надгробна плоча Archives - Република https://republika.mk/tema/nadgrobna-plocha/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Feb 2023 20:53:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png надгробна плоча Archives - Република https://republika.mk/tema/nadgrobna-plocha/ 32 32 Македонци кои живеат во Виена ја донесоа надгробната плоча на гробот на Тодор Паница во Музејот на Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/makedontsi-koi-zhiveat-vo-viena-ja-donesoa-nadgrobnata-plocha-na-grobot-na-todor-panitsa-vo-muzejot-na-makedonija/ Thu, 23 Feb 2023 20:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=612569

Петар Кајевски и Дарко Стојанов со малку напор и многу среќа помеѓу 300.000 гробови сосема случајно наидуваат на спомен-плочата на македонскиот револуционер Тодор Паница. Плочата била во лоша состојба и пред отстранување, па тука започнала мисијата да се реставрира што побрзо и да се добијат потребните дозволи за да се пренесе. По 40 години плочата доби нов дом.

Некако случајно ја пропуштивме Паница иако и двајцата имаме зборувано експлицитно да го побараме гробот на Тодор Паница и од негде се појави, од 300.000 гробови наидовме во вистинска секција. Луѓе на виенските гробишта се чудеа како до сега не била фрлена плочата. Тоа се спаси летото и пред околу месец дена се решив дека правото место за плочата е во Музејот на Македонија. Се поврзавме веднаш, ентузијастички, беше недела се договоривме веднаш, се поврзавме со Марија Милчин која ја знам лично од Виена и испадна дека е конзерватор на камен, во рок од една недела веќе плочата беше кај мене дома со потребните дозволи за да се извади од гробиштата, вели Петар Кајевски за Канал 5.

Текстот на плочата е всушност изгравиран на парче од друг поголем надгробен мермер и тежи околу 8 килограми. Прописите сега налагаат да се изработи копија од истата за гробното место во Виена.

Кога ја гледаме историјата кои улогите на сите луѓе, кој е Паница, кои се неговите противници, сите се тоа приказни на кои има 101 перспектива и погледи, не еден. Тоа што би сакал да го подвлечам, во контекст на она што е вистинско време, е да поттикнам и други луѓе кои се во можност да најдат работи, кои имаат свои приватни колекции, да се потрудат некои од тие работи да ги донесат во институции и, како и да е, да бидат систематски зачувани во Македонија.“ , вели Петар Кајевски.

Тодор Паница бил учесник во македонското револуционерно движење, членувал во Македонската револуционерна организација, бил приврзаник на Серската група и е еден од основачите на ВМРО Обединета. Бил застрелан во виенскиот Бургтеатар од Менча Карничева, сопруга на Ванчо Михајлов, по негова нарачка.

The post Македонци кои живеат во Виена ја донесоа надгробната плоча на гробот на Тодор Паница во Музејот на Македонија appeared first on Република.

]]>

Штипјанец украл „пежо“ и со него удрил во надгробна плоча https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shtipjanets-ukral-pezho-i-so-nego-udril-vo-nadgrobna-plocha/ Wed, 22 Feb 2023 14:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=611978

Полициски службеници од СВР Куманово на 21.02.2023 во 09.40 часот, го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип.

Според информации од МВР, тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар“ и одзел пари и клучеви од патничко возило „пежо“ сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.

The post Штипјанец украл „пежо“ и со него удрил во надгробна плоча appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Куманово на 21.02.2023 во 09.40 часот, го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Според информации од МВР, тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар“ и одзел пари и клучеви од патничко возило „пежо“ сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово. С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.