нафтено истражување Archives - Република https://republika.mk/tema/nafteno-istrazuvanje/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jan 2022 12:12:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нафтено истражување Archives - Република https://republika.mk/tema/nafteno-istrazuvanje/ 32 32 Илјадници Аргентинци излегоа на протести против нафтени истражувања во морето https://republika.mk/vesti/svet/iljadnici-argentinci-izlegoa-na-protesti-protiv-nafteni-istrazuvanja-vo-moreto/ Wed, 05 Jan 2022 12:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=440934

Илјадници Аргентинци маршираа на плажите во градот Мар дел Плата во знак на протест против проектот за истражување на нафта во близина на атлантскиот брег.

Носејќи плакати на кои пишуваше „Нафтата е смрт“, „Море без танкери за нафта“ и „Не за загадувањето“, демонстрантите маршираа под звукот на тапаните и придружени со изведби на класични танчери.

Демонстрантите се спротивставуваат на неодамнешната одлука на левоцентристичката влада на претседателот Алберто Фернандез да се дозволат сеизмички истражувања на норвешката нафтена компанија „Equinor“, аргентинската државна компанија „YPF“ и англо-холандската „Шел“.

https://twitter.com/fedepuy/status/1478459559190532097

Работите ќе се изведуваат во офшор зоните на Аргентинско Море, на околу 300 километри од плажите, што привлекуваат милиони туристи.

Овие истражувања ги убиваат морските животни. Во случај на несреќа, истекувањето на нафтата може да стигне до соседен Уругвај - изјави организаторот на протестот Џулиет, која одби да го каже своето презиме.

Сурферот и спасител Хуан Мануел Балестеро изјави дека е против истражувањата поради „катастрофалните податоци од излевањата на нафта во Бразил и Мексико“.

https://twitter.com/PTSmdq/status/1478507030713303040

Протестни собири се одржаа и во други аргентински крајбрежни градови.

Аргентина има огромни резерви на нафта и гас од шкрилци, вклучувајќи го и второто по големина во светот наоѓалиште за гас од шкрилци, за кое владата се надева дека ќе го поттикне економскиот раст додека се бори да се опорави од пандемијата.

The post Илјадници Аргентинци излегоа на протести против нафтени истражувања во морето appeared first on Република.

]]>

Илјадници Аргентинци маршираа на плажите во градот Мар дел Плата во знак на протест против проектот за истражување на нафта во близина на атлантскиот брег. Носејќи плакати на кои пишуваше „Нафтата е смрт“, „Море без танкери за нафта“ и „Не за загадувањето“, демонстрантите маршираа под звукот на тапаните и придружени со изведби на класични танчери. Демонстрантите се спротивставуваат на неодамнешната одлука на левоцентристичката влада на претседателот Алберто Фернандез да се дозволат сеизмички истражувања на норвешката нафтена компанија „Equinor“, аргентинската државна компанија „YPF“ и англо-холандската „Шел“. https://twitter.com/fedepuy/status/1478459559190532097 Работите ќе се изведуваат во офшор зоните на Аргентинско Море, на околу 300 километри од плажите, што привлекуваат милиони туристи.
Овие истражувања ги убиваат морските животни. Во случај на несреќа, истекувањето на нафтата може да стигне до соседен Уругвај - изјави организаторот на протестот Џулиет, која одби да го каже своето презиме.
Сурферот и спасител Хуан Мануел Балестеро изјави дека е против истражувањата поради „катастрофалните податоци од излевањата на нафта во Бразил и Мексико“. https://twitter.com/PTSmdq/status/1478507030713303040 Протестни собири се одржаа и во други аргентински крајбрежни градови. Аргентина има огромни резерви на нафта и гас од шкрилци, вклучувајќи го и второто по големина во светот наоѓалиште за гас од шкрилци, за кое владата се надева дека ќе го поттикне економскиот раст додека се бори да се опорави од пандемијата.

The post Илјадници Аргентинци излегоа на протести против нафтени истражувања во морето appeared first on Република.

]]>