набавка на софтвер Archives - Република https://republika.mk/tema/nabavka-na-softver/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Sep 2022 10:13:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png набавка на софтвер Archives - Република https://republika.mk/tema/nabavka-na-softver/ 32 32 Зеќири сведочеше против Рашковски: Не постои одлука на Владата за набавка на софтверот https://republika.mk/vesti/makedonija/zekjiri-svedocheshe-protiv-rashkovski-ne-postoi-odluka-na-vladata-za-nabavka-na-softverot/ Wed, 28 Sep 2022 10:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=555153

Поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири, сведочеше против неговиот претходник во оваа институција, Драги Рашковски. Обвинителката Ивана Трајчева го прашуваше за системите кои ги имаше набавено Рашковски, како што е софтверот за кој вештак кажа дека не се ни вклучувал, но и за системот за биометриска идентификација во кој според Обвинителството требало да мери работно време.

Не бев запознаен со софтверот за определување на просечна брзина и одредување на казни, кажа Зеќири, на што обвинителката праша „дали генералниот секретар може да изрекува казни и определува просечна брзина“ и доби одговор „барем јас како што знам, тоа не го прави Владата“.

Зеќири кажа дека кога се набавува софтвер за друга институција (МВР) тогаш треба тоа да биде побарано, потоа, да се донесе одлука на Влада, па да се набави и примо-предаде.

Откако се запознавте со софтверот, дали во Генералниот секретаријат, пронајдовте одлука на Владата за набавка на овој софтвер?“, праша Трајчева, а Зеќири одговори „јас се запознав откако се отвори случајот и од вас добивав одговори на одредени прашања. Од мојот кабинет проследуваа до службите на Владата и тоа ви беше проследено до вас како Обвинителство. Во одговорот пратен до вас, стоеше дека не постои одлука“.

Обвинителката праша „дали ви е познато дека се вршени проверки во генералниот секретаријат за ваков вид на софтвер, пред да се набави софтверот?“, a Зеќири одговори „точно не се сеќавам, мислам дека не беше“, по што посочи дека софтверот не бил ставен во функција додека бил генерален секретар.

Системот за биометриска идентификација, за кој Трајчева посочи дека е набавен за мерење работно време, а ексдиректорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци кажа дека не може да се користи согласно законските одредби, Зеќири рече дека не бил поставен во Владата.

Трајчева праша „дали ви е познато дали Владата и Ген сек може да врши биометриска идентификација на граѓаните во Владата“, на што Зеќири одговори „тоа не ми е познато, вработените имаат картички со кои се куцаат кога доаѓаат и кога заминуваат“.

Обвинителството прашуваше и за металните кабини набавени од Рашковски.

Дали ви е познато дека за овој систем (биометриска идентификација во Влада) се набавени метални кабини, праша Трајчева, а Зеќири одговори „за тоа бев запознаен покасно, кога стигна од вас барање за да се провери дали постои такво нешто во Владата“.

Трајчева потоа праша „дали ги видовте овие кабини?“, на што Зеќири одговори „ако не грешам имаше комисија, беше утврдено каде се наоѓаат и беа прикажани слики. Тие биле во просториите на стаклара и прашав зошто не се во Влада, а ми кажаа дека се големи и нема каде во Владата да се складираат и затоа се сместени таму“.

Откако Рашковски се повлече од функцијата, Зеќири направил и вонреден попис.

Се утврдуваше каде се наоѓаат предметите за кои прашувате, кажа Зеќири на прашањето зошто е правен пописот.

„Дали го најдовте системот за биометриска идентификација“, праша Трајчева, а Зеќири кажа „не се сеќавам, тоа што е дадено во одговорот, стоиме зад тоа“.

Обвинителката праша „дали на седниците на кои учествувате се сеќавате дали се разговарало за софтверот за одредување на просечна брзина во сообраќајот и системот за биометриска идентификација?“, а Зеќири одговори „на седници на кои јас сум присуствувал – не“.

Надворешните соработници во Владата, за кои обвинителката тврди дека биле ангажирани со авторски договори, но не работеле и дел од парите кои ги добивале ги враќале кај Рашковски, кога Зеќири ја извршувал функцијата генерален секретар – не ги запознал.

Добив список на увид, со луѓето кои се ангажирани како надворешни соработници. Лично не ги запознав. Само како имиња, не ги познавам, кажа Зеќири, на што обвинителката праша „дали знаете за што биле ангажирани?“, а Зеќири одговори „точно не се сеќавам за поединечно, но повеќето работеле со екс генералниот секретар“.

The post Зеќири сведочеше против Рашковски: Не постои одлука на Владата за набавка на софтверот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири, сведочеше против неговиот претходник во оваа институција, Драги Рашковски. Обвинителката Ивана Трајчева го прашуваше за системите кои ги имаше набавено Рашковски, како што е софтверот за кој вештак кажа дека не се ни вклучувал, но и за системот за биометриска идентификација во кој според Обвинителството требало да мери работно време.
Не бев запознаен со софтверот за определување на просечна брзина и одредување на казни, кажа Зеќири, на што обвинителката праша „дали генералниот секретар може да изрекува казни и определува просечна брзина“ и доби одговор „барем јас како што знам, тоа не го прави Владата“.
Зеќири кажа дека кога се набавува софтвер за друга институција (МВР) тогаш треба тоа да биде побарано, потоа, да се донесе одлука на Влада, па да се набави и примо-предаде. Откако се запознавте со софтверот, дали во Генералниот секретаријат, пронајдовте одлука на Владата за набавка на овој софтвер?“, праша Трајчева, а Зеќири одговори „јас се запознав откако се отвори случајот и од вас добивав одговори на одредени прашања. Од мојот кабинет проследуваа до службите на Владата и тоа ви беше проследено до вас како Обвинителство. Во одговорот пратен до вас, стоеше дека не постои одлука“. Обвинителката праша „дали ви е познато дека се вршени проверки во генералниот секретаријат за ваков вид на софтвер, пред да се набави софтверот?“, a Зеќири одговори „точно не се сеќавам, мислам дека не беше“, по што посочи дека софтверот не бил ставен во функција додека бил генерален секретар. Системот за биометриска идентификација, за кој Трајчева посочи дека е набавен за мерење работно време, а ексдиректорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци кажа дека не може да се користи согласно законските одредби, Зеќири рече дека не бил поставен во Владата. Трајчева праша „дали ви е познато дали Владата и Ген сек може да врши биометриска идентификација на граѓаните во Владата“, на што Зеќири одговори „тоа не ми е познато, вработените имаат картички со кои се куцаат кога доаѓаат и кога заминуваат“. Обвинителството прашуваше и за металните кабини набавени од Рашковски.
Дали ви е познато дека за овој систем (биометриска идентификација во Влада) се набавени метални кабини, праша Трајчева, а Зеќири одговори „за тоа бев запознаен покасно, кога стигна од вас барање за да се провери дали постои такво нешто во Владата“.
Трајчева потоа праша „дали ги видовте овие кабини?“, на што Зеќири одговори „ако не грешам имаше комисија, беше утврдено каде се наоѓаат и беа прикажани слики. Тие биле во просториите на стаклара и прашав зошто не се во Влада, а ми кажаа дека се големи и нема каде во Владата да се складираат и затоа се сместени таму“. Откако Рашковски се повлече од функцијата, Зеќири направил и вонреден попис.
Се утврдуваше каде се наоѓаат предметите за кои прашувате, кажа Зеќири на прашањето зошто е правен пописот.
„Дали го најдовте системот за биометриска идентификација“, праша Трајчева, а Зеќири кажа „не се сеќавам, тоа што е дадено во одговорот, стоиме зад тоа“. Обвинителката праша „дали на седниците на кои учествувате се сеќавате дали се разговарало за софтверот за одредување на просечна брзина во сообраќајот и системот за биометриска идентификација?“, а Зеќири одговори „на седници на кои јас сум присуствувал – не“. Надворешните соработници во Владата, за кои обвинителката тврди дека биле ангажирани со авторски договори, но не работеле и дел од парите кои ги добивале ги враќале кај Рашковски, кога Зеќири ја извршувал функцијата генерален секретар – не ги запознал.
Добив список на увид, со луѓето кои се ангажирани како надворешни соработници. Лично не ги запознав. Само како имиња, не ги познавам, кажа Зеќири, на што обвинителката праша „дали знаете за што биле ангажирани?“, а Зеќири одговори „точно не се сеќавам за поединечно, но повеќето работеле со екс генералниот секретар“.

The post Зеќири сведочеше против Рашковски: Не постои одлука на Владата за набавка на софтверот appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето против Рашковски и шест лица за случајот „Софтвери” https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochnuva-sudenjeto-protiv-rashkovski-i-shest-lica-za-sluchajot-softveri-2/ Tue, 25 Jan 2022 08:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=449008

Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се осомничени за нелегалната набавка на софтвер. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Л

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.

Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

-Во една од постапките за јавна набавка, со умисла во сторувањето на кривичното дело му помогнал и четвротообвинетиот, сопственик и управител на економски оператор. Првообвинетиот, јавните набавки ги спровел спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства, дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка, комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, не извршил имплементирање и обуки на она за што биле склучени договорите за јавни набавки, ​со што за четирите економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 17.474.137,00 денари, се вели во обвинителниот акт на ОЈО – ГОКК.

Воедно, првообвинетиот, како службено лице, го искористил службеното овластување – да склучува авторски договори со физички лица, иако знаел дека шесто и седмообвинетите воопшто не ги извршувале своите работни задачи согласно склучените договори, сепак им исплаќал месечни хонорари.

Второобвинетиот и шесто и седмообвинетите, според ОЈО, согласно договорот што го имале со првообвинетиот за поделба на паричните средства подигнувале дел од исплатените средства во готовина со цел да му ги предадат на првообвинетиот. Со овие дејствија е нанесена штета на Буџетот на Р.Македонија во вкупен износ од 1.320.000,00 денари.

– Во временскиот период од 05.06.2017 година до 05.05.2021 година, во Скопје, првообвинетиот, пуштил во оптек пари во вкупен износ од 5.378.319,00 денари, за кои знаел дека потекнуваат од кривично дело, па со намера да го прикрие потеклото на паричните средства во повеќе наврати, откако ќе ги добиел парите од кривичното дело, ги пуштал во промет вршејќи готовинска уплата на сопствените сметки и банкарски картички и на сметките на членовите на своето семејство, а исто така предвремено ги исплатил претходно земените кредити, информираат од ОЈО. оџ/са/

The post Почнува судењето против Рашковски и шест лица за случајот „Софтвери” appeared first on Република.

]]>

Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се осомничени за нелегалната набавка на софтвер. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Л Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ. Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.
-Во една од постапките за јавна набавка, со умисла во сторувањето на кривичното дело му помогнал и четвротообвинетиот, сопственик и управител на економски оператор. Првообвинетиот, јавните набавки ги спровел спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства, дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка, комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, не извршил имплементирање и обуки на она за што биле склучени договорите за јавни набавки, ​со што за четирите економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 17.474.137,00 денари, се вели во обвинителниот акт на ОЈО – ГОКК.
Воедно, првообвинетиот, како службено лице, го искористил службеното овластување – да склучува авторски договори со физички лица, иако знаел дека шесто и седмообвинетите воопшто не ги извршувале своите работни задачи согласно склучените договори, сепак им исплаќал месечни хонорари. Второобвинетиот и шесто и седмообвинетите, според ОЈО, согласно договорот што го имале со првообвинетиот за поделба на паричните средства подигнувале дел од исплатените средства во готовина со цел да му ги предадат на првообвинетиот. Со овие дејствија е нанесена штета на Буџетот на Р.Македонија во вкупен износ од 1.320.000,00 денари.
– Во временскиот период од 05.06.2017 година до 05.05.2021 година, во Скопје, првообвинетиот, пуштил во оптек пари во вкупен износ од 5.378.319,00 денари, за кои знаел дека потекнуваат од кривично дело, па со намера да го прикрие потеклото на паричните средства во повеќе наврати, откако ќе ги добиел парите од кривичното дело, ги пуштал во промет вршејќи готовинска уплата на сопствените сметки и банкарски картички и на сметките на членовите на своето семејство, а исто така предвремено ги исплатил претходно земените кредити, информираат од ОЈО. оџ/са/

The post Почнува судењето против Рашковски и шест лица за случајот „Софтвери” appeared first on Република.

]]>
„Софтверот на Рашковски“ ќе го намалеше бројот на жртви по улиците, тврди тој пред утрешното судење https://republika.mk/vesti/makedonija/softverot-na-rashkovski-kje-go-namaleshe-brojot-na-zrtvi-po-ulicite-tvrdi-toj-pred-utreshnoto-sudenje/ Mon, 24 Jan 2022 09:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=448627

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во допис до јавноста, кој е испратен преку неговите правни застапници, канцеларијата Доневски  тврди дека со системот за сообраќајни прекршоци што го набави тој за 70.000 евра ќе се намали бројот на жртвите за една половина, бројот на повредените за две третини и материјалната штета за повеќе од половина.

Ви го пренесуваме во целост:

„Софтверот на Рашковски“ не е софтвер на Рашковски, тоа е софтвер, односно цел систем на нашите граѓани кој требаше да спасува животи и сѐ уште може да спасува животи, кои за жал ги губиме по патиштата. Нема да навлегувам во тоа дали Обвинителството основано или неосновано води постапка против мене, тоа во текот на процесот кој ќе отпочне ќе се открие, не само моја невиност, туку и огромна нестручност на водење на предметите од страна на јавниот обвинител кој го води предметот. Затоа и не ги генерализирам ниту судиите ниту обвинителите, туку со име и презиме ќе бидат обзнанети факти за лицата инволвирани во овој процес. Ве молам објективно да известувате од судските процеси.

Јавноста речиси и да не знае што овој систем може да извршува и кои се придобивките од него. Ваков систем, со оваа комплексност можам гордо да кажам дека нема во повеќе од 5 земји во светот, за што истите имаат потрошено неколку десетици милиони евра, а ние како држава дури’ 70.000 евра. Системот е целосно функционален, имплементиран, тестиран, спремен за употреба, спремен да превенира губење на човечки животи, намалување на бројот на повредени учесници во сообраќајот и намалување на материјална штета, затоа што:

  1. Врши контрола на просечната брзина на движење на возилата на променливо растојание при променливост на локацијата на мерните инструмиенти.

  2. Системот детектира непрописно престројување и престигнување и алармира до мониторинг центарот.

  3. Системот детектира поминување на црвено светло и врши алармирање во мониторинг центарот.

  4. Системот детектира неносење сигурносен појас.

  5. Системот детектира можно зборување на мобилен телефон додека се управува со возило.

  6. Системот детектира нерегистрирани возила во сообраќајот и го известува мониторинг центарот.

  7. Системот ги детектира возилата на основ на зелена и црвена листа (зелена значи дека возилото е во ред, а црвена дека нешто не е во ред со возилото, односно дека возилото е пријавено за украдено, не е регистрирано итн.) и за истите испраќа аларм во мониторинг центрите и има можност за имплементација на системот на наплатни рампи каде во случај на детекција на возила на црвена листа, не ги пропушта.

  8. Системот нема да го пропушта возилото на граничниот премин доколку е внесено дека нешто не е во ред со него.

  9. Системот предвидува и детектира сообраќаен метеж користејќи ги сликите/видеата од камерите поставени на булевари, улици, раскрсници. Системот е отпорен на различни конфигурации на патот, осветлување, атмосферски влијанија и други препреки. Системот во реално време ги следи видеостримовите од сите камери и прави класификација на сликите во случај на детекција на сообраќаен метеж.

  10. Системот предвидува краткорочна појава на сообраќаен метеж како резултат на сообраќајна незгода или поголем проток на возила.

  11. Системот означува локации, со проценка на време на кои е веројатно да се појави сообраќаен метеж.

  12. Системот детектира лажни таблички односно доколку се појават две исти таблички во различна мониторирана област во исто или приближно исто време системот јавува аларм во мониторинг центарот.

  13. Системот е отпорен на проблеми/недостатоци на хардверот, за да не може и привремените паузи во неговата работа да предизвикаат проблеми.

  14. Системот врши баферирање на податоците во уредите во случај на прекин на интернет конекцијата меѓу уредите и софтверот. Податоците се преземаат по повторно воспоставување на интернет конекција.

  15. Системот имплементира безбедносни стандарди за работа во мрежата, бидејќи уредите/камерите се поставени на оддaлeчени локации.

  16. Системот автоматски издава комплетен извештај со слика од местото на сторениот прекршок и автоматски генерира казни.

  17. Системот работи со неограничен број камери независно каде се поставени.

  18. Системот треба да врши контрола на минимум 3 коловозни ленти.

Ова се само дел од можностите. Наскоро јавноста ќе биде запознаена со додатните можности на системот. Ова затоа што, како држава сме на дното на сообраќајната безбедност, што беше и мотив и причина за да направиме ваков систем.

За жал, јавниот обвинител кој го работи предметот против мене ангажираше вешто лице кое не знаеше да го вклучи системот, случајно или намерно, но и покрај тоа му беа исплатени 160.000 денари.

Затоа како медиуми, а преку вас и целата јавност да се избориме, она што го имаме да го користиме… зашто ова спасува животи. Научно е потврдено од светски анализи дека со ваков систем:

– ќе се намали бројот на жртвите за една половина,

– ќе се намали бројот на повредените за две третини,

– ќе се намали материјалната штета за повеќе од половина.

За набавката на овој софтвер, кој не е пуштен во употреба, Рашковски е обвинет за Злоупотреба на службената положба и овластување во врска со набавката на системот, а судењето почнува утре.

The post „Софтверот на Рашковски“ ќе го намалеше бројот на жртви по улиците, тврди тој пред утрешното судење appeared first on Република.

]]>

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во допис до јавноста, кој е испратен преку неговите правни застапници, канцеларијата Доневски  тврди дека со системот за сообраќајни прекршоци што го набави тој за 70.000 евра ќе се намали бројот на жртвите за една половина, бројот на повредените за две третини и материјалната штета за повеќе од половина. Ви го пренесуваме во целост: