МТВ Archives - Република https://republika.mk/tema/mtv/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jun 2024 11:54:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МТВ Archives - Република https://republika.mk/tema/mtv/ 32 32 Oсмани е загрижен што МТВ и МАНУ се уште не се „северни“ https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-e-zagrizhen-shto-mtv-i-manu-se-ushte-ne-se-severni/ Thu, 13 Jun 2024 11:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=787220

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи порача дека не ни треба кавгаџиска политика и дека, како што ја обвинуваме Грција дека не ги исполнила сите обврски, нив не ги исполнила и Македонија, бидејќи законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години во Собранието.

Според него, столбот на Преспанскиот договор е давањето поддршка од страна на Грција за нашата интеграција во ЕУ и во НАТО, а таа обврска е исполнета и не треба да се загрозува со споредни прашања. Ако сакаме да најдеме мани, може да најдеме и во односите со САД, рече Османи, апелирајќи да се престане со барањето проблеми таму каде што ги нема. Османи беше експлицитен дека суштинската обврска на Преспанскиот договор е исполнета  од Грција и дека благодарејќи на грчката поддршка Македонија е членка на НАТО и доби датум за преговори со ЕУ.

The post Oсмани е загрижен што МТВ и МАНУ се уште не се „северни“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи порача дека не ни треба кавгаџиска политика и дека, како што ја обвинуваме Грција дека не ги исполнила сите обврски, нив не ги исполнила и Македонија, бидејќи законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години во Собранието.
Според него, столбот на Преспанскиот договор е давањето поддршка од страна на Грција за нашата интеграција во ЕУ и во НАТО, а таа обврска е исполнета и не треба да се загрозува со споредни прашања. Ако сакаме да најдеме мани, може да најдеме и во односите со САД, рече Османи, апелирајќи да се престане со барањето проблеми таму каде што ги нема. Османи беше експлицитен дека суштинската обврска на Преспанскиот договор е исполнета  од Грција и дека благодарејќи на грчката поддршка Македонија е членка на НАТО и доби датум за преговори со ЕУ.

The post Oсмани е загрижен што МТВ и МАНУ се уште не се „северни“ appeared first on Република.

]]>
Тимот на Силјановска Давкова: Поканата од наша страна беше веднаш прифатена, за жал тимот на Пендаровски поканата ја одбил на 1 мај https://republika.mk/vesti/makedonija/timot-na-siljanovska-davkova-pokanata-od-nasha-strana-beshe-vednash-prifatena-za-zhal-timot-na-pendarovski-pokanata-ja-odbil-na-1-maj/ Thu, 02 May 2024 19:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=773636

Македонската телевизија е една од националните институции кои се длабоко врежани во историјата на нашата држава. Како јавен сервис МТВ ја заслужува сета почит на одговорни политичари и државници. Македонската телевизија, на 26 април 2024 година, упати покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова. Поканата од наша страна беше веднаш прифатена. За жал тимот на Пендаровски поканата ја одбил на 1 мај. Сметаме дека тоа е погрешен потег со кој на граѓаните им беше одземено правото да ги слушнат аргументите на двата кандидат во дирекно соочување на нивните програми и визии за Македонија, реагираат од Тимот на Гордана Силјановска Давкова.

На вечерашната „дебата“ Гордана Силјановска-Давкова меѓудругото истакна:

Мојата основна теза е не опкружувајте се со обожаватели, туку со критичари. И мене нема да ми се случи да речам за уставен судија дека бил потрчко. Оти во многу држави претеседателите ја даваат заклетвата пред уставен суд. Не можете вие за оној пред кој што одговарате да упатите квалификација, тоа не е добро не смеете ни кон премиерот ни кон лидерот на опозицијата.

Почитта и дијалогот се неопходни и затоа јас во Собрание им велам штитејќи го другиот вие се штитите себеси. Без оглед дали некој гласал за мене или не, јас сум претседателка на сите и треба да се обидам тоа да го спроведам во пракса. Кој и да управува, државата треба да функционира.

И дека: “Државниот и националниот интерес за секој претседател мора да бидат алфа и омега. Јас сум чула многу луѓе однадвор кои велат дека нема проблем да се усвојат уставните измени. Вие мора да им предочите дека ако во оваа држава над 70% од граѓаните не се за ова решение тоа во стартот ве делегитимира, оти вие не се кандидирате за некоја од Европските институции.”

Конечно, би сакале да го потсетиме господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, и го повикуваме да се одважи и да се претстави пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите.

The post Тимот на Силјановска Давкова: Поканата од наша страна беше веднаш прифатена, за жал тимот на Пендаровски поканата ја одбил на 1 мај appeared first on Република.

]]>

Македонската телевизија е една од националните институции кои се длабоко врежани во историјата на нашата држава. Како јавен сервис МТВ ја заслужува сета почит на одговорни политичари и државници. Македонската телевизија, на 26 април 2024 година, упати покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова. Поканата од наша страна беше веднаш прифатена. За жал тимот на Пендаровски поканата ја одбил на 1 мај. Сметаме дека тоа е погрешен потег со кој на граѓаните им беше одземено правото да ги слушнат аргументите на двата кандидат во дирекно соочување на нивните програми и визии за Македонија, реагираат од Тимот на Гордана Силјановска Давкова. На вечерашната „дебата“ Гордана Силјановска-Давкова меѓудругото истакна: Мојата основна теза е не опкружувајте се со обожаватели, туку со критичари. И мене нема да ми се случи да речам за уставен судија дека бил потрчко. Оти во многу држави претеседателите ја даваат заклетвата пред уставен суд. Не можете вие за оној пред кој што одговарате да упатите квалификација, тоа не е добро не смеете ни кон премиерот ни кон лидерот на опозицијата. Почитта и дијалогот се неопходни и затоа јас во Собрание им велам штитејќи го другиот вие се штитите себеси. Без оглед дали некој гласал за мене или не, јас сум претседателка на сите и треба да се обидам тоа да го спроведам во пракса. Кој и да управува, државата треба да функционира. И дека: “Државниот и националниот интерес за секој претседател мора да бидат алфа и омега. Јас сум чула многу луѓе однадвор кои велат дека нема проблем да се усвојат уставните измени. Вие мора да им предочите дека ако во оваа држава над 70% од граѓаните не се за ова решение тоа во стартот ве делегитимира, оти вие не се кандидирате за некоја од Европските институции.” Конечно, би сакале да го потсетиме господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, и го повикуваме да се одважи и да се претстави пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите.

The post Тимот на Силјановска Давкова: Поканата од наша страна беше веднаш прифатена, за жал тимот на Пендаровски поканата ја одбил на 1 мај appeared first on Република.

]]>
МТВ: Тимот на Пендаровски одговори дека не можат да му ја организираат агендата за дуел, ниту за одделно интервју https://republika.mk/vesti/makedonija/mtv-timot-na-pendarovski-odgovori-deka-ne-mozhat-da-mu-ja-organiziraat-agendata-za-duel-nitu-za-oddelno-intervju/ Thu, 02 May 2024 18:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=773597

Вечерва во 20.15 на Македонската телевизија наместо дуел меѓу двајцата претенденти за шеф на државата, ќе има интервју само со кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова. Нејзиниот опонент Стево Пендаровски не дојде да ги соочи ставовите во дебатата на јавниот сервис.

Од македонската телевизија, по обвинувањата од тимот на Пендаровски дека Давкова сама си договорила дебата, информираат дека на 26 април упатиле покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова.

-Јавниот сервис како датуми ги предложи – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) и 06 мај (понеделник). Во зависност од предизборните активности на кандидатите за претседател, оставивме можност дебатата да се снима во текот на денот или да се реализира во живо во вечерен термин, а конечната одлука за датумот ќе се донесе во договор со кабинетите на двајцата кандидати за претседател. Од тимот на Гордана Силјановска-Давкова, следниот ден, 27 април, известија дека го прифаќаат 2 мај – четврток како термин за дуел со можност за снимање во попладневен термин. Од тимот на Пендаровски немаше одговор до вчера, 1 мај.. Јавниот сервис испрати порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат да му ја организираат агендата и дека не можат да успеат.. во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк, се вели во соопштението од МТВ.

Од македонската телевизија ги отфрлаат информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ.

The post МТВ: Тимот на Пендаровски одговори дека не можат да му ја организираат агендата за дуел, ниту за одделно интервју appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20.15 на Македонската телевизија наместо дуел меѓу двајцата претенденти за шеф на државата, ќе има интервју само со кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова. Нејзиниот опонент Стево Пендаровски не дојде да ги соочи ставовите во дебатата на јавниот сервис. Од македонската телевизија, по обвинувањата од тимот на Пендаровски дека Давкова сама си договорила дебата, информираат дека на 26 април упатиле покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова. -Јавниот сервис како датуми ги предложи – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) и 06 мај (понеделник). Во зависност од предизборните активности на кандидатите за претседател, оставивме можност дебатата да се снима во текот на денот или да се реализира во живо во вечерен термин, а конечната одлука за датумот ќе се донесе во договор со кабинетите на двајцата кандидати за претседател. Од тимот на Гордана Силјановска-Давкова, следниот ден, 27 април, известија дека го прифаќаат 2 мај – четврток како термин за дуел со можност за снимање во попладневен термин. Од тимот на Пендаровски немаше одговор до вчера, 1 мај.. Јавниот сервис испрати порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат да му ја организираат агендата и дека не можат да успеат.. во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк, се вели во соопштението од МТВ. Од македонската телевизија ги отфрлаат информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ.

The post МТВ: Тимот на Пендаровски одговори дека не можат да му ја организираат агендата за дуел, ниту за одделно интервју appeared first on Република.

]]>
Утревечер на МРТ 1 – прво и единствено соочување на сите седуммина претседателски кандидати https://republika.mk/vesti/makedonija/utrevecher-na-mrt-1-prvo-i-edinstveno-soochuvane-na-site-sedummina-pretsedatelski-kandidati/ Sat, 20 Apr 2024 15:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=768515

Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи утре (недела, 21 април 2024 г.) на МРТ 1 објави „360 степени“.

Сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата. Соочувањето ќе се емитува од 20 часот на првиот канал.

Последен што потврди беше актуелниот шеф на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски. Тој, како што соопшти денеска неговиот тим за комуникации, ја прифатил поканата за дебата, иако останува на ставот дека треба да се расчисти случајот со индиции за лажни анкети за рејтинзите на кандидатите и партиите поврзан со Македонската радиотелевизија.

Пендаровски претходно во неколку наврати иницираше т.н. мастер-дебати кои, како што неодамна соопштија од неговиот изборен штаб, нема услови за да се одржат.

Идејата на Пендаровски беше дебатите да се одржат на неутрален терен, а да бидат пренесувани од националните телевизии, како и на социјалните платформи.

Од штабот на Пендаровски тогаш порачаа и дека изминатиот период одржале и состаноци со одговорните лица од националните телевизии и со претставници од изборните штабови на останатите претседателски кандидати со цел, како што рекоа, да се надминат отворените прашања, да се премостат разликите и да се излезе во пресрет на одредени поспецифични барања.

Дел од кандидатите, како што информираа тогаш од штабот на Пендаровски, имале свои услови, од дебатата да се изземат некои од нивните ривали, пред сè Стевчо Јакимовски бидејќи е на „црната листа“ на САД и Билјана Ванковска поради нејзините наративи, но од штабот на Пендаровски нагласија оти тоа не е можно.

 

 

The post Утревечер на МРТ 1 – прво и единствено соочување на сите седуммина претседателски кандидати appeared first on Република.

]]>

Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи утре (недела, 21 април 2024 г.) на МРТ 1 објави „360 степени“. Сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата. Соочувањето ќе се емитува од 20 часот на првиот канал. Последен што потврди беше актуелниот шеф на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски. Тој, како што соопшти денеска неговиот тим за комуникации, ја прифатил поканата за дебата, иако останува на ставот дека треба да се расчисти случајот со индиции за лажни анкети за рејтинзите на кандидатите и партиите поврзан со Македонската радиотелевизија. Пендаровски претходно во неколку наврати иницираше т.н. мастер-дебати кои, како што неодамна соопштија од неговиот изборен штаб, нема услови за да се одржат. Идејата на Пендаровски беше дебатите да се одржат на неутрален терен, а да бидат пренесувани од националните телевизии, како и на социјалните платформи. Од штабот на Пендаровски тогаш порачаа и дека изминатиот период одржале и состаноци со одговорните лица од националните телевизии и со претставници од изборните штабови на останатите претседателски кандидати со цел, како што рекоа, да се надминат отворените прашања, да се премостат разликите и да се излезе во пресрет на одредени поспецифични барања. Дел од кандидатите, како што информираа тогаш од штабот на Пендаровски, имале свои услови, од дебатата да се изземат некои од нивните ривали, пред сè Стевчо Јакимовски бидејќи е на „црната листа“ на САД и Билјана Ванковска поради нејзините наративи, но од штабот на Пендаровски нагласија оти тоа не е можно.    

The post Утревечер на МРТ 1 – прво и единствено соочување на сите седуммина претседателски кандидати appeared first on Република.

]]>
96. Оскари в недела ексклузивно на МРТ со Миланка Рашиќ https://republika.mk/scena/film/96-oskari-v-nedela-ekskluzivno-na-mrt-so-milanka-rashik/ Thu, 07 Mar 2024 11:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=752233

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од 96-тото доделување на Оскарите, престижната филмска награда на Академијата за филмски уметности и науки.

Водител на шоуто во театарот Долби во Холивуд ќе биде Џими Кимел.

Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23.30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3.30. наутро.

Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации. Филмот „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има 8 номинации.

Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.

Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.

Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди.

Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.

Во вторник, 12 март од 21 ч. ќе се емитува скратена двочасовна снимка на Првиот канал на МТВ.

Миланка Рашиќ, ТВ автор и продуцент, и оваа година ќе биде коментатор на доделувањето на филмските награди Оскар, во ексклузивниот директен пренос на МРТ.

 

The post 96. Оскари в недела ексклузивно на МРТ со Миланка Рашиќ appeared first on Република.

]]>

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од 96-тото доделување на Оскарите, престижната филмска награда на Академијата за филмски уметности и науки. Водител на шоуто во театарот Долби во Холивуд ќе биде Џими Кимел. Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23.30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3.30. наутро. Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации. Филмот „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има 8 номинации. Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“. Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун. Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди. Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена. Во вторник, 12 март од 21 ч. ќе се емитува скратена двочасовна снимка на Првиот канал на МТВ. Миланка Рашиќ, ТВ автор и продуцент, и оваа година ќе биде коментатор на доделувањето на филмските награди Оскар, во ексклузивниот директен пренос на МРТ.  

The post 96. Оскари в недела ексклузивно на МРТ со Миланка Рашиќ appeared first on Република.

]]>
ЗНМ: Непримерно е претседателот на СДСМ Ковачевски да дава етички оценки за работата на МТВ https://republika.mk/vesti/makedonija/znm-neprimerno-e-pretsedatelot-na-sdsm-kovachevski-da-dava-etichki-otsenki-za-rabotata-na-mtv/ Thu, 08 Feb 2024 20:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=741991

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешната изјава на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и претседател на СДСМ. Изразуваме сериозна загриженост за вакви изјави кои можат да се толкуваат како влијание и политички притисок врз медиумската слобода и уредувачката независност во предизборен период посебно на јавниот сервис.

На новинарско прашање Ковачевски изјави:

,,МТВ само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Ова прашање треба да го доставите до амбасадорите Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често ги коментираат демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето“.

Ваквите изјави од лидери на политички партии кои отвораат прашања за објективноста и непристрасноста во медиумското известување на МРТ, прави штета на имиџот на јавниот сервис но и на демократските принципи и правото на граѓаните да бидат информирани точно и непристрасно.

Потсетуваме дека Законот кој ја регулира работата на МТВ во членот 111, укажува дека јавниот сервис обезбедува непристрасни, сеопфатни и важни информации и истите треба да ги презентираат јасно, недвосмислено и на начин на кој граѓаните ќе имаат можност слободно да го формираат своето мислење. Дополнително овие информации не застапуваат или фаворизираат ставови или интереси на одредена политичка партија, здружение, личен интерес, религија или идеологија и во програмите еднакво да го уважуваат мислењето и уверувањето на другите медиумски услуги.

Доколку политичарите имаат дилеми или несогласувања со начинот на известување на јавниот сервис или било кој друг медиум, наместо да споделуваат лични непримерни квалификации, можат да поднесат претставка до медиумските саморегулаторни тела и тоа до: Советот на честа при ЗНМ како и до Советот за етика во медиумите на Македонија и на тој начин тие да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди.

Вистинската улога на медиумите е да служат како стожер на демократијата, пренесувајќи проверени информации без влијание од политички интереси, и секој обид за поткопување на медиумскиот интегритет е за осуда.

 

The post ЗНМ: Непримерно е претседателот на СДСМ Ковачевски да дава етички оценки за работата на МТВ appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешната изјава на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и претседател на СДСМ. Изразуваме сериозна загриженост за вакви изјави кои можат да се толкуваат како влијание и политички притисок врз медиумската слобода и уредувачката независност во предизборен период посебно на јавниот сервис. На новинарско прашање Ковачевски изјави: ,,МТВ само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Ова прашање треба да го доставите до амбасадорите Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често ги коментираат демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето“. Ваквите изјави од лидери на политички партии кои отвораат прашања за објективноста и непристрасноста во медиумското известување на МРТ, прави штета на имиџот на јавниот сервис но и на демократските принципи и правото на граѓаните да бидат информирани точно и непристрасно. Потсетуваме дека Законот кој ја регулира работата на МТВ во членот 111, укажува дека јавниот сервис обезбедува непристрасни, сеопфатни и важни информации и истите треба да ги презентираат јасно, недвосмислено и на начин на кој граѓаните ќе имаат можност слободно да го формираат своето мислење. Дополнително овие информации не застапуваат или фаворизираат ставови или интереси на одредена политичка партија, здружение, личен интерес, религија или идеологија и во програмите еднакво да го уважуваат мислењето и уверувањето на другите медиумски услуги. Доколку политичарите имаат дилеми или несогласувања со начинот на известување на јавниот сервис или било кој друг медиум, наместо да споделуваат лични непримерни квалификации, можат да поднесат претставка до медиумските саморегулаторни тела и тоа до: Советот на честа при ЗНМ како и до Советот за етика во медиумите на Македонија и на тој начин тие да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди. Вистинската улога на медиумите е да служат како стожер на демократијата, пренесувајќи проверени информации без влијание од политички интереси, и секој обид за поткопување на медиумскиот интегритет е за осуда.  

The post ЗНМ: Непримерно е претседателот на СДСМ Ковачевски да дава етички оценки за работата на МТВ appeared first on Република.

]]>
Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ ќе работат и утре https://republika.mk/vesti/makedonija/shalterite-za-izdavane-gotovi-dokumenti-vo-mrtv-ke-rabotat-i-utre/ Fri, 05 Jan 2024 14:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=730115

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (сабота, 6 јануари) ќе работат шалтерите за издавање готови документи во објектот во МРТВ.

Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.

 

The post Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ ќе работат и утре appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (сабота, 6 јануари) ќе работат шалтерите за издавање готови документи во објектот во МРТВ. Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.  

The post Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ ќе работат и утре appeared first on Република.

]]>
Мицкоски вечерва во ,,360 Степени” на МРТ 1 https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vecherva-vo-360-stepeni-na-mrt-1/ Mon, 18 Dec 2023 14:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=724337

Следете го моето гостување во ,,360 Степени" на МРТ 1 со почеток од 20:50 часот!, најави на својот фејсбук профил, лидерот на ВМРО-ДПМЕН, Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски вечерва во ,,360 Степени” на МРТ 1 appeared first on Република.

]]>

Следете го моето гостување во ,,360 Степени" на МРТ 1 со почеток од 20:50 часот!, најави на својот фејсбук профил, лидерот на ВМРО-ДПМЕН, Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски вечерва во ,,360 Степени” на МРТ 1 appeared first on Република.

]]>
И во сабота ќе работи пунктот за промена на лични документи во „Пролет“ и шалтерите во МРТВ и Беко https://republika.mk/vesti/crna-hronika/i-vo-sabota-ke-raboti-punktot-za-promena-na-lichni-dokumenti-vo-prolet-i-shalterite-vo-mrtv-i-beko/ Thu, 14 Dec 2023 10:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=722854

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и в сабота, од 8 до 16 часот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.

Исто така в сабота ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 8 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

 

The post И во сабота ќе работи пунктот за промена на лични документи во „Пролет“ и шалтерите во МРТВ и Беко appeared first on Република.

]]>

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и в сабота, од 8 до 16 часот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така в сабота ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 8 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).  

The post И во сабота ќе работи пунктот за промена на лични документи во „Пролет“ и шалтерите во МРТВ и Беко appeared first on Република.

]]>
Ковачевски не знае зошто МТВ не се емитува во Бугарија, ќе побара одговор од МНР https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-znae-zoshto-mtv-ne-se-emituva-vo-bugarija-ke-pobara-odgovor-od-mnr/ Thu, 23 Mar 2023 10:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=622818

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе побара информација од Министерството за надворешни работи зошто програмата на Македонската радио-телевизија не се емитува во Бугарија, како што се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ) кај нас.

Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дека според Договорот за пријателство со Бугарија националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во  Македонија, така и во Бугарија.

Тоа засега не е случај, бидејќи МТВ не се емитува во Бугарија.

The post Ковачевски не знае зошто МТВ не се емитува во Бугарија, ќе побара одговор од МНР appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе побара информација од Министерството за надворешни работи зошто програмата на Македонската радио-телевизија не се емитува во Бугарија, како што се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ) кај нас.
Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дека според Договорот за пријателство со Бугарија националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во  Македонија, така и во Бугарија.
Тоа засега не е случај, бидејќи МТВ не се емитува во Бугарија.

The post Ковачевски не знае зошто МТВ не се емитува во Бугарија, ќе побара одговор од МНР appeared first on Република.

]]>
Македонските телевизии пет години одбиваат да пуштат серија за Кочо Рацин https://republika.mk/scena/film/makedonskite-televizii-pet-godini-odbivaat-da-pushtat-serija-za-kocho-racin/ Thu, 25 Aug 2022 08:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=543887

Телевизиската серија од 10 епизоди за животот на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин е готова од пред пет години, септември 2017 година, еден месец по потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија, пренесува МКД.мк. Ниту една македонска телевизија со национална концесија досега не прифатила да ја емитува серијата во која има сцени на измачувањата на Рацин од бугарски фашистички иследник за време на Втората светска војна, има сцени за Првото заседание на АСНОМ, за Панко Брашнаров...

„Не знам дали станува збор за тивка цензура или за навистина неможност на националните телевизиски концесионери да ја прикажат серијата ‘Црвениот поет’ во ‘прајм тајм’ поради турските серии што редовно се емитуваат во тој термин. На Македонската телевизија неколку пати ѝ беше нудена оваа серија, но и од таму нема никаков одговор“, вели во изјавата за МКД.мк Владимир Анастасов од Сектор филм, продуцент на серијата.

Повеќе на МКД.мк

 

The post Македонските телевизии пет години одбиваат да пуштат серија за Кочо Рацин appeared first on Република.

]]>

Телевизиската серија од 10 епизоди за животот на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин е готова од пред пет години, септември 2017 година, еден месец по потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија, пренесува МКД.мк. Ниту една македонска телевизија со национална концесија досега не прифатила да ја емитува серијата во која има сцени на измачувањата на Рацин од бугарски фашистички иследник за време на Втората светска војна, има сцени за Првото заседание на АСНОМ, за Панко Брашнаров... „Не знам дали станува збор за тивка цензура или за навистина неможност на националните телевизиски концесионери да ја прикажат серијата ‘Црвениот поет’ во ‘прајм тајм’ поради турските серии што редовно се емитуваат во тој термин. На Македонската телевизија неколку пати ѝ беше нудена оваа серија, но и од таму нема никаков одговор“, вели во изјавата за МКД.мк Владимир Анастасов од Сектор филм, продуцент на серијата. Повеќе на МКД.мк  

The post Македонските телевизии пет години одбиваат да пуштат серија за Кочо Рацин appeared first on Република.

]]>
МРТВ уште не се емитува во Бугарија како што е договорено https://republika.mk/vesti/makedonija/mrtv-ushte-ne-se-emituva-vo-bugarija-kako-shto-e-dogovoreno/ Mon, 18 Apr 2022 12:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=490024

Реципрочното пренесување на сигналите на Јавните медиумски сервиси на Македонија и Бугарија не се спроведува, алармира „Радио слободна Европа“. Македонската радио телевизија не се емитува во бугарскиот етер, додека бугарската национална телевизија БНТ се емитува во земјава. Македонски Телеком ги презема и емитува пакетот програми на БНТ. Според Договорот за добрососедство меѓу двете земји, договорено е размена на програмата на јавните сервиси.

Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји, се вели во Договорот за добрососедство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-emituva-bnt-bugarski-chas-po-istorija-srede-makedonija/

Програмскиот совет на МРТВ на своите седници дебатирал за причините зошто МРТВ не се емитува во Бугарија. Во нивниот заклучок е наведено дека една од причините зошто МРТВ не се емитувањето во бугарскиот етер им било наведено дека е поради слабиот сигнал од интернет кој не можеле да го преземат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/i-sonceto-od-kutlesh-da-ti-bilo-bugarsko/

Директорот на МРТ Марјан Цветковски во изјава за РСЕ вели дека сега сигналот е пуштен преку сателит и дека со тоа МРТВ ја завршила својата обврска.

Ланскиот договор предвидувал бугарскиот национален канал да се емитува на платформата во земјава MAX TV, а во исто време, првиот канал на МТВ требаше да стане и дел од пакетите на бугарските оператори. Но, според достапната програма на бугарските оператори он лајн, МРТВ не е дел од нивните пакет понуди. Во земјава БНТ се емитува веќе неколку години и на други оператори, како што е А1.

Целиот текст тука

The post МРТВ уште не се емитува во Бугарија како што е договорено appeared first on Република.

]]>

Реципрочното пренесување на сигналите на Јавните медиумски сервиси на Македонија и Бугарија не се спроведува, алармира „Радио слободна Европа“. Македонската радио телевизија не се емитува во бугарскиот етер, додека бугарската национална телевизија БНТ се емитува во земјава. Македонски Телеком ги презема и емитува пакетот програми на БНТ. Според Договорот за добрососедство меѓу двете земји, договорено е размена на програмата на јавните сервиси.
Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји, се вели во Договорот за добрососедство.
https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-emituva-bnt-bugarski-chas-po-istorija-srede-makedonija/ Програмскиот совет на МРТВ на своите седници дебатирал за причините зошто МРТВ не се емитува во Бугарија. Во нивниот заклучок е наведено дека една од причините зошто МРТВ не се емитувањето во бугарскиот етер им било наведено дека е поради слабиот сигнал од интернет кој не можеле да го преземат. https://republika.mk/vesti/makedonija/i-sonceto-od-kutlesh-da-ti-bilo-bugarsko/ Директорот на МРТ Марјан Цветковски во изјава за РСЕ вели дека сега сигналот е пуштен преку сателит и дека со тоа МРТВ ја завршила својата обврска. Ланскиот договор предвидувал бугарскиот национален канал да се емитува на платформата во земјава MAX TV, а во исто време, првиот канал на МТВ требаше да стане и дел од пакетите на бугарските оператори. Но, според достапната програма на бугарските оператори он лајн, МРТВ не е дел од нивните пакет понуди. Во земјава БНТ се емитува веќе неколку години и на други оператори, како што е А1. Целиот текст тука

The post МРТВ уште не се емитува во Бугарија како што е договорено appeared first on Република.

]]>
Да бевме нормална држава, Македонија ќе ја гледавме на МРТ вечерва!!! https://republika.mk/vesti/makedonija/da-bevme-normalna-drzava-makedonija-kje-ja-gledavme-na-mrt-vecherva/ Thu, 24 Mar 2022 20:14:00 +0000 https://republika.mk/?p=477947

Најмалку 100 реакции само во нашата редакција пристигнаа откако вечерва македонската нација остана без можност со цело срце и душа да навиваат за својата репрезентација.

Не се изоставени ниту реакциите на социјалните мрежи. Наместо на државната национална телевизија, фудбал ќе гледаме на стрим.

Ова не е прв пат да останеме без пренос на државната телевизија во еден од најважните воедно и историски натпревар за нашата репрезентација.

Преземено од СпортМ

https://republika.mk/sport/fudbal/link-za-sledenje-na-natprevarot-italija-makedonija/

The post Да бевме нормална држава, Македонија ќе ја гледавме на МРТ вечерва!!! appeared first on Република.

]]>

Најмалку 100 реакции само во нашата редакција пристигнаа откако вечерва македонската нација остана без можност со цело срце и душа да навиваат за својата репрезентација. Не се изоставени ниту реакциите на социјалните мрежи. Наместо на државната национална телевизија, фудбал ќе гледаме на стрим. Ова не е прв пат да останеме без пренос на државната телевизија во еден од најважните воедно и историски натпревар за нашата репрезентација. Преземено од СпортМ https://republika.mk/sport/fudbal/link-za-sledenje-na-natprevarot-italija-makedonija/

The post Да бевме нормална држава, Македонија ќе ја гледавме на МРТ вечерва!!! appeared first on Република.

]]>
БНТ шири „пропаганда“ во Македонија, МТВ не се емитува во Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/bnt-shiri-propaganda-vo-makedonija-mtv-ne-se-emituva-vo-bugarija/ Wed, 09 Feb 2022 17:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=456376

Македонските револуционери Дамјан Груев, Гоце Делчев, Питу Гули се Бугари: бугарската национална телевизија,БНТ 4, скоро една година е во македонскиот етер емитувајќи содржина во која видни македонски дејци се побугаруваат.

Освен тоа на БНТ4 може да се забележат и обиди за преиначување на македонската историја, па се до препевање на македонските песни и прекрстување на македонските градови и нивно претставување како бугарски.

Со еден збор ширење „бугарска пропаганда“ е она што може да се види во програмата на бугарската телевизија.

Дали некоја од македонските интитуции има надлежност да регулира и конечно дали сака да преземе нешто во однос на програмата која ја емитува БНТ4? Од Агенцијата за визуелни и аудиовизуелни услуги велат дека тоа може да го стори регулаторот во земјата од каде се произведува програмата во случајот Бугарија.

– Во согласност со законот, за содржините за странските канали се надлежни регулаторните тела во државите од каде што се произведува програмата, во овој случај регулаторното тело во Бугарија. Ние на странските канали што се емитуваат во Македонија не им правиме никаков мониторинг, освен за каналите за кои ние сме издале дозвола. Конкретно околу содржините на БНТ буквално ништо не можеме да направиме – вели Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.

Според Трајчевски граѓаните реагираат и за други телевизиски програми за кои АВМУ не може да преземе ништо за да спречи емитување, а очигледно надлежните не се заинтересирани.

Наспроти ова, сателитскиот канал на Македонската телевизија не се емитува на бугарските кабелски оператори иако двете Влади договорија реципроцитет – БНТ овде, МТВ таму.

Нас ни беше кажано да го кренеме сигналот над Европа, односно секоја држава која сака може бесплатно да го емитува македонскиот канал. Ние немаме можност да провериме кој од бугарските оператори го пренесуваат македонскиот канал-вели Захарија Вулгаракис од Македонската радио телевизија.

Во Владата свесни дека МТВ САТ не се емитува на ниту еден оператор во Бугарија, се правдаат дека не можеле со декрет да наложат Националната телевизија, како што ја нарекуваат Македонската телевизија, да се пушти во етер кај источниот сосед.

НТВ се емитува на сателит, а тоа значи дека сите оператори на територија на Европа можат да ги преземаат и емитуваат нашите канали. Со тоа се исполнети сите технички предуслови од наша страна. Притоа треба да се знае дека радиодифузијата и емитувањето на медиумски содржини е пред се прашање на слободниот економски и медиумски пазар. Операторите, и кај нас во Македонија, и во Бугарија, сами одлучуваат кој канал ќе го имаат во понудата. Државата не може тоа да го наложи со декрет – велат од владата.

Од Владата единствено велат дека ќе се заложеле во духот на унапредената соработка со Бугарија да поттикнат радиодифузерите и продукциите да нудат содржини и на тамошниот пазар, но потенцираат дека тие мора да бидат ослободени од говор на омраза и да промовираат соработка и добрососедство.

Во однос на спорната содржина која БНТ ја емитува кај нас, немаат коментар.

 

Преземено од АлфаТВ

The post БНТ шири „пропаганда“ во Македонија, МТВ не се емитува во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Македонските револуционери Дамјан Груев, Гоце Делчев, Питу Гули се Бугари: бугарската национална телевизија,БНТ 4, скоро една година е во македонскиот етер емитувајќи содржина во која видни македонски дејци се побугаруваат. Освен тоа на БНТ4 може да се забележат и обиди за преиначување на македонската историја, па се до препевање на македонските песни и прекрстување на македонските градови и нивно претставување како бугарски. Со еден збор ширење „бугарска пропаганда“ е она што може да се види во програмата на бугарската телевизија. Дали некоја од македонските интитуции има надлежност да регулира и конечно дали сака да преземе нешто во однос на програмата која ја емитува БНТ4? Од Агенцијата за визуелни и аудиовизуелни услуги велат дека тоа може да го стори регулаторот во земјата од каде се произведува програмата во случајот Бугарија.
– Во согласност со законот, за содржините за странските канали се надлежни регулаторните тела во државите од каде што се произведува програмата, во овој случај регулаторното тело во Бугарија. Ние на странските канали што се емитуваат во Македонија не им правиме никаков мониторинг, освен за каналите за кои ние сме издале дозвола. Конкретно околу содржините на БНТ буквално ништо не можеме да направиме – вели Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.
Според Трајчевски граѓаните реагираат и за други телевизиски програми за кои АВМУ не може да преземе ништо за да спречи емитување, а очигледно надлежните не се заинтересирани. Наспроти ова, сателитскиот канал на Македонската телевизија не се емитува на бугарските кабелски оператори иако двете Влади договорија реципроцитет – БНТ овде, МТВ таму. Нас ни беше кажано да го кренеме сигналот над Европа, односно секоја држава која сака може бесплатно да го емитува македонскиот канал. Ние немаме можност да провериме кој од бугарските оператори го пренесуваат македонскиот канал-вели Захарија Вулгаракис од Македонската радио телевизија. Во Владата свесни дека МТВ САТ не се емитува на ниту еден оператор во Бугарија, се правдаат дека не можеле со декрет да наложат Националната телевизија, како што ја нарекуваат Македонската телевизија, да се пушти во етер кај источниот сосед.
НТВ се емитува на сателит, а тоа значи дека сите оператори на територија на Европа можат да ги преземаат и емитуваат нашите канали. Со тоа се исполнети сите технички предуслови од наша страна. Притоа треба да се знае дека радиодифузијата и емитувањето на медиумски содржини е пред се прашање на слободниот економски и медиумски пазар. Операторите, и кај нас во Македонија, и во Бугарија, сами одлучуваат кој канал ќе го имаат во понудата. Државата не може тоа да го наложи со декрет – велат од владата.
Од Владата единствено велат дека ќе се заложеле во духот на унапредената соработка со Бугарија да поттикнат радиодифузерите и продукциите да нудат содржини и на тамошниот пазар, но потенцираат дека тие мора да бидат ослободени од говор на омраза и да промовираат соработка и добрососедство. Во однос на спорната содржина која БНТ ја емитува кај нас, немаат коментар.   Преземено од АлфаТВ

The post БНТ шири „пропаганда“ во Македонија, МТВ не се емитува во Бугарија appeared first on Република.

]]>