наградат Archives - Република https://republika.mk/tema/nagradat/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 12:46:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наградат Archives - Република https://republika.mk/tema/nagradat/ 32 32 Меѓународна награда за режија за Дејан Пројковски во Турција https://republika.mk/vesti/kultura/megunarodna-nagrada-za-rezhija-za-dejan-projkovski-vo-turtsija/ Fri, 08 Mar 2024 12:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=752667

На 9.по ред Интернационален театарски фестивал кој секоја година се одржува во Истанбул, Турција, македонскиот режисер Дејан Пројковски беше награден со Меѓународна награда за режија.

Наградата ја доделува најголемото и најпрестижно списание за театарска уметност „Тијатро“ во Турција. Истото секоја година организира доделување театарски награди, а врачувањето  е во присуство на голем број личности од јавниот живот на Турција. Театарскиот весник, кој дава интензивен придонес во изведувачките уметности низ Турција, продолжува со напорите да стане гласот на театарот. Досега има наградено 380 театарски работници. Годинава, покрај Турција, на листата на наградени се и уметници од Македонија, Грција, Португалија, Узбекистан, Јужен Кипар и Србија.

Дејан Пројковски е еден од најзначајните режисери во регионот. Минатата година претставата „Ана Карењина“, заедно со уште една претстава на Пројковски, „Ричард трети“, беа дел од 10.издание на светската Театарска олимпијада во Унгарија. „Ана Карењина“ досега има освоено над 40 награди и е прогласена за најнаградувана претстава во историјата на Новосадскиот театар. „Ричард трети“ на 35. издание на Фестивалот на унгарски театри кој се одржува во Кишварди, доби две награди и тоа: Гран при, најдобра претстава во целина и наградата за најдобра машка улога која му беше доделена на актерот Арпад Месарош за толкувањето на ликот на Ричард. Во листата на награди за Пројковски се и : Наградата за најдобра режија за „Ричард трети“според Belgrade Edt Culture, „Дон Жуан“ беше избрана за најдобра претстава во целина во Хрватска, претставата „Ромео и Јулија“ ја доби највисоката театарска награда во Турција, театарскиот „Оскар“.

Пројковски минатата година ги имаше премиерите на „Декамерон“, копродукција на Градскиот театар од Подгорица и Народниот театар од Ниш, која ја доби наградата за визуелен идентитет „Крстомир Милановиќ“на Фестивал „Денови на Зоран Радмиловиќ“, Зајечар, Србија, тука е и претставата „Падот на Масада“ во Драмски театар, „Дервишот и смртта“ во Бања Лука, „Браќа Карамазови“ во Софија, „Орестија“ во Сплит, „Ромео и Јулија“ во Истанбул, „Опасни врски“ во Санкт Петербург, „Инферно“ во Велешки театар и други.

The post Меѓународна награда за режија за Дејан Пројковски во Турција appeared first on Република.

]]>

На 9.по ред Интернационален театарски фестивал кој секоја година се одржува во Истанбул, Турција, македонскиот режисер Дејан Пројковски беше награден со Меѓународна награда за режија. Наградата ја доделува најголемото и најпрестижно списание за театарска уметност „Тијатро“ во Турција. Истото секоја година организира доделување театарски награди, а врачувањето  е во присуство на голем број личности од јавниот живот на Турција. Театарскиот весник, кој дава интензивен придонес во изведувачките уметности низ Турција, продолжува со напорите да стане гласот на театарот. Досега има наградено 380 театарски работници. Годинава, покрај Турција, на листата на наградени се и уметници од Македонија, Грција, Португалија, Узбекистан, Јужен Кипар и Србија. Дејан Пројковски е еден од најзначајните режисери во регионот. Минатата година претставата „Ана Карењина“, заедно со уште една претстава на Пројковски, „Ричард трети“, беа дел од 10.издание на светската Театарска олимпијада во Унгарија. „Ана Карењина“ досега има освоено над 40 награди и е прогласена за најнаградувана претстава во историјата на Новосадскиот театар. „Ричард трети“ на 35. издание на Фестивалот на унгарски театри кој се одржува во Кишварди, доби две награди и тоа: Гран при, најдобра претстава во целина и наградата за најдобра машка улога која му беше доделена на актерот Арпад Месарош за толкувањето на ликот на Ричард. Во листата на награди за Пројковски се и : Наградата за најдобра режија за „Ричард трети“според Belgrade Edt Culture, „Дон Жуан“ беше избрана за најдобра претстава во целина во Хрватска, претставата „Ромео и Јулија“ ја доби највисоката театарска награда во Турција, театарскиот „Оскар“. Пројковски минатата година ги имаше премиерите на „Декамерон“, копродукција на Градскиот театар од Подгорица и Народниот театар од Ниш, која ја доби наградата за визуелен идентитет „Крстомир Милановиќ“на Фестивал „Денови на Зоран Радмиловиќ“, Зајечар, Србија, тука е и претставата „Падот на Масада“ во Драмски театар, „Дервишот и смртта“ во Бања Лука, „Браќа Карамазови“ во Софија, „Орестија“ во Сплит, „Ромео и Јулија“ во Истанбул, „Опасни врски“ во Санкт Петербург, „Инферно“ во Велешки театар и други.

The post Меѓународна награда за режија за Дејан Пројковски во Турција appeared first on Република.

]]>