирано, пренатрупано со нововработен неквалитетен и нестручен кадар, кој не може да испорача резултати, а немотивираноста и апатијата е главна карактеристика на безбедносниот систем.
Сите непослушни или идеолошко некомпатибилни вработени се подложни на силни нехумани притисоци, мобинг, дискриминација, дисциплински постапки, суспензии и откази. Имајќи монопол на системот за безбедносни проверки, се вршат злоупотреби и на добар дел од нив им се фабрикуваат безбедносните проверки со цел уништување на нивната професионална кариера и институционална елиминација. Тоа е и причината за огромниот број на изгубени судски работни спорови за кои МВР губи милионски суми и за ова мора да се сноси одговорност.
Моралните, етичките и професионалните вредности во МВР се целосно руинирани. Редот, дисциплината и почитувањето на хиерархијата се сериозно нарушени. Системот на кариера е целосно уништен. МВР се соочува со сериозен дефицит на конспиративност, професионалност и стручност. Отсуствува довербата, колегијалноста и институционалната лојалност. Припадниците на МВР се се почесто предмет на насилни напади. Корупцијата и пенетрацијата на криминалните структури во МВР е сериозна и загрижувачка. -За дополнителен заменик министер, СДСМ преку Централниот одбор го именуваше Митко Бојмалациев, шеф на кабинет на Оливер Спасовски. Што мислите за овој избор? Во СДСМ има кадри кои имаат познавање од безбедноста, но веројатно поради интерни политички борби кои се водат во оваа партија, не можат да дојдат до позиција и се маргинализирани. Истовремено, безбедносните институции ги водат личности без кредибилитет и познавање на оваа проблематика. Конкретното лице, кое е политичко решение на СДСМ за дополнителен заменик министер, не произлегува од професионалните структури на МВР и безбедносниот систем. Како човек со долгогодишно искуство во областа на безбедноста, кој кариерата ја почнал од улица, можам да констатирам дека секое решение за раководно место во безбедносниот систем кое не произлегува од делот на професионалниот кадар, вработените го чувствуваат како наметнато бидејќи изборот не е дел од нив и не живеел со нивните проблеми и предизвици. Се чини дека предлагањето на млад и неискусен кадар за позицијата во МВР е пред се потценување и девалвирање на оваа институција од страна на СДСМ, затоа што станува збор за кадар кој освен во делот на водењето на кабинетот, нема речиси никакво позначајно искуство делот на оперативно работење и безбедноста. Да бидам искрен, не сум воопшто изненаден, затоа што ваквиот предлог доаѓа од политичка партија која во изминатите 7 години, со лошата кадровска политика фрли сериозна сенка врз работењето на владата и на сите институции и придонесе Македонија да биде во лоша економска, финансиска и безбедносна состојба. -Последниве години во Македонија се случија низа убиства, големи криминали, пукања среде бел ден…. Кој е вашиот став за тоа како полицијата постапува, со оглед на фактот што најголем дел од нив се нерасчистени? За жал Министерството за внатрешни работи е претворено во институција која во јавноста пласира селектирани информации, монтирани статистички бројки и креира лажна перцепција за реалната безбедносна состојба во држава и тоа е сериозен преседан. Оливер Спасовски и владата сакаат да прикажат дека во однос на безбедноста во државата се е „мед и млеко“, а всушност состојбата е спротивна и многу поинаква. Откривачката функција на МВР во однос на сериозните кривични дела е на исклучително ниско ниво.
Гледајќи ги секојдневните информации од „црната хроника“ сите ние сме свесни дека безбедносната состојба во државата е загрижувачка и сигурноста на граѓаните е доведена во прашања. Свесни сме дека пукањето, дрогата, разбојништвата и насилството на улиците е рапидно зголемено. Македонија стана една од главните логистички бази за издавање на државјанства, пасоши, банкарски сметки и други документи на белосветски криминалци, екстремисти и други безбедносно индикативни лица. Факт е дека оваа влада нема капацитет и политичка волја да преземе сериозни обиди за справување со катастрофалната ситуација со организираниот криминал и корупцијата во која се наоѓа државата, а што е и официјално констатирано од страна на ЕУ и други релевантни меѓународни организации, но и на што секојдневно укажуваат релевантни дипломатски претставници во државата и надвор од неа. Паралелно со тоа, наместо справување со криминалот, гледаме како тие секојдневно се дружат и објавуваат фотографии со познати криминалци, нешто што во демократските и развиените земји е далеку од прифатена пракса.
-Сумирано, какви промени се потребни во МВР?
Често кога разговарам со моите пријатели, но и со луѓето со кои се сретнуваме на улица, слушам дека сакаат да живеат во побезбедна и посигурна држава и ние во ВМРО ДПМНЕ сме свесни за тоа. Затоа, приоритет на новата влада и МВР ќе биде бескомпромисна и неселективна борба против сите кои постапуваат спротивно на законот, без разлика на нивната етничка, верска или политичка определба. Неопходно и важно е, МВР да објави војна на корупцијата и да ги гони сите корумпирани функционери се додека не се соочат со лицето на правдата, а резултатите да бидат видливи и мерливи.
Потребни се големи промени, но пред се неопходно е враќање на ентузијазмот, дигнитетот и мотивираноста кај припадниците на МВР. Во рамки на МВР има чесни и стручни професионалци кои имаат капацитет и потенцијал да испорачаат врвни резултати во областа на безбедноста. За таа цел облигаторно е да се изгради модерна, ефикасна и транспарентна полиција. Во таа насока потребно е подигање на животниот стандард на припадниците на МВР, модернизирање и набавка на сосема нови современи и функционални униформи, целосна дигитализација и воведување на информатичка технологија во работењето и услугите кои ги дава МВР, воспоставување на ефикасен систем на кариера и негово доследно почитување, континуирани специјалистички обуки на вработените, повторно етаблирање на средното полициско училиште, понуда за работа за најдобрите студенти од сродните факултети, јакнење на оперативно-техничките капацитети на МВР, продлабочување на меѓународната соработка итн.

The post Чулев: Безбедносната состојба во државата е загрижувачка и сигурноста на граѓаните е доведена во прашањe appeared first on Република.

]]>
Чулев: Корупцијата има метастазирано во сите институции почнувајќи од владата https://republika.mk/vesti/makedonija/chulev-koruptsijata-ima-metastazirano-vo-site-institutsii-pochnuvajki-od-vladata/ Thu, 02 Nov 2023 10:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=697349

Корупцијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Македонија. Таа е нотирана во сите извештаи на Европската комисија како главна пречка заедно со организираниот криминал за напредокот на државата во евроинтеграциите, изјави Наќе Чулев во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

– Дека корупцијата е најсериозниот проблем со кој се соочува државата не е само мое тврдење. Би кажал некои релевантни податоци од меѓународни организации кои ја третираат темата право, а кои  своите анализи ги засноваат на комплексни истражувања. Ако го земеме Транспаренси Интернешнл, Македонија во последните години има паднато повеќе од 20 места и кажува каква перцепцијата во држава, потенцираше тој.

Чулев истакна дека пред Македонија е Косово и голем број на африкански земји, 85 место е страшно ако се знае дека сме биле 20 и повеќе места подобри.

– Според Фридом Хаус ние сме уште хибриден режим, не владее демократија. Според светскиот индекс на владеење на право ние сме исто така паднати 23/4 места и повторно Косово и голем дел африкански земји се подобри. Тоа се релевантни показатели во каква состојба е државата. Да не ги споменуваме последните случувања и реакциите на меѓународната заедница по измените во Кривичен закон и заложбите за амнестија. Катастрофална е состојбата со корупцијата и таа ги има зафатено сите државни институции и органи, даватели на услуги, државните институции кои вршат контрола и надзор, јавното обвинителство, правосудните органи, рече тој.

Чулев нагласи дека корупцијата во државата има метастазирано во сите сфери на општеството и до владата и дека владата нема волја да се справи со корупцијата.

– Тука се поставува прашање кој ги контролира јавните обвинители, дали е спроведена истрага или постапка или има осуден јавен обвинител? ЈО одлучува за текот на истрагата и одлучува дали некоја истрага ќе седи во фиока или ќе поднесе обвинителен акт. Во иднина во рамки на борбата против корупција која ќе ја спроведе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе се стави и на корупцијата во ЈО.   Македонија нема друг избор ако сака да напредува, ако сакаме да ги вратиме нашите деца, треба да се создаде амбиент каде корупцијата ќе биде минимизирана. Ќе бидат видливи резултати и мерливи во борба против корупција, изјави Чулев.

The post Чулев: Корупцијата има метастазирано во сите институции почнувајќи од владата appeared first on Република.

Спасовски доделил 13 милиони евра на компанија на чие отворање присуствувал? https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-dodelil-13-milioni-evra-na-kompanija-na-chie-otvorane-prisustvuval/ Sun, 22 Jan 2023 12:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=599581

Немаат крај скандалите во Министерството за внатрешни работи од чиј буџет се испумпуваат милиони евра за набавка на храна за потребите на полициските службеници. Денес продолжуваме со нови докази, за тоа како во Министерството за внатрешни работи раководено од страна на Оливер Спасовски плаќа милионски суми евра за тендери за набавка на храна, oбјави денеска Наќе Чулев.

Тој прашува полициските службеници заслужуваат и треба да бидат колатерална штета на бизнис зделка, во која крајната цел е парите да завршат во компанија блиска до Оливер Спасовски и СДС?

https://www.youtube.com/watch?v=SuqlgNEgG-c&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Ова е договорот помеѓу компанијата Индустри сервис и МВР на Спасовски за достава на храна за потребите на полицискиот центар во Ѓорче Петров. Овој договор е потпишан на 10.01.2023 година и е во висина од околу 5.5 милиони евра.

И во полицискиот центар во Ѓорче Петров како и во случајот со центарот за обука во Идризово има најмодерна кујна за приготвување на храна за полицајците, но наместо да се користи истата, МВР на Спасовски набавува храна од приватна компанија. Токму во полицискиот центар во Ѓорче Петров, функционира кујна во која до сега вреден и искусен персонал подготвуваше храна за полициските службеници.

Индустри сервис со добивање на двата тендери од МВР на Спасовски за Центарот за обука во Идризово и полицискиот центар во Ѓорче Петров  станува една од фирмите преку која се одлеваат најмногу буџетски пари од ова министерство, вкупно од речиси фантастични 13 милиони евра според овие два договори-посочува Чулев.

Уште посимптоматично е што токму Оливер Спасовски, кој е министер во МВР, институција која ги прави двете набавки бил на поставување на камен темелник на фабриката на Индустри сервис во Гази Баба пред неколку години.

Ова е фотографија од која се гледа Спасовски во друштво на сопственикот на фирмата Индустри сервис Драган Смилковски. А на поставувањето на камен темелник на фабриката во Гази Баба е речиси цела влада на СДС и други функционери.

Очигледно е дека Спасовски и сопственикот на Индустри сервис се во блиски односи. Тука се отвора и дилемата дали нивната блискост е причината поради која Индустри сервис ги добива двата тендери во МВР?

Особено затоа што според проценките и анализите на луѓе кои долги години работат во секторот угостителство и јавни набавки се дека ваквиот начин на набавка на храна во Министерството за внатрешни работи, ќе ја чини оваа институција многу повеќе пари, во споредба со досегашното подготвување на храната во сопствените кујни и со сопствен персонал на МВР.

Полициските службеници од Министерството за внатрешни работи, во изминатиот период сведочат дека добиваат храна која е далеку од стандардите за човечка исхрана. Токму поради ова, на крајот го поставуваме прашањето, дали раководството на МВР во изминатиот период свесно го рушело системот на подготовка на храната, за да отвори простор и на мала врата овој бонбона бизнис од речиси 13 милиони евра да го даде на компанија, која според фотографиите се гледа дека е блиска до раководството на МВР  односно Оливер Спасовски и политичката партија на власт.

The post Спасовски доделил 13 милиони евра на компанија на чие отворање присуствувал? appeared first on Република.

]]>

Немаат крај скандалите во Министерството за внатрешни работи од чиј буџет се испумпуваат милиони евра за набавка на храна за потребите на полициските службеници. Денес продолжуваме со нови докази, за тоа како во Министерството за внатрешни работи раководено од страна на Оливер Спасовски плаќа милионски суми евра за тендери за набавка на храна, oбјави денеска Наќе Чулев. Тој прашува полициските службеници заслужуваат и треба да бидат колатерална штета на бизнис зделка, во која крајната цел е парите да завршат во компанија блиска до Оливер Спасовски и СДС? https://www.youtube.com/watch?v=SuqlgNEgG-c&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title  
Ова е договорот помеѓу компанијата Индустри сервис и МВР на Спасовски за достава на храна за потребите на полицискиот центар во Ѓорче Петров. Овој договор е потпишан на 10.01.2023 година и е во висина од околу 5.5 милиони евра.
И во полицискиот центар во Ѓорче Петров како и во случајот со центарот за обука во Идризово има најмодерна кујна за приготвување на храна за полицајците, но наместо да се користи истата, МВР на Спасовски набавува храна од приватна компанија. Токму во полицискиот центар во Ѓорче Петров, функционира кујна во која до сега вреден и искусен персонал подготвуваше храна за полициските службеници.
Индустри сервис со добивање на двата тендери од МВР на Спасовски за Центарот за обука во Идризово и полицискиот центар во Ѓорче Петров  станува една од фирмите преку која се одлеваат најмногу буџетски пари од ова министерство, вкупно од речиси фантастични 13 милиони евра според овие два договори-посочува Чулев.
Уште посимптоматично е што токму Оливер Спасовски, кој е министер во МВР, институција која ги прави двете набавки бил на поставување на камен темелник на фабриката на Индустри сервис во Гази Баба пред неколку години.
Ова е фотографија од која се гледа Спасовски во друштво на сопственикот на фирмата Индустри сервис Драган Смилковски. А на поставувањето на камен темелник на фабриката во Гази Баба е речиси цела влада на СДС и други функционери.
Очигледно е дека Спасовски и сопственикот на Индустри сервис се во блиски односи. Тука се отвора и дилемата дали нивната блискост е причината поради која Индустри сервис ги добива двата тендери во МВР? Особено затоа што според проценките и анализите на луѓе кои долги години работат во секторот угостителство и јавни набавки се дека ваквиот начин на набавка на храна во Министерството за внатрешни работи, ќе ја чини оваа институција многу повеќе пари, во споредба со досегашното подготвување на храната во сопствените кујни и со сопствен персонал на МВР.
Полициските службеници од Министерството за внатрешни работи, во изминатиот период сведочат дека добиваат храна која е далеку од стандардите за човечка исхрана. Токму поради ова, на крајот го поставуваме прашањето, дали раководството на МВР во изминатиот период свесно го рушело системот на подготовка на храната, за да отвори простор и на мала врата овој бонбона бизнис од речиси 13 милиони евра да го даде на компанија, која според фотографиите се гледа дека е блиска до раководството на МВР  односно Оливер Спасовски и политичката партија на власт.

The post Спасовски доделил 13 милиони евра на компанија на чие отворање присуствувал? appeared first on Република.

]]>
Чулев: Димовски треба кривично да одговара за случајот Онишченко, а не да бега да биде амбасадор во Париз https://republika.mk/vesti/makedonija/chulev-dimovski-treba-krivichno-da-odgovara-za-sluchajot-onishchenko-a-ne-da-bega-da-bide-ambasador-vo-pariz/ Tue, 29 Nov 2022 07:39:41 +0000 https://republika.mk/?p=579411

Она што се успешни реформи за Оливер Спасовски е само причина за срам, ефикасноста на безбедносните служби е на најниско можно ниво што се гледа од секојдневните скандали, оцени Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.

„Треба да се зголеми отчетноста на безбедносните служби не може под плаштот безбедносна тајна да се испраќаат закани до медиумите и истражувачките новинари. Пет години бев директор на Агенција за разузнавање и сметам дека имаат право да истражуваат за законитоста па така немам ни една претставка поднесено, ни една кривична пријава кон претставници на медиуми“, рече Чулев.

Тој се осврна и на случајот Онишченко укажувајќи на тоа што собраниската надлежна комисија не може да одржи состанок.

„Внатрешната контрола во Агенција за национална безбедност не постои, нема раководител. Оттука кој ќе врши контрола за професионалноста кога нема внатрешна контрола. Зошто Виктор Димовски не реагирал за ова, не го пополнил тоа место, тоа е законска обврска. Внатрешна контрола е таа која треба да ги преиспита професионалните стандарди и сега директорот кој треба кривично да одговара за случајот Онишченко дава отчет пред собрансиката комисија. Изјавите кои ги даде по комисијата не личеше на него. Не смее директор да се заканува на пратеници, па тој не дава сертификати на истакнати лица, ама дава пасош на лица како Онишенко“, рече Чулев.

Според него Димовски треба да се соочи со кривина одговорност, а не да бега да биде амбасадор во Париз.

Додаде дека безбедносниот систем е на дно, а Виктор Димовски директно влијае на истрагата, бидејќи тој не е разрешен од директорската позиција од страна на Владата

„Во моментот луѓе кои се опозицијата кои се идеолошки некомпатибилни а се дел од, безбедносниот сектор или кои претставуваат на било кој начин професионалната конкуренција на овој врв во безбедносните служби се елиминираат преку не издавање на безбедносни сертификати. Односно со фабрикување на лазни информации се со цел за недобивање на безбедносни сертификати“, рече Чулев.

Додаде дека АНБ го има монополот и се она што значи про-опозициски настроени луѓе од безбедносниот сектор сите тие имаат проблеми со безбедносните сертификати.

[caption id="attachment_106966" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

„Има цела палета на луѓе кои стварно имаат професионален интегритет и оперативно аналитичко па и техничко искуство кои заради недобивање на безбедносни сертификати се надвор од безбедносниот систем“, вели Чулев.

Чулев истакна дека во случајот со Онишченко воопшто не е испочитуван членот 8 од законот за АНБ.

„Човек од ваков габарит како Онишченко штом влегува во Македонија, АНБ треба да знае уште од граничен премин дека он е веќе дојден на територија на Република Македонија и со целокупната оперативна мрежа да го покрие“, изјави Чулев.

Тој посочи дека не е можно АНБ и Агенцијата за разузнавање да не детектира дека ваков човек е на територија на Македонија.

„Виктор Димовски моментално продолжува да биде директор на АНБ, па дури и се заканува на пратеници. Со самото негово присуство во АНБ и неговото не разрешување од страна на Владата он директно влијае на истрагата“, дециден е Чулев

The post Чулев: Димовски треба кривично да одговара за случајот Онишченко, а не да бега да биде амбасадор во Париз appeared first on Република.

]]>

Она што се успешни реформи за Оливер Спасовски е само причина за срам, ефикасноста на безбедносните служби е на најниско можно ниво што се гледа од секојдневните скандали, оцени Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.
„Треба да се зголеми отчетноста на безбедносните служби не може под плаштот безбедносна тајна да се испраќаат закани до медиумите и истражувачките новинари. Пет години бев директор на Агенција за разузнавање и сметам дека имаат право да истражуваат за законитоста па така немам ни една претставка поднесено, ни една кривична пријава кон претставници на медиуми“, рече Чулев.
Тој се осврна и на случајот Онишченко укажувајќи на тоа што собраниската надлежна комисија не може да одржи состанок.
„Внатрешната контрола во Агенција за национална безбедност не постои, нема раководител. Оттука кој ќе врши контрола за професионалноста кога нема внатрешна контрола. Зошто Виктор Димовски не реагирал за ова, не го пополнил тоа место, тоа е законска обврска. Внатрешна контрола е таа која треба да ги преиспита професионалните стандарди и сега директорот кој треба кривично да одговара за случајот Онишченко дава отчет пред собрансиката комисија. Изјавите кои ги даде по комисијата не личеше на него. Не смее директор да се заканува на пратеници, па тој не дава сертификати на истакнати лица, ама дава пасош на лица како Онишенко“, рече Чулев.
Според него Димовски треба да се соочи со кривина одговорност, а не да бега да биде амбасадор во Париз. Додаде дека безбедносниот систем е на дно, а Виктор Димовски директно влијае на истрагата, бидејќи тој не е разрешен од директорската позиција од страна на Владата
„Во моментот луѓе кои се опозицијата кои се идеолошки некомпатибилни а се дел од, безбедносниот сектор или кои претставуваат на било кој начин професионалната конкуренција на овој врв во безбедносните служби се елиминираат преку не издавање на безбедносни сертификати. Односно со фабрикување на лазни информации се со цел за недобивање на безбедносни сертификати“, рече Чулев.
Додаде дека АНБ го има монополот и се она што значи про-опозициски настроени луѓе од безбедносниот сектор сите тие имаат проблеми со безбедносните сертификати. [caption id="attachment_106966" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption] „Има цела палета на луѓе кои стварно имаат професионален интегритет и оперативно аналитичко па и техничко искуство кои заради недобивање на безбедносни сертификати се надвор од безбедносниот систем“, вели Чулев. Чулев истакна дека во случајот со Онишченко воопшто не е испочитуван членот 8 од законот за АНБ.
„Човек од ваков габарит како Онишченко штом влегува во Македонија, АНБ треба да знае уште од граничен премин дека он е веќе дојден на територија на Република Македонија и со целокупната оперативна мрежа да го покрие“, изјави Чулев.
Тој посочи дека не е можно АНБ и Агенцијата за разузнавање да не детектира дека ваков човек е на територија на Македонија.
„Виктор Димовски моментално продолжува да биде директор на АНБ, па дури и се заканува на пратеници. Со самото негово присуство во АНБ и неговото не разрешување од страна на Владата он директно влијае на истрагата“, дециден е Чулев

The post Чулев: Димовски треба кривично да одговара за случајот Онишченко, а не да бега да биде амбасадор во Париз appeared first on Република.

]]>
Власта го избрка Наке Чулев од МВР поради наводен екстремизам и радикализам https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-go-izbrka-nake-chulev-od-mvr-poradi-navoden-ekstremizam-i-radikalizam/ Tue, 26 Jul 2022 11:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=533348

Тоа што за сите нас е патриотизам за оваа предавничка власт е екстремизам и радикализам.

Хибридниот режим предводен од СДСМ со сета сила ја уништува државата, удира по професионалците, се обидува да ги демотивира патриотите и ги партизира институциите. По повеќе од 25 години поминати во служба на татковината и граѓаните на Македонија, не по моја вина, на мое жалење повеќе не сум дел од безбедносниот систем - oбјави поранешниот министер Наке Чулев.

Криминалниот режим кој ја предводи власта и за жал ја води државата со сета сила удри и по мене и по мојот професионален интегритет, објави поранешниот министер.

Јас сум човек – професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор, почнувајќи од најниското скалило во службата. Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија. Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери.

Тоа што за сите нас е патриотизам и љубов кон татковината, оваа предавничка власт сега го стигматизира како македонски екстремизам и радикализам, а македонските патриоти, преку креирање на перфиден систем на лажни и фабрикувани информации континуирано ги елиминира од безбедносниот систем. На тој начин, смислено и со план ги ослабнуваат капацитетите на државата и ја доведуваат во подредена положба.

Во изминатиот период во неколку наврати испратив јасна порака и денес повторно и недвосмислено повторно го правам тоа. Политичкиот прогон, сите притисоци, закани и уцени кон мене и другите припадници на безбедносната заедница нема да вродат со плод. Ние и понатаму ќе бидеме со полн капацитет во одбрана на Македонија и македонските интереси, а сите оние кои постапуваат незаконски ќе одговараат за тоа пред надлежните институции.

Јас и понатаму ќе бидат истиот Наќе Чулев – човекот кој неизмерно ја сака својата држава и професионално ќе придонесува за нејзиниот напредок и развој.
Нека ни е вечна Македонија.

The post Власта го избрка Наке Чулев од МВР поради наводен екстремизам и радикализам appeared first on Република.

]]>

Тоа што за сите нас е патриотизам за оваа предавничка власт е екстремизам и радикализам.
Хибридниот режим предводен од СДСМ со сета сила ја уништува државата, удира по професионалците, се обидува да ги демотивира патриотите и ги партизира институциите. По повеќе од 25 години поминати во служба на татковината и граѓаните на Македонија, не по моја вина, на мое жалење повеќе не сум дел од безбедносниот систем - oбјави поранешниот министер Наке Чулев.
Криминалниот режим кој ја предводи власта и за жал ја води државата со сета сила удри и по мене и по мојот професионален интегритет, објави поранешниот министер.
Јас сум човек – професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор, почнувајќи од најниското скалило во службата. Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија. Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери.   Тоа што за сите нас е патриотизам и љубов кон татковината, оваа предавничка власт сега го стигматизира како македонски екстремизам и радикализам, а македонските патриоти, преку креирање на перфиден систем на лажни и фабрикувани информации континуирано ги елиминира од безбедносниот систем. На тој начин, смислено и со план ги ослабнуваат капацитетите на државата и ја доведуваат во подредена положба.   Во изминатиот период во неколку наврати испратив јасна порака и денес повторно и недвосмислено повторно го правам тоа. Политичкиот прогон, сите притисоци, закани и уцени кон мене и другите припадници на безбедносната заедница нема да вродат со плод. Ние и понатаму ќе бидеме со полн капацитет во одбрана на Македонија и македонските интереси, а сите оние кои постапуваат незаконски ќе одговараат за тоа пред надлежните институции.   Јас и понатаму ќе бидат истиот Наќе Чулев – човекот кој неизмерно ја сака својата држава и професионално ќе придонесува за нејзиниот напредок и развој. Нека ни е вечна Македонија.

The post Власта го избрка Наке Чулев од МВР поради наводен екстремизам и радикализам appeared first on Република.

]]>