Мухамед Асани Archives - Република https://republika.mk/tema/muhamed-asani/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 12:17:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мухамед Асани Archives - Република https://republika.mk/tema/muhamed-asani/ 32 32 Утре по третпат почнува судскиот процес за родилката Веапоска https://republika.mk/vesti/crna-hronika/utre-po-tretpat-pochnuva-sudskiot-protses-za-rodilkata-veaposka/ Thu, 21 Dec 2023 12:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=725236

Во Основниот суд во Струга утре третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдиз Веапоска, од Дебар на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Судскиот процес, како што информира за МИА претседателот на судот во Струга Ифет Бајрамоски, ќе го води судијата Јордан Јованов.

Судскиот процес со родилката од Дебар третпат почнува од почеток поради пензионирање на судиите кои го водеа, а Јованов е трет судија што од почеток ќе ја почне постапката.

Адвокатот на оштететната Веапоска, Сашо Јанев по последното одложување на рочиштето, во јули годинава, заклучи дека сите бегаат од предметот, кој го нарече врел костен, но на крај очекува осудителна пресуда. Интенција на одбраната, тогаш нагласи дека е да стартува со супер вештачење, со забелешка дека судскиот процес веќе е одолговлечен.

Веапоска, пак, по последното одлагање најави дека нема да се откаже од правдата, бидејќи, како што нагласи, е половина човек.

Според обвинението, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и отстраниле бубрег, матка и јајник по породување со царски рез во Струшката Општа болница. Како што е појаснето во обвинението, при породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник, иако не биле оштетени. Крварењето не престанало па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрегот и била пренесена на КАРИЛ во Скопје.

Судскиот процес почна во јуни минатата година.

The post Утре по третпат почнува судскиот процес за родилката Веапоска appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Струга утре третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдиз Веапоска, од Дебар на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес, како што информира за МИА претседателот на судот во Струга Ифет Бајрамоски, ќе го води судијата Јордан Јованов. Судскиот процес со родилката од Дебар третпат почнува од почеток поради пензионирање на судиите кои го водеа, а Јованов е трет судија што од почеток ќе ја почне постапката. Адвокатот на оштететната Веапоска, Сашо Јанев по последното одложување на рочиштето, во јули годинава, заклучи дека сите бегаат од предметот, кој го нарече врел костен, но на крај очекува осудителна пресуда. Интенција на одбраната, тогаш нагласи дека е да стартува со супер вештачење, со забелешка дека судскиот процес веќе е одолговлечен. Веапоска, пак, по последното одлагање најави дека нема да се откаже од правдата, бидејќи, како што нагласи, е половина човек. Според обвинението, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и отстраниле бубрег, матка и јајник по породување со царски рез во Струшката Општа болница. Како што е појаснето во обвинението, при породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник, иако не биле оштетени. Крварењето не престанало па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрегот и била пренесена на КАРИЛ во Скопје. Судскиот процес почна во јуни минатата година.

The post Утре по третпат почнува судскиот процес за родилката Веапоска appeared first on Република.

]]>
Мора да се одземе лиценцата на Асани, инаку за „касапниците“ соучесници се сите надлежни институции https://republika.mk/vesti/makedonija/mora-da-se-odzeme-litsentsata-na-asani-inaku-za-kasapnitsite-souchesnitsi-se-site-nadlezhni-institutsii/ Fri, 03 Feb 2023 10:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=604210

Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора, реагираат од Платформата за родова еднаквост на пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-ordinatsijata-na-asani-veaposka-veli-daj-bozhe-za-vadeneto-na-moite-organi-da-se-kazni-so-zatvor/

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик.

И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник.

Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа.

Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари.

Оттука, Платформата за родова еднаквост бара:

· Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик;

· Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна;

· Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

· Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот;

· Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”.

Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина!

Членки на Платформата:

1. Tiiiit! Inc.

2. Бори се женски

3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО

4. Здружение женски форум

5. Здружение за еднакви можности Семпер

6. Здружение за локален рурален развој

7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје

8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска

9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ

10. Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС

11. Институтот за општествени и хуманистички науки

12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје

13. ЛезФем

14. Мрежа за заштита од дискриминација

15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

16. Националниот совет за родова рамноправност

17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)

18. Организација на жените на општина Свети Николе

19. Организација на жените “Кумановка“

20. Реактор – Истражување во акција

21. Рурална Коалиција

22. Стела

23. ТАКТ

24. Хелсиншки комитет за човекови права

25. ХЕРА

26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

27. Хуманитарно Здружение „Мајка“

28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

The post Мора да се одземе лиценцата на Асани, инаку за „касапниците“ соучесници се сите надлежни институции appeared first on Република.

]]>

Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора, реагираат од Платформата за родова еднаквост на пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-ordinatsijata-na-asani-veaposka-veli-daj-bozhe-za-vadeneto-na-moite-organi-da-se-kazni-so-zatvor/ Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост: Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник. Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа. Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари. Оттука, Платформата за родова еднаквост бара: · Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик; · Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна; · Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; · Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот; · Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”. Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина! Членки на Платформата: 1. Tiiiit! Inc. 2. Бори се женски 3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО 4. Здружение женски форум 5. Здружение за еднакви можности Семпер 6. Здружение за локален рурален развој 7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје 8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска 9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ 10. Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС 11. Институтот за општествени и хуманистички науки 12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје 13. ЛезФем 14. Мрежа за заштита од дискриминација 15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство 16. Националниот совет за родова рамноправност 17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС) 18. Организација на жените на општина Свети Николе 19. Организација на жените “Кумановка“ 20. Реактор – Истражување во акција 21. Рурална Коалиција 22. Стела 23. ТАКТ 24. Хелсиншки комитет за човекови права 25. ХЕРА 26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје 27. Хуманитарно Здружение „Мајка“ 28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

The post Мора да се одземе лиценцата на Асани, инаку за „касапниците“ соучесници се сите надлежни институции appeared first on Република.

]]>
Условна казна за oрдинацијата на Асани, Веапоска вели: Дај Боже за вадењето на моите органи да се казни со затвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-ordinatsijata-na-asani-veaposka-veli-daj-bozhe-za-vadeneto-na-moite-organi-da-se-kazni-so-zatvor/ Wed, 01 Feb 2023 20:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=603558

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска која подоцна остана без органи.

Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.

Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат, вели Веапоска за „Макфакс“.

The post Условна казна за oрдинацијата на Асани, Веапоска вели: Дај Боже за вадењето на моите органи да се казни со затвор appeared first on Република.

]]>

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.
Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат, вели Веапоска за „Макфакс“.

The post Условна казна за oрдинацијата на Асани, Веапоска вели: Дај Боже за вадењето на моите органи да се казни со затвор appeared first on Република.

]]>