награда Archives - Република https://republika.mk/tema/nagrada/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 08:06:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награда Archives - Република https://republika.mk/tema/nagrada/ 32 32 Режисерот Столе Попов, добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија https://republika.mk/vesti/kultura/rezhiserot-stole-popov-dobitnik-na-nagradata-zhivojin-zhika-pavlovik-za-promotsija-na-balkanskata-kinematografija/ Wed, 16 Oct 2024 08:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=827410

Македонскиот режисер Столе Попов е годинашниот лауреат на почесната награда „Живојин Жика Павловиќ“ во Србија за промоција на балканската кинематографија во светот, јави дописникот на МИА од Белград.

Оваа престижна награда ќе му биде врачена на годишното доделување на наградите за режисер на 17 октомври во Нови Сад.

По повод оваа награда, на 16 октомври во 20:30 часот во Арена Синеплекс во Нови Сад ќе биде организирана проекција на неговиот филм Gipsy Magic. Влезот за проекцијата е бесплатен.

Досегашни лауреати на ова признание се: Горан Марковиќ, Слободан Шијан, Емир Кустурица, Раде Шербеџија, Предраг Мики Манојловиќ, Лазар Ристовски, Драган Николиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Славко Штимац, Богдан Дикљиќ, Горан Паскаљевиќ, Милчо Манчевски и Миша Радивојевиќ.

Гала церемонијата за доделување на Годишната награда за режисер ќе се одржи на 17 октомври 2024 година во „Хотел Пупин“ во Нови Сад, во организација на продуцентската куќа „Магична Линија“. На гала вечерата со номинираните режисери и гости ќе бидат доделени Годишните режисерски награди за две категории ТВ серии и за најдобра режија на филм од просторот на поранешна Југославија.

Во рамки на оваа манифестација, на 16 и 17 октомври, бројни гости ќе присуствуваат на конференцијата на Организацијата за заштита на авторските права и на панел-серијата на Здружението на режисери на Балканот.

Столе Попов кариерата ја започна со режија на документарни филмови, а негов прв игран филм е „Црвен коњ“ од 1980 година. Најпознати играни филмови што ги режираше се „Тетовирање“, „До Балчак“ и „Џипси Меѓик“. Тој ги напиша и сценаријата за повеќето негови дела што ги режираше.

Добитник е на над 50 европски и светски награди и значајни признанија, меѓу кои 8 Гран при награди на различни меѓународни фестивали и две номинации за „Оскар“ (Американска филмска академија) за документарниот филм „Дае“ и „Феликс“ на (Европска филмска академија) за филмот „Тетовирање“.

 

The post Режисерот Столе Попов, добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот режисер Столе Попов е годинашниот лауреат на почесната награда „Живојин Жика Павловиќ“ во Србија за промоција на балканската кинематографија во светот, јави дописникот на МИА од Белград. Оваа престижна награда ќе му биде врачена на годишното доделување на наградите за режисер на 17 октомври во Нови Сад. По повод оваа награда, на 16 октомври во 20:30 часот во Арена Синеплекс во Нови Сад ќе биде организирана проекција на неговиот филм Gipsy Magic. Влезот за проекцијата е бесплатен. Досегашни лауреати на ова признание се: Горан Марковиќ, Слободан Шијан, Емир Кустурица, Раде Шербеџија, Предраг Мики Манојловиќ, Лазар Ристовски, Драган Николиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Славко Штимац, Богдан Дикљиќ, Горан Паскаљевиќ, Милчо Манчевски и Миша Радивојевиќ. Гала церемонијата за доделување на Годишната награда за режисер ќе се одржи на 17 октомври 2024 година во „Хотел Пупин“ во Нови Сад, во организација на продуцентската куќа „Магична Линија“. На гала вечерата со номинираните режисери и гости ќе бидат доделени Годишните режисерски награди за две категории ТВ серии и за најдобра режија на филм од просторот на поранешна Југославија. Во рамки на оваа манифестација, на 16 и 17 октомври, бројни гости ќе присуствуваат на конференцијата на Организацијата за заштита на авторските права и на панел-серијата на Здружението на режисери на Балканот. Столе Попов кариерата ја започна со режија на документарни филмови, а негов прв игран филм е „Црвен коњ“ од 1980 година. Најпознати играни филмови што ги режираше се „Тетовирање“, „До Балчак“ и „Џипси Меѓик“. Тој ги напиша и сценаријата за повеќето негови дела што ги режираше. Добитник е на над 50 европски и светски награди и значајни признанија, меѓу кои 8 Гран при награди на различни меѓународни фестивали и две номинации за „Оскар“ (Американска филмска академија) за документарниот филм „Дае“ и „Феликс“ на (Европска филмска академија) за филмот „Тетовирање“.  

The post Режисерот Столе Попов, добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија appeared first on Република.

]]>
Вечерва свечено ќе биде доделена наградата BookStar 2024 https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-svecheno-ke-bide-dodelena-nagradata-bookstar-2024/ Wed, 02 Oct 2024 07:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=821571

Вечечрва свечено ќе биде доделена наградата „Букстар“ 2024 на Јон Калман Стефансон од Исланд на Фестивалот на европска литератуа кој го организира издавачката куќа „Антолог“, а потоа следи концерт на Чалгија Саунд Систем, а по повод двата јубилеја – 10 години „Букстар“ и 25 години „Антолог“.

Денот ќе започне со „Книжевно отворање кон Европа – македонско искуство“ – значајната втора конвенција на претставници на издавачкиот сектор во склоп на програмата Publishing Europe Fellowship. Учесници ќе бидат Владимир Мартиновски, Билјана Туџаровска-Ќупева, Живко Грозданоски, Снежана Стојчевска, Тијана Милиќ, како и Надеж Агило (Франција), Џорџија Спадони (Италија), Тино Шленх (Австрија/Германија), Манол Пејков (Бугарија), Бенјамин Лангер (Германија). Настанот ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, каде што одделни средби со студентите ќе имаат Мирженка Чехова и Паола Перети.

На истото место во 12:30 ќе бидат соопштени и наградите за најдобар превод „Драги“ 2024, а во „Јуроп хаус“ во 16 часот ќе се одржи панел-дискусија „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“ во чест на светското одбележување на стогодишнината од смртта на Франц Кафка. Учесници ќе бидат Зорица Николовска, Венко Андоновски, Соња Стојменска-Елзесер, Бенјамин Лангер (Германија), Јасминка Делова-Силјанова и Бобан Здравковски Андреевски.

Следните настани ќе се одржат во „Лабораториум“. Душко Крстевски ќе го одржи поседниот поткаст „Гол ручек“ за ова издание со Игор Маројевиќ, а Александар Маџаровски ќе го води разговорот со Жозе Луиш Пејшото (Португалија) и Здравка Евтимова (Бугарија).

Доделувањето на наградата „Букстар“ 2024 на исландскиот автор Јон Калман Стефансон за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“ ќе се одржи во 20 часот, а разговорот со него ќе водат Александар Маџаровски и Никола Маџиров.

Вечерта ќе заврши со големиот концерт наречен 10/25 на „Чалгија саунд систем“ кој е отворен за публиката.

Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба“ и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

 

The post Вечерва свечено ќе биде доделена наградата BookStar 2024 appeared first on Република.

]]>

Вечечрва свечено ќе биде доделена наградата „Букстар“ 2024 на Јон Калман Стефансон од Исланд на Фестивалот на европска литератуа кој го организира издавачката куќа „Антолог“, а потоа следи концерт на Чалгија Саунд Систем, а по повод двата јубилеја – 10 години „Букстар“ и 25 години „Антолог“. Денот ќе започне со „Книжевно отворање кон Европа – македонско искуство“ – значајната втора конвенција на претставници на издавачкиот сектор во склоп на програмата Publishing Europe Fellowship. Учесници ќе бидат Владимир Мартиновски, Билјана Туџаровска-Ќупева, Живко Грозданоски, Снежана Стојчевска, Тијана Милиќ, како и Надеж Агило (Франција), Џорџија Спадони (Италија), Тино Шленх (Австрија/Германија), Манол Пејков (Бугарија), Бенјамин Лангер (Германија). Настанот ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, каде што одделни средби со студентите ќе имаат Мирженка Чехова и Паола Перети. На истото место во 12:30 ќе бидат соопштени и наградите за најдобар превод „Драги“ 2024, а во „Јуроп хаус“ во 16 часот ќе се одржи панел-дискусија „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“ во чест на светското одбележување на стогодишнината од смртта на Франц Кафка. Учесници ќе бидат Зорица Николовска, Венко Андоновски, Соња Стојменска-Елзесер, Бенјамин Лангер (Германија), Јасминка Делова-Силјанова и Бобан Здравковски Андреевски. Следните настани ќе се одржат во „Лабораториум“. Душко Крстевски ќе го одржи поседниот поткаст „Гол ручек“ за ова издание со Игор Маројевиќ, а Александар Маџаровски ќе го води разговорот со Жозе Луиш Пејшото (Португалија) и Здравка Евтимова (Бугарија). Доделувањето на наградата „Букстар“ 2024 на исландскиот автор Јон Калман Стефансон за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“ ќе се одржи во 20 часот, а разговорот со него ќе водат Александар Маџаровски и Никола Маџиров. Вечерта ќе заврши со големиот концерт наречен 10/25 на „Чалгија саунд систем“ кој е отворен за публиката. Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба“ и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.  

The post Вечерва свечено ќе биде доделена наградата BookStar 2024 appeared first on Република.

]]>
Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало вечерва во Даут Пашин амам https://republika.mk/vesti/kultura/dodeluvane-na-nagradata-prozart-na-vladimir-pishtalo-vecherva-vo-daut-pashin-amam/ Tue, 17 Sep 2024 09:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=817038

Српскиот писател Владимир Пиштало е годинешниот лауреат на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало вечерва за време на затворањето на фестивалот во Даут Пашин амам.

Станува збор за писател што ги означи еволуцијата и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20 и почетокот на 21 век, како што стои во образложението за доделување на наградата.

Тоа што го возбудува секој приврзан читател кон прозата на Пиштало, е еден многу редок спој на изграден стил и експериментаторски нагон: тој како шетач низ просторот и времето многу внимателно ги забележува деталите на животот, а од друга страна го искушува обликот на пишување. Оттаму наградата „Прозарт“ сосема заслужено и праведно припаѓа на еден од големите балкански мајстори и иницијатори на создавањето врвна проза на овие простори, се вели во образложението за доделувањето на „Прозарт“.

Претседател на жири комисијата за доделување на наградата е проф. д-р Ермис Лафазановски, а членови се проф. д-р Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски.

Владимир Пиштало е роден во Сараево во 1960 година. Израснал во Мостар, Краљево и Белград, каде завршил основно училиште и гимназија. Студирал право во Белград и Сараево. Завршил докторски студии на Светска историја и Американска историја на Универзитетот во Њу Хемпшир во САД.

Пиштало верува дека добро воочените и остро изразените детали ни обезбедуваат порта кон другиот свет.

Тој ја објавил својата прва приказна во списание уште кога имал 18 години, а првата книга на 21 година. Како студент ја основал книжевната група „Белградско производство на соништата“. Објавил 14 книги белетристика, од поетска проза до романи – „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтезе“, „Витраж во сеќавањето“, „Александрида“, „Приказни од целиот свет“, „Милениум во Белград“, „Тесла, портрет со маски“, „Венеција“, „Сонцето на овој ден: писмо до Андриќ“, „Значењето на Џокерот“ и „Песната за три света“. Неговите раскази се вклучени во сите поголеми антологии на српската проза.

Пиштало ја има добиено наградата „Милош Ѓуриќ“ за преводот на песните на Чарлс Симиќ. Неговиот роман „Тесла, портрет со маски“ е награден со книжевната награда НИН за најдобар роман, што е најпрестижната литературна награда во Србија. Ја има добиено и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга во библиотеките на Србија во 2009 година. Ги добил и наградите Меша Селимовиќ и Бора Станковиќ. Делови од неговиот роман за Тесла се вклучени во училишната програма за средните училишта во Србија. Неговиот роман „Милениум во Белград“ беше финалист за Prix Femina за најдобар преведен роман во Франција меѓу 700 романи во 2008 година.

Освен Пиштало, гости на 12. издание на Фестивалот ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и домашните претставници Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски.

Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 11. програма „Скопје фелоушип“, која се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало вечерва во Даут Пашин амам appeared first on Република.

]]>

Српскиот писател Владимир Пиштало е годинешниот лауреат на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало вечерва за време на затворањето на фестивалот во Даут Пашин амам. Станува збор за писател што ги означи еволуцијата и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20 и почетокот на 21 век, како што стои во образложението за доделување на наградата.
Тоа што го возбудува секој приврзан читател кон прозата на Пиштало, е еден многу редок спој на изграден стил и експериментаторски нагон: тој како шетач низ просторот и времето многу внимателно ги забележува деталите на животот, а од друга страна го искушува обликот на пишување. Оттаму наградата „Прозарт“ сосема заслужено и праведно припаѓа на еден од големите балкански мајстори и иницијатори на создавањето врвна проза на овие простори, се вели во образложението за доделувањето на „Прозарт“.
Претседател на жири комисијата за доделување на наградата е проф. д-р Ермис Лафазановски, а членови се проф. д-р Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски. Владимир Пиштало е роден во Сараево во 1960 година. Израснал во Мостар, Краљево и Белград, каде завршил основно училиште и гимназија. Студирал право во Белград и Сараево. Завршил докторски студии на Светска историја и Американска историја на Универзитетот во Њу Хемпшир во САД. Пиштало верува дека добро воочените и остро изразените детали ни обезбедуваат порта кон другиот свет. Тој ја објавил својата прва приказна во списание уште кога имал 18 години, а првата книга на 21 година. Како студент ја основал книжевната група „Белградско производство на соништата“. Објавил 14 книги белетристика, од поетска проза до романи – „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтезе“, „Витраж во сеќавањето“, „Александрида“, „Приказни од целиот свет“, „Милениум во Белград“, „Тесла, портрет со маски“, „Венеција“, „Сонцето на овој ден: писмо до Андриќ“, „Значењето на Џокерот“ и „Песната за три света“. Неговите раскази се вклучени во сите поголеми антологии на српската проза. Пиштало ја има добиено наградата „Милош Ѓуриќ“ за преводот на песните на Чарлс Симиќ. Неговиот роман „Тесла, портрет со маски“ е награден со книжевната награда НИН за најдобар роман, што е најпрестижната литературна награда во Србија. Ја има добиено и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга во библиотеките на Србија во 2009 година. Ги добил и наградите Меша Селимовиќ и Бора Станковиќ. Делови од неговиот роман за Тесла се вклучени во училишната програма за средните училишта во Србија. Неговиот роман „Милениум во Белград“ беше финалист за Prix Femina за најдобар преведен роман во Франција меѓу 700 романи во 2008 година. Освен Пиштало, гости на 12. издание на Фестивалот ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и домашните претставници Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски. Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 11. програма „Скопје фелоушип“, која се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало вечерва во Даут Пашин амам appeared first on Република.

]]>
Кампањата на „Лице в лице“ за матичните броеви избрана за најдобра во Ливерпул https://republika.mk/zivot/kariera/kampanata-na-litse-v-litse-za-matichnite-broevi-izbrana-za-najdobra-vo-liverpul/ Fri, 13 Sep 2024 08:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=815908

Списанието „Лице в лице“ доби награда за најдобра кампања на годинешните награди што ги доделува Меѓународната мрежа за уличен печат. Наградата беше доделена пред два вечери во Ливерпул, Англија.

Категоријата за Најдобра кампања е за уличните весници и списанија кои покренале свесност за проблемите со кои се соочуваат нивните продавачи или кои застапувале за промена со која ќе се подобри работата на нивните продавачи. Дел од натпреварот беа над 90 списанија од 35 земји од целиот свет.

Списанијата се натпреваруваа во шест категории: најдобра насловница, најдобар напис, најдобра кампања, најдобра поддршка за продавачот, најдобар придонес од продавач, најдобра фотографија.

Од „Лице в лице“ информираат дека биле меѓу петте финалисти и во категоријата Најдобра насловна страница со насловница посветена на економското зајакнување на жените, дизајнирана од Ружица Мандичевска (Руки Чуки).

Кампања што ја започна ‘Лице в лице’ доби и значајна медиумска поддршка и соработка со здруженија кои обезбедуваа бесплатна правна помош. По долгите правни битки, проблемот остана нерешен сѐ до мај 2023 година, кога смртта на Мемет Камбер предизвика јавно негодување и засилени напори за застапување. Во јуни 2023 година, по овие напори, беше усвоена измена на Законот за матична евиденција, овозможувајќи им на лицата родени во земјата конечно да добијат лични документи. Една година подоцна, повеќето продавачи ги добија своите документи, а земјата се приближи кон тоа да стане првата во Европа што ќе стави крај на бездржавјанството“, велат од списанието.

Ова движење што го започна „Лице в лице“ на списанието му ја донесе и државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права во декември 2023 година.

Пред оваа иницијатива, социјалните ментори беа ангажирани за да обезбедат поддршка на младите продавачи на „Лице в лице“, водејќи ги кон отворен пазар на труд и исполнување на нивното право на работа. Тоа вклучуваше шест месеци интензивна поддршка, со цел продавачите да најдат можности за вработување и да се интегрираат на пазарот на труд, притоа излегувајќи од системот на социјална зависност и станувајќи активни учесници способни да заработуваат за живот.

The post Кампањата на „Лице в лице“ за матичните броеви избрана за најдобра во Ливерпул appeared first on Република.

]]>

Списанието „Лице в лице“ доби награда за најдобра кампања на годинешните награди што ги доделува Меѓународната мрежа за уличен печат. Наградата беше доделена пред два вечери во Ливерпул, Англија. Категоријата за Најдобра кампања е за уличните весници и списанија кои покренале свесност за проблемите со кои се соочуваат нивните продавачи или кои застапувале за промена со која ќе се подобри работата на нивните продавачи. Дел од натпреварот беа над 90 списанија од 35 земји од целиот свет. Списанијата се натпреваруваа во шест категории: најдобра насловница, најдобар напис, најдобра кампања, најдобра поддршка за продавачот, најдобар придонес од продавач, најдобра фотографија. Од „Лице в лице“ информираат дека биле меѓу петте финалисти и во категоријата Најдобра насловна страница со насловница посветена на економското зајакнување на жените, дизајнирана од Ружица Мандичевска (Руки Чуки).
Кампања што ја започна ‘Лице в лице’ доби и значајна медиумска поддршка и соработка со здруженија кои обезбедуваа бесплатна правна помош. По долгите правни битки, проблемот остана нерешен сѐ до мај 2023 година, кога смртта на Мемет Камбер предизвика јавно негодување и засилени напори за застапување. Во јуни 2023 година, по овие напори, беше усвоена измена на Законот за матична евиденција, овозможувајќи им на лицата родени во земјата конечно да добијат лични документи. Една година подоцна, повеќето продавачи ги добија своите документи, а земјата се приближи кон тоа да стане првата во Европа што ќе стави крај на бездржавјанството“, велат од списанието.
Ова движење што го започна „Лице в лице“ на списанието му ја донесе и државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права во декември 2023 година. Пред оваа иницијатива, социјалните ментори беа ангажирани за да обезбедат поддршка на младите продавачи на „Лице в лице“, водејќи ги кон отворен пазар на труд и исполнување на нивното право на работа. Тоа вклучуваше шест месеци интензивна поддршка, со цел продавачите да најдат можности за вработување и да се интегрираат на пазарот на труд, притоа излегувајќи од системот на социјална зависност и станувајќи активни учесници способни да заработуваат за живот.

The post Кампањата на „Лице в лице“ за матичните броеви избрана за најдобра во Ливерпул appeared first on Република.

]]>
Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски” https://republika.mk/vesti/kultura/nikola-ristanovski-e-dobitnik-na-nagradata-sveti-joakim-osogovski/ Tue, 10 Sep 2024 08:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=814832

Актерот Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ што се доделува за придонес во македонскиот театар и култура на истоимениот театарски фестивал што традиционално се одржува во Крива Паланка.

Наградата ќе му биде врачена на 16-от фестивал што ќе се одржи од 28 септември до 6 октомври во „Градот на културата за 2024", на кој ќе учествуваат театрите од Велес, Винковци Хрватска, МНТ, Скопје, Вршац и Белград од Србија, Ќустендил , Бугарија и Драмски театар- Скопје, информираат од организацискиот одбор на Меѓународниот театарски фестивал "Свети Јоаким Осоговски".

Досегашни добитници на ова веќе престижно признане се: Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Шенка Колозова, Петар Темелковски, Страшко Милошевски, Јордан Плевнеш, Мето Јовановски, Јелена Жугиќ, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Драган Спасов – Дац, Билјана Пројковска и други.

Никола Ристановски е актер во Македонскиот народен театар во Скопје и освен на матичната сцена настапувал и на театарските сцени во Битола, Велес и Куманово, на сцените на театрите во Белград и Подгорица.

Ристановски е добитник на голем број награди: награда за најдобар актер на Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, Врање - Србија, 2023, награда за најдобар актер на 7. Интернационален фестивал „ОТЕЛО“ во Гостивар, 2023, награда „Александар Лифка“на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ, Србија, 2023, Гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, награда за главна машка улогата на фестивалот „Нов тврдина театар“ - Србија, 2022, награда за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2016, најпопуларен актер за 2016 на „Златна Бубамара на популарноста“.

Покрај тоа, Ристановски во својата долгогодишна кариера бил наградуван и со: „Златен делфин“ за најдобар актер на „Босфорскиот филмски фестивал“ во Истанбул, во 2016 година, најдобар актер на фестивалот „Пургаторије“, Тиват, Црна Гора, 2015 година, награда на фестивалот „Ристо Шишков“ - Струмица, 2012, награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, истата година, награда за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска, во 2011, бил прогласен за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска во 2010 и награда во „Ардалион“, Ужице во 2010, година во која е носител на наградата актер за 2010 на „Златна Бубамара на популарноста“ како и бројни други награди и признанија од 1993 година до денес.

Одиграл повеќе од 50 улоги во режија на: Слободан Унковски, Егон Савин, Нина Николиќ, Јавор Грдев, Паоло Маџели, Александар Морфов, Татјана Мандиќ, Иван Поповски, Александар Поповски, Јагош Марковиќ, Љубиша Георгиевски, Срѓан Јаниќијевиќ, Синиша Евтимов, Бранислав Миќуновиќ, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Наташа Поплавска, Сашо Миленковски, Бранко Ставрев, Ленка Удовички и Стојан Стојановски.

Остварил и четириесетина филмски улоги и во телевизиски серии во Македонија, Црна Гора и Србија во режија на истакнати филмски режисери.

Наградата свечено ќе му биде доделена на денот на отворање на фестивалот што ќе се одржи во рамки на манифестацијата "Крива Паланка - Град на културата", а сите фестивалски вечери ќе се одржат во Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

The post Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски” appeared first on Република.

]]>

Актерот Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ што се доделува за придонес во македонскиот театар и култура на истоимениот театарски фестивал што традиционално се одржува во Крива Паланка. Наградата ќе му биде врачена на 16-от фестивал што ќе се одржи од 28 септември до 6 октомври во „Градот на културата за 2024", на кој ќе учествуваат театрите од Велес, Винковци Хрватска, МНТ, Скопје, Вршац и Белград од Србија, Ќустендил , Бугарија и Драмски театар- Скопје, информираат од организацискиот одбор на Меѓународниот театарски фестивал "Свети Јоаким Осоговски". Досегашни добитници на ова веќе престижно признане се: Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Шенка Колозова, Петар Темелковски, Страшко Милошевски, Јордан Плевнеш, Мето Јовановски, Јелена Жугиќ, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Драган Спасов – Дац, Билјана Пројковска и други. Никола Ристановски е актер во Македонскиот народен театар во Скопје и освен на матичната сцена настапувал и на театарските сцени во Битола, Велес и Куманово, на сцените на театрите во Белград и Подгорица. Ристановски е добитник на голем број награди: награда за најдобар актер на Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, Врање - Србија, 2023, награда за најдобар актер на 7. Интернационален фестивал „ОТЕЛО“ во Гостивар, 2023, награда „Александар Лифка“на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ, Србија, 2023, Гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, награда за главна машка улогата на фестивалот „Нов тврдина театар“ - Србија, 2022, награда за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2016, најпопуларен актер за 2016 на „Златна Бубамара на популарноста“. Покрај тоа, Ристановски во својата долгогодишна кариера бил наградуван и со: „Златен делфин“ за најдобар актер на „Босфорскиот филмски фестивал“ во Истанбул, во 2016 година, најдобар актер на фестивалот „Пургаторије“, Тиват, Црна Гора, 2015 година, награда на фестивалот „Ристо Шишков“ - Струмица, 2012, награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, истата година, награда за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска, во 2011, бил прогласен за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска во 2010 и награда во „Ардалион“, Ужице во 2010, година во која е носител на наградата актер за 2010 на „Златна Бубамара на популарноста“ како и бројни други награди и признанија од 1993 година до денес. Одиграл повеќе од 50 улоги во режија на: Слободан Унковски, Егон Савин, Нина Николиќ, Јавор Грдев, Паоло Маџели, Александар Морфов, Татјана Мандиќ, Иван Поповски, Александар Поповски, Јагош Марковиќ, Љубиша Георгиевски, Срѓан Јаниќијевиќ, Синиша Евтимов, Бранислав Миќуновиќ, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Наташа Поплавска, Сашо Миленковски, Бранко Ставрев, Ленка Удовички и Стојан Стојановски. Остварил и четириесетина филмски улоги и во телевизиски серии во Македонија, Црна Гора и Србија во режија на истакнати филмски режисери. Наградата свечено ќе му биде доделена на денот на отворање на фестивалот што ќе се одржи во рамки на манифестацијата "Крива Паланка - Град на културата", а сите фестивалски вечери ќе се одржат во Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

The post Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски” appeared first on Република.

]]>
Никол Кидман ја пропушти наградата за најдобра актерка во Венеција заради смртта на мајка ѝ https://republika.mk/scena/film/nikol-kidman-ja-propushti-nagradata-za-najdobra-akterka-vo-venetsija-zaradi-smrtta-na-majka/ Sun, 08 Sep 2024 09:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=814305

Ѕвездата на филмскиот фестивал во Венеција, Никол Кидман, пред церемонијата на доделувањето на наградите, мораше да замине поради ненадејната смрт на нејзината мајка, Џенел Ен Кидман.

Ѕвездата на „Совршен пар“ ја зеде наградата за најдобра актерка за „Babygirl“ на италијанскиот фестивал. Режисерката на филмот, Халина Рејн, ја прифати наградата во име на актерката.

На почетокот на јануари 2022 година, Кидман сподели дека нејзината мајка е во лоша здравствена состојба, но не даде дополнителни информации во тоа време.

 

 

The post Никол Кидман ја пропушти наградата за најдобра актерка во Венеција заради смртта на мајка ѝ appeared first on Република.

]]>

Ѕвездата на филмскиот фестивал во Венеција, Никол Кидман, пред церемонијата на доделувањето на наградите, мораше да замине поради ненадејната смрт на нејзината мајка, Џенел Ен Кидман. Ѕвездата на „Совршен пар“ ја зеде наградата за најдобра актерка за „Babygirl“ на италијанскиот фестивал. Режисерката на филмот, Халина Рејн, ја прифати наградата во име на актерката. На почетокот на јануари 2022 година, Кидман сподели дека нејзината мајка е во лоша здравствена состојба, но не даде дополнителни информации во тоа време.    

The post Никол Кидман ја пропушти наградата за најдобра актерка во Венеција заради смртта на мајка ѝ appeared first on Република.

]]>
Награда за актерот Лазар Христов на Фестивал во Србија https://republika.mk/vesti/kultura/nagrada-za-akterot-lazar-hristov-na-festival-vo-srbija/ Tue, 03 Sep 2024 09:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=812600

Актерот на Драмски театар Скопје, Лазар Христов, е добитник на наградата за „Најдобра машка улога во студентска селекција“ од стручното жири на „Интернационални театарски фестивал – ИНТЕФ“ во Шабац, Србија, за улогата на Андреј Ботвиник во претставата „Се случи еднаш во Женева“.

Претставата „Се случи еднаш во Женева“ учествуваше на петтото издание на „ИНТЕФ“. „ИНТЕФ“ е студентски и младински театарски фестивал кој од се одржува од 2019 год. во Културен дом Мишар каде учествуваат драмски академии и екипи од регионот.

„Се случи еднаш во Женева“ е сведоштво на едно уникатно пријателство кое се раѓа непосредно пред крајот на Студената војна. Драмата е хипотетична интерпретација на вистински настан од 1982 год., кога Американски и Советски дипломат во Женева ги занемариле протоколите за време на мировни договори и заминале на прошетка во шума на периферијата на градот. Во претставата присуствуваме на четири вакви приватни средби за време на првата година од преговорите откако Џоун Ханимен е испратена во Женева, додека се обидува да испреговара договор за кратења во нуклеарно оружје со нејзиниот постар соработник Андреј Ботвиник. Затекнати во различен момент од нивните животи и кариери, нивната конфронтација се сведува на искуството на Ботвиник и амбицијата на Ханимен.

Претставата „Се случи еднаш во Женева“ е работен според „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг. Режијата е на  Кристијан Атанасов, а играат Христов и Јана Вељановска.

The post Награда за актерот Лазар Христов на Фестивал во Србија appeared first on Република.

]]>

Актерот на Драмски театар Скопје, Лазар Христов, е добитник на наградата за „Најдобра машка улога во студентска селекција“ од стручното жири на „Интернационални театарски фестивал – ИНТЕФ“ во Шабац, Србија, за улогата на Андреј Ботвиник во претставата „Се случи еднаш во Женева“. Претставата „Се случи еднаш во Женева“ учествуваше на петтото издание на „ИНТЕФ“. „ИНТЕФ“ е студентски и младински театарски фестивал кој од се одржува од 2019 год. во Културен дом Мишар каде учествуваат драмски академии и екипи од регионот. „Се случи еднаш во Женева“ е сведоштво на едно уникатно пријателство кое се раѓа непосредно пред крајот на Студената војна. Драмата е хипотетична интерпретација на вистински настан од 1982 год., кога Американски и Советски дипломат во Женева ги занемариле протоколите за време на мировни договори и заминале на прошетка во шума на периферијата на градот. Во претставата присуствуваме на четири вакви приватни средби за време на првата година од преговорите откако Џоун Ханимен е испратена во Женева, додека се обидува да испреговара договор за кратења во нуклеарно оружје со нејзиниот постар соработник Андреј Ботвиник. Затекнати во различен момент од нивните животи и кариери, нивната конфронтација се сведува на искуството на Ботвиник и амбицијата на Ханимен. Претставата „Се случи еднаш во Женева“ е работен според „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг. Режијата е на  Кристијан Атанасов, а играат Христов и Јана Вељановска.

The post Награда за актерот Лазар Христов на Фестивал во Србија appeared first on Република.

]]>
Драмски театар од Тиват се врати со колективната награда „Актерска бравура“ https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-od-tivat-se-vrati-so-kolektivnata-nagrada-akterska-bravura/ Mon, 02 Sep 2024 08:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=812183

Претставата „Мојот маж” на Драмскиот театар од Скопје, работена по раскази на Румена Бужаровска, а драматизација Викторија Рангелова-Петровска, а во режија на Нела Витошевиќ, ја доби наградата за „Актерска бравура” на овогодинашниот театарски фестивал „Пургаторије 2024” кој се одржува во Тиват, Црна Гора.

Натпреварувачкиот дел на 19-тото издание на Медитеранскиот театарски фестивал, според изборот на селекторот и режисер Борис Лијешевиќ, го сочинуваат десетте најдобри театарски продукции од регионот.

Во соопштението на жири комисијата на фестивалот стои:

Наградата за актерска бравура едногласно се доделува на колективот на претставата „Мојот маж„ Драмски театар од Скопје, Македонија.

Дека актерската уметност сепак има свој автентичен простор во однос на режисерско-драматуршкиот концепт е неспорна работа, но дека актерската подела во едно претстава функционира како еден организам, еден комплексен ум, една добро организирана машинерија, која умее во целина темелно да ја разбере и преболи современата сурова стварност, меѓучовечката бездна што се отвора меѓу најблиските, е врвно мајсторство што се гледа сѐ помалку и помалку во театарот денес. Актерите во оваа претстава се сами по себе доволна критична маса за одличен театар, свесно поврзани со сопственота психолошка слоевитост, наелектризирани од личните неволји, подготвени да се поништат и повторно да се преродат одвнатре, откривајќи му ја на гледачот старо-новата терапевтска вистина за човечката совест.

Претставата „Мојот маж” е драматуршки колаж од расказите на нашата реномирана писателка Румена Бужаровска и авторски монолози на членовите во екипата. Во претставата играат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Сања Арсовска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева Велиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.

Претставата досега оствари четири гостувања во рамки на меѓународната фестивалска мрежа “Рута” во Словенија, Србија, Црна Гора и Хрватска каде беше испратена со стоечки овации и аплаузи.

Ова е прв натпреварувачки меѓународен фестивал за претставата и прва меѓународна награда. „Мојот маж” на Драмски театар освои и 4 награди на Македонскиот театарски фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

The post Драмски театар од Тиват се врати со колективната награда „Актерска бравура“ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Мојот маж” на Драмскиот театар од Скопје, работена по раскази на Румена Бужаровска, а драматизација Викторија Рангелова-Петровска, а во режија на Нела Витошевиќ, ја доби наградата за „Актерска бравура” на овогодинашниот театарски фестивал „Пургаторије 2024” кој се одржува во Тиват, Црна Гора. Натпреварувачкиот дел на 19-тото издание на Медитеранскиот театарски фестивал, според изборот на селекторот и режисер Борис Лијешевиќ, го сочинуваат десетте најдобри театарски продукции од регионот. Во соопштението на жири комисијата на фестивалот стои: Наградата за актерска бравура едногласно се доделува на колективот на претставата „Мојот маж„ Драмски театар од Скопје, Македонија.
Дека актерската уметност сепак има свој автентичен простор во однос на режисерско-драматуршкиот концепт е неспорна работа, но дека актерската подела во едно претстава функционира како еден организам, еден комплексен ум, една добро организирана машинерија, која умее во целина темелно да ја разбере и преболи современата сурова стварност, меѓучовечката бездна што се отвора меѓу најблиските, е врвно мајсторство што се гледа сѐ помалку и помалку во театарот денес. Актерите во оваа претстава се сами по себе доволна критична маса за одличен театар, свесно поврзани со сопственота психолошка слоевитост, наелектризирани од личните неволји, подготвени да се поништат и повторно да се преродат одвнатре, откривајќи му ја на гледачот старо-новата терапевтска вистина за човечката совест.
Претставата „Мојот маж” е драматуршки колаж од расказите на нашата реномирана писателка Румена Бужаровска и авторски монолози на членовите во екипата. Во претставата играат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Сања Арсовска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева Велиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ. Претставата досега оствари четири гостувања во рамки на меѓународната фестивалска мрежа “Рута” во Словенија, Србија, Црна Гора и Хрватска каде беше испратена со стоечки овации и аплаузи. Ова е прв натпреварувачки меѓународен фестивал за претставата и прва меѓународна награда. „Мојот маж” на Драмски театар освои и 4 награди на Македонскиот театарски фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

The post Драмски театар од Тиват се врати со колективната награда „Актерска бравура“ appeared first on Република.

]]>
Искра Гешоска денеска го добива најважното признание на Германија за културни творци од странство- Гете-медал https://republika.mk/vesti/kultura/iskra-geshoska-deneska-go-dobiva-najvazhnoto-priznanie-na-germanija-za-kulturni-tvortsi-od-stranstvo-gete-medal/ Wed, 28 Aug 2024 12:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=810860

Гете-медалите за 2024 година ги добиваат три борбени жени: театарската менаџерка Кармен Ромеро Керо од Чиле, книжевната преведувачка Клаудија Кабрера од Мексико и културната менаџерка Искра Гешоска од Македонија.

Сите три добитнички на награди ги обединува нивното безусловно верување во моќта на културата да го промени општеството. Тие „не дозволуваат да бидат обесхрабрени од контра ветровите и пречките“, вели Карола Ленц, претседателка на Гете-институтот, во интервју за ДВ.

Најважната награда во надворешната културна политика на Германија ќе биде доделена на церемонија на 28 август, во градот на Гете - Вајмар.

 

The post Искра Гешоска денеска го добива најважното признание на Германија за културни творци од странство- Гете-медал appeared first on Република.

]]>

Гете-медалите за 2024 година ги добиваат три борбени жени: театарската менаџерка Кармен Ромеро Керо од Чиле, книжевната преведувачка Клаудија Кабрера од Мексико и културната менаџерка Искра Гешоска од Македонија. Сите три добитнички на награди ги обединува нивното безусловно верување во моќта на културата да го промени општеството. Тие „не дозволуваат да бидат обесхрабрени од контра ветровите и пречките“, вели Карола Ленц, претседателка на Гете-институтот, во интервју за ДВ. Најважната награда во надворешната културна политика на Германија ќе биде доделена на церемонија на 28 август, во градот на Гете - Вајмар.  

The post Искра Гешоска денеска го добива најважното признание на Германија за културни творци од странство- Гете-медал appeared first on Република.

]]>
Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“ https://republika.mk/vesti/kultura/pesnata-tvoja-li-e-gradinata-alisa-na-andrej-medik-lazarevski-ja-dobi-nagradata-enhalon/ Mon, 26 Aug 2024 08:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=810153

Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на македонскиот автор Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот.

Жири-комисијата во состав Митко Гогов, Иван Шопов и Игор Трпчески, во своето образложение велат дека станува збор за песна во која доминира интертектуалната игра.

- Повикувајќи се на светскиот класик „Алиса во земјата на чудата“, низ интертекстуална игра Андреј Медиќ Лазаревски храбро и софистицирано води дијалог со себеси и светот, преиспитувајќи ги своите внатрешни лавиринти низ неконвенционални и свежи поетски слики. Низ стиховите авторот успева да изгради култивирана визура во сопствениот лирски и филозофски дискурс. Песната нѐ води низ еден специфичен имагинарен времепростор, во кој авторот успева да дополнително да ги очуди познатите симболи, давајќи им нова смисла и семантичка сила.

Преку патувањето низ универзалните егзистенцијални траектории низ светот на имагинарното и реалното, авторот, на места иронично и пркосно, нѐ повикува на нови преиспитувања, читања и преобмислувања на светот на дуалностите во кој е заробен. Неговиот императив не е да пишува за она што е присутно и видливо, туку да го артикулира и трансцендира она што интуитивно го пренесува од „другата страна“, во една нова метафизичка димензија - стои во образложението на жири-комисијата.

Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци”, „Мостови на Струга” и „Млада Струга“ синоќа заврши официјалниот дел на 63. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

 

The post Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“ appeared first on Република.

]]>

Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на македонскиот автор Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот. Жири-комисијата во состав Митко Гогов, Иван Шопов и Игор Трпчески, во своето образложение велат дека станува збор за песна во која доминира интертектуалната игра. - Повикувајќи се на светскиот класик „Алиса во земјата на чудата“, низ интертекстуална игра Андреј Медиќ Лазаревски храбро и софистицирано води дијалог со себеси и светот, преиспитувајќи ги своите внатрешни лавиринти низ неконвенционални и свежи поетски слики. Низ стиховите авторот успева да изгради култивирана визура во сопствениот лирски и филозофски дискурс. Песната нѐ води низ еден специфичен имагинарен времепростор, во кој авторот успева да дополнително да ги очуди познатите симболи, давајќи им нова смисла и семантичка сила. Преку патувањето низ универзалните егзистенцијални траектории низ светот на имагинарното и реалното, авторот, на места иронично и пркосно, нѐ повикува на нови преиспитувања, читања и преобмислувања на светот на дуалностите во кој е заробен. Неговиот императив не е да пишува за она што е присутно и видливо, туку да го артикулира и трансцендира она што интуитивно го пренесува од „другата страна“, во една нова метафизичка димензија - стои во образложението на жири-комисијата. Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци”, „Мостови на Струга” и „Млада Струга“ синоќа заврши официјалниот дел на 63. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.  

The post Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“ appeared first on Република.

]]>
Сараево филм фестивал постхумо му ја додели наградата „Срцето на Сараево“ на Жарко Лаушевиќ https://republika.mk/vesti/saraevo-film-festival-posthumo-mu-ja-dodeli-nagradata-srtseto-na-saraevo-na-zharko-laushevik/ Fri, 23 Aug 2024 19:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=809594

Жарко Лаушевиќ постхумно ја доби наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар главен актер во серијата „Време на смртта“ на овогодинешниот филмски фестивал во Сараево. Во оваа категорија беа номинирани и Ермин Браво („Знам како дишeш“) и Уликс Фехмиу („Повикот“).

Жарко Лаушевиќ беше една од најсјајните ѕвезди на југословенската филмска сцена во осумдесеттите години, но трагедија неповратно му го смени животот и го одведе на пат полн со болка и страдање. Со своите улоги во филмови како „Офицер со роза“ и „Сивиот дом“, тој се издигна до ултимативна југословенска ѕвезда, обожуван од публиката и ценет од критичарите. Неговата глума беше автентична, длабока и незаборавна, што го постави на самиот врв на актерската елита во тогашната Југославија.

Сепак, кобната ноќ на 31 јули 1993 година му го смени животот засекогаш. Во инцидент во Подгорица, Лаушевиќ беше инволвиран во трагичен настан во кој уби двајца млади луѓе, а третиот беше тешко ранет. Иако се тврдеше дека постапил во самоодбрана, судот констатираше дека е надмината потребната одбрана. Овој настан го внесе Лаушевиќ во долгогодишна правна битка, затворска казна и егзил во САД.

Неговото бегство од заканите за крвна одмазда и неговото преживување илегално во Америка, без правен статус, му ја одбележаа наредната декада од животот. За неговото искуство во затворските ќелии и егзилот, Жарко напиша серија автобиографски книги, започнувајќи со „Годината минува, денот никогаш“ (2011). Во овие книги тој ја отвори својата душа, пишувајќи за вината, болката и несигурноста што го следеа. Книгите беа сведоштво за неговите најтешки години, кои опфаќаа и барањето прошка од неговиот син за она што се случи во Подгорица.

Во 2011 година, тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, го помилува Лаушевиќ, со што му овозможи да се врати од Америка во Србија. Неговото враќање на актерската сцена беше триумфално, а последните години од животот беа продуктивни како никогаш порано. Неговата улога во серијата „Време на смртта“ го врати на малите екрани, а во 2023 година, постхумно ја доби наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар главен актер на Сараевскиот филмски фестивал.

Жарко Лаушевиќ почина на 63 години, на 15 ноември 2023 година, по тешко боледување. Неговото наследство, како актер и автор, останува како сведоштво за неговата комплексна и трагична животна приказна.

The post Сараево филм фестивал постхумо му ја додели наградата „Срцето на Сараево“ на Жарко Лаушевиќ appeared first on Република.

]]>

Жарко Лаушевиќ постхумно ја доби наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар главен актер во серијата „Време на смртта“ на овогодинешниот филмски фестивал во Сараево. Во оваа категорија беа номинирани и Ермин Браво („Знам како дишeш“) и Уликс Фехмиу („Повикот“).
Жарко Лаушевиќ беше една од најсјајните ѕвезди на југословенската филмска сцена во осумдесеттите години, но трагедија неповратно му го смени животот и го одведе на пат полн со болка и страдање. Со своите улоги во филмови како „Офицер со роза“ и „Сивиот дом“, тој се издигна до ултимативна југословенска ѕвезда, обожуван од публиката и ценет од критичарите. Неговата глума беше автентична, длабока и незаборавна, што го постави на самиот врв на актерската елита во тогашната Југославија. Сепак, кобната ноќ на 31 јули 1993 година му го смени животот засекогаш. Во инцидент во Подгорица, Лаушевиќ беше инволвиран во трагичен настан во кој уби двајца млади луѓе, а третиот беше тешко ранет. Иако се тврдеше дека постапил во самоодбрана, судот констатираше дека е надмината потребната одбрана. Овој настан го внесе Лаушевиќ во долгогодишна правна битка, затворска казна и егзил во САД. Неговото бегство од заканите за крвна одмазда и неговото преживување илегално во Америка, без правен статус, му ја одбележаа наредната декада од животот. За неговото искуство во затворските ќелии и егзилот, Жарко напиша серија автобиографски книги, започнувајќи со „Годината минува, денот никогаш“ (2011). Во овие книги тој ја отвори својата душа, пишувајќи за вината, болката и несигурноста што го следеа. Книгите беа сведоштво за неговите најтешки години, кои опфаќаа и барањето прошка од неговиот син за она што се случи во Подгорица. Во 2011 година, тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, го помилува Лаушевиќ, со што му овозможи да се врати од Америка во Србија. Неговото враќање на актерската сцена беше триумфално, а последните години од животот беа продуктивни како никогаш порано. Неговата улога во серијата „Време на смртта“ го врати на малите екрани, а во 2023 година, постхумно ја доби наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар главен актер на Сараевскиот филмски фестивал. Жарко Лаушевиќ почина на 63 години, на 15 ноември 2023 година, по тешко боледување. Неговото наследство, како актер и автор, останува како сведоштво за неговата комплексна и трагична животна приказна.

The post Сараево филм фестивал постхумо му ја додели наградата „Срцето на Сараево“ на Жарко Лаушевиќ appeared first on Република.

]]>
Фестивалска награда по десетти пат за „Хомо“ во режија на Игор Иванов: „Златен Козорог“ за најдобро сценарио на Тамил Наду Филм Фестивал https://republika.mk/scena/film/festivalska-nagrada-po-desetti-pat-za-homo-vo-rezhija-na-igor-ivanov-zlaten-kozorog-za-najdobro-stsenario-na-tamil-nadu-film-festival/ Thu, 22 Aug 2024 12:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=809095

Фестивалска награда по десетти пат за ХОМО во режија на Игор Иванов. Филмот беше прикажан на овогодинешното издание на Тамил Наду Филм Фестивал, што се одржа од 10-ти до 19-ти август во Ченај - главниот град на најјужната индиска држава.

Фестивалското жири му ја додели Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови. Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов и Сашо Кокаланов.

Фестивалското жири му ја додели на „ХОМО“ Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови.

Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов – Изи и Сашо Кокаланов, директор на фотографија е Маја Радошевиќ од Србија, сценограф е Кирил Спасески, костимографијата е на Полонца Валентинчиќ, автор на маска на Аленка Нахтигал двете од Словенија, снимател на звук Борис Трајанов, монтажа Мартин Иванов и аврот на оригиналната музика е Зоран Спасовски.

Во филмот играат: Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски од Бугарија, Себастијан Каваца од Словенија, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев, Славиша Кајевски и други.

Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Мирослав Могоровиќ (Арт енд попкорн, Србија), Галина Тонева (Гала Филм, Бугарија), Лумбард Кукај (Триггер, Косово) и Бојан Мастиловиќ (Иридиум Филм, Словенија), кои добија финансиска поддршка од Агенцијата за Филм на Република Македонија, Националниот филмски центар на Бугарија, Филмскиот центар на Србија, Косовскиот центар за кинематографија и од Словенечкиот филмски центар.

„ХОМО“ Светската премиера ја доживеа на 51. ГОА ИФФ Индија во 2021 година и до сега беше прикажан на фестивали во Канада, САД, Велика Британија, Австралија, Чешка, Италија, Шпанија, Франција, Романија, Србија, Бугарија, Грција, Турција, Египет. Учестовот на ХОМО во рамките на официјалната програма на Тамил Наду Филм Фестивал, каде ја доби својата десетта награда е негово петто фестивалско претставување во Индија.

Филмот е дистрибуиран на териториите на Балканот, а од неодамна ѝ е достапен и на публиката во Северна Америка и Бразил.

The post Фестивалска награда по десетти пат за „Хомо“ во режија на Игор Иванов: „Златен Козорог“ за најдобро сценарио на Тамил Наду Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>

Фестивалска награда по десетти пат за ХОМО во режија на Игор Иванов. Филмот беше прикажан на овогодинешното издание на Тамил Наду Филм Фестивал, што се одржа од 10-ти до 19-ти август во Ченај - главниот град на најјужната индиска држава. Фестивалското жири му ја додели Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови. Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов и Сашо Кокаланов. Фестивалското жири му ја додели на „ХОМО“ Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови. Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов – Изи и Сашо Кокаланов, директор на фотографија е Маја Радошевиќ од Србија, сценограф е Кирил Спасески, костимографијата е на Полонца Валентинчиќ, автор на маска на Аленка Нахтигал двете од Словенија, снимател на звук Борис Трајанов, монтажа Мартин Иванов и аврот на оригиналната музика е Зоран Спасовски. Во филмот играат: Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски од Бугарија, Себастијан Каваца од Словенија, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев, Славиша Кајевски и други. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Мирослав Могоровиќ (Арт енд попкорн, Србија), Галина Тонева (Гала Филм, Бугарија), Лумбард Кукај (Триггер, Косово) и Бојан Мастиловиќ (Иридиум Филм, Словенија), кои добија финансиска поддршка од Агенцијата за Филм на Република Македонија, Националниот филмски центар на Бугарија, Филмскиот центар на Србија, Косовскиот центар за кинематографија и од Словенечкиот филмски центар. „ХОМО“ Светската премиера ја доживеа на 51. ГОА ИФФ Индија во 2021 година и до сега беше прикажан на фестивали во Канада, САД, Велика Британија, Австралија, Чешка, Италија, Шпанија, Франција, Романија, Србија, Бугарија, Грција, Турција, Египет. Учестовот на ХОМО во рамките на официјалната програма на Тамил Наду Филм Фестивал, каде ја доби својата десетта награда е негово петто фестивалско претставување во Индија. Филмот е дистрибуиран на териториите на Балканот, а од неодамна ѝ е достапен и на публиката во Северна Америка и Бразил.

The post Фестивалска награда по десетти пат за „Хомо“ во режија на Игор Иванов: „Златен Козорог“ за најдобро сценарио на Тамил Наду Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>
Наградата „Антево Перо“ за 2024 година за стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски https://republika.mk/vesti/kultura/nagradata-antevo-pero-za-2024-godina-za-stihozbirkata-muzej-na-zaboravot-od-sasho-dimoski/ Mon, 19 Aug 2024 07:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=807821

Жири-комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), пред да пристапи кон донесување на завршната одлука за наградата „Антево перо“, што подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори, уште еднаш го изразува своето задоволство од одличниот одзив за оваа награда. Оваа година, комисијата имаше навистина тешка задача да направи селекција на поетските писма кои со своите квалитети и одличен израз се издвоија.
Пристигнаа 75 стихозбирки, со најразлична трендовска и жанровска разноликост, од кои во потесен избор за наградата влегоа седум стихозбирки: „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ на Тони Попов, „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков, „Сивка: геометрија на болката“ на Ирена Бабамова Стојчева, „Музеј на заборавот“ на Сашо Димоски „Царски рез на небото“ на Даниела Андоновска Трајковска, книгата „Анатомија на скриена болка“ доставена под шифрата Суштина и поетскиот ракопис „Каде што се раѓаат сенките“ на Агрон Усеини. По темелно разгледување на вредностите на секоја од овие седум стихозбирки и по завршните дискусии на членовите, Комисијата едногласно донесе одлука наградата „Антево Перо“ за 2024 година да ѝ припадне на стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски.
Доживувањето на стварноста кај индивидуите кои имаат изразен сензибилитет условува нивните дела да покажуваат креативност која, ако се мери на некоја скала на интензитет, тогаш би биле на самиот врв. Постоењето на тие дела во времето и просторот создава сопствена реалност и се сместени во духовни музеи во кои вечноста е нивен главен предзнак. Во еден таков музеј, својот живот го живее и поезијата на Сашо Димоски, која токму поради овие квалитети, ја понесува наградата „Антево перо“ за 2024 година. Поетскиот музеј на Димоски, кој е вечен дом на личниот, интимен заборав, е богатство на мигновеноста, на времето минато, сегашно и идно, на времето кое постои и не постои, на љубовта во најесенцијалната суштественост во која се родени, се раѓаат и ќе се родат безброј микрокосмоси (вклучително и сите форми на љубовта за татковината, за татковиот збор и ковчег, за клучот и катенцот, за мајчиниот јазик и болка, како далечно ехо на поетската слика на големиот Анте Поповски), микрокосмоси и љубови од кои е составен човекот. Оваа поезија, покрај тоа што е слика преоблечена во различни стилови и во нив преовладуваат тонови од целиот спектар на бои, таа има и звуковен карактер чиј интензитет се огледува во одличната употреба на парадоксот, оксиморонот, сложените метафори, но и фигурите кои припаѓаат на звучниот код. Со помош на зборовите, Димоски ни презентира визуелност во која гледаме како машкиот и женскиот принцип, темнината и светлината, вистината и заборавот страсно танцуваат танго. Тоа танго некогаш е во духот на аргентинската милонга во која слободата на движењата, незадолжителноста на формата и опуштеноста на рацете и нозете преоѓа во танцовен чекор со различен ритам и брзина правејќи тоа да биде milonga de amor и да има длабоко треперење при самото танцување. Понекогаш танцот е во духот на либертангото кое ги руши стереотипите и пред нас става нешто ново без притоа да ги заборави традиционалните вредности што од нас ги бара татковината, погледот на мајката или исконскиот оган во домашното огниште.
Поради одличниот квалитет на поетските текстови од збирките кои се избрани во потесен избор, оваа година Комисијата, едногласно одлучи да додели три награди „Антев златник“, што значи, една повеќе од она што, до сега, беше пракса. Наградите „Антев златник“ за 2024 година им припаѓаат на: Ирена Бабамова Стојчева за збирката „Сивка: Геометрија на болката“, Тони Попов за збирката „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ и Пепи Стамков за збирката „Собрани остатоци од светот“.
Животната мрежа од координатни точки е уникатен отпечаток на секое битие. Во треперењето на суптилните нишки, кои тие точки ги поврзуваат, е сместена целата суштина на човековото постоење, а поезијата и уметноста во целина се обид да се преслика и да се направи приказ, да се даде увид во таа суштина. Човекот е сраснат со природата и неговото поврзување со пеперутката Сивка, како што авторката сугерира во овие песни, е повеќе од податливо. Таа е срасната со оваа навидум непривлечна крилеста пријателка на која доминира сивата боја. Нејзиното постоење е контраст на шарените, восхитувачки пеперутки од чијашто колоритност остануваме занемени секогаш кога ќе ги погледнеме. Сивка е тажна убавица, но и еден вид непокор како оној на Анте Поповски. Лета со скршено крило кое не може да биде исто и ако зарасне. Боли таа фрактура на срцето чиишто половини сега се нејзини крилја. Во таа геометрија на болката, Бабамова Стојчева ја истражува тагата како одговор на неотповикливата промена на околностите, на она што сме го замислувале како деца со сета детска невиност во размислата. Болката од изневерата во сите нејзини форми, значења и димензии создава ехо кое се шири низ геометријата на битието, низ сите негови точки и прави пукнатини кои и да зараснат остануваат со траги кои потсетуваат на нив.
Во кратките и едноставни стихови полни со непретенциозна фигуративност, Тони Попов населил уметнички свет кој е преземен од микрокосмосот на неговото сликарско око. Напишани во постимпресионистички и модернистички стил, песните од оваа збирка ја имаат колоритноста и уметничката визуелност на сликите на Анри Матис и Ван Гог, но и на неговата перцепција на обичните нешта кои вешто се насликани со помош на друг медиум како што се зборовите. Длабоките реминисценции тој ги доживува на повеќе нивоа и иако нивното соопштување го прави на едноставен начин, во таа едноставност се огледуваат силните импулси на емотивните сеќавања. Во одекот на тие сеќавања, се собрани звуците на неговиот живот кон кои се враќа секогаш кога некоја сегашност ќе го побара тоа од него. Од сите нив можеби најзначаен е повикот од детството зашто гласот на детето во нас најдобро ја знае вистината.
Поетскиот егзистенцијализам со кој се карактеризира поезијата на Пепи Стамков креира сериозни квалитети на изразот во кои македонскиот јазик ги испитува границите на можностите на експресивноста на употребените сложени фигури од логичкиот код. Во исклучително збиениот израз, со кој се карактеризира оваа поезија, авторот тргнува во потрага по остатоците од денот, идеалите, животните предизвици, љубовта и застанат на личните крстопати се прашува дали треба да живееме со полни гради, до крај, или е доволно да се задоволиме со остатоците кои најчесто не се наши. Преку честото одење отаде времето и животот, овој млад и чувствителен поет на сложен и едноставен начин ни соопштува универзални вистини во кои сите сме, на некој начин, колекционери од остатоците на светот.
Со должно внимание и задоволство, Жирито дискутираше и за петте стихозбирки кои влегоа во потесен избор за наградата „Антев часовник“, што се доделува со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик и тоа: Софија Тодороска – „Птиците заминуваат на исток“, Ива Пуовиќ – „Полет“, Мартина Костадиноска – „Пијавици“, Нино Наумовски – „Индиго солзи“ и Стефан Спасовски – „Ќумур смоквин млеч“. И овде, Комисијата имаше тешка задача да одбере само една збирка која ќе биде наградена, поради што за првпат во седумгодишното постоење на Манифестацијата „Антево перо“, се донесе одлука наградата „Антев часовник“ да биде доделена на двајца млади поети и тоа на: Нино Наумовски за неговата збирка „Индиго солзи“ и на Стефан Спасовски за збирката „Ќумур смоквин млеч“.
Поетиката на Нино Наумовски и неговата збирка „Индиго солзи“ претставува младешка перцепција на суровата стварност во која de jour en jour се обидува да ги разбере правилата и начинот како да се живее. Оваа поезија може да се толкува и како бунтовен крик против дистопијата и секојдневието кое не се вклопува во младешкиот ритам. Затоа, се добива впечаток дека авторот влегува во посебни улоги и како на филм ја гледа стварноста притоа слушајќи алтернативна музика со поетика која го поддржува тој бунт. Надреалистичките слики што понекогаш ги создава оваа поезија имаат индиго боја што сугерира една нова генерација ослободена од стегите на традиционалното, која допрва треба да ги покаже своите плодови.
Поезијата на Стефан Спасовски, со креативен и иновативен наслов „Ќумур смоквин млеч“, е интересно патување по сетилните меридијани на неговта млада душа. Песните, иако се пишувани во традиционален дух и изобилуваат со сложени внатрешни рими, инверзии, фигури на звукот и метафори, сепак имаат еден модернистички начин на соопштување на доживеаните чувства. Експерименталноста, што е една од карактеристиките на оваа поезија, симпатично комуницира со интертекстуалноста притоа создавајќи оригинални стихови. Овие песни понекогаш се мрачни и песимистични, но речиси секогаш содржат хумор и игривост кои не дозволуваат да превлада мрачниот тон.
Комисијата искрено им се заблагодарува на сите учесници на Конкурсот за наградата „Антево перо“ и изразува надеж дека и во иднина ќе продолжи интересот за оваа престижна награда. Во наредниот период ќе следи уште едно Соопштение со кое јавноста навремено ќе биде информирана за датумот, местото и терминот на официјалното прогласување на победникот на Конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година и врачувањето на сите награди.

The post Наградата „Антево Перо“ за 2024 година за стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски appeared first on Република.

]]>

Жири-комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), пред да пристапи кон донесување на завршната одлука за наградата „Антево перо“, што подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори, уште еднаш го изразува своето задоволство од одличниот одзив за оваа награда. Оваа година, комисијата имаше навистина тешка задача да направи селекција на поетските писма кои со своите квалитети и одличен израз се издвоија. Пристигнаа 75 стихозбирки, со најразлична трендовска и жанровска разноликост, од кои во потесен избор за наградата влегоа седум стихозбирки: „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ на Тони Попов, „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков, „Сивка: геометрија на болката“ на Ирена Бабамова Стојчева, „Музеј на заборавот“ на Сашо Димоски „Царски рез на небото“ на Даниела Андоновска Трајковска, книгата „Анатомија на скриена болка“ доставена под шифрата Суштина и поетскиот ракопис „Каде што се раѓаат сенките“ на Агрон Усеини. По темелно разгледување на вредностите на секоја од овие седум стихозбирки и по завршните дискусии на членовите, Комисијата едногласно донесе одлука наградата „Антево Перо“ за 2024 година да ѝ припадне на стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски. Доживувањето на стварноста кај индивидуите кои имаат изразен сензибилитет условува нивните дела да покажуваат креативност која, ако се мери на некоја скала на интензитет, тогаш би биле на самиот врв. Постоењето на тие дела во времето и просторот создава сопствена реалност и се сместени во духовни музеи во кои вечноста е нивен главен предзнак. Во еден таков музеј, својот живот го живее и поезијата на Сашо Димоски, која токму поради овие квалитети, ја понесува наградата „Антево перо“ за 2024 година. Поетскиот музеј на Димоски, кој е вечен дом на личниот, интимен заборав, е богатство на мигновеноста, на времето минато, сегашно и идно, на времето кое постои и не постои, на љубовта во најесенцијалната суштественост во која се родени, се раѓаат и ќе се родат безброј микрокосмоси (вклучително и сите форми на љубовта за татковината, за татковиот збор и ковчег, за клучот и катенцот, за мајчиниот јазик и болка, како далечно ехо на поетската слика на големиот Анте Поповски), микрокосмоси и љубови од кои е составен човекот. Оваа поезија, покрај тоа што е слика преоблечена во различни стилови и во нив преовладуваат тонови од целиот спектар на бои, таа има и звуковен карактер чиј интензитет се огледува во одличната употреба на парадоксот, оксиморонот, сложените метафори, но и фигурите кои припаѓаат на звучниот код. Со помош на зборовите, Димоски ни презентира визуелност во која гледаме како машкиот и женскиот принцип, темнината и светлината, вистината и заборавот страсно танцуваат танго. Тоа танго некогаш е во духот на аргентинската милонга во која слободата на движењата, незадолжителноста на формата и опуштеноста на рацете и нозете преоѓа во танцовен чекор со различен ритам и брзина правејќи тоа да биде milonga de amor и да има длабоко треперење при самото танцување. Понекогаш танцот е во духот на либертангото кое ги руши стереотипите и пред нас става нешто ново без притоа да ги заборави традиционалните вредности што од нас ги бара татковината, погледот на мајката или исконскиот оган во домашното огниште. Поради одличниот квалитет на поетските текстови од збирките кои се избрани во потесен избор, оваа година Комисијата, едногласно одлучи да додели три награди „Антев златник“, што значи, една повеќе од она што, до сега, беше пракса. Наградите „Антев златник“ за 2024 година им припаѓаат на: Ирена Бабамова Стојчева за збирката „Сивка: Геометрија на болката“, Тони Попов за збирката „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ и Пепи Стамков за збирката „Собрани остатоци од светот“. Животната мрежа од координатни точки е уникатен отпечаток на секое битие. Во треперењето на суптилните нишки, кои тие точки ги поврзуваат, е сместена целата суштина на човековото постоење, а поезијата и уметноста во целина се обид да се преслика и да се направи приказ, да се даде увид во таа суштина. Човекот е сраснат со природата и неговото поврзување со пеперутката Сивка, како што авторката сугерира во овие песни, е повеќе од податливо. Таа е срасната со оваа навидум непривлечна крилеста пријателка на која доминира сивата боја. Нејзиното постоење е контраст на шарените, восхитувачки пеперутки од чијашто колоритност остануваме занемени секогаш кога ќе ги погледнеме. Сивка е тажна убавица, но и еден вид непокор како оној на Анте Поповски. Лета со скршено крило кое не може да биде исто и ако зарасне. Боли таа фрактура на срцето чиишто половини сега се нејзини крилја. Во таа геометрија на болката, Бабамова Стојчева ја истражува тагата како одговор на неотповикливата промена на околностите, на она што сме го замислувале како деца со сета детска невиност во размислата. Болката од изневерата во сите нејзини форми, значења и димензии создава ехо кое се шири низ геометријата на битието, низ сите негови точки и прави пукнатини кои и да зараснат остануваат со траги кои потсетуваат на нив. Во кратките и едноставни стихови полни со непретенциозна фигуративност, Тони Попов населил уметнички свет кој е преземен од микрокосмосот на неговото сликарско око. Напишани во постимпресионистички и модернистички стил, песните од оваа збирка ја имаат колоритноста и уметничката визуелност на сликите на Анри Матис и Ван Гог, но и на неговата перцепција на обичните нешта кои вешто се насликани со помош на друг медиум како што се зборовите. Длабоките реминисценции тој ги доживува на повеќе нивоа и иако нивното соопштување го прави на едноставен начин, во таа едноставност се огледуваат силните импулси на емотивните сеќавања. Во одекот на тие сеќавања, се собрани звуците на неговиот живот кон кои се враќа секогаш кога некоја сегашност ќе го побара тоа од него. Од сите нив можеби најзначаен е повикот од детството зашто гласот на детето во нас најдобро ја знае вистината. Поетскиот егзистенцијализам со кој се карактеризира поезијата на Пепи Стамков креира сериозни квалитети на изразот во кои македонскиот јазик ги испитува границите на можностите на експресивноста на употребените сложени фигури од логичкиот код. Во исклучително збиениот израз, со кој се карактеризира оваа поезија, авторот тргнува во потрага по остатоците од денот, идеалите, животните предизвици, љубовта и застанат на личните крстопати се прашува дали треба да живееме со полни гради, до крај, или е доволно да се задоволиме со остатоците кои најчесто не се наши. Преку честото одење отаде времето и животот, овој млад и чувствителен поет на сложен и едноставен начин ни соопштува универзални вистини во кои сите сме, на некој начин, колекционери од остатоците на светот. Со должно внимание и задоволство, Жирито дискутираше и за петте стихозбирки кои влегоа во потесен избор за наградата „Антев часовник“, што се доделува со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик и тоа: Софија Тодороска – „Птиците заминуваат на исток“, Ива Пуовиќ – „Полет“, Мартина Костадиноска – „Пијавици“, Нино Наумовски – „Индиго солзи“ и Стефан Спасовски – „Ќумур смоквин млеч“. И овде, Комисијата имаше тешка задача да одбере само една збирка која ќе биде наградена, поради што за првпат во седумгодишното постоење на Манифестацијата „Антево перо“, се донесе одлука наградата „Антев часовник“ да биде доделена на двајца млади поети и тоа на: Нино Наумовски за неговата збирка „Индиго солзи“ и на Стефан Спасовски за збирката „Ќумур смоквин млеч“. Поетиката на Нино Наумовски и неговата збирка „Индиго солзи“ претставува младешка перцепција на суровата стварност во која de jour en jour се обидува да ги разбере правилата и начинот како да се живее. Оваа поезија може да се толкува и како бунтовен крик против дистопијата и секојдневието кое не се вклопува во младешкиот ритам. Затоа, се добива впечаток дека авторот влегува во посебни улоги и како на филм ја гледа стварноста притоа слушајќи алтернативна музика со поетика која го поддржува тој бунт. Надреалистичките слики што понекогаш ги создава оваа поезија имаат индиго боја што сугерира една нова генерација ослободена од стегите на традиционалното, која допрва треба да ги покаже своите плодови. Поезијата на Стефан Спасовски, со креативен и иновативен наслов „Ќумур смоквин млеч“, е интересно патување по сетилните меридијани на неговта млада душа. Песните, иако се пишувани во традиционален дух и изобилуваат со сложени внатрешни рими, инверзии, фигури на звукот и метафори, сепак имаат еден модернистички начин на соопштување на доживеаните чувства. Експерименталноста, што е една од карактеристиките на оваа поезија, симпатично комуницира со интертекстуалноста притоа создавајќи оригинални стихови. Овие песни понекогаш се мрачни и песимистични, но речиси секогаш содржат хумор и игривост кои не дозволуваат да превлада мрачниот тон. Комисијата искрено им се заблагодарува на сите учесници на Конкурсот за наградата „Антево перо“ и изразува надеж дека и во иднина ќе продолжи интересот за оваа престижна награда. Во наредниот период ќе следи уште едно Соопштение со кое јавноста навремено ќе биде информирана за датумот, местото и терминот на официјалното прогласување на победникот на Конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година и врачувањето на сите награди.

The post Наградата „Антево Перо“ за 2024 година за стихозбирката „Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски appeared first on Република.

]]>
За време на Олимписките игри се одржа Парискиот филмски фестивал: Награден е филмот „Се случи“ за легендарниот ватерполо играч и тренер Ратко Рудиќ https://republika.mk/scena/film/za-vreme-na-olimpiskite-igri-se-odrzha-pariskiot-filmski-festival-nagraden-e-filmot-se-sluchi-za-legendarniot-vaterpolo-igrach-i-trener-ratko-rudik/ Wed, 14 Aug 2024 08:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=806374

Документарниот филм на Дејан Аќимовиќ, „Се случи“, за легендарниот ватерполо играч и тренер, Ратко Рудиќ, ја освои главната награда на Парискиот филмски фестивал, што се одржуваше за време на Олимписките игри (ОИ).

Филмот ја освои престижната награда „Олимписки избор“ (Olympians Choice), на првиот филмски фестивал „Оли хаус“ (OLY House). На фестивалот што го организираше Меѓународната организација на олимпијци како дел од ОИ во Париз. беа прикажани 25 филма од целиот свет.

Во филмот за Ратко Рудиќ, во 115 минути, раскажано е „патувањето“ на најтрифејниот ватерполо стручњак на светот, од неговите почетоци како играч во Задар до неговите фантастични тренерски резултати.

Ратко Рудиќ (76) денеска е член на Управниот одбор (УО) и претседател на Стручниот совет на Хрватскиот ватерполо сојуз.

The post За време на Олимписките игри се одржа Парискиот филмски фестивал: Награден е филмот „Се случи“ за легендарниот ватерполо играч и тренер Ратко Рудиќ appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм на Дејан Аќимовиќ, „Се случи“, за легендарниот ватерполо играч и тренер, Ратко Рудиќ, ја освои главната награда на Парискиот филмски фестивал, што се одржуваше за време на Олимписките игри (ОИ). Филмот ја освои престижната награда „Олимписки избор“ (Olympians Choice), на првиот филмски фестивал „Оли хаус“ (OLY House). На фестивалот што го организираше Меѓународната организација на олимпијци како дел од ОИ во Париз. беа прикажани 25 филма од целиот свет. Во филмот за Ратко Рудиќ, во 115 минути, раскажано е „патувањето“ на најтрифејниот ватерполо стручњак на светот, од неговите почетоци како играч во Задар до неговите фантастични тренерски резултати.
Ратко Рудиќ (76) денеска е член на Управниот одбор (УО) и претседател на Стручниот совет на Хрватскиот ватерполо сојуз.

The post За време на Олимписките игри се одржа Парискиот филмски фестивал: Награден е филмот „Се случи“ за легендарниот ватерполо играч и тренер Ратко Рудиќ appeared first on Република.

]]>
Вечерва на Дијана Петрова ќе и биде врачена наградата за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-dijana-petrova-ke-i-bide-vrachena-nagradata-za-najdobar-raskaz-na-konkursot-zhivko-chingo/ Tue, 13 Aug 2024 09:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=806069

Расказот „Јоанес Даубманус“ на Дијана Петрова, испратен под шифра: „Фанатик“, е прогласен за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази, информираат од Општина Охрид.

Наградата на Дијана Петрова ќе и’ биде врачена вечерва на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во селото Велгошти

The post Вечерва на Дијана Петрова ќе и биде врачена наградата за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Расказот „Јоанес Даубманус“ на Дијана Петрова, испратен под шифра: „Фанатик“, е прогласен за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази, информираат од Општина Охрид.

Наградата на Дијана Петрова ќе и’ биде врачена вечерва на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во селото Велгошти

The post Вечерва на Дијана Петрова ќе и биде врачена наградата за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>
Пара на медал оди: Српската влада издвои 4.780.000 евра за освојувачите на медали https://republika.mk/vesti/balkan/para-na-medal-odi-srpskata-vlada-izdvoi-4-780-000-evra-za-osvojuvachite-na-medali/ Mon, 12 Aug 2024 12:23:03 +0000 https://republika.mk/?p=805850

Олимпискиот тим на Србија на 33. Летни олимписки игри во Париз освој пет медали (тру златни и по едно сребро и бронза). Српската влада објави дека сите освојувачи на медали ќе бидат парично наградени.

Златни медали за Србија освоија Новак Ѓоковиќ во тенис, Зорана Арнаутовиќ и Зоран Микец во микс дубл, дисциплина 10 метри воздушен пиштол и ватерполо репрезентацијата.

Спортистите и нивните тренери ќе добијат по 200.000 евра и се стекнаа со право на спортска пензија во износ од 2.100 евра месечно.

Александра Перишиќ и нејзиниот тренер Петра Бутала добија награда од 100.000 евра за освоениот сребрен медал во олимписката дисциплина таеквондо.

Кошаркарите, кои го освоија третото место и селекторот Светислав Пешиќ ќе добијат по 60.000 евра.

Српската влада, успесите на спортистите на Олимписките игри ги награди со 4.780.000 eвра.

The post Пара на медал оди: Српската влада издвои 4.780.000 евра за освојувачите на медали appeared first on Република.

]]>

Олимпискиот тим на Србија на 33. Летни олимписки игри во Париз освој пет медали (тру златни и по едно сребро и бронза). Српската влада објави дека сите освојувачи на медали ќе бидат парично наградени. Златни медали за Србија освоија Новак Ѓоковиќ во тенис, Зорана Арнаутовиќ и Зоран Микец во микс дубл, дисциплина 10 метри воздушен пиштол и ватерполо репрезентацијата. Спортистите и нивните тренери ќе добијат по 200.000 евра и се стекнаа со право на спортска пензија во износ од 2.100 евра месечно. Александра Перишиќ и нејзиниот тренер Петра Бутала добија награда од 100.000 евра за освоениот сребрен медал во олимписката дисциплина таеквондо. Кошаркарите, кои го освоија третото место и селекторот Светислав Пешиќ ќе добијат по 60.000 евра. Српската влада, успесите на спортистите на Олимписките игри ги награди со 4.780.000 eвра.

The post Пара на медал оди: Српската влада издвои 4.780.000 евра за освојувачите на медали appeared first on Република.

]]>
12 збирки поезија во потесен круг за наградата „Антево перо“, 11 – за „Антев часовник“ https://republika.mk/vesti/kultura/12-zbirki-poezija-vo-potesen-krug-za-nagradata-antevo-pero-11-za-antev-chasovnik/ Mon, 12 Aug 2024 08:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=805726

Дванаесет збирки поезија од 75 пристигнати, се избрани во потесна селекција за 7. награда „Антево перо“. На Конкурсот пристигнаа 75 поетски збирки кои имаат разноликост, креативност и особена автентичност и уникатност во поетскиот израз од автори од Италија, Австралија, Србија, Германија, Грција, Канада и од Македонија.

Она што е особено значајна придобивка и на што сме многу горди и среќни е тоа што наградата „Антево перо“ и името и творештвото на Анте Поповски оваа година беа провокација учество да земат и автори од албанската, ромската и другите етнички заедници што е за поздравување, велат организаторите.

Жири-комисијата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, претседател, д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски, членови, ги издвоија следните стихозбирки (редоследот е според нивното пристигнување на електронската адреса):
На конкурсот, пак за „Антево перо“ за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик, издвоени се следните 12 поетски збирки кои се во поширок избор за наградата „Антево перо“:

1.Тони Попов – „Ми се чини дека некаде слушнав дете“,

2.Борче Грозданов – „Акростихови“,
3.Шифра: И камен и цвет – „На каменот“,
4. Пепи Стамков – „Собрани остатоци од светот“,
5. Ирена Бабамова Стојчева – „Сивка: геометрија на болката“,
6. Сашо Димоски – „Музеј на заборавот“,
7.Елизабета Тодороска – „Збирка“,
8.Даниела Андоновска Трајковска – „Царски рез на небото“,
9. Шифра: Цреша – „Скршена тишина“,
10.Шифра: Суштина – Анатомија на скриената болка“,
11.Агрон Усеини – „Каде што се раѓаат сенките“
12.Емилија Матаничкова – „Парченца Македоноверзум“.

Единаесет збирки поезија се во поширок избор за наградата „Антев часовник“. Младите автори со своите поетски квалитети создадоа мошне силна и голема конкуренција, истакна жирито на фестивалот.

1.Бунјамил Мефаил – „Бодликави мисли“,
2.Софија Тодороска – „Птиците заминуваат на исток“,
3.Ива Пуовиќ – „Полет“,
4.Емануела Ковачевска Китановска – „Преписки“,
5.Мартина Костадиноска – „Пијавици“,
6.Нино Наумовски – „Индиго солзи“,
7.Матеја Талеска – „Патот на соништата“,
8.Марија Филоска – „Зад пердето на јазикот“,
9.Дарио Постоловски – „Заемно проникнување“,
10.Евгенија Узунова – „Потрага“
11.Стефан Спасовски – „Ќумур смоквин млеч“.

The post 12 збирки поезија во потесен круг за наградата „Антево перо“, 11 – за „Антев часовник“ appeared first on Република.

]]>

Дванаесет збирки поезија од 75 пристигнати, се избрани во потесна селекција за 7. награда „Антево перо“. На Конкурсот пристигнаа 75 поетски збирки кои имаат разноликост, креативност и особена автентичност и уникатност во поетскиот израз од автори од Италија, Австралија, Србија, Германија, Грција, Канада и од Македонија.
Она што е особено значајна придобивка и на што сме многу горди и среќни е тоа што наградата „Антево перо“ и името и творештвото на Анте Поповски оваа година беа провокација учество да земат и автори од албанската, ромската и другите етнички заедници што е за поздравување, велат организаторите.
Жири-комисијата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, претседател, д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски, членови, ги издвоија следните стихозбирки (редоследот е според нивното пристигнување на електронската адреса): На конкурсот, пак за „Антево перо“ за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик, издвоени се следните 12 поетски збирки кои се во поширок избор за наградата „Антево перо“: 1.Тони Попов – „Ми се чини дека некаде слушнав дете“, 2.Борче Грозданов – „Акростихови“, 3.Шифра: И камен и цвет – „На каменот“, 4. Пепи Стамков – „Собрани остатоци од светот“, 5. Ирена Бабамова Стојчева – „Сивка: геометрија на болката“, 6. Сашо Димоски – „Музеј на заборавот“, 7.Елизабета Тодороска – „Збирка“, 8.Даниела Андоновска Трајковска – „Царски рез на небото“, 9. Шифра: Цреша – „Скршена тишина“, 10.Шифра: Суштина – Анатомија на скриената болка“, 11.Агрон Усеини – „Каде што се раѓаат сенките“ 12.Емилија Матаничкова – „Парченца Македоноверзум“. Единаесет збирки поезија се во поширок избор за наградата „Антев часовник“. Младите автори со своите поетски квалитети создадоа мошне силна и голема конкуренција, истакна жирито на фестивалот. 1.Бунјамил Мефаил – „Бодликави мисли“, 2.Софија Тодороска – „Птиците заминуваат на исток“, 3.Ива Пуовиќ – „Полет“, 4.Емануела Ковачевска Китановска – „Преписки“, 5.Мартина Костадиноска – „Пијавици“, 6.Нино Наумовски – „Индиго солзи“, 7.Матеја Талеска – „Патот на соништата“, 8.Марија Филоска – „Зад пердето на јазикот“, 9.Дарио Постоловски – „Заемно проникнување“, 10.Евгенија Узунова – „Потрага“ 11.Стефан Спасовски – „Ќумур смоквин млеч“.

The post 12 збирки поезија во потесен круг за наградата „Антево перо“, 11 – за „Антев часовник“ appeared first on Република.

]]>
Награда за најдобра режија за краткиот филм „Дали си маж“ на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран https://republika.mk/scena/film/nagrada-za-najdobra-rezhija-za-kratkiot-film-dali-si-mazh-na-festivalot-preku-ezeroto-vo-dojran/ Mon, 12 Aug 2024 07:45:18 +0000 https://republika.mk/?p=805672

Заврши филмскиот фестивал „Преку езерото” во Стар Дојран. Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, понуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.

Краткиот филм Дали си маж / Are You a Man освои награда за најдобра режија на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран! Тоа е прва домашна награда, а ја прими продуцентката Ивана Шекуткоска!

The post Награда за најдобра режија за краткиот филм „Дали си маж“ на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран appeared first on Република.

]]>

Заврши филмскиот фестивал „Преку езерото” во Стар Дојран. Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, понуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро. Краткиот филм Дали си маж / Are You a Man освои награда за најдобра режија на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран! Тоа е прва домашна награда, а ја прими продуцентката Ивана Шекуткоска!

The post Награда за најдобра режија за краткиот филм „Дали си маж“ на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран appeared first on Република.

]]>
Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран https://republika.mk/vesti/kultura/dodelena-nagradata-meto-jovanovski-na-ofitsijalnoto-otvorane-filmskiot-festival-preku-ezeroto-vo-dojran/ Sat, 10 Aug 2024 14:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=805218

На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ беше доделена единствената НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ - магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој мината година ја одигра својата последна улога на овој свет и замина во светот на вечната игра и вечните соништа - актерот и сонувачот со отворени очи.

„ Да се зборува за трето издание на фестивал кој е создаден само од нашата страст да го споделиме светот на филмот со други луѓе навистина е, ама навистина многу, многу тревожна работа. Кога за прв пат ќе направиш нешто, на медитеранот тоа се нарекува: ``имање среќа``! Кога пак истото тоа ќе се повтори уште еднаш, дури и со намера, тоа ќе ти го опишат како:``абе, се случува``! И најпосле, кога е по трет пат, е дури тогаш може да се рече дека тоа нешто и навистина постои! Е-па, драги мои, ние сме само на миг пред третото издание на нашиот фестивал. Многу се радувам што со вас ќе ги споделиме овие незаборавни денови со приказни. Приказни од балканот и медитеранот, за кои сум убеден дека ќе ги променат нашите верувања дека на овој дел од светот има смисол да се верува во што и да е, ако е помалку од три пати! Верувајте. Ова е ``Преку езерото`` по трет пат, рече пред бројната публика проф. д-р Јани Бојаџи, директор на Фестивалот.

Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на филмскиот фестивал „Преку езерото“, Мими Ѓорговска Илиевска, која рече дека сè она што Владо Јовановски го прави различен од многу други актери, еднакво извонредни како него – е неговата посебност, неговата киногенија, неговото присуство во кадарот кое ве привлекува да го гледате дури и без да дејствува, без да збори, без да се движи, дури и без да трепка со очите вие сте ставени во ситуација да очекувате нешто да случи..

„Владо Јовановски е актер кој во кадар може да чита од телефонски именик а ние тоа да го доживееме како приказна, тажна и среќна во истото време. Владо Јовановски е она што на почетокот од ова патување наречено филм, од журналот го создало филмот, таков каков што го знаеме денес. Владо Јовановски е посебна, оригинална, неповторлива уметничка големина, и за наша среќа, актер во најдобрите години од својот живот од кого допрва ги очекуваме најизвонредните достигнувања на актерството во уметноста на филмот. Да е жив и здрав“ рече Ѓорговска Илиевска.

Наградата ја додели почесниот конзул на Република Србија во Македонија, Владимир Стајиќ.

„Пријатели на филмот, чест ми е што сум дел од филмскиот фестивалот „Преку езерото“ каде сите заедно ќе ја славиме уметноста, креативноста и страста на филмот. Вечерва моја е честа да ја доделам наградата на еден ислучителен уметник чие име е синоним за врвно актерство и посветеност на филмската уметност. Тој трпеливо ја градеше својата кариера и остави неизбришлива трага во светот на кинематографијата. Еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и кој стана миленик на публиката на целиот Балкан.. Добитник на НАГРАДАТА МЕТО ЈОВАНОВСКИ за изворедно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот е актерот Владо Јовановски“ рече Стајиќ.

Јовановски, пред бројната публика во Амфитеатарот во Дојран рече дека оваа награда е една огромна одговорност во идни ангажмани.

„Оваа награда што ми претставува особена чест, ќе ми претставува уште еден товар во куферите што ние актерите ги носиме на нашите плеќи. Ова треба да се оправда, ова треба да се заслужи, ова треба постојано и секогаш во секој наред проект да се достоинствено да се оправдува а тоа не е лесно. Господ да ми е напош“ рече Јовановски и се заблагодари за наградата.

Третото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“, традиционално го отвори домаќинот, градоначалникот на општина Дојран,  Анго Ангов , а публиката уживаше во проекцијата на „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ, Србија кој е истовремено и последниот филм на Мето Јовановски, во македонскиот „Параноик“ на Андреј Георгиев и францускиот „И покрај тоа што е ноќ“ на Гилермо Гарсија Лопез.

Претходно, во предпладневните часови, како дел од студенската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се оддржа вториот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови.

The post Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран appeared first on Република.

]]>

На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ беше доделена единствената НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ - магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој мината година ја одигра својата последна улога на овој свет и замина во светот на вечната игра и вечните соништа - актерот и сонувачот со отворени очи. „ Да се зборува за трето издание на фестивал кој е создаден само од нашата страст да го споделиме светот на филмот со други луѓе навистина е, ама навистина многу, многу тревожна работа. Кога за прв пат ќе направиш нешто, на медитеранот тоа се нарекува: ``имање среќа``! Кога пак истото тоа ќе се повтори уште еднаш, дури и со намера, тоа ќе ти го опишат како:``абе, се случува``! И најпосле, кога е по трет пат, е дури тогаш може да се рече дека тоа нешто и навистина постои! Е-па, драги мои, ние сме само на миг пред третото издание на нашиот фестивал. Многу се радувам што со вас ќе ги споделиме овие незаборавни денови со приказни. Приказни од балканот и медитеранот, за кои сум убеден дека ќе ги променат нашите верувања дека на овој дел од светот има смисол да се верува во што и да е, ако е помалку од три пати! Верувајте. Ова е ``Преку езерото`` по трет пат, рече пред бројната публика проф. д-р Јани Бојаџи, директор на Фестивалот. Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на филмскиот фестивал „Преку езерото“, Мими Ѓорговска Илиевска, која рече дека сè она што Владо Јовановски го прави различен од многу други актери, еднакво извонредни како него – е неговата посебност, неговата киногенија, неговото присуство во кадарот кое ве привлекува да го гледате дури и без да дејствува, без да збори, без да се движи, дури и без да трепка со очите вие сте ставени во ситуација да очекувате нешто да случи.. „Владо Јовановски е актер кој во кадар може да чита од телефонски именик а ние тоа да го доживееме како приказна, тажна и среќна во истото време. Владо Јовановски е она што на почетокот од ова патување наречено филм, од журналот го создало филмот, таков каков што го знаеме денес. Владо Јовановски е посебна, оригинална, неповторлива уметничка големина, и за наша среќа, актер во најдобрите години од својот живот од кого допрва ги очекуваме најизвонредните достигнувања на актерството во уметноста на филмот. Да е жив и здрав“ рече Ѓорговска Илиевска. Наградата ја додели почесниот конзул на Република Србија во Македонија, Владимир Стајиќ. „Пријатели на филмот, чест ми е што сум дел од филмскиот фестивалот „Преку езерото“ каде сите заедно ќе ја славиме уметноста, креативноста и страста на филмот. Вечерва моја е честа да ја доделам наградата на еден ислучителен уметник чие име е синоним за врвно актерство и посветеност на филмската уметност. Тој трпеливо ја градеше својата кариера и остави неизбришлива трага во светот на кинематографијата. Еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и кој стана миленик на публиката на целиот Балкан.. Добитник на НАГРАДАТА МЕТО ЈОВАНОВСКИ за изворедно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот е актерот Владо Јовановски“ рече Стајиќ. Јовановски, пред бројната публика во Амфитеатарот во Дојран рече дека оваа награда е една огромна одговорност во идни ангажмани. „Оваа награда што ми претставува особена чест, ќе ми претставува уште еден товар во куферите што ние актерите ги носиме на нашите плеќи. Ова треба да се оправда, ова треба да се заслужи, ова треба постојано и секогаш во секој наред проект да се достоинствено да се оправдува а тоа не е лесно. Господ да ми е напош“ рече Јовановски и се заблагодари за наградата. Третото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“, традиционално го отвори домаќинот, градоначалникот на општина Дојран,  Анго Ангов , а публиката уживаше во проекцијата на „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ, Србија кој е истовремено и последниот филм на Мето Јовановски, во македонскиот „Параноик“ на Андреј Георгиев и францускиот „И покрај тоа што е ноќ“ на Гилермо Гарсија Лопез. Претходно, во предпладневните часови, како дел од студенската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се оддржа вториот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови.

The post Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран appeared first on Република.

]]>
Продолжен рокот за достава на дела за наградата „Мост“ на ДПМ за 2023 година https://republika.mk/vesti/kultura/prodolzhen-rokot-za-dostava-na-dela-za-nagradata-most-na-dpm-za-2023-godina/ Fri, 09 Aug 2024 10:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=804910

Друштвото на писателите на Македонија информира дека рокот за достава на дела на конкурсот за наградата „Мост“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, за дела објавени на некој од јазиците на националностите, се продолжува до 1 септември (недела).

Потсетуваме дека согласно Правилникот за доделување на годишните награди на ДПМ, за секоја од наградите потребно е да се достават најмалку 3 дела за да биде конституирана жири-комисија и наградата да се додели.

За наградата „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади, како и книги со книжевна критика и есеистика. За учество, потребно е до ДПМ да биде доставено делото испечатено на изворниот јазик, како и превод/препев на дел од делото. Конкретно, треба да се достават најмалку 20 страници од делото (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади). Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј, итн.), да бидат извадени од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани на македонски јазик.

За наградата мост можат да конкурираат сите активни членови на ДПМ, кои ги имаат подмирено своите членарини во Друштвото, стои во соопштението.

The post Продолжен рокот за достава на дела за наградата „Мост“ на ДПМ за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Друштвото на писателите на Македонија информира дека рокот за достава на дела на конкурсот за наградата „Мост“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, за дела објавени на некој од јазиците на националностите, се продолжува до 1 септември (недела).

Потсетуваме дека согласно Правилникот за доделување на годишните награди на ДПМ, за секоја од наградите потребно е да се достават најмалку 3 дела за да биде конституирана жири-комисија и наградата да се додели.

За наградата „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади, како и книги со книжевна критика и есеистика. За учество, потребно е до ДПМ да биде доставено делото испечатено на изворниот јазик, како и превод/препев на дел од делото. Конкретно, треба да се достават најмалку 20 страници од делото (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади). Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј, итн.), да бидат извадени од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани на македонски јазик.

За наградата мост можат да конкурираат сите активни членови на ДПМ, кои ги имаат подмирено своите членарини во Друштвото, стои во соопштението.

The post Продолжен рокот за достава на дела за наградата „Мост“ на ДПМ за 2023 година appeared first on Република.

]]>