надзор Archives - Република https://republika.mk/tema/nadzor/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 18:19:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png надзор Archives - Република https://republika.mk/tema/nadzor/ 32 32 Инспектори од ДСЗИ извршиле вонреден надзор на Детската клиника во врска со починатото 14-месечно бебе https://republika.mk/vesti/makedonija/inspektori-od-dszi-izvrshile-vonreden-nadzor-na-detskata-klinika-vo-vrska-so-pochinatoto-14-mesechno-bebe/ Mon, 07 Oct 2024 18:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=823947

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска во просториите на Универзитетската клиника за детски болести извршиле вонреден надзор на целокупната документација и земале изјави од сите лекари инволвирани во случајот со починатото 14-месечно бебе.

Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника.

Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиуми попладнево рече дека утринава имал состанок со директорот на ДСЗИ и дека инспектори вршат инспекциски надзор на Детската клиника и на Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“.

Паралелно со вонредниот инспекциски надзор од ДСЗИ, формирана е и комисијата при Министерството за здравство која треба да го расчисти случајот.

Вчера, министерот Таравари во изјава за медиумите рече дека имал информации за одбиена хоспитализација на бебето но, дека детали очекува од Комисијата за стручен надзор. Одговорност, според министерот, мора да има.

Вратено било, за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење, треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште денес да судам како било. Дозволете компетентните органи да испитаат сѐ во детали. На крајот, некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи. Дојдени биле двајца анестезиолози вечерта кога починало детето, имало обид да се интубира, но, со ниска сатурација и аритмија било проблем, изјави вчера Таравари.

Од опозицискиот Европски фронт денеска побараа оставка од министерот Таравари.

Ниту министерот Таравари, кој е целосно збунет шетајќи низ населбите и градовите во обид да му ги украде партиските печати на АА на неговиот поранешен претседател Зијадин Села, не чувствува никаква морална одговорност и морална мотивација да се однесува како човек во ваква ситуација. Напротив, тој има тенденција да ја релативизира целата оваа ситуација, што во нормална држава ќе резултираше не само со негова оставка и оставка на неспособниот директор Мемеди. Апелираме до вас Арбен да си одите - рече пратеничката Дијана Тоска.

The post Инспектори од ДСЗИ извршиле вонреден надзор на Детската клиника во врска со починатото 14-месечно бебе appeared first on Република.

]]>

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска во просториите на Универзитетската клиника за детски болести извршиле вонреден надзор на целокупната документација и земале изјави од сите лекари инволвирани во случајот со починатото 14-месечно бебе. Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника. Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиуми попладнево рече дека утринава имал состанок со директорот на ДСЗИ и дека инспектори вршат инспекциски надзор на Детската клиника и на Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“. Паралелно со вонредниот инспекциски надзор од ДСЗИ, формирана е и комисијата при Министерството за здравство која треба да го расчисти случајот. Вчера, министерот Таравари во изјава за медиумите рече дека имал информации за одбиена хоспитализација на бебето но, дека детали очекува од Комисијата за стручен надзор. Одговорност, според министерот, мора да има. Вратено било, за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење, треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште денес да судам како било. Дозволете компетентните органи да испитаат сѐ во детали. На крајот, некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи. Дојдени биле двајца анестезиолози вечерта кога починало детето, имало обид да се интубира, но, со ниска сатурација и аритмија било проблем, изјави вчера Таравари. Од опозицискиот Европски фронт денеска побараа оставка од министерот Таравари.
Ниту министерот Таравари, кој е целосно збунет шетајќи низ населбите и градовите во обид да му ги украде партиските печати на АА на неговиот поранешен претседател Зијадин Села, не чувствува никаква морална одговорност и морална мотивација да се однесува како човек во ваква ситуација. Напротив, тој има тенденција да ја релативизира целата оваа ситуација, што во нормална држава ќе резултираше не само со негова оставка и оставка на неспособниот директор Мемеди. Апелираме до вас Арбен да си одите - рече пратеничката Дијана Тоска.

The post Инспектори од ДСЗИ извршиле вонреден надзор на Детската клиника во врска со починатото 14-месечно бебе appeared first on Република.

]]>
Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-bara-informatsii-za-sistemite-pegasus-i-predator/ Fri, 21 Jul 2023 10:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=663869

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.

Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи – кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи - рече Трајанов на седницата.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите.

После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани - рече Ковачки.

Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите.

Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.

The post Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.
Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи – кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи - рече Трајанов на седницата.
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите.
После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани - рече Ковачки.
Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите. Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.

The post Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ appeared first on Република.

]]>
Двојкаш со средно за плата од 5.600 евра месечно ќе врши надзор на изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани https://republika.mk/vesti/makedonija/dvojkash-so-sredno-za-plata-od-5-600-evra-mesechno-ke-vrshi-nadzor-na-izgradbata-na-avtopatot-gostivar-bukojchani/ Tue, 04 Apr 2023 11:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=627102

Од експерти никогаш доста, дали се тоа во железница, или одредени инспекторати, односно се експерти во надзор од коридорите 8 и 10д од „Бехтел и Енка“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако се анализира документацијата од тендерот за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d, ќе се увиди дека недостасуваат податоци за дел од експертите. Односно недостасуваат потпишани договори на дел од тие експерти со економските оператори што го имаат добиено тендерот или нивни подизведувачи.
Од другите податоци кои се достапни, наведени се имиња и презимиња на експерти, нивното образование и работно искуство.
Така за позицијата С4. ИСПЕКТОР за објекти и конструкции од персонал за автопатска делница Гостивар-Букојчани е наведен извесен Никола Ч. Истиот е со средно образование градежен техничар со успех ДОВОЛЕН (2).
За ова работно место е предвидена нето плата од 344.844 денари, односно 5.600 евра месечно.
Секојдневно надзорот на изградба на патните коридори ги вади своите сомнителни аномалии на површина.
Избори веднаш, за да запре ова соголување на државниот буџет, велат од партијата.

The post Двојкаш со средно за плата од 5.600 евра месечно ќе врши надзор на изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани appeared first on Република.

]]>

Од експерти никогаш доста, дали се тоа во железница, или одредени инспекторати, односно се експерти во надзор од коридорите 8 и 10д од „Бехтел и Енка“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако се анализира документацијата од тендерот за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d, ќе се увиди дека недостасуваат податоци за дел од експертите. Односно недостасуваат потпишани договори на дел од тие експерти со економските оператори што го имаат добиено тендерот или нивни подизведувачи. Од другите податоци кои се достапни, наведени се имиња и презимиња на експерти, нивното образование и работно искуство. Така за позицијата С4. ИСПЕКТОР за објекти и конструкции од персонал за автопатска делница Гостивар-Букојчани е наведен извесен Никола Ч. Истиот е со средно образование градежен техничар со успех ДОВОЛЕН (2). За ова работно место е предвидена нето плата од 344.844 денари, односно 5.600 евра месечно. Секојдневно надзорот на изградба на патните коридори ги вади своите сомнителни аномалии на површина. Избори веднаш, за да запре ова соголување на државниот буџет, велат од партијата.

The post Двојкаш со средно за плата од 5.600 евра месечно ќе врши надзор на изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани appeared first on Република.

]]>
Условите се менувани сред постапка за фирма загубар да го добие тендерот, зарем не треба истрага веднаш? го праша Лефков Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/uslovite-se-menuvani-sred-postapka-za-firma-zagubar-da-go-dobie-tenderot-zarem-ne-treba-istraga-vednash-go-prasha-lefkov-kovachevski/ Tue, 28 Mar 2023 12:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=624668

Еве денеска од прилика имаме повторно сликата која што ни се повторува во држава во која што имаме сѐ, само нема правда. Затоа што во текот на вчерашниот ден побаравме од Јавниот обвинител да биде овде за да можеме да му поставиме прашање иако претседателот на Собранието нѐ извести дека е поканет сѐ уште нема одговор и ги нема овде во салата. Прашањето е дали воопшто Јавниот обвинител смее да се појави, дали воопшто Јавниот обвинител смее да дава одговори на прашањата кои што сакаме да му ги поставиме и тие прашања се практично прашања од македонската јавност меѓутоа еве ќе се снајдеме, ќе функционираме со она што располагаме. Прашањата кои што требаше да бидат поставени до Јавниот обвинител ќе ги поставам до вицепремиерката за добри практики, Славица Грковска и второто прашање ќе биде упатено директно до премиерот Ковачевски, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на пратенички прашања.

Првото прашање, да бидеме директни и да не го губиме времето ќе започнеме со еден документ кој што е преземен од Отворени финансии. Од овој документ може да се види дека од Владата на Република Македонија поточно директно од министерството со кое што раководи Артан Груби, оној кој што се потпишува како прв вицепремиер се префрлани парични средства директно на неговиот брат Ветон Груби. Односно за какви политики на добро владеење ќе разговараме во Македонија, за каква борба против корупција кога видовме дека Јавниот обвинител не смее ни да се појави овде за да му ги поставиме овие прашања. А, од Јавни финансии, од изводите од Јавни финансии јасно се гледа текот на средства како од Владата завршуваат во фирмата „ЕТЦ Травел“, сопственост на братот на Артан Груби, или првиот вицепремиер, рече Лефков.

Лефков ја запраша Грковска дали ги оправдува ваквите однесувања. И дали смета со ова исполнети критериумите на членот 5 од Етичкиот кодекс за однесување на членови на Владата. Дали согласно членот 72 став 1 била известена за ваков судир на интереси.

Второто прашање беше директно до Јавниот обвинител затоа што сметам дека многу е сериозна корупцијата во тендерите за надзор за изградба на коридорите 8 и 10Д. Меѓутоа за жал целата македонска јавност виде дека над 22 милиони евра се сериозно, сериозно компромитирани од врските кои што се појавуваат помеѓу премиерот на Владата, господинот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби. Кога го нема Јавниот обвинител, ајде Вие директно премиере да ми ги одговорите овие прашања, дали сметате дека треба веднаш да се отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра затоа што условите под кои што се тендерирани се менувани во сред постапка и за фирма загубар за да може да го добие тендерот. Сомнежи за местење на тендер се изнесувани преку најразлични медиуми, а ги гледаме дека државата и оние кои што треба да се борат против корупција претежно мислев на Јавното обвинителство молчат. И токму поради тоа имаме ниска доверба во Обвинителството, нагласи пратеникот.

Лефков го запраша Ковачевски да објасни како недостасуваат документи за ангажман на 23 експерти. „Електра Солушн“ наведеле дека имаат 32 вработени, а според Годишната сметка која што се пријавува во Централен регистар се само двајца.

The post Условите се менувани сред постапка за фирма загубар да го добие тендерот, зарем не треба истрага веднаш? го праша Лефков Ковачевски appeared first on Република.

Јавното обвинителство да отвори истрага за надзорот на Груби и на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-da-otvori-istraga-za-nadzorot-na-grubi-i-na-kovachevski/ Mon, 27 Mar 2023 08:09:27 +0000 https://republika.mk/?p=624101

ЈО да отвори истрага Груби и Ковачевски промовираа надзор со цени и до 7 пати поскапи во споредба со други проекти, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг за 4 лица за еден месец наплатил 900.000 евра, за составување на договорот со изведувачот на Коридорите 8 и 10Д. Четири лица ангажирани преку овој Конзорциум поединечно наплатиле по 225.000 евра за месец ефективна работа. Дополнително до крајот на проектот на истите 4 лица треба да им бидат префрлени уште по 75.000 евра по човек.

Цените кои се наведени за инженери и надзорници се и до 7 пати поголеми од тие кои се плаќани на други проекти. Најголемиот дел од парите ќе поминат преку Електра Солушн, фирма за производство на долна облека.

Оваа фирма, Електра Солушн, од вкупно 22 милиони евра ќе добие 8.3 милиони евра, а истата кога бил распишан јавниот повик за доставување на понуди за учество на тендерот воопшто немала ниту лиценца.

ЈО мора да отвори постапка и да утврди како фирма која немала ниту лиценца и произведувала долна облека, сега е главна фирма за надзор на проект тежок милијарди.

ЈО мора да утврди која е вистината зад Електра Солушн. Премногу е бледа приказната дека странски фирми за надзор ја контактирале за тендерот, кога таа воопшто не е од областа.

Дополнително уште по симптоматично е како истата се поврзува со фирми со руски врски кои го добиле првиот тендер, од каде има преземено и работници.

ЈО не смее да молчи. Очекуваме отворање на постапка, се друго ќе значи соучесништво.

The post Јавното обвинителство да отвори истрага за надзорот на Груби и на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

ЈО да отвори истрага Груби и Ковачевски промовираа надзор со цени и до 7 пати поскапи во споредба со други проекти, бара ВМРО-ДПМНЕ.
Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг за 4 лица за еден месец наплатил 900.000 евра, за составување на договорот со изведувачот на Коридорите 8 и 10Д. Четири лица ангажирани преку овој Конзорциум поединечно наплатиле по 225.000 евра за месец ефективна работа. Дополнително до крајот на проектот на истите 4 лица треба да им бидат префрлени уште по 75.000 евра по човек.
Цените кои се наведени за инженери и надзорници се и до 7 пати поголеми од тие кои се плаќани на други проекти. Најголемиот дел од парите ќе поминат преку Електра Солушн, фирма за производство на долна облека.
Оваа фирма, Електра Солушн, од вкупно 22 милиони евра ќе добие 8.3 милиони евра, а истата кога бил распишан јавниот повик за доставување на понуди за учество на тендерот воопшто немала ниту лиценца.
ЈО мора да отвори постапка и да утврди како фирма која немала ниту лиценца и произведувала долна облека, сега е главна фирма за надзор на проект тежок милијарди. ЈО мора да утврди која е вистината зад Електра Солушн. Премногу е бледа приказната дека странски фирми за надзор ја контактирале за тендерот, кога таа воопшто не е од областа. Дополнително уште по симптоматично е како истата се поврзува со фирми со руски врски кои го добиле првиот тендер, од каде има преземено и работници. ЈО не смее да молчи. Очекуваме отворање на постапка, се друго ќе значи соучесништво.

The post Јавното обвинителство да отвори истрага за надзорот на Груби и на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот за надзор Ковачевски и Груби овозможија 4 лица да наплатат 900.000 евра за месец дена само затоа што составиле договор https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-dogovorot-za-nadzor-kovachevski-i-grubi-ovozmozhija-4-litsa-da-naplatat-900-000-evra-za-mesets-dena-samo-zatoa-shto-sostavile-dogovor/ Sun, 26 Mar 2023 08:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=623738

Со договорот за надзор Ковачевски и Груби овозможија 4 лица да наплатат 900.000 евра за месец дена само затоа што составиле договор. Дополнително овие 4 експерти, меѓу кои адвокати од Македонија и соседството ќе наплатат уште 300.000 евра до крајот на изведбата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Секој од овие 4 лица наплатил 225.000 евра за месец дена ефективна работа.

Зошто владата воопшто распишувала тендер за правен трансакциски советник, кога има служби и институции кои можеле да го преговараат и склучат договорот?

Овие 900.000 евра кои власта ги исплатила можеле да бидат заштедени, доколку Ковачевски и Груби ги ангажираа државните служби за ова за што ги платиле наводните експерти.

И Ковачевски и Груби се компромитираа со надзорот. Очигледна е сомнителноста на целиот случај и одговорност мора да има, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот за надзор Ковачевски и Груби овозможија 4 лица да наплатат 900.000 евра за месец дена само затоа што составиле договор appeared first on Република.

]]>

Со договорот за надзор Ковачевски и Груби овозможија 4 лица да наплатат 900.000 евра за месец дена само затоа што составиле договор. Дополнително овие 4 експерти, меѓу кои адвокати од Македонија и соседството ќе наплатат уште 300.000 евра до крајот на изведбата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Секој од овие 4 лица наплатил 225.000 евра за месец дена ефективна работа. Зошто владата воопшто распишувала тендер за правен трансакциски советник, кога има служби и институции кои можеле да го преговараат и склучат договорот? Овие 900.000 евра кои власта ги исплатила можеле да бидат заштедени, доколку Ковачевски и Груби ги ангажираа државните служби за ова за што ги платиле наводните експерти. И Ковачевски и Груби се компромитираа со надзорот. Очигледна е сомнителноста на целиот случај и одговорност мора да има, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот за надзор Ковачевски и Груби овозможија 4 лица да наплатат 900.000 евра за месец дена само затоа што составиле договор appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Во режија на Ковачевски и Груби четири експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vo-rezhija-na-kovachevski-i-grubi-chetiri-eksperti-od-nadzorot-za-1-mesets-naplatile-900-000-evra/ Sat, 25 Mar 2023 10:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=623507

Корупција видлива од авион, во режија на Ковачевски и Груби 4 експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра. Четири експерти на Конзорциумот воден од ИРД наплатиле 900.000 евра за 1 месец преговарање со изведувачот. Останатите 300.000 евра ќе ги наплатат до крајот на изведбата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека со договорот кој го застапуваа Ковачевски и Груби секој од овие 4 преговарачи поединечно наплатил 225.000 евра за 1 месец работа.

Владата мора да одговори зошто во тендерот за надзор го вклопила и тендерот за правен трансакциски советник, но и зошто воопшто им се бара правен трансакциски советник, кој би го подготвувал договорот, кога владата има служби и институции кои можеле тоа да го направат?

Која е оправданоста 4 лица за еден месец работа да земат 225.000 евра поединечно?

И медиумите и граѓаните и сите општествени чинители гледаат коруптивност во џдоговорот со надзорот, само ЈО и ДКСК со денови молчат.

ЈО не треба да чека, туку веднаш да отвори постапка. Зошто непостапувањето е еднакво на соучесништво, а еден ден ќе треба да одговорат зошто не постапиле, но и да одговараат за тоа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во режија на Ковачевски и Груби четири експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра appeared first on Република.

]]>

Корупција видлива од авион, во режија на Ковачевски и Груби 4 експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра. Четири експерти на Конзорциумот воден од ИРД наплатиле 900.000 евра за 1 месец преговарање со изведувачот. Останатите 300.000 евра ќе ги наплатат до крајот на изведбата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека со договорот кој го застапуваа Ковачевски и Груби секој од овие 4 преговарачи поединечно наплатил 225.000 евра за 1 месец работа.
Владата мора да одговори зошто во тендерот за надзор го вклопила и тендерот за правен трансакциски советник, но и зошто воопшто им се бара правен трансакциски советник, кој би го подготвувал договорот, кога владата има служби и институции кои можеле тоа да го направат?   Која е оправданоста 4 лица за еден месец работа да земат 225.000 евра поединечно?   И медиумите и граѓаните и сите општествени чинители гледаат коруптивност во џдоговорот со надзорот, само ЈО и ДКСК со денови молчат.   ЈО не треба да чека, туку веднаш да отвори постапка. Зошто непостапувањето е еднакво на соучесништво, а еден ден ќе треба да одговорат зошто не постапиле, но и да одговараат за тоа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во режија на Ковачевски и Груби четири експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра appeared first on Република.

]]>
На повидок нов мега скандал: Четворица „експерти“ добиле 900.000 евра за еден месец за изготвување договор https://republika.mk/vesti/makedonija/na-povidok-nov-mega-skandal-chetvoritsa-eksperti-dobile-900-000-evra-za-eden-mesets-za-izgotvuvane-dogovor/ Fri, 24 Mar 2023 07:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=623083

Не престануваат скандалите врзани со надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10д, кој што го ангажираше криминалната власт на Ковачевски и Груби,напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, оваа банда на власт ангажирала 4 лица за изготвување на договор со фирмата изведувач за неверојатни 900 илјади евра за еден месец! Во услови кога не е прецизирана вредноста на вкупниот проект, кога нема целосна проектна документација за истиот, овие лица ангажирани од Губи и Ковачевски ги платиле речиси еден милион евра. Владата на најсиромашната земја во Европа се расфрла со народните пари замесечни  хонорари кои се незамисливи за било кој во Македонија.

Дополнително, клучната компанија во конзорциумот кој ќе го врши надзорот, компанијата Електра Солушн, која до скоро се занимавала со шиење гаќи, ќе добие најголем дел од средствата предвидени за надзорот. Патем да биде уште посомнително, надзорот во овој случај ќе добие неколкукратно повеќе од сумите кои се наплаќани за надзор на други проекти. Пример, надзорен инженер за автопатот Скопје – Блаце е буџетиран на 2.900 евра месечно, а за надзорот на Коридорите 8 и 10д за истата позиција се предвидени седум пати повеќе, односно 20.000 евра месечно.

Услугата за еден геометар на надзорот на автопатот Скопје – Блаце чини 1.300 евра месечно, а за надзорот над Коридорите 8 и 10д е 5.600 евра месечно.

Надзорен инженер за животна средина за надзор на автопатот Кичево – Охрид е тарифиран 5.450 евра месечно, додека за Коридорите 8 и 10д 9.000 евра.

Како е возможно месечните надоместоци да бидат и до 7 пати повисоки. Да вршеа надзор на изградба на вселенска станица немаше толку да бидат платени-прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Овде смрди на криминал, а Јавното обвинителство и понатаму се прави глуво и слепо.За ова мора да има одговорност за сите инволвирани, вклучително и за тие институциии кои пред ова замижуваат.

The post На повидок нов мега скандал: Четворица „експерти“ добиле 900.000 евра за еден месец за изготвување договор appeared first on Република.

]]>

Не престануваат скандалите врзани со надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10д, кој што го ангажираше криминалната власт на Ковачевски и Груби,напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, оваа банда на власт ангажирала 4 лица за изготвување на договор со фирмата изведувач за неверојатни 900 илјади евра за еден месец! Во услови кога не е прецизирана вредноста на вкупниот проект, кога нема целосна проектна документација за истиот, овие лица ангажирани од Губи и Ковачевски ги платиле речиси еден милион евра. Владата на најсиромашната земја во Европа се расфрла со народните пари замесечни  хонорари кои се незамисливи за било кој во Македонија.
Дополнително, клучната компанија во конзорциумот кој ќе го врши надзорот, компанијата Електра Солушн, која до скоро се занимавала со шиење гаќи, ќе добие најголем дел од средствата предвидени за надзорот. Патем да биде уште посомнително, надзорот во овој случај ќе добие неколкукратно повеќе од сумите кои се наплаќани за надзор на други проекти. Пример, надзорен инженер за автопатот Скопје – Блаце е буџетиран на 2.900 евра месечно, а за надзорот на Коридорите 8 и 10д за истата позиција се предвидени седум пати повеќе, односно 20.000 евра месечно. Услугата за еден геометар на надзорот на автопатот Скопје – Блаце чини 1.300 евра месечно, а за надзорот над Коридорите 8 и 10д е 5.600 евра месечно. Надзорен инженер за животна средина за надзор на автопатот Кичево – Охрид е тарифиран 5.450 евра месечно, додека за Коридорите 8 и 10д 9.000 евра.
Како е возможно месечните надоместоци да бидат и до 7 пати повисоки. Да вршеа надзор на изградба на вселенска станица немаше толку да бидат платени-прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Овде смрди на криминал, а Јавното обвинителство и понатаму се прави глуво и слепо.За ова мора да има одговорност за сите инволвирани, вклучително и за тие институциии кои пред ова замижуваат.

The post На повидок нов мега скандал: Четворица „експерти“ добиле 900.000 евра за еден месец за изготвување договор appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Надзорот на Коридорите 8 и 10д се плаќа и до седум пати поскапо споредено со други проекти https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-nadzorot-na-koridorite-8-i-10d-se-plaka-i-do-sedum-pati-poskapo-sporedeno-so-drugi-proekti/ Thu, 23 Mar 2023 11:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=622842

Според најновите информации кои ги објавија медиумите Електра Солушнс преку која ќе поминат најмногу пари од договорот за надзор, 8.3 милиони евра, има само четири свои вработени ангажирани на проектот и тие 4 ги вработила на 20.10.2022 година, т.е. откако ја добиле лиценцата за надзор рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Се поставува прашањето како тогаш Електра Солушн ги исполнила условите за издавање на лиценца за надзор, и дали само времено вработила лица за да добие лиценца, а потоа истите тие лица не ги ангажира на проектот? Дополнително симптоматично е што на фирмите членки на Конзорциумот им фалат клучни документи во договорот за надзор за 23 експерти, за кои нема доказ дека работат или се ангажирани од една од фирмите. За сите овие лица Електра Солушн, Евро Консалтинг, ИРД и ЕПТИСА ќе наплатат огромни суми на пари, кои се неколкукратно повеќе од сумите кои се наплаќани за надзор на други проекти. Мора да напоменеме дека парите кои се предвидени за одреден кадар не се слеваат кај работниците, туку кај фирмите, а тие исплаќаат дел од сумата на име плата или договор за дело, a остатокот останува за надзорот, вели Стојаноски.

The post Стојаноски: Надзорот на Коридорите 8 и 10д се плаќа и до седум пати поскапо споредено со други проекти appeared first on Република.

Само на Ковачевски и на Груби не им смрди на корупција фирмата за производство на гаќи која ќе врши надзор на автопатите https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-na-kovachevski-i-na-grubi-ne-im-smrdi-na-koruptsija-firmata-za-proizvodstvo-na-gaki-koja-ke-vrshi-nadzor-na-avtopatite/ Mon, 20 Mar 2023 08:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=621450

Ковачевски и Груби на скандалозен начин избраа надзор за изградбата на коридорите 8 и 10д. Иако лажеа дека надозор ќе го врши меѓународен конзорциум, на виделина излезе фактот дека всушност најголем дел од парите ќе завршат во контроверзи компании од Македонија, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Прво, најголем дел од 22 милионскиот тендер ќе завршат кај Електра Солушн, компанија која лиценца за надзор добила во текот на тендерскиот повик. Оваа компанија се занимавала со производство на гаќи и долна облека, а за посуспешно да се „преструктуира“ во бизнисот за надзор во градежништвото добила и грант од 65 илјади евра од Фондот за иновации. Очигледно дека постои цел еден организиран систем кој стои зад овој скандалозен тендер што смрди на криминал и корупција. Патем, Електра Солушн е тесно поврзана со компаниите кои го добија претходниот тендер за надзор, но беа означени како фирми поврзани со руски капитал.

Дека овде се работи за огромна матна зделка на која и кумува власта на Ковачевски и Груби , според ВМРО-ДПМЕ, говори и фактот што во надзорот е вклучена и компанијата „Евро консалтинг“ чиј основач и сопственик е Бранислав Димитријевиќ, човек кој е вмешан во криминал во Ерменија и кого дипломатите на Бујар Османи на шверцерски начин го извлекуваа за да го спасат од одговорност. Што повеќе да се каже, Османи го извлекува ликот осомничен за криминал во Ерменија, а Груби и Ковачевски го ангажираат во Македонија.

Капак на се е фирмата ЕПТИСА, компанија која е во потполност со кинески капитал и која ќе биде единствен пример во светот, кинеска фирма да врши надзор над американски компании изведувачи. Истата оваа компанија ЕПТИСА, од Влада на СДС и ДУИ добила негативна референца и препорака со нејзе да не се соработува, заради непочитување на закони, неетичко и несоодветно работење. Сега таа компанија со такво лошо педигре ќе крка пари од тендер и ќе води надзор.

Ковачевски, но пред се Груби свесно ангажирале ваков надзор на автопатите. Тие знаат дека со контроверзи и криминогени субјекти во надзорот лесно може да се договорат, но не како да се изгради нешто подобро, туку како да се направи дубара.

Одговорност за овој скандал мора да има. Јавното обвинителство не смее да молчи, бидејќи ова е класичен пример за местен коруптивен тендер. Обвинителството доколку молчи станува соучесник, и во иднина кога ова ќе се истражува ќе одговараат и тие кои што ова го премолчиле и го дозволиле.

The post Само на Ковачевски и на Груби не им смрди на корупција фирмата за производство на гаќи која ќе врши надзор на автопатите appeared first on Република.

]]>

Ковачевски и Груби на скандалозен начин избраа надзор за изградбата на коридорите 8 и 10д. Иако лажеа дека надозор ќе го врши меѓународен конзорциум, на виделина излезе фактот дека всушност најголем дел од парите ќе завршат во контроверзи компании од Македонија, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Прво, најголем дел од 22 милионскиот тендер ќе завршат кај Електра Солушн, компанија која лиценца за надзор добила во текот на тендерскиот повик. Оваа компанија се занимавала со производство на гаќи и долна облека, а за посуспешно да се „преструктуира“ во бизнисот за надзор во градежништвото добила и грант од 65 илјади евра од Фондот за иновации. Очигледно дека постои цел еден организиран систем кој стои зад овој скандалозен тендер што смрди на криминал и корупција. Патем, Електра Солушн е тесно поврзана со компаниите кои го добија претходниот тендер за надзор, но беа означени како фирми поврзани со руски капитал.
Дека овде се работи за огромна матна зделка на која и кумува власта на Ковачевски и Груби , според ВМРО-ДПМЕ, говори и фактот што во надзорот е вклучена и компанијата „Евро консалтинг“ чиј основач и сопственик е Бранислав Димитријевиќ, човек кој е вмешан во криминал во Ерменија и кого дипломатите на Бујар Османи на шверцерски начин го извлекуваа за да го спасат од одговорност. Што повеќе да се каже, Османи го извлекува ликот осомничен за криминал во Ерменија, а Груби и Ковачевски го ангажираат во Македонија.
Капак на се е фирмата ЕПТИСА, компанија која е во потполност со кинески капитал и која ќе биде единствен пример во светот, кинеска фирма да врши надзор над американски компании изведувачи. Истата оваа компанија ЕПТИСА, од Влада на СДС и ДУИ добила негативна референца и препорака со нејзе да не се соработува, заради непочитување на закони, неетичко и несоодветно работење. Сега таа компанија со такво лошо педигре ќе крка пари од тендер и ќе води надзор.
Ковачевски, но пред се Груби свесно ангажирале ваков надзор на автопатите. Тие знаат дека со контроверзи и криминогени субјекти во надзорот лесно може да се договорат, но не како да се изгради нешто подобро, туку како да се направи дубара. Одговорност за овој скандал мора да има. Јавното обвинителство не смее да молчи, бидејќи ова е класичен пример за местен коруптивен тендер. Обвинителството доколку молчи станува соучесник, и во иднина кога ова ќе се истражува ќе одговараат и тие кои што ова го премолчиле и го дозволиле.

The post Само на Ковачевски и на Груби не им смрди на корупција фирмата за производство на гаќи која ќе врши надзор на автопатите appeared first on Република.

]]>
Ковачевски и Груби се фалеа со странски надзор, а на крај се договорија со фабрика за гаќи https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-grubi-se-falea-so-stranski-nadzor-a-na-kraj-se-dogovorija-so-fabrika-za-gaki/ Fri, 17 Mar 2023 08:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=620598

Ковачевски и Груби се фалеа со странски надзор, а на крај промовираа договор со фабрика за гаќи, постои ли дно кое не можат да го пробијат?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и Груби ја срамат Македонија, даваат тендер за надзор која нема еден ден искуство, а лиценцата ја добива во сред постапка за поднесување пријави.

Лага беа тврдењата на Ковачевски и Груби дека надзорот оди кај странски експерти. 2/3 од парите одат кај фирмата за гаќи „Електра Солушн“ и „Евро Консалтинг“ на криминалец баран со меѓународна потерница.

Единствени странци во проектот се еден државјанин на Хрватска, адвокат, двајца од Србија, инженери, еден од Црна Гора и директорот на „ИРД“ од Италија кој ќе се наплати над 1 милион евра.

Најголемиот број од петте странци се вклучени во преговорите со изведувачот, и не се за надзор, надзорот 99% ќе се врши од страна на домашни лица. Лага е дека надзорот е скап заради странски експерти.Ковачевски и Груби се фатени во шема која смрди на корупција, која очигледно само на ЈО не и мириса.

The post Ковачевски и Груби се фалеа со странски надзор, а на крај се договорија со фабрика за гаќи appeared first on Република.

]]>

Ковачевски и Груби се фалеа со странски надзор, а на крај промовираа договор со фабрика за гаќи, постои ли дно кое не можат да го пробијат?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски и Груби ја срамат Македонија, даваат тендер за надзор која нема еден ден искуство, а лиценцата ја добива во сред постапка за поднесување пријави.
Лага беа тврдењата на Ковачевски и Груби дека надзорот оди кај странски експерти. 2/3 од парите одат кај фирмата за гаќи „Електра Солушн“ и „Евро Консалтинг“ на криминалец баран со меѓународна потерница. Единствени странци во проектот се еден државјанин на Хрватска, адвокат, двајца од Србија, инженери, еден од Црна Гора и директорот на „ИРД“ од Италија кој ќе се наплати над 1 милион евра.
Најголемиот број од петте странци се вклучени во преговорите со изведувачот, и не се за надзор, надзорот 99% ќе се врши од страна на домашни лица. Лага е дека надзорот е скап заради странски експерти.Ковачевски и Груби се фатени во шема која смрди на корупција, која очигледно само на ЈО не и мириса.

The post Ковачевски и Груби се фалеа со странски надзор, а на крај се договорија со фабрика за гаќи appeared first on Република.

]]>
Мицкоски не очекува Обвинителството да отвори случај за надзорот на автопатите https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-ochekuva-obvinitelstvoto-da-otvori-sluchaj-za-nadzorot-na-avtopatite/ Thu, 16 Mar 2023 13:09:54 +0000 https://republika.mk/?p=620341

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не очекува дека обвинителството ќе отвори случај за надзорот на изградбата на двата коридора во земјава.

-Јас прв го објавив овој скандал и можам да кажам дека има епски размери не само во обемот на криминал од 22 милиона евра, туку и од брутално лошиот пристап на Владата да објасни како прави криминал на отворена сцена, па се обидува да го правда со тоа што ќе бидат ангажирани експерти, а сите видовте дека станува збор за експерти од пет соседни држави кои ќе прокнижат повеќе од 22 милиона евра народни пари, изјави денеска Мицкоски во Битола.

Одговорајќи на новинарски прашања, тој истакна дека „следната влада на ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе се позанимава со тендерот за супервизија и надзор“.

ВМРО-ДПМНЕ, дополни Мицкоски, овие коридори ги има како приоритет во својата програма и и стои на располагање на „Бехтел и Енка“ за нивна доизведба.

-Не очекувам дека ова обвинителство и оваа власт ќе постапуваат, но ви ветувам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе се позанимава со тендерот за супервизија и надзор што практично има за задача да врши надзор на градежните работи и да ги потпишува градежните книги, а врз основа на градежните книги ќе се исплаќаат пари од буџетот во процесот на реализација на Коридорот 8 и Коридорот 10 д. ВМРО-ДПМНЕ овие коридори ги има како приоритет во својата програма и што се однесува до изведбата ние сме апсолутно тука и стоиме на располагање на реномираната „Бехтел и Енка“ да помогнеме во реализација на овие два коридора, но на законски начин со вистински супернадзор, со вистинска помош што ќе ја понудиме зашто приоритет е изградба на патна инфраструктура, приоритет и во претходната и во следната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде изградба на автопатско решение што ќе ги поврзе Прилеп – Битола со ГП Меџитлија, што ќе ги поврзе Гостивар со Кичево, а потоа и до Охрид и Ќафасан и Албанија. Изведбата на овој коридор никогаш нема да биде под знак прашање бидејќи е дел од партиските приоритети, но на законски начин. Не можеме да бидеме лицемери и стоиме на располагање на изведувачот понатаму кога ќе биде подготвен да му помогнеме. Но, исто така ви ветувам дека овие компании што се дел од процесот на избор на супервизор и надзор ќе биде и тоа како ревидиран и тоа како некој ќе сноси одговорност зашто не само што сака да украде 22 милиона евра народни пари, туку утре и преку лажните количини што ќе бидат дел од овие проекти ќе сакаат дополнителни провизии определени корумпирани политичари да ги стават во свој џеб, рече Мицкоски.

The post Мицкоски не очекува Обвинителството да отвори случај за надзорот на автопатите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не очекува дека обвинителството ќе отвори случај за надзорот на изградбата на двата коридора во земјава. -Јас прв го објавив овој скандал и можам да кажам дека има епски размери не само во обемот на криминал од 22 милиона евра, туку и од брутално лошиот пристап на Владата да објасни како прави криминал на отворена сцена, па се обидува да го правда со тоа што ќе бидат ангажирани експерти, а сите видовте дека станува збор за експерти од пет соседни држави кои ќе прокнижат повеќе од 22 милиона евра народни пари, изјави денеска Мицкоски во Битола. Одговорајќи на новинарски прашања, тој истакна дека „следната влада на ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе се позанимава со тендерот за супервизија и надзор“. ВМРО-ДПМНЕ, дополни Мицкоски, овие коридори ги има како приоритет во својата програма и и стои на располагање на „Бехтел и Енка“ за нивна доизведба.
-Не очекувам дека ова обвинителство и оваа власт ќе постапуваат, но ви ветувам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе се позанимава со тендерот за супервизија и надзор што практично има за задача да врши надзор на градежните работи и да ги потпишува градежните книги, а врз основа на градежните книги ќе се исплаќаат пари од буџетот во процесот на реализација на Коридорот 8 и Коридорот 10 д. ВМРО-ДПМНЕ овие коридори ги има како приоритет во својата програма и што се однесува до изведбата ние сме апсолутно тука и стоиме на располагање на реномираната „Бехтел и Енка“ да помогнеме во реализација на овие два коридора, но на законски начин со вистински супернадзор, со вистинска помош што ќе ја понудиме зашто приоритет е изградба на патна инфраструктура, приоритет и во претходната и во следната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде изградба на автопатско решение што ќе ги поврзе Прилеп – Битола со ГП Меџитлија, што ќе ги поврзе Гостивар со Кичево, а потоа и до Охрид и Ќафасан и Албанија. Изведбата на овој коридор никогаш нема да биде под знак прашање бидејќи е дел од партиските приоритети, но на законски начин. Не можеме да бидеме лицемери и стоиме на располагање на изведувачот понатаму кога ќе биде подготвен да му помогнеме. Но, исто така ви ветувам дека овие компании што се дел од процесот на избор на супервизор и надзор ќе биде и тоа како ревидиран и тоа како некој ќе сноси одговорност зашто не само што сака да украде 22 милиона евра народни пари, туку утре и преку лажните количини што ќе бидат дел од овие проекти ќе сакаат дополнителни провизии определени корумпирани политичари да ги стават во свој џеб, рече Мицкоски.

The post Мицкоски не очекува Обвинителството да отвори случај за надзорот на автопатите appeared first on Република.

]]>
70 проценти од парите за надзор ќе поделат „Електра“ која вади лиценца среде повик и фирмата на Димитријевиќ по кого има меѓународна потерница https://republika.mk/vesti/makedonija/70-protsenti-od-parite-za-nadzor-ke-podelat-elektra-koja-vadi-litsentsa-srede-povik-i-firmata-na-kriminaletsot-so-megunarodna-poternitsa-dimitrijevik/ Tue, 14 Mar 2023 11:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=619519

Потонаа сите лаги на Артан Груби и Димитар Ковачевски за странски експерти при надзорот на градбата на Коридорите 8 и 10Д. „ИРД“ е само носител на Конзорциумот на хартија, а најголемиот дел од парите одат кај „Електра Солушн“ која вади лиценца во сред јавен повик и „Евро Консалтинг“ на бараниот со меѓународна потерница за криминал Бранимир Димитријевиќ,обвини Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Електра Солушн“ која поднесува барање за издавање на лиценца за надзор по отворање на повикот за прибирање на понуди и добива во ек на огласот и Евро Консалтинг на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе поделат 70% од парите за надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д. Толку од меѓународните експерти на Груби и Ковачевски.

https://www.youtube.com/watch?v=3KEmRUZfXVU&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Уште пофрапантно е што „Електра Солушн“ не само што нема искуство во вршење на надзор, туку дејност во која има искуство и во која работела порано е верувале или не, производство на долна облека. Да, добро слушате, фирма со искуство во производство на долна облека ќе го врши надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д.

Уште потрагично е што истава оваа фирма своето учество во тендерот го брани со тоа што била контактирана од меѓународни компании да учествуваат заедно на тендерот. Кои меѓународни компании ќе бараат фирма која се занимавала со производство на долна облека за учество на најголемиот тендер за надзор во Македонија? И како ја барале таа компанија која нема лиценца, а не барале фирми со децениско искуство?

Оваа фирма „Електра Солушн“ ќе земе 8.2 милиони евра од тендерот од 22 милиони евра, а фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе наплати 7.1 милион евра. Вкупно овие две македонски фирми ќе наплатат 70% од сумата предвидена за надзорот.

Останатите 30%, 4.1 милиони одат кај „ИРД“ од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на „ИРД“ во Скопје ќе чинат околу 2.4 милиони евра.

Носителот на Конзорциумот, „ИРД“, ќе наплати помалку пари од фирмата со искуство во производство на долна облека и фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница.

Кинеската „Ептиса“ од овој тендер ќе наплати само 400.000 евра, па се поставува прашањето зошто истите се дел од Конзорциумот, или имаат за цел само да вршат увид над техниката и технологијата на американската „Бехтел“?

Вкупно само пет лица ангажирани од фирмите се странци, и тоа адвокат од Хрватска, двајца инженери од Србија и еден од Црна Гора, како и директорот на „ИРД“ кој го потпишал договорот. Толку од странци. И најголемиот дел од нив се ангажирани за преговарање, а не за надзор, за што ќе наплатат 300.000 евра поединечно. Додека директорот на „ИРД“ ќе наплати како хонорар 1.3 милиони евра.

Напумпаните 22 милиони евра ќе се трошат на тешки награди и хонорари, а не на реални работи.

Никакви меѓународни експерти не се во игра, туку шема која смрди на корупција.

Ги повикуваме Јавното обвинителство додека не е доцна, додека Груби и Ковачевски во целост не ја посрамотиле Република Македонија да отворат истрага и да побараат прекин на работата на надзорот. Секое неделување или задоцнето делување ја чини државата пари и образ.

The post 70 проценти од парите за надзор ќе поделат „Електра“ која вади лиценца среде повик и фирмата на Димитријевиќ по кого има меѓународна потерница appeared first on Република.

]]>

Потонаа сите лаги на Артан Груби и Димитар Ковачевски за странски експерти при надзорот на градбата на Коридорите 8 и 10Д. „ИРД“ е само носител на Конзорциумот на хартија, а најголемиот дел од парите одат кај „Електра Солушн“ која вади лиценца во сред јавен повик и „Евро Консалтинг“ на бараниот со меѓународна потерница за криминал Бранимир Димитријевиќ,обвини Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Електра Солушн“ која поднесува барање за издавање на лиценца за надзор по отворање на повикот за прибирање на понуди и добива во ек на огласот и Евро Консалтинг на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе поделат 70% од парите за надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д. Толку од меѓународните експерти на Груби и Ковачевски.
https://www.youtube.com/watch?v=3KEmRUZfXVU&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Уште пофрапантно е што „Електра Солушн“ не само што нема искуство во вршење на надзор, туку дејност во која има искуство и во која работела порано е верувале или не, производство на долна облека. Да, добро слушате, фирма со искуство во производство на долна облека ќе го врши надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д.
Уште потрагично е што истава оваа фирма своето учество во тендерот го брани со тоа што била контактирана од меѓународни компании да учествуваат заедно на тендерот. Кои меѓународни компании ќе бараат фирма која се занимавала со производство на долна облека за учество на најголемиот тендер за надзор во Македонија? И како ја барале таа компанија која нема лиценца, а не барале фирми со децениско искуство?
Оваа фирма „Електра Солушн“ ќе земе 8.2 милиони евра од тендерот од 22 милиони евра, а фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе наплати 7.1 милион евра. Вкупно овие две македонски фирми ќе наплатат 70% од сумата предвидена за надзорот. Останатите 30%, 4.1 милиони одат кај „ИРД“ од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на „ИРД“ во Скопје ќе чинат околу 2.4 милиони евра. Носителот на Конзорциумот, „ИРД“, ќе наплати помалку пари од фирмата со искуство во производство на долна облека и фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница. Кинеската „Ептиса“ од овој тендер ќе наплати само 400.000 евра, па се поставува прашањето зошто истите се дел од Конзорциумот, или имаат за цел само да вршат увид над техниката и технологијата на американската „Бехтел“?  
Вкупно само пет лица ангажирани од фирмите се странци, и тоа адвокат од Хрватска, двајца инженери од Србија и еден од Црна Гора, како и директорот на „ИРД“ кој го потпишал договорот. Толку од странци. И најголемиот дел од нив се ангажирани за преговарање, а не за надзор, за што ќе наплатат 300.000 евра поединечно. Додека директорот на „ИРД“ ќе наплати како хонорар 1.3 милиони евра.
Напумпаните 22 милиони евра ќе се трошат на тешки награди и хонорари, а не на реални работи. Никакви меѓународни експерти не се во игра, туку шема која смрди на корупција. Ги повикуваме Јавното обвинителство додека не е доцна, додека Груби и Ковачевски во целост не ја посрамотиле Република Македонија да отворат истрага и да побараат прекин на работата на надзорот. Секое неделување или задоцнето делување ја чини државата пари и образ.

The post 70 проценти од парите за надзор ќе поделат „Електра“ која вади лиценца среде повик и фирмата на Димитријевиќ по кого има меѓународна потерница appeared first on Република.

]]>
Јавното претпријатие за државни патишта ја брани Владата: Изборот на надзор бил според закон https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-pretprijatie-za-drzhavni-patishta-ja-brani-vladata-izborot-na-nadzor-bil-spored-zakon/ Mon, 13 Mar 2023 12:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=619157

 Постапката за избор на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10д  од почеток до крај беше спроведена според Законот за јавни набавки,  порачаа денеска од Јавното претпријатие за државни патишта.

Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми на брифинг со медиуми потенцираше дека постапката поминала и на управна контрола  од каде кажале дека е според закон.

Не евалуирамe акционери, туку референци на компании кои немаат забрана за работа, рече Рустеми.

Ниту една од компаниите во конзорциумот за надзор, посочуваат, немала забрана за работа односно негативна референца.

Ако има негативна референца самиот електронски Систем за јавни набавки ќе го покаже тоа, велат од ЈПДП и појаснуваат дека со Законот како што се бараат документи за правното лице се бараат и за физичко лице, односно од Централен регистар и од судовите.

Од ИРД, конзорциумот избран за  правен и трансакциски советник и надзор, пак, исто така потенцираа дека фирмите во нивниот конзорциум немаат никаква забрана за учество  во постапки  за јавни набавки.

- Проверуваме  дали ги исполнуваат условите што се пропишани  со огласот и  е утврдено дека ги исполнуваат, посочија од  ИРД.

Износот за градење е 1,3 милијарди евра, но се уште не се знае колку ќе чини одделно секоја од четирите автопатски делници. Сега има иницијален проект, па ќе следи основен проект, па проект на изведба со што ќе се знае цената.

Првичните пресметки покажуваат дека делницата Тетово - Гостивар во должина од 17,5 километри чини 125 милиони евра, Гостивар - Букојчани (30,3 километри) 560 милиони евра, Требеништа - Струга - Ќафасан (21,7 километри) 360 милиони евра, а Прилеп - Битола (39,4) 260 милиони евра.

Според министерот за транспорт Благоја Бочварски, првпат се воведува нова пракса со проектирање и изведба, а клучно е да се затворат коридорите.

Договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ беше потпишан минатата недела во Владата, а  Антикорупциската комисија отвори предмет  за да се проверат објавите за една од компаниите во конзорциумот избран за надзор.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jo-da-otvori-istraga-za-koruptivnata-shema-so-nadzorot-od-22-milioni-evra-i-da-pobara-zapirane-na-rabotata/

The post Јавното претпријатие за државни патишта ја брани Владата: Изборот на надзор бил според закон appeared first on Република.

ЈО да отвори истрага за коруптивната шема со надзорот од 22 милиони евра, и да побара запирање на работата https://republika.mk/vesti/makedonija/jo-da-otvori-istraga-za-koruptivnata-shema-so-nadzorot-od-22-milioni-evra-i-da-pobara-zapirane-na-rabotata/ Mon, 13 Mar 2023 11:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=619118

Јавното обвинителство да реагира, да отвори истрага и да побара запирање на работата на Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг. Во продолжение ќе наведеме дел од фактите кои укажуваат на коруптивна шема на Груби и Ковачевски со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д, бара Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

1. Прво, власта распишува тендер за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д, тендерот го добива Конзорциум воден од ИГХ, во чиј состав е Институтот за патишта – Велес, на Сотир Ампов, договорот се раскинува, затоа што Конзорциумот не може да обезбеди банкарска гаранција, поради фактот што сите пари, кои се руски, им се замрзнати.

2. Власта објавува нов тендер.

3. Во ек на постапката за доставување на понуди фирмата Електра Солушн на Андон Ампов, син на Сотир Ампов вади лиценца за надзор, префрлајќи вработени од фирмата на татко му, кај која во првиот тендер е востановена руска врска.

4. Рокот за доставување на понуди се продолжува за 8 дена. Се сѐ вклопува совршено Електра Солушн да може да поднесе документи.

5. Покрај продолжување на рокот за поднесување на понуди, се менува и условот фирмите кои ќе поднесат понуди да имаат позитивни финансиски биланси, и се овозможува и фирми загубари како ЕПТИСА, да поднесат, која влегува во Конзорциум со Електра Солушн, Евро Консалтинг и ИРД. Овој Конзорциум го добива тендерот.

6. Шеста причина, смената на условите во постапката индицираат дека истите се направени за ИРД – ЕПТИСА – Евро Консалтинг – Електра Солушн.

7. ЕПТИСА е сопственост на кинеска фирма. Капиталот е во целост кинески. Менаџментот на ЕПТИСА е кинески.

8. ЕПТИСА, а преку неа Кинезите ќе имаат увид во работата на Бехтел и нивната технологија.

9. ЕПТИСА, е фирмата во чиј Конзорциум заедно со Савеж во Ерменија, бил ангажиран Бранимир Димитријевиќ, сопственик на Евро Консалтинг, третата фирма во Конзорциумот. Бранимир Димитријевиќ во Ерменија е гонет за криминал од 1,8 милиони долари. Против него е подигнато обвинение, а тој избега од Ерменија со помош на дипломати во време кога со Владата управува СДС.

Фирмата на Димитријевиќ во Македонија ќе врши надзор, за криминал на иста работа во Ерменија тој се гони со меѓународна потерница. Криминалот го направил како одговорен на проектот на Конзорциумот Савеж – ЕПТИСА.

Ермениска шема Димитријевиќ – ЕПТИСА, од која едниот е гонет за криминал, а фирмата е поврзана со кинески капитал, и руската врска на Ампови кои се присутни и во двата договори еднаш преку Институтот за патишта во Велес, еднаш преку Електра Солушн го земаат тендерот од 22 милиони евра.

Ако ова не се доволни индиции за отворање на истрага, тогаш Абази нека почека, но потоа ќе мора да одговори и зошто молчел и дали и кого штител.

https://www.youtube.com/watch?v=wGeabCO0kqc&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post ЈО да отвори истрага за коруптивната шема со надзорот од 22 милиони евра, и да побара запирање на работата appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство да реагира, да отвори истрага и да побара запирање на работата на Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг. Во продолжение ќе наведеме дел од фактите кои укажуваат на коруптивна шема на Груби и Ковачевски со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д, бара Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. 1. Прво, власта распишува тендер за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д, тендерот го добива Конзорциум воден од ИГХ, во чиј состав е Институтот за патишта – Велес, на Сотир Ампов, договорот се раскинува, затоа што Конзорциумот не може да обезбеди банкарска гаранција, поради фактот што сите пари, кои се руски, им се замрзнати. 2. Власта објавува нов тендер. 3. Во ек на постапката за доставување на понуди фирмата Електра Солушн на Андон Ампов, син на Сотир Ампов вади лиценца за надзор, префрлајќи вработени од фирмата на татко му, кај која во првиот тендер е востановена руска врска. 4. Рокот за доставување на понуди се продолжува за 8 дена. Се сѐ вклопува совршено Електра Солушн да може да поднесе документи. 5. Покрај продолжување на рокот за поднесување на понуди, се менува и условот фирмите кои ќе поднесат понуди да имаат позитивни финансиски биланси, и се овозможува и фирми загубари како ЕПТИСА, да поднесат, која влегува во Конзорциум со Електра Солушн, Евро Консалтинг и ИРД. Овој Конзорциум го добива тендерот. 6. Шеста причина, смената на условите во постапката индицираат дека истите се направени за ИРД – ЕПТИСА – Евро Консалтинг – Електра Солушн. 7. ЕПТИСА е сопственост на кинеска фирма. Капиталот е во целост кинески. Менаџментот на ЕПТИСА е кинески. 8. ЕПТИСА, а преку неа Кинезите ќе имаат увид во работата на Бехтел и нивната технологија. 9. ЕПТИСА, е фирмата во чиј Конзорциум заедно со Савеж во Ерменија, бил ангажиран Бранимир Димитријевиќ, сопственик на Евро Консалтинг, третата фирма во Конзорциумот. Бранимир Димитријевиќ во Ерменија е гонет за криминал од 1,8 милиони долари. Против него е подигнато обвинение, а тој избега од Ерменија со помош на дипломати во време кога со Владата управува СДС.  
Фирмата на Димитријевиќ во Македонија ќе врши надзор, за криминал на иста работа во Ерменија тој се гони со меѓународна потерница. Криминалот го направил како одговорен на проектот на Конзорциумот Савеж – ЕПТИСА. Ермениска шема Димитријевиќ – ЕПТИСА, од која едниот е гонет за криминал, а фирмата е поврзана со кинески капитал, и руската врска на Ампови кои се присутни и во двата договори еднаш преку Институтот за патишта во Велес, еднаш преку Електра Солушн го земаат тендерот од 22 милиони евра. Ако ова не се доволни индиции за отворање на истрага, тогаш Абази нека почека, но потоа ќе мора да одговори и зошто молчел и дали и кого штител.
https://www.youtube.com/watch?v=wGeabCO0kqc&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post ЈО да отвори истрага за коруптивната шема со надзорот од 22 милиони евра, и да побара запирање на работата appeared first on Република.

]]>
Јавното обвинителство веднаш да почне постапка за надзорот на автопатиштата https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-vednash-da-pochne-postapka-za-nadzorot-na-avtopatishtata/ Mon, 13 Mar 2023 07:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=618943

Владата треба веднаш да го поништи тендерот за надзор при изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10Д, а ЈО да отвори постапка, кај три од четирите компании од корзорциумот има големи неправилности и криминал, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, покрај компанијата Ептиса, која има кинески капитал и за која се менувала тендерската постапка се со цел да може да учествува и да го добие тендерот, и покрај Евро консалтинг каде што сопственик е Бранимир Димитријевиќ лице барано со меѓународна потерница од Ерменија за сторен криминал во вредност од над 1.8 милион долари, и кај третата компанија Електра Солушан има неправилности при тендерската постапка и руски капитал.

Првиот тендер за надзор на автопатиштата беше поништен бидејќи, во Конзорциумот ИГХ имаше руски капитал, конзорциум во кој дел беше и компанијата Институт за патишта Велес.

Компанијата Електра солушн е ќерка фирма на компанијата Институт за патишта Велес, каде што сопственик на Институт за патишта Велес е Сотир Ампов, а кај компанијата Електра солушн сопственик е неговиот син Андон Ампов.

Откако е раскинат првиот договор со ИГХ, се распишува нов оглас, во период на распишување на новиот оглас, сега помалиот Ампов, преку Електра Солушн поднесува за лиценца за надзор на објекти од прва категорија, која и ја добива среде јавен повик за поднесување на понуди. По добивањето на лиценцата на Електра Солушн, се менуваат условите на тендерот, се продолжува рокот за доставување на понуди, и се овозможува фирми загубари како ЕПТИСА и Електра Солушн да бидат дел од работата.

За да ја добие лиценцата за надзор компанијата на Ампов потребно е да има одреден број на вработени со соодветна стручна спрема и за таа цел дел од вработените во Институт за патишта Велес, кој се поврзува со руската врска од првиот тендер се пријавуваат и во Електра Солушн на работно време од 10 часа неделно.
Се со цел да ја добие лиценцата за да учествува во тендерот синот ги пријавува овие лица од фирмата на неговиот татко. Со тоа се отвора огромен сомнеж за странски капитал и во оваа компанија.

Целиот процес за избор на надзорот на автопатиштата е скандалозен и криминален.

За тоа Јавното обвинителство мора да реагира. Фирми со сомнителен капитал, промени во тендерската постапка, фирми кои добиваат лиценца во постапката се причини за да се поведе постапка-смета ВМРО-ДПМНЕ.

The post Јавното обвинителство веднаш да почне постапка за надзорот на автопатиштата appeared first on Република.

]]>

Владата треба веднаш да го поништи тендерот за надзор при изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10Д, а ЈО да отвори постапка, кај три од четирите компании од корзорциумот има големи неправилности и криминал, бара ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, покрај компанијата Ептиса, која има кинески капитал и за која се менувала тендерската постапка се со цел да може да учествува и да го добие тендерот, и покрај Евро консалтинг каде што сопственик е Бранимир Димитријевиќ лице барано со меѓународна потерница од Ерменија за сторен криминал во вредност од над 1.8 милион долари, и кај третата компанија Електра Солушан има неправилности при тендерската постапка и руски капитал. Првиот тендер за надзор на автопатиштата беше поништен бидејќи, во Конзорциумот ИГХ имаше руски капитал, конзорциум во кој дел беше и компанијата Институт за патишта Велес.
Компанијата Електра солушн е ќерка фирма на компанијата Институт за патишта Велес, каде што сопственик на Институт за патишта Велес е Сотир Ампов, а кај компанијата Електра солушн сопственик е неговиот син Андон Ампов.
Откако е раскинат првиот договор со ИГХ, се распишува нов оглас, во период на распишување на новиот оглас, сега помалиот Ампов, преку Електра Солушн поднесува за лиценца за надзор на објекти од прва категорија, која и ја добива среде јавен повик за поднесување на понуди. По добивањето на лиценцата на Електра Солушн, се менуваат условите на тендерот, се продолжува рокот за доставување на понуди, и се овозможува фирми загубари како ЕПТИСА и Електра Солушн да бидат дел од работата. За да ја добие лиценцата за надзор компанијата на Ампов потребно е да има одреден број на вработени со соодветна стручна спрема и за таа цел дел од вработените во Институт за патишта Велес, кој се поврзува со руската врска од првиот тендер се пријавуваат и во Електра Солушн на работно време од 10 часа неделно. Се со цел да ја добие лиценцата за да учествува во тендерот синот ги пријавува овие лица од фирмата на неговиот татко. Со тоа се отвора огромен сомнеж за странски капитал и во оваа компанија. Целиот процес за избор на надзорот на автопатиштата е скандалозен и криминален.
За тоа Јавното обвинителство мора да реагира. Фирми со сомнителен капитал, промени во тендерската постапка, фирми кои добиваат лиценца во постапката се причини за да се поведе постапка-смета ВМРО-ДПМНЕ.

The post Јавното обвинителство веднаш да почне постапка за надзорот на автопатиштата appeared first on Република.

]]>
Фирмата Евроконсалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ, обвинет во Ерменија за криминал https://republika.mk/vesti/makedonija/firmata-evro-konsalting-e-sopstvenost-na-branimir-dimitrijevik-obvinet-vo-ermenija-za-kriminal/ Sat, 11 Mar 2023 11:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=618443

Груби и Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги кои ги пласираа за да го оправдаат изборот на конзорциумот ИРД ЕПТИСА електра солушн - Евроконсалтинг. Конзорциумот е целосно компромитиран и изборот треба да се поништи, oбвинува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него фирмата Евроконсалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ и тој е сопственик во истата од нејзиното основање до денес, во ниту еден момент не излегол од истата.

https://www.youtube.com/watch?v=JZ1tKziw-2o&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Димитријевиќ е обвинет во Ерменија за криминал при надзор, се товари за измама од голем обем. Според информациите кои ги објавија медиумите тој е обвинет дека извршил измама во вредност од 1,8 милиони долари, како тим лидер на француско-шпанскиот конзорциум „Савеж-Ептиса“, кој вршел надзор на развојот и спроведувањето на проектот патен коридор Север – југ во периодот од 2009 до 2018 година.

Бранимир Димитријевиќ од Ерменија побегнал со помош на тројца македонски дипломати, кои со приватен авион и дипломатски пасоши во 2019 година го извлекле од Ерменија, по што е распишана меѓународна потерница.

Во 2019 година на власт во Македонија е СДС и ДУИ, истите партии кои сега му даваат бизнис од 22 милиони евра на Димитријевиќ, кој дипломати додека тие управуваат со институциите му помогнале на истиот да избега од правдата.

Сега Евро Консалтинг на Димитријевиќ, кој во Ерменија се гони за измама од 1.8 милиони долари при надзор на патем коридор, ќе го врши надзорот врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, проект вреден над 1.3 милијарди евра. Истава фирма заедно со кинеската ЕПТИСА ќе има увид во технологијата на Американската Бехтел, во време кога државниот секретар на САД предупреди на кинеско подмитување за проекти каде се применуваат високи технологии.

Груби и Ковачевски со изборот на надзорот го ставаат во ризик и Бехтел и меѓународната репутација на Македонија. Затоа потребно е итно изборот да биде поништен и да се распише нов оглас, кој ќе обезбеди компетитивност помеѓу понудувачите и отвореност на постапката, без да биде загрозен националниот интерес, буџетот или репутацијата на државата.

The post Фирмата Евроконсалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ, обвинет во Ерменија за криминал appeared first on Република.

]]>

Груби и Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги кои ги пласираа за да го оправдаат изборот на конзорциумот ИРД ЕПТИСА електра солушн - Евроконсалтинг. Конзорциумот е целосно компромитиран и изборот треба да се поништи, oбвинува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него фирмата Евроконсалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ и тој е сопственик во истата од нејзиното основање до денес, во ниту еден момент не излегол од истата. https://www.youtube.com/watch?v=JZ1tKziw-2o&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Димитријевиќ е обвинет во Ерменија за криминал при надзор, се товари за измама од голем обем. Според информациите кои ги објавија медиумите тој е обвинет дека извршил измама во вредност од 1,8 милиони долари, како тим лидер на француско-шпанскиот конзорциум „Савеж-Ептиса“, кој вршел надзор на развојот и спроведувањето на проектот патен коридор Север – југ во периодот од 2009 до 2018 година.
Бранимир Димитријевиќ од Ерменија побегнал со помош на тројца македонски дипломати, кои со приватен авион и дипломатски пасоши во 2019 година го извлекле од Ерменија, по што е распишана меѓународна потерница. Во 2019 година на власт во Македонија е СДС и ДУИ, истите партии кои сега му даваат бизнис од 22 милиони евра на Димитријевиќ, кој дипломати додека тие управуваат со институциите му помогнале на истиот да избега од правдата.
Сега Евро Консалтинг на Димитријевиќ, кој во Ерменија се гони за измама од 1.8 милиони долари при надзор на патем коридор, ќе го врши надзорот врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, проект вреден над 1.3 милијарди евра. Истава фирма заедно со кинеската ЕПТИСА ќе има увид во технологијата на Американската Бехтел, во време кога државниот секретар на САД предупреди на кинеско подмитување за проекти каде се применуваат високи технологии.
Груби и Ковачевски со изборот на надзорот го ставаат во ризик и Бехтел и меѓународната репутација на Македонија. Затоа потребно е итно изборот да биде поништен и да се распише нов оглас, кој ќе обезбеди компетитивност помеѓу понудувачите и отвореност на постапката, без да биде загрозен националниот интерес, буџетот или репутацијата на државата.

The post Фирмата Евроконсалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ, обвинет во Ерменија за криминал appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Обвинителството итно да отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanovski-stojanoski-obvinitelstvoto-itno-da-otvori-istraga-za-nadzorot-vreden-22-milioni-evra/ Mon, 06 Mar 2023 10:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=616381

Три дена изнесуваме сомнежи за местење на тендер во висина од 22 милиони евра за надзор врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, три дена медиуми изнесуваат информации, а ЈО молчи, и токму затоа е ниска довербата во правосудството, зошто истото има потреба со денови да чека кога станува збор за сомнежи за криминал во власта, бара Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме две ситуации, кои индицираат на нерегуларности при изборот на шпанската фирма ЕПТИСА за надзорот вреден 22 милиони евра, само тие се доволни за ЈО да отвори постапка, а тоа се:

https://www.youtube.com/watch?v=zuTf-9Bpqm8&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

1. Владата на 30.09.2020 година носи Одлука со која им препорачува на сите институции да не склучуваат договори со ЕПТИСА, затоа што истата работела несоодветно, незаконски и неетички, на железничката пруга Куманово – Бељаковце, една година подоцна Министерството за транспорт и врски носи Потврда со која и издава дозвола ЕПТИСА да може да врши надзор за истите работи за кои веќе еднаш на владина седница е констатирано дека истата работела незаконски, неетички и несоодветно.

ЈО мора да истражи, зошто ЕПТИСА првин била санкционирана, за по една година да добие повторно дозвола? Што се крие зад магично брзото помилување?

2. Власта во тек на јавниот повик за избор на надзор, го менува огласот во два дела, првин го продолжува рокот за поднесување пријави, но и го брише условот само фирми со позитивни биланси од последните 3 години да можат да учествуваат на истиот. Со оваа одлука власта дозволува фирми загубари да се јават и добијат тендер вреден 22 милиони евра. Таква фирма загубар е и ЕПТИСА, која во билансите од 2019, 2020 и 2021 година прикажува милионско загуби.

Поради итноста на постапката, имајќи во предвид дека отпочнувањето на работата на автопатите треба да започне брзо, го повикуваме ЈО да не чека и итно да отвори постапка која ќе го расветли случајот.

Ненавремена реакција на ЈО може да значи штета по државата подоцна во процесот, таа штета ќе оди на вина на ЈО, затоа потребна е итна реакција.

Очекуваме ЈО да отвори истрага и да побара од судот времено запирање на постапката се до крајно расветлување на процесот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-tenderskite-uslovi-za-koridorite-8-i-10-se-menuvani-tokmu-za-eptisa-od-strana-na-kovachevski-i-grubi/

The post Стојаноски: Обвинителството итно да отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Три дена изнесуваме сомнежи за местење на тендер во висина од 22 милиони евра за надзор врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, три дена медиуми изнесуваат информации, а ЈО молчи, и токму затоа е ниска довербата во правосудството, зошто истото има потреба со денови да чека кога станува збор за сомнежи за криминал во власта, бара Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Имаме две ситуации, кои индицираат на нерегуларности при изборот на шпанската фирма ЕПТИСА за надзорот вреден 22 милиони евра, само тие се доволни за ЈО да отвори постапка, а тоа се: https://www.youtube.com/watch?v=zuTf-9Bpqm8&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title 1. Владата на 30.09.2020 година носи Одлука со која им препорачува на сите институции да не склучуваат договори со ЕПТИСА, затоа што истата работела несоодветно, незаконски и неетички, на железничката пруга Куманово – Бељаковце, една година подоцна Министерството за транспорт и врски носи Потврда со која и издава дозвола ЕПТИСА да може да врши надзор за истите работи за кои веќе еднаш на владина седница е констатирано дека истата работела незаконски, неетички и несоодветно. ЈО мора да истражи, зошто ЕПТИСА првин била санкционирана, за по една година да добие повторно дозвола? Што се крие зад магично брзото помилување? 2. Власта во тек на јавниот повик за избор на надзор, го менува огласот во два дела, првин го продолжува рокот за поднесување пријави, но и го брише условот само фирми со позитивни биланси од последните 3 години да можат да учествуваат на истиот. Со оваа одлука власта дозволува фирми загубари да се јават и добијат тендер вреден 22 милиони евра. Таква фирма загубар е и ЕПТИСА, која во билансите од 2019, 2020 и 2021 година прикажува милионско загуби. Поради итноста на постапката, имајќи во предвид дека отпочнувањето на работата на автопатите треба да започне брзо, го повикуваме ЈО да не чека и итно да отвори постапка која ќе го расветли случајот. Ненавремена реакција на ЈО може да значи штета по државата подоцна во процесот, таа штета ќе оди на вина на ЈО, затоа потребна е итна реакција.
Очекуваме ЈО да отвори истрага и да побара од судот времено запирање на постапката се до крајно расветлување на процесот.
https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-tenderskite-uslovi-za-koridorite-8-i-10-se-menuvani-tokmu-za-eptisa-od-strana-na-kovachevski-i-grubi/

The post Стојаноски: Обвинителството итно да отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Реакција на ЈП за државни патишта: Постапката и изборот на Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10 беа согласно сите законски и подзаконски акти за јавни набавки https://republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-na-jp-za-drzhavni-patishta-postapkata-i-izborot-na-nadzor-i-praven-transaktsiski-sovetnik-za-izgradba-na-koridor-8-i-koridor-10-bea-soglasno-site-zakonski-i-podzakonski-akti-za-javni-nabavki/ Sun, 05 Mar 2023 13:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=616072

Во врска со написите во медиумите поврзани со изборот на Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10, ЈПДП известува дека:

Постапката за избор на „Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10“, Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас на 15.09.2022 година за избор на „Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10, чие што отворање на понуди беше јавно и во присуство на медиуми.

На тендерот беа доставени три понуди и тоа од:

-INGEROP CONSEIL ET INGENIERIE“, Франција, како лидер на група понудувачи здружен со ЕГИС ИНТЕРНАЦИОНАЛ и МАТЕКА ИНЖЕНЕРИНГ ДОО,

-друштвото „IRD ENGINEERING SRL“, Италија, како лидер на група понудувачи, здружен со EPTISA SERVICIOS DE INGENIERIA SL-Шпанија, ЕЛЕКТРА КОНСАЛТИНГ ДОО, Скопје и ЕВРОКОНСАЛТИНГ ДОО Скопје, како членови на група понудувачи.

-и „HIL INTERNATIONAL N.V. од Холандија како лидер на група понудувачи здружен со Градежен институт македонија АД Скопје како член на група понудувачи.“

По отворањето на понудите, следуваше постапка за нивна евалуација, и по разгледувањето на документацијата и комплетноста на понудите во предвидениот рок се изврши изборот на најдобриот понуден квалитет и понудена цена и за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d беше избрана „IRD ENGINEERING“.

Изборот помина и на Управна контрола, а до Државната комисија за жалби по јавни набавки беа поднесени две жалби кои што Комисијата ги отфрли.

Постапката и изборот беа согласно сите законски и подзаконски акти за јавни набавки и транспарентна од самиот почеток, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

The post Реакција на ЈП за државни патишта: Постапката и изборот на Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10 беа согласно сите законски и подзаконски акти за јавни набавки appeared first on Република.

]]>

Во врска со написите во медиумите поврзани со изборот на Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10, ЈПДП известува дека:
Постапката за избор на „Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10“, Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас на 15.09.2022 година за избор на „Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10, чие што отворање на понуди беше јавно и во присуство на медиуми. На тендерот беа доставени три понуди и тоа од: -INGEROP CONSEIL ET INGENIERIE“, Франција, како лидер на група понудувачи здружен со ЕГИС ИНТЕРНАЦИОНАЛ и МАТЕКА ИНЖЕНЕРИНГ ДОО, -друштвото „IRD ENGINEERING SRL“, Италија, како лидер на група понудувачи, здружен со EPTISA SERVICIOS DE INGENIERIA SL-Шпанија, ЕЛЕКТРА КОНСАЛТИНГ ДОО, Скопје и ЕВРОКОНСАЛТИНГ ДОО Скопје, како членови на група понудувачи. -и „HIL INTERNATIONAL N.V. од Холандија како лидер на група понудувачи здружен со Градежен институт македонија АД Скопје како член на група понудувачи.“ По отворањето на понудите, следуваше постапка за нивна евалуација, и по разгледувањето на документацијата и комплетноста на понудите во предвидениот рок се изврши изборот на најдобриот понуден квалитет и понудена цена и за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d беше избрана „IRD ENGINEERING“. Изборот помина и на Управна контрола, а до Државната комисија за жалби по јавни набавки беа поднесени две жалби кои што Комисијата ги отфрли. Постапката и изборот беа согласно сите законски и подзаконски акти за јавни набавки и транспарентна од самиот почеток, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

The post Реакција на ЈП за државни патишта: Постапката и изборот на Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10 беа согласно сите законски и подзаконски акти за јавни набавки appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за надзорот на коридор 8: Владата потпиша договор со шпанската Ептиса за која самите рекоа дека е криминална https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-nadzorot-na-koridor-8-vladata-potpisha-dogovor-so-shpanskata-eptisa-za-koja-samite-rekoa-deka-e-kriminalna/ Sat, 04 Mar 2023 12:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=615822

На власта и е важен кој ќе биде надзор на коридор 8 и 10а, за да може да потпишува што ќе му кажат тие, а не реално што се случува на терен, односно да може да си наддаваат количини кои потоа ќе ги плаќаат граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Свети Николе одговарајќи на новинарско прашање поврзано со скандалот со шпанската фирма Ептиса.

22 милиони евра е тендерот за супервизија, за надзор на проектите поврзани со коридор 8 и 10а којшто го добива Конзорциум од една фирма во која што е и шпанската Ептиса. Би сакал да потенцирам како се случило. Владата во ноември 2020 година носи заклучок во кој им дава насока на општините и државните институции да не потпишуваат договори надзор за проекти поголеми од 1 милион евра со шпанската компанија Ептиса поради неетичко, незаконско однесување - рече Мицкоски.

Тој посочи дека во 2021 година во ноември, 4 месеци по поминувањето на специјалниот закон во парламентот, министерството за транспорт и врски ја надсинхронизира владата и му дава позитивна референца на овој правен субјект кој потоа со изменет ревизорски извештај го добива тендерот.

Да потоа се објави тендер за надзор на ЈП за државни патишта каде што е кадар на ДУИ и 7 дена пред истекот на рокот за поднесување на пријави ја менуваат суштински тендерската документација. Односно претходно ревизорскиот извештај го менуваат делот кој треба да биде позитивен и останува само да биде ревизорски извештај и останува рокот од 7 дена. И избран е Конзорциумот во кој дел е шпанската Ептиса - потенцира Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека вкупниот договор е во вредност од 22 милиони евра затоа што проектите кои се предвидени да бидат дел од коридорот 8 и 10а, бидејќи нема проект, таму ќе се плаќа врз основа на затекната ситуација на терен и зависи колку ќе прифати надзорот.

Затоа на власта им е важно кој ќе биде надзор за да можат да наддаваат количини и од првичната цена од 1,5-1,7 милијарди не би ме зачудило да дојде до 2 или 2,5 милијарди кои ќе ги плаќаат граѓаните. Затоа им е потребен тој надзор, да потпишува тоа што ќе му кажат од владата, а не тоа реално што се случува на терен - изјави Мицкоски.

The post Мицкоски за надзорот на коридор 8: Владата потпиша договор со шпанската Ептиса за која самите рекоа дека е криминална appeared first on Република.