национален парк Archives - Република https://republika.mk/tema/nacionalen-park/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jan 2024 15:40:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png национален парк Archives - Република https://republika.mk/tema/nacionalen-park/ 32 32 Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи за национален парк https://republika.mk/vesti/makedonija/pokrenata-initsijativa-planinata-kozhuf-da-se-proglasi-za-natsionalen-park/ Wed, 03 Jan 2024 15:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=729374

Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија, Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров, осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани, со подршка на професори од Природно математичкиот факултет покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за Национален парк, соопштија иницијаторите.

Како што се наведува во соопштението, планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Со површина од 893 километри квадратни, е една од ретките планини во Македонија со исклучително богата и единствена флора, фауна, геолошка уникатност, водни ресурси, културни и историски посебности од национално значење.

Поради геополитички причини во изминатите осум децении планината Кожуф неоправдано беше изземена од грижата и и интересот на државата за нејзина заштита и зачувување. Според научните и истражувачките активности спроведени во последните двесетина години, се покажа дека планината Кожуф од многу аспекти има вредности од меѓународно значење. Затоа, градоначалниците на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија заедно со десетица еколошки и планинарски друштва, донесоа историска одлука и покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за национален парк, стои во соопштението.

Додаваат дека со прогласувањето на планината Кожуф за Национален парк, нема само да се заштити оваа исклучително природно богатство, туку ќе придонесе и за голем економско-социјален развој и подем на регион и државата во целина.

Потписниците на оваа иницијатива појаснуваат дека на почетокот на оваа година ќе започнат активностите за изработка на Студија за валоризација на националниот парк, која треба да биде готова во период од 2 до 3 години. Потоа студијата се доставува до Министерството за животна средина и просторно планирање, а Владата потоа доставува предлог до Собранието на Македонија за прогласување на планината Кожуф за национален парк.

The post Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи за национален парк appeared first on Република.

]]>

Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија, Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров, осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани, со подршка на професори од Природно математичкиот факултет покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за Национален парк, соопштија иницијаторите. Како што се наведува во соопштението, планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Со површина од 893 километри квадратни, е една од ретките планини во Македонија со исклучително богата и единствена флора, фауна, геолошка уникатност, водни ресурси, културни и историски посебности од национално значење.
Поради геополитички причини во изминатите осум децении планината Кожуф неоправдано беше изземена од грижата и и интересот на државата за нејзина заштита и зачувување. Според научните и истражувачките активности спроведени во последните двесетина години, се покажа дека планината Кожуф од многу аспекти има вредности од меѓународно значење. Затоа, градоначалниците на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија заедно со десетица еколошки и планинарски друштва, донесоа историска одлука и покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за национален парк, стои во соопштението.
Додаваат дека со прогласувањето на планината Кожуф за Национален парк, нема само да се заштити оваа исклучително природно богатство, туку ќе придонесе и за голем економско-социјален развој и подем на регион и државата во целина. Потписниците на оваа иницијатива појаснуваат дека на почетокот на оваа година ќе започнат активностите за изработка на Студија за валоризација на националниот парк, која треба да биде готова во период од 2 до 3 години. Потоа студијата се доставува до Министерството за животна средина и просторно планирање, а Владата потоа доставува предлог до Собранието на Македонија за прогласување на планината Кожуф за национален парк.

The post Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи за национален парк appeared first on Република.

]]>
Националниот парк „Галичица“ ќе ги мапира дивоградбите во својот атар https://republika.mk/vesti/makedonija/natsionalniot-park-galichitsa-ke-gi-mapira-divogradbite-vo-svojot-atar/ Thu, 16 Feb 2023 10:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=609639

Националниот парк „Галичица“ ќе изработи сеопфатна база на податоци со идентификувани илегални објекти на целата територија на паркот.

Предвидено е со мапата да бидат опфатени околу илјада хектари површина на урбани делови во паркот. Мапирањето ќе се изврши со дрон, а со помош на софтверски алатки ќе бидат изготвени карти со висока разолуција. Истовремено ќе се врши анализа на снимениот материјал со идентификација на сите илегални објекти во паркот.

Од установата посочуваат дека изготвената база на податоци и креираните мапи ќе бидат проследени до сите релевантни институции во земјата.

За оваа активност ќе се користи опрема донирана од Шпанската амбасада. Во 2022 година, Националниот парк „Галичица“ и Амбасадата на Кралството Шпанија започнаа соработка, при што Амбасадата му донираше на националниот парк компјутер со високи перформанси и соодветен софтвер за креирање на ортофотомозаични карти.

Прекумерната урбанизација на делови од Националниот парк „Галичица“ е една од забелешките посочени во извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за Охридскиот регион.

The post Националниот парк „Галичица“ ќе ги мапира дивоградбите во својот атар appeared first on Република.

]]>

Националниот парк „Галичица“ ќе изработи сеопфатна база на податоци со идентификувани илегални објекти на целата територија на паркот. Предвидено е со мапата да бидат опфатени околу илјада хектари површина на урбани делови во паркот. Мапирањето ќе се изврши со дрон, а со помош на софтверски алатки ќе бидат изготвени карти со висока разолуција. Истовремено ќе се врши анализа на снимениот материјал со идентификација на сите илегални објекти во паркот. Од установата посочуваат дека изготвената база на податоци и креираните мапи ќе бидат проследени до сите релевантни институции во земјата. За оваа активност ќе се користи опрема донирана од Шпанската амбасада. Во 2022 година, Националниот парк „Галичица“ и Амбасадата на Кралството Шпанија започнаа соработка, при што Амбасадата му донираше на националниот парк компјутер со високи перформанси и соодветен софтвер за креирање на ортофотомозаични карти. Прекумерната урбанизација на делови од Националниот парк „Галичица“ е една од забелешките посочени во извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за Охридскиот регион.

The post Националниот парк „Галичица“ ќе ги мапира дивоградбите во својот атар appeared first on Република.

]]>