награда Браќа Миладиновци Archives - Република https://republika.mk/tema/nagrada-brakja-miladinovci/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 11:36:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награда Браќа Миладиновци Archives - Република https://republika.mk/tema/nagrada-brakja-miladinovci/ 32 32 Академик Катица Ќулавкова по втор пат ја добива наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП https://republika.mk/vesti/kultura/akademik-katitsa-kulavkova-po-vtor-pat-ja-dobiva-nagradata-braka-miladinovtsi-na-svp/ Thu, 01 Aug 2024 11:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=802332

Познатaта македонска поетеса, книжевна теоретичарка, aкадемик Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.

Ќулавкова е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (Духовна поезија) во издание на Струмичка православна епархија. Таа е добитничка по втор пат на ова највисоко признание, откако во 1989 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Жедби“
Жирито во состав: : Ефтим Клетников (претседател), Весна Ацевска, Глигор Стојковски, Александра Јуруковска и Дарин Ангеловски (членови) после прочитот на сите 53 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите)
1. „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорго Димоски (издание на ПНВ публикации);
2. „Килибар и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (издание на Макавеј);
3. „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска (издание на Чудна Шума);
4. „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков (издание на ТРИ);
5. „Небото ми е дома“ (духовна поезија) од Катица Ќулавкова (издание на Струмичка православна епархија).
Од овие пет поетски збирки, жири- комисијата едногласно донесе одлука наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга меѓу две изданија на Фестивалот да ѝ биде доделена на книгата „Небото ми е дома“ (духовна поезија) на поетесата Катица Ќулавкова

„...Најновата стихозбирка на Катица Ќулавкова „Небото ми е дома“ се протега во еден специфичен поетски ареал, од авторката определен како простор на духовна поезија, која е заснована на експресивна трансмисија на набожни чувства и мисли во стихови, користејќи притоа низа поетски средства како што се митските слики, симболите, реминисценциите, алегориите, метафорите и метонимиите, па и користење на одломки од најзначајни сакрални интертекстови, поезија која воедно се потпира и на ритамот, алитерации и асонанции и на други јазични игри и фигури кои го зајакнуваат нејзиниот севкупен естетски интензитет. Својот однос спрема духовната поезија Ќулавкова го манифестира во некои свои песни уште од нејзината прва поетска книга „Благовести“, но и во низа други нејзини стихозбирки. Но, овде, во „Небото ми е дома“, станува збор за свесно моделирана концептуална поетичка надградба, за „гледање со душата“, која е во дослух со оној вид поетски говор којшто има „изразен осет за сакралниот ерос“ и копнеж, за возљубеност, карактеристична само за човечкото битие...“
Катица Ќулавкова, поетеса, есеистка, теоретичарка на книжевноста, e редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (од 2003), член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН. Била универзитетски професор по теорија на книжевноста на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има објавено 16 книги поезија на македонски, 18 преводи на нејзината поезија (англиски, француски, турски, италијански, хрватски, романски, португалски, руски, словенечки, бугарски, српски и др.), две збирки куса фикција и една поетска драма, како и над триесет хрестоматии, антологии, критички изданија и др. Има преведено есеи, поезија и книги од француски на македонски јазик (Сафа Фати, Паскал Кињар). Добитник е на најголемите награди за поезија, есеистика и наука во Македонија, вклучително и државната награда за животно дело „11 Октомври“, потоа наградата на Романската асоцијација на писатели и на Албанскиот ПЕН. Од Владата на Република Франција е одликувана со орденот Офицер во Редот на уметноста и книжевноста, се вели во образложението на одлуката на комисијата.

Преостанатите четворица кандидати во потесен избор, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот.
Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 22 до 26 август во своето редовно издание на препознатливите локации.

 

The post Академик Катица Ќулавкова по втор пат ја добива наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП appeared first on Република.

]]>

Познатaта македонска поетеса, книжевна теоретичарка, aкадемик Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Ќулавкова е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (Духовна поезија) во издание на Струмичка православна епархија. Таа е добитничка по втор пат на ова највисоко признание, откако во 1989 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Жедби“ Жирито во состав: : Ефтим Клетников (претседател), Весна Ацевска, Глигор Стојковски, Александра Јуруковска и Дарин Ангеловски (членови) после прочитот на сите 53 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите) 1. „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорго Димоски (издание на ПНВ публикации); 2. „Килибар и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (издание на Макавеј); 3. „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска (издание на Чудна Шума); 4. „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков (издание на ТРИ); 5. „Небото ми е дома“ (духовна поезија) од Катица Ќулавкова (издание на Струмичка православна епархија). Од овие пет поетски збирки, жири- комисијата едногласно донесе одлука наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга меѓу две изданија на Фестивалот да ѝ биде доделена на книгата „Небото ми е дома“ (духовна поезија) на поетесата Катица Ќулавкова
„...Најновата стихозбирка на Катица Ќулавкова „Небото ми е дома“ се протега во еден специфичен поетски ареал, од авторката определен како простор на духовна поезија, која е заснована на експресивна трансмисија на набожни чувства и мисли во стихови, користејќи притоа низа поетски средства како што се митските слики, симболите, реминисценциите, алегориите, метафорите и метонимиите, па и користење на одломки од најзначајни сакрални интертекстови, поезија која воедно се потпира и на ритамот, алитерации и асонанции и на други јазични игри и фигури кои го зајакнуваат нејзиниот севкупен естетски интензитет. Својот однос спрема духовната поезија Ќулавкова го манифестира во некои свои песни уште од нејзината прва поетска книга „Благовести“, но и во низа други нејзини стихозбирки. Но, овде, во „Небото ми е дома“, станува збор за свесно моделирана концептуална поетичка надградба, за „гледање со душата“, која е во дослух со оној вид поетски говор којшто има „изразен осет за сакралниот ерос“ и копнеж, за возљубеност, карактеристична само за човечкото битие...“ Катица Ќулавкова, поетеса, есеистка, теоретичарка на книжевноста, e редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (од 2003), член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН. Била универзитетски професор по теорија на книжевноста на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има објавено 16 книги поезија на македонски, 18 преводи на нејзината поезија (англиски, француски, турски, италијански, хрватски, романски, португалски, руски, словенечки, бугарски, српски и др.), две збирки куса фикција и една поетска драма, како и над триесет хрестоматии, антологии, критички изданија и др. Има преведено есеи, поезија и книги од француски на македонски јазик (Сафа Фати, Паскал Кињар). Добитник е на најголемите награди за поезија, есеистика и наука во Македонија, вклучително и државната награда за животно дело „11 Октомври“, потоа наградата на Романската асоцијација на писатели и на Албанскиот ПЕН. Од Владата на Република Франција е одликувана со орденот Офицер во Редот на уметноста и книжевноста, се вели во образложението на одлуката на комисијата.
Преостанатите четворица кандидати во потесен избор, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот. Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 22 до 26 август во своето редовно издание на препознатливите локации.  

The post Академик Катица Ќулавкова по втор пат ја добива наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП appeared first on Република.

]]>
Добитникот на „Браќа Миладиновци“ на СВП ќе биде соопштен утре во Струга https://republika.mk/vesti/kultura/dobitnikot-na-braka-miladinovtsi-na-svp-ke-bide-soopshten-utre-vo-struga/ Sun, 30 Jul 2023 15:19:16 +0000 https://republika.mk/?p=666949

Прес-конференцијата за соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП наместо во петокот (28 јули)  во 10 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одложи за утре 31.07.2023 г. (понеделник) во 11:30 ч. во Струга.

Како што соопштија организаторите на прес-конференцијата во Струга ќе присуствуваат членовите на Жири-комисијата, а ќе бидат поканети и авторите од потесниот избор.

Во потесниот избор се најдоа пет книги.

  1. Башевски Димитар – „Дни, години“, Слово
  2. Коцев Јосип – „Две мориња“, Антолог
  3. Михаилова Бошнакоска Гордана – „Мед и младост“, Макавеј
  4. Трајковски Дејан – „Филмски песни“, Бата прес милениум
  5. Ќулавкова Катица – „На врв на јазикoт“, Арс Либрис

На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнаа вкупно 35 наслови.

 


The post Добитникот на „Браќа Миладиновци“ на СВП ќе биде соопштен утре во Струга appeared first on Република.

]]>

Прес-конференцијата за соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП наместо во петокот (28 јули)  во 10 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одложи за утре 31.07.2023 г. (понеделник) во 11:30 ч. во Струга. Како што соопштија организаторите на прес-конференцијата во Струга ќе присуствуваат членовите на Жири-комисијата, а ќе бидат поканети и авторите од потесниот избор. Во потесниот избор се најдоа пет книги.

  1. Башевски Димитар – „Дни, години“, Слово
  2. Коцев Јосип – „Две мориња“, Антолог
  3. Михаилова Бошнакоска Гордана – „Мед и младост“, Макавеј
  4. Трајковски Дејан – „Филмски песни“, Бата прес милениум
  5. Ќулавкова Катица – „На врв на јазикoт“, Арс Либрис
На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнаа вкупно 35 наслови.  

The post Добитникот на „Браќа Миладиновци“ на СВП ќе биде соопштен утре во Струга appeared first on Република.

]]>
СВП објави конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година https://republika.mk/vesti/kultura/svp-objavi-konkurs-za-nagradata-braka-miladinovtsi-za-2023-godina/ Wed, 31 May 2023 12:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=646479

Националната установа - манифестација „Струшки вечери на поезијата“ денеска објави конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2022 година до 31 мај 2023 година.

На конкурсот, кој ќе трае до 25 јули, како што е наведено, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.

Пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот, а еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови. Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик. Можат да бидат пријавени само дела од еден автор, додека коавторски дела се неприфатливи. Книгите мора да имаат ISBN број, стои во конкурсот на СВП.

Според конкурсот, книги од членови на Управен и Надзорен одбор на СВП, директорот на институцијата, вработени или членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.

Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат шест примероци од книгата на адреса: НУ манифестација „Струшки вечери на поезијата“, поштенски фах 111, „Браќа Миладиновци“ бр.5, 6330 Струга, Република Македонија.

 

The post СВП објави конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Националната установа - манифестација „Струшки вечери на поезијата“ денеска објави конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2022 година до 31 мај 2023 година. На конкурсот, кој ќе трае до 25 јули, како што е наведено, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.
Пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот, а еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови. Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик. Можат да бидат пријавени само дела од еден автор, додека коавторски дела се неприфатливи. Книгите мора да имаат ISBN број, стои во конкурсот на СВП.
Според конкурсот, книги од членови на Управен и Надзорен одбор на СВП, директорот на институцијата, вработени или членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени. Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат шест примероци од книгата на адреса: НУ манифестација „Струшки вечери на поезијата“, поштенски фах 111, „Браќа Миладиновци“ бр.5, 6330 Струга, Република Македонија.  

The post СВП објави конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година appeared first on Република.

]]>