највело општина во скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/najvelo-opshtina-vo-skopje/ За подобро да се разбереме Mon, 29 May 2023 18:06:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png највело општина во скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/najvelo-opshtina-vo-skopje/ 32 32 Се избира највело општина во Скопје и околината https://republika.mk/vesti/skopje/se-izbira-najvelo-opshtina-vo-skopje-i-okolinata/ Mon, 29 May 2023 21:39:13 +0000 https://republika.mk/?p=645880

Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје - НаТочак, ја воведува наградата „Највело општина во Скопскиот плански регион“ за 2023 година.

- Позитивните страни на користењето велосипед се бројни и веќе докажани. Една од нив е дека со возење велосипед, емисиите на стакленички гасови се намалуваат за дури 91% во споредба со возење автомобил. И покрај ова, развојот на велосипедскиот сообраќај во Скопје и околината се одвива премногу бавно и неодговорно во однос на климатската итност со која тоа треба да биде адресирано. Затоа, ги повикуваме граѓаните кои користат велосипед како превозно средство или пак рекреативно во Скопје и околината да се вклучат во изборот за „Највело општина“ во Скопје и околината за 2023 година.

Преку нашата онлајн анкета, граѓаните може да ги споделат своите искуства и ставови за тоа колку се (не)задоволни од велосипедската инфраструктура и бенефициите за велосипедистите кои се нудат и со тоа да дадат поверодостојна, релевантна и сеопфатна слика за состојбата на терен, велат иницијаторите на наградата.

Покрај онлајн анкетата, во предвид ќе се земат и одговорите на самите општини од Скопскиот плански регион за инвестициите и активностите што ги презеле на ова поле, како и барања за информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи поврзани со безбедноста во општините.

„Највело општина во Скопскиот плански регион“ за 2023 ќе биде општината која ќе докаже дека најмногу се грижи за развојот на урбаниот велосипедизам во своите рамки преку четири категории - инфраструктура, политики, буџет и јавна свест.

Целта на наградата за „Највело општина во Скопски плански регион“ е да биде поттик на локалните власти да се стремат кон создавање подобри услови за граѓаните на велосипед.

*До анкетата можете да пристапите и преку овој линк: https://shorturl.at/insH2 .

The post Се избира највело општина во Скопје и околината appeared first on Република.

]]>

Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје - НаТочак, ја воведува наградата „Највело општина во Скопскиот плански регион“ за 2023 година.
- Позитивните страни на користењето велосипед се бројни и веќе докажани. Една од нив е дека со возење велосипед, емисиите на стакленички гасови се намалуваат за дури 91% во споредба со возење автомобил. И покрај ова, развојот на велосипедскиот сообраќај во Скопје и околината се одвива премногу бавно и неодговорно во однос на климатската итност со која тоа треба да биде адресирано. Затоа, ги повикуваме граѓаните кои користат велосипед како превозно средство или пак рекреативно во Скопје и околината да се вклучат во изборот за „Највело општина“ во Скопје и околината за 2023 година.
Преку нашата онлајн анкета, граѓаните може да ги споделат своите искуства и ставови за тоа колку се (не)задоволни од велосипедската инфраструктура и бенефициите за велосипедистите кои се нудат и со тоа да дадат поверодостојна, релевантна и сеопфатна слика за состојбата на терен, велат иницијаторите на наградата. Покрај онлајн анкетата, во предвид ќе се земат и одговорите на самите општини од Скопскиот плански регион за инвестициите и активностите што ги презеле на ова поле, како и барања за информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи поврзани со безбедноста во општините. „Највело општина во Скопскиот плански регион“ за 2023 ќе биде општината која ќе докаже дека најмногу се грижи за развојот на урбаниот велосипедизам во своите рамки преку четири категории - инфраструктура, политики, буџет и јавна свест. Целта на наградата за „Највело општина во Скопски плански регион“ е да биде поттик на локалните власти да се стремат кон создавање подобри услови за граѓаните на велосипед. *До анкетата можете да пристапите и преку овој линк: https://shorturl.at/insH2 .

The post Се избира највело општина во Скопје и околината appeared first on Република.

]]>