мрсули Archives - Република https://republika.mk/tema/mrsuli/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Sep 2022 18:59:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мрсули Archives - Република https://republika.mk/tema/mrsuli/ 32 32 Д-р Тренчева: Мрсулаво дете не е болно дете https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-trencheva-mrsulavo-dete-ne-e-bolno-dete/ Thu, 22 Sep 2022 18:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=553294

Растечен нос, мрсулчиња - доаѓа сезона кога децата од градинка или училиште ќе доаѓаат дома со мрсули, родителите ќе реагираат дека се нпсат болни деца... Но дали растечениот нос значи дека детето е болно и треба да седи дома, да не оди во училиште или во градинка?

Доктор Снежана Тренчева на својот фејсбук профил советува дека носот е домот на бактериите и дека растечен нос не значи болно дете,

🩺 Бактериите не се причина за течење на носот, но „имаат право“ да се најдат во носот кој тече.
🩺Но дали носот може да биде дом за бактерии ? - ДА! - носот, тоа и е !
🩺Во носот живеат бактерии на кои им е таму местото.
🩺Стручно се нарекуваат сапрофити( кожители или т.н потстанари на нашето тело), а во брисот се гледаат како физиолошка флора.
🩺Што да правите со другите бактерии кои ќе се најдат во нос ? - кај децата на предучилишна и училишна возраст од време на време се изолираат бактерии во носот.
📝Прво тоа била стафилокока (staph. aureus) , а по еден месец Moraxella catharalis. Детето често има затнат нос или му е растечен носот... но без температура , весело е и има добар апетит.
🩺Но дали е потребно лекување на овие бактерии?
- 👩‍⚕️тоа е една дилема која нетреба да постои , затоа што бактериите во носот , кај инаку здраво дете не се причина за растечен нос.
👩‍⚕️Дури и кога бактеријата е излирана на брисот од носот , НЕ ТРЕБА да се лекува. Дете со позитивен брис од нос не е извор на инфекција , и тоа не треба да биде пречка за одењето во колектив.
➡️ Децата кои немаат висока температура , не кашлаат и ИМААТ бактерии во носот - НЕ ТРЕБА да се лекуваат со антибиотици.
❇Мораксела е една од бактериите кои можат да живеат во носот , и да не предизвикуваат никакво вознемирување на детето.(75% од децата се носители на овие бактерии)- но доколку се појави воспалени на уво , бронхитис, или други инфекции , во тој случај детето има многу јасно проблеми, кои немаат врска со моракселата во носот! -
☑Секако во тој случај се дава антибиотик , но не поради бактериите кои се пронајдени во носот , туку поради болестите кои треба да се лекуваат.
☑Но , за да биде се појасно да почнеме со ред.
✅КОГА ДА СЕ НАПРАВИ БРИС ОД НОС ?
❗❗❗НЕ МОРА , и не мора! - Единствената причина што не секогаш треба да се направи брис од носот кога детето е болно е што огромното мнозинство на бактерии што ќе се најдат во носот , не бараат терапија!
👩‍⚕️Назалните брисеви главно се вршат од таканеречени епидемиолошки причини : од персонал кој работи со новородени бебиња, пациенти со трансплантација , или од оние лица кои се вклучени во подготовка на храна (болници ,ресторани , фабрики за производство на храна ,месо... и сл.)
✅ДАЛИ БАКТЕРИИТЕ ВО НОСОТ СЕ ПРИЧИНА ЗА ПОЧЕСТО И ПРОДОЛЖЕНО „МРСУЛАВЕЊЕ“ НА ДЕЦАТА?
❗НЕ СЕ !- Детето особено на предучилишна возраст, е со растечен нос пред се поради вирусите, што сакаат да се „бутнат“ во носот. Тоа се респираторни вируси , кои ги има речиси 200 типови. Тие многу лесно пролетуваат од едно во друго дете , па речиси 2/3 од децата во градинка или училиште „шмркаат“.
➡️ Се работи за безопасни вируси кои всушност се настинки.
➡️Бактериите не се причина за течење на носот кај поголем дел од децата, но „имаат право“ да се најдат во носот што тече. Значи, најчесто се работи за истовремено присуство на вирус (кој е причина за секреција - течење на носот) и бактерија која стигнала однадвор, затоа што носот е омилена дестинација на детските прстиња, а тие често се валкани.
➡️Така, бактериите од околината многу лесно стигнуваат до носот на детето.
➡️Кога надворешните бактерии ќе стигнат во носот, наидуваат на поволна подлога, посебно ако е веќе растечен носот. Слузот кој тече од носот е одлична подлога за размножување на бактерии. Уште ако и детето оди во градинка, спектарот на разменети бактерии е широк, па не е реткост во брисот да се најдат неколку различни.
✅ДАЛИ ЖОЛТО -ЗЕЛЕНИОТ СЕКРЕТ ОД НОСОТ ТРЕБА ДА СЕ ТРЕТИРА СО АНТИБИОТСКА ТЕРАПИЈА?
❗И тоа правило е погрешно! -При бистар секрет, не е потребна терапија и тоа е правилен став, но заблуда е дека за оној секрет кој се јавува во жолтеникаво -зелена боја е потрбен антибиотик.
➡️Кога немаме други тегоби, освен течење на носот, жолто -зелениот секрет не е причина за антибиотска терапија. Има и вируси кои влијаат во создавање на ваков секрет, но и сапрофитните бактерии (оние што нормално живеат во носот) може да го заматат секретот кој бил бистар.
✅ЗОШТО НЕКОИ ДЕЦА И НАТАМУ ИМААТ БАКТЕРИИ ВО НОСОТ, ИАКО ИСПИЛЕ АНТИБИОТИК КОЈ Е ДАДЕН СПОРЕД АНТИБИОГРАМ?
➡️Со оглед дека бактериите се наоѓаат на површинскиот дел на слузницата, до нив антибиотикот кој го (земате или давате преку уста) многу тешко стигнува. Поради, тоа често се случува да децата кои примиле антибиотик, по неколку недели повторно да ја имаат истата бактерија во носот. Всушност, тие само се сокриле, па повторно се активирале (што секако незначи дека повторно теба да се даде антибиотик). Брисот сам по себе не може да постави дијагноза.
✅ШТО ТОГАШ ДА СЕ ПРАВИ СО БАКТЕРИИТЕ ВО НОСОТ?
➡️Како што рековме, се работи за бактерии кои не се опасни . Кога немаат висока температура, не кашлаат, а има бактерија во носот, НЕ ТРЕБА да се лечат со антибиотска терапија . Се работи за здрави деца, а не пациенти. Течењето на носот е резултат на вирусна бактерија(ретко на алергија), а тука антибиотикот нема што да прави.
✅ ИМА ЛИ СМИСОЛ ДА СЕ СТАВА ВО НОСОТ АНТИБИОТСКА МАСТ, ИЛИ АНТИБИОТСКИ КАПКИ?
☑Оваа „терапија“ е напуштена! За тоа постојат две големи причини:
прво се покажало дека кај малите деца локалната примена на антибиотик во носот е не ефикасна. Резултатите се привремени и медицински е неоправдано да се става со недели антибиотик во носот.
☑Второ, оваа локална антибиотска терапија, може да биде опасна.
☑Во носот се наоѓаат бројни клетки на имунолошкиот систем кои можат да предизвикаат алергија на лекови.
☑Многу често се случува детето да стане алергично на антибиотикот даден преку нос. Ако истиот антибиотик, се даде во вид на сируп, таблети или инекции, може да предизвика опасни алергиски реакции.
✅КОГА ИМА ПОТРЕБА ОД АНТИБИОТИК ?
Ако детето има главоболка, висока температура, кашлица, а од носот тече гноен секрет ,ситуацијата е поинаква.
☑Тогаш задолжителна е консултација со лекар!
❗❗❗❗ НЕ ДАВАЈТЕ антибиотици на своја рака. Тоа е исклучиво надлежност на докторот.🩺💊💉🧫🦠🔬

The post Д-р Тренчева: Мрсулаво дете не е болно дете appeared first on Република.

]]>

Растечен нос, мрсулчиња - доаѓа сезона кога децата од градинка или училиште ќе доаѓаат дома со мрсули, родителите ќе реагираат дека се нпсат болни деца... Но дали растечениот нос значи дека детето е болно и треба да седи дома, да не оди во училиште или во градинка? Доктор Снежана Тренчева на својот фејсбук профил советува дека носот е домот на бактериите и дека растечен нос не значи болно дете, 🩺 Бактериите не се причина за течење на носот, но „имаат право“ да се најдат во носот кој тече. 🩺Но дали носот може да биде дом за бактерии ? - ДА! - носот, тоа и е ! 🩺Во носот живеат бактерии на кои им е таму местото. 🩺Стручно се нарекуваат сапрофити( кожители или т.н потстанари на нашето тело), а во брисот се гледаат како физиолошка флора. 🩺Што да правите со другите бактерии кои ќе се најдат во нос ? - кај децата на предучилишна и училишна возраст од време на време се изолираат бактерии во носот. 📝Прво тоа била стафилокока (staph. aureus) , а по еден месец Moraxella catharalis. Детето често има затнат нос или му е растечен носот... но без температура , весело е и има добар апетит. 🩺Но дали е потребно лекување на овие бактерии? - 👩‍⚕️тоа е една дилема која нетреба да постои , затоа што бактериите во носот , кај инаку здраво дете не се причина за растечен нос. 👩‍⚕️Дури и кога бактеријата е излирана на брисот од носот , НЕ ТРЕБА да се лекува. Дете со позитивен брис од нос не е извор на инфекција , и тоа не треба да биде пречка за одењето во колектив. ➡️ Децата кои немаат висока температура , не кашлаат и ИМААТ бактерии во носот - НЕ ТРЕБА да се лекуваат со антибиотици. ❇Мораксела е една од бактериите кои можат да живеат во носот , и да не предизвикуваат никакво вознемирување на детето.(75% од децата се носители на овие бактерии)- но доколку се појави воспалени на уво , бронхитис, или други инфекции , во тој случај детето има многу јасно проблеми, кои немаат врска со моракселата во носот! - ☑Секако во тој случај се дава антибиотик , но не поради бактериите кои се пронајдени во носот , туку поради болестите кои треба да се лекуваат. ☑Но , за да биде се појасно да почнеме со ред. ✅КОГА ДА СЕ НАПРАВИ БРИС ОД НОС ? ❗❗❗НЕ МОРА , и не мора! - Единствената причина што не секогаш треба да се направи брис од носот кога детето е болно е што огромното мнозинство на бактерии што ќе се најдат во носот , не бараат терапија! 👩‍⚕️Назалните брисеви главно се вршат од таканеречени епидемиолошки причини : од персонал кој работи со новородени бебиња, пациенти со трансплантација , или од оние лица кои се вклучени во подготовка на храна (болници ,ресторани , фабрики за производство на храна ,месо... и сл.) ✅ДАЛИ БАКТЕРИИТЕ ВО НОСОТ СЕ ПРИЧИНА ЗА ПОЧЕСТО И ПРОДОЛЖЕНО „МРСУЛАВЕЊЕ“ НА ДЕЦАТА? ❗НЕ СЕ !- Детето особено на предучилишна возраст, е со растечен нос пред се поради вирусите, што сакаат да се „бутнат“ во носот. Тоа се респираторни вируси , кои ги има речиси 200 типови. Тие многу лесно пролетуваат од едно во друго дете , па речиси 2/3 од децата во градинка или училиште „шмркаат“. ➡️ Се работи за безопасни вируси кои всушност се настинки. ➡️Бактериите не се причина за течење на носот кај поголем дел од децата, но „имаат право“ да се најдат во носот што тече. Значи, најчесто се работи за истовремено присуство на вирус (кој е причина за секреција - течење на носот) и бактерија која стигнала однадвор, затоа што носот е омилена дестинација на детските прстиња, а тие често се валкани. ➡️Така, бактериите од околината многу лесно стигнуваат до носот на детето. ➡️Кога надворешните бактерии ќе стигнат во носот, наидуваат на поволна подлога, посебно ако е веќе растечен носот. Слузот кој тече од носот е одлична подлога за размножување на бактерии. Уште ако и детето оди во градинка, спектарот на разменети бактерии е широк, па не е реткост во брисот да се најдат неколку различни. ✅ДАЛИ ЖОЛТО -ЗЕЛЕНИОТ СЕКРЕТ ОД НОСОТ ТРЕБА ДА СЕ ТРЕТИРА СО АНТИБИОТСКА ТЕРАПИЈА? ❗И тоа правило е погрешно! -При бистар секрет, не е потребна терапија и тоа е правилен став, но заблуда е дека за оној секрет кој се јавува во жолтеникаво -зелена боја е потрбен антибиотик. ➡️Кога немаме други тегоби, освен течење на носот, жолто -зелениот секрет не е причина за антибиотска терапија. Има и вируси кои влијаат во создавање на ваков секрет, но и сапрофитните бактерии (оние што нормално живеат во носот) може да го заматат секретот кој бил бистар. ✅ЗОШТО НЕКОИ ДЕЦА И НАТАМУ ИМААТ БАКТЕРИИ ВО НОСОТ, ИАКО ИСПИЛЕ АНТИБИОТИК КОЈ Е ДАДЕН СПОРЕД АНТИБИОГРАМ? ➡️Со оглед дека бактериите се наоѓаат на површинскиот дел на слузницата, до нив антибиотикот кој го (земате или давате преку уста) многу тешко стигнува. Поради, тоа често се случува да децата кои примиле антибиотик, по неколку недели повторно да ја имаат истата бактерија во носот. Всушност, тие само се сокриле, па повторно се активирале (што секако незначи дека повторно теба да се даде антибиотик). Брисот сам по себе не може да постави дијагноза. ✅ШТО ТОГАШ ДА СЕ ПРАВИ СО БАКТЕРИИТЕ ВО НОСОТ? ➡️Како што рековме, се работи за бактерии кои не се опасни . Кога немаат висока температура, не кашлаат, а има бактерија во носот, НЕ ТРЕБА да се лечат со антибиотска терапија . Се работи за здрави деца, а не пациенти. Течењето на носот е резултат на вирусна бактерија(ретко на алергија), а тука антибиотикот нема што да прави. ✅ ИМА ЛИ СМИСОЛ ДА СЕ СТАВА ВО НОСОТ АНТИБИОТСКА МАСТ, ИЛИ АНТИБИОТСКИ КАПКИ? ☑Оваа „терапија“ е напуштена! За тоа постојат две големи причини: прво се покажало дека кај малите деца локалната примена на антибиотик во носот е не ефикасна. Резултатите се привремени и медицински е неоправдано да се става со недели антибиотик во носот. ☑Второ, оваа локална антибиотска терапија, може да биде опасна. ☑Во носот се наоѓаат бројни клетки на имунолошкиот систем кои можат да предизвикаат алергија на лекови. ☑Многу често се случува детето да стане алергично на антибиотикот даден преку нос. Ако истиот антибиотик, се даде во вид на сируп, таблети или инекции, може да предизвика опасни алергиски реакции. ✅КОГА ИМА ПОТРЕБА ОД АНТИБИОТИК ? Ако детето има главоболка, висока температура, кашлица, а од носот тече гноен секрет ,ситуацијата е поинаква. ☑Тогаш задолжителна е консултација со лекар! ❗❗❗❗ НЕ ДАВАЈТЕ антибиотици на своја рака. Тоа е исклучиво надлежност на докторот.🩺💊💉🧫🦠🔬

The post Д-р Тренчева: Мрсулаво дете не е болно дете appeared first on Република.

]]>