„На зајдисонце“ во Трпејца Archives - Република https://republika.mk/tema/na-zajdisonce-vo-trpejca/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jul 2023 12:52:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „На зајдисонце“ во Трпејца Archives - Република https://republika.mk/tema/na-zajdisonce-vo-trpejca/ 32 32 Заврши 12. Културно – забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца https://republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-12-kulturno-zabavno-leto-na-zajdisontse-vo-trpejtsa/ Sat, 29 Jul 2023 12:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=666623

Со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“ од познатиот охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски синоќа во Трпејца беше затворено 12. Издание на манифестацијата „На зајдисонце“.

Публиката покажа интерес за портретите на 32 омилени актери ( по 16 машки и женски ) , ѕвезди од минатиот век од златното време на Холивуд чии филмски улоги се паметат и денес.

Тоа се нови портрети кои Симјаноски ги изработил во техниката графика со молив и значат враќање на неговите почетоци во уметноста од времето на средното училиште.

-Изложбата е резултат на големата љубов што ја имам кон филмот,а како круна на она што се занимавам со сликарството, па споив една целина. По изложбата во Охрид,  среќен сум што портретите на редица филмски легенди, како на пример: Џон Вејн и Мерлин Монро стигнаа и пред  публиката во Трпејца, рече Симјаноски.

Паралено со изложбата публиката уживаше и во музичките парчиња од култните  филмови: „Продавачка на темјанушки“, „Казабланка“, „Рио Браво“, „Некои тоа го сакаат жешко“ и „ Однесено од виорот“.

Синоќа беа доделени и наградите за најдобри фотографии од конкурсот „Трпејца низ објективот на туристите“. Наградени се Марјан Ангеловски и Весна Константинова од Скопје.

Угостителот Марјан Митрески – Мац, член на Здружението – организатор на летото ги покажа и своите актерски афинитети сврзани со слатките маки на трпејчани среде сезоната.

Во овој завршен преглед на културното лето во Трпејца потсетуваме дека во понеделникот на 24 јули публиката имаше убава журка со бендот 3.0 ( три промили ).

Следниот ден беше резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Во вторникот вечерта се одржа прошетката „Со кајче по езерото“.

Посебно атрактивна за гостите и мештаните беше трката со куфери по скалинадата во Трпејца и интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од  културното лето во Трпејца беше резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери на радост на бројната публика маестрално ја одиграа претставата „Пепелашка од Охрид“.

И годинава манифестацијата беше во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ под покровителство на општина Охрид потпомогната од  спонзори од Трпејца, Охрид и Скопје.

The post Заврши 12. Културно – забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца appeared first on Република.

]]>

Со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“ од познатиот охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски синоќа во Трпејца беше затворено 12. Издание на манифестацијата „На зајдисонце“. Публиката покажа интерес за портретите на 32 омилени актери ( по 16 машки и женски ) , ѕвезди од минатиот век од златното време на Холивуд чии филмски улоги се паметат и денес. Тоа се нови портрети кои Симјаноски ги изработил во техниката графика со молив и значат враќање на неговите почетоци во уметноста од времето на средното училиште. -Изложбата е резултат на големата љубов што ја имам кон филмот,а како круна на она што се занимавам со сликарството, па споив една целина. По изложбата во Охрид,  среќен сум што портретите на редица филмски легенди, како на пример: Џон Вејн и Мерлин Монро стигнаа и пред  публиката во Трпејца, рече Симјаноски. Паралено со изложбата публиката уживаше и во музичките парчиња од култните  филмови: „Продавачка на темјанушки“, „Казабланка“, „Рио Браво“, „Некои тоа го сакаат жешко“ и „ Однесено од виорот“. Синоќа беа доделени и наградите за најдобри фотографии од конкурсот „Трпејца низ објективот на туристите“. Наградени се Марјан Ангеловски и Весна Константинова од Скопје. Угостителот Марјан Митрески – Мац, член на Здружението – организатор на летото ги покажа и своите актерски афинитети сврзани со слатките маки на трпејчани среде сезоната. Во овој завршен преглед на културното лето во Трпејца потсетуваме дека во понеделникот на 24 јули публиката имаше убава журка со бендот 3.0 ( три промили ). Следниот ден беше резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање. Во вторникот вечерта се одржа прошетката „Со кајче по езерото“. Посебно атрактивна за гостите и мештаните беше трката со куфери по скалинадата во Трпејца и интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца. Претпоследната вечер од  културното лето во Трпејца беше резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери на радост на бројната публика маестрално ја одиграа претставата „Пепелашка од Охрид“. И годинава манифестацијата беше во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ под покровителство на општина Охрид потпомогната од  спонзори од Трпејца, Охрид и Скопје.

The post Заврши 12. Културно – забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца appeared first on Република.

]]>
„На зајдисонце“ во Трпејца по 11. пат https://republika.mk/vesti/kultura/na-zajdisonce-vo-trpejca-po-11-pat/ Tue, 19 Jul 2022 07:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=530846

Утре со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настапот на бендот „8balls“ во Трпејца на свечен начин ќе започне 11. културно – забавното лето „На зајдисонце“. Во името на покровителот Општина Охрид манифестацијата за отворена се очекува да ја прогласи советникот Перчо Божиновски, кој воедно е и претседател на општинската Комисијата за празници и манифестации.

Според најавите од 20 до 28 јули организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“ ќе понуди низа интересни содржини со кои ќе го привлече вниманието на гостите и домаќините кои летуваат во Трпејца.

Во четврток на летната сцена под ведро небо ќе настапат: Младите од Црвен крст Охрид со поетско- музичкиот перформанс „Треба да бидеме подобри“. Следниот ден е резервиран за поетесите – сестрите Вера М Самарјанин, Марика Тапанџиева кои во јавноста се познати и по своите хуманитарни дела, а со нив ќе настапи и познатиот пејач Драган Мијалковски, велат организаторите.

Во сабота, стандардниот термин од 20:30 часот ќе биде резервиран за младиот Петар Симоноски кој ќе има своја видео презентација на тема „Трпејца низ вековите“ а негов гостин ќе биде неговиот пријател и гитарист Горан Кичеец. Истата вечер во Трпејца во соработка со Кинотека на Македонија ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ во режија Димитрија Османли.

Неделата е резервирана за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање а вечерта мини концерт ќе одржи дуото „ Black Moon“од Охрид. Следната вечер ќе започне со ново содржина наменета за забава на гостите трката со куфери по скалинадата во Трпејца. За тројцата најбрзи ќе има интересни награди. Таа вечер не очекува запознавањето со „Богатството на Охридското Езеро“ во соработка со ЈНУ „Хидробиолошкиот завод“ од Охрид а ќе следи и концерт на класична музика насловен „Млади надежи“, најавуваат организаторите.

Во вторник, на 26 јули најмладите преку цртежи ќе го овековечат зајдисонцето во Трпејца, а следната вечер нивните трудови ќе бидат и претставени пред гледачите.

По традиција ќе биде поставена и изложба на дела од минатогодишната четврта Уметничка колонија која секој септември се одржува во Трпејца,ќе настапи танчерската група „Dancin Angels“ а вечерта ќе биде заокружена со гостувањето на д-р Анис Сефиданис кој ќе се обиде гледачите на популарен и интерактивен начин да ги воведе во светот на компјутерите и роботиката, додаваат организаторите.

Претпоследната вечер од годинашното единаесетто „На зајдисонце“ е резервирана за видео – изложбата на фотографии направени со мобилен „Трпејца низ објективот на туристите“ и настапот на Пејачката група и оркестар на ансамблот „Ѓердан од бисери“ од Охрид.

Културно – забавното лето следниот ден ја носи традиционалната прошетка по патеката Чоколско а ќе биде заокружено со Вечерта посветана на познатиот македонски хармоникаш и композитор д-р Гоце Џуклески. Покрај него публиката таа вечер ќе може да ужива во настапот на неговите пријатели од Градскиот хор Vox Lychnidos  и пејачот Мирко Вретовски.

The post „На зајдисонце“ во Трпејца по 11. пат appeared first on Република.

]]>

Утре со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настапот на бендот „8balls“ во Трпејца на свечен начин ќе започне 11. културно – забавното лето „На зајдисонце“. Во името на покровителот Општина Охрид манифестацијата за отворена се очекува да ја прогласи советникот Перчо Божиновски, кој воедно е и претседател на општинската Комисијата за празници и манифестации. Според најавите од 20 до 28 јули организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“ ќе понуди низа интересни содржини со кои ќе го привлече вниманието на гостите и домаќините кои летуваат во Трпејца. Во четврток на летната сцена под ведро небо ќе настапат: Младите од Црвен крст Охрид со поетско- музичкиот перформанс „Треба да бидеме подобри“. Следниот ден е резервиран за поетесите – сестрите Вера М Самарјанин, Марика Тапанџиева кои во јавноста се познати и по своите хуманитарни дела, а со нив ќе настапи и познатиот пејач Драган Мијалковски, велат организаторите. Во сабота, стандардниот термин од 20:30 часот ќе биде резервиран за младиот Петар Симоноски кој ќе има своја видео презентација на тема „Трпејца низ вековите“ а негов гостин ќе биде неговиот пријател и гитарист Горан Кичеец. Истата вечер во Трпејца во соработка со Кинотека на Македонија ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ во режија Димитрија Османли. Неделата е резервирана за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање а вечерта мини концерт ќе одржи дуото „ Black Moon“од Охрид. Следната вечер ќе започне со ново содржина наменета за забава на гостите трката со куфери по скалинадата во Трпејца. За тројцата најбрзи ќе има интересни награди. Таа вечер не очекува запознавањето со „Богатството на Охридското Езеро“ во соработка со ЈНУ „Хидробиолошкиот завод“ од Охрид а ќе следи и концерт на класична музика насловен „Млади надежи“, најавуваат организаторите. Во вторник, на 26 јули најмладите преку цртежи ќе го овековечат зајдисонцето во Трпејца, а следната вечер нивните трудови ќе бидат и претставени пред гледачите. По традиција ќе биде поставена и изложба на дела од минатогодишната четврта Уметничка колонија која секој септември се одржува во Трпејца,ќе настапи танчерската група „Dancin Angels“ а вечерта ќе биде заокружена со гостувањето на д-р Анис Сефиданис кој ќе се обиде гледачите на популарен и интерактивен начин да ги воведе во светот на компјутерите и роботиката, додаваат организаторите. Претпоследната вечер од годинашното единаесетто „На зајдисонце“ е резервирана за видео – изложбата на фотографии направени со мобилен „Трпејца низ објективот на туристите“ и настапот на Пејачката група и оркестар на ансамблот „Ѓердан од бисери“ од Охрид. Културно – забавното лето следниот ден ја носи традиционалната прошетка по патеката Чоколско а ќе биде заокружено со Вечерта посветана на познатиот македонски хармоникаш и композитор д-р Гоце Џуклески. Покрај него публиката таа вечер ќе може да ужива во настапот на неговите пријатели од Градскиот хор Vox Lychnidos  и пејачот Мирко Вретовски.

The post „На зајдисонце“ во Трпејца по 11. пат appeared first on Република.

]]>