награда за животно дело Archives - Република https://republika.mk/tema/nagrada-za-zivotno-delo/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jun 2024 08:27:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награда за животно дело Archives - Република https://republika.mk/tema/nagrada-za-zivotno-delo/ 32 32 Нема стар и нов, има само добар и лош театар https://republika.mk/vesti/kultura/nema-star-i-nov-ima-samo-dobar-i-losh-teatar/ Fri, 14 Jun 2024 08:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=787480

Театарот е најжилава уметност. Имал свои подеми и падови, но секогаш успевал да се издигне, да се избори со лошите услови, со времињата, вакви или онакви, вели во разговор за „Република“ актерката Мими Таневска Србиновска.

Актерите Таневска Србиновска и Јордан Витанов се добитници на наградите за животно дело на 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодински“ Прилел одлучи Собранието на фестивалот, кој завршува в петок, на 14 јуни.

Таневска Србиновска е реномирана театарска, филмска и телевизиска актерка и професорка по актерска игра на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), која со својата посветена работа и професионален ангажман дава огромен придонес во развојот на македонската култура и образование речиси четири децении. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности, Скопје во 1984 година, а магистрирала на Институтот за македонски јазик и литература-културолошки студии во 2010 година.

По дипломирањето од 1985 до 1999 година е редовно вработена во Македонскиот народен театар во Скопје, каде одиграла значајни улоги од светската и од домашната драматургија високо вреднувани од критиката во земјата, како и надвор од неа. Освен во својата матична куќа таа како актерка- гостин играла и во претстави во повеќе театри во Македонија. Со нејзините претстави учествувала на многу театарски фестивали во Македонија како и надвор од државата „Стеријино позорје“ во Нови Сад, МЕСС во Сараево, Меѓународниот фестивал во Елбасан – Албанија, Светскиот театарски фестивал во Богота – Колумбија, „Боршникова сречања“ во Словенија, Меѓународниот театарски фестивал во Корча –Албанија, МТФ „Војдан Чернодрински“– Прилеп, „Охридско лето“ – Охрид итн..

Во 2000 година се вработува на Факултетот за драмски уметности, Скопје и ја започнува својата наставна и педагошка дејност со студентите по актерска игра. Во 2013 е избрана за раководител на Катедрата по актерска игра и сенатор.

Од 2015 до 2019 година е избрана за продекан за настава на УКИМ, Факултет за драмски уметности, Скопје. Од декември 2019 до декември 2022 ја извршува функцијата на декан на Факултет за драмски уметности, Скопје.

Што значат наградите за еден актер, посебно оние што се доделуваат за животно дело? Оваа награда, како што рековте и на отворањето на Фестивалот, за вас е е посебно драга, бидејќи доаѓа од театарџиите?

Таневска: Наградите кога се добиваат, секако дека значат, но тие треба што поскоро да се тргнат на страна, да се ужива во нив неколку денови, а потоа да се изместите од зоната на конфорот и да тргнете понатаму. Оваа награда за животно дело ја примив навистина со огромно задоволство, пред сè, затоа што таа доаѓа од страна на моите колеги, мојата фела, бранша, или како што би рекол Горан Стефановски, од моите театарџии. Особено ми е драго што наградата ја добивам токму на 58. издание на Фестивалот, на кое автор во фокусот е Горан Стефановски, кој зазема еден голем и значаен дел во мојата актерска биографија. Мојата генерација актерски растеше со неговите драми. Тој беше нашиот патоказ. Ние растевме со неговите приказни. Неговите приказни ги препознававме како наши, напишани од нашиот Горан... Тој така едноставно ги кажуваше и најсложените работи, ги сублимираше, влегуваше во самата срж на нештата. На доделувањето имав потреба да и се заблагодарам и на публиката, која сиве овие изминати години беше секогаш со мене и секогаш имав впечаток дека не играв за публиката, туку со публиката, т.е заедно со неа. Од тоа заедништво и размена на емоции се случиле некои прекрасни мигови на сцената за кои секој актер живее и за кои вреди човек да се занимава со оваа професија, која е неделива од животот.

Вие сте и двократна добитничка на наградата „Војдан Чернодински“ за најдобра женска улога.

Таневска: Секогаш се радувам кога ќе дојдам во Прилеп. Ми буди убави спомени на некои убави процеси што сум ги имала, работејки на претставите како гостин во Прилепскиот театар. Особено ми е драго кога ќе дојдам на фестивалот„ Војдан Чернодрински“ на кој многу пати сум настапувала, сум добивала награди, сум била селектор, жири итн. Оваа година сум добитник на наградата за животно дело. Пријатно ми е во Прилеп, иако веќе сме во жолта кон портокалова фаза на жештина. Фестивалот, како и сцената во Прилеп ги доживувам како свои. Всушност, секоја сцена ја доживував како своја. Повторно ќе го цитирам Горан Стефановски, секогаш треба да го цитираме. Тој има кажано дека каде и да оди, во кој било театар низ светот, тој се чувствува како дома. Како свој меѓу своите. Во Македонија сум играла на повеќе сцени, матична куќа ми беше МНТ, како студент започнав во Драмски театар, играв и во самостојни проекти, играв и во Куманово, Прилеп, Битола...и секогаш кога сум на сцена, се чувствувам како да сум дома, како да сум со своја театарска фамилија. Своја меѓу своите.

[caption id="attachment_787488" align="alignnone" width="701"] Мими Таневска Србиновска: Јас би рекла театарот е најжилава уметност[/caption]

Ги имате поминато сите скалила, од детската радио драма, преку аматерскиот театар „Чекори“ , па дипломиравте на Факултетот за драмски уметности, бевте дел од ансамблот на МНТ, па професор по актерска игра, потоа и декан на ФДУ. Ретко кој актер може да се пофали со ваква кариера.

Таневска: Претпоставувам дека многу од актерите го поминале овој пат. Веројатно се раѓаме со љубовта кон актерството и театарот. Детска радио драма, аматерски друштва, драмски секции, некако ме привлекувало сето тоа. Актерството е порив, опсесија, зараза која не поминува. Еднаш штом стапнете на сцена, повеќе нема назад. Јас се запишав на Економски факултет, мислејќи дека ќе ми помине таа зараза, ама не поминуваше, туку траеше, живееше во мене. Тогаш сфатив дека актерството е зараза, но и лек во исто време, па се запишав на ФДУ. Ми се чини дека дури театарот да сака да се откаже од мене, јас никако да се ослободам од него. Тој е тука, секогаш бил и ќе биде тука негде длабоко во моето срце.Тој е во мене. Имав можност да играм и на филм и во телевизиски проекти, но јас дефинитивно сум театарски човек. Она што ме интересира е театарот и сцената и пред се процесот на работа, пробите. Премиерата е нешто сосема друго, но процесот на работа е нешто што мене ми причинува големо задоволство. За тој процес и со тој процес живеам. Актерството како професија е неделиво од животот. Просто е така. Затоа оваа професија е многу комплицирана и многу тешка. Бара цел човек. Во театар не може да бидете или да не бидете. Мора да бидете во вистинската смисла на зборот.Онаа прочуена хамлетовска реплика „Да се биде или не прашање е сега“, за актерите е прашање, но и одговор исто така.

Разговараме токму на денот посветен на Горан Стефановски, кој е автор во фокусот на 58. Издание на „Војдан Чернодрински“. Токму за улогата на Цвета во „Црна дупка“на Стефановски ја добивте „Стеријната награда“. Колку е важен и значаен влогот на Стефановски во македонскиот театар?

Таневска: Огромен и непроценлив и не само со своите генијални драми, туку и со своите размисли, би рекла, на ниво на филозофија. Во тие размислувања, во неговиот поглед на светот, тој беше далеку пред времето во кое живееше. Едноставно умееше со малку зборови да ја долови и да допре до суштината на нештата. Ги сублимираше работите. Влегуваше во сржта на нештата. Уште долго ќе го цитираме Горан Стефановски. Нашите претстави ќе бледеат со текот на времето, но неговите текстови ќе траат засекогаш. Инаку, режисер на претставата „Црна дупка“ беше Паоло Маџели со кого имав исклучителна соработка, а претставата беше во продукција на МНТ и тоа беше сјајна претстава со одлична актерска екипа. Процесот беше фантаситчен и драго ми е што „Стериината награда“ ја добив за улога во претстава работена по текст на Стефановски. Како и во сите негови драми, така и во „Црна дупка“ се беше едноставно кажано, но допрено до самата срж, како што само тој умееше.

Театарот е најживата уметност. Денес што му е потребно на македонскиот театар?

Таневска: Јас би рекла театарот е најжилава уметност. Театарот имал свои подеми и падови. Но, тој секогаш успевал да се издигне, да се избори со лошите услови, со времиња, вакви или онакви. Тој опстојува со векови. Мора да сфатиме дека ние сме минливи во театарот, а театарот е постојан и е над сите нас. Нашето постоење во театарот треба да се потрудиме што повеќе да го искористиме за негово унапредување. Играјќи сериозно, градејќи улоги, добри претстави. Театарот е жилава работа, не се дава. Ништо не може да го уништи и драго ми е поради тоа. Се зборува за некаков нов театар. Јас не знам кој е тој нов театар, Нема стар и нов театар, има само добар и лош театар. Што се однесува до новоста, единствено верувам во новите луѓе што ќе се бават со театар, новите идеи што ќе дојдат. Ние сме ја донеле нашата естетика, сега останува на младите генерации да понудат своја естетика да си ја пронајдат својата смила, да измислат свои правила и да го унапредуваат театарот постојано. А театарот треба да биде отворена врата за сите храбри, авангардни, креативни идеи. Отворена врата за секоја нова генерација на театарски создаватели, кои се должни да го надградуваат .Театарот е континуитет и мора постојано да се движи напред, не смее да има празен од. Театарот треба да биде доследен на својата цел:да ги отвора вистинските прашања, да коментира, да просветлува, да вознемирува, да возбудува, да открива, да го одбира и да оди по патот на вистината, да го покренува духот, да воспоставува систем на вистински вредности, да бранува, да раздвижува, да гради високи естетски критериуми, да провоцира, да го брани својот интегритет, да ги крши конвенциите...

„Промени се, промени се“, е мотото на годинашното издание на „Војдан Чернодрински“. Со оглед на вашата богата кариера и како актер и како професор, дали сметате дека сте го промениле театарот?

Таневска: Според критиката, според колегите, според публиката и наградите што сум ги добила, сметам дека како актерка преку своите улоги сум одела во насока на негово естетско унапредување. Еве, конечно и оваа награда ми говори дека сум одела во добра насока и дека сум била на вистинскиот пат. Како професор сметам дека образовниот процес е двонасочен т.е колку студентите учат од својот професор толку и професорот учи од нив. Учењето беше взаемно. Многу сум задоволна што низ таквиот образовен процес поминале пет генерации мои студенти. Од 2000 година до денес, од моите студенти излегле бројни актери кои успешно го водат репертоарот во македонските театри, играле значајни улоги во филмови од македонската и светската продукција, биле наградувани и високо вреднувани од публиката и критиката. На некои од нив сум многу горда. Покрај актерскиот занает секогаш се трудев да ги научам да имаат крајно професионално однесување во театарот, да имаат една крајна посветеност и одговорност кон својата професија и пред се да бидат добри луѓе, секогаш со добра мисла. Тоа е особено битно денес.

Вие лани се пензиониравте како професорка н ФДУ, но тоа не значи дека сте пензионирана актерка, можете уште да глумите. Колку е сцената во Македонија отворена за возрасните актери?

Таневска: Одамна немам настапувано во театар не заради тоа што не сакав, туку затоа што навистина беше невозможно. Професурата бара цел човек, актерството исто така и не можете да бидете на две места во исто време и двете работи да ги извршувате добро. Јас бев и продекан за настава четири години, а потоа и декан на ФДУ во еден мандат, така што, покрај редовните часови со студентите дополнително ми беа зголемени обврските кон ФДУ, и сето тоа да се организира дополнително со ангажман во театар беше навистина невозможно. Сега сум во пензија, но тоа како што и вие кажавте, не значи дека сум пензионирана актерка. Сметам дека за актерите не постои пензионирање. Актерите се актери до крајот на животот.

Може ли да се живее достоинствен живот во Македонија како актер? Се грижи ли оваа држава за своите великани?

Таневска: Сметам дека оваа држава треба повеќе да се грижи за културата воопшто т.е. за сите нејзини сегменти. Културата е нашиот репрезент и нашата препознатливост и видливост во светот, нашиот идентитет. И пак ќе го цитирам Горан Стефановски: „Идентитетот е приказна за тоа кои сме, зошто сме и што сакаме. За да можеме да преживееме во суровиот свет, оваа приказна мора да е точна....Погрешната приказна може скапо да не чини, да не одведе во заблуда, во ќорсокак, во смрт....Имаме насушна потреба да ја разбереме приказната за себе, да се огледаме, да се препознаеме, да се окуражиме...Но едно е јасно: ниедна култура не може да опсане без точна, снажна и автентична приказна! И не само тоа: Културата Е токму таа точна и снажна и автентична приказна.“

Што би им препорачале на денешните млади генерации, на вашите наследници?

Таневска: Да бидат свои, автентични, да донесат свој свет на сцената. Театарот бара оригиналност, автентичност, храброст. А од институциите очекувам широко да ги отворат вратите за младите и да им дадат шанса да покажат се што знаат и умеат. И да ги поддржат во тоа. Да знаат во животот ( актерската професија е неделива од животот) да се носат како со неуспехот така и со успехот . Особено треба да знаат како да се носат со успехот. Токму денешните млади генерации се тие што треба да донесат нови правила, нова енергија, нова естетика, да најдат нова смисла. Да бидат пред се личности со став и во секоја улога убедливи, поинакви, неповторливи.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

The post Нема стар и нов, има само добар и лош театар appeared first on Република.

]]>

Театарот е најжилава уметност. Имал свои подеми и падови, но секогаш успевал да се издигне, да се избори со лошите услови, со времињата, вакви или онакви, вели во разговор за „Република“ актерката Мими Таневска Србиновска. Актерите Таневска Србиновска и Јордан Витанов се добитници на наградите за животно дело на 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодински“ Прилел одлучи Собранието на фестивалот, кој завршува в петок, на 14 јуни. Таневска Србиновска е реномирана театарска, филмска и телевизиска актерка и професорка по актерска игра на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), која со својата посветена работа и професионален ангажман дава огромен придонес во развојот на македонската култура и образование речиси четири децении. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности, Скопје во 1984 година, а магистрирала на Институтот за македонски јазик и литература-културолошки студии во 2010 година. По дипломирањето од 1985 до 1999 година е редовно вработена во Македонскиот народен театар во Скопје, каде одиграла значајни улоги од светската и од домашната драматургија високо вреднувани од критиката во земјата, како и надвор од неа. Освен во својата матична куќа таа како актерка- гостин играла и во претстави во повеќе театри во Македонија. Со нејзините претстави учествувала на многу театарски фестивали во Македонија како и надвор од државата „Стеријино позорје“ во Нови Сад, МЕСС во Сараево, Меѓународниот фестивал во Елбасан – Албанија, Светскиот театарски фестивал во Богота – Колумбија, „Боршникова сречања“ во Словенија, Меѓународниот театарски фестивал во Корча –Албанија, МТФ „Војдан Чернодрински“– Прилеп, „Охридско лето“ – Охрид итн.. Во 2000 година се вработува на Факултетот за драмски уметности, Скопје и ја започнува својата наставна и педагошка дејност со студентите по актерска игра. Во 2013 е избрана за раководител на Катедрата по актерска игра и сенатор. Од 2015 до 2019 година е избрана за продекан за настава на УКИМ, Факултет за драмски уметности, Скопје. Од декември 2019 до декември 2022 ја извршува функцијата на декан на Факултет за драмски уметности, Скопје. Што значат наградите за еден актер, посебно оние што се доделуваат за животно дело? Оваа награда, како што рековте и на отворањето на Фестивалот, за вас е е посебно драга, бидејќи доаѓа од театарџиите? Таневска: Наградите кога се добиваат, секако дека значат, но тие треба што поскоро да се тргнат на страна, да се ужива во нив неколку денови, а потоа да се изместите од зоната на конфорот и да тргнете понатаму. Оваа награда за животно дело ја примив навистина со огромно задоволство, пред сè, затоа што таа доаѓа од страна на моите колеги, мојата фела, бранша, или како што би рекол Горан Стефановски, од моите театарџии. Особено ми е драго што наградата ја добивам токму на 58. издание на Фестивалот, на кое автор во фокусот е Горан Стефановски, кој зазема еден голем и значаен дел во мојата актерска биографија. Мојата генерација актерски растеше со неговите драми. Тој беше нашиот патоказ. Ние растевме со неговите приказни. Неговите приказни ги препознававме како наши, напишани од нашиот Горан... Тој така едноставно ги кажуваше и најсложените работи, ги сублимираше, влегуваше во самата срж на нештата. На доделувањето имав потреба да и се заблагодарам и на публиката, која сиве овие изминати години беше секогаш со мене и секогаш имав впечаток дека не играв за публиката, туку со публиката, т.е заедно со неа. Од тоа заедништво и размена на емоции се случиле некои прекрасни мигови на сцената за кои секој актер живее и за кои вреди човек да се занимава со оваа професија, која е неделива од животот. Вие сте и двократна добитничка на наградата „Војдан Чернодински“ за најдобра женска улога. Таневска: Секогаш се радувам кога ќе дојдам во Прилеп. Ми буди убави спомени на некои убави процеси што сум ги имала, работејки на претставите како гостин во Прилепскиот театар. Особено ми е драго кога ќе дојдам на фестивалот„ Војдан Чернодрински“ на кој многу пати сум настапувала, сум добивала награди, сум била селектор, жири итн. Оваа година сум добитник на наградата за животно дело. Пријатно ми е во Прилеп, иако веќе сме во жолта кон портокалова фаза на жештина. Фестивалот, како и сцената во Прилеп ги доживувам како свои. Всушност, секоја сцена ја доживував како своја. Повторно ќе го цитирам Горан Стефановски, секогаш треба да го цитираме. Тој има кажано дека каде и да оди, во кој било театар низ светот, тој се чувствува како дома. Како свој меѓу своите. Во Македонија сум играла на повеќе сцени, матична куќа ми беше МНТ, како студент започнав во Драмски театар, играв и во самостојни проекти, играв и во Куманово, Прилеп, Битола...и секогаш кога сум на сцена, се чувствувам како да сум дома, како да сум со своја театарска фамилија. Своја меѓу своите. [caption id="attachment_787488" align="alignnone" width="701"] Мими Таневска Србиновска: Јас би рекла театарот е најжилава уметност[/caption] Ги имате поминато сите скалила, од детската радио драма, преку аматерскиот театар „Чекори“ , па дипломиравте на Факултетот за драмски уметности, бевте дел од ансамблот на МНТ, па професор по актерска игра, потоа и декан на ФДУ. Ретко кој актер може да се пофали со ваква кариера. Таневска: Претпоставувам дека многу од актерите го поминале овој пат. Веројатно се раѓаме со љубовта кон актерството и театарот. Детска радио драма, аматерски друштва, драмски секции, некако ме привлекувало сето тоа. Актерството е порив, опсесија, зараза која не поминува. Еднаш штом стапнете на сцена, повеќе нема назад. Јас се запишав на Економски факултет, мислејќи дека ќе ми помине таа зараза, ама не поминуваше, туку траеше, живееше во мене. Тогаш сфатив дека актерството е зараза, но и лек во исто време, па се запишав на ФДУ. Ми се чини дека дури театарот да сака да се откаже од мене, јас никако да се ослободам од него. Тој е тука, секогаш бил и ќе биде тука негде длабоко во моето срце.Тој е во мене. Имав можност да играм и на филм и во телевизиски проекти, но јас дефинитивно сум театарски човек. Она што ме интересира е театарот и сцената и пред се процесот на работа, пробите. Премиерата е нешто сосема друго, но процесот на работа е нешто што мене ми причинува големо задоволство. За тој процес и со тој процес живеам. Актерството како професија е неделиво од животот. Просто е така. Затоа оваа професија е многу комплицирана и многу тешка. Бара цел човек. Во театар не може да бидете или да не бидете. Мора да бидете во вистинската смисла на зборот.Онаа прочуена хамлетовска реплика „Да се биде или не прашање е сега“, за актерите е прашање, но и одговор исто така. Разговараме токму на денот посветен на Горан Стефановски, кој е автор во фокусот на 58. Издание на „Војдан Чернодрински“. Токму за улогата на Цвета во „Црна дупка“на Стефановски ја добивте „Стеријната награда“. Колку е важен и значаен влогот на Стефановски во македонскиот театар? Таневска: Огромен и непроценлив и не само со своите генијални драми, туку и со своите размисли, би рекла, на ниво на филозофија. Во тие размислувања, во неговиот поглед на светот, тој беше далеку пред времето во кое живееше. Едноставно умееше со малку зборови да ја долови и да допре до суштината на нештата. Ги сублимираше работите. Влегуваше во сржта на нештата. Уште долго ќе го цитираме Горан Стефановски. Нашите претстави ќе бледеат со текот на времето, но неговите текстови ќе траат засекогаш. Инаку, режисер на претставата „Црна дупка“ беше Паоло Маџели со кого имав исклучителна соработка, а претставата беше во продукција на МНТ и тоа беше сјајна претстава со одлична актерска екипа. Процесот беше фантаситчен и драго ми е што „Стериината награда“ ја добив за улога во претстава работена по текст на Стефановски. Како и во сите негови драми, така и во „Црна дупка“ се беше едноставно кажано, но допрено до самата срж, како што само тој умееше. Театарот е најживата уметност. Денес што му е потребно на македонскиот театар? Таневска: Јас би рекла театарот е најжилава уметност. Театарот имал свои подеми и падови. Но, тој секогаш успевал да се издигне, да се избори со лошите услови, со времиња, вакви или онакви. Тој опстојува со векови. Мора да сфатиме дека ние сме минливи во театарот, а театарот е постојан и е над сите нас. Нашето постоење во театарот треба да се потрудиме што повеќе да го искористиме за негово унапредување. Играјќи сериозно, градејќи улоги, добри претстави. Театарот е жилава работа, не се дава. Ништо не може да го уништи и драго ми е поради тоа. Се зборува за некаков нов театар. Јас не знам кој е тој нов театар, Нема стар и нов театар, има само добар и лош театар. Што се однесува до новоста, единствено верувам во новите луѓе што ќе се бават со театар, новите идеи што ќе дојдат. Ние сме ја донеле нашата естетика, сега останува на младите генерации да понудат своја естетика да си ја пронајдат својата смила, да измислат свои правила и да го унапредуваат театарот постојано. А театарот треба да биде отворена врата за сите храбри, авангардни, креативни идеи. Отворена врата за секоја нова генерација на театарски создаватели, кои се должни да го надградуваат .Театарот е континуитет и мора постојано да се движи напред, не смее да има празен од. Театарот треба да биде доследен на својата цел:да ги отвора вистинските прашања, да коментира, да просветлува, да вознемирува, да возбудува, да открива, да го одбира и да оди по патот на вистината, да го покренува духот, да воспоставува систем на вистински вредности, да бранува, да раздвижува, да гради високи естетски критериуми, да провоцира, да го брани својот интегритет, да ги крши конвенциите... „Промени се, промени се“, е мотото на годинашното издание на „Војдан Чернодрински“. Со оглед на вашата богата кариера и како актер и како професор, дали сметате дека сте го промениле театарот? Таневска: Според критиката, според колегите, според публиката и наградите што сум ги добила, сметам дека како актерка преку своите улоги сум одела во насока на негово естетско унапредување. Еве, конечно и оваа награда ми говори дека сум одела во добра насока и дека сум била на вистинскиот пат. Како професор сметам дека образовниот процес е двонасочен т.е колку студентите учат од својот професор толку и професорот учи од нив. Учењето беше взаемно. Многу сум задоволна што низ таквиот образовен процес поминале пет генерации мои студенти. Од 2000 година до денес, од моите студенти излегле бројни актери кои успешно го водат репертоарот во македонските театри, играле значајни улоги во филмови од македонската и светската продукција, биле наградувани и високо вреднувани од публиката и критиката. На некои од нив сум многу горда. Покрај актерскиот занает секогаш се трудев да ги научам да имаат крајно професионално однесување во театарот, да имаат една крајна посветеност и одговорност кон својата професија и пред се да бидат добри луѓе, секогаш со добра мисла. Тоа е особено битно денес. Вие лани се пензиониравте како професорка н ФДУ, но тоа не значи дека сте пензионирана актерка, можете уште да глумите. Колку е сцената во Македонија отворена за возрасните актери? Таневска: Одамна немам настапувано во театар не заради тоа што не сакав, туку затоа што навистина беше невозможно. Професурата бара цел човек, актерството исто така и не можете да бидете на две места во исто време и двете работи да ги извршувате добро. Јас бев и продекан за настава четири години, а потоа и декан на ФДУ во еден мандат, така што, покрај редовните часови со студентите дополнително ми беа зголемени обврските кон ФДУ, и сето тоа да се организира дополнително со ангажман во театар беше навистина невозможно. Сега сум во пензија, но тоа како што и вие кажавте, не значи дека сум пензионирана актерка. Сметам дека за актерите не постои пензионирање. Актерите се актери до крајот на животот. Може ли да се живее достоинствен живот во Македонија како актер? Се грижи ли оваа држава за своите великани? Таневска: Сметам дека оваа држава треба повеќе да се грижи за културата воопшто т.е. за сите нејзини сегменти. Културата е нашиот репрезент и нашата препознатливост и видливост во светот, нашиот идентитет. И пак ќе го цитирам Горан Стефановски: „Идентитетот е приказна за тоа кои сме, зошто сме и што сакаме. За да можеме да преживееме во суровиот свет, оваа приказна мора да е точна....Погрешната приказна може скапо да не чини, да не одведе во заблуда, во ќорсокак, во смрт....Имаме насушна потреба да ја разбереме приказната за себе, да се огледаме, да се препознаеме, да се окуражиме...Но едно е јасно: ниедна култура не може да опсане без точна, снажна и автентична приказна! И не само тоа: Културата Е токму таа точна и снажна и автентична приказна.“ Што би им препорачале на денешните млади генерации, на вашите наследници? Таневска: Да бидат свои, автентични, да донесат свој свет на сцената. Театарот бара оригиналност, автентичност, храброст. А од институциите очекувам широко да ги отворат вратите за младите и да им дадат шанса да покажат се што знаат и умеат. И да ги поддржат во тоа. Да знаат во животот ( актерската професија е неделива од животот) да се носат како со неуспехот така и со успехот . Особено треба да знаат како да се носат со успехот. Токму денешните млади генерации се тие што треба да донесат нови правила, нова енергија, нова естетика, да најдат нова смисла. Да бидат пред се личности со став и во секоја улога убедливи, поинакви, неповторливи. Разговараше: Александра М. Бундалевска Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

The post Нема стар и нов, има само добар и лош театар appeared first on Република.

]]>
Актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски се добитници на наградата за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодински“ https://republika.mk/vesti/kultura/akterite-petar-temelkovski-i-petar-mirchevski-se-dobitnitsi-na-nagradata-za-zhivotno-delo-na-festivalot-vojdan-chernodinski/ Mon, 15 May 2023 12:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=640994

Со претставата „Инферно“ според Данте Алигиери, а во режија на Дејан Пројковски на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес која е селектирана во официјалната програма, на 9 јуни ќе се отвори 57. издание на Македонскиот театарскии фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Српско народно позориште од Нови Сад ќе го затвори фестивалот на 16 јуни со претставата „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски.

Годинашни добитници на наградата за животно дело на Фестивалот се актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски.

Девет претстави во официјална, седум од независна продукција, две од придружна програма и една дипломска претстава ќе бидат дел од програмата на Фестивал „Војдан Чернодрински“ што годинава ќе се одржи од 9 до 16 јуни.

Програмата денеска во Прилеп ја соопшти Ана Стојаноска, директорка и селектор на фестивалот, кој годинава се одржува под мотото „Враќање дома“.

Од 52 одгледани претстави низ целата земја, во периодот од 22 септември 2022 до 10 мај 2023, Стојаноска програмата ја конципираше во четири различни програми: Официјална селекција, ОФФ актива, Независна продукција што игра македонски автори и Видеопрограма.

„Театар: радоста на играта или пркосот на креацијата“ е насловот на концептот што ги обединува избраните претстави.

Понудената слика низ македонските театарски институции покажа неколку важни елементи со кои се соочува денес театарот кај нас. Сликата не е унисона, ниту покажува дека постои сериозна стратегија што треба да е денес театарски идентитет. Најпоразително е тоа што нема интерес за поставување домашни драми. Предизвикот да се селектира програмата за ова издание на фестивалот беше огромен, затоа што сметав дека на најстариот и најзначајниот македонски театарски фестивал треба да се покаже денешната актуелна театарска практика низ еден сериозен концепт. Концепт што ќе ни покаже каде сме и до каде сме и концепт кој треба да нѐ замисли и сериозно да ја наметне потребата да создаваме подобар театар. Во суштина, она што доминира во овој мој избор е креативноста на актерската игра, автентичните режисерски естетики и интересот кон драмската и не само драмска продукција на познатите автори, т.н класици. Добро е што некои од тие класични дела се актуелизирани и контекстуализирани, што мислам дека е важно да се покаже – рече Стојаноска.

[caption id="attachment_640996" align="alignnone" width="1000"] Главните создавачи на македонската театарска практика треба повеќе да се фокусираат на домашните драми, смета Ана Стојаноска, директорка и селекторка на Фестивалот фото: МТФ „Војдан Чернодрински“[/caption]

Глобалната слика на денешната театарска практика покажува дека не постои сериозна репертоарна политика, ниту концепт во кој се развива една театарска институција, истакна во своето образложение на програмата Стојаноска.

Сметам дека главните создавачи на македонската театарска практика треба повеќе да се фокусираат на домашните драми, на актуелната театарска естетика и пред сѐ, секој режисер и директор на театар да го има предвид ансамблот со кој ја создава претставата. Од избраните претстави евидентно е дека недостига претстава работена според драма на македонски автор. За жал, тековната продукција понуди малку претстави од македонска драма, но затоа како уметнички директор го иницирав откупот на драми од македонски автори и повикот за претстави од независната продукција што игра македонски автори.

Во официјалната програма се следниве претстави: „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар – Скопје, „Бесачи“ од Мартин Мекдона, во режија на Јавор Грдев, продукција на Македонскиот народен театар – Скопје, „Инферно“ според Данте Алигери, во режија на Дејан Пројковски, продукција на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, „Мy name is Medeјa“ според Еврипид, драматизација на Милан Рамшак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват, продукција на Народен театар – Битола, „Три сестри“ од Антон П.Чехов, во режија на Кендрим Ријани, продукција на Албански театар – Скопје, „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристовска, Народен театар – Охрид, „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, Театар за деца и младинци – Скопје, „Женска гардероба“ од Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска, Театар Комедија – Скопје.

Во придружната програма се: „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу, продукција на Турски театар – Скопје, „Циркус Пирандело“ според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, продукција на Народен театар „Антон Панов“ – Струмица.

Независна продукција што игра домашни автори: „Елегија во пет здива“ автор и режисер Филип Петковски, „Заминувања“ – колективно авторство, режија на Драгана Гунин, независна продукција во соработка со Мировна продукција, „Срам“ од Ангела Стојановска, режија на Милош Б.Андоновски, Продукција на „Тииит! Инк“, „Скопјани“ според раскази на Оливера Ќорверзировска и колективно авторство на актерската екипа, режија на Милош Б.Андоновски, „Глум(и)ци“ колективно авторство и режија, продукција на „Артопија“, „Подготвено“ според поезија и проза на Ѓоко Здравески, раскази на Елизабета Баковска, поезија на Блаже Конески и адаптација на сцена од „Трите високи жени“ од Едвард Олби, режија на Дејан Спасовиќ, продукција на „РКЦ РАКАТРАК“,  „Are you crazy? (Улаф сте?)“ автор и режисер Јован Ристовски, продукција на „АТО Центар за современа уметност и култура“ – Битола.

Стојаноска исто така ја најави програмата „Автор во фокус“, што прв пат се воведува на фестивалот. Годинава тоа ќе биде Коле Чашуле (1921-2009), драмски автор, писател, есеист, општествен деец.

The post Актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски се добитници на наградата за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодински“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Инферно“ според Данте Алигиери, а во режија на Дејан Пројковски на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес која е селектирана во официјалната програма, на 9 јуни ќе се отвори 57. издание на Македонскиот театарскии фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Српско народно позориште од Нови Сад ќе го затвори фестивалот на 16 јуни со претставата „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски. Годинашни добитници на наградата за животно дело на Фестивалот се актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски. Девет претстави во официјална, седум од независна продукција, две од придружна програма и една дипломска претстава ќе бидат дел од програмата на Фестивал „Војдан Чернодрински“ што годинава ќе се одржи од 9 до 16 јуни. Програмата денеска во Прилеп ја соопшти Ана Стојаноска, директорка и селектор на фестивалот, кој годинава се одржува под мотото „Враќање дома“. Од 52 одгледани претстави низ целата земја, во периодот од 22 септември 2022 до 10 мај 2023, Стојаноска програмата ја конципираше во четири различни програми: Официјална селекција, ОФФ актива, Независна продукција што игра македонски автори и Видеопрограма. „Театар: радоста на играта или пркосот на креацијата“ е насловот на концептот што ги обединува избраните претстави.
Понудената слика низ македонските театарски институции покажа неколку важни елементи со кои се соочува денес театарот кај нас. Сликата не е унисона, ниту покажува дека постои сериозна стратегија што треба да е денес театарски идентитет. Најпоразително е тоа што нема интерес за поставување домашни драми. Предизвикот да се селектира програмата за ова издание на фестивалот беше огромен, затоа што сметав дека на најстариот и најзначајниот македонски театарски фестивал треба да се покаже денешната актуелна театарска практика низ еден сериозен концепт. Концепт што ќе ни покаже каде сме и до каде сме и концепт кој треба да нѐ замисли и сериозно да ја наметне потребата да создаваме подобар театар. Во суштина, она што доминира во овој мој избор е креативноста на актерската игра, автентичните режисерски естетики и интересот кон драмската и не само драмска продукција на познатите автори, т.н класици. Добро е што некои од тие класични дела се актуелизирани и контекстуализирани, што мислам дека е важно да се покаже – рече Стојаноска.
[caption id="attachment_640996" align="alignnone" width="1000"] Главните создавачи на македонската театарска практика треба повеќе да се фокусираат на домашните драми, смета Ана Стојаноска, директорка и селекторка на Фестивалот фото: МТФ „Војдан Чернодрински“[/caption] Глобалната слика на денешната театарска практика покажува дека не постои сериозна репертоарна политика, ниту концепт во кој се развива една театарска институција, истакна во своето образложение на програмата Стојаноска.
Сметам дека главните создавачи на македонската театарска практика треба повеќе да се фокусираат на домашните драми, на актуелната театарска естетика и пред сѐ, секој режисер и директор на театар да го има предвид ансамблот со кој ја создава претставата. Од избраните претстави евидентно е дека недостига претстава работена според драма на македонски автор. За жал, тековната продукција понуди малку претстави од македонска драма, но затоа како уметнички директор го иницирав откупот на драми од македонски автори и повикот за претстави од независната продукција што игра македонски автори.
Во официјалната програма се следниве претстави: „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар – Скопје, „Бесачи“ од Мартин Мекдона, во режија на Јавор Грдев, продукција на Македонскиот народен театар – Скопје, „Инферно“ според Данте Алигери, во режија на Дејан Пројковски, продукција на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, „Мy name is Medeјa“ според Еврипид, драматизација на Милан Рамшак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват, продукција на Народен театар – Битола, „Три сестри“ од Антон П.Чехов, во режија на Кендрим Ријани, продукција на Албански театар – Скопје, „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристовска, Народен театар – Охрид, „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, Театар за деца и младинци – Скопје, „Женска гардероба“ од Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска, Театар Комедија – Скопје. Во придружната програма се: „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу, продукција на Турски театар – Скопје, „Циркус Пирандело“ според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, продукција на Народен театар „Антон Панов“ – Струмица. Независна продукција што игра домашни автори: „Елегија во пет здива“ автор и режисер Филип Петковски, „Заминувања“ – колективно авторство, режија на Драгана Гунин, независна продукција во соработка со Мировна продукција, „Срам“ од Ангела Стојановска, режија на Милош Б.Андоновски, Продукција на „Тииит! Инк“, „Скопјани“ според раскази на Оливера Ќорверзировска и колективно авторство на актерската екипа, режија на Милош Б.Андоновски, „Глум(и)ци“ колективно авторство и режија, продукција на „Артопија“, „Подготвено“ според поезија и проза на Ѓоко Здравески, раскази на Елизабета Баковска, поезија на Блаже Конески и адаптација на сцена од „Трите високи жени“ од Едвард Олби, режија на Дејан Спасовиќ, продукција на „РКЦ РАКАТРАК“,  „Are you crazy? (Улаф сте?)“ автор и режисер Јован Ристовски, продукција на „АТО Центар за современа уметност и култура“ – Битола. Стојаноска исто така ја најави програмата „Автор во фокус“, што прв пат се воведува на фестивалот. Годинава тоа ќе биде Коле Чашуле (1921-2009), драмски автор, писател, есеист, општествен деец.

The post Актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски се добитници на наградата за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодински“ appeared first on Република.

]]>
Игор Џамбазов е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ https://republika.mk/vesti/kultura/igor-dzambazov-e-dobitnik-na-akterskata-nagrada-za-zivotno-delo-petre-prlichko/ Sat, 07 May 2022 18:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=499213

Актерот Зоран Љутков преку статус на Фејсбук пишува дека актерот Игор Џамбазов добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.

Нема подобар момент за да се нагласи величината на нечиј живот од оној кога личноста се радува за уште еден освоен врв.

Особена чест ми претставуваше што токму денес, на промоцијата на Игор Џамбазов на “Присобрани дела”, како дел од Саемот на книга 2022, во присуство на многу колеги, на мојот пријател и колега му соопштив дека жири комисијата одлучи тој да биде добитник на актерската награда за животно дело “Петре Прличко”.
Наградата официјално ќе му биде предадена на 19 Мај, на отворањето на новоформираниот театарски фестивал во Велес, а на наше огромно задоволство добитникот на наградата за животно дело, Игор Џамбазов, како единствен наследник на животот и делото на Петре Прличко, даде дозвола истиот да се преименува во “5ре” во чест на неговиот дедо.

Велес е горд на својата култура, на големите имиња кои оставиле трага во минатото која силно одѕвонува до денес. Наше е да ја зачуваме, негуваме и воздигнеме културата која сите не оплеменува. Велес живее!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

The post Игор Џамбазов е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ appeared first on Република.

]]>

Актерот Зоран Љутков преку статус на Фејсбук пишува дека актерот Игор Џамбазов добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.
Нема подобар момент за да се нагласи величината на нечиј живот од оној кога личноста се радува за уште еден освоен врв. Особена чест ми претставуваше што токму денес, на промоцијата на Игор Џамбазов на “Присобрани дела”, како дел од Саемот на книга 2022, во присуство на многу колеги, на мојот пријател и колега му соопштив дека жири комисијата одлучи тој да биде добитник на актерската награда за животно дело “Петре Прличко”. Наградата официјално ќе му биде предадена на 19 Мај, на отворањето на новоформираниот театарски фестивал во Велес, а на наше огромно задоволство добитникот на наградата за животно дело, Игор Џамбазов, како единствен наследник на животот и делото на Петре Прличко, даде дозвола истиот да се преименува во “5ре” во чест на неговиот дедо. Велес е горд на својата култура, на големите имиња кои оставиле трага во минатото која силно одѕвонува до денес. Наше е да ја зачуваме, негуваме и воздигнеме културата која сите не оплеменува. Велес живее!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.
 

The post Игор Џамбазов е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ appeared first on Република.

]]>