МРТ Archives - Република https://republika.mk/tema/mrt/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 17:48:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МРТ Archives - Република https://republika.mk/tema/mrt/ 32 32 Алтернатива: Груби инсталирал политички комесар во МРТ кој седи на состаноците во редакцијата на албански јазик, а работи Министерството за политички систем https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-grubi-instaliral-politichki-komesar-vo-mrt-koj-sedi-na-sostanotsite-vo-redaktsijata-na-albanski-jazik-a-raboti-ministerstvoto-za-politichki-sistem/ Thu, 30 Nov 2023 17:48:35 +0000 https://republika.mk/?p=718115

Како што сме запознаени од внатрешни извори на информативниот сервис МРТ, на состаноците на колегиумот на редакцијата на вториот канал, поточно на програмата на албански јазик, постојано учествува едно лице кое е вработено во едно министерство, кое го претставиле како советник на директорот Марјан Цветковски, дури и како заменик директор, пишува партијата Алтернатива во соопштение.

„Според информациите со кои располагаме ние, апострофираното лице е вработено во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Поради ова јавно го прашуваме министерот Артан Груби, кое е ова лице и што бара на состаноците на МРТ?

Покрај него, и главната уредничка на вториот канал, Мерита Гаши, треба да одговори кој е овој емисар на Артан Груби таму и со каква улога се меша во МРТ. Овде сакаме да ја потсетиме јавноста дека учеството на луѓето од политиката на состаноците на јавниот сервис е скандалозно и забрането со закон.

После оваа констатација, не можеме а да не заклучиме дека првиот вицепремиер на казината и игрите на среќа, според примерот на Гебелс, се претвора и во министер за Пропаганда, со намера да ја контролира и информативната политика на јавниот сервис, за кој плаќаат сите граѓани и кој треба да служи за правично и непристрасно јавно информирање.

Ова е и една од причините зошто Македонија доби толку негативни оценки во последниот извештај на Европската комисија, што за нас е доказ повеќе дека оваа Влада не се грижи за европеизацијата на земјата, туку само за власт и придобивките од неа, се вели во соопштението на Алтернатива за Албанците.

The post Алтернатива: Груби инсталирал политички комесар во МРТ кој седи на состаноците во редакцијата на албански јазик, а работи Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>

Како што сме запознаени од внатрешни извори на информативниот сервис МРТ, на состаноците на колегиумот на редакцијата на вториот канал, поточно на програмата на албански јазик, постојано учествува едно лице кое е вработено во едно министерство, кое го претставиле како советник на директорот Марјан Цветковски, дури и како заменик директор, пишува партијата Алтернатива во соопштение.
„Според информациите со кои располагаме ние, апострофираното лице е вработено во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Поради ова јавно го прашуваме министерот Артан Груби, кое е ова лице и што бара на состаноците на МРТ? Покрај него, и главната уредничка на вториот канал, Мерита Гаши, треба да одговори кој е овој емисар на Артан Груби таму и со каква улога се меша во МРТ. Овде сакаме да ја потсетиме јавноста дека учеството на луѓето од политиката на состаноците на јавниот сервис е скандалозно и забрането со закон. После оваа констатација, не можеме а да не заклучиме дека првиот вицепремиер на казината и игрите на среќа, според примерот на Гебелс, се претвора и во министер за Пропаганда, со намера да ја контролира и информативната политика на јавниот сервис, за кој плаќаат сите граѓани и кој треба да служи за правично и непристрасно јавно информирање. Ова е и една од причините зошто Македонија доби толку негативни оценки во последниот извештај на Европската комисија, што за нас е доказ повеќе дека оваа Влада не се грижи за европеизацијата на земјата, туку само за власт и придобивките од неа, се вели во соопштението на Алтернатива за Албанците.
 
The post Алтернатива: Груби инсталирал политички комесар во МРТ кој седи на состаноците во редакцијата на албански јазик, а работи Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>
(Не)намерна грешка на МРТ https://republika.mk/tvitovi/ne-namerna-greshka-na-mrt/ Sun, 20 Aug 2023 06:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=673802

The post (Не)намерна грешка на МРТ appeared first on Република.

]]>

The post (Не)намерна грешка на МРТ appeared first on Република.

]]>
Вработен во обезбедувањето на зградата на МРТВ нападнал колега https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-obezbeduvaneto-na-zgradata-na-mrtv-napadnal-kolega/ Fri, 07 Apr 2023 15:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=628415

Во четвртокот рано попладнето околу 13,50 часот во СВР Скопје, 59-годипниот Н.З. од Скопје пријавил дека околу измнатата ноќ околу 2,30 часот на работното место како обезбедување на влезот во зградата на МРТВ на булеварот „Гоце Делчев“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот колега П.Л.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Вработен во обезбедувањето на зградата на МРТВ нападнал колега appeared first on Република.

]]>

Во четвртокот рано попладнето околу 13,50 часот во СВР Скопје, 59-годипниот Н.З. од Скопје пријавил дека околу измнатата ноќ околу 2,30 часот на работното место како обезбедување на влезот во зградата на МРТВ на булеварот „Гоце Делчев“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот колега П.Л. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Вработен во обезбедувањето на зградата на МРТВ нападнал колега appeared first on Република.

]]>
Државата сака да го скрати буџетот на МРТВ, реагираат ЗНМ и Програмскиот совет на Јавниот сервис https://republika.mk/vesti/makedonija/drzavata-saka-da-go-skrati-budzetot-na-mrtv-reagiraat-znm-i-programskiot-sovet-na-javniot-servis/ Sat, 19 Nov 2022 17:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=575926

Програмскиот совет при МРТ и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) информираат дека во Собранието на Македонија во моментов се менува Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој предвидува намалување на годишниот буџет на Македонската радио телевизија (МРТ).

Овие измени се носат по скратена постапка, на нетранспарентен начин и без вклученост на претставници на МРТ како и на новинарската заедница.Измените предвидуваат средствата за финансирање на радиодифузната дејност, за работењето и развојот на МРТ, Јавното претпријатие Македонска радиодифузија и AВМУ кои се обезбедуваат од Буџетот на државата во висина од 1% да се намалат на 0.9% од реализираните вкупни приходи во годината која претходи на фискалната година. Ова значи дека средства во висина од околу пет милиони евра наместо за развој на јавна радиодифузна дејност ќе се прелеат на сметка на приватните телевизии и радија за таканаречени кампањи од јавен интерес за теми за кои ќе решаваат пратеници од владејачките и опозициските партии, информираат од ЗНМ.

Овој модел како што пишува во соопштението е на штета на МРТ и дополнително ја загрозува и така кревката финансиска состојба во која јавниот радиодифузер опстојува.

Потсетуваме дека Советот на Европа во своите препораки ја афирмира виталната улога на јавните радиодифузни сервиси како суштински фактор за плурализам во медиумите, преку обезбедување на сеопфатна програма што содржи информации, едукација, култура и забава за граѓаните.Дополнително, Советот во истата препорака предупредува дека јавниот сервис не може да биде важен извор на точни, навремени и плурални информации ако не биде независен од разни политички и економски влијанија. Еден од важните предуслови МРТ да има политичка независност е да има стабилно и доволно финансирање преку кое ќе биде во можност да ги исполнува своите законски обврски во интерес на јавноста“, се додава во соопштението.

The post Државата сака да го скрати буџетот на МРТВ, реагираат ЗНМ и Програмскиот совет на Јавниот сервис appeared first on Република.

МРТ најави санкции и против одговорните во македонската делегација https://republika.mk/scena/muzika/mrt-najavi-sankcii-i-protiv-odgovornite-vo-makedonskata-delegacija/ Mon, 09 May 2022 07:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=499705

Најостро го осудуваме потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска, којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме, соопшти Македонската радио телевизија (МРТ).

https://republika.mk/scena/muzika/zname-ne-se-ostava-na-zemja-a-ona-go-frla-be-ushte-eden-evroviziski-skandal-za-makedonija/

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, се наведува во соопштението.

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување и најавува дека ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по јавниот сервис.

https://republika.mk/scena/muzika/andrea-se-oglasi-po-frlanjeto-na-znameto/

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал, се додава во соопштението

The post МРТ најави санкции и против одговорните во македонската делегација appeared first on Република.

]]>

Најостро го осудуваме потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска, којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме, соопшти Македонската радио телевизија (МРТ). https://republika.mk/scena/muzika/zname-ne-se-ostava-na-zemja-a-ona-go-frla-be-ushte-eden-evroviziski-skandal-za-makedonija/
Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон, се наведува во соопштението.
МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување и најавува дека ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по јавниот сервис. https://republika.mk/scena/muzika/andrea-se-oglasi-po-frlanjeto-na-znameto/