МСУ Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/msu-skopje/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 07:48:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МСУ Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/msu-skopje/ 32 32 Пикасо, Мартиноски, Вазарели, од денеска се во Прага и заедно со чешки уметници ќе бидат претставени на изложбата на МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/pikaso-martinoski-vazareli-od-deneska-se-vo-praga-i-zaedno-so-cheshki-umetnitsi-ke-bidat-pretstaveni-na-izlozhbata-na-msu/ Thu, 21 Mar 2024 07:48:02 +0000 https://republika.mk/?p=756862

Дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, денеска ќе бидат претставени во Националната галерија во Прага. Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје", првично беше прикажана минатата година во Кунстхале, Виена.

Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од Националната галерија – Прага, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам.

Од вкупната уметничка колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, од МСУ информираат дека во Виена биле изложени 94 дела, како и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на МСУ.

Колекцијата на МСУ – Скопје е толку безвремена и актуелна, фокусирана на темата за солидарноста, за која веруваме дека треба да заживее и денес. Поставката носи нова перспектива за историјата на повоената модерна уметност и ќе бидат изложени дела од значајни западни уметници кои вообичаено не можеме да ги видиме во Чешка, како, Дејвид Хокни и Ники де Сент Фал, а во исто време публиката ќе има прилика да погледне дела од „незападните“ уметници како Марија Бономи и Вифредо Лам. Паралелно, изложбата е проширена и вклучува уметнички дела од чехословачки уметници, кои не беа изложени на претходната изложба во Виена, вели кураторот Радослав Исток од Националната галерија во Прага.

Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.

Поканети се и студенти по скулптура од Академијата за ликовни уметности во Прага, кои преку интерактивно студио ќе создадат дела, кои се испреплетуваат со историските настани на Скопје и денешните природни и воени катастрофи, кои честопати се искривуваат во медиумите, наведува МСУ во најавата.

The post Пикасо, Мартиноски, Вазарели, од денеска се во Прага и заедно со чешки уметници ќе бидат претставени на изложбата на МСУ appeared first on Република.

]]>

Дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, денеска ќе бидат претставени во Националната галерија во Прага. Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје", првично беше прикажана минатата година во Кунстхале, Виена. Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од Националната галерија – Прага, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам. Од вкупната уметничка колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, од МСУ информираат дека во Виена биле изложени 94 дела, како и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на МСУ.
Колекцијата на МСУ – Скопје е толку безвремена и актуелна, фокусирана на темата за солидарноста, за која веруваме дека треба да заживее и денес. Поставката носи нова перспектива за историјата на повоената модерна уметност и ќе бидат изложени дела од значајни западни уметници кои вообичаено не можеме да ги видиме во Чешка, како, Дејвид Хокни и Ники де Сент Фал, а во исто време публиката ќе има прилика да погледне дела од „незападните“ уметници како Марија Бономи и Вифредо Лам. Паралелно, изложбата е проширена и вклучува уметнички дела од чехословачки уметници, кои не беа изложени на претходната изложба во Виена, вели кураторот Радослав Исток од Националната галерија во Прага.
Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.
Поканети се и студенти по скулптура од Академијата за ликовни уметности во Прага, кои преку интерактивно студио ќе создадат дела, кои се испреплетуваат со историските настани на Скопје и денешните природни и воени катастрофи, кои честопати се искривуваат во медиумите, наведува МСУ во најавата.

The post Пикасо, Мартиноски, Вазарели, од денеска се во Прага и заедно со чешки уметници ќе бидат претставени на изложбата на МСУ appeared first on Република.

]]>
По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага https://republika.mk/vesti/kultura/po-kunsthale-viena-izlozhbata-niedno-chuvstvo-ne-e-konechno-kolektsija-na-solidarnosta-msu-skopje-se-otvora-vo-praga/ Tue, 12 Mar 2024 08:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=753854

На 21 март, во Националната галерија во Прага ќе биде отворена патувачката изложба „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје.

Ова големо претставување првично е резултат на соработката меѓу МСУ – Скопје и Кунстхале Виена. Кураторскиот тим „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката го сочинуваат: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин.

Вака конципирана изложбата за првпат беше отворена во април минатата година во престижниот простор Кунстхале Виена (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри.

Поставката за солидарно Скопје со дела кои светски познатите уметници ги подарија на МСУ, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, за девет месеци во Кунстхале ја видоа повеќе од 75 000 илјади посетители, а само на отворањето преку 1000.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј.

„Изложбата со дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје не само што обезбедува синергија на новосоздадени дела на осум уметници со дела од колекцијата, туку ги истражува и начините на кои одредени дела од збирката можат да прикажуваат нови идеи, значења и адресирање на актуелните општествени и уметнички предизвици. Поаѓајќи од овие размислувања, треба да се согледа дека колекцијата на МСУ е од големо значење за изложби кои имаат за цел да ги обноват претставите за солидарноста, како и да ја инспирираат нашата имагинација за тоа што би можело да се направи денес“, вели Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ - Скопје.

Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата беше да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучуваат и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои, исто така, направија избор дела од колекцијата на МСУ и кои ќе бидат поставени во корелација со нивните авторски дела.

Покрај нив поканета беше и светски познатата фотографка Елфи Семотан (Виена), која направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ. Дополнително, од писателката Барби Марковиќ (Виена) - позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност, напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје.

Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шеила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Гетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Орсолиа Дроздик и многу други.

Изложбата во Прага ќе биде отворена до 29 септември оваа година.

Оваа изложба претставува еден од најкомплексните патувачки проекти на МСУ – Скопје во изминативе 40 години и е дел од одбележувањето на јубилејот 60 години од основањето на Музејот на современата уметност-Скопје.

The post По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага appeared first on Република.

]]>

На 21 март, во Националната галерија во Прага ќе биде отворена патувачката изложба „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Ова големо претставување првично е резултат на соработката меѓу МСУ – Скопје и Кунстхале Виена. Кураторскиот тим „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката го сочинуваат: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин. Вака конципирана изложбата за првпат беше отворена во април минатата година во престижниот простор Кунстхале Виена (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри. Поставката за солидарно Скопје со дела кои светски познатите уметници ги подарија на МСУ, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, за девет месеци во Кунстхале ја видоа повеќе од 75 000 илјади посетители, а само на отворањето преку 1000. Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј.
„Изложбата со дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје не само што обезбедува синергија на новосоздадени дела на осум уметници со дела од колекцијата, туку ги истражува и начините на кои одредени дела од збирката можат да прикажуваат нови идеи, значења и адресирање на актуелните општествени и уметнички предизвици. Поаѓајќи од овие размислувања, треба да се согледа дека колекцијата на МСУ е од големо значење за изложби кои имаат за цел да ги обноват претставите за солидарноста, како и да ја инспирираат нашата имагинација за тоа што би можело да се направи денес“, вели Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ - Скопје.
Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата беше да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучуваат и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои, исто така, направија избор дела од колекцијата на МСУ и кои ќе бидат поставени во корелација со нивните авторски дела. Покрај нив поканета беше и светски познатата фотографка Елфи Семотан (Виена), која направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ. Дополнително, од писателката Барби Марковиќ (Виена) - позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност, напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје. Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шеила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Гетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Орсолиа Дроздик и многу други. Изложбата во Прага ќе биде отворена до 29 септември оваа година. Оваа изложба претставува еден од најкомплексните патувачки проекти на МСУ – Скопје во изминативе 40 години и е дел од одбележувањето на јубилејот 60 години од основањето на Музејот на современата уметност-Скопје.

The post По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага appeared first on Република.

]]>
Се отвора шестата по ред годишна изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/se-otvora-shestata-po-red-godishna-izlozhba-se-shto-ni-e-zaednichko-vo-msu-skopje/ Mon, 16 Oct 2023 07:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=691535

Во петок на 20 октомври, во Музејот на современата уметност – Скопје, во 20 часот ќе биде отворена меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“, составена од дела на уметници кои се во потрага по заемни мрежи на поддршка, исклучително потребни во состојби на општа несигурност, со намера да го отстранат прекаријатниот општествено конструиран дискурс и неговите манифестации во контекст на глобалните сегашни и историски неправди.
Кураторкa на изложбата е Јованка Попова.

Уметници чии дела ќе бидат изложени во оваа поставка се: Дарко Алексовски (Македонија) , Мерием Бенани (Мaроко/САД) и Ориан Барки (Израел/САД), Јакуп Фери (Косово/Холандија), Игор Грубиќ (Хрватска/Италија), Капвани Киванга (Канада /Франција), Илија Прокопиев (Македонија/Словенија), Зорица Зафировска (Македонија), Дриант Зенели (Албанија/Италија) и Лана Чмајчанин (Босна и Херцеговина/Австрија).

Изложбата третира теми од низа историски и современи случувања, вклучувајќи глобални конфликти, родова експлоатација, колонијализам, расизам, нехуман третман кон мигрантите, суровост врз животните, здравствени кризни состојби, индивидуални и колективни состојби на кршливост и кревкост. Ставен е нагласок на тоа како овие настани, процеси и ситуации продуцираат нееднаква динамика на моќ, насилство и штета врз маргинализираните, но и потреба да се најде начин за излез надвор од рамките на личното и политичкото затвореништво“, вели кураторката Јованка Попова.

Изложбата го нагласува и сомнежот кон апсолутизмот на антропоцентризмот како масовно моќен концепт, а и кон специфичните истории на неправди што ги крие. Политички и чувствено ги открива сложените вкрстени мрежи на ранливост и вина што постојат меѓу нас, другите видови и меѓу луѓето од минатото, сегашноста и оние кои допрва доаѓаат.

Во она што се нарекува шок од антропоцентричност, уметниците размислуваат за генерирање на нови политички аргументи, нови наративи, нови јазици и нови начини на уметничко ангажирање, за итно преиспитување на човечкиот и нечовечкиот живот надвор од воспоставените стандарди за вреднување и однесување.

Како резултат на тоа, изложбата има за цел да го истражи „колаборативниот опстанок“ развиен преку уметнички дела во кои антропоцентричното размислување се помирува во имагинација и наратив за преживување, следејќи различни форми на поврзување, зависности и симбиози за заемно спасување.

Истовремено, ја испитува грижата како интимна врска што ги вкрстува социјалното и политичкото, субјективноста и солидарноста во рамките на емоциите, политиката, екологијата и заедницата.

Дизајнот на плакатот е на Илиана Петрушевска, инспириран од типографијата „Архетип отворена форма“ на Христина Иваноска.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерство на култура на Македонија.

The post Се отвора шестата по ред годишна изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје appeared first on Република.

]]>

Во петок на 20 октомври, во Музејот на современата уметност – Скопје, во 20 часот ќе биде отворена меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“, составена од дела на уметници кои се во потрага по заемни мрежи на поддршка, исклучително потребни во состојби на општа несигурност, со намера да го отстранат прекаријатниот општествено конструиран дискурс и неговите манифестации во контекст на глобалните сегашни и историски неправди. Кураторкa на изложбата е Јованка Попова. Уметници чии дела ќе бидат изложени во оваа поставка се: Дарко Алексовски (Македонија) , Мерием Бенани (Мaроко/САД) и Ориан Барки (Израел/САД), Јакуп Фери (Косово/Холандија), Игор Грубиќ (Хрватска/Италија), Капвани Киванга (Канада /Франција), Илија Прокопиев (Македонија/Словенија), Зорица Зафировска (Македонија), Дриант Зенели (Албанија/Италија) и Лана Чмајчанин (Босна и Херцеговина/Австрија).
Изложбата третира теми од низа историски и современи случувања, вклучувајќи глобални конфликти, родова експлоатација, колонијализам, расизам, нехуман третман кон мигрантите, суровост врз животните, здравствени кризни состојби, индивидуални и колективни состојби на кршливост и кревкост. Ставен е нагласок на тоа како овие настани, процеси и ситуации продуцираат нееднаква динамика на моќ, насилство и штета врз маргинализираните, но и потреба да се најде начин за излез надвор од рамките на личното и политичкото затвореништво“, вели кураторката Јованка Попова.
Изложбата го нагласува и сомнежот кон апсолутизмот на антропоцентризмот како масовно моќен концепт, а и кон специфичните истории на неправди што ги крие. Политички и чувствено ги открива сложените вкрстени мрежи на ранливост и вина што постојат меѓу нас, другите видови и меѓу луѓето од минатото, сегашноста и оние кои допрва доаѓаат. Во она што се нарекува шок од антропоцентричност, уметниците размислуваат за генерирање на нови политички аргументи, нови наративи, нови јазици и нови начини на уметничко ангажирање, за итно преиспитување на човечкиот и нечовечкиот живот надвор од воспоставените стандарди за вреднување и однесување. Како резултат на тоа, изложбата има за цел да го истражи „колаборативниот опстанок“ развиен преку уметнички дела во кои антропоцентричното размислување се помирува во имагинација и наратив за преживување, следејќи различни форми на поврзување, зависности и симбиози за заемно спасување. Истовремено, ја испитува грижата како интимна врска што ги вкрстува социјалното и политичкото, субјективноста и солидарноста во рамките на емоциите, политиката, екологијата и заедницата. Дизајнот на плакатот е на Илиана Петрушевска, инспириран од типографијата „Архетип отворена форма“ на Христина Иваноска. Изложбата е финансиски поддржана од Министерство на култура на Македонија.  

The post Се отвора шестата по ред годишна изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје appeared first on Република.

]]>
МСУ – Скопје е партнерска институција на проектот „EUBalkans“ кој се одржа во Париз https://republika.mk/vesti/kultura/msu-skopje-e-partnerska-institutsija-na-proektot-eubalkans-koj-se-odrzha-vo-pariz/ Sat, 01 Jul 2023 12:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=657099

Музејот на современата уметност – Скопје, како партнерска институција на проектот „Долгорочни културни партнерства за дијалог Западен Балкан – Европа – Култура“, финансиран од програмата Креативна Европа е дел од првата серија трансдисциплинарни семинари, кој се одржува на 30 јуни и 1 јули во Париз, Франција.

Освен МСУ, останати партнерски институции и организации во проектот се: Ecole nationale supérieure des arts de Paris, Фондацијата Art Explora (Франција / Албанија) и Иницијативата за орална историја на Косово.

Семинарот е посветен на културната сцена на Западен Балкан, во чии рамки, предавање на тема „Солидарност, доблест на 21-от век“ имаше директорката на МСУ – Скопје, Мира Гаќина. На иницијатива на МСУ и како дел од програмските активности на музејот на семинарот презентации имаа и македонските уметници: Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ и Наташа Неделкова. Модератор на предавањата беше кустос Јованка Попова од МСУ.

“Приказната за МСУ и донацијата на дела од светски познати уметници по скопскиот земјотрес во 1963 година започнува во Њујорк, но нејзиниот оперативен почеток е тука, во Париз“, рече Гаќина.„Франција ја покажа на дело солидарноста кон Скопје и од културен аспект. Додека останатите донации од светот беа главно помош за станбени капацитети, здравствена заштита и образование, Скопје доби Француски културен центар кој половина век ја збогатува нашата културна сцена. Во исто време Жан Касу, тогашниот директор на Музејот на современата уметност на Град Париз, му помогнал на првиот млад директор на МСУ – Скопје, др. Борис Петковски да воспостави контакт со париската сцена од тоа време. Така, Калдер, Пикасо, Вазарели и Сулаж беа меѓу првите уметници, кои воспоставија контакт со нашиот музеј и подарија дела, а листата е обемна и импресивна, истакна Гаќина.

Уметничкиот колорит на делата, кои се дел од колекцијата на МСУ, како резултат на светската донација, се потврда за хетерогеноста на светската уметничка сцена.

Денес, МСУ има за цел уште еднаш да ја преиспита својата општествена улога и важноста на колекционирање и ангажирање светски познати и реномирани уметници, како нов современ бран на солидарна акција. Солидарноста како мотив, повторно е неопходна во глобалното општество на 21 век“, заклучи директорката на МСУ.

Целта на овие настани е да се поттикне циркулацијата на уметници, истражувачи и двигатели од сферата на уметноста меѓу Западен Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и истражувања.

Проектот насловен „EUBalkans“ претставува уметнички дијалог помеѓу партнерите од ЕУ и од Западен Балкан со цел да се креира иновативна културна програма заснована на меѓународна соработка.

Дводневната програмата на настанот се состои од: средби со уметници, перформанси, конференции, работилници, проекции и читања, кои се однесуваат на решавање на главните општествени, територијални и климатски прашања како: урбани и климатски трансформации, прашања поврзани со територии, граници и миграциски процеси, видливост на маргинализираните заедници и зачувување на нивното знаење, собирање и пренос на усни и писмени архиви и поддршка и ширење на современите уметнички практики.

Следејќи трансдисциплинарен пристап, „EUBalkans“ ќе ја зајакне циркулацијата на уметниците, уметничките практики и меѓународното творештво и во рамките на Западен Балкан, во Европската унија и другите делови од светот, во согласност со целите на повикот Креативна Европа, овозможувајќи уметничко истражување и дисеминација, уметнички резиденции, магистерска и истражувачка програма за Западен Балкан, фестивал за перформанс и трансдисциплинарен семинар, програми и активности на Западен Балкан со долгорочна перспектива.

Проектот спроведен од фондацијата Арт Експлора, Националното училиште за уметности од Париз-Серги, Музејот на современа уметност – Скопје и Иницијативата за орална историја – Приштина, предвидува реализација на семинари кои ќе се одржуваат до 2025 година во Париз, Приштина, Тирана и Скопје.

The post МСУ – Скопје е партнерска институција на проектот „EUBalkans“ кој се одржа во Париз appeared first on Република.

]]>

Музејот на современата уметност – Скопје, како партнерска институција на проектот „Долгорочни културни партнерства за дијалог Западен Балкан – Европа – Култура“, финансиран од програмата Креативна Европа е дел од првата серија трансдисциплинарни семинари, кој се одржува на 30 јуни и 1 јули во Париз, Франција. Освен МСУ, останати партнерски институции и организации во проектот се: Ecole nationale supérieure des arts de Paris, Фондацијата Art Explora (Франција / Албанија) и Иницијативата за орална историја на Косово. Семинарот е посветен на културната сцена на Западен Балкан, во чии рамки, предавање на тема „Солидарност, доблест на 21-от век“ имаше директорката на МСУ – Скопје, Мира Гаќина. На иницијатива на МСУ и како дел од програмските активности на музејот на семинарот презентации имаа и македонските уметници: Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ и Наташа Неделкова. Модератор на предавањата беше кустос Јованка Попова од МСУ.
“Приказната за МСУ и донацијата на дела од светски познати уметници по скопскиот земјотрес во 1963 година започнува во Њујорк, но нејзиниот оперативен почеток е тука, во Париз“, рече Гаќина.„Франција ја покажа на дело солидарноста кон Скопје и од културен аспект. Додека останатите донации од светот беа главно помош за станбени капацитети, здравствена заштита и образование, Скопје доби Француски културен центар кој половина век ја збогатува нашата културна сцена. Во исто време Жан Касу, тогашниот директор на Музејот на современата уметност на Град Париз, му помогнал на првиот млад директор на МСУ – Скопје, др. Борис Петковски да воспостави контакт со париската сцена од тоа време. Така, Калдер, Пикасо, Вазарели и Сулаж беа меѓу првите уметници, кои воспоставија контакт со нашиот музеј и подарија дела, а листата е обемна и импресивна, истакна Гаќина.
Уметничкиот колорит на делата, кои се дел од колекцијата на МСУ, како резултат на светската донација, се потврда за хетерогеноста на светската уметничка сцена.
Денес, МСУ има за цел уште еднаш да ја преиспита својата општествена улога и важноста на колекционирање и ангажирање светски познати и реномирани уметници, како нов современ бран на солидарна акција. Солидарноста како мотив, повторно е неопходна во глобалното општество на 21 век“, заклучи директорката на МСУ.
Целта на овие настани е да се поттикне циркулацијата на уметници, истражувачи и двигатели од сферата на уметноста меѓу Западен Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и истражувања. Проектот насловен „EUBalkans“ претставува уметнички дијалог помеѓу партнерите од ЕУ и од Западен Балкан со цел да се креира иновативна културна програма заснована на меѓународна соработка. Дводневната програмата на настанот се состои од: средби со уметници, перформанси, конференции, работилници, проекции и читања, кои се однесуваат на решавање на главните општествени, територијални и климатски прашања како: урбани и климатски трансформации, прашања поврзани со територии, граници и миграциски процеси, видливост на маргинализираните заедници и зачувување на нивното знаење, собирање и пренос на усни и писмени архиви и поддршка и ширење на современите уметнички практики. Следејќи трансдисциплинарен пристап, „EUBalkans“ ќе ја зајакне циркулацијата на уметниците, уметничките практики и меѓународното творештво и во рамките на Западен Балкан, во Европската унија и другите делови од светот, во согласност со целите на повикот Креативна Европа, овозможувајќи уметничко истражување и дисеминација, уметнички резиденции, магистерска и истражувачка програма за Западен Балкан, фестивал за перформанс и трансдисциплинарен семинар, програми и активности на Западен Балкан со долгорочна перспектива. Проектот спроведен од фондацијата Арт Експлора, Националното училиште за уметности од Париз-Серги, Музејот на современа уметност – Скопје и Иницијативата за орална историја – Приштина, предвидува реализација на семинари кои ќе се одржуваат до 2025 година во Париз, Приштина, Тирана и Скопје.

The post МСУ – Скопје е партнерска институција на проектот „EUBalkans“ кој се одржа во Париз appeared first on Република.

]]>
Вечерва во МСУ се отвора изложбата „Дефрагментација“ со дела од донирани од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-msu-se-otvora-izlozhbata-defragmentatsija-so-dela-od-donirani-od-umetnitsi-od-cheshka-ungarija-polska-i-slovachka/ Tue, 13 Jun 2023 08:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=650756

Во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Ќе бидат изложени 96 дела од 86 уметници. Изложбата е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност - Скопје. Куратори на изложбата се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

На оваа изложба која претставува и одбележување на 60-годишнината од скопскиот земјотрес ќе биде претставен избор од слики, скулптури и графики, кои се создавани во текот на 20-от век, поточно во периодот од 1905 до 1989 година и претставуваат репрезентативен преглед на достигнувањата во уметноста на повеќе генерации уметници од земјите од Централна Европа.

Како што велат и самите куратори, изложбата е потсетување на светската солидарност, концепт на кој се темели МСУ, а степенувањето на важноста на меѓународната соработка е основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици.

После подолго време пошироката јавност ќе има прилика да види некои од значајните дела од колекцијата на МСУ-Скопје, заедно со архивски материјали, кои се однесуваат на изложби и донациите. Kонцептот за солидарност на кој се темели МСУ е особено важен денес, во време на воени судири кои го обременуваат нашето секојдневие во современиот свет. Затоа, сметаме дека е многу важно постојаното потсетување за важноста на меѓународната соработка, која е основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици“, потенцираат Јанчевски и Варошанец.

Во колекцијата на МСУ Скопје се чуваат вкупно 5291 дела, помеѓу кои и 22 дела од 11 уметници од Словачка, 56 дела од 27 уметници од Унгарија, 266 дела од 105 уметници Чешка и 224 дела од 136 уметници од Полска. И квантитативно, но и квалитативно делата од овие колекции претставуваат суштински дела од колекцијата и основниот концепт врз кој се темели МСУ.

Соработници на проектот се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Дизајнот на промотивниот материјал е на Илиана Петрушевска. Изложбата е реализирана со финансиска поддршка на Амбасадите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка во Република Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 15 септември 2023 година.

The post Вечерва во МСУ се отвора изложбата „Дефрагментација“ со дела од донирани од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка appeared first on Република.

]]>

Во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Ќе бидат изложени 96 дела од 86 уметници. Изложбата е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност - Скопје. Куратори на изложбата се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. На оваа изложба која претставува и одбележување на 60-годишнината од скопскиот земјотрес ќе биде претставен избор од слики, скулптури и графики, кои се создавани во текот на 20-от век, поточно во периодот од 1905 до 1989 година и претставуваат репрезентативен преглед на достигнувањата во уметноста на повеќе генерации уметници од земјите од Централна Европа. Како што велат и самите куратори, изложбата е потсетување на светската солидарност, концепт на кој се темели МСУ, а степенувањето на важноста на меѓународната соработка е основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици.
После подолго време пошироката јавност ќе има прилика да види некои од значајните дела од колекцијата на МСУ-Скопје, заедно со архивски материјали, кои се однесуваат на изложби и донациите. Kонцептот за солидарност на кој се темели МСУ е особено важен денес, во време на воени судири кои го обременуваат нашето секојдневие во современиот свет. Затоа, сметаме дека е многу важно постојаното потсетување за важноста на меѓународната соработка, која е основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици“, потенцираат Јанчевски и Варошанец.
Во колекцијата на МСУ Скопје се чуваат вкупно 5291 дела, помеѓу кои и 22 дела од 11 уметници од Словачка, 56 дела од 27 уметници од Унгарија, 266 дела од 105 уметници Чешка и 224 дела од 136 уметници од Полска. И квантитативно, но и квалитативно делата од овие колекции претставуваат суштински дела од колекцијата и основниот концепт врз кој се темели МСУ. Соработници на проектот се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Дизајнот на промотивниот материјал е на Илиана Петрушевска. Изложбата е реализирана со финансиска поддршка на Амбасадите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка во Република Македонија. Изложбата ќе биде отворена до 15 септември 2023 година.  

The post Вечерва во МСУ се отвора изложбата „Дефрагментација“ со дела од донирани од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка appeared first on Република.

]]>
Утре бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство https://republika.mk/vesti/kultura/utre-besplaten-vlez-vo-msu-skopje-po-povod-svetskiot-den-na-kulturnoto-nasledstvo/ Mon, 17 Apr 2023 09:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=631378

Влезот во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ) утре ќе биде бесплатен за сите посетители по повод 18 Април, Светскиот ден на културното наследство. Музејот ќе работи во своите редовни термини од 10 до 17 часот, информираат од установата.

Земајќи го предвид значењето и заштитата на културното наследство, овој ден, кој се одбележува секаде низ светот, меѓу другото ја степенува и важноста во подигнувањето на свеста кај граѓаните од сите возрасни групи, ставајќи акцент на младите од средношколската возраст, велат од МСУ.

Во МСУ – Скопје во тек е меѓународното 14.Биенале на млади уметници „Будења“, каде може да се погледнат дела од 38 млади уметници. Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

Годинашната тема „Будења“ се осврнува кон процесите на соочување и мечтаење и има за цел да ги поттикне младите автори да ги изразат своите размислувања, не/сигурности, не/согласувања, не/задоволства, мечти и амбиции при соочувањето со личните и општествените промени. Темата на Биеналето има за цел да го истражи и претстави процесот и промената, дејството и почетокот – оттаму, будењата како одговор на прашањата: Како младите уметници кои излегуваат од границите на семејството и образовната институција се соочуваат со општествените проблеми и предизвици? Што прават младите кога ќе се разбудат во свет во кој не се заштитени како порано? Како сонуваат во свет кој по тригодишна изолација конечно ги отвора вратите за уметничко изразување и дејствување?, посочуваат од МСУ.

Порачуваат дека напуштањето на комфорната зона при завршувањето на образованието или осамостојувањето од семејството, почетокот или промената на кариера или, пак, наметнатите околности, кои произлегоа од глобалната пандемија и рестрикциите, го носат во себе аспектот на двојството. Од една страна, нивното настанување е ограничувачко, а од друга, нивниот процес е ослободувачки.

The post Утре бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство appeared first on Република.

Светски познатиот уметнички тандем Дан и Лиа Пержовски гости на МСУ Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/svetski-poznatiot-umetnichki-tandem-dan-i-lia-perzhovski-gosti-na-msu-skopje/ Tue, 04 Apr 2023 07:57:39 +0000 https://republika.mk/?p=627002

Уметничкиот тандем Дан и Лиа Пержовски, кој преку цртежи ги потполнува ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен, за првпат доаѓа во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес.

Познатиот уметник чие изразно средство е цртежот Дан Пержовски, за првпат ќе биде гостин во Музејот на современата уметност заедно со Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница.

Утре, на 5 април во 19 часот, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат предавање во МСУ насловено „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“. Влезот е слободен за сите оние кои сакаат да ја искористат оваа ретка можност да го запознаат одблиску уметничкиот тандем. Предавањето се реализира во рамките на Интердисциплинарната програма на МСУ - Скопје.

На 6 април во 12 часот во МСУ – Скопје, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат и работилница на тема „Цртање, разговарање и споделување“.

Ден Пержовски е светски познат автор кој го користи цртежот преку бројни форми, цртежи на ѕид, цртачки перформанси, активистички цртеж, уметнички книги, проекти изведени во јавен простор, печатење и независно издаваштво. Пержовски преку своите цртежи, ја адресира важноста на бројни општествени теми, како што се актуелните воени, финансиски и мигрантски кризи, проблемите поврзани со комуникацијата денес, политичките уредувања, како и прашања поврзани со современата уметност.Пержовски го трансформираше цртежот во медиум за информации и политички коментари. Изразувајќи сложени идеи преку брзо направени цртежи, инсталациите на Дан сугерираат како уметноста, или уметничкиот цртеж може да биде ангажиран.

Дан најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како оние во Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што ги создаваше пред очите на посетителите. Друга изложба на Пержовски пак е нацртана на ѕидовите од португалска банка и се состои од стрип цртежи, кои се однесуваат на повеќе европски прашања како што е прифаќањето на Романија во ЕУ и легализацијата на абортусот во Португалија. Неговата работа ги одразува, над се, човечките прашања, и општествените односи.

Пержовски има реализирано бројни самостојни изложби во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија.

Лиа Пержовски е истражувачка, уредничка и концептуална уметница. Таа е основач на неколку платформи и институции како „CCA“ - архивата за современа уметност Букурешт и „КМ“ - Музејот на знаењето, како и „TSK“ – Телескопскиот простор на знаењето. Лиа Пержовски има реализирано самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Париз, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.

The post Светски познатиот уметнички тандем Дан и Лиа Пержовски гости на МСУ Скопје appeared first on Република.

]]>

Уметничкиот тандем Дан и Лиа Пержовски, кој преку цртежи ги потполнува ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен, за првпат доаѓа во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес. Познатиот уметник чие изразно средство е цртежот Дан Пержовски, за првпат ќе биде гостин во Музејот на современата уметност заедно со Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница. Утре, на 5 април во 19 часот, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат предавање во МСУ насловено „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“. Влезот е слободен за сите оние кои сакаат да ја искористат оваа ретка можност да го запознаат одблиску уметничкиот тандем. Предавањето се реализира во рамките на Интердисциплинарната програма на МСУ - Скопје. На 6 април во 12 часот во МСУ – Скопје, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат и работилница на тема „Цртање, разговарање и споделување“. Ден Пержовски е светски познат автор кој го користи цртежот преку бројни форми, цртежи на ѕид, цртачки перформанси, активистички цртеж, уметнички книги, проекти изведени во јавен простор, печатење и независно издаваштво. Пержовски преку своите цртежи, ја адресира важноста на бројни општествени теми, како што се актуелните воени, финансиски и мигрантски кризи, проблемите поврзани со комуникацијата денес, политичките уредувања, како и прашања поврзани со современата уметност.Пержовски го трансформираше цртежот во медиум за информации и политички коментари. Изразувајќи сложени идеи преку брзо направени цртежи, инсталациите на Дан сугерираат како уметноста, или уметничкиот цртеж може да биде ангажиран. Дан најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како оние во Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што ги создаваше пред очите на посетителите. Друга изложба на Пержовски пак е нацртана на ѕидовите од португалска банка и се состои од стрип цртежи, кои се однесуваат на повеќе европски прашања како што е прифаќањето на Романија во ЕУ и легализацијата на абортусот во Португалија. Неговата работа ги одразува, над се, човечките прашања, и општествените односи. Пержовски има реализирано бројни самостојни изложби во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија. Лиа Пержовски е истражувачка, уредничка и концептуална уметница. Таа е основач на неколку платформи и институции како „CCA“ - архивата за современа уметност Букурешт и „КМ“ - Музејот на знаењето, како и „TSK“ – Телескопскиот простор на знаењето. Лиа Пержовски има реализирано самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Париз, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.

The post Светски познатиот уметнички тандем Дан и Лиа Пержовски гости на МСУ Скопје appeared first on Република.

]]>
Се отвора 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/se-otvora-14-megunarodno-bienale-na-mladi-umetnitsi-vo-msu/ Mon, 03 Apr 2023 07:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=626460

На 6 април (четврток), во 20 часот ќе биде отворено 14.Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ (Awakenings) во Музејот на современата уметност – Скопје.

Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

На изложбата ќе земат учество 38 млади уметници од земјава и од странство: Џем А (Германија), Ујхази Адриен (Унгарија, Србија), Шофу Вонг (Австралија), Милена Галици (Италија, Белгија), Габриеле Гандини (Италија), Елена Гелева (Р.Македонија), Ринор Даути (Косово), Надица Дојкоска (Р.Македонија), Серхат Емрулаи (Р.Македонија), Клелија Живковиќ (Р.Македонија), Ана Јовановска (Р.Македонија), Јован Јосифовски (Р.Македонија), Аријана Кадиќ (Црна Гора), Јулија Кастелучи (Р.Македонија), Лумтурие Крашники (Косово), Наџа Крачуновиќ (Србија), Герта Ксаферај (Албанија), Милан Кујунџиќ (Србија), Ана Лехбаумер (Австрија), Ана Ликар (Словенија), Јулија Манојловска (Р.Македонија), Симона Манчева (Р.Македонија), Николо Масини (Италија), Фатима Моалим (Шведска), Малина Монча (Романија), Сара Мускалу (Романија), Јана Николовска (Р.Македонија), Жозефин Остлунд (Шведска), Чади Реда (Швајцарија), Ананда Серне (Норвешка), Ива Станковска (Р.Македонија), Сара Танасковиќ (Србија), Игор Таневски (Р.Македонија), Славица Танеска (Р.Македонија), Мануел Този (Австрија), Ана Трајковска (Р.Македонија), Јируи Фанг (Италија) и Риџет Ферати (Р.Македонија).

Годинашната тема „Будења“ се осврнува кон процесите на соочување и мечтаење и има за цел да ги поттикне младите автори да ги изразат своите размислувања, не/сигурности, не/согласувања, не/задоволства, мечти и амбиции при соочувањето со личните и општествените промени. Темата на Биеналето има за цел да го истражи и претстави процесот и промената, дејството и почетокот – оттаму, будењата како одговор на прашањата: Како младите уметници кои излегуваат од границите на семејството и образовната институција се соочуваат со општествените проблеми и предизвици? Што прават младите кога ќе се разбудат во свет во кој не се заштитени како порано? Како сонуваат во свет кој по тригодишна изолација конечно ги отвора вратите за уметничко изразување и дејствување?. Напуштањето на комфорната зона при завршувањето на образованието или осамостојувањето од семејството, почетокот или промената на кариера или пак наметнатите околности, кои произлегоа од глобалната пандемија и рестрикциите, го носат во себе аспектот на двојството. Од една страна, нивното настанување е ограничувачко, а од друга, нивниот процес е ослободувачки, вели кураторскиот тим.

Биеналето има за цел да го насочи вниманието на стручната и пошироката јавност кон делата на новите имиња од локалната и меѓународната уметничка сцена, да ги поддржи и поттикне креативните иницијативи на уметниците од новите генерации и да создаде услови за нивно јавно претставување и развој на современата уметничка сцена. Покрај тоа што учесниците во проектот имаат можност да создадат врски и да воспостават креативен ангажман со професионалната ликовна заедница, Биеналето обезбедува простор за претставување на современите стратегии на млади уметници и на нови уметнички практики, форми и јазици во повеќеслојните области на уметноста денес. Биеналето ја потенцира и важноста од создавање алтернативен едукативен центар кој генерира знаење, го помага етаблирањето на нови уметници на современата уметничка сцена и ги препознава и развива нивните потенцијали.

Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура на  Македонија и со поддршка на Амбасадaта на Кралството на Шведска во Скопје и Амбасадата на Република Италија во Скопје.

The post Се отвора 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ appeared first on Република.

]]>

На 6 април (четврток), во 20 часот ќе биде отворено 14.Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ (Awakenings) во Музејот на современата уметност – Скопје. Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски. На изложбата ќе земат учество 38 млади уметници од земјава и од странство: Џем А (Германија), Ујхази Адриен (Унгарија, Србија), Шофу Вонг (Австралија), Милена Галици (Италија, Белгија), Габриеле Гандини (Италија), Елена Гелева (Р.Македонија), Ринор Даути (Косово), Надица Дојкоска (Р.Македонија), Серхат Емрулаи (Р.Македонија), Клелија Живковиќ (Р.Македонија), Ана Јовановска (Р.Македонија), Јован Јосифовски (Р.Македонија), Аријана Кадиќ (Црна Гора), Јулија Кастелучи (Р.Македонија), Лумтурие Крашники (Косово), Наџа Крачуновиќ (Србија), Герта Ксаферај (Албанија), Милан Кујунџиќ (Србија), Ана Лехбаумер (Австрија), Ана Ликар (Словенија), Јулија Манојловска (Р.Македонија), Симона Манчева (Р.Македонија), Николо Масини (Италија), Фатима Моалим (Шведска), Малина Монча (Романија), Сара Мускалу (Романија), Јана Николовска (Р.Македонија), Жозефин Остлунд (Шведска), Чади Реда (Швајцарија), Ананда Серне (Норвешка), Ива Станковска (Р.Македонија), Сара Танасковиќ (Србија), Игор Таневски (Р.Македонија), Славица Танеска (Р.Македонија), Мануел Този (Австрија), Ана Трајковска (Р.Македонија), Јируи Фанг (Италија) и Риџет Ферати (Р.Македонија).
Годинашната тема „Будења“ се осврнува кон процесите на соочување и мечтаење и има за цел да ги поттикне младите автори да ги изразат своите размислувања, не/сигурности, не/согласувања, не/задоволства, мечти и амбиции при соочувањето со личните и општествените промени. Темата на Биеналето има за цел да го истражи и претстави процесот и промената, дејството и почетокот – оттаму, будењата како одговор на прашањата: Како младите уметници кои излегуваат од границите на семејството и образовната институција се соочуваат со општествените проблеми и предизвици? Што прават младите кога ќе се разбудат во свет во кој не се заштитени како порано? Како сонуваат во свет кој по тригодишна изолација конечно ги отвора вратите за уметничко изразување и дејствување?. Напуштањето на комфорната зона при завршувањето на образованието или осамостојувањето од семејството, почетокот или промената на кариера или пак наметнатите околности, кои произлегоа од глобалната пандемија и рестрикциите, го носат во себе аспектот на двојството. Од една страна, нивното настанување е ограничувачко, а од друга, нивниот процес е ослободувачки, вели кураторскиот тим.
Биеналето има за цел да го насочи вниманието на стручната и пошироката јавност кон делата на новите имиња од локалната и меѓународната уметничка сцена, да ги поддржи и поттикне креативните иницијативи на уметниците од новите генерации и да создаде услови за нивно јавно претставување и развој на современата уметничка сцена. Покрај тоа што учесниците во проектот имаат можност да создадат врски и да воспостават креативен ангажман со професионалната ликовна заедница, Биеналето обезбедува простор за претставување на современите стратегии на млади уметници и на нови уметнички практики, форми и јазици во повеќеслојните области на уметноста денес. Биеналето ја потенцира и важноста од создавање алтернативен едукативен центар кој генерира знаење, го помага етаблирањето на нови уметници на современата уметничка сцена и ги препознава и развива нивните потенцијали. Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура на  Македонија и со поддршка на Амбасадaта на Кралството на Шведска во Скопје и Амбасадата на Република Италија во Скопје.  

The post Се отвора 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ appeared first on Република.

]]>
Голема изложба на Музејот на современата уметност – Скопје во Кунстхале, Виена https://republika.mk/vesti/kultura/golema-izlozba-na-muzejot-na-sovremenata-umetnost-skopje-vo-kunsthale-viena/ Thu, 06 Oct 2022 07:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=557839

Во почетокот на следната година во престижниот простор Кунстхале (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри во срцето на Виена на 1.000 метри квадратни ќе биде претставена за првпат селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност - Скопје.

Концептот предвидува 8 меѓународни уметници да направат своја селекција од колекцијата и да осмислат поставка со која ќе воспостават дијалог помеѓу овие дела и нивната работа. Идејата е да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку уметничката солидарност. Дел од изложбата ќе биде и документарна секција за Скопје, трансформацијата на градот и приказната за МСУ-Скопје и неговата колекција. Тоа значи дека во една од европските метрополи и најпознати уметнички центри ќе бидат афирмирани и драгоцената збирка на МСУ и градот Скопје.

Уметници, кои веќе избираат дела од колекцијата на МСУ – Скопје со кои ќе воспостават дијалог помеѓу делата и нивната работа се: Брук Ендру (Австралија), Јане Чаловски (Македонија), Христина Ивановска (Македонија), Синиша Илиќ (Србија), Иман Иса (Австрија) и Ѓулсун Карамустафа (Турција). Уметница, која создава фотографии од Скопје и МСУ е Елфи Семотан (Австрија), и уметница, која прави патопис низ градот и музејот е Барби Марковиќ (Србија).

Досега во посета на Скопје и МСУ беа најголемиот дел од уметниците, кои веќе започнаа со фотографирање и избор на дела од уметничката колекција на музејот. Присуството на Брук Ендру и Иман Иса во МСУ - Скопје, покрај нивните обврски врзани со претстојната изложба, МСУ го искористи да одржат и „Artist talk“ за поширока публика. За време на својот престој во МСУ, Синиша Илиќ ја истражуваше колекцијата и правеше избор на дела, додека Барби Марковиќ, во своите истражувања за музејот и Скопје, собираше информации, кои понатаму ќе и послужат околу креирање пишани тeкстови поврзани за изложбата. Неодамна во посета на МСУ беше и Елфи Семотан, една од најреспектибилните и најпознати фотографки на денешницата, која направи фотографии од нашиот музеј и од неколку клучни локации на Скопје.

Уметничката директорка на Кунстхале Виена, Сабина Саболовиќ, веќе два пати беше во работна посета во Музејот на современата уметност – Скопје, каде, заедно со директорката на музејот, Мира Гаќина и дел од кураторскиот тим работеа на подготовки за овој голем проект. Неодамна пак, директорката на МСУ, Гаќина, заедно со тим куратори беше во возвратна работна посета на музејот Кунстхале, каде со тамошниот стручен тим го разгледаа просторот, каде ќе бидат поставени делата од уметничката колекција на МСУ.

Во Кунстхале имавме неколку работни средби на кои разговаравме за овој амбициозен проект. Кураторскиот тим на оваа важна институција и неколку меѓународно признаени уметници, претходно веќе беа во МСУ – Скопје, каде почнаа да ја прават селекцијата, за тоа, кои од значајните дела на нашата колекција ќе бидат изложени следната година во Кунстхале. Она на што работиме сега е да видиме и каков е интересот за гостување на овој проект и во други сродни музеи низ Европа и пошироко. Важно е да се знае дека ова ново читање на нашата колекција ќе и биде претставено и на нашата публика, по завршувањето на изложбата во Кунстхале во Виена. Нашите активности врзани за промовирање на колекцијата на МСУ предизвикаа и реакција кај значајни современи уметници, кои одлучија да донираат свои дела на МСУ: Ахмет Огут, Јонас Стаал, Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, колективот Шчо делат, Таниа Бругера и други. Се работи за едни од водечките уметници на светската уметничка сцена денес“, вели Гаќина.

The post Голема изложба на Музејот на современата уметност – Скопје во Кунстхале, Виена appeared first on Република.

]]>

Во почетокот на следната година во престижниот простор Кунстхале (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри во срцето на Виена на 1.000 метри квадратни ќе биде претставена за првпат селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност - Скопје. Концептот предвидува 8 меѓународни уметници да направат своја селекција од колекцијата и да осмислат поставка со која ќе воспостават дијалог помеѓу овие дела и нивната работа. Идејата е да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку уметничката солидарност. Дел од изложбата ќе биде и документарна секција за Скопје, трансформацијата на градот и приказната за МСУ-Скопје и неговата колекција. Тоа значи дека во една од европските метрополи и најпознати уметнички центри ќе бидат афирмирани и драгоцената збирка на МСУ и градот Скопје. Уметници, кои веќе избираат дела од колекцијата на МСУ – Скопје со кои ќе воспостават дијалог помеѓу делата и нивната работа се: Брук Ендру (Австралија), Јане Чаловски (Македонија), Христина Ивановска (Македонија), Синиша Илиќ (Србија), Иман Иса (Австрија) и Ѓулсун Карамустафа (Турција). Уметница, која создава фотографии од Скопје и МСУ е Елфи Семотан (Австрија), и уметница, која прави патопис низ градот и музејот е Барби Марковиќ (Србија). Досега во посета на Скопје и МСУ беа најголемиот дел од уметниците, кои веќе започнаа со фотографирање и избор на дела од уметничката колекција на музејот. Присуството на Брук Ендру и Иман Иса во МСУ - Скопје, покрај нивните обврски врзани со претстојната изложба, МСУ го искористи да одржат и „Artist talk“ за поширока публика. За време на својот престој во МСУ, Синиша Илиќ ја истражуваше колекцијата и правеше избор на дела, додека Барби Марковиќ, во своите истражувања за музејот и Скопје, собираше информации, кои понатаму ќе и послужат околу креирање пишани тeкстови поврзани за изложбата. Неодамна во посета на МСУ беше и Елфи Семотан, една од најреспектибилните и најпознати фотографки на денешницата, која направи фотографии од нашиот музеј и од неколку клучни локации на Скопје. Уметничката директорка на Кунстхале Виена, Сабина Саболовиќ, веќе два пати беше во работна посета во Музејот на современата уметност – Скопје, каде, заедно со директорката на музејот, Мира Гаќина и дел од кураторскиот тим работеа на подготовки за овој голем проект. Неодамна пак, директорката на МСУ, Гаќина, заедно со тим куратори беше во возвратна работна посета на музејот Кунстхале, каде со тамошниот стручен тим го разгледаа просторот, каде ќе бидат поставени делата од уметничката колекција на МСУ.