награди Archives - Република
https://republika.mk/tema/nagradi/
За подобро да се разберемеFri, 11 Oct 2024 06:43:14 +0000mk-MK
hourly
1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.pngнагради Archives - Република
https://republika.mk/tema/nagradi/
3232Врачување на државната награда „11 Октомври“
https://republika.mk/vesti/makedonija/vrachuvane-na-drzhavnata-nagrada-11-oktomvri/
Fri, 11 Oct 2024 06:43:14 +0000https://republika.mk/?p=825382
Државната награда „11 Октомври“ за 2024 година денеска во Собранието ќе му биде доделена на истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски. Наградата, како што соопшти Министерството за култура и туризам, му се доделува за животно дело во областа на науката.
Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски се добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.
Оваа одлука ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седница одржана на 11 септември 2024 година.
Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова - Грујовска.
]]>Државната награда „11 Октомври“ за 2024 година денеска во Собранието ќе му биде доделена на истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски. Наградата, како што соопшти Министерството за култура и туризам, му се доделува за животно дело во областа на науката.
Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски се добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.
Оваа одлука ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седница одржана на 11 септември 2024 година.
Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова - Грујовска.
]]>Француската „Не ме чекај“ ја освои Гран при наградата на фестивалот „Игор Маџиров“
https://republika.mk/vesti/kultura/frantsuskata-ne-me-chekaj-ja-osvoi-gran-pri-nagradata-na-festivalot-igor-madhirov/
Sun, 06 Oct 2024 13:47:28 +0000https://republika.mk/?p=823490
Заврши третото издание на меѓународниот фестивал на детскиот театар „Игор Маџирот“ 2024, во организација на НУ Театар за деца и младинци – Скопје. За најдобра претстава на фестивалот беше прогласена претставата „Не ме чекај” на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција.
Детското жири во состав од: Неда Блажевска, Тео Манев, Уна Дона Силјановска, Бисера Мојаноска, Теофил Сачкарски, Саша Димитриевска, Ведран Маричиќ, за најдобра претстава на фестивалот ја програсија претставата „По трагите на волкот”, во режија на Јакуб Максимов од Чешка, а во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад, Србија.
Стручното жири составено од претседателката Рената Карола Гатика од Хрватска и членовите Ана Левајковиќ Бошков, актерка и Биљана Крајчевска, драматург, ја прогласија најдобрата претстава на фестивалот.
„Претставата е едно неверојатно патување кое нѐ води низ исклучително иновативни и богати визуелни решенија преку симпатични и духовити ликови, низ распон на емоции, а најважното е универзалната и секогаш актуелната порака: ‘Домот е онаму каде што си ти, домот е секогаш во тебе’“, се вели во одлуката на жири комисијата.
Наградата за режија му беше доделена на Јакуб Максимов за претставата „По трагите на Волкот“ според романот на Џек Лондон во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад – Србија.
Наградата за сценографија му беше доделена на Лусил Регер за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција.
Наградата за костимографија ја доби Каролина Арандија за претставата „По трагите на Волкот“ во изведба на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија.
Жирито додели две награди за актерски остварувања на: Вера Розанова за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција и на актерката Петра Шарац за претставата „О ла ла“ на „Градски куклен театар“ од Ријека, Хрватска.
Специјалнате награди за колективна актерска игра беше доделена на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија за претставата „По трагите на Волкот“ и на „Краљевскиот театар“ за претставата „Тогаш кога се изгубивме“.
Специјалната награда за музика се додели на композиторката Звездана Новаковиќ и музичката изведба на актерката Маја Куншиќ .
Специјалната награда за најдобар драмски текст се додели на Лоте Фаруп за текстот „Тогаш кога се изгубивме“.
На фестивалот „Игор Маџиров” настапија десет претстави, беа одржани две работилници за деца и млади и се одржа панел дискусија посветена на детскиот театар.
И оваа година фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и туризам, а под покровителство на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.
]]>Заврши третото издание на меѓународниот фестивал на детскиот театар „Игор Маџирот“ 2024, во организација на НУ Театар за деца и младинци – Скопје. За најдобра претстава на фестивалот беше прогласена претставата „Не ме чекај” на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција.
Детското жири во состав од: Неда Блажевска, Тео Манев, Уна Дона Силјановска, Бисера Мојаноска, Теофил Сачкарски, Саша Димитриевска, Ведран Маричиќ, за најдобра претстава на фестивалот ја програсија претставата „По трагите на волкот”, во режија на Јакуб Максимов од Чешка, а во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад, Србија.
Стручното жири составено од претседателката Рената Карола Гатика од Хрватска и членовите Ана Левајковиќ Бошков, актерка и Биљана Крајчевска, драматург, ја прогласија најдобрата претстава на фестивалот.
„Претставата е едно неверојатно патување кое нѐ води низ исклучително иновативни и богати визуелни решенија преку симпатични и духовити ликови, низ распон на емоции, а најважното е универзалната и секогаш актуелната порака: ‘Домот е онаму каде што си ти, домот е секогаш во тебе’“, се вели во одлуката на жири комисијата.
Наградата за режија му беше доделена на Јакуб Максимов за претставата „По трагите на Волкот“ според романот на Џек Лондон во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад – Србија.
Наградата за сценографија му беше доделена на Лусил Регер за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција.
Наградата за костимографија ја доби Каролина Арандија за претставата „По трагите на Волкот“ во изведба на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија.
Жирито додели две награди за актерски остварувања на: Вера Розанова за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција и на актерката Петра Шарац за претставата „О ла ла“ на „Градски куклен театар“ од Ријека, Хрватска.
Специјалнате награди за колективна актерска игра беше доделена на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија за претставата „По трагите на Волкот“ и на „Краљевскиот театар“ за претставата „Тогаш кога се изгубивме“.
Специјалната награда за музика се додели на композиторката Звездана Новаковиќ и музичката изведба на актерката Маја Куншиќ .
Специјалната награда за најдобар драмски текст се додели на Лоте Фаруп за текстот „Тогаш кога се изгубивме“.
На фестивалот „Игор Маџиров” настапија десет претстави, беа одржани две работилници за деца и млади и се одржа панел дискусија посветена на детскиот театар.
И оваа година фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и туризам, а под покровителство на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.
]]>Во ДПМ ќе бидат врачени традиционалните годишни награди
https://republika.mk/vesti/kultura/vo-dpm-ke-bidat-vracheni-traditsionalnite-godishni-nagradi/
Wed, 18 Sep 2024 07:28:55 +0000https://republika.mk/?p=817301
Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи свеченото врачување на традиционалните годишни награди на Друштвото за 2023 година.
Како што најавија од ДПМ, ќе биде врачена наградата „Стале Попов“ за „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, наградата „Ацо Шопов“ за „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, „Ванчо Николески“ за „Земјата на чудесните сказни“ од Билјана С. Црвенковска, како и „Димитар Митрев“ за „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ.
]]>Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи свеченото врачување на традиционалните годишни награди на Друштвото за 2023 година.
Како што најавија од ДПМ, ќе биде врачена наградата „Стале Попов“ за „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, наградата „Ацо Шопов“ за „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, „Ванчо Николески“ за „Земјата на чудесните сказни“ од Билјана С. Црвенковска, како и „Димитар Митрев“ за „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ.
]]>Вие сте најголеми македонски амбасадори, им кажаа Сиљановска Давкова и Јаневска на средбата со учениците кои освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари
https://republika.mk/vesti/makedonija/vie-ste-najgolemi-makedonski-ambasadori-im-kazhaa-silanovska-davkova-i-janevska-na-sredbata-so-uchenitsite-koi-osvoija-nagradi-i-priznanija-na-prestizhni-megunarodni-natprevari/
Mon, 16 Sep 2024 15:03:08 +0000https://republika.mk/?p=816849
Државата ќе обезбеди поголема грижа за талентираните ученици и финансиската поддршка за учество на меѓународни научни олимпијади и натпревари нема да биде доведувана во прашање. Ова на средба со македонски ученици кои годинава освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари и со нивните наставници ментори, го истакнаа претседателката проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.
Вие сте најголемите македонски амбасадори, промотори на квалитетното знаење кое може да се стекне на ова поднебје. Со Вас се гордее цела нација. Ова е ваш личен успех, но голема заслуга имаат и вашите семејства, најблиските и наставниците кои ве поддржуваат и подучуваат константно“, рече Јаневска.
Министерката изрази жалење што досега институциите на системот не успеале да најдат начини и да обезбедат можности за повеќе да ги поддржат учениците и со цел со уште поголемо чувство за заштита, на сигурност, на патриотизам и уште поголема желба за натпревар и докажување, да настапат онаму каде одат само најдобрите од Европа и Светот.
Но, ве молам немојте тоа да го препишувате на државата. Државата ја водат луѓе. Некогаш луѓе кои се интересираат за граѓаните, некогаш луѓе кои немаат никаква грижа на совест. Ве уверувам дека ова раководство во Министерството за образование и наука и воопшто на Владата, заедно со претседателката Сиљановска Давкова, ќе обезбедат повеќе и подобри можности за вас и за реализација на вашиот потенцијал тука, во Македонија. Работиме на нови законски измени за да имаме правен основ за поголема поддршка и повеќе пари“, додаде министерката Јаневска, информирајќи дека за прв пат во подготовка е Концепција за поддршка на талентирани ученици.
И претседателката Сиљановска Давкова упатувајќи честитки за постигнатите резултати, посочи на потребата за изнаоѓање на трајно системско решение за соодветна поддршка на нашите најуспешни и најталентирани ученици и нивните учества на меѓународни натпреварувања. Порача дека политиките, особено во областа на образованието, треба да бидат соодветни и сообразени со потребите и интересите на оние кои се највредни, оние кои се најперспективни.
Нема поголема обврска за оваа држава, и тоа постојано го повторувам, вистинските луѓе, најдобрите, да добијат највисока и најдобра поддршка, и гаранција која сум ја видела по светот, кога во гимназиските денови или на факултет се бомбардираа учениците и нивните ментори со понуди за интервјуа, за разговори, и од сите министерства им нудат ангажман, работно место, алумни систем, во постојан контакт сте. Мислам дека дојде времето и ние не смееме да си заминеме од нашите функции без да решиме или да ставиме еден камен во тој мозаик кој што ќе треба да ги реши проблемите на сите вас“, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Годинава 50тина македонски ученици учествуваа на врвни светски ученички натпреварувања, освојувајќи вкупно 16 медали - 4 златни, 2 сребрени и 10 бронзени.
]]>Државата ќе обезбеди поголема грижа за талентираните ученици и финансиската поддршка за учество на меѓународни научни олимпијади и натпревари нема да биде доведувана во прашање. Ова на средба со македонски ученици кои годинава освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари и со нивните наставници ментори, го истакнаа претседателката проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.
Вие сте најголемите македонски амбасадори, промотори на квалитетното знаење кое може да се стекне на ова поднебје. Со Вас се гордее цела нација. Ова е ваш личен успех, но голема заслуга имаат и вашите семејства, најблиските и наставниците кои ве поддржуваат и подучуваат константно“, рече Јаневска.
Министерката изрази жалење што досега институциите на системот не успеале да најдат начини и да обезбедат можности за повеќе да ги поддржат учениците и со цел со уште поголемо чувство за заштита, на сигурност, на патриотизам и уште поголема желба за натпревар и докажување, да настапат онаму каде одат само најдобрите од Европа и Светот.
Но, ве молам немојте тоа да го препишувате на државата. Државата ја водат луѓе. Некогаш луѓе кои се интересираат за граѓаните, некогаш луѓе кои немаат никаква грижа на совест. Ве уверувам дека ова раководство во Министерството за образование и наука и воопшто на Владата, заедно со претседателката Сиљановска Давкова, ќе обезбедат повеќе и подобри можности за вас и за реализација на вашиот потенцијал тука, во Македонија. Работиме на нови законски измени за да имаме правен основ за поголема поддршка и повеќе пари“, додаде министерката Јаневска, информирајќи дека за прв пат во подготовка е Концепција за поддршка на талентирани ученици.
И претседателката Сиљановска Давкова упатувајќи честитки за постигнатите резултати, посочи на потребата за изнаоѓање на трајно системско решение за соодветна поддршка на нашите најуспешни и најталентирани ученици и нивните учества на меѓународни натпреварувања. Порача дека политиките, особено во областа на образованието, треба да бидат соодветни и сообразени со потребите и интересите на оние кои се највредни, оние кои се најперспективни.
Нема поголема обврска за оваа држава, и тоа постојано го повторувам, вистинските луѓе, најдобрите, да добијат највисока и најдобра поддршка, и гаранција која сум ја видела по светот, кога во гимназиските денови или на факултет се бомбардираа учениците и нивните ментори со понуди за интервјуа, за разговори, и од сите министерства им нудат ангажман, работно место, алумни систем, во постојан контакт сте. Мислам дека дојде времето и ние не смееме да си заминеме од нашите функции без да решиме или да ставиме еден камен во тој мозаик кој што ќе треба да ги реши проблемите на сите вас“, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Годинава 50тина македонски ученици учествуваа на врвни светски ученички натпреварувања, освојувајќи вкупно 16 медали - 4 златни, 2 сребрени и 10 бронзени.
]]>ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди
https://republika.mk/vesti/kultura/dpm-vo-ponedelnik-ke-gi-dodeli-traditsionalnite-godishni-nagradi/
Fri, 13 Sep 2024 07:37:26 +0000https://republika.mk/?p=815872
Друштвото на писатели на Македонија соопшти дека во понеделник ќе бидат доделени традиционалните годишни награди на ДПМ.
Во понеделник, во 11:00 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат прогласени добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023 година, чијшто конкурс минатата година беше одложен поради случувањата во Друштвото, односно долгата промена на раководството, се вели во најавата.
Од ДПМ претходно информираа дека за најдобро прозно дело во финалето се влезени романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски (издание на „Матица“), романот „Заборав“ на Томислав Османли (издание на „ВиГ Зеница“); и збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ (издание на „Или-или“).
За најдобра поетска збирка финалисти се „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“), „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“) и „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“).
За најдобра книга за деца и млади биле пријавени шест дела, а поради малиот број конкуренти, вториот круг бил воедно и финален круг и во него се влезени „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“), „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“) и „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“).
За наградата за најдобра книга критика и есеистика биле избрани пет дела, а поради изедначениот број бодови финалистите се четворица: „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски („Матица“), „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ (издание на „Полица“), „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат) и „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет).
Годинава, како што информираа од ДПМ нема да биде доделена наградата „Мост“ бидејќи на конкурсот се пријавиле две книги, а согласно Деловникот, потребни е да се пријават најмалку три дела за која било од наградите да биде конституирана жири-комисија и да биде избран победник.
]]>Друштвото на писатели на Македонија соопшти дека во понеделник ќе бидат доделени традиционалните годишни награди на ДПМ.

]]>„Агент на среќата“, „Баломанија“, „Алое, фикус, авокадо и шест драцени“ и „Кикс“ наградени на „МакеДокс“, посебно признание за „Молкот на разумот“
https://republika.mk/scena/film/agent-na-srekata-balomanija-aloe-fikus-avokado-i-shest-dratseni-i-kiks-nagradeni-na-makedoks-posebno-priznanie-za-molkot-na-razumot/
Fri, 23 Aug 2024 10:36:54 +0000https://republika.mk/?p=809405
Јубилејното 15. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ заврши на 22 август со објава и доделување на наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Наградата за најдобри етички идеи. На последната вечер се одржа и македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Патување пеш“ („The Walk“) на македонската режисерка Тамара Котевска, а по проекцијата се одржа уникатен концерт со музика од филмот во изведба на пијанистот и композитор Дуке Бојаџиев и неговиот ансамбл.
Комисијата за наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм беше во состав Кјара Либерти, Надја Тенштет и Владан Петковиќ. Наградата ја доби документарниот филм „Агент на среќата“ на Доротја Зурбо и Арун Бхатараи.
- Наградата „Кромид“ ја доделуваме на еден редок филм кој на возбудлив начин ги комбинира личното и политичкото предизвикувајќи моќни ефекти. Лесно се поврзуваме со главниот јунак благодарение на природата на неговата ситуација, и неговата особено допадлива личност која со љубов е прикажана на начин кој речиси потсетува на лик од фиктивен филм. Токму тоа е она што ја претвора навидум локалната приказна во универзална. Режисерите им посветуваат на страничните протагонисти неочекувано внимание кое изненадува позитивно и го проширува и продлабочува опсегот на филмот, откривајќи ја темната страна на оваа убаво снимена и паметно измонтирана филмска приказна – образложи жирито.
Посебно признание во оваа категорија доби филмот „Молкот на разумот“ на филмската авторка Кумјана Новакова.
- Решивме да дадеме посебно признание на филмот кој во никој случај не е послаб од главниот победник, но имаше фантастичен фестивалски тек со многу награди, а сега го слави своето импресивно фестивалско патување овде во Скопје. Исто така, моравме да споменеме едно толку моќно филмско дело со револуционерна употреба на архива, каде што недостатоците на снимката се претвораат во предности. Концептот и контекстот во кои филмот ја раскажува поразителната и неверојатно важна приказна се создадени низ прецизна и извонредна монтажа. Делумно како политичка и историска археологија, но и како истражување на длабоко лични рани, филмот им дава глас на жените кои претрпеле незамисливи ужаси – објасни жирито.
За наградата „Млад кромид“ од селекцијата „Нови автори“ одлучуваше комисијата во состав Маел Генег, Игор Анѓелков и Ваутер Јансен. Наградата ја доби „Баломанија“ на Сисел Морел Даргис.
- Решивме да наградиме филм кој ни дава увид во подземниот свет за кој досега не сме слушнале, а преку уникатниот пристап на режисерот ја добивме привилегијата да влеземе во животот на протагонистите. Портрет на тоа како обичните луѓе ја гледаат и ценат уметноста и ја слават радоста на животот со сите свои борби. Филмот одржува силен ритам и тек на раскажувањето, а наративот ве држи залепени за екранот, чекајќи да полета последниот џиновски балон – образложи жирито.
Жирито за наградата „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарен филм беше во состав Инеке Смитс, Иева Убеле и Мартина Дроанди, а наградата ја доби францускиот документарец „Диви“ на Леонор Мерсиер со образложение: „Овој филм прекрасно ја доловува суровоста на традицијата преку гледиштата и стравот на засегнатите. Приказната се развива чекор по чекор, преку добро изработени кинематографски средства, и по слика и по звук.“
За наградата „Кокарче“ за најдобар студентски документарен филм одлучуваше комисијата во состав Јустина Грачнер Ботоњиќ, Ива Росандиќ и Јована Ѓорѓиовска. Наградата ја доби „Алое, фикус, авокадо и шест драцени“ на Марта Смеречинска.
- Филмот на Марта Смеречинска ги кани гледачите да размислуваат што им се случува на материјалните нешта кои ги поседуваме, кога се селиме од точка А до точка Б. Нашето постоење е често кондензирано во кутии полни со вредни предмети, но овие материјални архиви подобро ќе ги разбереме преку нашите основни вредности и влијанието кое го имаме врз другите околу нас. Копањето низ нашите емоции низ времето е важно интроспективно искуство кое ни дозволува да се подумаме за постојаната промена низ која сите проаѓаме, без разлика на тоа каде се нашите корени – стои во образложението на жирито за наградата „Кокарче“.
Одлуката за Наградата за филм со најдобри етички идеи на 15. „МакеДокс“ ја донесе комисијата во состав Себастијан Кајзер, Драгомир Зупанц и Искра Гешоска.
- Жирито кое ја доделува Наградата за најдобри етички идеи го избра „Кикс“ на Давид Микулан и Балин Ревез како најдобар филм. Зошто? Бидејќи „Кикс“ е фантастичен филм во генералната филмска смисла. Почнува со анти-драматургија и стотици резови во првите минути, уловувајќи ја уличната атмосфера. Улицата е претставена преку начините на кои функционираат и реагираат мозокот и телото - со 100 асоцијации и спонтани чувства. Голем број на отпадници се наоѓаат во непосредното истражување на градот, како и главниот протагонист, кој е дете кое камерата го следи 12 години. Го избравме филмот во категоријата „најдобри етички идеи“ бидејќи овој документарец ги прикажува своите протагонисти без да морализира. Протагонистот Сањи одбива да биде надвладеан од каква било моќ и не му е гајле за ништо. Филмот ги следи него и неговото семејство, прикажувајќи ја неговата убавина, сила, сомнежи и љубов. Како публика, јасно ни е дека се соочуваме со најниското ниво на прекаријат. Но филмот никогаш не го осудува тоа. Го гледаме човечкиот сон на детето, неговите надежи и борбата, кои се отворени како нашите животи. Може, но не мора, да заврши како целосна катастрофа или со криминал. Силата и моралната вредност на филмот ги вклучуваат протагонситите директно во светот во кој живееме и за кој имаме одговорност. И тоа е она што ги прави тие луѓе видливи и ги придобива назад во нашата имагинација, како луѓе кои испаднале од доминантните структури на моќ – образложи жирито.
Во рамки на индустрискиот сегмент МакеКоПроДокс форум на 15. „МакеДокс“ награди добија пет проекти во развој. Проектот „Where I end and You begin“ ја доби наградата на „ДоксБарселона“, „Colors in my eye“ доби награда од „ДОК.фест Минхен“, „Breath under the sun“ освои награда од ФИПАДОЦ, проектот „Florence“ доби награда од Документарната асоцијација на Европа (ДАЕ), а „Moving Sisters“ доби награда од „Dysflims“. Насловите на проектите се на англиски јазик бидејќи тоа беше работен јазик на МакеКоПроДокс форумот.
Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ со мото „Копање емоции низ времето“ се одржа од 15 до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. На фестивалот беа прикажани 92 документарни остварувања и присуствуваа над 100 гости – филмски автори, продуценти, студенти и професионалци од светот на документарниот филм.

]]>Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“
https://republika.mk/vesti/kultura/portreti-na-dobitnitsite-na-nagradite-mostovi-na-struga-braka-miladinovtsi-i-mlada-struga/
Fri, 23 Aug 2024 07:18:39 +0000https://republika.mk/?p=809263
Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“.
Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци" за 2023 година и на Антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“.
Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид.
Манифестацијата почна вчера со традиционалното садење дрво на добитникот на „Златен венец“ истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон во Паркот на поезијата. Официјално синоќа ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Покрај ресорниот министер на свеченото отворање присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.
]]>Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“.
Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци" за 2023 година и на Антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“.
Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид.
Манифестацијата почна вчера со традиционалното садење дрво на добитникот на „Златен венец“ истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон во Паркот на поезијата. Официјално синоќа ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Покрај ресорниот министер на свеченото отворање присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.
]]>Вечерва доделување на наградите на „МакеДокс“: 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет одлучуваат за наградите
https://republika.mk/scena/film/vecherva-dodeluvane-na-nagradite-na-makedoks-15-internatsionalni-profesionaltsi-od-dokumentarniot-filmski-svet-odluchuvaat-za-nagradite/
Thu, 22 Aug 2024 08:03:02 +0000https://republika.mk/?p=808810
Филмската програма на 15. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци.
На фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.
Комисијата за наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм е во состав Кјара Либерти, Надја Тенштет и Владан Петковиќ. Кјара Либерти работи како консултантка за дистрибуција и опфат на документарните филмови, а од 2022 година е коуметничка директорка на фестивалот „Биографилм“ во Болоња. Надја Тенштет е директорка на „ДОК индустри“ на „ДОК Лајпциг“. Работела во областите маркетинг, продажба и набавки во американските дистрибутерски компании „Цајтгајст филмс“ и „Мајлстон филмс“. По враќањето во Европа во 2011 година, работела за меѓународни филмски фестивали и пазари, како што се Филмскиот фестивал во Локарно и Европскиот филмски пазар (ЕФМ) на „Берлинале“. Владан Петковиќ е новинар, филмски критичар и фестивалски програмски уредник. Тој е новинар сениор во „Синеуропа“, дописник за териториите на поранешна Југославија во „Скрин интернешнл“, еден од уредниците на веб-страницата на Меѓународниот фестивал на документарни филмови – Амстердам (ИДФА) и тамошен програмски советник за кратки филмови.
За наградата „Млад кромид“ од селекцијата „Нови автори“ одлучува комисијата во состав Маел Генег, Игор Анѓелков и Ваутер Јансен. По работењето на разни филмски фестивали, Маел Генег започнува да работи во областа на меѓународната филмска дистрибуција, најпрво со „Поан ду жур“ и „Док и Ко“. Игор Анѓелков (1974) со медиско третирање на филмската уметност активно се занимава од 90-тите години на минатиот век преку рецензии во различни дневни, неделни и месечни весници, а потоа и како автор на филмската радиоемисија „Редрум“ на „Канал 103“, а веројатно најпрепознатлив е по филмскиот магазин „Филмополис“ на ТВ Телма. Бил член на жиријата на неколку домашни фестивали, а од 2019 година започнува и неговата активност како член на најстарото здружение на филмски критичари во светот, ФИПРЕСЦИ. Ваутер Јансен е основач на продажната компанија „Сквер ајс“, која претставува смели и авторски внимателно развиени долги и кратки филмови и која заедно со самите филмаџии развива стратегии за фестивалска дистрибуција и продажба на нивните филмови.
Жирито за наградата „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарец е во состав Инеке Смитс, Иева Убеле и Мартина Дроанди. По дипломирањето фотографија и визуелна уметност, Инеке студира филмска режија и пишување сценарио на Националната школа за филм и телевизија во Англија, каде што и магистрира во 1994 година. Инеке е обучувачка и предавачка, која работи и како советник во разни фондови и организации. Живее и работи во Холандија и во Грузија, како продуцентка во компанијата за филмска продукција „Нуши филмс“ со седиште во Тбилиси. Иева Убеле има широко портфолио кое опфаќа продукција на документарни филмови со фокус на социјални и еколошки прашања. Од 2019 година, таа ја води својата продукциска куќа „Балтик балкан продакшнс“, посветена на продукција и копродукција на филмови со моќни лични наративи и општествени прашања. Мартина Дроанди е агентка за продажба на документарни филмови и ја основа „ДисФлимс“ (DysFlims), продажна компанија специјализирана за дистрибуција на документарни филмови. Магистрирала режија на документарен филм („ДокНомадс“) и дипломирала социјална антропологија и музика.
За наградата „Кокарче“ за најдобар студентски документарен филм одлучува комисијата во состав Јустина Грачнер Ботоњиќ, Ива Росандиќ и Јована Ѓорѓиовска. Јустина Грачнер Ботоњиќ веќе 13 години предава ТВ-продукција во Средното училиште за мултимедија и графичка технологија во Љубљана, а во последниве две години предава и аудиопродукција. Ива Росандиќ работи на неколку проекти во областа на културата, со фокус на филмската критика и филмската анализа. Во својата работа особено се интересира за националната и регионалната документарна сцена. Јована Ѓорѓиовска е критичарка, основачка и координаторка на „Гледај.мк“ – платформа за филмска и театарска критика основана во 2018 година, чиј главен фокус е развој на критичката мисла во областа на културата.
Наградата за филм со најдобри етички идеи на 15. „МакеДокс“ ќе ја објави комисијата во состав Себастијан Кајзер, Драгомир Зупанц и Искра Гешоска. Себастијан Кајзер е роден во источен Берлин и студирал култура и театар во Берлин, Лајпциг и Москва. Од 2008 до 2017 година бил драматург во Народниот театар во Берлин. Ги иницирал серијата разговори за иднината на Европа со Славој Жижек, Јанис Варуфакис, Едвард Сноуден, Жулијан Асанж и други. Драгомир Зупанц е роден во 1946 година во Љубљана. Во 1971 година дипломира ТВ и филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Бил уредник на забавно-рекреативната програма на ТВ Црна Гора (1985 – 1990) и главен режисер на Радиотелевизија Србија од 1996 до 2010 година. Неговото работно искуство опфаќа реализација на бројни телевизиски програми и филмови, документарни филмови, како и многу ДВД и ВХС-изданија. Искра Гешоска е основачка и претседателка на Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики. Уште од 1994 година е активна во градењето и зародишот на независниот културен сектор и современите самоорганизациски формати на дејствување во социо-културниот простор. Во 2016 година го основа КРИК – Фестивал за критичка култура и е извршна уредничка на програмата. Беше директорка на независниот културен центар „Точка“ од неговото формирање, па сѐ до неговото затворање (2002 – 2010), како и уредничка во издавачката куќа „Темплум“ и во списанието „Маргина“ во периодот од 1998 до 2008 година. До сега има објавено над 100 есеи, стручни трудови во сферата на критичката теорија, изведувачките уметности, визуелните уметности и културните политики. Во периодот од 2019 до 2024 беше надворешна соработничка и советничка за прашања од областа на културата на тогашниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски.
Наградите на 15. „МакеДокс“ ќе бидат објавени и врачени на последната вечер, на 22 август, во 20 часот, во Куршумли ан.
]]>Филмската програма на 15. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци.

]]>ДПМ ги објави полуфиналистите за годишните награди за 2023 година
https://republika.mk/vesti/kultura/dpm-gi-objavi-polufinalistite-za-godishnite-nagradi-za-2023-godina/
Tue, 20 Aug 2024 07:16:39 +0000https://republika.mk/?p=808109
За годишните награди на ДПМ за 2023 година, се пријавија вкупно 35 дела. Во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до ДПМ доставува бодовник, со кој поддржува пет наслови, со 5, 4, 3, 2 и 1 бод. На крај, верификациска комисија од Управниот одбор на ДПМ го пресметува збирот на бодови.
ДПМ објави дека за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело се пријавија четиринаесет дела, а во полуфиналниот круг влегуваат следниве седум наслови:
1. „Не кажувам“, роман од Петар Андоновски („Полица“)
2. „Мина“, роман од Игор Анѓелков („Или-или“)
3. „Во трка за животот“, роман од Петре Димовски („Дијалог“)
4. „Ако се родат некакви чувства“, роман од Блаже Миневски („Матица“)
5. „Заборав“, роман од Томислав Османли („ВиГ Зеница“)
6. „Сè уште можам нешто да сторам“, роман од Фросина Пармаковска („Или-или“)
7. „Вонземјанки“, збирка раскази од Влада Урошевиќ („Или-или“).
За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра книга поезија беа пријавени седум дела, а во полуфиналниот круг, поради израмнет број бодови кај некои од конкурентите, влегуваат следниве шест наслови:
1. „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“)
2. „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски (самиздат)
3. „Умоверзум“ од Фима Клетникова („Макавеј“)
4. „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“)
5. „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“)
6. „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ („Караманови средби“).
За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади беа пријавени шест дела. Поради малиот број конкуренти, тука вториот круг е воедно и финален, а во него влегуваат следниве три наслови:
1. „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“)
2. „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“)
3. „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“).
За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика беа пријавени осум дела. Во вториот, полуфинален круг, влегуваат следниве пет наслови:
1. „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски („Матица“)
2. „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ („Полица“)
3. „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајковски („Прозарт“)
4. „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат)
5. „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет).
Засега се познати финалистите само за наградата „Ванчо Николески“. Финалистите за трите други награди се планира да бидат објавени на 10 септември, по вториот круг гласање на жири-комисиите.
Во однос на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во Македонија, рокот за достава на книги и на преводи до ДПМ е продолжен до 1 септември (недела).
Свеченото доделување на годишните награди на ДПМ за 2023 година, кои се доделуваат вонредно и надвор од вообичаената динамика, ќе се одржи на 18 септември (среда) 2024 г. во главната сала на ДПМ.
]]>За годишните награди на ДПМ за 2023 година, се пријавија вкупно 35 дела. Во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до ДПМ доставува бодовник, со кој поддржува пет наслови, со 5, 4, 3, 2 и 1 бод. На крај, верификациска комисија од Управниот одбор на ДПМ го пресметува збирот на бодови.
ДПМ објави дека за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело се пријавија четиринаесет дела, а во полуфиналниот круг влегуваат следниве седум наслови:
1. „Не кажувам“, роман од Петар Андоновски („Полица“)
2. „Мина“, роман од Игор Анѓелков („Или-или“)
3. „Во трка за животот“, роман од Петре Димовски („Дијалог“)
4. „Ако се родат некакви чувства“, роман од Блаже Миневски („Матица“)
5. „Заборав“, роман од Томислав Османли („ВиГ Зеница“)
6. „Сè уште можам нешто да сторам“, роман од Фросина Пармаковска („Или-или“)
7. „Вонземјанки“, збирка раскази од Влада Урошевиќ („Или-или“).
За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра книга поезија беа пријавени седум дела, а во полуфиналниот круг, поради израмнет број бодови кај некои од конкурентите, влегуваат следниве шест наслови:
1. „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“)
2. „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски (самиздат)
3. „Умоверзум“ од Фима Клетникова („Макавеј“)
4. „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“)
5. „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“)
6. „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ („Караманови средби“).
За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади беа пријавени шест дела. Поради малиот број конкуренти, тука вториот круг е воедно и финален, а во него влегуваат следниве три наслови:
1. „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“)
2. „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“)
3. „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“).
За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика беа пријавени осум дела. Во вториот, полуфинален круг, влегуваат следниве пет наслови:
1. „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски („Матица“)
2. „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ („Полица“)
3. „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајковски („Прозарт“)
4. „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат)
5. „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет).
Засега се познати финалистите само за наградата „Ванчо Николески“. Финалистите за трите други награди се планира да бидат објавени на 10 септември, по вториот круг гласање на жири-комисиите.
Во однос на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во Македонија, рокот за достава на книги и на преводи до ДПМ е продолжен до 1 септември (недела).
Свеченото доделување на годишните награди на ДПМ за 2023 година, кои се доделуваат вонредно и надвор од вообичаената динамика, ќе се одржи на 18 септември (среда) 2024 г. во главната сала на ДПМ.
]]>Доделени наградите на „Флипбук филм фестивал 2024“
https://republika.mk/scena/film/dodeleni-nagradite-na-flipbuk-film-festival-2024/
Tue, 13 Aug 2024 10:32:19 +0000https://republika.mk/?p=806100
На петтото издание на „Флипбук Филм Фестивал“ кој се одржa од 8 до 11 август годинава во Кинотеката на Македонија беа прикажани близу 100 филмови во главната, студентската, селекцијата на анимиран докуметарец, на анимирани музички видеа и европската панорама.
Жирито на главната и селекцијата на анимиран документарен филм во состав Никица Гилиќ од Хрватска, Андријана Ружиќ од Србија и Влатко Галевски од Македонија, ги наградија следните филмови: наградата за најдобар филм во главната селекција е за филмот „Три птици“ на словенечката режисерка Зарја Менарт, а специјално признание доби филмот „Фустан за финале“ на хрватската режисерка Мартина Мештровиќ.
Во селекцијата на анимирани документарци главната награда ја доби „Дали е сега време да те оставам“ на тајванката Ји Чин Цаи, а специјалното признание го доби португалскиот филм „Перцебес“ на Александра Рамирез и Лаура Гончалвес. Жирито на студентските филмови и анимираните музички спотови во состав Гала Фрекон од Франција, Ана Опачиќ од Хрватска и Никола Радуловиќ од Македонија, наградата за најдобар студентски филм му ја додели на грузискиот „Румените образи на Маро“ на Маријам Жорданија, а двете специјални признанија отидоа кај „Адама“ на Дан Макс Ницан Мејер и „Закачена на илузии“ на Лаура Изабел Шнајдер.
Наградата за најдобар анимиран музички спот ја доби „Добидник’ на Капусин Гугле и Капусин Мулер, а специјалните признанија ги добија „Чао бела“ на македонскиот автор Александар Ристески и „Кучето Даги“ на Џереми Булар и Пол Буржоа. Наградата за најдобар филм со еколошка порака која секоја година ја доделува организацијата Еко свест, ја доби филмот „Чекање“ на Вокер Шлехт.
]]>На петтото издание на „Флипбук Филм Фестивал“ кој се одржa од 8 до 11 август годинава во Кинотеката на Македонија беа прикажани близу 100 филмови во главната, студентската, селекцијата на анимиран докуметарец, на анимирани музички видеа и европската панорама.
Жирито на главната и селекцијата на анимиран документарен филм во состав Никица Гилиќ од Хрватска, Андријана Ружиќ од Србија и Влатко Галевски од Македонија, ги наградија следните филмови: наградата за најдобар филм во главната селекција е за филмот „Три птици“ на словенечката режисерка Зарја Менарт, а специјално признание доби филмот „Фустан за финале“ на хрватската режисерка Мартина Мештровиќ.
Во селекцијата на анимирани документарци главната награда ја доби „Дали е сега време да те оставам“ на тајванката Ји Чин Цаи, а специјалното признание го доби португалскиот филм „Перцебес“ на Александра Рамирез и Лаура Гончалвес. Жирито на студентските филмови и анимираните музички спотови во состав Гала Фрекон од Франција, Ана Опачиќ од Хрватска и Никола Радуловиќ од Македонија, наградата за најдобар студентски филм му ја додели на грузискиот „Румените образи на Маро“ на Маријам Жорданија, а двете специјални признанија отидоа кај „Адама“ на Дан Макс Ницан Мејер и „Закачена на илузии“ на Лаура Изабел Шнајдер.
Наградата за најдобар анимиран музички спот ја доби „Добидник’ на Капусин Гугле и Капусин Мулер, а специјалните признанија ги добија „Чао бела“ на македонскиот автор Александар Ристески и „Кучето Даги“ на Џереми Булар и Пол Буржоа. Наградата за најдобар филм со еколошка порака која секоја година ја доделува организацијата Еко свест, ја доби филмот „Чекање“ на Вокер Шлехт.
]]>Битолскиот книжевен круг на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“ ги додели наградите за поезија, проза, превод…
https://republika.mk/vesti/kultura/bitolskiot-knizheven-krug-na-manifestatsijata-bitolski-knizhevni-pametena-gi-dodeli-nagradite-za-poezija-proza-prevod/
Mon, 12 Aug 2024 11:45:01 +0000https://republika.mk/?p=805825
На XIII меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“, Битолскиот книжевен круг ја одржа својата средба за 2024 година и беа доделени и неколку награди.
Наградата „Книжевен круг“ за поезија на Виолета Танчева-Златева.
Наградата „Книжевен круг“ за критика и книжевна историја на д-р. Маријан Патлиџанковски.
Наградата „Книжевен круг“ за проза на Михајло Свидерски.
Наградата „Лингва“ за книжевен превод и афирмација на македонската и странската книжевност на Весна Мундишевска-Велјановска.
Наградата „Лингва“ за книжевен превод и афирмација на македонската и странската книжевност на Даниела Андоновска-Трајковска.
Наградата „Мозаик“ за странски автор на Никола Шимиќ-Тонин.
Наградата „Поетски исчекор“ на поетесата Елизабета К. Питулкова.
]]>На XIII меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“, Битолскиот книжевен круг ја одржа својата средба за 2024 година и беа доделени и неколку награди.
Наградата „Книжевен круг“ за поезија на Виолета Танчева-Златева.
Наградата „Книжевен круг“ за критика и книжевна историја на д-р. Маријан Патлиџанковски.
Наградата „Книжевен круг“ за проза на Михајло Свидерски.
Наградата „Лингва“ за книжевен превод и афирмација на македонската и странската книжевност на Весна Мундишевска-Велјановска.
Наградата „Лингва“ за книжевен превод и афирмација на македонската и странската книжевност на Даниела Андоновска-Трајковска.
Наградата „Мозаик“ за странски автор на Никола Шимиќ-Тонин.
Наградата „Поетски исчекор“ на поетесата Елизабета К. Питулкова.
Наградите ги додели доц. д-р Зоран Пејковски.
]]>Гран При за грчката дистописка драма „Тишина 6-9“, на режисерот Христос Пасалис на фестивалот „Преку езерото“
https://republika.mk/scena/film/gran-pri-za-grchkata-distopiska-drama-tishina-6-9-na-rezhiserot-hristos-pasalis-na-festivalot-preku-ezeroto/
Mon, 12 Aug 2024 09:05:25 +0000https://republika.mk/?p=805747
Вчера, во 20 часот во Дојран со доделување на наградите свечено беше затворено третото издание на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“.
Меѓународното жири составено од: Електра Венаки од Грција, Предраг Пеџа Милојевиќ од Србија и лауреатот на овогодинешниот фестивал на „Наградата Мето Јовановски“, актерот Владо Јовановски, решија Гран При за најдобар медитерански и балкански филм да ја добие грчката дистописка драма „Тишина 6-9“, на режисерот Христос Пасалис.
Филмот припаѓа на новиот грчки таканаречен чуден филмски бран, предводен од светската кинематографска ѕвезда Јоргос Лантимос.
Наградата за најдобар краток филм ја доби овогодинешниот кански победник „Човекот кој не знаеше да молчи“, на Небојша Слепчевиќ кој ни раскажува кратка потресна пост-воена драма.
За најдобар режисер на медитеранот наградата беше доделена ex aequo (подеднакво) на Александра Лазаровски од Србија, за краткиот филм „Ѕвездена“, социјална драма за две девојчиња во Белград кои останале без татко, и на режисерот Ѓорче Ставревски од Македонија за неговаиот краток филм „Дали си маж“, во кој едно дете во Скопје без татко за прв пат е ставено на тест на „храброста“.
Специјално признание од фестивалското жири беше доделено на филмот „И покрај тоа што е ноќ“, на режисерот Гилермо Гарсија Лопез од Франција.
Оваа година за прв пат беше формирано и студентско жири, со цел да се даде потполна антиципација на студентите по филм и телевизија. Тие, сосема спротивно на големото жири, одлучија дека најдобра медитеранска приказна е политичката драма „Руски Конзул“ на Мирослав Лекиќ од Србија, која се одвива во 70тите години на минатиот век во поранешна Југославија.
Исто така, студентите имаа извонредна и единствена можност, за прв пат во Македонија, на еден фестивал да ги претстават своите најдобри приказни и да добијат грант за реализација на нивните дипломски филмови. Па така, грантови беа доделени на четири краткометражни филмови кои ќе се реализираат во следните дванаесет месеци, а македонска премиера ќе доживеат на следното, четврто издание на „Преку Езерото“.
Оваа година, исто така за прв пат беше организирана работилница за деца и млади кои активно се запознаваа со проблемот на филмската писменост и стекнаа основни познавања за филмскиот јазик.
]]>Вчера, во 20 часот во Дојран со доделување на наградите свечено беше затворено третото издание на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“.

]]>„Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески доби две награди на фестивал во Сицилија
https://republika.mk/scena/film/dali-si-mazh-na-gorche-stavreski-dobi-dve-nagradi-na-festival-vo-sitsilija/
Fri, 09 Aug 2024 07:25:00 +0000https://republika.mk/?p=804803
На Филмскиот фестивал „Парадизо“ што се одржува во Сицилија, Италија, краткометражниот филм „Дали си маж“ на режисерот Ѓорче Ставрески доби две награди. „Дали си маж“ доби награда за најдобро сценарио и најдобар филм со социјална тема.
Мајсторски режиран, овој филм раскажува убава приказна со сцена која ја пречекавме со ентузијазам. За неверојатната способност да синтетизирате игран филм за неколку минути. Заплетот на филмот започнува убаво да кажува хипермашки поглед без да ви биде досадно, всушност, исто така не прави горчливо да се смееме благодарение на ликовите и дијалозите напишани без извртување зборови, Сценариото функционира во сите делови, вклучително и подзаплетот на формирањето на младиот протагонист и иконскиот крај со трансродовата личност. Филмот ве возбудува и ве тера да размислувате благодарение на комплексната структура која го прицврстува едноставен и брилијантен“, истакна жири комисијата на Фестивалот, пренесува Ставрески.
]]>На Филмскиот фестивал „Парадизо“ што се одржува во Сицилија, Италија, краткометражниот филм „Дали си маж“ на режисерот Ѓорче Ставрески доби две награди. „Дали си маж“ доби награда за најдобро сценарио и најдобар филм со социјална тема.
Мајсторски режиран, овој филм раскажува убава приказна со сцена која ја пречекавме со ентузијазам. За неверојатната способност да синтетизирате игран филм за неколку минути. Заплетот на филмот започнува убаво да кажува хипермашки поглед без да ви биде досадно, всушност, исто така не прави горчливо да се смееме благодарение на ликовите и дијалозите напишани без извртување зборови, Сценариото функционира во сите делови, вклучително и подзаплетот на формирањето на младиот протагонист и иконскиот крај со трансродовата личност. Филмот ве возбудува и ве тера да размислувате благодарение на комплексната структура која го прицврстува едноставен и брилијантен“, истакна жири комисијата на Фестивалот, пренесува Ставрески.
]]>Гран при за Португалија на 13.Битолино
https://republika.mk/vesti/kultura/gran-pri-za-portugalija-na-13-bitolino/
Thu, 08 Aug 2024 18:11:53 +0000https://republika.mk/?p=804704
Со претставите „2-квадратни метри“ од Унгарија и „Воздух“ од Словачка заврши тринаесеттото издание на ИДТФ „Битолино“. Битолската публика уживаше во претставите дел од годинешното издание на фестивалот кое оваа година се одвиваше под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“.
Гран-при наградата отиде за претставата „Големото езеро“ од Португалија во продукција на Imaginar do Gigante.
Стручното жири беше во состав, претседател Милан Пајиќ, дипломиран актер од Србија, режисерите Драгана Милошевски-Попова и Благојче Божиновски.
„Претставата ги содржи сите елементи и ги исполнува сите критериуму на современиот театар за деца. Уникатно возбудлива, разиграна, со комбинација на театар на сенки и објекти но и драматургија која испраќа силна порака, важна и суштинска, која нѐ опоменува и нѐ потсетува на одговорноста која ја имаме преку интеракција и совршена комуникација со публиката. Жирито одлуката ја донесе едногласно“, истакна во образложението, претседателот на жири комисијата Пајиќ.
Претставата од Португалија на публиката и понуди една фантастична визуелизација на многу актуелна тема. На Северниот Пол, боите се здружуваат на небото формирајќи огромно бело ќебе. Мајката мечка и нејзиното малечко си играат и долго нуркаат во замрзнатото море. Потоа ги сушат алиштата на студот и одат дома да направат вечера. Но, со секој изминат ден градовите стигнуваат се поблиску и ги одмрзнуваат домовите. Мајката мечка и нејзиното младенче си заминуваат. Каде? Тоа е она што ќе го дознаеме. Глобалното затоплување и загадувањето на морето станаа еден од најголемите проблеми на Земјата. Врз основа на приказната за семејство на поларни мечки, португалскиот театар на публиката ќе му претстави едно уметничко дело за животната средина, со манипулација со предмети, кукли и проектирани сенки.
Imaginar do Gigante е креативна структура која обезбедува услуги од областа на уметноста и културата. Изведувачките уметности, современи дела за деца и издаваштво на книги за читање се главните области на активност на овој театар. Нивната примарна работа е да истражуваат нови креативни процеси, од текстови до нови слики, во областа на театарската естетика за деца. Креативците во овој театар веруваат во детската уметничка лабораторија и во потрагата по уметничка естетика која може да се осврне на основите на слободата, на нашето најголемо богатство имагинација. Проучувањето на новите естетски, еколошки и технолошки модалитети, хибридни и извонредни, можат да го трансформираат она што го нарекуваме дете на иднината. Тимот во овој проект работеше со деца на различни локации во Португалија, Сао Томе и Принсипе, Мали, Гвинеја-Бисао, Мозамбик и други земји. Со својата работа придонесуваат за подобрување на уметничкото образование и системот за обука за театар, како и зближување на децата од современите изведувачки уметности. Amaginar do Gigante е поддржан од Генералниот директорат за уметности, член на мрежата Descampado Artis tas Associados и член на ASSITEJ.
Оваа година за време на Фестивалот во Битола се одржуваше и театарската работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски, со што Битолино ја продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто.
Фестивалот се одржуваше на сцените на НУ. Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција, беа на сцената на НУ. Народен театар Битола. ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот повторно беше проект од национален интерес во културата за 2024 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2024 и составен дел од програмата на Битфест 2024.
]]>Со претставите „2-квадратни метри“ од Унгарија и „Воздух“ од Словачка заврши тринаесеттото издание на ИДТФ „Битолино“. Битолската публика уживаше во претставите дел од годинешното издание на фестивалот кое оваа година се одвиваше под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“.

]]>„Нечуени работи“ на Рамазан Килич, од Турција ја доби наградата за најдобар филм на Галичник Филм Фестивал
https://republika.mk/scena/film/nechueni-raboti-na-ramazan-kilich-od-turtsija-ja-dobi-nagradata-za-najdobar-film-na-galichnik-film-festival/
Tue, 06 Aug 2024 11:12:09 +0000https://republika.mk/?p=803871
„Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич, од Турција ја доби Гранд-При наградата за најдобар филм на Галичник Филм Фестивал.
Жири Комисијата, составена од Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов, Жан Дакар, едногласно ја донесе следната одлуката специјалнaта награда за најдобра актерска двојка да ја додели на актерите, Ерик К. Булијана и Флоренс Блејн Мбаје, од филмот „Правење бебиња“, во режија на Ерик К. Булијана од Канада.
Специјалнa Награда за млад актер е доделена на актерот, Гордон Рокс, од филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединети Американски Држави. Најдобра кинематографија за Себастијан Вебер, од филмот „Нечуени работи“, во режија на Рамазан Килич, од Турција, а најдобро сценарио за Рејчел Волден од филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединети Американски Држави.
Наградата за најдобра режија ја доби Ерик К. Булијана од филмот „Правење бебиња“ од Канада, а за најдобар актер е прогласен Ксавиер Ривард-Дези, од филмот „Кралеви“ во режија на Оливие Коте од Канада, додека пак најдобра актерка е Улијана Золкина, од филмот „Лето со боровинки“ во режија на Маша Кондакова од Украина.
Најдобар анимиран филм е филмот „Рак во базенот“ во режија на Александра Миот и Жан Себастиен Хамел од Канада, најдобар документарен филм „1001 ноќ“ во режија на Реа Рајчиќ од Хрватска, додека наградата за најдобар игран филм ја понесе „Кратко патување“ на Ереник Беќири од Албанија.
]]>„Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич, од Турција ја доби Гранд-При наградата за најдобар филм на Галичник Филм Фестивал.

]]>Гран при на ,,Астерфест” за филмот ,,Љубовни маки” од Данска
https://republika.mk/scena/film/gran-pri-na-asterfest-za-filmot-lubovni-maki-od-danska/
Tue, 06 Aug 2024 08:42:16 +0000https://republika.mk/?p=803792
Гран при за најдобар краток филм на 19. „Астерфест” го доби филмот „Љубовни маки” на Александер Саул, ММ продукции од Данска. Оваа одлука ја донесоа членовите на фестивалското жири во состав Зејгам Азизов од Велика Британија, Ганимет Сава од Косово и Никола Пијанманов од Македонија.
Жирито „Златната потковица“ ја додели на краткиот анимиран филм „Гилгамеш“ на Шаќир Весели (Албанија). „Сребрената потковица“ ја доби краткиот игран филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова (Македонија), а Бронзената потковица за „Фортисимо“ на Виктор Цеска (Франција). Наградата за најдобар режисер „Ацо Алексов“ ја доби Небојша Слијепчевиќ за краткиот игран филм „Човекот кој не можеше да молчи” (Хрватска), а наградата за најдобро сценарио „Ѓорѓи Абаџиев“ ја доби краткиот анимиран филм „Споменик“ на Сиџјиа Џенг и Џјашји Ву (САД). Специјални признанија од жирито добија и краткиот документарен филм „За живеењето“ на Сезер Салихи (Македонија) и краткиот анимиран филм „Мигови“ на Катја Фридрих (Германија).
Вечерва во 20:30 часот во Амфитеатарот астерфестовската публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ во чест на лауреатот Антонио Митрикески, како и кратките филмови „Со кренати раце“ на Митко Панов и „Лифт горе, лифт долу“ во режија на Душан Наумовски.
На последната фестивалска вечер беа прикажани наградените кратки филмови, како и култниот филм „Црно семе“, во знак на пет годишнината од смртта на Кирил Ценевски.
]]>Гран при за најдобар краток филм на 19. „Астерфест” го доби филмот „Љубовни маки” на Александер Саул, ММ продукции од Данска. Оваа одлука ја донесоа членовите на фестивалското жири во состав Зејгам Азизов од Велика Британија, Ганимет Сава од Косово и Никола Пијанманов од Македонија.
Жирито „Златната потковица“ ја додели на краткиот анимиран филм „Гилгамеш“ на Шаќир Весели (Албанија). „Сребрената потковица“ ја доби краткиот игран филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова (Македонија), а Бронзената потковица за „Фортисимо“ на Виктор Цеска (Франција). Наградата за најдобар режисер „Ацо Алексов“ ја доби Небојша Слијепчевиќ за краткиот игран филм „Човекот кој не можеше да молчи” (Хрватска), а наградата за најдобро сценарио „Ѓорѓи Абаџиев“ ја доби краткиот анимиран филм „Споменик“ на Сиџјиа Џенг и Џјашји Ву (САД). Специјални признанија од жирито добија и краткиот документарен филм „За живеењето“ на Сезер Салихи (Македонија) и краткиот анимиран филм „Мигови“ на Катја Фридрих (Германија).
Вечерва во 20:30 часот во Амфитеатарот астерфестовската публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ во чест на лауреатот Антонио Митрикески, како и кратките филмови „Со кренати раце“ на Митко Панов и „Лифт горе, лифт долу“ во режија на Душан Наумовски.
На последната фестивалска вечер беа прикажани наградените кратки филмови, како и култниот филм „Црно семе“, во знак на пет годишнината од смртта на Кирил Ценевски.
]]>На конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година пријавени вкупно 35 дела
https://republika.mk/vesti/kultura/na-konkursot-za-godishni-nagradi-na-dpm-za-2023-godina-prijaveni-vkupno-35-dela/
Sat, 13 Jul 2024 09:04:38 +0000https://republika.mk/?p=796315
На конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година пријавени се вкупно 35 дела
За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во 2023 г. пријавени се 14 дела:
• „Ѕиркачи“ (кратки прози) од Даниела Андоновска-Трајковска, издание на „Ми-Ан“
• „Не кажувам“ (роман) од Петар Андоновски, издание на „Полица“
• „Мина“ (роман) од Игор Анѓелков, издание на „Или-или“
• „Параглајдери меѓу гулабите“ (роман) од Јован Дамјановски, издание на „Дијалог“
• „Единствен матичен број“ (роман) од Лидија Димковска, издание на „Три“
• „Во трка за животот“ (роман) од Петре Димовски, издание на „Дијалог“
• „Увозникот на бели ноќи“ (повест) од Трајче Кацаров, издание на „Матица“
• „Ако се родат некакви чувства“ (роман) од Блаже Миневски, издание на „Матица“
• „Заборав“ (роман) од Томислав Османли, издание на „ВиГ Зеница“
• „Сè уште можам нешто да сторам“ (роман) од Фросина Пармаковска, издание на „Или-или“
• „Полиглот“ (роман) од Игор Станојоски, издание на „Муза“
• „Топлица“ (роман) од Добре Тодоровски, самиздат
• „Вонземјанки“ (раскази) од Влада Урошевиќ, издание на „Или-или“
• „Туѓинци и браќа“ (роман) од Ивица Челиковиќ, издание на „Паблишер“
За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија во 2023 г. пријавени се 7 дела:
• „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, издание на „Арс ламина“
• „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски, самиздат
• „Умоверзум“ од Фима Клетникова, издание на „Макавеј“
• „Други далечини“ од Сашо Огненовски, издание на „ПНВ публикации“
• „За сите времиња“ од Братислав Ташковски, издание на „ПНВ публикации“
• „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова, издание на „Арс ламина“
• „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ, издание на „Караманови средби“
За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади пријавени се 6 дела:
• „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова, издание на „Едука Мак“
• „Луѓето и змејовите“ од Владо Јаневски, издание на „Арс ламина“
• „Палавковците Влатко и Емче“ од Владо Јаневски, издание на „Стрип квадрат“.
• „Бајки на нишалки“ од Ели Маказлиева, издание на „Едука Мак“
• „Рокчето“ од Никола Маџиров, издание на „Арс ламина“
• „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска, издание на „Чудна шума“
За наградата „Димитар Митрев“ на најдобра книга критика и есеистика пријавени се 8 дела:
• „Од онаа страна на небиднината“ од Иван Антоновски, издание на „Дијалог“
• „Просто и строго - Конески“ од Иван Антоновски, издание на „Матица“
• „Вертикали на македонската книжевност“ од Љубинка Донева, издание на „Восток“
• „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, издание на „Полица“
• „Аспекти на македонскиот книжевен хронотоп“ од Мирјана Стојановска, издание на Битолски книжевен круг
• „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајкоски, издание на „Прозарт“
• „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски, самиздат
• „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски, издание на Филозовски факултет
Имајќи ја предвид потребата дел од делото да биде преведен на македонски јазик, УО го продолжи, до крајот на месец јули 2024, рокот за достава на пријави за наградата „Мост“, која се доделува за дела напишани и објавени или двојазично, или на некој од јазиците на националностите.
]]>На конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година пријавени се вкупно 35 дела

]]>Да живее поезијата!- во присуство на Геро Ла Векија, организатор на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ доделени наградите „Антево слово“
https://republika.mk/vesti/kultura/da-zhivee-poezijata-vo-prisustvo-na-gero-la-vekija-organizator-na-manifestatsijata-andhelo-la-vekija-dodeleni-nagradite-antevo-slovo/
Thu, 11 Jul 2024 08:43:28 +0000https://republika.mk/?p=795675
Во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров се одржа седмото издание и официјално доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија, Анте Поповски.
Присутните ги поздрави Митко Гогов од „Контекст-Струмица“ и синот на академик Анте Поповски, Жорж Поповски.
На конкурсот и доделување на наградата „Антево слово“, со свои дела се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија и Англија, Албанија, Бугарија, Тунис и Кипар. Македонка Божиновска годинава ја доби првата награда. Втората награда им припадна на Милена Сиљаноска и Александра Спасеска, третата награда ја делат Рекио Фебија од Италија и Антева Темјана, односно Силвана Димитриевска, а наградата за млад автор на годишниот поетски конкурс е за Васја Мицковски.
Пред присутните се обрати и Геро Ла Векија, организаторот на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ кој дојде од Италија заедно со семејството за да присуствува на свеченото доделување на наградите. Тој со голем љубов и посветеност зборуваше за поезијата и нејзиното значење за човекот, пренесе поздрави и благодарност од Градоначалникот на Каникати на Сицилија до градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и го заврши обраќањето со зборовите: „Да живее поезијата!“ што присутните го поздравија со громогласен аплауз.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање посветено на македонскиот поет и есеист Анте Поповски низ чија поезија, како што рече, провејува судбината на македонскиот народ низ вековите, но и неговата сегашност и иднина, рече дека е горд што Општина Ѓорче Петров е домаќин на ваков настан од меѓународен карактер преку кој покажуваме дека се грижиме за одржување на културата на завидно ниво, но и афирмација на македонската поезија.
Посебно ми беше драго, додаде Стојкоски, што токму денес со нас беше и Геро Ла Векија, организаторот на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ кој дојде од Италија.
Голема благодарност и до Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ затоа што наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија-Италија. Воедно, и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава – подвлече градоначалникот на општина Ѓорче Петров.
Синоќа беа врачени наградите и за добитниците од изминативе пет години. Лауреати кои се носители на наградата „Антево слово“ се: Томислав Османли, Катица Ќулавкова, Драгана Евтимова, Иван Антоновски, Ива Дамјановски и Виолета Танчева-Златева кои ги прочитаа своите наградени творби.
Освен наградите за авторите, беа доделени благодарници и на личности кои го помогнале „Антево слово“ низ годините. Настанот го водеше Александра Велинова, а преводот на италијански јазик го прежентираше Маја Божиновска.
Сите учесници имаа можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“, која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист, велат организаторите.
]]>Во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров се одржа седмото издание и официјално доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија, Анте Поповски.
Присутните ги поздрави Митко Гогов од „Контекст-Струмица“ и синот на академик Анте Поповски, Жорж Поповски.
На конкурсот и доделување на наградата „Антево слово“, со свои дела се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија и Англија, Албанија, Бугарија, Тунис и Кипар. Македонка Божиновска годинава ја доби првата награда. Втората награда им припадна на Милена Сиљаноска и Александра Спасеска, третата награда ја делат Рекио Фебија од Италија и Антева Темјана, односно Силвана Димитриевска, а наградата за млад автор на годишниот поетски конкурс е за Васја Мицковски.
Пред присутните се обрати и Геро Ла Векија, организаторот на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ кој дојде од Италија заедно со семејството за да присуствува на свеченото доделување на наградите. Тој со голем љубов и посветеност зборуваше за поезијата и нејзиното значење за човекот, пренесе поздрави и благодарност од Градоначалникот на Каникати на Сицилија до градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и го заврши обраќањето со зборовите: „Да живее поезијата!“ што присутните го поздравија со громогласен аплауз.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање посветено на македонскиот поет и есеист Анте Поповски низ чија поезија, како што рече, провејува судбината на македонскиот народ низ вековите, но и неговата сегашност и иднина, рече дека е горд што Општина Ѓорче Петров е домаќин на ваков настан од меѓународен карактер преку кој покажуваме дека се грижиме за одржување на културата на завидно ниво, но и афирмација на македонската поезија.
Посебно ми беше драго, додаде Стојкоски, што токму денес со нас беше и Геро Ла Векија, организаторот на манифестацијата „Анџело Ла Векија“ кој дојде од Италија.
Голема благодарност и до Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ затоа што наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија-Италија. Воедно, и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава – подвлече градоначалникот на општина Ѓорче Петров.
Синоќа беа врачени наградите и за добитниците од изминативе пет години. Лауреати кои се носители на наградата „Антево слово“ се: Томислав Османли, Катица Ќулавкова, Драгана Евтимова, Иван Антоновски, Ива Дамјановски и Виолета Танчева-Златева кои ги прочитаа своите наградени творби.
Освен наградите за авторите, беа доделени благодарници и на личности кои го помогнале „Антево слово“ низ годините. Настанот го водеше Александра Велинова, а преводот на италијански јазик го прежентираше Маја Божиновска.
Сите учесници имаа можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“, која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист, велат организаторите.
]]>Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година
https://republika.mk/vesti/kultura/otvoren-konkursot-za-godishni-nagradi-na-dpm-za-2023-godina/
Fri, 21 Jun 2024 17:08:21 +0000https://republika.mk/?p=789608
Со цел обезбедување на континуитетот во доделувањето на традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за збирка поезија, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, Управниот одбор на ДПМ отвора конкурс за споменатите пет награди за книги објавени во минатата, 2023 г. Поради непостоење на објективни услови, Друштвото на почетокот од оваа година не ги додели петте награди што традиционално ги доделува секоја година од своето основање во 1947 г.
На конкурсот за најдобри книжевни дела објавени во 2023 г. книги можат да поднесат автори на дела или нивните издавачи (со претходна согласност од авторот), а пријавувањето може да се оствари најдоцна до (заклучно со) 5 јули, со достава на три примероци од делото во просториите на ДПМ (од понеделник до петок, од 9 до 17 часот), или со достава на три примероци од делото по пошта, на адреса на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје. Пожелно е до ДПМ да биде испратена и електронска верзија (PDF/DOC фајл) од доставеното дело, на мејл адресата [email protected].
Три важни напомени:
1. Во согласност со Статутот на ДПМ, право на учество на конкурсот имаат сите автори, активни членови на ДПМ што објавиле книга во минатата, 2023 година, и кои заклучно со 6 јули 2024 (сабота, ден по рокот за достава на книгата) ќе ги имаат подмирено своите членарини за 2023 и 2024 година. Списокот со книги пријавени за наградите ќе биде објавен набрзо по затворањето на конкурсот, а наградите за книги објавени во 2023 година ќе бидат доделени оваа есен. (Потоа, новиот конкурс за традиционалните награди на ПДМ за дела објавени во 2024 година ќе биде распишан пред крајот на годината, според вообичаената динамика.)
2. Во однос на наградата „Мост“, потребно е да биде доставено дело објавено двојазично, на изворниот и на македонски јазик, или дело што ќе биде делумно преведено и објавено (на хартија или на веб-страница) најдоцна ден пред затворањето на овој конкурс. За наградата „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади и книги со книжевна критика и есеистика. За учество, потребно е да бидат преведени и објавени на македонски јазик најмалку 20 страници од делото (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади). Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј, итн.), да бидат извадени од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани од говорител на македонски јазик.
3. За да биде конституирано жири за наградата „Мост“ и оваа награда да биде доделена, на конкурсот треба да пристигнат најмалку три дела објавени во 2023 година од страна на активни членови на ДПМ.
Добитници на годишните награди за ДПМ за 2022 беа Венко Андоновски (роман: „Папокот на светлината“, „ТРИ“), Зоран Пејковски (збирка поезија: „Убавите жени“, „ПНВ публикации“), Ели Маказлиева (книга за деца: „Чудесен дар во годишен календар“, „Едука мак“) и Соња Стојменска-Елзесер (книжевна критика и есеистика: „Книжевен бинокулар“, ИМЛ).
]]>Со цел обезбедување на континуитетот во доделувањето на традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за збирка поезија, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, Управниот одбор на ДПМ отвора конкурс за споменатите пет награди за книги објавени во минатата, 2023 г. Поради непостоење на објективни услови, Друштвото на почетокот од оваа година не ги додели петте награди што традиционално ги доделува секоја година од своето основање во 1947 г.
На конкурсот за најдобри книжевни дела објавени во 2023 г. книги можат да поднесат автори на дела или нивните издавачи (со претходна согласност од авторот), а пријавувањето може да се оствари најдоцна до (заклучно со) 5 јули, со достава на три примероци од делото во просториите на ДПМ (од понеделник до петок, од 9 до 17 часот), или со достава на три примероци од делото по пошта, на адреса на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје. Пожелно е до ДПМ да биде испратена и електронска верзија (PDF/DOC фајл) од доставеното дело, на мејл адресата [email protected].
Три важни напомени:
1. Во согласност со Статутот на ДПМ, право на учество на конкурсот имаат сите автори, активни членови на ДПМ што објавиле книга во минатата, 2023 година, и кои заклучно со 6 јули 2024 (сабота, ден по рокот за достава на книгата) ќе ги имаат подмирено своите членарини за 2023 и 2024 година. Списокот со книги пријавени за наградите ќе биде објавен набрзо по затворањето на конкурсот, а наградите за книги објавени во 2023 година ќе бидат доделени оваа есен. (Потоа, новиот конкурс за традиционалните награди на ПДМ за дела објавени во 2024 година ќе биде распишан пред крајот на годината, според вообичаената динамика.)
2. Во однос на наградата „Мост“, потребно е да биде доставено дело објавено двојазично, на изворниот и на македонски јазик, или дело што ќе биде делумно преведено и објавено (на хартија или на веб-страница) најдоцна ден пред затворањето на овој конкурс. За наградата „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади и книги со книжевна критика и есеистика. За учество, потребно е да бидат преведени и објавени на македонски јазик најмалку 20 страници од делото (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади). Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј, итн.), да бидат извадени од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани од говорител на македонски јазик.
3. За да биде конституирано жири за наградата „Мост“ и оваа награда да биде доделена, на конкурсот треба да пристигнат најмалку три дела објавени во 2023 година од страна на активни членови на ДПМ.
Добитници на годишните награди за ДПМ за 2022 беа Венко Андоновски (роман: „Папокот на светлината“, „ТРИ“), Зоран Пејковски (збирка поезија: „Убавите жени“, „ПНВ публикации“), Ели Маказлиева (книга за деца: „Чудесен дар во годишен календар“, „Едука мак“) и Соња Стојменска-Елзесер (книжевна критика и есеистика: „Книжевен бинокулар“, ИМЛ).
]]>Членовите на жирито на 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп ги соопштија добитниците на наградите
https://republika.mk/vesti/kultura/chlenovite-na-zhirito-na-58-izdanie-na-mtf-vojdan-chernodrinski-prilep-gi-soopshtija-dobitnitsite-na-nagradite/
Fri, 14 Jun 2024 11:03:59 +0000https://republika.mk/?p=787552
Жирито на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, во состав: Марина Миливојевиќ-Маѓарев, претседател и членовите Марина Катниќ-Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ ги додели следните награди:
1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ СЕ ДОДЕЛУВА НА НУ Македонски народен театар Скопје и Зоран Кардула ЗА РЕКЛАМНИОТ МАТЕРИЈАЛ ОД ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар - Скопје.
2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА СЕ ДОДЕЛУВА НА Александар Зарапчиев, инструктор за техника на качување и движење на карпа и Нина Деан ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА СЕ ДОДЕЛУВА НА Ристо Вртев ЗА МУЗИКАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Дупло дно“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Театар Војдан Чернодрински - Прилеп.
4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Симон Мачабели и Раде Василев ЗА КОСТИМИТЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Едвард Втори“ ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во копродукција со Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Илина Ангеловска, Тодор Дајевски и Зоја Бузалковска ЗА СЦЕНОГРАФИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар.
6. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА колективот на претставата „Франкенштајн“ ЗА ДРАМАТИЗАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА НА ТЕКСТОТ„Франкенштајн“ ВО ПРЕТСТАВАТА „Франкенштајн“ ВО ИЗВЕДБА НА Театар за деца и младинци - Скопје.
7. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ НЕ СЕ ДОДЕЛУВА.
8. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „Трајко Чоревски“ СЕ ДОДЕЛУВА НА Григор Јовановски ЗА УЛОГАТА НА Љвов, Евгениј Константинович ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар.
9. НАГРАДА ЗА МЛАДA АКТЕРKA СЕ ДОДЕЛУВА НА Јована Миладинова ЗА УЛОГАТА НА Изабел де Валоа ВО ПРЕТСТАВАТА „Едвард Втори“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК Театар „Јордан Хаџи Контантинов - Џинот“ Велес и Драмски Театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
10. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Анкица Бенинова ЗА УЛОГАТА НА Сања ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна Дупка“ ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
11. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „Димче Трајковски“ СЕ ДОДЕЛУВА НА Ѓорѓи Јолевски ЗА УЛОГАТА НА Лебедев, Павел Кирилич ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Дарја Ризова ЗА УЛОГАТА НА Саша ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
13.НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Васил Михаил ЗА УЛОГАТА НА Силјан ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
14. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Зоја Бузалковска ЗА РЕЖИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
15. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВАТА ВО ЦЕЛИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА АНСАМБЛОТ НА НУЦК „Антон Панов“ - Струмица ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
16. Специјално признание за колективна актерска игра на ансамблот на претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани од НУ Народен Театар Битола.