најздрави зеленчуци Archives - Република https://republika.mk/tema/najzdravi-zelenchutsi/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 12:52:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најздрави зеленчуци Archives - Република https://republika.mk/tema/najzdravi-zelenchutsi/ 32 32 Ова се најздравите летни зеленчуци https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/ova-se-najzdravite-letni-zelenchutsi/ Sat, 13 Jul 2024 12:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=796402

Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имунитетот, па дури и ја подмладуваат кожата. Летото е сезона кога пазарите изобилуваат со дарови од природата. Највкусните овошја и зеленчук зреат токму на лето. Овошјето и зеленчукот се богати со витамини, минерали, хранливи влакна и антиоксиданти, кои се неопходни за правилно функционирање на нашето тело.

Освен тоа, играат важна улога и регулирање на тежината. Зеленчукот нуди широк спектар на вкусови и бои, така што секој може да најде нешто по свој вкус. Може да се јаде сиров, варен, печен на скара, на пареа или како пире. Ова е зеленчукот кој може да се најде на нашето поднебје, а зрее на лето:

Домат

Ликопенот и калиумот од доматите се многу важни за одржување на крвниот притисок и нивото на холестеролот во крвта. Доматите се богати и со витамин Ц, клучна состојка за нашиот имунитет. Во исто време, витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го забавува стареењето на кожата.

Краставица

Целата вода во краставиците може да ви помогне да останете хидрирани. Витаминот К помага при згрутчување на крвта и ги одржува коските здрави. Витаминот А е важен за видот, имунолошкиот систем и репродукцијата. Антиоксидантите како што е бета каротенот во краставиците можат да помогнат во борбата против слободните радикали во вашето тело.

Боранија

Боранијата е богата со витамин К, а содржи и голема количина на калциум. Овие хранливи материи се важни за одржување силни, здрави коски и намалување на ризикот од фрактури. Витаминот Б кој го содржи боранијата е неопходен за добро ментално здравје.

Пиперки

Пиперките се одлична нискокалорична храна полна со хранливи влакна, што ги прави идеални доколку сте на диета. Богати се со витамин Ц за кој веќе рековме дека е моќен антиоксиданс, а содржи и витамин Б9 кој е исклучително важен за време на бременоста.

Модар патлиџан

Модриот патлиџан има антиоксиданти како витамините А и Ц, кои помагаат во заштитата на вашите клетки од оштетување и стареење. Исто така, тој е богат со природни растителни хемикалии наречени полифеноли, кои можат да им помогнат на клетките подобро да го обработуваат шеќерот ако имате дијабетес.

 

The post Ова се најздравите летни зеленчуци appeared first on Република.

]]>

Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имунитетот, па дури и ја подмладуваат кожата. Летото е сезона кога пазарите изобилуваат со дарови од природата. Највкусните овошја и зеленчук зреат токму на лето. Овошјето и зеленчукот се богати со витамини, минерали, хранливи влакна и антиоксиданти, кои се неопходни за правилно функционирање на нашето тело. Освен тоа, играат важна улога и регулирање на тежината. Зеленчукот нуди широк спектар на вкусови и бои, така што секој може да најде нешто по свој вкус. Може да се јаде сиров, варен, печен на скара, на пареа или како пире. Ова е зеленчукот кој може да се најде на нашето поднебје, а зрее на лето: Домат Ликопенот и калиумот од доматите се многу важни за одржување на крвниот притисок и нивото на холестеролот во крвта. Доматите се богати и со витамин Ц, клучна состојка за нашиот имунитет. Во исто време, витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го забавува стареењето на кожата. Краставица Целата вода во краставиците може да ви помогне да останете хидрирани. Витаминот К помага при згрутчување на крвта и ги одржува коските здрави. Витаминот А е важен за видот, имунолошкиот систем и репродукцијата. Антиоксидантите како што е бета каротенот во краставиците можат да помогнат во борбата против слободните радикали во вашето тело. Боранија Боранијата е богата со витамин К, а содржи и голема количина на калциум. Овие хранливи материи се важни за одржување силни, здрави коски и намалување на ризикот од фрактури. Витаминот Б кој го содржи боранијата е неопходен за добро ментално здравје. Пиперки Пиперките се одлична нискокалорична храна полна со хранливи влакна, што ги прави идеални доколку сте на диета. Богати се со витамин Ц за кој веќе рековме дека е моќен антиоксиданс, а содржи и витамин Б9 кој е исклучително важен за време на бременоста. Модар патлиџан Модриот патлиџан има антиоксиданти како витамините А и Ц, кои помагаат во заштитата на вашите клетки од оштетување и стареење. Исто така, тој е богат со природни растителни хемикалии наречени полифеноли, кои можат да им помогнат на клетките подобро да го обработуваат шеќерот ако имате дијабетес.  

The post Ова се најздравите летни зеленчуци appeared first on Република.

]]>