Национален совет за евроинтеграции Archives - Република https://republika.mk/tema/nacionalen-sovet-za-evrointegracii/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Dec 2023 14:57:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Национален совет за евроинтеграции Archives - Република https://republika.mk/tema/nacionalen-sovet-za-evrointegracii/ 32 32 Николоски: Ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со најслабата https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-nie-nemame-problem-so-najsilnata-zemja-chlenka-na-eu-tuku-so-najslabata/ Wed, 20 Dec 2023 14:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=724970

Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања денеска во Собранието одржаа заедничка седница на која беа разгледани Нацрт Патоказот за владеење на правото и Нацрт Патоказот за реформа на јавната администрација.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски меѓу другото посочи Планот за раст е добар механизам кој што ЕУ го предлага и државата треба да ги искористиме овие средства со цел да поттикне раст и поинтензивно да работи на подобрување на инфраструктурата и патна и железничка, на комуникациите на дигитализација, но исто така и на давање на шанса на приватниот сектор. Но, државата вели, не може да се пофали со реформи во областа на владеење на правото, а основна причина зошто не почнавме преговори за членство со ЕУ е високото ниво на криминал и корупција.

-Ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ ние имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија отколку што Бугарија и треба на ЕУ и има соодветни механизми со кои што и самата ЕУ, но и земјите членки можат да направат притисок врз Бугарија доколку се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори но за жал неколку големи земји членки не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори пред се и заради високото ниво на криминал и корупција и немањето на функционален систем на владеење на правото, рече Николовски.

Според него, после следните парламентарни избори убеден е дека земјата има и добро поставени институции и добро законодавство, треба само професионалците во институциите да се остават да работат, а првите резултати ќе се видат за само шест до девет месеци.

-Ова е нешто со кое што дел од моите политички опоненти знаат и да се потсмеваат но јас сум убеден дека за 6-9 месеци работите можат да се средат или да почнат да се средуваат во Македонија во делот на борба со организираниот криминал и корупција и воспоставувањето на функционален систем на владеење на правото, вели Николоски.

 

The post Николоски: Ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со најслабата appeared first on Република.

]]>

Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања денеска во Собранието одржаа заедничка седница на која беа разгледани Нацрт Патоказот за владеење на правото и Нацрт Патоказот за реформа на јавната администрација. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски меѓу другото посочи Планот за раст е добар механизам кој што ЕУ го предлага и државата треба да ги искористиме овие средства со цел да поттикне раст и поинтензивно да работи на подобрување на инфраструктурата и патна и железничка, на комуникациите на дигитализација, но исто така и на давање на шанса на приватниот сектор. Но, државата вели, не може да се пофали со реформи во областа на владеење на правото, а основна причина зошто не почнавме преговори за членство со ЕУ е високото ниво на криминал и корупција.
-Ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ ние имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија отколку што Бугарија и треба на ЕУ и има соодветни механизми со кои што и самата ЕУ, но и земјите членки можат да направат притисок врз Бугарија доколку се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори но за жал неколку големи земји членки не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори пред се и заради високото ниво на криминал и корупција и немањето на функционален систем на владеење на правото, рече Николовски.
Според него, после следните парламентарни избори убеден е дека земјата има и добро поставени институции и добро законодавство, треба само професионалците во институциите да се остават да работат, а првите резултати ќе се видат за само шест до девет месеци.
-Ова е нешто со кое што дел од моите политички опоненти знаат и да се потсмеваат но јас сум убеден дека за 6-9 месеци работите можат да се средат или да почнат да се средуваат во Македонија во делот на борба со организираниот криминал и корупција и воспоставувањето на функционален систем на владеење на правото, вели Николоски.
 

The post Николоски: Ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со најслабата appeared first on Република.

]]>
Николоски го прозва МНР зошто не реагираше на изјавите на Трифонов, Рамчиловиќ скокна да ја брани бугарската страна https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-go-prozva-mnr-zoshto-ne-reagirashe-na-izjavite-na-trifonov-ramchilovikj-skokna-da-ja-brani-bugarskata-strana/ Tue, 04 Jan 2022 15:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=440576

Подготовката за собраниската седница предвидена за 13 јануари на која амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер ќе ги презентира приоритетите на француското претседателство со ЕУ, беше една од главните теми на денешниот заседание на Националниот совет за евроинтеграции.

Според најавите, на собраниската седница на 13 јануари, покрај Бомгартнер, ќе присуствуваат и амбасадорите на Германија и Чешка во Скопје, Анке Холштајн и Мирослав Томан, како и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оцени дека непримерно и недозволиво е што Министерството за надворешни работи не реагирало за ставовите на лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов, кој стартот на преговорите на Македонија со ЕУ го поврза со укинувањето на визите за влез на бугарските граѓани во САД и прием на Бугарија во Шенген зоната.

Недозволиво е да не се реагира на вакви изјави. Да имаше изјава обратно од оваа страна, да речеме претседателот на СДСМ или на ДУИ да имаа ваква навредлива изјава кон Бугарија и бугарскиот народ, бидете убедени дека амбасадорот, кој што за жал го немаме во Софија, односно во случајов претставник на македонската Амбасада, ќе беше повикан и ќе му беше испратена протесна нота од бугарското МНР, изјави Николоски.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ, нема да поддржи решение со Софија кое би било надвор од Резолуцијата усвоена во Собранието со која беа исцртани црвените линии на земјава.

За членот на Националниот совет за евроинтеграции Зекир Рамчиловиќ, кој е од редовите на коалицијата предводена од СДСМ, изјавите на Трифонов се негов личен став, желби и видувања, од кои не зависат преговорите на земјава со Унијата.

Верувам во она што се најавите од новиот бугарски премиер дека работите ќе се одвиваат во друга насока, изјави Рамчиловиќ, изразувајќи надеж за брзо започнување на преговорите на земјава со ЕУ.

Тој го повтори очекувањето дека бугарските барање нема да бидат дел од преговарачката рамка на земјава со ЕУ, ниту пак услов за започнување преговорите со Унијата.

Според Рамчиловиќ, не би требало да дојде ни до одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, бидејќи со тоа би била упатена погрешна порака не само за граѓаните на земјава, туку и за целиот регион.

The post Николоски го прозва МНР зошто не реагираше на изјавите на Трифонов, Рамчиловиќ скокна да ја брани бугарската страна appeared first on Република.

]]>

Подготовката за собраниската седница предвидена за 13 јануари на која амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер ќе ги презентира приоритетите на француското претседателство со ЕУ, беше една од главните теми на денешниот заседание на Националниот совет за евроинтеграции. Според најавите, на собраниската седница на 13 јануари, покрај Бомгартнер, ќе присуствуваат и амбасадорите на Германија и Чешка во Скопје, Анке Холштајн и Мирослав Томан, како и евроамбасадорот Дејвид Гир. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оцени дека непримерно и недозволиво е што Министерството за надворешни работи не реагирало за ставовите на лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов, кој стартот на преговорите на Македонија со ЕУ го поврза со укинувањето на визите за влез на бугарските граѓани во САД и прием на Бугарија во Шенген зоната.
Недозволиво е да не се реагира на вакви изјави. Да имаше изјава обратно од оваа страна, да речеме претседателот на СДСМ или на ДУИ да имаа ваква навредлива изјава кон Бугарија и бугарскиот народ, бидете убедени дека амбасадорот, кој што за жал го немаме во Софија, односно во случајов претставник на македонската Амбасада, ќе беше повикан и ќе му беше испратена протесна нота од бугарското МНР, изјави Николоски.
Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ, нема да поддржи решение со Софија кое би било надвор од Резолуцијата усвоена во Собранието со која беа исцртани црвените линии на земјава. За членот на Националниот совет за евроинтеграции Зекир Рамчиловиќ, кој е од редовите на коалицијата предводена од СДСМ, изјавите на Трифонов се негов личен став, желби и видувања, од кои не зависат преговорите на земјава со Унијата.
Верувам во она што се најавите од новиот бугарски премиер дека работите ќе се одвиваат во друга насока, изјави Рамчиловиќ, изразувајќи надеж за брзо започнување на преговорите на земјава со ЕУ.
Тој го повтори очекувањето дека бугарските барање нема да бидат дел од преговарачката рамка на земјава со ЕУ, ниту пак услов за започнување преговорите со Унијата. Според Рамчиловиќ, не би требало да дојде ни до одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, бидејќи со тоа би била упатена погрешна порака не само за граѓаните на земјава, туку и за целиот регион.

The post Николоски го прозва МНР зошто не реагираше на изјавите на Трифонов, Рамчиловиќ скокна да ја брани бугарската страна appeared first on Република.

]]>