мзт скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/mzt-skopje/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 06:19:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мзт скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/mzt-skopje/ 32 32 МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Работнички https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-slaveshe-vo-derbito-protiv-rabotnichki/ Sun, 20 Oct 2024 06:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=828954

Мечот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, помина во доминација на актуелниот шампион во Првата македонска „МТЕЛ“ кошаркарска лига (70:56).

Рамноправно се играше во првите неколку минути, поточно, до резултат 6:6, по што во рок од шест минути гостите од Аеродром направија огромна серија од 22:0 со која стигнаа до 26:6 за првата четвртина да биде затворена со сличен резултат (28:8).

На почетокот на вториот период, при резултат 30:13, дербито беше прекинато (уфрлени голем број на пиротехнички средства и други, тврди и меки предмети, на теренот), и по една пауза, повеќе од еден час, беше продолжено, но без присуство на двете навивачки групи.

Тоа донесе и, извесно, намалување на темпото наа играта, на двете страни, па оние гледачи што останаа во СРЦ „Кале“ видоа минути на изедначена игра до полувремето. Задоволни од високото водство„, сино-белите“ го затворија првото полувреме со тој „стандарден плус“ од 20 поени (48:28).

Домаќините сакаа, но евидентно и објективно, пред себе имаа поквалитетен и поброен ростер каков во овој момент има МЗТ во однос на оној со кој раководи Горан Самарџиев. Новата пауза, сега онаа редовната, не смени ништо. МЗТ Скопје успешно го одржуваше големиот „вишок“, стекнат таму некаде на крајот на првата четвртина. Копривица го заврши дербито со 15 поени, Д. Стојановски допиша 11, а Баковиќ уште 10 во победничката екипа. А во онаа поразената, до 12 поени дојде Ѓуроски, Полутак имаше 11, исто толку и Робев, додека младиот репрезентативец, Шошкиќ даде уште 10.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3 КОЛО

САБОТА

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 56:70
Тиквеш Голден Игл – Гостивар 80:75
Вардар – Феникс 2010 72:77
ТФТ – Кожув 79:77
Чаир 2030 – Шкупи 98:80

20 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

19.00: Пелистер – МКК Куманово

ТАБЕЛА:
Чаир 2030 6 бодови,
ТФТ 6,
МЗТ Скопје Аеродром 5,
Работнички 5,
Пелистер 4 (-1),
Гостивар 4,
Кожув 4,
Тиквеш Голден Игл 4,
Феникс 2010 4,
МКК Куманово 3 (-1),
Вардар 3,
Шкупи 3.

The post МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Работнички appeared first on Република.

]]>

Мечот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, помина во доминација на актуелниот шампион во Првата македонска „МТЕЛ“ кошаркарска лига (70:56). Рамноправно се играше во првите неколку минути, поточно, до резултат 6:6, по што во рок од шест минути гостите од Аеродром направија огромна серија од 22:0 со која стигнаа до 26:6 за првата четвртина да биде затворена со сличен резултат (28:8). На почетокот на вториот период, при резултат 30:13, дербито беше прекинато (уфрлени голем број на пиротехнички средства и други, тврди и меки предмети, на теренот), и по една пауза, повеќе од еден час, беше продолжено, но без присуство на двете навивачки групи. Тоа донесе и, извесно, намалување на темпото наа играта, на двете страни, па оние гледачи што останаа во СРЦ „Кале“ видоа минути на изедначена игра до полувремето. Задоволни од високото водство„, сино-белите“ го затворија првото полувреме со тој „стандарден плус“ од 20 поени (48:28). Домаќините сакаа, но евидентно и објективно, пред себе имаа поквалитетен и поброен ростер каков во овој момент има МЗТ во однос на оној со кој раководи Горан Самарџиев. Новата пауза, сега онаа редовната, не смени ништо. МЗТ Скопје успешно го одржуваше големиот „вишок“, стекнат таму некаде на крајот на првата четвртина. Копривица го заврши дербито со 15 поени, Д. Стојановски допиша 11, а Баковиќ уште 10 во победничката екипа. А во онаа поразената, до 12 поени дојде Ѓуроски, Полутак имаше 11, исто толку и Робев, додека младиот репрезентативец, Шошкиќ даде уште 10. ПРВА ЛИГА-МАЖИ РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3 КОЛО САБОТА Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 56:70 Тиквеш Голден Игл – Гостивар 80:75 Вардар – Феникс 2010 72:77 ТФТ – Кожув 79:77 Чаир 2030 – Шкупи 98:80 20 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА) 19.00: Пелистер – МКК Куманово ТАБЕЛА: Чаир 2030 6 бодови, ТФТ 6, МЗТ Скопје Аеродром 5, Работнички 5, Пелистер 4 (-1), Гостивар 4, Кожув 4, Тиквеш Голден Игл 4, Феникс 2010 4, МКК Куманово 3 (-1), Вардар 3, Шкупи 3.

The post МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Работнички appeared first on Република.

]]>
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-po-sedmi-pat-go-osvoi-superkupot/ Sat, 28 Sep 2024 20:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=820637

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го победи Пелистер во  Суперкупот на Македонија „Драган Василов-Цевка“.

Ова е седми трофеј за аеродромци во ова натпреварување.

Битолчани беа подобар противник од бранителот на трофејот, до 15. минута од натпреварот. МЗТ Скопје надополни двоцифрена негатива која ја имаше на средина на втората четвртина и на крајот заслужено се радуваше.

Најефикасен во победничкиот тим на дуелот одигран во СРЦ „Кале“ беше Слај со 14 поени, Маслинко заврши со 10.

Кај Пелистер се истакна Бојиќ со 19 поени, Антоан застана на бројката од 14 реализации.

The post МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот appeared first on Република.

]]>

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го победи Пелистер во  Суперкупот на Македонија „Драган Василов-Цевка“. Ова е седми трофеј за аеродромци во ова натпреварување. Битолчани беа подобар противник од бранителот на трофејот, до 15. минута од натпреварот. МЗТ Скопје надополни двоцифрена негатива која ја имаше на средина на втората четвртина и на крајот заслужено се радуваше. Најефикасен во победничкиот тим на дуелот одигран во СРЦ „Кале“ беше Слај со 14 поени, Маслинко заврши со 10. Кај Пелистер се истакна Бојиќ со 19 поени, Антоан застана на бројката од 14 реализации.

The post МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот appeared first on Република.

]]>
Пласманот во финалето МЗТ го посвети на својот најверен навивач Мац https://republika.mk/sport/kosarka/plasmanot-vo-finaleto-mzt-go-posveti-na-svojot-najveren-navivach-mats/ Sat, 11 May 2024 19:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=777120

Со чисти 3:0 во победи над ТФТ, актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром избори финале во кошаркарскиот плејоф во домашното првенство.

Аеродромци вечерва во СРЦ „Кале“ како гости славеа над градскито ривал ТФТ со резултат 72:58 и експресно ја завршија полуфиналната серија.

Најефикасни во победничкиот тим беа Баковиќ со 14 поени, Делалиќ, Војдан и Дамјан Стојановски имаа по 10.

Кај домаќините се истакна Хотон со 14 поени и 17 скокови.

Противник на „сино-белите“ од Аеродром во борбата за шампионскиот трофеј ќе биде поуспешниот од пресметката Пелистер – Работнички. По три натпревари резултатот е 2:1 за Пелистер. Битолчани по три дена ќе бидат домаќини на четвртиот меч и со победа ќе си обезбедат финале.

The post Пласманот во финалето МЗТ го посвети на својот најверен навивач Мац appeared first on Република.

]]>

Со чисти 3:0 во победи над ТФТ, актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром избори финале во кошаркарскиот плејоф во домашното првенство. Аеродромци вечерва во СРЦ „Кале“ како гости славеа над градскито ривал ТФТ со резултат 72:58 и експресно ја завршија полуфиналната серија. Најефикасни во победничкиот тим беа Баковиќ со 14 поени, Делалиќ, Војдан и Дамјан Стојановски имаа по 10. Кај домаќините се истакна Хотон со 14 поени и 17 скокови. Противник на „сино-белите“ од Аеродром во борбата за шампионскиот трофеј ќе биде поуспешниот од пресметката Пелистер – Работнички. По три натпревари резултатот е 2:1 за Пелистер. Битолчани по три дена ќе бидат домаќини на четвртиот меч и со победа ќе си обезбедат финале.

The post Пласманот во финалето МЗТ го посвети на својот најверен навивач Мац appeared first on Република.

]]>
МЗТ го освои Купот на Македонија https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-go-osvoi-kupot-na-makedonija-2/ Sat, 17 Feb 2024 20:35:50 +0000 https://republika.mk/?p=745240

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија титулата во Купот на Македонија, откако славеа со 62:60 (31:36) против домаќинот Пелистер.

За тимот од Аеродром ова е 12-ти трофеј од ова натпреварување кое сега го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“.

Во неизвесен до крајот натпревар, Американецот Ејасу Ворку постигна кош на три секунди до крајот за 62-60, а Пелистер не успеа да го реализира последниот напад за голема разочараност на навивачите кои ја исполнија салата „Боро Чурлевски“ до последно место.

Дамјан Робев постигна 13 поени за „штрковите“, додека за битолчани Костоски постигна 15 поени

The post МЗТ го освои Купот на Македонија appeared first on Република.

]]>

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија титулата во Купот на Македонија, откако славеа со 62:60 (31:36) против домаќинот Пелистер. За тимот од Аеродром ова е 12-ти трофеј од ова натпреварување кое сега го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“. Во неизвесен до крајот натпревар, Американецот Ејасу Ворку постигна кош на три секунди до крајот за 62-60, а Пелистер не успеа да го реализира последниот напад за голема разочараност на навивачите кои ја исполнија салата „Боро Чурлевски“ до последно место. Дамјан Робев постигна 13 поени за „штрковите“, додека за битолчани Костоски постигна 15 поени

The post МЗТ го освои Купот на Македонија appeared first on Република.

]]>
Пелистер против МЗТ Скопје во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија https://republika.mk/sport/kosarka/pelister-protiv-mzt-skopje-vo-finaleto-na-kosharkarskiot-kup-na-makedonija/ Fri, 16 Feb 2024 21:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=745012

По пауза од 15 години, кошаркарскиот клуб Пелистер ќе биде учесник во големото финале на Купот на Македонија, откако вечерва го совладаа кавадаречки Еуро Никел 2005 со 78:68 (39:36).

Пред своја публика во салата „Боро Чурлевски“, битолчани утре од 18 часот ќе излезат против бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром и ќе се обидат по втор пат да дојдат до својот прв пехар во историјата.

Минатиот пат, загубија од АМАК-СП во 2009 година во Охрид.

Домашниот тим диктираше темпо од самиот старт и беше подобар ривал на паркетот, па на крајот заслужено славеше.

Планиниќ реализираше одлични 27 поени, 8 скока и 5 асистенции во победничкиот табор, а го следеше Маслинко со 22 поени, 7 скока и 3 блокади.

Во поразената екипа, Смит Мексвејн уфрли 21, Врањеш дојде до 17. поени, додека Глигоријевиќ имаше 12.

The post Пелистер против МЗТ Скопје во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија appeared first on Република.

]]>

По пауза од 15 години, кошаркарскиот клуб Пелистер ќе биде учесник во големото финале на Купот на Македонија, откако вечерва го совладаа кавадаречки Еуро Никел 2005 со 78:68 (39:36). Пред своја публика во салата „Боро Чурлевски“, битолчани утре од 18 часот ќе излезат против бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром и ќе се обидат по втор пат да дојдат до својот прв пехар во историјата. Минатиот пат, загубија од АМАК-СП во 2009 година во Охрид. Домашниот тим диктираше темпо од самиот старт и беше подобар ривал на паркетот, па на крајот заслужено славеше. Планиниќ реализираше одлични 27 поени, 8 скока и 5 асистенции во победничкиот табор, а го следеше Маслинко со 22 поени, 7 скока и 3 блокади. Во поразената екипа, Смит Мексвејн уфрли 21, Врањеш дојде до 17. поени, додека Глигоријевиќ имаше 12.

The post Пелистер против МЗТ Скопје во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија appeared first on Република.

]]>
MЗТ во игра за враќање во АБА лигата https://republika.mk/sport/fudbal/mzt-vo-igra-za-vrakane-vo-aba-ligata/ Fri, 02 Feb 2024 22:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=739890

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до шестиот триумф сезонава во АБА2 лигата, откако вечерва го совладаа тимот на Шибенка (93-77) во последниот меч на турнирот во Нови Сад, а втор за тимот од Аеродром на турнирот во Нови Сад.

Неизвесноста во натпреварот траеше само во првите неколку минути, кога противникот поведе со 9-4 по што скопскиот тим врати со десет поени во низа, го презеде водството кое не го испуштив до самиот крај. До крајот само ја зголемуваа позитивата до највисоки плус 24 (79-55) пред крајот на третиот период, по што рутински го привршија дуелот со хрватскиот претставник.

Харис Делалиќ беше најпрецизен за „штрковите“ со 16 поени, пет скока и четири асистенции, а веднаш зад него беа Марко Баковиќ со 15 поени и седум скока и Ејасу Ворку со 15 поени и шест асистенции.

МЗТ е петтопласиран со скор 6-3 во пресрет на последниот меч на турнирот во Нови Сад, кој ќе го одигра во недела против домашната Војводина (18 часот)m

The post MЗТ во игра за враќање во АБА лигата appeared first on Република.

]]>

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до шестиот триумф сезонава во АБА2 лигата, откако вечерва го совладаа тимот на Шибенка (93-77) во последниот меч на турнирот во Нови Сад, а втор за тимот од Аеродром на турнирот во Нови Сад. Неизвесноста во натпреварот траеше само во првите неколку минути, кога противникот поведе со 9-4 по што скопскиот тим врати со десет поени во низа, го презеде водството кое не го испуштив до самиот крај. До крајот само ја зголемуваа позитивата до највисоки плус 24 (79-55) пред крајот на третиот период, по што рутински го привршија дуелот со хрватскиот претставник. Харис Делалиќ беше најпрецизен за „штрковите“ со 16 поени, пет скока и четири асистенции, а веднаш зад него беа Марко Баковиќ со 15 поени и седум скока и Ејасу Ворку со 15 поени и шест асистенции. МЗТ е петтопласиран со скор 6-3 во пресрет на последниот меч на турнирот во Нови Сад, кој ќе го одигра во недела против домашната Војводина (18 часот)m

The post MЗТ во игра за враќање во АБА лигата appeared first on Република.

]]>
Работнички го победи МЗТ во некогаш големото градско дерби https://republika.mk/sport/kosarka/rabotnichki-go-pobedi-mzt-vo-nekogash-golemoto-gradsko-derbi/ Fri, 26 Jan 2024 08:12:23 +0000 https://republika.mk/?p=736979

Кошаркарите на Работнички триумфираа вечерва над МЗТ Скопје Аеродром со 95-91 во 164. пресметка меѓу вечните градски ривали и му го нанесоа вториот пораз во серија на актуелниот македонски шампион.

Вечното македонско дерби донесе квалитетна кошарка во салата „Независна Македонија“ и победа за гостинската екипа, со која најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички ја прекина серијата порази во дуелите со градскиот ривал, и најави дека ќе биде сериозен конкурент во битката за шампионската титула.

По 15. одиграни кола во Првата лига, кошаркарите на МЗТ Скопје останаа на лидерската позиција со скор од 12. победи и три порази, а Работнички е второпласиран со 11. победи и четири порази.

Декоси беше најефикасен во редовите на Работнички, реализирајќи 23. поени.

Во вториот натпревар вечерва во рамки на 15 коло, кошаркарите на ТФТ Моцарт извојуваа гостинска победа над Навико Академија ФМП со 90-62

The post Работнички го победи МЗТ во некогаш големото градско дерби appeared first on Република.

]]>

Кошаркарите на Работнички триумфираа вечерва над МЗТ Скопје Аеродром со 95-91 во 164. пресметка меѓу вечните градски ривали и му го нанесоа вториот пораз во серија на актуелниот македонски шампион. Вечното македонско дерби донесе квалитетна кошарка во салата „Независна Македонија“ и победа за гостинската екипа, со која најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички ја прекина серијата порази во дуелите со градскиот ривал, и најави дека ќе биде сериозен конкурент во битката за шампионската титула. По 15. одиграни кола во Првата лига, кошаркарите на МЗТ Скопје останаа на лидерската позиција со скор од 12. победи и три порази, а Работнички е второпласиран со 11. победи и четири порази. Декоси беше најефикасен во редовите на Работнички, реализирајќи 23. поени. Во вториот натпревар вечерва во рамки на 15 коло, кошаркарите на ТФТ Моцарт извојуваа гостинска победа над Навико Академија ФМП со 90-62

The post Работнички го победи МЗТ во некогаш големото градско дерби appeared first on Република.

]]>
Американски бекови во МЗТ Скопје https://republika.mk/sport/kosarka/amerikanski-bekovi-vo-mzt-skopje/ Mon, 31 Jul 2023 14:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=667300

 Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона го комплетираше бековскиот тандем со играчи од САД. Нови „штркови“ се Седрик Расел (24 год, 188 см) и Ејасу Ворку (24 год, 188 см).

- Двајцата се талентирани кошаркари, со европско искуство, кои ги краси брзината, преглед на играта, а кога треба и агресивност кон противничкиот обрач со цел на својот тим да му донесат драгоцени поени, објави МЗТ Скопје на клупскиот сајт.

Расел зад себе има пет одлични години во елитната дивизија од НЦАА-лигата, од кои четири во дресот на Луизијана универзитетот, во кои во последната сезона имаше просек од 17 поени. Минатата сезона го имаше првиот настап во европската кошарка и тоа во дресот на српскиот прволигаш Тамиш, каде што просечно реализираше 16,2 поени со 2,4 скока и 2,3 асистенции.

Ворку, пак, е добро познат на македонската кошаркарска јавност со оглед што пред две години настапуваше за Гостивар со просек од 16,8 поени, 5,1 скока и 7,2 асистенции. Европската авантура ја почна пред три години во хрватскиот тим Забок, за потоа да направи трансфер во Задар, каде што остави повеќе од солиден впечаток.

Вчера МЗТ се засили со српско-хрватскиот центарски тандем, Душан Танасковиќ и Марко Баковиќ, ден претходно ростерот го освежи со талентираните Марин Петков и Марко Миловановиќ, додека договорна обврска од претходно имаа браќата Дамјан и Војдан Стојановски и Андреј Андоноски. Тренер на МЗТ Скопје и во следната сезона ќе биде Васко Атанасов

The post Американски бекови во МЗТ Скопје appeared first on Република.

]]>

 Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона го комплетираше бековскиот тандем со играчи од САД. Нови „штркови“ се Седрик Расел (24 год, 188 см) и Ејасу Ворку (24 год, 188 см).  
- Двајцата се талентирани кошаркари, со европско искуство, кои ги краси брзината, преглед на играта, а кога треба и агресивност кон противничкиот обрач со цел на својот тим да му донесат драгоцени поени, објави МЗТ Скопје на клупскиот сајт.
  Расел зад себе има пет одлични години во елитната дивизија од НЦАА-лигата, од кои четири во дресот на Луизијана универзитетот, во кои во последната сезона имаше просек од 17 поени. Минатата сезона го имаше првиот настап во европската кошарка и тоа во дресот на српскиот прволигаш Тамиш, каде што просечно реализираше 16,2 поени со 2,4 скока и 2,3 асистенции. Ворку, пак, е добро познат на македонската кошаркарска јавност со оглед што пред две години настапуваше за Гостивар со просек од 16,8 поени, 5,1 скока и 7,2 асистенции. Европската авантура ја почна пред три години во хрватскиот тим Забок, за потоа да направи трансфер во Задар, каде што остави повеќе од солиден впечаток.   Вчера МЗТ се засили со српско-хрватскиот центарски тандем, Душан Танасковиќ и Марко Баковиќ, ден претходно ростерот го освежи со талентираните Марин Петков и Марко Миловановиќ, додека договорна обврска од претходно имаа браќата Дамјан и Војдан Стојановски и Андреј Андоноски. Тренер на МЗТ Скопје и во следната сезона ќе биде Васко Атанасов

The post Американски бекови во МЗТ Скопје appeared first on Република.

]]>
Николиќ и МЗТ се разделија, Васко Атанасов нов тренер на тимот од Аеродром https://republika.mk/sport/kosarka/nikolik-i-mzt-se-razdelija-vasko-atanasov-nov-trener-na-timot-od-aerodrom/ Tue, 02 May 2023 20:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=636189

Драган Николиќ од денеска не е прв тренер на екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако по објавата за суспензијата од десет натпревари взаемно беше договорен прекин на меѓусебната соработка, објави попладнево тимот од Јане Сандански.

Управата на клубот жали што дојде до ваква ситуација пред самиот крај на домашната сезона, во ситуација кога се бориме за десеттата шампионска титула во клупската историја. Популарниот Гаги имаше долги разговори со челниците на сино-белите, во кои беше дискутирана ситуацијата околу одлуката на КФМ и во кои дојде до заемна согласност дека ваквата разврска е најчесен чин за клубот, по што уште еднаш искажа огромна љубов и потврди дека го оставил своето срце на најдобар начин на кој сметал дека ќе донесе резултат, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Македонскиот кошаркарски шампион од денес ќе биде предводен од досегашниот прв помошник, Васко Атанасов.

The post Николиќ и МЗТ се разделија, Васко Атанасов нов тренер на тимот од Аеродром appeared first on Република.

МЗТ Скопје Аеродром е трет најгледан тим во АБА лигата, по евролигашите Партизан и Црвена звезда https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-e-tret-najgledan-tim-vo-aba-ligata-po-evroligashite-partizan-i-tsrvena-zvezda/ Sun, 23 Apr 2023 09:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=633175

Македонскиот кошаркарски претставник во регионалната АБА, МЗТ Скоје не успеа да избори опстанок и наредната сезона повторно ќе се натпреварува во АБА 2 лигата.

Сепак, иако сезоната на македонскиот претставник заврши со враќање во втората по квалитет регионална лига, мала утеха за „штрковоите“ може да биде тоа што навивачите на МЗТ беа помеѓу најдобрите и најверните во лигата. Бројките покажуваат дека МЗТ е трет најгледан тим во АБА лигата,а пред него се само големите кошаркарски гиганти и евролигаши Партизан и Црвена Звезда.

На трибините во „Јане Сандански“ вкупно имало 35.510 навивачи во 13 натпревари, што во просек е по 2.731 навивач по натпревар.

The post МЗТ Скопје Аеродром е трет најгледан тим во АБА лигата, по евролигашите Партизан и Црвена звезда appeared first on Република.

]]>

Македонскиот кошаркарски претставник во регионалната АБА, МЗТ Скоје не успеа да избори опстанок и наредната сезона повторно ќе се натпреварува во АБА 2 лигата. Сепак, иако сезоната на македонскиот претставник заврши со враќање во втората по квалитет регионална лига, мала утеха за „штрковоите“ може да биде тоа што навивачите на МЗТ беа помеѓу најдобрите и најверните во лигата. Бројките покажуваат дека МЗТ е трет најгледан тим во АБА лигата,а пред него се само големите кошаркарски гиганти и евролигаши Партизан и Црвена Звезда. На трибините во „Јане Сандански“ вкупно имало 35.510 навивачи во 13 натпревари, што во просек е по 2.731 навивач по натпревар.

The post МЗТ Скопје Аеродром е трет најгледан тим во АБА лигата, по евролигашите Партизан и Црвена звезда appeared first on Република.

]]>
Српски медиуми: Дали мечот МЗТ-Цибона е наместен? https://republika.mk/sport/kosarka/srpski-mediumi-dali-mechot-mzt-tsibona-e-namesten/ Sat, 15 Apr 2023 17:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=631093

Српските медиуми шпекулираат дека мечот меѓу МЗТ и Цибона е наместен. „Телеграф.рс“ потсетува на неверојатните промашувања на гостите во вториот дел. Ова беше важен меч само за македонскиот тим кој се бори за опстанок во АБА лигата.

Македонскиот првак ја запиша седмата победа сезонава и утре ќе навива за пораз на директниот конкурент Борац на гостувањето во Подгорица против Будуќност со што ќе го задржи претпоследното место на табелата, кое обезбедува бараж за опстанок против второпласираниот тим од АБА 2.

МЗТ Скопје Аеродром беше во негатива од 12 поени разлика вечерва по првото полувреме (41-53), но одигра фантастична трета четвртина која ја реши во своја корист со неверојатни 30-5 и влезе во завршните десет минути со предност од 71-58.

Избраниците на тренерот Драган Николиќ до крајот на дуелот пред 4.500 гледачи во салата „Јане Сандански“ не ја испуштија тешко стекната предност и сега ќе го очекуваат исходот од утрешниот дуел во Подгорица од 19 часот

The post Српски медиуми: Дали мечот МЗТ-Цибона е наместен? appeared first on Република.

Навивачите на МЗТ извикуваа „цигани“ и „мајмуни“ на гостите од Србија https://republika.mk/sport/kosarka/navivachite-na-mzt-izvikuvaa-tsigani-i-majmuni-na-gostite-od-srbija/ Fri, 03 Mar 2023 20:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=615732

Тренерот на тимот од Железник Ненада Стефановиќ проговори за расистичките извици од трибините упатени кон неговите играчи на денешниот меч против МЗТ во Скопје.

Кошаркарите на ФМП доживеаја изненадувачки пораз во Скопје од МЗТ, па иако му подадоа рака на противникот и го прифатија неуспехот на гостувањето во Македонија, оправдано не можеа да се помират со расистичките извици упатени кон избраниците на Ненад Стефановиќ.

Имено, според клубот, непримерните извици „циган“ и „мајмун“ биле упатени до првотимците на гостите. Ебуки Изунду, Чарлс Џенкинс, Чарлс Менинг и Чарли Мур.

https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-go-sovlada-fmp-vo-aba-ligata/

The post Навивачите на МЗТ извикуваа „цигани“ и „мајмуни“ на гостите од Србија appeared first on Република.

]]>

Тренерот на тимот од Железник Ненада Стефановиќ проговори за расистичките извици од трибините упатени кон неговите играчи на денешниот меч против МЗТ во Скопје. Кошаркарите на ФМП доживеаја изненадувачки пораз во Скопје од МЗТ, па иако му подадоа рака на противникот и го прифатија неуспехот на гостувањето во Македонија, оправдано не можеа да се помират со расистичките извици упатени кон избраниците на Ненад Стефановиќ. Имено, според клубот, непримерните извици „циган“ и „мајмун“ биле упатени до првотимците на гостите. Ебуки Изунду, Чарлс Џенкинс, Чарлс Менинг и Чарли Мур.   https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-go-sovlada-fmp-vo-aba-ligata/

The post Навивачите на МЗТ извикуваа „цигани“ и „мајмуни“ на гостите од Србија appeared first on Република.

]]>
МЗТ го освои Купот на Македонија https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-go-osvoi-kupot-na-makedonija/ Sat, 18 Feb 2023 20:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=610603

 МЗТ Скопје Аеродром стана најтрофеен клуб во Купот на Македонија, откако вечерва во СРЦ „Кале“ во финалето го совлада Феникс со 89:73.

За „сино-белите“ од Аеродром ова е 11. трофеј во националниот куп, оставајќи го зад себе, лутиот ривал Работнички со 10 трофеи.

Феникс и покрај тоа што остана без трофеј, а важеше за аутсајдер пред финалето, одигра извонредно и му пружи достоен отпор на големиот противник.

Страхиња Мичовиќ со 20 и Војдан Стојановски со 16 поени беа најефикасни во победничкиот состав.

Кај Феникс се истакнаа Бојан Трајковски со 22 и Ивица Димчевски со 21.

За МВП на турнирот е прогласен Војдан Стојановски.

Во предигра на машкото финале, женскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром го победи Баскет Кам и за прв пат во својата историја го освои вредниот трофеј.

Николиќ: Лут сум им на некои играчи кои не веруваат дека можеме https://republika.mk/sport/kosarka/nikolik-lut-sum-im-na-nekoi-igrachi-koi-ne-veruvaat-deka-mozheme/ Sun, 29 Jan 2023 09:01:06 +0000 https://republika.mk/?p=602158

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Николиќ, со критики кон себе и кон своите избраници по вчерашниот висок пораз на гости кај СЦ Дерби со 85:103.

Јас секогаш сум голем критичар, но прво на самиот себе. Лут сум на себе зашто не можам да ја убедам екипата. Дојдов во Скопје каде ги имам сите потребни услови за работа, за живот, но не можам да сфатам како поединци не ја гледаат и прифатат мојата верба дека во спортот може да се успее и некогаш да се победат и посилни тимови и да се излезе од оваа ситуација која не е лесна за МЗТ Скопје. Ова се однесува на АБА лига, другото е во ред. Поединци не веруваат ниту на моите зборови, ниту на останатите. Навивачите безрезервно ни даваат поддршка, веруваат дека можеме, луѓето во клубот исто така, но жал ми е што овие пет кола откако дојдов не победивме и покрај силните противници, изјави Николиќ.

Македонскиот претставник во регионалната кошаркарска АБА-лига, по 17 одиграни натпревари има само две победи и е последен на табелата.

The post Николиќ: Лут сум им на некои играчи кои не веруваат дека можеме appeared first on Република.

MЗТ оди кон АБА 2 https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-odi-kon-aba-2/ Sat, 21 Jan 2023 19:04:34 +0000 https://republika.mk/?p=599462

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен загуби од Будуќност со 90:86. Аеродромци беа блиску до изненадување, успеаја да се вратат од -19 и во финишот го израмнија резултатот, но немаа сили за целосен пресврт.

Сепак, МЗТ Скопје и покрај тоа што на овој меч беше ослабен без повредениот Кук и болниот Миќовиќ, покажа дека има квалитет и е цврсто решен додека постојат шанси да се бори за опстанок.

Најефикасни во поразениот состав беа Војдан Стојановски со 20 и Абдул-Малик Абу со 19 поени.

Кај Будуќност се истакнаа Хајнес со 22 поена и Каба со 14 поени и 17 скока.

МЗТ е последен во АБА-лигата со две победи и 14 порази, Будуќност е на биланс 10 победи и шест порази

The post MЗТ оди кон АБА 2 appeared first on Република.

]]>

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен загуби од Будуќност со 90:86. Аеродромци беа блиску до изненадување, успеаја да се вратат од -19 и во финишот го израмнија резултатот, но немаа сили за целосен пресврт. Сепак, МЗТ Скопје и покрај тоа што на овој меч беше ослабен без повредениот Кук и болниот Миќовиќ, покажа дека има квалитет и е цврсто решен додека постојат шанси да се бори за опстанок. Најефикасни во поразениот состав беа Војдан Стојановски со 20 и Абдул-Малик Абу со 19 поени. Кај Будуќност се истакнаа Хајнес со 22 поена и Каба со 14 поени и 17 скока. МЗТ е последен во АБА-лигата со две победи и 14 порази, Будуќност е на биланс 10 победи и шест порази

The post MЗТ оди кон АБА 2 appeared first on Република.

]]>
По серијата порази МЗТ го смени тренерот Петровиќ https://republika.mk/sport/kosarka/po-serijata-porazi-mzt-go-smeni-trenerot-petrovikj/ Sat, 24 Dec 2022 22:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=589567

По серијата порази во АБА, меѓу кои беа двата на домашен терен против директните конкуренти за опстанок, Борац Чачак и Сплит, управата на МЗТ Скопје Аеродром и тренерот Александар Петровиќ се договорија предвреме да ја прекинат меѓусебната соработка.

– На Петровиќ му благодариме за сѐ што направи на клупата на нашиот клуб и му посакуваме среќа во понатамошната кариера. Потрагата по неговата замена веќе е почната, а со оглед на обрските кои нѐ очекуваат во домашна и регионална сцена, веруваме дека името на новиот тренер ќе можеме набрзо да го објавиме, стои во соопштението на актуелниот македонски кошаркарски шампион.

Искусниот стратег својот трет мандат на сино-белата клупа го почна во март годинава, откако претходно беше предводник на „штрковите“ во периодот помеѓу 2001 и 2007 година односно помеѓу 2009 и 2011 година. Минатата сезона ја одбрани домашната титула, а во АБА2 обезбеди промоција и покрај поразот во финалето на завршниот турнир против Златибор. Сезонава во Првата лига оствари учинок 9-1, но во јадранската конкуренција тимот оствари само две победи во вкупно 12 средби поради што е последнопласиран на табелат

The post По серијата порази МЗТ го смени тренерот Петровиќ appeared first on Република.

]]>

По серијата порази во АБА, меѓу кои беа двата на домашен терен против директните конкуренти за опстанок, Борац Чачак и Сплит, управата на МЗТ Скопје Аеродром и тренерот Александар Петровиќ се договорија предвреме да ја прекинат меѓусебната соработка.
– На Петровиќ му благодариме за сѐ што направи на клупата на нашиот клуб и му посакуваме среќа во понатамошната кариера. Потрагата по неговата замена веќе е почната, а со оглед на обрските кои нѐ очекуваат во домашна и регионална сцена, веруваме дека името на новиот тренер ќе можеме набрзо да го објавиме, стои во соопштението на актуелниот македонски кошаркарски шампион. Искусниот стратег својот трет мандат на сино-белата клупа го почна во март годинава, откако претходно беше предводник на „штрковите“ во периодот помеѓу 2001 и 2007 година односно помеѓу 2009 и 2011 година. Минатата сезона ја одбрани домашната титула, а во АБА2 обезбеди промоција и покрај поразот во финалето на завршниот турнир против Златибор. Сезонава во Првата лига оствари учинок 9-1, но во јадранската конкуренција тимот оствари само две победи во вкупно 12 средби поради што е последнопласиран на табелат

The post По серијата порази МЗТ го смени тренерот Петровиќ appeared first on Република.

]]>
MЗТ победи во АБА лигата https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-pobedi-vo-aba-ligata/ Mon, 28 Nov 2022 08:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=578915

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром синоќа ја забележа втората победа во регионалната АБА-лига.

Аеродромци ја совладаа Мега МИС со 94:82.

Најефикасни во победничкиот состав беа Бре Ајви со 15 поени, четири скока и шест асистенции беше лидер и Кафи кој постигна 14 поени со осум асистенции.

Следен противник на МЗТ Скопје во јадранската лига е Игокеа следната недела.

По осум натпревари „сино-белите“ се на 12.место со скор две победи и шест порази

The post MЗТ победи во АБА лигата appeared first on Република.

]]>

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром синоќа ја забележа втората победа во регионалната АБА-лига. Аеродромци ја совладаа Мега МИС со 94:82. Најефикасни во победничкиот состав беа Бре Ајви со 15 поени, четири скока и шест асистенции беше лидер и Кафи кој постигна 14 поени со осум асистенции. Следен противник на МЗТ Скопје во јадранската лига е Игокеа следната недела. По осум натпревари „сино-белите“ се на 12.место со скор две победи и шест порази

The post MЗТ победи во АБА лигата appeared first on Република.

]]>
МЗТ Скопје Аеродром загуби од Морнар во АБА лигата https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-zagubi-od-mornar-vo-aba-ligata/ Fri, 04 Nov 2022 19:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=569725

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром, го претрпе петтиот пораз во шестиот натпревар од новата сезона во регионалната АБА лига, откако на домашен терен загуби од црногорски Морнар со 94-77.

Кошаркарите на МЗТ Скопје добро го отворија натпреварот и по првата четвртина стекнаа предност од 27-22 која ја зачуваа до полувремето (47-44).

Меѓутоа, продолжението донесе поинаква слика на паркетот во салата „Јане Сандански“. Гостите од Бар со серија од 9-0 на почетокот на третата четвртина направија резултатски пресврт за водство сигурно водство (53-47) кое не го испуштија до крајот на натпреварот.

МЗТ Скопје во второто полувреме прикажа бледо издание и за 20 минути постигна скромни 30 кошеви.

Најефикасен во составот од Аеродром беше Бојан Крстевски со 22 поени.

Во седмото коло во АБА лигата, МЗТ Скопје Аеродром на 18 ноември ќе му гостува на ФМП.

The post МЗТ Скопје Аеродром загуби од Морнар во АБА лигата appeared first on Република.

]]>

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром, го претрпе петтиот пораз во шестиот натпревар од новата сезона во регионалната АБА лига, откако на домашен терен загуби од црногорски Морнар со 94-77. Кошаркарите на МЗТ Скопје добро го отворија натпреварот и по првата четвртина стекнаа предност од 27-22 која ја зачуваа до полувремето (47-44). Меѓутоа, продолжението донесе поинаква слика на паркетот во салата „Јане Сандански“. Гостите од Бар со серија од 9-0 на почетокот на третата четвртина направија резултатски пресврт за водство сигурно водство (53-47) кое не го испуштија до крајот на натпреварот. МЗТ Скопје во второто полувреме прикажа бледо издание и за 20 минути постигна скромни 30 кошеви. Најефикасен во составот од Аеродром беше Бојан Крстевски со 22 поени. Во седмото коло во АБА лигата, МЗТ Скопје Аеродром на 18 ноември ќе му гостува на ФМП.

The post МЗТ Скопје Аеродром загуби од Морнар во АБА лигата appeared first on Република.

]]>
Американецот Кари ќе го засили МЗТ Скопје на плејмејкерската позиција https://republika.mk/sport/kosarka/amerikanecot-kari-kje-go-zasili-mzt-skopje-na-plejmejkerskata-pozicija/ Thu, 27 Jan 2022 14:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=450332

Американскиот кошаркар, Морис Кари (34 год, 180 см), ќе треба да ја пополни празнината во ростерот МЗТ Скопје по заминувањето на Дастин Вер во пресрет на вториот дел од сезоната во домашните натпреварувања и во АБА2 лигата.

Станува збор за ептен искусен плејмејкер, кој повеќе од десет години настапува во европски клубови. Кари, по четирите сезони минати во Провиденс универзитетот, интернционалната кариера ја почна во полски Кошалин, по што настапуваше за екипи како грчки АЕК, австриски Гмунден, германски Мителдојчер, фински КТП, бугарски Лукоил Академик, француските Шалон Ремс, Нанси, Антиб и Поитерс, како и унгарските Сегед и Капошвари. Во сезоната 2018/19 го носеше дресот на романска Крајова, каде што тренер му беше нашиот поранешен стратег Александар Тодоров - објави македонскиот кошаркарски шампион.

Доаѓањето на Кари во Скопје се очекува кон крајот на неделава, што значи дека ќе има доволно време да се аклиматизира на новата средина и да влезе во системот на тренерот Дарко Радуловиќ за четвртиот турнир од АБА2, кој почнува на 6 февруари во Бања Лука.

The post Американецот Кари ќе го засили МЗТ Скопје на плејмејкерската позиција appeared first on Република.

МЗТ Скопје има нов генерален директор https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ima-nov-generalen-direktor/ Wed, 26 Jan 2022 17:52:57 +0000 https://republika.mk/?p=449927

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје, денеска го промовираше Филип Ѓоревски како нов генерален извршен директор.

Ѓоревски кој е поранешен играч на „аеродромци“ ќе го замени Тони Грнчаров, кој ја извршуваше истата функција изминатите четири години.

Филип Ѓоревски за МЗТ настапувал пред 15-тина години, а потоа неколку години беше и главен координатор на младинската школа на МЗТ Скопје.

Во играчката кариера има играно уште и за Вардар Осигурување, Карпош Соколи, Фаворити и Тоа сум јас, а изминатиов период, е меѓу творците на проектот наречен Академија ФМП, кој од второлигаш дојде до епитетот најпријатно изненадување во актуелнава сезона.

The post МЗТ Скопје има нов генерален директор appeared first on Република.

]]>

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје, денеска го промовираше Филип Ѓоревски како нов генерален извршен директор. Ѓоревски кој е поранешен играч на „аеродромци“ ќе го замени Тони Грнчаров, кој ја извршуваше истата функција изминатите четири години. Филип Ѓоревски за МЗТ настапувал пред 15-тина години, а потоа неколку години беше и главен координатор на младинската школа на МЗТ Скопје. Во играчката кариера има играно уште и за Вардар Осигурување, Карпош Соколи, Фаворити и Тоа сум јас, а изминатиов период, е меѓу творците на проектот наречен Академија ФМП, кој од второлигаш дојде до епитетот најпријатно изненадување во актуелнава сезона.

The post МЗТ Скопје има нов генерален директор appeared first on Република.

]]>