МПО Archives - Република https://republika.mk/tema/mpo/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 10:00:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МПО Archives - Република https://republika.mk/tema/mpo/ 32 32 Ник Стефанов (МПО): Сите Македонци се наследници на ВМРО https://republika.mk/vesti/makedonija/nik-stefanov-mpo-site-makedontsi-se-naslednitsi-na-vmro/ Wed, 02 Oct 2024 10:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=821719

Новоизбраниот претседател на Македонската Патриотска Организација (МПО) Ник Стефанов го повтори неговиот повик за помирување на Македонците и за признавање на македонската заедница од страна на Бугарија. Во интервју со некогашниот шарен активист Жарко Трајановски, Стефанов вели дека независно од различните погледи на историјата, сите Македонци се наследници на историското ВМРО, и изразува подготвеност за позитивен и помирувачки однос со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Откако ВМРО беше расформирана во 1934 година, МПО – дејствувајќи како надворешно политичко крило на ВМРО – стана единствениот директен наследник на историската револуционерна организација. Меѓутоа, како еден народ со два идентитети кои имаат заедничка македонска свест, сите ние сме вистинските наследници на историското ВМРО. Нашата заедничка патриотска македонска свест потекнува од ВМРО и нејзината мисија да се создаде слободна и независна македонска татковина. Зборовите, постапките и подвизите на ВМРО беа тие што го засадија семето на нашиот патриотизам кај нашиот народ. Во однос на досегашните односи на МПО со партијата ВМРО-ДПМНЕ, засега нема официјални односи. Но, неформално остваривме контакт со одредени индивидуи поврзани со партијата, пренесувајќи им ја нашата мисија и давајќи им попозитивен поглед на она што го претставува МПО. Од нашите првични разговори со нив, восприемаме волја и подготвеност за отфрлање на наративот од Студената војна за минатото и за заменување со помирувачки наратив поврзан со нашата заедничка патриотска македонска свест. Очекуваме во иднина формално да воспоставиме позитивен и помирувачки однос со ВМРО-ДПМНЕ, како и со која било друга партија или организација што е заинтересирана да најде праведно и одржливо решение за современото македонско прашање, вели Стефанов во интервјуто.

Македонската Патриотска Организација, која дејствува пред се во Северна Америка, со децении имаше силно критички став кон македонскиот национален идентитет и беше на бугарските национални позиции. Но со влошувањето на односите меѓу Македонија и Бугарија во времето на мандатот на Заев, и со растечкиот историски спор меѓу двете држави, МПО застана на став дека конфликт меѓу двата блиски народи е неприфатлив и дека мора да се отвори процес на македонско помирување.

Мора да престанеме да се гледаме едни со други како непријатели. Сите ние сме припадници на еден народ, сите сме едно големо пошироко семејство и, како и сите семејства, имаме одредени разногласија. Кај повеќето семејства, тие несогласувања не доведуваат до распад на самото семејство. Во рамките на моето пошироко семејство, имаме членови кои се идентификуваат како етнички Македонци, имаме членови кои се идентификуваат како Македонци со бугарски корени, и имаме членови кои едноставно се нарекуваат Македонци и не се грижат за тоа како ние се идентификуваме етнички. Но, и покрај овие разлики, ние сè уште се гледаме како еднакви и продолжуваме да се сакаме, меѓусебно да се дружиме, да се смееме, да плачеме, да славиме и да тагуваме едни со други. Се грижиме едни за други без разлика на сѐ! Ние, исто така, почитуваме како секој од нас избира да се себеидентификува етнички, вели Стефанов.

Од 2023 година, организацијата е отворена за етничките Македонци, и не инсистира на прифаќање на исклучивото разбирање на македонскиот идентитет од бугарските позиции, и е се погласна во критиките на коментаторите од бугарска страна кои ја напаѓаат Македонија.

По неодамнешната конвенција на МПО во Гранд Рапидс, организацијата повикува на признавање на бугарската заедница во Македонија, со што, меѓу другото, појасно би се разграничиле граѓаните кои се идентификуваат како Македонци и тие кои се идентификуваат како Бугари.

Стефанов додава дека „во однос на Бугарија, мислам дека и бугарската Република може да го промени наративот за етничките Македонци во нејзините граници со признавање на нивното право на слобода на здружување и официјално регистрирање на нивните здруженија, кое е потврдено во неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права. Овозможувањето на слободата на здружување на етничките Македонци во Бугарија ќе биде еден позитивен поттик кој може да убеди повеќе луѓе во македонскиот електорат да им дадат на Бугарите статус на уставно признаена заедница“.

Со ова, МПО поддржува едно од клучните барања на македонската Влада, за одреден реципроцитет во признавањето на малцинските права, во натамошните преговори меѓу двете држави.

Стефанов смета дека, иако Бугарија во моментов е без политичка влада,

Верувам дека народот на Бугарија е искрен во својата желба да го надмине овој ужасен конфликт со Македонија, наследен од времето на Студената војна. Исто така верувам дека има тивко мнозинство на луѓе во двете земји кои навистина ја поддржуваат идејата за помирување и фокусот на МПО е навистина да ги разбуди тие тивки мнозинства и да ги принуди нивните влади да направат позитивен потег.

The post Ник Стефанов (МПО): Сите Македонци се наследници на ВМРО appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на Македонската Патриотска Организација (МПО) Ник Стефанов го повтори неговиот повик за помирување на Македонците и за признавање на македонската заедница од страна на Бугарија. Во интервју со некогашниот шарен активист Жарко Трајановски, Стефанов вели дека независно од различните погледи на историјата, сите Македонци се наследници на историското ВМРО, и изразува подготвеност за позитивен и помирувачки однос со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Откако ВМРО беше расформирана во 1934 година, МПО – дејствувајќи како надворешно политичко крило на ВМРО – стана единствениот директен наследник на историската револуционерна организација. Меѓутоа, како еден народ со два идентитети кои имаат заедничка македонска свест, сите ние сме вистинските наследници на историското ВМРО. Нашата заедничка патриотска македонска свест потекнува од ВМРО и нејзината мисија да се создаде слободна и независна македонска татковина. Зборовите, постапките и подвизите на ВМРО беа тие што го засадија семето на нашиот патриотизам кај нашиот народ. Во однос на досегашните односи на МПО со партијата ВМРО-ДПМНЕ, засега нема официјални односи. Но, неформално остваривме контакт со одредени индивидуи поврзани со партијата, пренесувајќи им ја нашата мисија и давајќи им попозитивен поглед на она што го претставува МПО. Од нашите првични разговори со нив, восприемаме волја и подготвеност за отфрлање на наративот од Студената војна за минатото и за заменување со помирувачки наратив поврзан со нашата заедничка патриотска македонска свест. Очекуваме во иднина формално да воспоставиме позитивен и помирувачки однос со ВМРО-ДПМНЕ, како и со која било друга партија или организација што е заинтересирана да најде праведно и одржливо решение за современото македонско прашање, вели Стефанов во интервјуто.
Македонската Патриотска Организација, која дејствува пред се во Северна Америка, со децении имаше силно критички став кон македонскиот национален идентитет и беше на бугарските национални позиции. Но со влошувањето на односите меѓу Македонија и Бугарија во времето на мандатот на Заев, и со растечкиот историски спор меѓу двете држави, МПО застана на став дека конфликт меѓу двата блиски народи е неприфатлив и дека мора да се отвори процес на македонско помирување.
Мора да престанеме да се гледаме едни со други како непријатели. Сите ние сме припадници на еден народ, сите сме едно големо пошироко семејство и, како и сите семејства, имаме одредени разногласија. Кај повеќето семејства, тие несогласувања не доведуваат до распад на самото семејство. Во рамките на моето пошироко семејство, имаме членови кои се идентификуваат како етнички Македонци, имаме членови кои се идентификуваат како Македонци со бугарски корени, и имаме членови кои едноставно се нарекуваат Македонци и не се грижат за тоа како ние се идентификуваме етнички. Но, и покрај овие разлики, ние сè уште се гледаме како еднакви и продолжуваме да се сакаме, меѓусебно да се дружиме, да се смееме, да плачеме, да славиме и да тагуваме едни со други. Се грижиме едни за други без разлика на сѐ! Ние, исто така, почитуваме како секој од нас избира да се себеидентификува етнички, вели Стефанов.
Од 2023 година, организацијата е отворена за етничките Македонци, и не инсистира на прифаќање на исклучивото разбирање на македонскиот идентитет од бугарските позиции, и е се погласна во критиките на коментаторите од бугарска страна кои ја напаѓаат Македонија. По неодамнешната конвенција на МПО во Гранд Рапидс, организацијата повикува на признавање на бугарската заедница во Македонија, со што, меѓу другото, појасно би се разграничиле граѓаните кои се идентификуваат како Македонци и тие кои се идентификуваат како Бугари. Стефанов додава дека „во однос на Бугарија, мислам дека и бугарската Република може да го промени наративот за етничките Македонци во нејзините граници со признавање на нивното право на слобода на здружување и официјално регистрирање на нивните здруженија, кое е потврдено во неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права. Овозможувањето на слободата на здружување на етничките Македонци во Бугарија ќе биде еден позитивен поттик кој може да убеди повеќе луѓе во македонскиот електорат да им дадат на Бугарите статус на уставно признаена заедница“. Со ова, МПО поддржува едно од клучните барања на македонската Влада, за одреден реципроцитет во признавањето на малцинските права, во натамошните преговори меѓу двете држави. Стефанов смета дека, иако Бугарија во моментов е без политичка влада,
Верувам дека народот на Бугарија е искрен во својата желба да го надмине овој ужасен конфликт со Македонија, наследен од времето на Студената војна. Исто така верувам дека има тивко мнозинство на луѓе во двете земји кои навистина ја поддржуваат идејата за помирување и фокусот на МПО е навистина да ги разбуди тие тивки мнозинства и да ги принуди нивните влади да направат позитивен потег.

The post Ник Стефанов (МПО): Сите Македонци се наследници на ВМРО appeared first on Република.

]]>
Ако ги внесеме Бугарите во Устав со државни пари ќе ја финасираме нивната дијаспора и ќе го славиме денот на Санстефанска Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-gi-vneseme-bugarite-vo-ustav-so-drzhavni-pari-ke-ja-finasirame-nivnata-dijaspora-i-ke-go-slavime-denot-na-sanstefanska-bugarija/ Fri, 21 Jul 2023 06:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=663712

Откако Владата ја објави содржината на предлогот за уставни измени, еден детал кој се наоѓа на самиот крај остана незабележен. Имено, државата ќе биде должна да ја финансира бугарската дијаспора во странство.

Да добро прочитавте, покрај за македонската, албанската, и за сите други делови од народи што се наведени во Уставот, македонската држава ќе мора да се грижи и за бугарската дијаспора.

Еве што конкретно се предлага.

Со Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, уставната обврска на Републиката за грижа за дијаспората на македонскиот народ и за деловите од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, се предлага да се дополни со уставна обврска за грижа и за дијаспората на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

Преведено во нормални зборови, ова значи дека ако се усвојат уставните измени и Бугарите влезат во него, Македонија може да се доведе во ситуација да издвојува пари за прослава на 3 март денот на Санстефанска Бугарија која ја опфаќала цела територија на денешна Македонија.

Или уште пострашно, но е не и невозможно.Македонија може да се доведе во ситуација да дава пари на МПО . „Македонската патриотическа организација“ како што е називот на оваа организација на Бугарски мигранти од САД и Канада кои не признаваат Македонци и на кои идеен творец е Ванчо Михајлов.

The post Ако ги внесеме Бугарите во Устав со државни пари ќе ја финасираме нивната дијаспора и ќе го славиме денот на Санстефанска Бугарија appeared first on Република.

]]>

Откако Владата ја објави содржината на предлогот за уставни измени, еден детал кој се наоѓа на самиот крај остана незабележен. Имено, државата ќе биде должна да ја финансира бугарската дијаспора во странство. Да добро прочитавте, покрај за македонската, албанската, и за сите други делови од народи што се наведени во Уставот, македонската држава ќе мора да се грижи и за бугарската дијаспора.   Еве што конкретно се предлага.
Со Амандманот XXXVI со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, уставната обврска на Републиката за грижа за дијаспората на македонскиот народ и за деловите од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, се предлага да се дополни со уставна обврска за грижа и за дијаспората на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.
Преведено во нормални зборови, ова значи дека ако се усвојат уставните измени и Бугарите влезат во него, Македонија може да се доведе во ситуација да издвојува пари за прослава на 3 март денот на Санстефанска Бугарија која ја опфаќала цела територија на денешна Македонија. Или уште пострашно, но е не и невозможно.Македонија може да се доведе во ситуација да дава пари на МПО . „Македонската патриотическа организација“ како што е називот на оваа организација на Бугарски мигранти од САД и Канада кои не признаваат Македонци и на кои идеен творец е Ванчо Михајлов.