национален празник Archives - Република https://republika.mk/tema/nacionalen-praznik/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Jul 2022 08:15:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png национален празник Archives - Република https://republika.mk/tema/nacionalen-praznik/ 32 32 Борисов предлага промена на бугарскиот национален празник: Кирил и Методиј да се слават наместо руското ослободување на Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-predlaga-promena-na-bugarskiot-nacionalen-praznik-kiril-i-metodij-da-se-slavat-namesto-ruskoto-osloboduvanje-na-bugarija/ Sat, 16 Jul 2022 08:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=529673

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, предложи 24 мај да биде прогласен за национален празник на Бугарија наместо 3 март, што предизвика скандал во Бугарија.

Одлуката на пратениците на ГЕРБ-СДС за предлогот националниот празник на Бугарија да биде 24 мај, е тоа што тоа е денот на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература.

Друга причина за барањето ваква промена е тоа што на 3 март, Бугарија изразува благодарност до Русија за ослободувањето од османлиската власт и формирањето на Санстефанска Бугарија.

Петар Канев од Бугарската социјалистичка партија на дебатата изјави дека 24 мај е официјален празник во Русија. Од своја страна, пратеникот од ГЕРБ-СДС Петар Николов изјави дека ова е празник и во Македонија, но додаде дека доброто е што 24 мај обединува, а не раздвојува како 3 март.

Пратеникот од бугарските социјалисти Иван Петков ги праша колегите од ГЕРБ-СДС што ако не се слчучел 3 март, што ќе правеа на 24 мај и дали немаше да се слави празникот на турската азбука и дали Бугарија немаше да беше турски султанат.

Пратеникот од ГЕРБ-СДС Тома Биков одговори дека да не беше 24 мај, немаше да биде трети март и го обвини колегата од БСП дека не знаел дека тогаш немало турско писмо, туку арапско.

Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ ги обвини ГЕРБ-СДС дека го злоупотребиле проблемот со начинот на кој го доставиле предлогот во овој момент.

Според него, на случајот со националниот празник на Бугарија требало да се пристапи систематски со создавање собраниска комисија, а не на овој начин.

The post Борисов предлага промена на бугарскиот национален празник: Кирил и Методиј да се слават наместо руското ослободување на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, предложи 24 мај да биде прогласен за национален празник на Бугарија наместо 3 март, што предизвика скандал во Бугарија. Одлуката на пратениците на ГЕРБ-СДС за предлогот националниот празник на Бугарија да биде 24 мај, е тоа што тоа е денот на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература. Друга причина за барањето ваква промена е тоа што на 3 март, Бугарија изразува благодарност до Русија за ослободувањето од османлиската власт и формирањето на Санстефанска Бугарија. Петар Канев од Бугарската социјалистичка партија на дебатата изјави дека 24 мај е официјален празник во Русија. Од своја страна, пратеникот од ГЕРБ-СДС Петар Николов изјави дека ова е празник и во Македонија, но додаде дека доброто е што 24 мај обединува, а не раздвојува како 3 март. Пратеникот од бугарските социјалисти Иван Петков ги праша колегите од ГЕРБ-СДС што ако не се слчучел 3 март, што ќе правеа на 24 мај и дали немаше да се слави празникот на турската азбука и дали Бугарија немаше да беше турски султанат. Пратеникот од ГЕРБ-СДС Тома Биков одговори дека да не беше 24 мај, немаше да биде трети март и го обвини колегата од БСП дека не знаел дека тогаш немало турско писмо, туку арапско. Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ ги обвини ГЕРБ-СДС дека го злоупотребиле проблемот со начинот на кој го доставиле предлогот во овој момент. Според него, на случајот со националниот празник на Бугарија требало да се пристапи систематски со создавање собраниска комисија, а не на овој начин.

The post Борисов предлага промена на бугарскиот национален празник: Кирил и Методиј да се слават наместо руското ослободување на Бугарија appeared first on Република.

]]>