Мурад Мерзуки Archives - Република https://republika.mk/tema/murad-merzuki/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Apr 2024 14:17:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мурад Мерзуки Archives - Република https://republika.mk/tema/murad-merzuki/ 32 32 Танц Фест се затвора со „Мозаик“ на светската ѕвезда и официјален кореограф на претстојните ЛОИ во Париз, Мурад Мерзуки https://republika.mk/vesti/kultura/tants-fest-se-zatvora-so-mozaik-na-svetskata-zvezda-i-ofitsijalen-koreograf-na-pretstojnite-loi-vo-pariz-murad-merzuki/ Fri, 05 Apr 2024 14:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=762689

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење. Во својата програма, за ова јубилејно издание, фестивалот ќе презентира повеќе домашни и странски кореографи на повеќе сцени низ градот, кои ќе бидат дел од повеќеслојната програма, која дава осврт на современата танцова сцена.

Јубилејното издание на фестивалот започнува со програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет. Фестивалот ќе се отвори на 11 април со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ во кореографија на Олга Панго, на музика на Калиопи Букле; на 16 април ќе се изведе современата претстава „Сага“ во кореографија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски и на 23 април, балетскиот триптих „Молитви на моето тело“, чиј креативен тим го сочинуваат костимографот Александар Ношпал и драматургот Соња Здравкова-Џепароска, а кореографиите се: „Раѓање“ на Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андоновска, „Преплетување“ на Адријана Данчевска, на музика на Александар Гроздановски и „Вознес“ на Саша Ефтимова, на музика на Александар Пејовски.

На 17 април во Младинскиот културен центар, ќе се претстават повеќе современи кореографи, претстава во која ќе видиме кореографии на Каи Чун Чуанг и Марија Шуркал, во продукција на „Вертикалити танцова компанија“ на Роуз Брус од Линц, Австрија, како и кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев и „Језгро“ на Бисера Димчевска со Наталија Трифуновиќ.

Јубилејната прослава на фестивалот ќе се одржи на 30 април, на сцената на Македонскиот народен театар, со претстава на Скопје танцовиот театар и кореографии на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска. Воедно, вечерта ќе се додели Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност на балетскио уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет.

На 11 мај на сцената на Македонскиот театар ќе се прикажат две кореографии, „Блокови“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески.

Танц Фест Скопје 2024 во склоп на јубилејната програма, од 13 до 17 мај ја вклучува програмата Moving Balkans, во која учество ќе земат уметници од 11 земји: Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Турција и Македонија, со кореографи и професори од Холандија и Италија.

На 13 мај во Младинскиот културен центар ќе имаме можност да ја видиме претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар 2, во која ќе настапат студентите при Катедрата за современ танц и Балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Овогодинешното издание ќе заврши со претставата „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните Олимписки игри во Париз, Мурад Мерзуки, кој нашата публика го памти по претставата „Пиксел“. Фестивалот, гостувањето на Мурад Мерзуки го остварува преку соработка со Францускиот институт во Скопје, кој со претставата ќе ја започне програмата за прослава и одбележување 50 години постоење во Скопје, со што ќе се одбележи и соработката која Францускиот институт ја има со Интерарт културниот центар во изминативе триесет години. Во рамки на фестивалот е и Отворената програм „Танцуваме со Виталија“, како и изложбата на фотографии под наслов „Рефлексии“, во која ќе бидат застапени холандски и домашни фотографи, а која ќе се одржи во Мала станица, во соработка со Националната галерија.

 

 

The post Танц Фест се затвора со „Мозаик“ на светската ѕвезда и официјален кореограф на претстојните ЛОИ во Париз, Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење. Во својата програма, за ова јубилејно издание, фестивалот ќе презентира повеќе домашни и странски кореографи на повеќе сцени низ градот, кои ќе бидат дел од повеќеслојната програма, која дава осврт на современата танцова сцена. Јубилејното издание на фестивалот започнува со програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет. Фестивалот ќе се отвори на 11 април со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ во кореографија на Олга Панго, на музика на Калиопи Букле; на 16 април ќе се изведе современата претстава „Сага“ во кореографија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски и на 23 април, балетскиот триптих „Молитви на моето тело“, чиј креативен тим го сочинуваат костимографот Александар Ношпал и драматургот Соња Здравкова-Џепароска, а кореографиите се: „Раѓање“ на Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андоновска, „Преплетување“ на Адријана Данчевска, на музика на Александар Гроздановски и „Вознес“ на Саша Ефтимова, на музика на Александар Пејовски. На 17 април во Младинскиот културен центар, ќе се претстават повеќе современи кореографи, претстава во која ќе видиме кореографии на Каи Чун Чуанг и Марија Шуркал, во продукција на „Вертикалити танцова компанија“ на Роуз Брус од Линц, Австрија, како и кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев и „Језгро“ на Бисера Димчевска со Наталија Трифуновиќ. Јубилејната прослава на фестивалот ќе се одржи на 30 април, на сцената на Македонскиот народен театар, со претстава на Скопје танцовиот театар и кореографии на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска. Воедно, вечерта ќе се додели Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност на балетскио уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет. На 11 мај на сцената на Македонскиот театар ќе се прикажат две кореографии, „Блокови“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески. Танц Фест Скопје 2024 во склоп на јубилејната програма, од 13 до 17 мај ја вклучува програмата Moving Balkans, во која учество ќе земат уметници од 11 земји: Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Турција и Македонија, со кореографи и професори од Холандија и Италија. На 13 мај во Младинскиот културен центар ќе имаме можност да ја видиме претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар 2, во која ќе настапат студентите при Катедрата за современ танц и Балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“. Овогодинешното издание ќе заврши со претставата „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните Олимписки игри во Париз, Мурад Мерзуки, кој нашата публика го памти по претставата „Пиксел“. Фестивалот, гостувањето на Мурад Мерзуки го остварува преку соработка со Францускиот институт во Скопје, кој со претставата ќе ја започне програмата за прослава и одбележување 50 години постоење во Скопје, со што ќе се одбележи и соработката која Францускиот институт ја има со Интерарт културниот центар во изминативе триесет години. Во рамки на фестивалот е и Отворената програм „Танцуваме со Виталија“, како и изложбата на фотографии под наслов „Рефлексии“, во која ќе бидат застапени холандски и домашни фотографи, а која ќе се одржи во Мала станица, во соработка со Националната галерија.    

The post Танц Фест се затвора со „Мозаик“ на светската ѕвезда и официјален кореограф на претстојните ЛОИ во Париз, Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>