Мтел Archives - Република https://republika.mk/tema/mtel/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Mar 2023 17:06:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мтел Archives - Република https://republika.mk/tema/mtel/ 32 32 Ковачевски во посета на МТЕЛ https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-vo-poseta-na-mtel/ Tue, 07 Mar 2023 17:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=616989

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари работна посета на телекомуникациската компанија МТЕЛ. Премиерот им честиташе на менаџерите на МТЕЛ за успешното работење, за постигнатите резултати и за позитивниот развој на пазарот во Македонија.

Драго ми е што оваа компанија ги препознава позитивните политиките на Владата за инвестирање. Владата што ја предводам создава подрачје за безбедно инвестирање, па затоа МТЕЛ ќе продолжи да се шири и да инвестира во Македонија“, потенцираше премиерот во своето обраќање за време на посетата на МТЕЛ.

Премиерот истакна дека МТЕЛ досега во нашата земја има инвестирано 4 милиони евра, а компанијата е со планови за понатамошни зголемувања на инвестиции.

Во моментот вработуваат 80 вработени, а многу скоро таа бројка ќе биде уште поголема“, рече претседателот на Владата.

Ковачевски истакна дека изминатиов период беше полн со глобална неизвесност, безбедносни закани и многу економски предизвици. Владата успеа да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија и да оствари многу цели и амбиции, поврзани со економскиот развој на нашата земја. „Економски ја јакнеме позицијата на Македонија и со тоа што станавме земја членка на НАТО и започнавме преговори со ЕУ“, рече премиерот Ковачевски и додаде:

Драго ми е што странските, но и домашните инвеститори во Владата гледаат свој партнер за напредок и развој. Ние се стремиме да создаваме услови по светски терк, за безбедно инвестирање, неопходни за непречено функционирање на компаниите.

Нашите политики се со единствена цел да го подигнеме квалитетот на животот на нашите граѓани. Со создавање поволни и безбедни услови за нови инвестиции овозможуваме отворање на нови, добро платени работни места. Како Влада ќе продолжиме да ја јакнеме конкурентноста и да создаваме силна домашна економија“, истакна премиерот Ковачевски.

Менаџерскиот тим на МТЕЛ изрази благодарност до премиерот Ковачевски за посетата на компанијата и можноста да ги споделат нивните планови за нивниот иден развој во Македонија, за кој истакнаа дека имаат навистина големи амбиции.

Генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лучиќ потенцираше дека посетата на претседателот на Владата е потврда за нивната силна и значајна позиција на македонскиот телекомуникациски пазар и поттик да продолжат со инвестициите.

Од влезот на пазарот во Македонија во 2021 година досега инвестиравме 4 милиони евра и во нашата компанија ангажиравме 80 лица. Задоволни сме со работата на нашата компанија која во моментов веќе има повеќе од 16 илјади задоволни корисници. Во следните две години планиравме да инвестираме дополнителни 50 милиони евра, а нашиот тим да го зголемиме за уште најмалку 200 млади стручни лица“, истакна генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лучиќ.

Амбицијата на МТЕЛ во Македонија не е да биде само уште еден оператор на пазарот, туку уверени сме дека со плановите кои ги имаме за наредниот период, поткрепени со квалитетот на нашите услуги за скоро ќе можеме да се промовираме и во број 1 телекомуникациски оператор на македонскиот пазар“, рече Марко Лопичиќ, генерален директор МТЕЛ.

Горан Трајановски, претседателот на Надзорниот одбор на МТЕЛ го изрази задоволството од деловниот амбиент и соработката со институции надлежни за регулација на телекомуникацискиот сектор.

Македонија има компетитивен телекомуникациски пазар, но регулативата е особено добра и им овозможува на операторите да се развиваат, да растат, да ја засилуваат својата позиција врз основа на квалитетот на услугите кои што ги нудат, да инвестираат во проширување на палетата на услуги и да го зголемуваат бројот на свои вработени“, потенцираше Трајановски на работната средба со премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски во посета на МТЕЛ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари работна посета на телекомуникациската компанија МТЕЛ. Премиерот им честиташе на менаџерите на МТЕЛ за успешното работење, за постигнатите резултати и за позитивниот развој на пазарот во Македонија.
Драго ми е што оваа компанија ги препознава позитивните политиките на Владата за инвестирање. Владата што ја предводам создава подрачје за безбедно инвестирање, па затоа МТЕЛ ќе продолжи да се шири и да инвестира во Македонија“, потенцираше премиерот во своето обраќање за време на посетата на МТЕЛ.
Премиерот истакна дека МТЕЛ досега во нашата земја има инвестирано 4 милиони евра, а компанијата е со планови за понатамошни зголемувања на инвестиции.
Во моментот вработуваат 80 вработени, а многу скоро таа бројка ќе биде уште поголема“, рече претседателот на Владата.
Ковачевски истакна дека изминатиов период беше полн со глобална неизвесност, безбедносни закани и многу економски предизвици. Владата успеа да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија и да оствари многу цели и амбиции, поврзани со економскиот развој на нашата земја. „Економски ја јакнеме позицијата на Македонија и со тоа што станавме земја членка на НАТО и започнавме преговори со ЕУ“, рече премиерот Ковачевски и додаде:
Драго ми е што странските, но и домашните инвеститори во Владата гледаат свој партнер за напредок и развој. Ние се стремиме да создаваме услови по светски терк, за безбедно инвестирање, неопходни за непречено функционирање на компаниите. Нашите политики се со единствена цел да го подигнеме квалитетот на животот на нашите граѓани. Со создавање поволни и безбедни услови за нови инвестиции овозможуваме отворање на нови, добро платени работни места. Како Влада ќе продолжиме да ја јакнеме конкурентноста и да создаваме силна домашна економија“, истакна премиерот Ковачевски.
Менаџерскиот тим на МТЕЛ изрази благодарност до премиерот Ковачевски за посетата на компанијата и можноста да ги споделат нивните планови за нивниот иден развој во Македонија, за кој истакнаа дека имаат навистина големи амбиции. Генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лучиќ потенцираше дека посетата на претседателот на Владата е потврда за нивната силна и значајна позиција на македонскиот телекомуникациски пазар и поттик да продолжат со инвестициите.
Од влезот на пазарот во Македонија во 2021 година досега инвестиравме 4 милиони евра и во нашата компанија ангажиравме 80 лица. Задоволни сме со работата на нашата компанија која во моментов веќе има повеќе од 16 илјади задоволни корисници. Во следните две години планиравме да инвестираме дополнителни 50 милиони евра, а нашиот тим да го зголемиме за уште најмалку 200 млади стручни лица“, истакна генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лучиќ.
Амбицијата на МТЕЛ во Македонија не е да биде само уште еден оператор на пазарот, туку уверени сме дека со плановите кои ги имаме за наредниот период, поткрепени со квалитетот на нашите услуги за скоро ќе можеме да се промовираме и во број 1 телекомуникациски оператор на македонскиот пазар“, рече Марко Лопичиќ, генерален директор МТЕЛ.
Горан Трајановски, претседателот на Надзорниот одбор на МТЕЛ го изрази задоволството од деловниот амбиент и соработката со институции надлежни за регулација на телекомуникацискиот сектор.
Македонија има компетитивен телекомуникациски пазар, но регулативата е особено добра и им овозможува на операторите да се развиваат, да растат, да ја засилуваат својата позиција врз основа на квалитетот на услугите кои што ги нудат, да инвестираат во проширување на палетата на услуги и да го зголемуваат бројот на свои вработени“, потенцираше Трајановски на работната средба со премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски во посета на МТЕЛ appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: КК Работнички повторно ќе биде шампион https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-kk-rabotnichki-povtorno-kje-bide-shampion/ Sat, 08 Oct 2022 17:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=558860

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски денеска присуствуваше и се обрати на свечено потпишување на договор за спонзорство помеѓу Мтел, членка на групацијата Телеком Србија и КК Работнички Скопје, најтрофејниот клуб во македонската кошаркарска историја.

Пресреќен сум што од денес зад нашиот најтрофеен кошаркарски клуб застанува телекомуникацискиот гигант МТЕЛ.

Моја заложба како градоначалник, но и како центарец, е повторно да го вратиме клубот на старите победнички патеки. Со обезбедувањето на ова четиригодишно спонзорство од МТЕЛ, убеден сум дека започнува нова ера на нови победи и радости за сите ние кои го носиме клубот во срцето. ✊

🤝Сакам да изразам голема благодарност до премиерот Ковачевски кој се заложи лично за оваа поддршка да стане реалност. Му се заблагодарувам на менаџментот на компанијата, Марко Лопичиќ, генерален директор на МТЕЛ и Владимир Лучиќ, генерален директор на Телеком Србија. Тие кои го вреднуваат македонскиот спорт, но и го препознаа нашиот клуб како партнер. За крај, секако голема благодарност и до новото раководство на Работнички под водство на Горан Веселиновски кое неуморно работи за унапредување на состојбите во клубот.

🏆КК Работнички повторно ќе биде шампион!, напиша Герасимовски на Фејсбук по свеченоста.

The post Герасимовски: КК Работнички повторно ќе биде шампион appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски денеска присуствуваше и се обрати на свечено потпишување на договор за спонзорство помеѓу Мтел, членка на групацијата Телеком Србија и КК Работнички Скопје, најтрофејниот клуб во македонската кошаркарска историја. Пресреќен сум што од денес зад нашиот најтрофеен кошаркарски клуб застанува телекомуникацискиот гигант МТЕЛ. Моја заложба како градоначалник, но и како центарец, е повторно да го вратиме клубот на старите победнички патеки. Со обезбедувањето на ова четиригодишно спонзорство од МТЕЛ, убеден сум дека започнува нова ера на нови победи и радости за сите ние кои го носиме клубот во срцето. ✊ 🤝Сакам да изразам голема благодарност до премиерот Ковачевски кој се заложи лично за оваа поддршка да стане реалност. Му се заблагодарувам на менаџментот на компанијата, Марко Лопичиќ, генерален директор на МТЕЛ и Владимир Лучиќ, генерален директор на Телеком Србија. Тие кои го вреднуваат македонскиот спорт, но и го препознаа нашиот клуб како партнер. За крај, секако голема благодарност и до новото раководство на Работнички под водство на Горан Веселиновски кое неуморно работи за унапредување на состојбите во клубот. 🏆КК Работнички повторно ќе биде шампион!, напиша Герасимовски на Фејсбук по свеченоста.

The post Герасимовски: КК Работнички повторно ќе биде шампион appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови https://republika.mk/sport/kosarka/kovachevski-gi-ohrabruvam-makedonskite-kompanii-da-gi-poddrzuvaat-sportskite-klubovi/ Sat, 08 Oct 2022 17:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=558856

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски присуствуваше и се обрати на свечено потпишување на договор за спонзорство помеѓу Мтел, членка на групацијата Телеком Србија и КК Работнички Скопје, најтрофејниот клуб во македонската кошаркарска историја.

Договорот за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за клубот во следните четири години, го потпишаа извршниот директор на Мтел, г-дин Марко Лопичиќ и извршниот директор на КК Работнички Скопје во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во своето обраќање по повод потпишување на договорот истакна дека во ова време кога како општество во фокусот ни е одржување на животниот стандард, секако од не помала важност е да продолжиме да инвестираме и во активностите кои на сите нам и во најтешките времиња може да ни донесат моменти на радости и гордост како граѓани, како љубители на спортот, но и како држава.

„Денес целата спортска јавност треба да ја поздрави деловната одлука на Мтел да стане генерален спонзор на еден од најтрофејните македонски спортски клубови. Во услови на европска енергетска криза, со најтешки економски последици после Втората светска војна, демонстрирање на вака висок степен на општествена одговорност е чин кој несомнено треба да се поздрави“, истакна премиерот Ковачевски.

Исто така напомена дека како Влада и понатаму ќе се залагаат за активно создавање на услови за компаниите како би можеле да продолжат со донации и спонзорства за спортот.

„Ја користам приликата да ги охрабрам македонските компании во рамките на своите корпоративни можности да го поддржуваат македонскиот спорт, особено младинските категории. Младите се иднината на секоја држава и затоа наш фокус е поддршката на проекти кои инвестираат во нивниот правилен развој, едукација и воспитување. Веруваме дека ова ново партнерство на КК Работнички и Мтел е еден вистински чекор во таа насока”, рече премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски присуствуваше и се обрати на свечено потпишување на договор за спонзорство помеѓу Мтел, членка на групацијата Телеком Србија и КК Работнички Скопје, најтрофејниот клуб во македонската кошаркарска историја. Договорот за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за клубот во следните четири години, го потпишаа извршниот директор на Мтел, г-дин Марко Лопичиќ и извршниот директор на КК Работнички Скопје во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во своето обраќање по повод потпишување на договорот истакна дека во ова време кога како општество во фокусот ни е одржување на животниот стандард, секако од не помала важност е да продолжиме да инвестираме и во активностите кои на сите нам и во најтешките времиња може да ни донесат моменти на радости и гордост како граѓани, како љубители на спортот, но и како држава.