мж транспорт Archives - Република https://republika.mk/tema/mz-transport/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Dec 2023 11:07:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мж транспорт Archives - Република https://republika.mk/tema/mz-transport/ 32 32 Единствениот воз на Македонски железници остана без нафта https://republika.mk/vesti/makedonija/edinstveniot-voz-na-makedonski-zheleznitsi-ostana-bez-nafta/ Mon, 25 Dec 2023 11:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=726456

На проблемите на Македонски железници им нема крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ откривајќи дека единствениот воз кој патуваше кон Битола, од вчера веќе не е во сообраќај.

Причината е тоа што МЖ Транспорт нема нафта за возовите. Се сеќавате, пред неколку месеци за првпат во историјата на македонски железници, МЖ Транспорт остана без ел. енергија, а сега остана и без нафта за возовите. Со тоа граѓаните на Пелагонија и Азот остануваат и без тој еден воз кој што го имаа на располагање. Тоа е тој расипнички и понижувачки однос што го има оваа власт кон железниците во Македонија. Тоа е таа неспособност. Но, добро е што останува уште многу малку време од нивното владеење. После промената на власта ќе има одговорност за сите кои учествувале во уништувањето на железниците во Македонија. После промената на власта ќе следуваат вистински реформи и повторно ставање на железницата на колосек, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Единствениот воз на Македонски железници остана без нафта appeared first on Република.

]]>

Нов закон за „оператори од регионот“ да ги работат македонските железнички пруги, зошто МЖ Транспорт „не си ја врши работата“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/nov-zakon-za-operatori-od-regionot-da-gi-rabotat-makedonskite-zheleznichki-prugi-zoshto-mzh-transport-ne-si-ja-vrshi-rabotata/ Mon, 20 Nov 2023 15:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=714492

Претпријатието „Македонски железници - Транспорт“ не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него. Поради тоа, во Собранието е законот за либерализација на превозот, на железничкиот сообраќај и очекувам по неговото изгласување, веќе од почетокот на наредната година да ги отвориме вратите на други оператори од регионот кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги. Со тоа ќе ја подобриме и конкурентноста и конкуренцијата, а и граѓаните и компаниите ќе видат бенефит, бидејќи со вакво темпо, убеден сум дека бавно се движи реализацијата на сите процеси кои ги земало ова претпријатие, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески” во Прилеп, Бочварски истакна дека години и децении наназад „Македонски железници - Транспорт“ работи тешко, во тешки услови, со финансиска поддршка од Владата, за да може да реализира одреден број линии од оперативниот план.

Факт е дека до пред две години Владата како субвенции за оваа претпријатието исплаќаше шест - седум милиони евра годишно за одреден број линии за патничкиот сообраќај. Минатата година финансиски помогнавме 15 милиони евра, а ова година очекувам поддршката да стигне некаде до 25 милиони евра. Сега ќе го поставам прашањето – дали граѓаните се задоволни од тоа што го прави „МЖ – Транспорт“ и дали ние како Влада сме задоволни? Апсолутно и граѓаните и Владата, сите заеднички ќе констатираме дека тоа претпријатие не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него, напомена министерот.

Според него, либерализацијата значи дека ќе се овозможи да влезат и други оператори доколку има заинтересирани да оперираат на македонските железнички пруги.

Ние сме една од двете земји во регионот која што се уште нема либерализација и сите држави коишто вовеле либерализација после неколку години веќе сообраќајот бил подигнат на едно повисоко ниво и за потребите на економијата и за потребите на граѓаните, така што либерализацијата не значи продажба. Либерализацијата значи отворање на пазарот за повеќе оператори да можат да оперираат по македонските железнички пруги, нагласи Бочварски, додавајќи дека денеска се гласа законот за либерализација.

Тој дополни и дека ќе продолжи изградбата на железничките пруги кон Бугарија.

Со потпишувањето на Меморандумот со Република Србија преку изработка на акциски план, работни групи ќе почнат проектирање и реализација на проекти што ќе значат раст и развој на железничкиот сообраќај, бидејќи тоа е сообраќајот што во иднината треба да биде доминантен и што граѓаните треба да го користат многу повеќе отколку што денес имаат услови тоа да го прават, рече тој.

Бочварски во увид на реконструкцијата на улицата „Леце Котески” беше заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

The post Нов закон за „оператори од регионот“ да ги работат македонските железнички пруги, зошто МЖ Транспорт „не си ја врши работата“ appeared first on Република.

]]>

Претпријатието „Македонски железници - Транспорт“ не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него. Поради тоа, во Собранието е законот за либерализација на превозот, на железничкиот сообраќај и очекувам по неговото изгласување, веќе од почетокот на наредната година да ги отвориме вратите на други оператори од регионот кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги. Со тоа ќе ја подобриме и конкурентноста и конкуренцијата, а и граѓаните и компаниите ќе видат бенефит, бидејќи со вакво темпо, убеден сум дека бавно се движи реализацијата на сите процеси кои ги земало ова претпријатие, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески” во Прилеп, Бочварски истакна дека години и децении наназад „Македонски железници - Транспорт“ работи тешко, во тешки услови, со финансиска поддршка од Владата, за да може да реализира одреден број линии од оперативниот план.
Факт е дека до пред две години Владата како субвенции за оваа претпријатието исплаќаше шест - седум милиони евра годишно за одреден број линии за патничкиот сообраќај. Минатата година финансиски помогнавме 15 милиони евра, а ова година очекувам поддршката да стигне некаде до 25 милиони евра. Сега ќе го поставам прашањето – дали граѓаните се задоволни од тоа што го прави „МЖ – Транспорт“ и дали ние како Влада сме задоволни? Апсолутно и граѓаните и Владата, сите заеднички ќе констатираме дека тоа претпријатие не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него, напомена министерот.
Според него, либерализацијата значи дека ќе се овозможи да влезат и други оператори доколку има заинтересирани да оперираат на македонските железнички пруги.
Ние сме една од двете земји во регионот која што се уште нема либерализација и сите држави коишто вовеле либерализација после неколку години веќе сообраќајот бил подигнат на едно повисоко ниво и за потребите на економијата и за потребите на граѓаните, така што либерализацијата не значи продажба. Либерализацијата значи отворање на пазарот за повеќе оператори да можат да оперираат по македонските железнички пруги, нагласи Бочварски, додавајќи дека денеска се гласа законот за либерализација.
Тој дополни и дека ќе продолжи изградбата на железничките пруги кон Бугарија.
Со потпишувањето на Меморандумот со Република Србија преку изработка на акциски план, работни групи ќе почнат проектирање и реализација на проекти што ќе значат раст и развој на железничкиот сообраќај, бидејќи тоа е сообраќајот што во иднината треба да биде доминантен и што граѓаните треба да го користат многу повеќе отколку што денес имаат услови тоа да го прават, рече тој.
Бочварски во увид на реконструкцијата на улицата „Леце Котески” беше заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

The post Нов закон за „оператори од регионот“ да ги работат македонските железнички пруги, зошто МЖ Транспорт „не си ја врши работата“ appeared first on Република.

]]>
МЖ Транспорт: Никој не врши притисок врз вработените, месечната плата на машиновозачите е поголема од 40.000 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/mzh-transport-nikoj-ne-vrshi-pritisok-vrz-vrabotenite-mesechnata-plata-na-mashinovozachite-e-pogolema-od-40-000-denari/ Thu, 31 Aug 2023 19:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=677725

Раководството на „МЖ-Транспорт“ ја демантира изјавата на претседателот на синдикалната организација Тони Димовски. Во соопштението испратено попладнево се наведува дека не е точно дека менаџментот на претпријатието врши притисок врз вработените.

– За извршување на работните задачи на машиновозачите на почетокот на месецот се прави месечен план за работа, според кој секој машиновозач точно знае кога треба да дојде на работа и да се јави кај надзорниот раководител. Од него добива патен лист во кој е наведено кој воз треба да го вози на соодветната релација. Сакаме да потенцираме дека суспендирани се само оние кои не сакале да го земат патниот лист според месечниот план за работа. Тоа претставува тешка повреда на работниот ред и дисциплина според Правилникот за работен ред и дисциплина. Во истиот стои дека за ваков прекршок следува отказ, се вели во соопштението.

Во однос на месечните примања на машиновозачите, од „Железници“ велат дека не е точна изјавата на Димовски дека месечната плата со вклучени надоместоци е максимум 40.000 денари.

– Никаде во неговата изјава не е споменат т.н. километар што просечно изнесува нешто помалку од 20.000,00 денари месечно, се вели во соопштението и се посочува дека за мај, јуни и јули просечните примања на машиновозачот во кои спаѓаат, плата, додатоци на плата и километар изнесуваат 67.640 денари.

Основната плата од 25.000 денари, како што се посочува во соопштението, ја зема машиновозачот, ако во соодветниот месец воопшто не вози, што значи дека и сега кога штрајкуваат и не работат, пак им следи плата по 25.000,00 денари.

Менаџерскиот тим на претпријатието посочува дека со ваквиот бојкот се врши економски удар врз претпријатието и приватните комитенти кои ги користат услугите.

– Ќе потенцираме дека нема да се толерираат никакви уцени, закани од Синдикатот и вработените и по секоја активност спротивна од Правилникот за работен ред и дисциплина ќе биде соодветно постапувано. И покрај тешките услови во кои функционира фирмата, поради лошата инфраструктура во регионот, каде сообраќаат товарните возови, менаџерскиот тим во соработка со Владата прави напори за редовно исплаќање на платите, кои во периодот од 2017 година до денес понекогаш задоцнувале најмногу неколку дена во наредниот месец и тоа само вториот дел од платата, се наведува во соопштението.

The post МЖ Транспорт: Никој не врши притисок врз вработените, месечната плата на машиновозачите е поголема од 40.000 денари appeared first on Република.

]]>

Раководството на „МЖ-Транспорт“ ја демантира изјавата на претседателот на синдикалната организација Тони Димовски. Во соопштението испратено попладнево се наведува дека не е точно дека менаџментот на претпријатието врши притисок врз вработените.
– За извршување на работните задачи на машиновозачите на почетокот на месецот се прави месечен план за работа, според кој секој машиновозач точно знае кога треба да дојде на работа и да се јави кај надзорниот раководител. Од него добива патен лист во кој е наведено кој воз треба да го вози на соодветната релација. Сакаме да потенцираме дека суспендирани се само оние кои не сакале да го земат патниот лист според месечниот план за работа. Тоа претставува тешка повреда на работниот ред и дисциплина според Правилникот за работен ред и дисциплина. Во истиот стои дека за ваков прекршок следува отказ, се вели во соопштението.
Во однос на месечните примања на машиновозачите, од „Железници“ велат дека не е точна изјавата на Димовски дека месечната плата со вклучени надоместоци е максимум 40.000 денари.
– Никаде во неговата изјава не е споменат т.н. километар што просечно изнесува нешто помалку од 20.000,00 денари месечно, се вели во соопштението и се посочува дека за мај, јуни и јули просечните примања на машиновозачот во кои спаѓаат, плата, додатоци на плата и километар изнесуваат 67.640 денари.
Основната плата од 25.000 денари, како што се посочува во соопштението, ја зема машиновозачот, ако во соодветниот месец воопшто не вози, што значи дека и сега кога штрајкуваат и не работат, пак им следи плата по 25.000,00 денари. Менаџерскиот тим на претпријатието посочува дека со ваквиот бојкот се врши економски удар врз претпријатието и приватните комитенти кои ги користат услугите.
– Ќе потенцираме дека нема да се толерираат никакви уцени, закани од Синдикатот и вработените и по секоја активност спротивна од Правилникот за работен ред и дисциплина ќе биде соодветно постапувано. И покрај тешките услови во кои функционира фирмата, поради лошата инфраструктура во регионот, каде сообраќаат товарните возови, менаџерскиот тим во соработка со Владата прави напори за редовно исплаќање на платите, кои во периодот од 2017 година до денес понекогаш задоцнувале најмногу неколку дена во наредниот месец и тоа само вториот дел од платата, се наведува во соопштението.

The post МЖ Транспорт: Никој не врши притисок врз вработените, месечната плата на машиновозачите е поголема од 40.000 денари appeared first on Република.

]]>
Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот https://republika.mk/vesti/makedonija/postignat-dogovor-za-platata-na-mashinovozachite-zheleznichkiot-soobrakaj-ke-se-normalizira-od-20-chasot/ Mon, 31 Jul 2023 16:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=667372

Железничкиот сообраќај  во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал.

Сообраќајот, што е во прекин од 13 часот денеска кога  вработените стапија во бојкот, според најавите од Димовски, ќе се нормализира со возот за Битола 645 во 20.05 часот.

Постигнат е договор со менаџерскиот на ЖРМ Транспорт за исплата на вториот дел од платата за јуни во петок како и да почнат преговори за доставените барања за изменување и дополнување на систематизацијата со што ќе се зголеми коефицинетот на сложеност за машинскиот извршен персонал, а можно е и за сите вработени, изјави Димовски.

Во тек на неколку часовниот прекин на  железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.

The post Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот appeared first on Република.

]]>

Железничкиот сообраќај  во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал. Сообраќајот, што е во прекин од 13 часот денеска кога  вработените стапија во бојкот, според најавите од Димовски, ќе се нормализира со возот за Битола 645 во 20.05 часот.
Постигнат е договор со менаџерскиот на ЖРМ Транспорт за исплата на вториот дел од платата за јуни во петок како и да почнат преговори за доставените барања за изменување и дополнување на систематизацијата со што ќе се зголеми коефицинетот на сложеност за машинскиот извршен персонал, а можно е и за сите вработени, изјави Димовски.
Во тек на неколку часовниот прекин на  железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.

The post Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот appeared first on Република.

]]>
ДУИ и СДС со поставување на келнер за директор, намерно го докрајчуваат МЖ Транспорт АД https://republika.mk/vesti/dui-i-sds-so-postavuvane-na-kelner-za-direktor-namerno-go-dokrajchuvaat-mzh-transport-ad/ Wed, 05 Apr 2023 06:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=627341

Неспособноста на власта нема граници, а најнов доказ за тоа е поставувањето на Зуљхајрат Демири, за нов генерален директор на Македонски Железници, велат од ВМРО ДПМНЕ.

На чело на најголемиот државен загубар во Македонија, кој должи 70 милиони евра, се поставува лице, кое нема никаква стручност во оваа сфера но затоа има работено како келнер.

Очигледно е дека МЖ Транспорт единствено се користи само како средство, за задоволување на коалициските партнери и за нови партиски вработувања.

Се ближи 150 годишнината од постоењето на Македонски Железници на 9ти Април, а во исто време работниците се во штрајк, возовите се во мирување и оставени се граѓаните без превоз.

Целта на ДУИ и СДС е јасна, докрајчување на МЖ, на штета на државата, работниците и граѓаните, додека криминалите и богатењето на ДУИ И СДС се во прв план, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-zulhajrat-demiri-noviot-direktor-na-makedonski-zheleznitsi-transport/

The post ДУИ и СДС со поставување на келнер за директор, намерно го докрајчуваат МЖ Транспорт АД appeared first on Република.

]]>

Неспособноста на власта нема граници, а најнов доказ за тоа е поставувањето на Зуљхајрат Демири, за нов генерален директор на Македонски Железници, велат од ВМРО ДПМНЕ.
На чело на најголемиот државен загубар во Македонија, кој должи 70 милиони евра, се поставува лице, кое нема никаква стручност во оваа сфера но затоа има работено како келнер. Очигледно е дека МЖ Транспорт единствено се користи само како средство, за задоволување на коалициските партнери и за нови партиски вработувања. Се ближи 150 годишнината од постоењето на Македонски Железници на 9ти Април, а во исто време работниците се во штрајк, возовите се во мирување и оставени се граѓаните без превоз. Целта на ДУИ и СДС е јасна, докрајчување на МЖ, на штета на државата, работниците и граѓаните, додека криминалите и богатењето на ДУИ И СДС се во прв план, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-zulhajrat-demiri-noviot-direktor-na-makedonski-zheleznitsi-transport/

The post ДУИ и СДС со поставување на келнер за директор, намерно го докрајчуваат МЖ Транспорт АД appeared first on Република.

]]>
Исклучена струјата од во МЖ Транспорт, истото следи и за Клинички https://republika.mk/vesti/ekonomija/iskluchena-strujata-od-vo-mz-transport-istoto-sledi-i-za-klinichki/ Thu, 15 Dec 2022 08:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=585793

Железница од утрината без електрична енергија, деловите кои се под електродистрибуција се отсечени од мрежата, дознава Телма.

МЖ Транспорт не успеа да го плати долгот којшто надминува 6,5 милиони евра поради што ЕВН почна со спроведување на својот план за исклучување. Ова претпријатие важи за загубар и подолго време има проблеми со финансиите.

Од ЕВН денеска до пладне чекаат писмена гаранција од владата дека ќе се плати долгот на Клинички, којшто пак е повисок од седум милиони евра. Ако тоа не се случи има „Мајка Тереза“ од денеска ќе биде без струја. Клинички повеќе од три години не ги плаќал сметките за струја и сега државата бара средства од други ставки од буџетот за да го подмири овој милионски долг.

The post Исклучена струјата од во МЖ Транспорт, истото следи и за Клинички appeared first on Република.

]]>

Железница од утрината без електрична енергија, деловите кои се под електродистрибуција се отсечени од мрежата, дознава Телма. МЖ Транспорт не успеа да го плати долгот којшто надминува 6,5 милиони евра поради што ЕВН почна со спроведување на својот план за исклучување. Ова претпријатие важи за загубар и подолго време има проблеми со финансиите. Од ЕВН денеска до пладне чекаат писмена гаранција од владата дека ќе се плати долгот на Клинички, којшто пак е повисок од седум милиони евра. Ако тоа не се случи има „Мајка Тереза“ од денеска ќе биде без струја. Клинички повеќе од три години не ги плаќал сметките за струја и сега државата бара средства од други ставки од буџетот за да го подмири овој милионски долг.

The post Исклучена струјата од во МЖ Транспорт, истото следи и за Клинички appeared first on Република.

]]>
Железницата тоне, а се вработуваат нови 80 партиски војници https://republika.mk/vesti/ekonomija/zeleznicata-tone-a-se-vrabotuvaat-novi-80-partiski-vojnici/ Thu, 17 Feb 2022 08:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=459606

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека во време кога Железницата во Македонија е во екстремно лоша состојба, за што сведочат честите штрајкови поради неисплатени плати, намалениот обем на работа во товарниот сообраќај, укинувањето линии, преполовениот број локомотиви и слично, од власта одлучиле да вработуваат нови 80 партиски војници во претпријатието.

Од партијата истакнуваат дека не би било никаков проблем да се барале стручни кадри и да имало зголемен обем на работа, но наместо тоа станува збор за непродуктивни партиски војници, за кои, како што велат, гласно се зборува дека нема да одат на работа, а ќе земаат плата.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја пренесуваме во целост.

„Во изминатиов период постојано слушаме за лошите состојби во единствениот железнички оператор во нашава држава МЖ Транспорт АД. Нема месец да не помине, а да нема штрајк на вработените за неисплатени плати. Претпријатието е во големи долгови со намален обем на работа во товарниот сообраќај, а во патничкиот постојано се укинуваат возни линии. Возовите за Кочани и Кичево веќе една година се укинати, а пругата на тие релации е оставена на милост и немилост на забот на времето. Бројот на расположливи локомотиви и возови е преполовен и постојано се намалува. Со еден збор ситуацијата во железницата никогаш не била полоша.
И покрај ваквата лоша општа ситуација, претпријатието продолжува да се полни со нови партиски вработувања.

Деновиве на неговиот сајт осамна оглас за нови 80 вработувања. И се ќе беше во ред ако претпријатието имаше зголемен обем на работа и ако се бараа стручни кадри од областа, а не непродуктивни партиски војници, за кои гласно се зборува дека нема да идат на работа, а ќе земаат плата. Во едни вакви лоши финансиски услови, наместо да се штеди и да се намалат расходите претпријатието дополнително се оптоварува со нови трошоци.

Да се потсетиме какви ветувања СДСМ даваа пред да дојдат на власт:

Ветуваа изградба на пругата кон Бугарија – НАПРОТИВ, ЈА СТОПИРАА,

Ветуваа изградба на пруга кон Албанија – НЕ ЈА НИ ЗАПОЧНАА,

Ветуваа проектна техничка документација за реконструкција на железничката пруга Скопје - Кичево – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА,

Ветуваа пуштање во сообраќај на пругата Битола-Кременица – СЕУШТЕ НЕ Е ПУШТЕНА,

Ветуваа брза пруга за возовите по коридорот X – СПРОТИВНО НА ТОА ДОПОЛНИТЕЛНО ГИ УСПОРИЈА,

Ветуваа приградски патнички железнички сообраќај околу Скопје – НЕМА ПРИГРАДСКИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ, НАПРОТИВ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ЈА ИЗОЛИРАА МАКЕДОНИЈА,

Ветуваа ремонти на локомотиви и возови – СПРОТИВНО НА ТОА И ПОСТОЕЧКИТЕ ГИ УНИШТИЈА И ПРЕПОЛОВИЈА,

Ветуваа почеток на изработка на проектна техничка документација за електрифиција на пругата Скопје – Блаце (граница со Косово) – НИШТО НЕ ЗАПОЧНАА,

Ветуваа набавка и инсталација на опрема за европскиот систем за контрола на возовите – ETCS (т.н. автоматска регулација на брзината на возовите) – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА

Ветуваа проектна техничка документација за изградба на нова пруга Миладиновци до аеродромот TAV Петровец – НЕ ЗАПОЧНАА ВАКОВ ПРОЕКТ

Ветуваа осигурување на патните премини – НАПРОТИВ ОД ПОСТОЕЧКИТЕ ГОЛЕМ ДЕЛ СЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИ.

Ветуваа завршување на ремонтот од Ногаевци до Неготино – НЕ ГО ЗАВРШИЈА.

Очигледно е дека оваа Влада сега предводена од ДУИ, а администрирана од СДСМ ниту има волја, ниту има капацитет да се справува со предизвиците на железничкиот систем во нашата држава. Не грижата кон железниците, предизвикува непоправливи штети и го загрозува безбедното одвивање на железничкиот сообраќај. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор.

The post Железницата тоне, а се вработуваат нови 80 партиски војници appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека во време кога Железницата во Македонија е во екстремно лоша состојба, за што сведочат честите штрајкови поради неисплатени плати, намалениот обем на работа во товарниот сообраќај, укинувањето линии, преполовениот број локомотиви и слично, од власта одлучиле да вработуваат нови 80 партиски војници во претпријатието. Од партијата истакнуваат дека не би било никаков проблем да се барале стручни кадри и да имало зголемен обем на работа, но наместо тоа станува збор за непродуктивни партиски војници, за кои, како што велат, гласно се зборува дека нема да одат на работа, а ќе земаат плата. Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја пренесуваме во целост. „Во изминатиов период постојано слушаме за лошите состојби во единствениот железнички оператор во нашава држава МЖ Транспорт АД. Нема месец да не помине, а да нема штрајк на вработените за неисплатени плати. Претпријатието е во големи долгови со намален обем на работа во товарниот сообраќај, а во патничкиот постојано се укинуваат возни линии. Возовите за Кочани и Кичево веќе една година се укинати, а пругата на тие релации е оставена на милост и немилост на забот на времето. Бројот на расположливи локомотиви и возови е преполовен и постојано се намалува. Со еден збор ситуацијата во железницата никогаш не била полоша. И покрај ваквата лоша општа ситуација, претпријатието продолжува да се полни со нови партиски вработувања. Деновиве на неговиот сајт осамна оглас за нови 80 вработувања. И се ќе беше во ред ако претпријатието имаше зголемен обем на работа и ако се бараа стручни кадри од областа, а не непродуктивни партиски војници, за кои гласно се зборува дека нема да идат на работа, а ќе земаат плата. Во едни вакви лоши финансиски услови, наместо да се штеди и да се намалат расходите претпријатието дополнително се оптоварува со нови трошоци.
Да се потсетиме какви ветувања СДСМ даваа пред да дојдат на власт:   Ветуваа изградба на пругата кон Бугарија – НАПРОТИВ, ЈА СТОПИРАА,   Ветуваа изградба на пруга кон Албанија – НЕ ЈА НИ ЗАПОЧНАА,   Ветуваа проектна техничка документација за реконструкција на железничката пруга Скопје - Кичево – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА,   Ветуваа пуштање во сообраќај на пругата Битола-Кременица – СЕУШТЕ НЕ Е ПУШТЕНА,   Ветуваа брза пруга за возовите по коридорот X – СПРОТИВНО НА ТОА ДОПОЛНИТЕЛНО ГИ УСПОРИЈА,   Ветуваа приградски патнички железнички сообраќај околу Скопје – НЕМА ПРИГРАДСКИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ, НАПРОТИВ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ЈА ИЗОЛИРАА МАКЕДОНИЈА,   Ветуваа ремонти на локомотиви и возови – СПРОТИВНО НА ТОА И ПОСТОЕЧКИТЕ ГИ УНИШТИЈА И ПРЕПОЛОВИЈА,   Ветуваа почеток на изработка на проектна техничка документација за електрифиција на пругата Скопје – Блаце (граница со Косово) – НИШТО НЕ ЗАПОЧНАА,   Ветуваа набавка и инсталација на опрема за европскиот систем за контрола на возовите – ETCS (т.н. автоматска регулација на брзината на возовите) – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА   Ветуваа проектна техничка документација за изградба на нова пруга Миладиновци до аеродромот TAV Петровец – НЕ ЗАПОЧНАА ВАКОВ ПРОЕКТ   Ветуваа осигурување на патните премини – НАПРОТИВ ОД ПОСТОЕЧКИТЕ ГОЛЕМ ДЕЛ СЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИ.   Ветуваа завршување на ремонтот од Ногаевци до Неготино – НЕ ГО ЗАВРШИЈА.
Очигледно е дека оваа Влада сега предводена од ДУИ, а администрирана од СДСМ ниту има волја, ниту има капацитет да се справува со предизвиците на железничкиот систем во нашата држава. Не грижата кон железниците, предизвикува непоправливи штети и го загрозува безбедното одвивање на железничкиот сообраќај. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор.

The post Железницата тоне, а се вработуваат нови 80 партиски војници appeared first on Република.

]]>
Штрајкот на машиновозачите кои не зеле цела плата ниту за декември за раководството на МЖ Транспорт е незаконски https://republika.mk/vesti/ekonomija/shtrajkot-na-mashinovozachite-koi-ne-zele-cela-plata-nitu-za-dekemvri-za-rakovodstvoto-na-mz-transport-e-nezakonski/ Thu, 27 Jan 2022 12:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=450246

Од Железници на РСМ Транспорт АД Скопје денеска во соопштение го оквалификуваа како незаконски прекинот на работата во Железницата каде поради бојкот на машинскиот персонал кој бара исплата на вториот дел од платата за декември лани веќе два дена не сообраќаат патничките и товарните возови.

Во соопштението од кабинетот на генералниот директор на ЖРСМ Транспорт се наведува дека „прекинот на работата односно штрајкот не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје и оти не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал“.

Незаконскиот штрајк, според соопштението, почнал вчера во 09.15 часот од страна на машинскиот персонал согласно точка 4 од нивната Одлука без број од 03.08.2021 година, заведена во архивата на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје под број 1515/1 на истиот датум. Точката 4 од Одлуката гласи – Платата да се исплаќа до 25-ти во месецот, во спротивно на 26-ти прекинување со работа.

-ЖРС Транспорт ја известува јавноста дека во услови на пандемија како и енергетска криза редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење, наведуваат од ЖРСМ Транспорт и напоменуваат дека Железници на РСМ на вработените им го има исплатено првиот дел на плата за декември 2021 година.

Истакнуваат дека железницата е крвоток и битен сегмент во извршување на превозот на патниците и стоките во државава и надвор од неа, како и дека со целосниот прекин на железничкиот сообраќај им се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на Железници на Република Македонија Транспорт АД – Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на Република Македонија и на целокупното стопанство во државата.

-Напоменуваме дека незаконскиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал кои имаат вкупни месечни парични примања во износ за септември 2021 година во износ од 51.555,00 денари, за месец октомври 2021 година во износ од 52.898,00 денари, за ноември 2021 година во износ од 48.092,00 денари, односно тримесечен просек за периодот 09/2021 година до 11/2021 година во износ од 50.848,00 денари, наведуваат во соопштение од ЖРСМ Транспорт.

Во тој контекс, дополнуваат во соопштението, платата на машинскиот персонал континуирано се зголемува и тоа од 2007 година, па се до денес и тоа со користење на метод на присила, т.е. незаконски прекин на железничкиот сообраќај во кој тие се главни носители. Платите на другите вработени се драстично помали и тие воопшто не го следат претходното зголемување на трендот на платите на категоријата машински персонал (машиновозачи и помошници машиновозачи). За споредба само сакаме да ви посочиме дека платата на еден дипломиран инжинер во ЖРСМ Транспорт АД – Скопје кој не е на раководна функција изнесува околу 28.000,00-29.000,00 денари, стои во соопштението.

Од ЖРСМ Транспорт ја споделуваат одлуката на Машинскиот персонал од 03.08.2021 година, заведена на тој датум во архивата на претпријатието под број 1515/1 како и спецификацијата на просечната нето плата, бруто плата и просечен километар на машиновозачи за период од септември до ноември 2021. Најавуваат и дека дополнително ќе известат кои возови почнувајќи од завчера не сообраќале во патничкиот и товарниот сообраќај со име и презиме на машинскиот персонал кои требало да ги опслужуваат наведените возови.

Во коментар на соопштението од раководството на ЖРСМ Транспорт Душко Чакаровски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, изјави дека не се во штрајк и оти доаѓаат на работните места и ја бојкотираат работата согласно Одлуката од 2 ноември 2021 година донесена на собир на севкупниот машински и извршен персонал независно од членство во синдикат. На одлуката е наведено дека доколку до 25-ти во тековниот месец не биде исплатена платата во целост на 26-ти (односно првиот работен ден после 25-ти) со почеток во 07.00 часот машинскиот и извршниот персонал ќе ја бојкотира работата.

-На одлуката потпишани два синдикати, но зад неа стои севкупниот машински и извршен персонал на ЖРСМ Транспорт, рече Чакаровски за МИА.

Тој негира дека тримесечен просек на платите за периодот 09/2021 година до 11/2021 година изнесува 50.848 денари.

-Тоа го негираме, а нашето следно барање ќе биде нашата основната плата да не биде помала од просечната плата во државата, изјави Чакаровски.

The post Штрајкот на машиновозачите кои не зеле цела плата ниту за декември за раководството на МЖ Транспорт е незаконски appeared first on Република.

]]>

Од Железници на РСМ Транспорт АД Скопје денеска во соопштение го оквалификуваа како незаконски прекинот на работата во Железницата каде поради бојкот на машинскиот персонал кој бара исплата на вториот дел од платата за декември лани веќе два дена не сообраќаат патничките и товарните возови. Во соопштението од кабинетот на генералниот директор на ЖРСМ Транспорт се наведува дека „прекинот на работата односно штрајкот не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје и оти не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал“. Незаконскиот штрајк, според соопштението, почнал вчера во 09.15 часот од страна на машинскиот персонал согласно точка 4 од нивната Одлука без број од 03.08.2021 година, заведена во архивата на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје под број 1515/1 на истиот датум. Точката 4 од Одлуката гласи – Платата да се исплаќа до 25-ти во месецот, во спротивно на 26-ти прекинување со работа.
-ЖРС Транспорт ја известува јавноста дека во услови на пандемија како и енергетска криза редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење, наведуваат од ЖРСМ Транспорт и напоменуваат дека Железници на РСМ на вработените им го има исплатено првиот дел на плата за декември 2021 година.
Истакнуваат дека железницата е крвоток и битен сегмент во извршување на превозот на патниците и стоките во државава и надвор од неа, како и дека со целосниот прекин на железничкиот сообраќај им се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на Железници на Република Македонија Транспорт АД – Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на Република Македонија и на целокупното стопанство во државата.
-Напоменуваме дека незаконскиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал кои имаат вкупни месечни парични примања во износ за септември 2021 година во износ од 51.555,00 денари, за месец октомври 2021 година во износ од 52.898,00 денари, за ноември 2021 година во износ од 48.092,00 денари, односно тримесечен просек за периодот 09/2021 година до 11/2021 година во износ од 50.848,00 денари, наведуваат во соопштение од ЖРСМ Транспорт.
Во тој контекс, дополнуваат во соопштението, платата на машинскиот персонал континуирано се зголемува и тоа од 2007 година, па се до денес и тоа со користење на метод на присила, т.е. незаконски прекин на железничкиот сообраќај во кој тие се главни носители. Платите на другите вработени се драстично помали и тие воопшто не го следат претходното зголемување на трендот на платите на категоријата машински персонал (машиновозачи и помошници машиновозачи). За споредба само сакаме да ви посочиме дека платата на еден дипломиран инжинер во ЖРСМ Транспорт АД – Скопје кој не е на раководна функција изнесува околу 28.000,00-29.000,00 денари, стои во соопштението. Од ЖРСМ Транспорт ја споделуваат одлуката на Машинскиот персонал од 03.08.2021 година, заведена на тој датум во архивата на претпријатието под број 1515/1 како и спецификацијата на просечната нето плата, бруто плата и просечен километар на машиновозачи за период од септември до ноември 2021. Најавуваат и дека дополнително ќе известат кои возови почнувајќи од завчера не сообраќале во патничкиот и товарниот сообраќај со име и презиме на машинскиот персонал кои требало да ги опслужуваат наведените возови. Во коментар на соопштението од раководството на ЖРСМ Транспорт Душко Чакаровски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, изјави дека не се во штрајк и оти доаѓаат на работните места и ја бојкотираат работата согласно Одлуката од 2 ноември 2021 година донесена на собир на севкупниот машински и извршен персонал независно од членство во синдикат. На одлуката е наведено дека доколку до 25-ти во тековниот месец не биде исплатена платата во целост на 26-ти (односно првиот работен ден после 25-ти) со почеток во 07.00 часот машинскиот и извршниот персонал ќе ја бојкотира работата.