Национална установа Archives - Република https://republika.mk/tema/nacionalna-ustanova/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 13:17:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Национална установа Archives - Република https://republika.mk/tema/nacionalna-ustanova/ 32 32 Љутков: Непријатно ми е да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, ниту една од нив не е осигурана https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-neprijatno-mi-e-da-kazham-vo-kakva-situatsija-se-ostaveni-natsionalnite-institutsii-nitu-edna-od-niv-ne-e-osigurana/ Tue, 27 Aug 2024 13:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=810623

Ниту една национална установа од културата не е осигурана. Со ребалансот обезбедивме буџет да ги осигураме и веќе во тек е постапката за јавната набавка, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, обвинувајќи дека поради недомаќинското работење на претходната власт наместо за капитални инвестиции и подобрување на условите со ребалансот на Буџетот годинава фокусот бил да се обезбедат средства за плати и покривање на загубите.

Нејасно е, посочи Љутков, зошто не се предвидени средства за овие работи „дали биле сигурни дека нема да бидат повеќе власт, па го креирале буџетот до јули месец или е тоа од не знаење“.

Ние со соочивме со ваков проблем, доаѓа ребалансот на буџетот нас ни фалат 248 милиони денари само за плати за до крајот на годината, нагласи Љутков.

Прашан дали се предвидени покачувања на плати на културните работници, Љутков рече дека се што е уредено со закон треба да биде испочитувано.

Се што е уредено според закон ние треба да го испочитуваме, дали е тоа уредено според општиот колективен или посебниот колективен договор, ќе треба да се испочитува. Прашањето е зошто, бидејќи знаете дека во 2024 ќе треба да го испочитувате колективниот договор бидејќи минималната плата најавуваа дека ќе се зголеми во 2024 година, прашањето е зошто не сте ги предвиделе тие средства кои се некаде околу 250 милиони денари, изјави Љутков, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје.

Како нов министер, Љутков посочи дека морал да обезбеди од Влада некаде околу 7/8 милиони дополнителни средства само да ги покриеме загубите, наместо со тие 7/8 милиони до крајот на годината да сечевме лента на новиот Турски театар.

Тие работеле недомаќински и не ги предвидувале средства, не платиле 5 милиони денари за кобис. Не ги предвиделе. Тоа со ребалансот моравме да го обезбедиме. Немаат платено осигурување за националните установи и ред други работи што ми е непријатно да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, изјави Љутков.

Љутков, меѓу другото, посочи дека од 2017 година до сега сите процеси во делот на капиталните инвестиции се на минимално ниво.

Значи, се е оставено на забот на времето. Ние денеска се соочуваме прво, бидејќи буџетот е во катастрофална состојба, со тимот на Министерството за култура работиме како да ги довршиме проектите коишто се започнати пред 15 години, а не да почнеме со процес на изградба на нови. Значи, мора во овој мандат да ги завршиме сите објекти во делот на културата коишто се започнати како процес и мораме да реновираме дел од институциите коишто се во катастрофална состојба како што е НУБ, рече Љутков.

Во партиската програма, нагласи Љутков, пишува дека тој процес ќе биде 2025-2035 и посочи дека во меѓувреме ќе изработуваат проекти и ќе се прави ревизија и на постоечките за, како што рече „да видиме до која фаза и што можеме да направиме во овој мандат“.

Прашан за проектот за конаците во Музејот во Велес, Љутков рече дека тој секако е многу стар проект и ќе треба да се направи и препроцена во однос на тоа колку чини.

Верувајте ако некој проект е направен во 2015 вие морате и внатре во сценската технологија да направите измена бидејќи тоа е веќе застарена технологија, посочи тој.

The post Љутков: Непријатно ми е да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, ниту една од нив не е осигурана appeared first on Република.

]]>

Ниту една национална установа од културата не е осигурана. Со ребалансот обезбедивме буџет да ги осигураме и веќе во тек е постапката за јавната набавка, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, обвинувајќи дека поради недомаќинското работење на претходната власт наместо за капитални инвестиции и подобрување на условите со ребалансот на Буџетот годинава фокусот бил да се обезбедат средства за плати и покривање на загубите. Нејасно е, посочи Љутков, зошто не се предвидени средства за овие работи „дали биле сигурни дека нема да бидат повеќе власт, па го креирале буџетот до јули месец или е тоа од не знаење“.
Ние со соочивме со ваков проблем, доаѓа ребалансот на буџетот нас ни фалат 248 милиони денари само за плати за до крајот на годината, нагласи Љутков.
Прашан дали се предвидени покачувања на плати на културните работници, Љутков рече дека се што е уредено со закон треба да биде испочитувано.
Се што е уредено според закон ние треба да го испочитуваме, дали е тоа уредено според општиот колективен или посебниот колективен договор, ќе треба да се испочитува. Прашањето е зошто, бидејќи знаете дека во 2024 ќе треба да го испочитувате колективниот договор бидејќи минималната плата најавуваа дека ќе се зголеми во 2024 година, прашањето е зошто не сте ги предвиделе тие средства кои се некаде околу 250 милиони денари, изјави Љутков, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје.
Како нов министер, Љутков посочи дека морал да обезбеди од Влада некаде околу 7/8 милиони дополнителни средства само да ги покриеме загубите, наместо со тие 7/8 милиони до крајот на годината да сечевме лента на новиот Турски театар.
Тие работеле недомаќински и не ги предвидувале средства, не платиле 5 милиони денари за кобис. Не ги предвиделе. Тоа со ребалансот моравме да го обезбедиме. Немаат платено осигурување за националните установи и ред други работи што ми е непријатно да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, изјави Љутков.
Љутков, меѓу другото, посочи дека од 2017 година до сега сите процеси во делот на капиталните инвестиции се на минимално ниво.
Значи, се е оставено на забот на времето. Ние денеска се соочуваме прво, бидејќи буџетот е во катастрофална состојба, со тимот на Министерството за култура работиме како да ги довршиме проектите коишто се започнати пред 15 години, а не да почнеме со процес на изградба на нови. Значи, мора во овој мандат да ги завршиме сите објекти во делот на културата коишто се започнати како процес и мораме да реновираме дел од институциите коишто се во катастрофална состојба како што е НУБ, рече Љутков.
Во партиската програма, нагласи Љутков, пишува дека тој процес ќе биде 2025-2035 и посочи дека во меѓувреме ќе изработуваат проекти и ќе се прави ревизија и на постоечките за, како што рече „да видиме до која фаза и што можеме да направиме во овој мандат“. Прашан за проектот за конаците во Музејот во Велес, Љутков рече дека тој секако е многу стар проект и ќе треба да се направи и препроцена во однос на тоа колку чини.
Верувајте ако некој проект е направен во 2015 вие морате и внатре во сценската технологија да направите измена бидејќи тоа е веќе застарена технологија, посочи тој.

The post Љутков: Непријатно ми е да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, ниту една од нив не е осигурана appeared first on Република.

]]>
Едно биро не е доволно за да функционира национална установа https://republika.mk/vesti/kultura/edno-biro-ne-e-dovolno-za-da-funktsionira-natsionalna-ustanova/ Wed, 19 Apr 2023 10:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=632057

По одлуката на Владата за основање нова национална установа „Оркестар за џез музика“ и планот за нејзино времено сместување во Македонската филхармонија, не стивнуваат реакциите и спротивставените мислења на двете засегнати страни, во врска со вдомувањето на „Џез оркестарот“ во објектот на Филхармонијата.

Вработените во Македонската филхармонија сметаат дека сместувањето на двата музички ансамбли како две национални установи во еден дом, под еден покрив е неприфатливо од причина што ќе создаде низа непријатности во административното работење и ќе се одрази врз конструктивноста, креативноста и продуктивноста и на двете национални установи. Тие не го поддржуваат вдомувањето на новоформираната национална установа во објектот на Филхармонија, бидејќи на тој начин се создаваат услови за едни, на сметка на нарушени услови на други.

„Зградата на Филхармонија е проектирана и замислена како објект за работа на еден симфониски оркестар. Секоја просторија е предвидена и осмислена со цел вработените да можат да ги исполнат своите работни обврски. Реално не е возможно да функционираат две национални установи, два оркестра со годишна програма. Здружението на џез музичари на Македонија (ЗЏМ) досега реализираше по два-три концерти годишно, што е сосема различно од бројот на концерти кои ќе треба да ги реализираат како Национална установа. Покрај тоа, не е вистина дека ЗЏМ настапувале и твореле во зградата на Филхармонија седум години, бидејќи самата концертна сала функционира пет и пол години“, велат од Филхармонија.

Од досегашното стекнато искуство на Филхармонија и нејзиното работење во Домот на АРМ, утврдено е дека за правилно функционирање на една културна установа која не е сместена во простор наменски за нејзините потреби, потребен е минимум персонал, кој ќе ги врши работите од административна природа. Тука спаѓаат двајца правници, од кои еден ќе биде одговорен за спроведување на јавни набавки, а другиот во делот на човечките ресури и подготовка на систематизација. Под „работа во делот на јавните набавки“ спаѓа: изработка на годишен план за јавни набавки; подготовка на документација за секоја постапка; спроведување на евалуација; подготовка на договор; пополнување на евиденција на електронскиот систем; советуавање на комисијата за јавни набавки; подготовка на одговор на жалба во случај на жалбена постапка.

За една национална институција каква што ќе биде новоформираната да фунционира како таква од правен аспект потребен е и архивар (одговорен за водење на архива, архивирање на материјали; изготвување на план на архивски знаци, годишен извештај до Државен архив; поништување на документи), двајца економисти (изготвување на плата; задршки на плата; пресметка и исплата на хонорари; исплата и уплата на средства; водење на благајна; изготвување на фактури; книжење; изработка на годишна сметка и сл.), најмалку три лица задолжени за продукција и маркетинг, нототекар, продавач на билети и најмалку двајца хигиеничари. Тоа се вкупно 12 вработени, кои ќе треба да добијат соодветен простор за работа во зградата и да бидат сместени во канцеларии. Овие лица ќе се грижат за потребите на оркестарот, преку кој установата ќе ја остварува својата основна дејност, а тоа е концертната. Покрај тоа, потребни ќе бидат и пултеви, столчиња, држачи за инструменти, диригентски пулт, инструменти, инвентар (мебел, компјутерска опрема), опрема за снимање, сценска техника, што е многу повеќе од „едно биро“ како што велат од Здружението на џез музичари за да функционира новоформираниот орекстар во зградата на Филхармонија.

Од Филхармонија велат дека Владата ја донела одлуката за сместување на Џез оркестарот во истиот објект без да ги консултира, а веста ја дознале од социјалните мрежи. Според нив, со ова се прави невиден преседан, бидејќи никаде во светот под еден покрив не функционираат два некомпатибилни оркестри и засебни национални установи и дека многу посоодветен простор за сместување на Оркестарот за џез музика би биле студијата на Македонската радио и телевизија. Во Филхармонија работат уметници кои ќе бидат дел од Џез оркестарот, па во новонастанатата ситуација нарушени се и меѓучовечките односи, поради што проблемот треба да се решава институционално. Филхармоничарите нагласуваат дека оваа сала е проектирана и изградена според сите светски и естетски стандарди во архитектурата и градежништвото и според потребите на музичкиот ансамбл, административниот и техничкиот персонал на Македонската филхармонија.

The post Едно биро не е доволно за да функционира национална установа appeared first on Република.

]]>

По одлуката на Владата за основање нова национална установа „Оркестар за џез музика“ и планот за нејзино времено сместување во Македонската филхармонија, не стивнуваат реакциите и спротивставените мислења на двете засегнати страни, во врска со вдомувањето на „Џез оркестарот“ во објектот на Филхармонијата. Вработените во Македонската филхармонија сметаат дека сместувањето на двата музички ансамбли како две национални установи во еден дом, под еден покрив е неприфатливо од причина што ќе создаде низа непријатности во административното работење и ќе се одрази врз конструктивноста, креативноста и продуктивноста и на двете национални установи. Тие не го поддржуваат вдомувањето на новоформираната национална установа во објектот на Филхармонија, бидејќи на тој начин се создаваат услови за едни, на сметка на нарушени услови на други. „Зградата на Филхармонија е проектирана и замислена како објект за работа на еден симфониски оркестар. Секоја просторија е предвидена и осмислена со цел вработените да можат да ги исполнат своите работни обврски. Реално не е возможно да функционираат две национални установи, два оркестра со годишна програма. Здружението на џез музичари на Македонија (ЗЏМ) досега реализираше по два-три концерти годишно, што е сосема различно од бројот на концерти кои ќе треба да ги реализираат како Национална установа. Покрај тоа, не е вистина дека ЗЏМ настапувале и твореле во зградата на Филхармонија седум години, бидејќи самата концертна сала функционира пет и пол години“, велат од Филхармонија. Од досегашното стекнато искуство на Филхармонија и нејзиното работење во Домот на АРМ, утврдено е дека за правилно функционирање на една културна установа која не е сместена во простор наменски за нејзините потреби, потребен е минимум персонал, кој ќе ги врши работите од административна природа. Тука спаѓаат двајца правници, од кои еден ќе биде одговорен за спроведување на јавни набавки, а другиот во делот на човечките ресури и подготовка на систематизација. Под „работа во делот на јавните набавки“ спаѓа: изработка на годишен план за јавни набавки; подготовка на документација за секоја постапка; спроведување на евалуација; подготовка на договор; пополнување на евиденција на електронскиот систем; советуавање на комисијата за јавни набавки; подготовка на одговор на жалба во случај на жалбена постапка. За една национална институција каква што ќе биде новоформираната да фунционира како таква од правен аспект потребен е и архивар (одговорен за водење на архива, архивирање на материјали; изготвување на план на архивски знаци, годишен извештај до Државен архив; поништување на документи), двајца економисти (изготвување на плата; задршки на плата; пресметка и исплата на хонорари; исплата и уплата на средства; водење на благајна; изготвување на фактури; книжење; изработка на годишна сметка и сл.), најмалку три лица задолжени за продукција и маркетинг, нототекар, продавач на билети и најмалку двајца хигиеничари. Тоа се вкупно 12 вработени, кои ќе треба да добијат соодветен простор за работа во зградата и да бидат сместени во канцеларии. Овие лица ќе се грижат за потребите на оркестарот, преку кој установата ќе ја остварува својата основна дејност, а тоа е концертната. Покрај тоа, потребни ќе бидат и пултеви, столчиња, држачи за инструменти, диригентски пулт, инструменти, инвентар (мебел, компјутерска опрема), опрема за снимање, сценска техника, што е многу повеќе од „едно биро“ како што велат од Здружението на џез музичари за да функционира новоформираниот орекстар во зградата на Филхармонија. Од Филхармонија велат дека Владата ја донела одлуката за сместување на Џез оркестарот во истиот објект без да ги консултира, а веста ја дознале од социјалните мрежи. Според нив, со ова се прави невиден преседан, бидејќи никаде во светот под еден покрив не функционираат два некомпатибилни оркестри и засебни национални установи и дека многу посоодветен простор за сместување на Оркестарот за џез музика би биле студијата на Македонската радио и телевизија. Во Филхармонија работат уметници кои ќе бидат дел од Џез оркестарот, па во новонастанатата ситуација нарушени се и меѓучовечките односи, поради што проблемот треба да се решава институционално. Филхармоничарите нагласуваат дека оваа сала е проектирана и изградена според сите светски и естетски стандарди во архитектурата и градежништвото и според потребите на музичкиот ансамбл, административниот и техничкиот персонал на Македонската филхармонија.

The post Едно биро не е доволно за да функционира национална установа appeared first on Република.

]]>
Иницијативата на ЗЏМ се оствари, ќе се формира „Оркестар за џез музика“ https://republika.mk/vesti/kultura/initsijativata-na-zdhm-se-ostvari-ke-se-formira-orkestar-za-dhez-muzika/ Wed, 22 Mar 2023 16:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=622521

Владата на вчерашната седница донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ – Скопје чија основна дејност е подготвување и јавно изведување на високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови кои гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век.

Новата национална музичка институција се формира на иницијатица на Здружението на џез музичари и слободни уметници, кое со својот биг бенд во изминативе години постигна голем успех во земјата, во регионот и во Европа и со своите концерти пополни огромна празнина во овој дел на музичката култура.

Преку оваа установа се негуваат талентираните џез музичари кои работат и кои се школуваат во земјава и им се овозможува траен и одржлив ангажман што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела и да ја афирмираат џез културата, како и да ја популаризираат македонската џез музика.

Со оглед на празнината што државата ја има со непостоење на ревиски оркестар, оваа установа ќе се грижи за подобрување на музичката продукција, ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани кои ќе помогнат во негување на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации кои ја негуваат истата дејност.

Оркестарот на Здружениеото на џез музичари и слободни уметници веќе се има докажано како врвен ансамбл кој е на ниво на светските стандарди, така што како Национална установа ќе продолжи во насока на ширење на концертната дејност, организирање работилници и други музички изведби со кои ќе настапува дома и во странство, а ќе продолжи со  вмрежување со европските и светски сродни институции, по практиката која веќе ја востанови.

Националната установа просторно ќе се смести во објектот на НУ Национална Филхармонија, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на НУ Национална опера и балет.

 Владата на вчерашната седница донесе и одлука за формирање на Националната установа „Галерија на Гостивар“ – Гостивар  чија основна дејност ќе биде музејска дејност, односно истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување и презентирање на музејските материјали. Оваа установа ќе ја афирмира современата ликовна уметност, како одговор на потребата ликовната сцена во полошкиот регион да биде збогатена со стручна институција од областа на музејската дејност.

The post Иницијативата на ЗЏМ се оствари, ќе се формира „Оркестар за џез музика“ appeared first on Република.