нафтовод Archives - Република https://republika.mk/tema/naftovod/ За подобро да се разбереме Wed, 10 May 2023 12:23:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нафтовод Archives - Република https://republika.mk/tema/naftovod/ 32 32 Сијарто најави нов нафтовод помеѓу Унгарија и Србија https://republika.mk/vesti/svet/sijarto-najavi-nov-naftovod-pomegu-ungarija-i-srbija/ Wed, 10 May 2023 12:23:39 +0000 https://republika.mk/?p=639302

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, на денешната средба во Белград со српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ, најави изградба на нов нафтовод од Унгарија до Србија долг над сто километри.

Предвидено е нафтоводот да почнува од Алѓе во Унгарија до Нови Сад во Србија.

Нафтоводот ќе биде изграден во соработка со унгарската компанија Мол и српската фирма Транснафта, а на заедничка владина седница ќе биде потпишан договор.

Сијарто наведе дека на средбата се усвоени неколку одлуки за подобрување на енергетската состојба на двете држави. Предвидено е унгарската државна електроенергетска компанија МВМ и Србијагас ќе формираат мешовита фирма, а МВМ ќе учествува во модернизација на електродистрибутивната мрежа во Србија.

Договорено е и Србија да складира сто милиони кубни метри гас во унгарските магацини и дека е постигнат напредок во зголемување или удвојување на капацитетот на конектори на електричната мрежа.

Сијарто најави и изградба на нов граничен премин Сантово-Бачки Брег кој ќе ги растовари постоечките премини и ќе биде во согласност со европските стандарди.

Момировиќ изјави дека вкупната трговска размена со Унгарија во првите три месеци од годинава изнесува 824 милиони евра со суфицит на српска страна, а извозот во Унгарија изнесува 433 милиони евра со раст од над 25 отсто.

Нашата цел е оваа година да оствариме трговска размена од повеќе од четири милијарди евра, нагласи Момировиќ, додавајќи оти во 2012 година извозот во Унгарија изнесувал 245 милиони евра.

The post Сијарто најави нов нафтовод помеѓу Унгарија и Србија appeared first on Република.

]]>

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, на денешната средба во Белград со српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ, најави изградба на нов нафтовод од Унгарија до Србија долг над сто километри. Предвидено е нафтоводот да почнува од Алѓе во Унгарија до Нови Сад во Србија. Нафтоводот ќе биде изграден во соработка со унгарската компанија Мол и српската фирма Транснафта, а на заедничка владина седница ќе биде потпишан договор. Сијарто наведе дека на средбата се усвоени неколку одлуки за подобрување на енергетската состојба на двете држави. Предвидено е унгарската државна електроенергетска компанија МВМ и Србијагас ќе формираат мешовита фирма, а МВМ ќе учествува во модернизација на електродистрибутивната мрежа во Србија. Договорено е и Србија да складира сто милиони кубни метри гас во унгарските магацини и дека е постигнат напредок во зголемување или удвојување на капацитетот на конектори на електричната мрежа. Сијарто најави и изградба на нов граничен премин Сантово-Бачки Брег кој ќе ги растовари постоечките премини и ќе биде во согласност со европските стандарди. Момировиќ изјави дека вкупната трговска размена со Унгарија во првите три месеци од годинава изнесува 824 милиони евра со суфицит на српска страна, а извозот во Унгарија изнесува 433 милиони евра со раст од над 25 отсто. Нашата цел е оваа година да оствариме трговска размена од повеќе од четири милијарди евра, нагласи Момировиќ, додавајќи оти во 2012 година извозот во Унгарија изнесувал 245 милиони евра.

The post Сијарто најави нов нафтовод помеѓу Унгарија и Србија appeared first on Република.

]]>
Српските власти потврдија дека сакаат да ни изградат и нафтовод https://republika.mk/vesti/balkan/srpskite-vlasti-potvrdija-deka-sakaat-da-ni-izgradat-i-naftovod/ Mon, 17 Oct 2022 11:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=562058

Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за Србија е стратешки важно да изгради нафтовод со кој ќе излезе на Медитеранот, односно до пристаништата во Албанија и Грција и да биде транзитна рута кон север, поврзувајќи се со Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Стратешки ни е важно да се поврземе преку Ниш и понатаму до Скопје со Солун и со Албанија, што ќе ни овозможи да имаме пристап до разни добавувачи и сите видови нафта и да имаме нафтовод до Унгарија и пристап до руски нафта. Се проценува дека за оваа диверзификација се потребни околу една милијарда евра. Тоа е голема инвестиција, но и дава можност на Србија да биде целосно безбедна кога е во прашање снабдувањето со нафта, но и да биде транзитна рута. Тоа секако би бил меѓународен проект кој не се однесува само на Србија, туку и на други земји од регионот, а за такво нешто има интерес од други земји и меѓународни финансиски институции, изјави Михајловиќ за ТВ Курир, соопштија од ресорното Министерство.

Таа изјави и дека на новата влада најважна ќе и биде енергетиката бидејќи така Србија ќе биде политички посилна да ги спроведе потребните промени.

-Во декември, минатата година го отворивме кластерот 4 во преговорите со ЕУ, во кој е вклучена и енергетиката, но оттогаш немаме голем напредок, бидејќи имаме опструкции во „Србијагас“ и во ЕПС, а не успеавме да направиме повеќе и во областа на ОИЕ (Обновливи извори на енергија), бидејќи имаме компании кои не сакаат промени. Затоа е важна новата влада, бидејќи ќе биде политички посилна и ќе може да ги спроведе неопходните чекори во енергетската транзиција. Во енергетиката работите мора да се менуваат многу побрзо бидејќи ова ќе биде најважната област во следните 10 години, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението.

И мандатарката на Владата Ана Брнабиќ, изјави денеска дека „Србија почнува да гради нова енергетска политика“. Таа порача дека тое ќе биде главен приоритет на идната влада и дека енергетиката е „прашање на националната безбедност поради што мораме да ја смениме за да ја направиме Србија енергетски понезависна и побезбедна, а овие работи се менуваат од ден на ден“, наведувајќи го примерот на Хрватска и нафтоводот ЈАНАФ.

-Целиот регион би морал подобро да соработува во енергетиката, имаме огромни капацитети кои би можеле да ги искористиме за енергетска безбедност и ќе се обидеме да го направиме тоа заедно со претседателот Вучиќ, бидејќи регионот мора да работи заедно, да биде поврзан и стабилен, рече Брнабиќ.

Опишувајќи како ситуацијата во енергетскиот сектор се менува „од ден на ден“, таа рече дека, доколку не се случеше она што се случи со нафтоводот ЈАНАФ, нафтоводот до Унгарија немаше да биде во експозето што го подготвува, а сега е „стратешки проект кој ќе почне да се работи во најкраток временски период“

The post Српските власти потврдија дека сакаат да ни изградат и нафтовод appeared first on Република.

]]>

Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за Србија е стратешки важно да изгради нафтовод со кој ќе излезе на Медитеранот, односно до пристаништата во Албанија и Грција и да биде транзитна рута кон север, поврзувајќи се со Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Стратешки ни е важно да се поврземе преку Ниш и понатаму до Скопје со Солун и со Албанија, што ќе ни овозможи да имаме пристап до разни добавувачи и сите видови нафта и да имаме нафтовод до Унгарија и пристап до руски нафта. Се проценува дека за оваа диверзификација се потребни околу една милијарда евра. Тоа е голема инвестиција, но и дава можност на Србија да биде целосно безбедна кога е во прашање снабдувањето со нафта, но и да биде транзитна рута. Тоа секако би бил меѓународен проект кој не се однесува само на Србија, туку и на други земји од регионот, а за такво нешто има интерес од други земји и меѓународни финансиски институции, изјави Михајловиќ за ТВ Курир, соопштија од ресорното Министерство.
Таа изјави и дека на новата влада најважна ќе и биде енергетиката бидејќи така Србија ќе биде политички посилна да ги спроведе потребните промени. -Во декември, минатата година го отворивме кластерот 4 во преговорите со ЕУ, во кој е вклучена и енергетиката, но оттогаш немаме голем напредок, бидејќи имаме опструкции во „Србијагас“ и во ЕПС, а не успеавме да направиме повеќе и во областа на ОИЕ (Обновливи извори на енергија), бидејќи имаме компании кои не сакаат промени. Затоа е важна новата влада, бидејќи ќе биде политички посилна и ќе може да ги спроведе неопходните чекори во енергетската транзиција. Во енергетиката работите мора да се менуваат многу побрзо бидејќи ова ќе биде најважната област во следните 10 години, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението. И мандатарката на Владата Ана Брнабиќ, изјави денеска дека „Србија почнува да гради нова енергетска политика“. Таа порача дека тое ќе биде главен приоритет на идната влада и дека енергетиката е „прашање на националната безбедност поради што мораме да ја смениме за да ја направиме Србија енергетски понезависна и побезбедна, а овие работи се менуваат од ден на ден“, наведувајќи го примерот на Хрватска и нафтоводот ЈАНАФ. -Целиот регион би морал подобро да соработува во енергетиката, имаме огромни капацитети кои би можеле да ги искористиме за енергетска безбедност и ќе се обидеме да го направиме тоа заедно со претседателот Вучиќ, бидејќи регионот мора да работи заедно, да биде поврзан и стабилен, рече Брнабиќ. Опишувајќи како ситуацијата во енергетскиот сектор се менува „од ден на ден“, таа рече дека, доколку не се случеше она што се случи со нафтоводот ЈАНАФ, нафтоводот до Унгарија немаше да биде во експозето што го подготвува, а сега е „стратешки проект кој ќе почне да се работи во најкраток временски период“

The post Српските власти потврдија дека сакаат да ни изградат и нафтовод appeared first on Република.

]]>
Србија има стратешки интерес за изградба на нафтовод кон Македонија, Грција и Албанија, како и кон Унгарија https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-ima-strateshki-interes-za-izgradba-na-naftovod-kon-makedonija-grcija-i-albanija-kako-i-kon-ungarija/ Mon, 17 Oct 2022 11:29:27 +0000 https://republika.mk/?p=562049

Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за Србија е стратешки важно да изгради нафтовод со кој ќе излезе на Медитеранот, односно до пристаништата во Албанија и Грција и да биде транзитна рута кон север, поврзувајќи се со Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.

Стратешки ни е важно да се поврземе преку Ниш и понатаму до Скопје со Солун и со Албанија, што ќе ни овозможи да имаме пристап до разни добавувачи и сите видови нафта и да имаме нафтовод до Унгарија и пристап до руски нафта. Се проценува дека за оваа диверзификација се потребни околу една милијарда евра. Тоа е голема инвестиција, но и дава можност на Србија да биде целосно безбедна кога е во прашање снабдувањето со нафта, но и да биде транзитна рута. Тоа секако би бил меѓународен проект кој не се однесува само на Србија, туку и на други земји од регионот, а за такво нешто има интерес од други земји и меѓународни финансиски институции - изјави Михајловиќ за ТВ Курир, соопштија од ресорното Министерство.

Таа изјави и дека на новата влада најважна ќе и биде енергетиката бидејќи така Србија ќе биде политички посилна да ги спроведе потребните промени.

Во декември, минатата година го отворивме кластерот 4 во преговорите со ЕУ, во кој е вклучена и енергетиката, но оттогаш немаме голем напредок, бидејќи имаме опструкции во „Србијагас“ и во ЕПС, а не успеавме да направиме повеќе и во областа на ОИЕ (Обновливи извори на енергија), бидејќи имаме компании кои не сакаат промени. Затоа е важна новата влада, бидејќи ќе биде политички посилна и ќе може да ги спроведе неопходните чекори во енергетската транзиција. Во енергетиката работите мора да се менуваат многу побрзо бидејќи ова ќе биде најважната област во следните 10 години, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението.

И мандатарката на Владата Ана Брнабиќ, изјави денеска дека „Србија почнува да гради нова енергетска политика“. Таа порача дека тое ќе биде главен приоритет на идната влада и дека енергетиката е „прашање на националната безбедност поради што мораме да ја смениме за да ја направиме Србија енергетски понезависна и побезбедна, а овие работи се менуваат од ден на ден“, наведувајќи го примерот на Хрватска и нафтоводот ЈАНАФ.

Целиот регион би морал подобро да соработува во енергетиката, имаме огромни капацитети кои би можеле да ги искористиме за енергетска безбедност и ќе се обидеме да го направиме тоа заедно со претседателот Вучиќ, бидејќи регионот мора да работи заедно, да биде поврзан и стабилен- рече Брнабиќ.

Опишувајќи како ситуацијата во енергетскиот сектор се менува „од ден на ден“, таа рече дека, доколку не се случеше она што се случи со нафтоводот ЈАНАФ, нафтоводот до Унгарија немаше да биде во експозето што го подготвува, а сега е „стратешки проект кој ќе почне да се работи во најкраток временски период“.

The post Србија има стратешки интерес за изградба на нафтовод кон Македонија, Грција и Албанија, како и кон Унгарија appeared first on Република.

]]>

Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за Србија е стратешки важно да изгради нафтовод со кој ќе излезе на Медитеранот, односно до пристаништата во Албанија и Грција и да биде транзитна рута кон север, поврзувајќи се со Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.
Стратешки ни е важно да се поврземе преку Ниш и понатаму до Скопје со Солун и со Албанија, што ќе ни овозможи да имаме пристап до разни добавувачи и сите видови нафта и да имаме нафтовод до Унгарија и пристап до руски нафта. Се проценува дека за оваа диверзификација се потребни околу една милијарда евра. Тоа е голема инвестиција, но и дава можност на Србија да биде целосно безбедна кога е во прашање снабдувањето со нафта, но и да биде транзитна рута. Тоа секако би бил меѓународен проект кој не се однесува само на Србија, туку и на други земји од регионот, а за такво нешто има интерес од други земји и меѓународни финансиски институции - изјави Михајловиќ за ТВ Курир, соопштија од ресорното Министерство.
Таа изјави и дека на новата влада најважна ќе и биде енергетиката бидејќи така Србија ќе биде политички посилна да ги спроведе потребните промени. Во декември, минатата година го отворивме кластерот 4 во преговорите со ЕУ, во кој е вклучена и енергетиката, но оттогаш немаме голем напредок, бидејќи имаме опструкции во „Србијагас“ и во ЕПС, а не успеавме да направиме повеќе и во областа на ОИЕ (Обновливи извори на енергија), бидејќи имаме компании кои не сакаат промени. Затоа е важна новата влада, бидејќи ќе биде политички посилна и ќе може да ги спроведе неопходните чекори во енергетската транзиција. Во енергетиката работите мора да се менуваат многу побрзо бидејќи ова ќе биде најважната област во следните 10 години, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението. И мандатарката на Владата Ана Брнабиќ, изјави денеска дека „Србија почнува да гради нова енергетска политика“. Таа порача дека тое ќе биде главен приоритет на идната влада и дека енергетиката е „прашање на националната безбедност поради што мораме да ја смениме за да ја направиме Србија енергетски понезависна и побезбедна, а овие работи се менуваат од ден на ден“, наведувајќи го примерот на Хрватска и нафтоводот ЈАНАФ.
Целиот регион би морал подобро да соработува во енергетиката, имаме огромни капацитети кои би можеле да ги искористиме за енергетска безбедност и ќе се обидеме да го направиме тоа заедно со претседателот Вучиќ, бидејќи регионот мора да работи заедно, да биде поврзан и стабилен- рече Брнабиќ.
Опишувајќи како ситуацијата во енергетскиот сектор се менува „од ден на ден“, таа рече дека, доколку не се случеше она што се случи со нафтоводот ЈАНАФ, нафтоводот до Унгарија немаше да биде во експозето што го подготвува, а сега е „стратешки проект кој ќе почне да се работи во најкраток временски период“.

The post Србија има стратешки интерес за изградба на нафтовод кон Македонија, Грција и Албанија, како и кон Унгарија appeared first on Република.

]]>
„Транснефт“: Не ја прекинавме испораката на нафта за Полска и Германија https://republika.mk/vesti/svet/transneft-ne-ja-prekinavme-isporakata-na-nafta-za-polska-i-germanija/ Thu, 13 Oct 2022 10:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=560541

Рускиот државен оператор на нафтоводите, „Транснефт“, соопшти дека сè уште испумпува нафта кон Полска и Германија.

Од компанијата соопштија дека не ја прекинале испораката по откривањето на истекување нафта во нафтоводот „Дружба“, пренесе Ројтерс.

Не го намаливме транспортот до Полска, тие го решија техничкиот проблем - изјавил високиот извршен директор на „Транснефт“, Сергеј Андронов.

https://republika.mk/vesti/svet/polska-otkrila-istekuvanje-vo-naftovodot-druzba-shto-nosi-nafta-od-rusija-vo-evropa/

The post „Транснефт“: Не ја прекинавме испораката на нафта за Полска и Германија appeared first on Република.

]]>

Рускиот државен оператор на нафтоводите, „Транснефт“, соопшти дека сè уште испумпува нафта кон Полска и Германија. Од компанијата соопштија дека не ја прекинале испораката по откривањето на истекување нафта во нафтоводот „Дружба“, пренесе Ројтерс.
Не го намаливме транспортот до Полска, тие го решија техничкиот проблем - изјавил високиот извршен директор на „Транснефт“, Сергеј Андронов.
https://republika.mk/vesti/svet/polska-otkrila-istekuvanje-vo-naftovodot-druzba-shto-nosi-nafta-od-rusija-vo-evropa/

The post „Транснефт“: Не ја прекинавме испораката на нафта за Полска и Германија appeared first on Република.

]]>
Михајловиќ: Веќе сме во светска енергетска војна, потребен е нафтовод до Скопје со два крака-Солун и Драч https://republika.mk/vesti/balkan/mihajlovikj-vekje-sme-vo-svetska-energetska-vojna-potreben-e-naftovod-do-skopje-so-dva-kraka-solun-i-drach/ Wed, 12 Oct 2022 13:01:25 +0000 https://republika.mk/?p=560197

Српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години, јави дописникот на МИА од Белград.

Мислам дека ние како држава дефинитивно треба да одлучиме и јасно да го дефинираме нашиот став, бидејќи тоа се работи кои го надминуваат нормалното однесување. Ние сме на работ на светска војна во 21 век, кога сите треба да се бориме за подобри услови за живот - изјави Михајловиќ за ТВ Прва.

Според неа, Русија води освојувачка, а не ослободителна војна, а рускиот претседател го доведува целиот свет, секој граѓанин, секое дете на чекор од страдањето.

Во таква ситуација мораме да имаме јасен став и да си го најдеме местото во наредните 100 години. Светот се менува, геополитичката ситуација е поинаква, а ние мораме да гледаме во иднината и да си го бараме местото - рече Михајловиќ.

Таа додаде и дека целиот свет е во енергетска светска војна и дека и покрај кризата Србија прави се за да обезбеди доволно количество енергенти за стопанството и домаќинствата.

Она што се случува со нафтоводот „Дружба“, кој е најдолгиот нафтовод во светот, долг околу 4.000 километри и низ кој поминува само руска нафта, изгледа како продолжение на она што се случи со гасоводот Северен тек. Бидејќи прво се мислеше дека е одржување, па се зборуваше дека има дефект, па се покажа дека не е така, туку се работи за саботажа - рече српската вицепремиерка.

Таа повтори дека нема опасност од недостиг на нафтени деривати на српскиот пазар и дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето.

Михајловиќ оцени дека изградбата на нафтовод до Унгарија и до Албанија и Грција, преку  Македонија, ќе значи дека Србија станува транзитна рута.

Го имаме Јанаф, преку тој гасовод добиваме нафта, но важно е стратешки да размислуваме. Нафтовод од Панчево до Ниш, Скопје и два крака – до Солун и Драч, а од друга страна, изградба на нафтовод од Панчево до Унгарија, би значело да Србија станува транзитна рута. Станува збор за инвестиции од 500 до 700 милиони евра, но тоа е вообичаено за вакви големи проекти кои се значајни не само за Србија и регионот, туку и за пошироко, се наведува во соопштението за медиуми на вицепремиерката Михајловиќ.

Таа додаде дека кога станува збор за Турски тек преку кој Србија добива гас, важно е дека државата реагирала, доколку има некакви најави, сите надлежни институции кои се занимаваат со тоа да се грижат за она што минува низ Србија да биде заштитено.

The post Михајловиќ: Веќе сме во светска енергетска војна, потребен е нафтовод до Скопје со два крака-Солун и Драч appeared first on Република.

]]>

Српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години, јави дописникот на МИА од Белград.
Мислам дека ние како држава дефинитивно треба да одлучиме и јасно да го дефинираме нашиот став, бидејќи тоа се работи кои го надминуваат нормалното однесување. Ние сме на работ на светска војна во 21 век, кога сите треба да се бориме за подобри услови за живот - изјави Михајловиќ за ТВ Прва.
Според неа, Русија води освојувачка, а не ослободителна војна, а рускиот претседател го доведува целиот свет, секој граѓанин, секое дете на чекор од страдањето.
Во таква ситуација мораме да имаме јасен став и да си го најдеме местото во наредните 100 години. Светот се менува, геополитичката ситуација е поинаква, а ние мораме да гледаме во иднината и да си го бараме местото - рече Михајловиќ.
Таа додаде и дека целиот свет е во енергетска светска војна и дека и покрај кризата Србија прави се за да обезбеди доволно количество енергенти за стопанството и домаќинствата.
Она што се случува со нафтоводот „Дружба“, кој е најдолгиот нафтовод во светот, долг околу 4.000 километри и низ кој поминува само руска нафта, изгледа како продолжение на она што се случи со гасоводот Северен тек. Бидејќи прво се мислеше дека е одржување, па се зборуваше дека има дефект, па се покажа дека не е така, туку се работи за саботажа - рече српската вицепремиерка.
Таа повтори дека нема опасност од недостиг на нафтени деривати на српскиот пазар и дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето. Михајловиќ оцени дека изградбата на нафтовод до Унгарија и до Албанија и Грција, преку  Македонија, ќе значи дека Србија станува транзитна рута. Го имаме Јанаф, преку тој гасовод добиваме нафта, но важно е стратешки да размислуваме. Нафтовод од Панчево до Ниш, Скопје и два крака – до Солун и Драч, а од друга страна, изградба на нафтовод од Панчево до Унгарија, би значело да Србија станува транзитна рута. Станува збор за инвестиции од 500 до 700 милиони евра, но тоа е вообичаено за вакви големи проекти кои се значајни не само за Србија и регионот, туку и за пошироко, се наведува во соопштението за медиуми на вицепремиерката Михајловиќ. Таа додаде дека кога станува збор за Турски тек преку кој Србија добива гас, важно е дека државата реагирала, доколку има некакви најави, сите надлежни институции кои се занимаваат со тоа да се грижат за она што минува низ Србија да биде заштитено.

The post Михајловиќ: Веќе сме во светска енергетска војна, потребен е нафтовод до Скопје со два крака-Солун и Драч appeared first on Република.

]]>
Го градеа во заеднички средства во поранешна Југославија: Зошто Хрватска не дозволува преку нафтодот ЈАНАФ руска нафта да дојде во Србија? https://republika.mk/vesti/balkan/go-gradeja-vo-zaednichki-sredstva-vo-poraneshna-jugoslavija-zoshto-hrvatska-ne-dozvoluva-preku-naftodot-janaf-ruska-nafta-da-dojde-vo-srbija/ Wed, 12 Oct 2022 08:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=559978

Изминатиов период многу се говореше за забраната на Хрватска преку својот нафтовод Србија да носи руска нафта.Но, малкумина знаат за каков нафтовод станува збор. Нафтоводот се вика ЈАНАФ и е граден од 1975 до 1979 година. Го граделе со заеднички средства Хрватска и Србија во времето на поранешна Југославија.

Но, сега Хрватска од позиција на членка на ЕУ не дозволува проток на руска нафта иако самата се изеде од таквата забрана.

Нафтата од пристаништето Омишаљ и Риека преку Сисак и Славонски брод треба да дојде до рафинеријата Панчево во Србија.

Сега ЈАНАФ е хрватска компанија со седиште во Загреб, која управува со истоимениот систем за транспорт на сурова нафта. Системот за транспорт на нафта JANAF се состои од пристаништето Омишаљ и 759 километри копнен цевковод. Дејноста на компанијата опфаќа и складирање нафта и нафтени деривати, како и претовар на нафта. Во Хрватска има 610 километри цевки.

The post Го градеа во заеднички средства во поранешна Југославија: Зошто Хрватска не дозволува преку нафтодот ЈАНАФ руска нафта да дојде во Србија? appeared first on Република.

]]>

Изминатиов период многу се говореше за забраната на Хрватска преку својот нафтовод Србија да носи руска нафта.Но, малкумина знаат за каков нафтовод станува збор. Нафтоводот се вика ЈАНАФ и е граден од 1975 до 1979 година. Го граделе со заеднички средства Хрватска и Србија во времето на поранешна Југославија. Но, сега Хрватска од позиција на членка на ЕУ не дозволува проток на руска нафта иако самата се изеде од таквата забрана. Нафтата од пристаништето Омишаљ и Риека преку Сисак и Славонски брод треба да дојде до рафинеријата Панчево во Србија.   Сега ЈАНАФ е хрватска компанија со седиште во Загреб, која управува со истоимениот систем за транспорт на сурова нафта. Системот за транспорт на нафта JANAF се состои од пристаништето Омишаљ и 759 километри копнен цевковод. Дејноста на компанијата опфаќа и складирање нафта и нафтени деривати, како и претовар на нафта. Во Хрватска има 610 километри цевки.

The post Го градеа во заеднички средства во поранешна Југославија: Зошто Хрватска не дозволува преку нафтодот ЈАНАФ руска нафта да дојде во Србија? appeared first on Република.

]]>
Откриено е истекување во нафтоводот што ја пренесува руската нафта во Европа https://republika.mk/vesti/svet/otkrieno-e-istekuvanje-vo-naftovodot-shto-ja-prenesuva-ruskata-nafta-vo-evropa/ Wed, 12 Oct 2022 07:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=559899

Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа.

Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.

Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално, информира Перн.

Во моментов сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби, нагласи компанијата.

The post Откриено е истекување во нафтоводот што ја пренесува руската нафта во Европа appeared first on Република.

]]>

Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа. Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк. Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално, информира Перн. Во моментов сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби, нагласи компанијата.

The post Откриено е истекување во нафтоводот што ја пренесува руската нафта во Европа appeared first on Република.

]]>
Србија и Унгарија се договорија за изградба на нафтовод за поврзување со „Дружба“ https://republika.mk/vesti/svet/srbija-i-ungarija-se-dogovorija-za-izgradba-na-naftovod-za-povrzuvanje-so-druzba/ Mon, 10 Oct 2022 15:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=559523

Србија и Унгарија се договорија за изградба на нафтовод што ќе и овозможи на Србија да се снабдува со „поевтина нафта од Урал преку поврзување со нафтоводот Дружба (Пријателство), јави дописникот на МИА од Белград.

Како што пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ), изградбата на гасоводот беше договорена откако Европската Унија (ЕУ) го воведе осмиот пакет санкции против Русија, со кој се ограничи увозот на руската сурова нафта.

Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Твитер напиша дека српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан се договориле за изградба на нафтовод, кој ќе и овозможи на Србија да се снабдува со поевтина нафта од Урал.

Во моментов снабдувањето со нафта главно се врши преку нафтовод низ Хрватска (Јанаф), но малку е веројатно дека тоа ќе биде можно во иднина поради усвоените санкции, напиша Ковач.

Јужниот крак на нафтоводот „Дружба“ оди преку Украина до Унгарија, низ Словачка и Чешка и е главен извор на сурова нафта за трите земји.

The post Србија и Унгарија се договорија за изградба на нафтовод за поврзување со „Дружба“ appeared first on Република.

]]>

Србија и Унгарија се договорија за изградба на нафтовод што ќе и овозможи на Србија да се снабдува со „поевтина нафта од Урал преку поврзување со нафтоводот Дружба (Пријателство), јави дописникот на МИА од Белград. Како што пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ), изградбата на гасоводот беше договорена откако Европската Унија (ЕУ) го воведе осмиот пакет санкции против Русија, со кој се ограничи увозот на руската сурова нафта. Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Твитер напиша дека српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан се договориле за изградба на нафтовод, кој ќе и овозможи на Србија да се снабдува со поевтина нафта од Урал. Во моментов снабдувањето со нафта главно се врши преку нафтовод низ Хрватска (Јанаф), но малку е веројатно дека тоа ќе биде можно во иднина поради усвоените санкции, напиша Ковач. Јужниот крак на нафтоводот „Дружба“ оди преку Украина до Унгарија, низ Словачка и Чешка и е главен извор на сурова нафта за трите земји.

The post Србија и Унгарија се договорија за изградба на нафтовод за поврзување со „Дружба“ appeared first on Република.

]]>
За Србија изградбата на нафтовод до Унгарија или до Македонија и Албанија засега е само можност https://republika.mk/vesti/balkan/za-srbija-izgradbata-na-naftovod-do-ungarija-ili-do-makedonija-i-albanija-zasega-e-samo-moznost/ Mon, 10 Oct 2022 13:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=559477

За Србија најодржливо е сурова нафта да добива преку јадранскиот нафтовод ЈАНАФ, изградбата на нафтовод до Унгарија, што е прва опција, или до Албанија преку Македонија, што е втора опција, засега се само можности, изјави српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Михајловиќ изјави дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето, оценувајќи дека увозот на сурова нафта преку Јанаф е најпрофитабилната и најодржлива опција за Србија.

Имаме околу 20 отсто домашна нафта, а останатите 80 отсто ќе бидат неруска нафта. НИС има договор, нарачата руска нафта да поминува низ ЈАНАФ до 5 декември, а после тој датум ќе продолжи да увезува неруска нафта преку истиот нафтовод. Ова не е ништо ново за нас и бевме свесни за ова сценарио. Она што е важно е дека сигурно ќе имаме доволно количества сурова нафта, рече Михајловиќ, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Михајловиќ оцени дека изградбата на нафтовод до Унгарија е можност која Министерството за рударство и енергетика ја вклучила во својот инвестициски план, но дека треба да се направат анализи и да се види дали постои економска оправданост.

Најодржливо и најекономично за Србија е да добие сурова нафта преку ЈАНАФ, тоа е сепак најдобрата опција за нас, а изградбата на нафтовод до Унгарија, која е прва опција и би чинела меѓу 70 и 180 милиони евра, или до Албанија, преку Македонија, што претставува друга опција, засега се само можности. Но, потребно е да се направи физибилити студија за да се види дали и колку е економски исплатливо да се инвестира во вакви проекти. Се друго се идејни решенија, нема опиплива анализа, не се донесени никакви одлуки, тоа е само потенцијална можност да имаме различни рути за снабдување со нафта, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението.

Претседателот Александар Вучиќ во саботното обраќање до јавноста кажа да Хрватска се покажала како недоверлив партнер за нафтоводот Јанаф, кој е единствениот нафтовод со кој Србија се снабдува со нафта, и ддека Белград донел решение за почеток на изградба на нафтовод кон Унгарија, а во план е изградба и на нафтовод со „пријателите од Отворен Балкан“.

Нашата идеја е да изградиме нафтовод и до Македонија и пристаништето Драч во Албанија, за да ја премрежиме нашата земја со нафтовод. Ќе започнеме брзи разговари со нашите партнери од Отворен Балкан и регионот, рече Вучиќ.

The post За Србија изградбата на нафтовод до Унгарија или до Македонија и Албанија засега е само можност appeared first on Република.

]]>

За Србија најодржливо е сурова нафта да добива преку јадранскиот нафтовод ЈАНАФ, изградбата на нафтовод до Унгарија, што е прва опција, или до Албанија преку Македонија, што е втора опција, засега се само можности, изјави српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Михајловиќ изјави дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето, оценувајќи дека увозот на сурова нафта преку Јанаф е најпрофитабилната и најодржлива опција за Србија.