МСУ Archives - Република https://republika.mk/tema/msu/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 11:54:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МСУ Archives - Република https://republika.mk/tema/msu/ 32 32 МСУ со изложба на ретко изложувани дела од колекцијата ставени во релација со дела од современи уметници https://republika.mk/vesti/kultura/msu-so-izlozhba-na-retko-izlozhuvani-dela-od-kolektsijata-staveni-vo-relatsija-so-dela-od-sovremeni-umetnitsi/ Fri, 08 Nov 2024 11:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=835529

На 28 ноември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност - Скопје ќе биде отворена изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“

Куратори на поставката се: Ивана Васева, Благоја Варошанец, Софиа Григориаду, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Нада Прља.

Генерална идеја за изложбата е преку контекстуален и критички пристап кон делата во колекцијата да се преиспитаат историски и критички теми, како што се колонијалната историја и неоколонијализмот, феминизмот, хегемониската експлоатација, хибридноста на културните формации и трансформации и соодветните отпори и борби, како и сложените реалности на земји (и групи) што се конципирани како „периферни“.

Изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ претставува репрезентативен избор на дела од колекцијата на МСУ - Скопје, некои од нив ретко или воопшто изложувани, дела на уметници со потекло од она што се подразбирало како периферии на светот или светот разбиран како европоцентрична „геополитика на знаење“, како и дела на современи уметници, во обид за лоцирање на поинакви приказни и наративи, честопати исклучени од доминантите наративи, но се со голема еманципаторска моќ.

Прекршеното време, одговарајќи на задачата на наследството, отвора простор за уметнички дела, приказни и сеништа, кои не биле подеднакво изложени, замислувајќи ги можните идни читања на збирката на МСУ - Скопје, кои се неизбежно прогонувани од минатото.

Современи уметници, чии дела ќе бидат изложени се: Ала Јунис (Кувајт/Јордан), Инас Халаби (Палестина/ Холандија), Сиовија Кјамби (Кенија/ Германија), Карла Закагини (Бразил/ Шведска) и Ивана Сиџимовска (Македонија/ Германија)

Изложбата ја градат дела од збирката на МСУ кои потекнуваат од Глобалниот југ – сфатена како хетерогена и детериторијализирана категорија– или оние кои не учествуваат во глобалниот пазар со хегемонистичка позиција и се архивирани под национален предзнак, односно дека потекнуваат од Аргентина, Бангладеш, Боливија, Бразил, Венецуела, Египет, Ирак, Иран, Јужна Африка, Казахстан, Куба, Кувајт, Мароко, Мексико, Узбекистан, Уругвај, Чиле, но и од други земји каде што живеле уметници од овие земји.

Овие дела, од една страна се ставени во релација со дела од земјите од поранешна Југославија (Македонија, Косово, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора) како наследници на политиката и движењето на неврзаните и нејзиното наследство, посебно активна на културен план, и од друга страна со дела од современи уметници, кои на критички начин ги преиспитуваат локалните и глобални хегемонии. Некои од уметниците кои се дел од оваа изложба, а се дел од колекцијата на МСУ - Скопје се светски познатите Мариа Бономи, Роберто Мата, Аида Карбаљо, Феликс Белтран, но и Ремо Бианседи, Роберто Варкарсел, Самсон Флексор, Фајга Островер, Анезиа Пашеко е Шавес, Герти Сахуе, Питер Кларк, Макс Арукипа Чамби, Мариа Аусилијадора Силва и други.

Избраните дела на поканетите современи уметнички (Јунис, Халаби, Кјамби, Закагини и Сиџимовска) во оваа изложба не се доживуваат како изолирани дела, туку нудат можност за постојани дијалози меѓу нив и со изложените дела од колекцијата на МСУ-Скопје. Постколонијалноста, политичките дејствувања и уметнички форми на отпор, женски тела и женски гледишта и производство, уништувањето на животната средина и колонијалната екстракција, опседнатите колонијални и модерни наративи, модернистичката мисла и архитектура, форми на солидарност и деконструкции на националното, се некои од темите со кои уметниците се занимаваат, но не исклучиво, бидејќи повеќе од една од овие теми може да се следат во секое дело.

Преку доведувањето на делата од колекцијата во релационалност со дела од современи уметници се отвора потенцијален фрејминг за контекстуални и критички приказни за постколонијалната солидарност, трансформативна еманципација и соработка и обид за воспоставување на друг репрезентативен антихегемониски идентитет на музејот. Несомнено, вака поставената колекција на МСУ, може да се користи за преиспитување на постоечките изложувања, како и знаењето (епистемологијата) за збирката, кое воедно ќе биде и своевидно отповикување на моќта (политиката) која ја претставувала.

Графичкиот дизајн и уметничката интервенција се на Илиана Петрушевска, изложбениот дизајн е на архитектите Јован Ивановски и Ана Ивановска. Конзерватори вклучени во изложбата се Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска, а соработник на концепт е Тихомир Топузовски.

Изложбата ќе биде отворена до 30 март 2025 година и е дел од одбележувањето на 60 години од основањето на Музејот на современата уметност - Скопје.

The post МСУ со изложба на ретко изложувани дела од колекцијата ставени во релација со дела од современи уметници appeared first on Република.

]]>

Почнува Фестивал на перформансот во Музејот на современата уметност – Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-festival-na-performansot-vo-muzejot-na-sovremenata-umetnost-skopje/ Thu, 03 Oct 2024 07:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=822021

Од денеска до 6 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржува четиридневен Фестивал на перформансот. Влезот е слободен, а фестивалот е составен од две програми, информираат од Музејот на современата уметност – Скопје.

Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија“ куриран од Биљана Тануровска – Ќулавковски и Славчо Димитров и се состои од проекции, предавања и перформанси. Додатна програма е програмата на партнерите, што произлегува од резиденциите, педагошките и истражувачките активности во партнерство со фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија) и нејзината резиденцијална програма Вила 31 во Тирана, како и соработка со алумни од Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC) и уметници соработници на Иницијативата за усна историја во Приштина (OHI). Општата идеја на фестивалот е да се измислат различни начини на делување, што ќе се занимаваат со пренесување на уметничкото наследство во проширениот контекст на историјата на модерноста и засилување на рецепцијата на идеите и гестовите во релација со постојано еволуирачките чинови и форми, што се во потрага по еманципација, пишува во соопштението.

Како што се додава, фестивалот е второто поглавје од европската програма Култура.ЕУБалкан (2022-2024), чија цел е да се поттикне размена на уметници, истражувачи и културни чинители, меѓу Западниот Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и нивните истражувања.

Претставата на NAM Choreolab е претставена во соработка со ППФестивал на Локомотива и проектот Движење на неврзаните, поддржан од Креативна Европа/ Програма за европска соработка со Западен Балкан и Министерство за култура на Република Македонија, се додава во соопштението.

МСУ – Скопје фестивал на перформансот е настан што се организира на годишно ниво, се додава во соопштението, овозможувајќи експериментирање и споделување на уметничката пракса на резидентите и уметниците од регионот, ЕУ и меѓународните сцени. Преку партнерства со културни институции, како и организации, здруженија, школи, универзитети и истражувачки центри, фестивалот ќе се вклучи во пошироки соработки со можност за проширување на други јавни и отворени простори.

The post Почнува Фестивал на перформансот во Музејот на современата уметност – Скопје appeared first on Република.

Фестивал на перформансот од утре во МСУ Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/festival-na-performansot-od-utre-vo-msu-skopje/ Wed, 02 Oct 2024 08:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=821632

Од 3 до 6 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се случува четиридневен Фестивал на перформансот.

Влезот е слободен.

„МСУ - Скопје фестивал на перформансот 2024“ е составен од две програми.

Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија" куриран од Биљана Тануровска - Ќулавковски и Славчо Димитров и се состои од проекции, предавања и перформанси.

Додатна програма е програмата на партнерите, која произлегува од резиденциите, педагошките и истражувачките активности во партнерство со фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија) и нејзината резиденцијална програма Вила 31 во Тирана, како и соработка со алумни од Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC) и уметници соработници на Иницијативата за усна историја во Приштина (OHI).

Општата идеја на фестивалот е да се измислат различни начини на делување, кои ќе се занимаваат со пренесување на уметничкото наследство во проширениот контекст на историјата на модерноста, и засилување на рецепцијата на идеите и гестовите во релација со постојано еволуирачките чинови и форми, кои се во потрага по еманципација.

Фестивалот е второто поглавје од европската програма Култура.ЕУБалкан (2022-2024), чија цел е да се поттикне размена на уметници, истражувачи и културни чинители, меѓу Западниот Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и нивните истражувања. Претставата на NAM Choreolab е претставена во соработка со ППФестивал на Локомотива и проектот Движење на неврзаните, поддржан од Креативна Европа/ Програма за европска соработка со Западен Балкан и Министерство за култура на Република Македонија.

МСУ - Скопје фестивал на перформансот е настан кој се организира на годишно ниво, овозможувајќи експериментирање и споделување на уметничката пракса на резидентите и уметниците од регионот, ЕУ и меѓународните сцени. Преку партнерства со културни институции, како и организации, здруженија, школи, универзитети и истражувачки центри, фестивалот ќе се вклучи во пошироки соработки со можност за проширување на други јавни и отворени простори.

На 3 октомври фестивалот ќе биде отворен со партнерската програма.

Во 18:30 часот предвидена е презентација на партнерите од иницијативата Култура.ЕУБалкан и дискусија со Јета Реџа, директор на Иницијативата за орална историја – OHI, Приштина; Жозефин Дофин, одговорна за резиденцијалните програми на „Арт Експлора“, Париз/Тирана; Камил Кингуе, раководителка за меѓународни прашања и кариерен развој на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC), Париз. Модераторка ќе биде Ивана Васева, кураторка во МСУ. Потоа следува Хакерски водич кон шумата: музејско издание, перформанс од Колектив Tree (Елизабет Баном, Кетрин Маршал, Мартијн ван Елферен), алумни на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC). Од 21 часот ќе бидат прикажани куси видеа: Транс’нистрија и Абхазија отпосле од Ванѓуш Велаху, Трнарче и Како се раѓаат ѕвездите? од Олсон Ламај и Кучките за нивниот дин од Ана Еренштајн, гости на Вила 31, резиденцијална програма во Тирана која ја води фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија).

Од 4 до 6 октомври ќе се случува главната програма: (Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија. Куратори на тродневните настани се Биљана Тануровска – Ќулавковски и Славчо Димитров.

На 4 октомври од 18:30 предвиден е перформанс на Христина Иваноска/Документ што недостасува: За методологијата (текст, глас, и тело) (2014). Потоа предавање на Јована Караулиќ/Изведување на државата: Културолошки перформанси на југославизмот. Во 20:45 часот, проекција на филм од Марта Попивода „Југославија, како идеологијата го придвижуваше нашето колективно тело“ (2013)/ Србија, Франција, Германија. За крај на фестивалската вечер - видео инсталација на Попивода, во соработка со Ана Вујановиќ/ Површини кои значат: Денот на младоста 1988 (2022).

На 5ти октомври од 19 часот, перформанси на Клелија Живковиќ/ Кој те научи да се чувствуваш добро? (2024); на Милица Ракиќ и Владимир Бјеличиќ/ Истражна постапка: Досието на една Југословенка (2024) и на Оља Грубиќ/ ИКЕБАНА (2018).

Од 20.30 часот предвидено е перформативно предавање на Дражен Драгојевиќ/ Како што се партизаните со не.

На последната фестивалска вечер на 6 октомври во 18 часот закажано е предавање на Јасмина Заложник/ Заземање простор. Нови пракси на перформативната уметност во Југославија. И за крај перформанс на НАМ КореоЛаб: Соња Преград, Ана Дубљевиќ, Викторија Илиоска, Дражен Драгојевиќ/ Како што се римува со не, Не не се повторува. Но се римува. (2024).

The post Фестивал на перформансот од утре во МСУ Скопје appeared first on Република.

]]>

Од 3 до 6 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се случува четиридневен Фестивал на перформансот. Влезот е слободен. „МСУ - Скопје фестивал на перформансот 2024“ е составен од две програми. Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија" куриран од Биљана Тануровска - Ќулавковски и Славчо Димитров и се состои од проекции, предавања и перформанси. Додатна програма е програмата на партнерите, која произлегува од резиденциите, педагошките и истражувачките активности во партнерство со фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија) и нејзината резиденцијална програма Вила 31 во Тирана, како и соработка со алумни од Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC) и уметници соработници на Иницијативата за усна историја во Приштина (OHI). Општата идеја на фестивалот е да се измислат различни начини на делување, кои ќе се занимаваат со пренесување на уметничкото наследство во проширениот контекст на историјата на модерноста, и засилување на рецепцијата на идеите и гестовите во релација со постојано еволуирачките чинови и форми, кои се во потрага по еманципација.   Фестивалот е второто поглавје од европската програма Култура.ЕУБалкан (2022-2024), чија цел е да се поттикне размена на уметници, истражувачи и културни чинители, меѓу Западниот Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и нивните истражувања. Претставата на NAM Choreolab е претставена во соработка со ППФестивал на Локомотива и проектот Движење на неврзаните, поддржан од Креативна Европа/ Програма за европска соработка со Западен Балкан и Министерство за култура на Република Македонија. МСУ - Скопје фестивал на перформансот е настан кој се организира на годишно ниво, овозможувајќи експериментирање и споделување на уметничката пракса на резидентите и уметниците од регионот, ЕУ и меѓународните сцени. Преку партнерства со културни институции, како и организации, здруженија, школи, универзитети и истражувачки центри, фестивалот ќе се вклучи во пошироки соработки со можност за проширување на други јавни и отворени простори. На 3 октомври фестивалот ќе биде отворен со партнерската програма. Во 18:30 часот предвидена е презентација на партнерите од иницијативата Култура.ЕУБалкан и дискусија со Јета Реџа, директор на Иницијативата за орална историја – OHI, Приштина; Жозефин Дофин, одговорна за резиденцијалните програми на „Арт Експлора“, Париз/Тирана; Камил Кингуе, раководителка за меѓународни прашања и кариерен развој на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC), Париз. Модераторка ќе биде Ивана Васева, кураторка во МСУ. Потоа следува Хакерски водич кон шумата: музејско издание, перформанс од Колектив Tree (Елизабет Баном, Кетрин Маршал, Мартијн ван Елферен), алумни на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC). Од 21 часот ќе бидат прикажани куси видеа: Транс’нистрија и Абхазија отпосле од Ванѓуш Велаху, Трнарче и Како се раѓаат ѕвездите? од Олсон Ламај и Кучките за нивниот дин од Ана Еренштајн, гости на Вила 31, резиденцијална програма во Тирана која ја води фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија). Од 4 до 6 октомври ќе се случува главната програма: (Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија. Куратори на тродневните настани се Биљана Тануровска – Ќулавковски и Славчо Димитров. На 4 октомври од 18:30 предвиден е перформанс на Христина Иваноска/Документ што недостасува: За методологијата (текст, глас, и тело) (2014). Потоа предавање на Јована Караулиќ/Изведување на државата: Културолошки перформанси на југославизмот. Во 20:45 часот, проекција на филм од Марта Попивода „Југославија, како идеологијата го придвижуваше нашето колективно тело“ (2013)/ Србија, Франција, Германија. За крај на фестивалската вечер - видео инсталација на Попивода, во соработка со Ана Вујановиќ/ Површини кои значат: Денот на младоста 1988 (2022). На 5ти октомври од 19 часот, перформанси на Клелија Живковиќ/ Кој те научи да се чувствуваш добро? (2024); на Милица Ракиќ и Владимир Бјеличиќ/ Истражна постапка: Досието на една Југословенка (2024) и на Оља Грубиќ/ ИКЕБАНА (2018). Од 20.30 часот предвидено е перформативно предавање на Дражен Драгојевиќ/ Како што се партизаните со не. На последната фестивалска вечер на 6 октомври во 18 часот закажано е предавање на Јасмина Заложник/ Заземање простор. Нови пракси на перформативната уметност во Југославија. И за крај перформанс на НАМ КореоЛаб: Соња Преград, Ана Дубљевиќ, Викторија Илиоска, Дражен Драгојевиќ/ Како што се римува со не, Не не се повторува. Но се римува. (2024).  

The post Фестивал на перформансот од утре во МСУ Скопје appeared first on Република.

]]>
Изложба на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-svetski-renomiranite-umetnitsi-dan-i-lia-perzhovski-vo-msu/ Thu, 26 Sep 2024 07:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=819696

Во Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски. Кураторка е Мира Гаќина.

Пред официјалното отворање, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која, како што наведува МСУ, ги поместува границите на современата уметност денес.

Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен… така што ова е исклучително ретка можност да ги имаме во МСУ – Скопје.

Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот ќе се претстави со проектот „Обновени вести“ (ReNews), фокусиран на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива. Замислен како динамична и еволутивна визуелна хроника, која реагира на тековните настани и промените во светот. Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики, кои на интензивен начин ја истражуваат и визуелизираат комплексноста на современата политика и општество. Дан Пержовски се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување. Со тоа, ги поттикнува гледачите да размислуваат за информираноста, пропагандата и моќта на медиумите.

Дел од неговата изложба е и интерактивна. На поставката ќе има ѕид, каде посетителите ќе можат да цртаат или напишат нешто доколку имаат што да кажат.

Моите цртежи се инспирирани од медиумите, особено од печатените медиуми. И многу често преку цртежот ја визуелизирам сржта, она што е нагласено во информацијата. Теми како војна, емигратски кризи, богати наспроти сиромашни… се теми кои постојано се повторуваат во различни околности. Дел од овој концепт веќе го имам изложено во Њујорк пред неколку години, во продолжена и надополнета верзија го пренесувам и во МСУ, бидејќи е се уште актуелен, вели Дан.

На изложбата во МСУ ќе бидат изложени и цртежите кои Дан ги има донирано на МСУ- Скопје.

Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе се претстави со проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ – (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури, преку серија интерактивни и концептуални дела. Сет за преживување е интердисциплинарен проект кој вклучува различни медиуми и формати, како: графики, објекти и документи. Оваа селекција е изработена како обид да се создаде едукативен ресурс, кој преку визуелната уметност го истражува и предизвикува размислување за историјата, културата и секојдневниот живот.

Проектот вклучува и различни интерактивни компоненти, кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и да размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување.

Во мојот изложбен простор креирав две институции, архива од современата уметност и музеј на знаењето. Денес светот живее во хибридна војна, освен воените жаришта, тука се и пандемиите, глобалното затоплување… Па затоа изложив објекти – неопходен сет за камуфлажа и преживување. Но она што им е најмногу потребно на луѓето денес е знаењето. Земјите се менуваат многу брзо, затоа треба да бидеме адаптибилни и покреативни. Во рамки на изложбата направив и времеплов на уметноста од нејзините почетоци до денес. Изложбата е повеќеслојна и покрај уметноста и знаењето се занимава и со аспектите кои го градат идентитетот на еден човек, вели Лиа.

The post Изложба на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски. Кураторка е Мира Гаќина. Пред официјалното отворање, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која, како што наведува МСУ, ги поместува границите на современата уметност денес. Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен… така што ова е исклучително ретка можност да ги имаме во МСУ – Скопје. Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот ќе се претстави со проектот „Обновени вести“ (ReNews), фокусиран на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива. Замислен како динамична и еволутивна визуелна хроника, која реагира на тековните настани и промените во светот. Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики, кои на интензивен начин ја истражуваат и визуелизираат комплексноста на современата политика и општество. Дан Пержовски се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување. Со тоа, ги поттикнува гледачите да размислуваат за информираноста, пропагандата и моќта на медиумите. Дел од неговата изложба е и интерактивна. На поставката ќе има ѕид, каде посетителите ќе можат да цртаат или напишат нешто доколку имаат што да кажат.
Моите цртежи се инспирирани од медиумите, особено од печатените медиуми. И многу често преку цртежот ја визуелизирам сржта, она што е нагласено во информацијата. Теми како војна, емигратски кризи, богати наспроти сиромашни… се теми кои постојано се повторуваат во различни околности. Дел од овој концепт веќе го имам изложено во Њујорк пред неколку години, во продолжена и надополнета верзија го пренесувам и во МСУ, бидејќи е се уште актуелен, вели Дан.
На изложбата во МСУ ќе бидат изложени и цртежите кои Дан ги има донирано на МСУ- Скопје. Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе се претстави со проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ – (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури, преку серија интерактивни и концептуални дела. Сет за преживување е интердисциплинарен проект кој вклучува различни медиуми и формати, како: графики, објекти и документи. Оваа селекција е изработена како обид да се создаде едукативен ресурс, кој преку визуелната уметност го истражува и предизвикува размислување за историјата, културата и секојдневниот живот. Проектот вклучува и различни интерактивни компоненти, кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и да размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување.
Во мојот изложбен простор креирав две институции, архива од современата уметност и музеј на знаењето. Денес светот живее во хибридна војна, освен воените жаришта, тука се и пандемиите, глобалното затоплување… Па затоа изложив објекти – неопходен сет за камуфлажа и преживување. Но она што им е најмногу потребно на луѓето денес е знаењето. Земјите се менуваат многу брзо, затоа треба да бидеме адаптибилни и покреативни. Во рамки на изложбата направив и времеплов на уметноста од нејзините почетоци до денес. Изложбата е повеќеслојна и покрај уметноста и знаењето се занимава и со аспектите кои го градат идентитетот на еден човек, вели Лиа.
 
The post Изложба на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ appeared first on Република.

]]>
Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски на изложбата во МСУ ќе пренесат дел од уметничкиот концепт изложен во Њујорк https://republika.mk/vesti/kultura/svetski-renomiranite-umetnitsi-dan-i-lia-perzhovski-na-izlozhbata-vo-msu-ke-prenesat-del-od-umetnichkiot-kontsept-izlozhen-vo-nujork/ Mon, 23 Sep 2024 07:42:22 +0000 https://republika.mk/?p=818849

Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски, кои пристигнаа во Скопје веќе ги исцртуваат ѕидовите на Музејот на современата уметност – Скопје, и се подготвуваат за нивната самостојна изложба, која ќе биде отворена во четврток, 26 септември, во 20 часот. Кураторка на изложбата е Мира Гаќина.

Пред официјалното отворање на изложбата, во 19.30 часот, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите, кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која ги поместува границите на современата уметност денес.

Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен... така што ова е исклучително ретка можност да ги имаме во МСУ – Скопје.

Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот ќе се претстави со проектот „Обновени вести“ (ReNews), фокусиран на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива. Замислен како динамична и еволутивна визуелна хроника, која реагира на тековните настани и промените во светот. Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики, кои на интензивен начин ја истражуваат и визуелизираат комплексноста на современата политика и општество. Дан Пержовски се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување. Со тоа, ги поттикнува гледачите да размислуваат за информираноста, пропагандата и моќта на медиумите.

Дел од неговата изложба е и интерактивна. На поставката ќе има ѕид, каде посетителите ќе можат да цртаат или напишат нешто доколку имаат што да кажат.

Моите цртежи се инспирирани од медиумите, особено од печатените медиуми. И многу често преку цртежот ја визуелизирам сржта, она што е нагласено во информацијата. Теми како војна, емигратски кризи, богати наспроти сиромашни... се теми кои постојано се повторуваат во различни околности. Дел од овој концепт веќе го имам изложено во Њујорк пред неколку години, во продолжена и надополнета верзија го пренесувам и во МСУ, бидејќи е се уште актуелен, вели Дан.

На изложбата во МСУ ќе бидат изложени и цртежите кои Дан ги има донирано на МСУ- Скопје.

Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе се претстави со проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ - (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури, преку серија интерактивни и концептуални дела. Сет за преживување е интердисциплинарен проект кој вклучува различни медиуми и формати, како: графики, објекти и документи. Оваа селекција е изработена како обид да се создаде едукативен ресурс, кој преку визуелната уметност го истражува и предизвикува размислување за историјата, културата и секојдневниот живот.

Проектот вклучува и различни интерактивни компоненти, кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и да размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување.

Во мојот изложбен простор креирав две институции, архива од современата уметност и музеј на знаењето. Денес светот живее во хибридна војна, освен воените жаришта, тука се и пандемиите, глобалното затоплување... Па затоа изложив објекти - неопходен сет за камуфлажа и преживување. Но она што им е најмногу потребно на луѓето денес е знаењето. Земјите се менуваат многу брзо, затоа треба да бидеме адаптибилни и покреативни. Во рамки на изложбата направив и времеплов на уметноста од нејзините почетоци до денес. Изложбата е повеќеслојна и покрај уметноста и знаењето се занимава и со аспектите кои го градат идентитетот на еден човек, вели Лиа.

The post Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски на изложбата во МСУ ќе пренесат дел од уметничкиот концепт изложен во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски, кои пристигнаа во Скопје веќе ги исцртуваат ѕидовите на Музејот на современата уметност – Скопје, и се подготвуваат за нивната самостојна изложба, која ќе биде отворена во четврток, 26 септември, во 20 часот. Кураторка на изложбата е Мира Гаќина. Пред официјалното отворање на изложбата, во 19.30 часот, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите, кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која ги поместува границите на современата уметност денес. Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен... така што ова е исклучително ретка можност да ги имаме во МСУ – Скопје. Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот ќе се претстави со проектот „Обновени вести“ (ReNews), фокусиран на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива. Замислен како динамична и еволутивна визуелна хроника, која реагира на тековните настани и промените во светот. Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики, кои на интензивен начин ја истражуваат и визуелизираат комплексноста на современата политика и општество. Дан Пержовски се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување. Со тоа, ги поттикнува гледачите да размислуваат за информираноста, пропагандата и моќта на медиумите. Дел од неговата изложба е и интерактивна. На поставката ќе има ѕид, каде посетителите ќе можат да цртаат или напишат нешто доколку имаат што да кажат.
Моите цртежи се инспирирани од медиумите, особено од печатените медиуми. И многу често преку цртежот ја визуелизирам сржта, она што е нагласено во информацијата. Теми како војна, емигратски кризи, богати наспроти сиромашни... се теми кои постојано се повторуваат во различни околности. Дел од овој концепт веќе го имам изложено во Њујорк пред неколку години, во продолжена и надополнета верзија го пренесувам и во МСУ, бидејќи е се уште актуелен, вели Дан.
На изложбата во МСУ ќе бидат изложени и цртежите кои Дан ги има донирано на МСУ- Скопје. Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе се претстави со проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ - (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури, преку серија интерактивни и концептуални дела. Сет за преживување е интердисциплинарен проект кој вклучува различни медиуми и формати, како: графики, објекти и документи. Оваа селекција е изработена како обид да се создаде едукативен ресурс, кој преку визуелната уметност го истражува и предизвикува размислување за историјата, културата и секојдневниот живот. Проектот вклучува и различни интерактивни компоненти, кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и да размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување.
Во мојот изложбен простор креирав две институции, архива од современата уметност и музеј на знаењето. Денес светот живее во хибридна војна, освен воените жаришта, тука се и пандемиите, глобалното затоплување... Па затоа изложив објекти - неопходен сет за камуфлажа и преживување. Но она што им е најмногу потребно на луѓето денес е знаењето. Земјите се менуваат многу брзо, затоа треба да бидеме адаптибилни и покреативни. Во рамки на изложбата направив и времеплов на уметноста од нејзините почетоци до денес. Изложбата е повеќеслојна и покрај уметноста и знаењето се занимава и со аспектите кои го градат идентитетот на еден човек, вели Лиа.
 
The post Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски на изложбата во МСУ ќе пренесат дел од уметничкиот концепт изложен во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-vodechkite-sovremeni-umetnitsi-dan-i-lia-perzhovski-vo-msu/ Fri, 13 Sep 2024 08:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=815885

Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен... ќе имаат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје.

Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес.

Изложбата на светски реномираните уметници Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот и Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе биде отворена на 26 септември во 20 часот.

Дан Пержовски ќе се претстави со уметничкиот проект „Обновени вести“ - (ReNews), а Лиа Пержовски со „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ - (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum))

Кураторка на изложбата е Мира Гаќина.

Изложбата претставува уникатен поглед на делата на двајца водечки современи уметници, кои ги истражуваат културните, социјалните и политичките реалности на денешницата.

Дан Пержовски е познат по своите минималистички, брзи цртежи, кои често се исполнети со иронија, хумор и политички коментари. Користи различни форми на цртање – од ѕидни инсталации, уметнички книги, до активистички цртежи – за да ја критикува и анализира современата реалност. Неговите дела адресираат теми како што се воените конфликти, миграцијата, политичките системи и глобалните економски предизвици. Тој цртањето го трансформира во медиум за комуникација на актуелни општествени теми, а неговите инсталации се карактеризираат со спонтаност и непосредност, што ги прави уникатни и привремени. Најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како оние во Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што ги создаваше пред очите на посетителите. Друга изложба на Пержовски пак е нацртана на ѕидовите од португалска банка и се состои од стрип цртежи, кои се однесуваат на повеќе европски прашања како што е прифаќањето на Романија во ЕУ и легализацијата на абортусот во Португалија. Неговата работа ги одразува, над се, човечките прашања, и општествените односи.

Пержовски има реализирано бројни самостојни изложби во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија.

Лиа Пержовски е концептуална уметница и истражувачка, која преку својата работа создава врски помеѓу уметноста, науката и образованието. Нејзиниот проект „Музеј на знаењето“ (Knowledge Museum) е долгогодишен истражувачки напор за архивирање и пренесување на информации од различни полиња на знаењето. Нејзините дела често ги доведуваат во прашање нормите на гледање и разбирање на светот, разгледувајќи како перцепцијата е обликувана од општествените, политичките и културните контексти. Таа е основач на неколку платформи и институции како „CCA“ - архивата за современа уметност Букурешт и „КМ“ - Музејот на знаењето, како и „TSK“ – Телескопскиот простор на знаењето. Лиа Пержовски има реализирано самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Париз, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.

Оваа изложба ги испреплетува нивните заеднички пристапи, притоа нудејќи повеќестрана визија за тоа како уметноста може да служи како медиум за општествена критика и трансформација. И покрај различните медиуми во кои работат, и двајцата уметници ја делат заедничката цел да ја искористат уметноста како инструмент за ангажирање и промена, вели кураторката Гаќина.

Проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ на Лиа Пержовски е дел од нејзиниот поширок проект познат како „Музеј на знаењето“, во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури преку серија интерактивни и концептуални дела. Сет за преживување е интердисциплинарен проект кој вклучува различни медиуми и формати, како: графики, објекти и документи. Оваа селекција е изработена како обид да се создаде едукативен ресурс, кој преку визуелната уметност го истражува и предизвикува размислување за историјата, културата и секојдневниот живот. Проектот може да вклучува и различни интерактивни компоненти кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување.

Проектот „Обновени вести“ на Дан Пержовски се фокусира на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива. Замислен како динамична и еволутивна визуелна хроника, која реагира на тековните настани и промените во светот. Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект често вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики, кои на интензивен начин ја истражуваат и визуелизираат комплексноста на современата политика и општество. Дан Пержовски се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување. Со тоа, уметникот ги поттикнува гледачите да размислуваат за информираноста, пропагандата и моќта на медиумите.

Дан и Лиа Пержовски учествуваа на групната изложба „Лаф муабет“ (Small Тalk) организирана во МСУ - Скопје, 2001 година. Тие се на листата донатори на колекцијата МСУ-Скопје. Мината година престојуваа во МСУ, каде одржаа предавање на тема „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“ и работилница „Цртање, разговарање и споделување“.

The post Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ appeared first on Република.

]]>

Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен... ќе имаат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес. Изложбата на светски реномираните уметници Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот и Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе биде отворена на 26 септември во 20 часот. Дан Пержовски ќе се претстави со уметничкиот проект „Обновени вести“ - (ReNews), а Лиа Пержовски со „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ - (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) Кураторка на изложбата е Мира Гаќина. Изложбата претставува уникатен поглед на делата на двајца водечки современи уметници, кои ги истражуваат културните, социјалните и политичките реалности на денешницата. Дан Пержовски е познат по своите минималистички, брзи цртежи, кои често се исполнети со иронија, хумор и политички коментари. Користи различни форми на цртање – од ѕидни инсталации, уметнички книги, до активистички цртежи – за да ја критикува и анализира современата реалност. Неговите дела адресираат теми како што се воените конфликти, миграцијата, политичките системи и глобалните економски предизвици. Тој цртањето го трансформира во медиум за комуникација на актуелни општествени теми, а неговите инсталации се карактеризираат со спонтаност и непосредност, што ги прави уникатни и привремени. Најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како оние во Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што ги создаваше пред очите на посетителите. Друга изложба на Пержовски пак е нацртана на ѕидовите од португалска банка и се состои од стрип цртежи, кои се однесуваат на повеќе европски прашања како што е прифаќањето на Романија во ЕУ и легализацијата на абортусот во Португалија. Неговата работа ги одразува, над се, човечките прашања, и општествените односи. Пержовски има реализирано бројни самостојни изложби во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија. Лиа Пержовски е концептуална уметница и истражувачка, која преку својата работа создава врски помеѓу уметноста, науката и образованието. Нејзиниот проект „Музеј на знаењето“ (Knowledge Museum) е долгогодишен истражувачки напор за архивирање и пренесување на информации од различни полиња на знаењето. Нејзините дела често ги доведуваат во прашање нормите на гледање и разбирање на светот, разгледувајќи како перцепцијата е обликувана од општествените, политичките и културните контексти. Таа е основач на неколку платформи и институции како „CCA“ - архивата за современа уметност Букурешт и „КМ“ - Музејот на знаењето, како и „TSK“ – Телескопскиот простор на знаењето. Лиа Пержовски има реализирано самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Париз, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.
Оваа изложба ги испреплетува нивните заеднички пристапи, притоа нудејќи повеќестрана визија за тоа како уметноста може да служи како медиум за општествена критика и трансформација. И покрај различните медиуми во кои работат, и двајцата уметници ја делат заедничката цел да ја искористат уметноста како инструмент за ангажирање и промена, вели кураторката Гаќина.
Проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ на Лиа Пержовски е дел од нејзиниот поширок проект познат како „Музеј на знаењето“, во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури преку серија интерактивни и концептуални дела. Сет за преживување е интердисциплинарен проект кој вклучува различни медиуми и формати, како: графики, објекти и документи. Оваа селекција е изработена како обид да се создаде едукативен ресурс, кој преку визуелната уметност го истражува и предизвикува размислување за историјата, културата и секојдневниот живот. Проектот може да вклучува и различни интерактивни компоненти кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување. Проектот „Обновени вести“ на Дан Пержовски се фокусира на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива. Замислен како динамична и еволутивна визуелна хроника, која реагира на тековните настани и промените во светот. Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект често вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики, кои на интензивен начин ја истражуваат и визуелизираат комплексноста на современата политика и општество. Дан Пержовски се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување. Со тоа, уметникот ги поттикнува гледачите да размислуваат за информираноста, пропагандата и моќта на медиумите. Дан и Лиа Пержовски учествуваа на групната изложба „Лаф муабет“ (Small Тalk) организирана во МСУ - Скопје, 2001 година. Тие се на листата донатори на колекцијата МСУ-Скопје. Мината година престојуваа во МСУ, каде одржаа предавање на тема „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“ и работилница „Цртање, разговарање и споделување“.

The post Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ appeared first on Република.

]]>
Самостојни изложби на младите уметници Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/samostojni-izlozhbi-na-mladite-umetnitsi-serhat-emrulai-i-nadha-krachunovik-vo-msu/ Mon, 02 Sep 2024 10:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=812237

На 5 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност - Скопје ќе бидат отворени самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници - „Будења“.

Куратори на изложбите се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

Наградата се состои од самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје, која се доделува на двајца автори за нивните дела.

Младиот уметник Емрулаи, на минатогодишното Биенале победи со инсталацијата „Помеѓу“, а уметницата Крачуновиќ е добитник на наградата за видео перформансот „Хидра“.

На 5 септември Серхат Емрулаи самостојно ќе се претстави со инсталацијата „Се селиме на нова локација“.

Тој вешто ја интегрира уникатната архитектура на музејот во личен авторски наратив, претворајќи го просторот во клучна компонента од уметничкото дожувување. Со тоа, посетителите се вовлечени во внимателно трасиран пат преку просторен дизајн, промислено осветлување и симболични материјали, за да се предизвика длабока ангажираност кај посетителите за теми, како родови улоги, економски превирања и демографски промени.

Емрулаи (Германија, Кил, 1989) студирал ликовна педагогија на Академијата за ликовни уметности во Тетово до 2013 година. Во 2016 година, се преселува во Италија и се запишува на Академијата за ликовни уметности во Венеција, каде што првин дипломирал сликарство, а потоа завршил магистерски студии по сликарство на истата академија. Досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, работилници и аукции во Италија, Германија, Албанија и во земјава. Во 2022 година, самостојно има изложувано во Скадар, Албанија, а истата година, на покана од ВизАРТ, учествувал на колективна изложба одржана во Националниот историски музеј на Тирана, каде што е награден за „најдобар современ уметник“.

Наџа Крачуновиќ на 5 септември ќе се претстави со самостојна изложба „Во име на мајка, во презиме на татко“ и со перформанс во живо „Во твое име“. Текстот за перформансот го потпишуваат Наџа Крачуновиќ и Ивана Маричиќ, која и учествува во самата изведба. Костумите за перформансот се на Луна Шаламон и Валентина Венцел.

Таа го испитува музејот како радикално место, каде традицијата се среќава со современиот живот на бракот, како отпор, наместо социјална норма, и меѓугенерацискиот однос мајка-ќерка. Крачуновиќ се занимава со женското наследство од двата родители и нуди стратегии за опстанок во патријархалните општества, кои го третираат актот на бракот, како акт на отпор.

Наџа Крачуновиќ (Србија, Белград, 1996) е мултидисциплинарна уметница која живее и работи во Вајмар, Германија, каде што дипломирала на магистерската програма „Јавна уметност и нови уметнички стратегии“. Комбинирајќи ги медиумите, Крачуновиќ создава дела, специфични за локацијата и контекстот, користејќи измислени наративи, хумор, раскажување, перформативна поезија и сопствениот глас, кои се присутни во нејзините видео перформанси, звучни дела, објекти и писанија. Нејзините дела се занимаваат со секојдневната фикција, како и со просторите и телата што се дел од неа: индивидуални тела, женски тела, алтер его; сцени на јавни простори; и различни општествени конструкти и појави. Со искуство во театарот, креира доживувања што ја водат публиката во светот на протагонистот, секогаш имајќи слатко-горчлива нота. Покрај самостојни изложби во Србија и Германија, Крачуновиќ има изложувано на преку 30 групни изложби низ Европа, а нејзините дела биле изложени во музејот Баухаус во Вајмар и уметничките колекции на Кемниц. Учествувала во многу интердисциплинарни уметнички проекти и работилници, меѓу кои и AirR Free Radicals на Пловечкиот универзитет во Берлин и работилницата Heritage for Communities DAAD (Наследство за заедниците ДААД) во Каиро, Египет. Во 2022 година, таа учествуваше во Документа 15 во рамките на Cooking Conflicts Collective во Касел и на младинското биенале во Белград со „Носталгија по иднината ФМ“, имагинарна, бескрајна радио-станица која ја основа во 2021 година.

The post Самостојни изложби на младите уметници Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ во МСУ appeared first on Република.

]]>

На 5 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност - Скопје ќе бидат отворени самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници - „Будења“. Куратори на изложбите се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски. Наградата се состои од самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје, која се доделува на двајца автори за нивните дела. Младиот уметник Емрулаи, на минатогодишното Биенале победи со инсталацијата „Помеѓу“, а уметницата Крачуновиќ е добитник на наградата за видео перформансот „Хидра“. На 5 септември Серхат Емрулаи самостојно ќе се претстави со инсталацијата „Се селиме на нова локација“. Тој вешто ја интегрира уникатната архитектура на музејот во личен авторски наратив, претворајќи го просторот во клучна компонента од уметничкото дожувување. Со тоа, посетителите се вовлечени во внимателно трасиран пат преку просторен дизајн, промислено осветлување и симболични материјали, за да се предизвика длабока ангажираност кај посетителите за теми, како родови улоги, економски превирања и демографски промени. Емрулаи (Германија, Кил, 1989) студирал ликовна педагогија на Академијата за ликовни уметности во Тетово до 2013 година. Во 2016 година, се преселува во Италија и се запишува на Академијата за ликовни уметности во Венеција, каде што првин дипломирал сликарство, а потоа завршил магистерски студии по сликарство на истата академија. Досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, работилници и аукции во Италија, Германија, Албанија и во земјава. Во 2022 година, самостојно има изложувано во Скадар, Албанија, а истата година, на покана од ВизАРТ, учествувал на колективна изложба одржана во Националниот историски музеј на Тирана, каде што е награден за „најдобар современ уметник“. Наџа Крачуновиќ на 5 септември ќе се претстави со самостојна изложба „Во име на мајка, во презиме на татко“ и со перформанс во живо „Во твое име“. Текстот за перформансот го потпишуваат Наџа Крачуновиќ и Ивана Маричиќ, која и учествува во самата изведба. Костумите за перформансот се на Луна Шаламон и Валентина Венцел. Таа го испитува музејот како радикално место, каде традицијата се среќава со современиот живот на бракот, како отпор, наместо социјална норма, и меѓугенерацискиот однос мајка-ќерка. Крачуновиќ се занимава со женското наследство од двата родители и нуди стратегии за опстанок во патријархалните општества, кои го третираат актот на бракот, како акт на отпор. Наџа Крачуновиќ (Србија, Белград, 1996) е мултидисциплинарна уметница која живее и работи во Вајмар, Германија, каде што дипломирала на магистерската програма „Јавна уметност и нови уметнички стратегии“. Комбинирајќи ги медиумите, Крачуновиќ создава дела, специфични за локацијата и контекстот, користејќи измислени наративи, хумор, раскажување, перформативна поезија и сопствениот глас, кои се присутни во нејзините видео перформанси, звучни дела, објекти и писанија. Нејзините дела се занимаваат со секојдневната фикција, како и со просторите и телата што се дел од неа: индивидуални тела, женски тела, алтер его; сцени на јавни простори; и различни општествени конструкти и појави. Со искуство во театарот, креира доживувања што ја водат публиката во светот на протагонистот, секогаш имајќи слатко-горчлива нота. Покрај самостојни изложби во Србија и Германија, Крачуновиќ има изложувано на преку 30 групни изложби низ Европа, а нејзините дела биле изложени во музејот Баухаус во Вајмар и уметничките колекции на Кемниц. Учествувала во многу интердисциплинарни уметнички проекти и работилници, меѓу кои и AirR Free Radicals на Пловечкиот универзитет во Берлин и работилницата Heritage for Communities DAAD (Наследство за заедниците ДААД) во Каиро, Египет. Во 2022 година, таа учествуваше во Документа 15 во рамките на Cooking Conflicts Collective во Касел и на младинското биенале во Белград со „Носталгија по иднината ФМ“, имагинарна, бескрајна радио-станица која ја основа во 2021 година.  

The post Самостојни изложби на младите уметници Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ во МСУ appeared first on Република.

]]>
Самостојна изложба на младата уметница Наџа Крачуновиќ во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-na-mladata-umetnitsa-nadha-krachunovik-vo-msu/ Fri, 30 Aug 2024 08:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=811446

На 5 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност - Скопје ќе бидат отворени самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници - „Будења“.

Куратори на изложбите се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

Наградата се состои од самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје, која се доделува на двајца автори за нивните дела.

Младиот уметник Емрулаи, на минатогодишното Биенале победи со инсталацијата „Помеѓу“, а младата уметница Крачуновиќ е добитник на наградата за видео перформансот „Хидра“.

Наџа Крачуновиќ на 5 септември ќе се претстави со самостојна изложба „Во име на мајка, во презиме на татко“ и со перформанс во живо „Во твое име“. Текстот за перформансот го потпишуваат Наџа Крачуновиќ и Ивана Маричиќ, која и учествува во самата изведба. Костумите за перформансот се на Луна Шаламон и Валентина Венцел.

Таа го испитува музејот како радикално место, каде традицијата се среќава со современиот живот на бракот, како отпор, наместо социјална норма, и меѓугенерацискиот однос мајка-ќерка. Крачуновиќ се занимава со женското наследство од двата родители и нуди стратегии за опстанок во патријархалните општества, кои го третираат актот на бракот, како акт на отпор.

Наџа Крачуновиќ (Србија, Белград, 1996) е мултидисциплинарна уметница која живее и работи во Вајмар, Германија, каде што дипломирала на магистерската програма „Јавна уметност и нови уметнички стратегии“. Комбинирајќи ги медиумите, Крачуновиќ создава дела, специфични за локацијата и контекстот, користејќи измислени наративи, хумор, раскажување, перформативна поезија и сопствениот глас, кои се присутни во нејзините видео перформанси, звучни дела, објекти и писанија. Нејзините дела се занимаваат со секојдневната фикција, како и со просторите и телата што се дел од неа: индивидуални тела, женски тела, алтер его; сцени на јавни простори; и различни општествени конструкти и појави. Со искуство во театарот, креира доживувања што ја водат публиката во светот на протагонистот, секогаш имајќи слатко-горчлива нота. Покрај самостојни изложби во Србија и Германија, Крачуновиќ има изложувано на преку 30 групни изложби низ Европа, а нејзините дела биле изложени во музејот Баухаус во Вајмар и уметничките колекции на Кемниц. Учествувала во многу интердисциплинарни уметнички проекти и работилници, меѓу кои и AirR Free Radicals на Пловечкиот универзитет во Берлин и работилницата Heritage for Communities DAAD (Наследство за заедниците ДААД) во Каиро, Египет. Во 2022 година, таа учествуваше во Документа 15 во рамките на Cooking Conflicts Collective во Касел и на младинското биенале во Белград со „Носталгија по иднината ФМ“, имагинарна, бескрајна радио-станица која ја основа во 2021 година.

The post Самостојна изложба на младата уметница Наџа Крачуновиќ во МСУ appeared first on Република.

]]>

На 5 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност - Скопје ќе бидат отворени самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници - „Будења“. Куратори на изложбите се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски. Наградата се состои од самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје, која се доделува на двајца автори за нивните дела. Младиот уметник Емрулаи, на минатогодишното Биенале победи со инсталацијата „Помеѓу“, а младата уметница Крачуновиќ е добитник на наградата за видео перформансот „Хидра“. Наџа Крачуновиќ на 5 септември ќе се претстави со самостојна изложба „Во име на мајка, во презиме на татко“ и со перформанс во живо „Во твое име“. Текстот за перформансот го потпишуваат Наџа Крачуновиќ и Ивана Маричиќ, која и учествува во самата изведба. Костумите за перформансот се на Луна Шаламон и Валентина Венцел. Таа го испитува музејот како радикално место, каде традицијата се среќава со современиот живот на бракот, како отпор, наместо социјална норма, и меѓугенерацискиот однос мајка-ќерка. Крачуновиќ се занимава со женското наследство од двата родители и нуди стратегии за опстанок во патријархалните општества, кои го третираат актот на бракот, како акт на отпор. Наџа Крачуновиќ (Србија, Белград, 1996) е мултидисциплинарна уметница која живее и работи во Вајмар, Германија, каде што дипломирала на магистерската програма „Јавна уметност и нови уметнички стратегии“. Комбинирајќи ги медиумите, Крачуновиќ создава дела, специфични за локацијата и контекстот, користејќи измислени наративи, хумор, раскажување, перформативна поезија и сопствениот глас, кои се присутни во нејзините видео перформанси, звучни дела, објекти и писанија. Нејзините дела се занимаваат со секојдневната фикција, како и со просторите и телата што се дел од неа: индивидуални тела, женски тела, алтер его; сцени на јавни простори; и различни општествени конструкти и појави. Со искуство во театарот, креира доживувања што ја водат публиката во светот на протагонистот, секогаш имајќи слатко-горчлива нота. Покрај самостојни изложби во Србија и Германија, Крачуновиќ има изложувано на преку 30 групни изложби низ Европа, а нејзините дела биле изложени во музејот Баухаус во Вајмар и уметничките колекции на Кемниц. Учествувала во многу интердисциплинарни уметнички проекти и работилници, меѓу кои и AirR Free Radicals на Пловечкиот универзитет во Берлин и работилницата Heritage for Communities DAAD (Наследство за заедниците ДААД) во Каиро, Египет. Во 2022 година, таа учествуваше во Документа 15 во рамките на Cooking Conflicts Collective во Касел и на младинското биенале во Белград со „Носталгија по иднината ФМ“, имагинарна, бескрајна радио-станица која ја основа во 2021 година.  

The post Самостојна изложба на младата уметница Наџа Крачуновиќ во МСУ appeared first on Република.

]]>
Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-megunaroden-poetski-miting-vo-msu-zavrshija-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Tue, 27 Aug 2024 06:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=810420

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вечерва заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети.

Вечерва во Музејот на современа уметност, од Струга ја носиме поезијата за да ве допре со убавина - рече Софиа Насевска-Трифуновска на самото отворање на манифестацијата.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата „Т`га за југ“, првпат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“.

Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.

The post Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вечерва заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети.
Вечерва во Музејот на современа уметност, од Струга ја носиме поезијата за да ве допре со убавина - рече Софиа Насевска-Трифуновска на самото отворање на манифестацијата.
Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата „Т`га за југ“, првпат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“. Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.

The post Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Со Меѓународен поетски митинг пред МСУ завршува 63. издание на СВП https://republika.mk/vesti/kultura/so-megunaroden-poetski-miting-pred-msu-zavrshuva-63-izdanie-na-svp/ Mon, 26 Aug 2024 07:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=810133

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје денеска завршува 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа 25 странски и 50-тина домашни поети.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата Т`га за југ, прв пат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на Фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. По што беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“.

Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.

The post Со Меѓународен поетски митинг пред МСУ завршува 63. издание на СВП appeared first on Република.

]]>

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје денеска завршува 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа 25 странски и 50-тина домашни поети. Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата Т`га за југ, прв пат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на Фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. По што беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“. Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.  

The post Со Меѓународен поетски митинг пред МСУ завршува 63. издание на СВП appeared first on Република.

]]>
MакеДокс корзо за загревање во МСУ https://republika.mk/scena/muzika/makedoks-korzo-za-zagrevane-vo-msu/ Tue, 06 Aug 2024 11:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=803867

Во петок во Музејот на современа уметност од 21 часот ќе се одржи пред фестивалското MакеДокс корзо за загревање.

,,Петок отсекогаш бил ден за корзо и добра журка. Затоа овој петок протегнете ги нозете до МСУ и дојдете на игранка со диџеј Шурбе…Секој нека си го донесе шанкот од дома…. А ние ќе се погрижиме за вода, ем ракија, вино и по некое пивце за живце. Да се загрееме за 15ка и за копање емоции низ времето”, се вели во најавата на МакеДокс.

The post MакеДокс корзо за загревање во МСУ appeared first on Република.

]]>

Во петок во Музејот на современа уметност од 21 часот ќе се одржи пред фестивалското MакеДокс корзо за загревање. ,,Петок отсекогаш бил ден за корзо и добра журка. Затоа овој петок протегнете ги нозете до МСУ и дојдете на игранка со диџеј Шурбе…Секој нека си го донесе шанкот од дома…. А ние ќе се погрижиме за вода, ем ракија, вино и по некое пивце за живце. Да се загрееме за 15ка и за копање емоции низ времето”, се вели во најавата на МакеДокс.

The post MакеДокс корзо за загревање во МСУ appeared first on Република.

]]>
Во сеќавање на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, во МСУ проекција на експерименталниот документарен филм „Екран за Скопје“ https://republika.mk/scena/film/vo-sekavane-na-katastrofalniot-skopski-zemjotres-od-1963-godina-vo-msu-proektsija-na-eksperimentalniot-dokumentaren-film-ekran-za-skopje/ Fri, 26 Jul 2024 08:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=800404

Во сеќавање на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, во рамките на МСУ - Летно Кино под тремот ќе го прикажеме експерименталниот документарен филм „Екран за Скопје“ (1988, 31') на полската филмска режисерка, актерка и продуцентка Малгоржата Потоцка.

Проекцијата е закажана за 26 јули, 21 часот, под отворено небо во МСУ.

Влезот е слободен.

Кустос на МСУ - Летно Кино е Софиа Григориаду.

Филмот следи уметници активни во 80тите додека создаваат претстави, акции и јавни интервенции. Дел од нив, како Кристо, Симон Шемов, Петар Мазев и Јержи Трелински донираа свои дела на уметничката колекција на МСУ – Скопје, но вклучени се и други како Јозеф Робаковски, Иван Владислав Галета, Џоан Џонас. Во меѓувреме, две фигури, скриени зад бело платно, разиграно ги водат гледачите низ модернистичкото Скопје.

По проекцијата следи дружење со музика и пијалаци.

Инаку, документарецот кој ќе го прикажеме е дел од изложбата со дела од вредната уметничка колекција на МСУ „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, која беше отворена во Кунстхале Виена и која во моментов е отворена во Националната галерија во Прага.

Благодарност до Филип Димевски и Живко Грозданоски за преводот на македонски.

***
Како започна приказната за МСУ – потсетник на светската солидарност во обновата на постземјотресно Скопје

По земјотресот, Обединетите нации веднаш апелираа за помош на скопјани и меѓудругото, потенцираа: „Покрај материјална штета и многуте човечки жртви, важна е и културата како клучна алка во подигнувањето на духот на скопјани“.

Заедно со Меѓународната асоцијација на уметници, иницираа повик до светски познатите уметници да донираат дела. И тука започнува приказната за нашиот музеј. Следната година по земјотресот, во 1964 година се формира Музејот на современата уметност - Скопје, а објектот, оној кој го познаваме денес се отвора во 1970 година.

На повикот до светски познатите уметници да донираат дела, меѓу првите се пријави Пикасо, кој донираше дело за МСУ - Скопје, а по него и многу други: Дејвид Хокни, Виктор Вазарели, Александар Калдер, Кристо и Жана-Клод, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури... Во знак на солидарност, пристигнуваа вредни подароци во МСУ од целиот свет. Денес, колекцијата од над 5.300 дела е збир на важни личности од историјата на уметноста, од Украина до Јужна Африка, од Чиле до Нов Зеланд.

Повеќе од 35 земји земаат учество во обновата на Скопје, помеѓу нив и Владата на Република Полска, која понудила концепциски проект за изградба на објект од јавен интерес. За проект била избрана изградбата на објектот на Музејот на современата уметност, во кој се сместуваат илјадници уметнички дела подарени од светски познати уметници за граѓаните на разрушеното Скопје. На распишаниот конкурс од Здружението на полските архитекти помеѓу 86 пријавени тимови, победуваат Јежи Мокшињски, Вацлав Клишевски и Еугењуш Вјежбицки, познати под псевдонимот „Тигри“.

Замислата била Музејот да се подигне на највиската точка во срцето на Скопје, видлив од секаде, кој ќе доминира над градската панорама како средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје. Совршено вклопена во конфигурацијата на скопското Кале и опкружена со панорамата на градот, зградата на МСУ е извонреден пример на архитектурата на доцниот модернизам и потсетник на после земјотресната обнова на Скопје.

На 13 ноември, 1970 со говор на Блаже Конески ќе биде отворен Музејот на современата уметност.

Бројните донации на уметнички дела направија МСУ да стане симбол на светската солидарноста, која денес е трајна вредност во колективната меморија на македонската јавност, издигнат над сите поделби: естетски, политички, верски и расни.

The post Во сеќавање на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, во МСУ проекција на експерименталниот документарен филм „Екран за Скопје“ appeared first on Република.

МСУ – Скопје стана член на балканската мрежа на музеи https://republika.mk/vesti/kultura/msu-skopje-stana-chlen-na-balkanskata-mrezha-na-muzei/ Wed, 03 Jul 2024 08:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=792968

Музејот на Современа уметност МСУ – Скопје, стана член на балканската мрежа на музеи каде членуваат околу 100 музеи од Балканот, бројни граѓански организации и 200-тина индивидуалци од културниот сектор.

Мисија на БМН е фокусирана кон музеите на Балканот и подразбира поддршка и развој на креативни лидери во музеите, застапување на социјално одговорни музеи, кои го промовираат учењето и меѓусебната соработка и напредок, исчекор нанапред, користејќи го заедничкото наследство на Балканот, како темел за сегашните и идни генерации.

Балканска мрежа на музеи (БМН) го афирмира, зачувува и споделува комплексното заедничко културно наследство на Балканот и преку меѓусебна соработка ја степенува важноста на музеите.

Визијата на мрежата е да ги промовира музеите како институции за учење, откривање, инспирација и како агенти на социјална промена – во сопственост и под заштита на општеството, отворени за сите.

БМН се обврзува на еднаквост, толеранција, учество, транспарентност и одговорност.

Цели на БМН се: Засилување на музеите и на професионалците во музеите и заштита на наследство во Балканот, Музеите се вредности и се користат како ресурс и стожер во граѓанското општество, БМН е платформа за соработка и колективно застапување на музеите, како институции и луѓето кои работат во нив.

The post МСУ – Скопје стана член на балканската мрежа на музеи appeared first on Република.

]]>

Музејот на Современа уметност МСУ – Скопје, стана член на балканската мрежа на музеи каде членуваат околу 100 музеи од Балканот, бројни граѓански организации и 200-тина индивидуалци од културниот сектор. Мисија на БМН е фокусирана кон музеите на Балканот и подразбира поддршка и развој на креативни лидери во музеите, застапување на социјално одговорни музеи, кои го промовираат учењето и меѓусебната соработка и напредок, исчекор нанапред, користејќи го заедничкото наследство на Балканот, како темел за сегашните и идни генерации. Балканска мрежа на музеи (БМН) го афирмира, зачувува и споделува комплексното заедничко културно наследство на Балканот и преку меѓусебна соработка ја степенува важноста на музеите. Визијата на мрежата е да ги промовира музеите како институции за учење, откривање, инспирација и како агенти на социјална промена – во сопственост и под заштита на општеството, отворени за сите. БМН се обврзува на еднаквост, толеранција, учество, транспарентност и одговорност. Цели на БМН се: Засилување на музеите и на професионалците во музеите и заштита на наследство во Балканот, Музеите се вредности и се користат како ресурс и стожер во граѓанското општество, БМН е платформа за соработка и колективно застапување на музеите, како институции и луѓето кои работат во нив.  

The post МСУ – Скопје стана член на балканската мрежа на музеи appeared first on Република.

]]>
Презентација на словенечката уметница Јасмина Цибиц во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/prezentatsija-na-slovenechkata-umetnitsa-jasmina-tsibits-vo-msu/ Fri, 28 Jun 2024 09:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=791496

Вечерва, 28 јуни (петок) во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, во рамките на Интердисциплинарната програма, презентација ќе има словенечката визуелна уметница Јасмина Цибиц, која живее и работи во Лондон.

Цибиц ќе престојува во Скопје од 25 до 29 јуни, а гостувањето е дел од нејзиниот најнов истражувачки проект во соработка со Музејот на современата уметност – Скопје. Модератор на настанот е кураторот Владимир Јанчевски.

Нејзината презентација во Музејот на современа уметност во Скопје е поврзана со рецентни проекти, реализирани во различни медиуми како филм, скулптура, перформанс и инсталација. Низ нив ја истражува „меката моќ“, преиспитувајќи како политичката реторика се користи преку уметноста и архитектурата. Цибиц особено истражува како културната продукција се користи од државата за да комуницира одредени принципи и аспирации. Преку расплетот на сложените заплеткувања на уметноста, родот и државната моќ, таа ги охрабрува гледачите да ги разгледаат стратегиите употребени во изградбата на националната култура. Нејзиниот повеќеслоен пристап ги обединува примарните извори и историските редимејди, кои ги вплетува во нови наративи. Цибиц игра двојна игра, истовремено декодирајќи ги механизмите на моќта додека гради сопствени алегориски структури. Цибиц ќе претстави преглед на нејзините рецентни дела и истражувачки проекти.

Јасмина Цибиц е словенечка визуелна уметница која живее и работи во Лондон. Таа ја претставуваше Словенија на 55. Биенале во Венеција со нејзиниот проект „За нашата економија и култура“. Добитничка е на наградата „Џарман“ на Филм Лондон (2021), наградата на Биеналето Б3 за подвижни слики (2020) и ги прикажува нејзините филмови во галеријата Вајтчепел, MоMA Њујорк, Лондонскиот филмски фестивал, HKW Берлин, Лувр, Докфест Касел и Меѓународниот фестивал на документарни филмови во Копенхаген, меѓу другите. Неодамнешните изложби на Цибиќ вклучуваат самостојни изложби во Музејот на современа уметност во Загреб, Хај Лајн Њујорк, Музејот на модерната Салцбург, макЛион, Музеј Штуки Лоѓ, Центар за современа уметност Глазгов, Фондацијата Фи Монтреал и БАЛТИК Центарот за современа уметност Гејтсхед. Работата на Цибиќ е претставена и на групни изложби, вклучувајќи ги ИМА Даблин, Биенале Јоѓа, Биеналето во Инсбрук, MAXXI Рим, Мак Белфаст, Архитектонско биенале во Чикаго и Музејот на современа уметност во Белград.

The post Презентација на словенечката уметница Јасмина Цибиц во МСУ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, 28 јуни (петок) во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, во рамките на Интердисциплинарната програма, презентација ќе има словенечката визуелна уметница Јасмина Цибиц, која живее и работи во Лондон. Цибиц ќе престојува во Скопје од 25 до 29 јуни, а гостувањето е дел од нејзиниот најнов истражувачки проект во соработка со Музејот на современата уметност – Скопје. Модератор на настанот е кураторот Владимир Јанчевски. Нејзината презентација во Музејот на современа уметност во Скопје е поврзана со рецентни проекти, реализирани во различни медиуми како филм, скулптура, перформанс и инсталација. Низ нив ја истражува „меката моќ“, преиспитувајќи како политичката реторика се користи преку уметноста и архитектурата. Цибиц особено истражува како културната продукција се користи од државата за да комуницира одредени принципи и аспирации. Преку расплетот на сложените заплеткувања на уметноста, родот и државната моќ, таа ги охрабрува гледачите да ги разгледаат стратегиите употребени во изградбата на националната култура. Нејзиниот повеќеслоен пристап ги обединува примарните извори и историските редимејди, кои ги вплетува во нови наративи. Цибиц игра двојна игра, истовремено декодирајќи ги механизмите на моќта додека гради сопствени алегориски структури. Цибиц ќе претстави преглед на нејзините рецентни дела и истражувачки проекти. Јасмина Цибиц е словенечка визуелна уметница која живее и работи во Лондон. Таа ја претставуваше Словенија на 55. Биенале во Венеција со нејзиниот проект „За нашата економија и култура“. Добитничка е на наградата „Џарман“ на Филм Лондон (2021), наградата на Биеналето Б3 за подвижни слики (2020) и ги прикажува нејзините филмови во галеријата Вајтчепел, MоMA Њујорк, Лондонскиот филмски фестивал, HKW Берлин, Лувр, Докфест Касел и Меѓународниот фестивал на документарни филмови во Копенхаген, меѓу другите. Неодамнешните изложби на Цибиќ вклучуваат самостојни изложби во Музејот на современа уметност во Загреб, Хај Лајн Њујорк, Музејот на модерната Салцбург, макЛион, Музеј Штуки Лоѓ, Центар за современа уметност Глазгов, Фондацијата Фи Монтреал и БАЛТИК Центарот за современа уметност Гејтсхед. Работата на Цибиќ е претставена и на групни изложби, вклучувајќи ги ИМА Даблин, Биенале Јоѓа, Биеналето во Инсбрук, MAXXI Рим, Мак Белфаст, Архитектонско биенале во Чикаго и Музејот на современа уметност во Белград.  

The post Презентација на словенечката уметница Јасмина Цибиц во МСУ appeared first on Република.

]]>
Документарецот „20 дена во Мариупол“ вечер во Музејот на современа уметност https://republika.mk/vesti/kultura/dokumentaretsot-20-dena-vo-mariupol-vecher-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/ Thu, 27 Jun 2024 09:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=791219

Фондациите Отворено општество - Западен Балкан организираат проекција на документарецот „20 дена во Мариупол", добитник на „Оскар“ за документарен филм во 2024 година, информираат организаторите на настанот.

Документарецот ќе може да се погледне вечер од 21 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.

Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарен филм е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината. Филмот е на Мстислав Чернов, носител на „Пулицерова награда“ од 2023 година и претседател на Украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на „Асошиејтедпрес“ и „Фронтлајн“, се наведува во соопштението.

The post Документарецот „20 дена во Мариупол“ вечер во Музејот на современа уметност appeared first on Република.

]]>

Фондациите Отворено општество - Западен Балкан организираат проекција на документарецот „20 дена во Мариупол", добитник на „Оскар“ за документарен филм во 2024 година, информираат организаторите на настанот. Документарецот ќе може да се погледне вечер од 21 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.
Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарен филм е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината. Филмот е на Мстислав Чернов, носител на „Пулицерова награда“ од 2023 година и претседател на Украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на „Асошиејтедпрес“ и „Фронтлајн“, се наведува во соопштението.
 
The post Документарецот „20 дена во Мариупол“ вечер во Музејот на современа уметност appeared first on Република.

]]>
Меѓународна изложба и тридневен симпозиум „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/megunarodna-izlozhba-i-tridneven-simpozium-kukata-shto-se-raspaga-vo-muzej-na-makedonija/ Mon, 24 Jun 2024 14:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=790338

Во организација на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ ќе се одржи меѓународна изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“ од 27 до 29 јуни во Музејот на Македонија.

„Изложбата и симпозиумот ‘Куќата што се распаѓа’ нашироко говорат за политиките на просторот и промените во градовите во однос на интересите на различните структури на моќ, односот кон заедничкото наследство, како и идентитетот на колективноста и грижата на градовите – заедничка и меѓузависна“, велат организаторите.

Настанот ќе започне од 20 часот со изложба на уметниците Вини Хербстајн, Филип Јовановски и Ану Вахтра, курирана од Ивана Васева.

Додека пак, во петок (28 јуни) од 20 часот предавање ќе одржи Ола Хасанaин која, како што истакнуваат од организација, доаѓа од Картум и Амстердам и нејзините уметнички истражувања примарно се фокусира на просторна писменост преку идејата за „просторот како дискурс“.

По предавањето ќе следи дискусија со Марјока де Гриф и Анастасија Пандиловска од Амстердам од организацијата „Suns and Stars“ и Ивана Васева од Скопје, кураторката на изложбата, истражувачка и програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, кокуратор на АКТО фестивалот за современи уметности и куратор во Музејот на современа уметност во Скопје.

Понатаму, ќе следи прикажување на филмовите „Папагало, колку е часот?“ (2022) и „Јас, исто така, гледам“ (2024) од Ингел Ваикла и „Пари за ништо“ (2021) од Феликс Мелија, а по филмовите ќе има куси разговори со двајцата уметници.

Вториот ден од настанот ќе се заокружи со селекција на филмови „Создавачите на светските пазари“ (2001) и „Во споредба“ (2009) од Харун Фароки.

„Филмовите ги комбинираат темите за јавен и приватен простор, подвижните тела меѓу цврстите ѕидови и начинот на кој ги перципираме, се движиме и живееме во нашите средини“, забележуваат организаторите.

Во саботата, на третиот ден од настанот, од 19 часот започнува колективна перформативна проба/обиколка низ градот Скопје насловена како „Градот е јавност“ со водич како дел од Лабораторијата за перформативно просторно истражување „Градот како сцена“, како дел од Архитектонскиот факултет во Скопје.

По ова следува јавната рефлексија на идното сценарио за театарска претстава за градот во Музеј на Македонија, а настанот ќе се заокружи во 22 часот со музичка програма.

Инаку, изложбата и симпозиумот се организирани во рамки на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“ поддржан од Европската Унија.

The post Меѓународна изложба и тридневен симпозиум „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија appeared first on Република.

]]>

Во организација на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ ќе се одржи меѓународна изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“ од 27 до 29 јуни во Музејот на Македонија. „Изложбата и симпозиумот ‘Куќата што се распаѓа’ нашироко говорат за политиките на просторот и промените во градовите во однос на интересите на различните структури на моќ, односот кон заедничкото наследство, како и идентитетот на колективноста и грижата на градовите – заедничка и меѓузависна“, велат организаторите. Настанот ќе започне од 20 часот со изложба на уметниците Вини Хербстајн, Филип Јовановски и Ану Вахтра, курирана од Ивана Васева. Додека пак, во петок (28 јуни) од 20 часот предавање ќе одржи Ола Хасанaин која, како што истакнуваат од организација, доаѓа од Картум и Амстердам и нејзините уметнички истражувања примарно се фокусира на просторна писменост преку идејата за „просторот како дискурс“. По предавањето ќе следи дискусија со Марјока де Гриф и Анастасија Пандиловска од Амстердам од организацијата „Suns and Stars“ и Ивана Васева од Скопје, кураторката на изложбата, истражувачка и програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, кокуратор на АКТО фестивалот за современи уметности и куратор во Музејот на современа уметност во Скопје. Понатаму, ќе следи прикажување на филмовите „Папагало, колку е часот?“ (2022) и „Јас, исто така, гледам“ (2024) од Ингел Ваикла и „Пари за ништо“ (2021) од Феликс Мелија, а по филмовите ќе има куси разговори со двајцата уметници. Вториот ден од настанот ќе се заокружи со селекција на филмови „Создавачите на светските пазари“ (2001) и „Во споредба“ (2009) од Харун Фароки. „Филмовите ги комбинираат темите за јавен и приватен простор, подвижните тела меѓу цврстите ѕидови и начинот на кој ги перципираме, се движиме и живееме во нашите средини“, забележуваат организаторите. Во саботата, на третиот ден од настанот, од 19 часот започнува колективна перформативна проба/обиколка низ градот Скопје насловена како „Градот е јавност“ со водич како дел од Лабораторијата за перформативно просторно истражување „Градот како сцена“, како дел од Архитектонскиот факултет во Скопје. По ова следува јавната рефлексија на идното сценарио за театарска претстава за градот во Музеј на Македонија, а настанот ќе се заокружи во 22 часот со музичка програма. Инаку, изложбата и симпозиумот се организирани во рамки на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“ поддржан од Европската Унија.  

The post Меѓународна изложба и тридневен симпозиум „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија appeared first on Република.

]]>
Оскареовецот ,,20 дена во Мариупол” во МСУ во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/oskareovetsot-20-dena-vo-mariupol-vo-msu-vo-skopje/ Thu, 20 Jun 2024 08:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=789222

На 27 ми јуни во 21.00 часот во Музејот на современа уметност во Скопје ќе се одржи проекција на документарецот “20 дена во Мариупол”, добитник на Оскар за документарен филм во 2024 година.

Во рамки на изложбата „Украина: Воено злосторство“, која е поставена во Мала станица, овој моќен филм ја продолжува нашата посветеност за прикажување на суровата вистина со која се соочуваат луѓето погодени од војната. Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарец е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината.

Проекцијата е поддржана од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан и e дел од активностите во рамки на изложбата Украина: Воено злосторство“,базирана на истоимената книга издадена од Fotoevidence.

The post Оскареовецот ,,20 дена во Мариупол” во МСУ во Скопје appeared first on Република.

]]>

На 27 ми јуни во 21.00 часот во Музејот на современа уметност во Скопје ќе се одржи проекција на документарецот “20 дена во Мариупол”, добитник на Оскар за документарен филм во 2024 година. Во рамки на изложбата „Украина: Воено злосторство“, која е поставена во Мала станица, овој моќен филм ја продолжува нашата посветеност за прикажување на суровата вистина со која се соочуваат луѓето погодени од војната. Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарец е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината. Проекцијата е поддржана од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан и e дел од активностите во рамки на изложбата Украина: Воено злосторство“,базирана на истоимената книга издадена од Fotoevidence.  

The post Оскареовецот ,,20 дена во Мариупол” во МСУ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Меѓународен симпозиум во МСУ за еколошките и егзистенцијални кризи и уметноста како инструмент за опстанок https://republika.mk/vesti/kultura/megunaroden-simpozium-vo-msu-za-ekoloshkite-i-egzistentsijalni-krizi-i-umetnosta-kako-instrument-za-opstanok/ Mon, 10 Jun 2024 08:05:18 +0000 https://republika.mk/?p=786053

Денеска, како дел од интердисциплинарната програма во Музејот на современата уметност  Скопје, од 10-17 часот, ќе се одржи голем Меѓународен симпозиум насловен ,ЗЕМЈАТА КОЈА СЕ ПРОМИСЛУВА ПОСТОЈАНО - КРЕАТИВЕН ГЕОФИЛОЗОФСКИ ПАТОПИС“.

Преку комбинирање на научен и уметнички пристап, излагачите ќе ги преиспитаат комплексните релации и траектории на земјиниот систем, како и која е УЛОГАТА НА УМЕТНОСТА во насока на создавање модели на перцепција, кои информираат, спознаваат и откриваат делови и состојби од земјата, кои за многумина се невидливи, менувајќи ги спознанијата за неа и за нејзиниот опстанок.

Оттаму, соочувајќи се со актуелните еколошки кризи и егзистенцијални закани, произлегува неопходноста за уметност, која треба да биде нашиот инструмент за опстанок и преиспитување, или за една нова „филозофија на земјата“.

Меѓу повеќето учесници на овој симпозиум се и Тошија Уено, професор на Катедрата за транскултурни студии на Универзитетот „Вако“ во Токио, Јапонија, Алекс Таек-Гванг Ли, професор на Универзитетот „Кјунг Хи“ во Јужна Кореа, Кристина Коскентола, визуелна уметница од Финска, Рик Долфијн, универзитетски професор од Утрехт, Холандија, Ирена Чаврилска, универзитетска професорка од Гдањск, Полска, Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ – Скопје и други.

Во рамки на симпозиумот предвидени се и студентски презентации од Универзитетот Утрехт во Холандија, и Факулетот за ликовни уметности од Скопје.

Преку реализација на овoj меѓународен симпозиум, МСУ – Скопје, преземa важна институционална улога во воспоставување соработки со универзитети, музеи и уметнички центри и во промовирање серија важни нови интердисциплинарни пристапи кон актуелните предизвици денес“, вели Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ.

Целта е проектот да создаде услови за квалитативна размена на знаења, соработки и ангажирана уметничка продукцијакако суштински средства за генерирање ангажиран однос кон климатските промени и еколошките предизвици.

Целната група на симпозиумот се новите генерации уметници, експерти, истражувачи, студенти, активисти и членови на невладини организации ширум земјава.

 Влезот за еднодневниот симпозиум е слободен.

The post Меѓународен симпозиум во МСУ за еколошките и егзистенцијални кризи и уметноста како инструмент за опстанок appeared first on Република.

Филмска ноќ во МСУ https://republika.mk/scena/film/filmska-nok-vo-msu/ Fri, 07 Jun 2024 11:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=785498

Меѓу присуство и отсуство | Телата во егзил често се сметаат за одвишни, на кои им се пристапува со воопштувачки, обесхрабрувачки претстави на опасност или на сожалување, преку технологии на надзор или со филантропски кампањи. Двата избрани филма го пренесуваат искуството на режисерите како прекаријатни субјекти во ситуации каде кревкоста доаѓа до израз, а тие сепак продолжуваат, истрајуваат, размислуваат и сонуваат. Независно од тоа дали чекаат заробени во водата или во сивите простории за азил, двата филма евоцираат водно чувство, апстрактна визија за реалноста, временско продолжување кое е во контраст со ургентноста на доживеаните ситуации.

Далеку сме од Амфиоксус, Камал Џафари, 2019, Германија, 16 мин.

Една старица се наведнува кон младичот со жолтата книга што седи до неа и го прашува: „Што делат овде?“; „Броеви“, одговара тој. Во чекалните во Берлин, каде металните и дрвените седишта се заковани на земја, луѓето пристигнуваат откако ќе излезат од морињата. Тука чекаат. Краткиот филм на Камал Џафари го разрушува времето, доведувајќи ја во прашање смислата на животот во систем во кој човештвото е сведено на бројка, а вредноста на нечија иднина се мери со апликации низ сиви ходници. Овој надреален филм го набљудува потеклото на нашето битие наспроти иднината на тоа како нè дефинираат. Далеку сме од Амфиокус, сите дојдовме оттаму.

Виолетово Море, Амел Алзакут и Калед Абдулвахед 2020, Германија, 67 мин.

„Гледам сè“, вели таа, како да е проклетство. Сјајна сончевина, чисто сино небо. Морето е мирно, врамено со парче ограда. Мирен момент – ако се занемари тоа дека морето стои исправено, вертикално, како водопад. Наплив од слики: исукување, ничкосување, тресење. Луѓе во чамецот, луѓе во водата, врисоци, елеци за спасување, свирежи за итен случај. И веќе нема хоризонт, нема небо, ни горе ни долу: само длабочина, без нешто за што би се задржале. Дури и текот на времето запира, се згрчува во бруталната сегашност. Таа снима и зборува. Да се победи уморот, студот, фактот дека помош не доаѓа. Да се победи умирачката, само за нешто да остане.

Проекцијата ќе биде во јужната тераса на музејот во четвртoк, (13/06/2024), 21 часот.

Филмовите се предложени од Делфин Лекас, која курира програми за прикажување, уметнички изложби и мултидисциплинарни настани за фестивали, уметнички организации и музеи низ Европа и на Блискиот Исток. Таа беше уметничка директорка на „Rencontres internationales des cinémas arabes“ (Марсеј, 2016-2020). Коосновачка е на непрофитната организација AIN (Париз, 2008) што се фокусира на современи уметници од арапскиот свет. Во Дамаск (1998-2011) раководела со културната програма во Францускиот културен центар и со изложбената програма за манифестацијата „Дамаск, арапска престолнина на културата“. Неодамна нејзината патувачка програма „Којзнае што ќе донесе вчера?“ во соработка со locus athens, беше прикажан на Македокс, во МСУ Скопје.

The post Филмска ноќ во МСУ appeared first on Република.

]]>

Меѓу присуство и отсуство | Телата во егзил често се сметаат за одвишни, на кои им се пристапува со воопштувачки, обесхрабрувачки претстави на опасност или на сожалување, преку технологии на надзор или со филантропски кампањи. Двата избрани филма го пренесуваат искуството на режисерите како прекаријатни субјекти во ситуации каде кревкоста доаѓа до израз, а тие сепак продолжуваат, истрајуваат, размислуваат и сонуваат. Независно од тоа дали чекаат заробени во водата или во сивите простории за азил, двата филма евоцираат водно чувство, апстрактна визија за реалноста, временско продолжување кое е во контраст со ургентноста на доживеаните ситуации. Далеку сме од Амфиоксус, Камал Џафари, 2019, Германија, 16 мин. Една старица се наведнува кон младичот со жолтата книга што седи до неа и го прашува: „Што делат овде?“; „Броеви“, одговара тој. Во чекалните во Берлин, каде металните и дрвените седишта се заковани на земја, луѓето пристигнуваат откако ќе излезат од морињата. Тука чекаат. Краткиот филм на Камал Џафари го разрушува времето, доведувајќи ја во прашање смислата на животот во систем во кој човештвото е сведено на бројка, а вредноста на нечија иднина се мери со апликации низ сиви ходници. Овој надреален филм го набљудува потеклото на нашето битие наспроти иднината на тоа како нè дефинираат. Далеку сме од Амфиокус, сите дојдовме оттаму. Виолетово Море, Амел Алзакут и Калед Абдулвахед 2020, Германија, 67 мин. „Гледам сè“, вели таа, како да е проклетство. Сјајна сончевина, чисто сино небо. Морето е мирно, врамено со парче ограда. Мирен момент – ако се занемари тоа дека морето стои исправено, вертикално, како водопад. Наплив од слики: исукување, ничкосување, тресење. Луѓе во чамецот, луѓе во водата, врисоци, елеци за спасување, свирежи за итен случај. И веќе нема хоризонт, нема небо, ни горе ни долу: само длабочина, без нешто за што би се задржале. Дури и текот на времето запира, се згрчува во бруталната сегашност. Таа снима и зборува. Да се победи уморот, студот, фактот дека помош не доаѓа. Да се победи умирачката, само за нешто да остане. Проекцијата ќе биде во јужната тераса на музејот во четвртoк, (13/06/2024), 21 часот. Филмовите се предложени од Делфин Лекас, која курира програми за прикажување, уметнички изложби и мултидисциплинарни настани за фестивали, уметнички организации и музеи низ Европа и на Блискиот Исток. Таа беше уметничка директорка на „Rencontres internationales des cinémas arabes“ (Марсеј, 2016-2020). Коосновачка е на непрофитната организација AIN (Париз, 2008) што се фокусира на современи уметници од арапскиот свет. Во Дамаск (1998-2011) раководела со културната програма во Францускиот културен центар и со изложбената програма за манифестацијата „Дамаск, арапска престолнина на културата“. Неодамна нејзината патувачка програма „Којзнае што ќе донесе вчера?“ во соработка со locus athens, беше прикажан на Македокс, во МСУ Скопје.  

The post Филмска ноќ во МСУ appeared first on Република.

]]>
Вечерва во МСУ- Скопје се отвора самостојна изложба на Албан Муја https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-msu-skopje-se-otvora-samostojna-izlozhba-na-alban-muja/ Fri, 07 Jun 2024 10:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=785478

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста на Албан Муја. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски.

Албан Муја (1980, Република Косово) создава видео инсталации, филмови, цртежи, слики, фотографии и јавни уметнички дела под влијание на тековните процеси на општествена, политичка и економска трансформација во неговото родно Косово и на Балканот. Преку својата пракса ја истражува историјата и општествено-политичките теми, поврзувајќи ги со неговата моментална позиција во Косово.

Изложбата на Албан Муја во МСУ-Скопје прикажува избор од неговите дела во периодот од 2016 до 2023 година. Замислена како обид за поврзување на комплементарни дела, кои ја прикажуваат и критички ја опсервираат споделената состојба и нашите заедничка засегнатост преку границите, изложбата е фокусирана на секојдневието и на искуството на ситуација на принудна транзиција и продолжена неизвесност.

Уметничката практика на Албан Муја истражува различни аспекти на структурите, кои ги дефинираат националните, идеолошките, идентитетските и егзистенцијални прашања, кои не се толку очигледни. Неговите дела се повеќе од само едноставно претставување и раскажување, фокусирајќи се, исто така, на улогата што сликите и медиумите ја имаат во конструирањето и обликувањето на доминантиот наратив, односот кон идентитетот и историјата. Некои од проектите на Муја се фокусираат на нетипични згради, како што се скромните семејни куќи, кои неконтролирано се издигнуваат над покривите. Навлегувајќи во анализирање на овој неконвенционален градски пејзаж и урбаната стагнација и контурите кои се развиваат, Муја создава мапа на градот, којашто истовремено сведочи за потфрлањето на системот, како и за индивидуалниот „креативен“ пристап кон проблемот.

Во динамичен свет кој е дефиниран со постојана промена, феноменот на нашите општества заглавени се во навидум бескрајна транзиција. Граници, бариери, ѕидови, видливи и невидливи, градење, изградба, обнова, дупки и рабови во законот, или на друго место, транзиција, трансформација, надминување, сѐ се тоа работи што нè опишуваат и одредуваат.

Муја го отсликува и коментира современото општество и неговите тешкотии во многу специфичен геополитички контекст. Употребувајќи критичка позиција во комбинација со иронија и духовитост, неговите уметнички дела се справуваат со горчината на геополитичкиот, општествениот и уметничкиот систем. Имплицирајќи поглед и збир на структурни односи, географски и територијални, уметникот го свртува вниманието кон народите од овој регион - дома, како и во нивните заедници во странство, традиционално вкоренети во градежните работи, феноменот на мигрантскиот труд и проблемот да се биде лишен од социјални алатки, економска и правна сигурност, вели кураторот Јанчевски.

Муја има прикажано дела и идеи на различни самостојни и групни изложби, вклучително и филмски фестивали и Павилјонот на Република Косово на 58-то Венециско биенале. На Павилјонот, тој ја претстави триканалната видео-инсталација наречена „Семеен албум“ која навлегува во личните и колективните сеќавања на Косовската војна (1998-1999) и ја доведува во прашање улогата што сликите и медиумите ја играат во конструирањето и обликувањето на наративот, идентитетот и историјата во време на конфликт.

Албан Муја  и е познат на македонската јавност, бидејќи во последната деценија тој учествуваше во неколку значајни изложби, меѓу кои и неговата прва самостојна изложба „Именување“ во 2014 година, курирана од Владимир Јанчевски (SIA - Агенција за сериозни интереси, Скопје), како и меѓународната групна изложба „Сè што ни e заедничко“ во 2018 година, курирана од Јованка Попова и Мира Гаќина (МСУ-Скопје).

The post Вечерва во МСУ- Скопје се отвора самостојна изложба на Албан Муја appeared first on Република.