мпц Archives - Република https://republika.mk/tema/mpc/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 06:37:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мпц Archives - Република https://republika.mk/tema/mpc/ 32 32 Православната црква го празнува Свети апостол Тома https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pravoslavnata-tsrkva-go-praznuva-sveti-apostol-toma/ Sat, 19 Oct 2024 06:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=828669

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 октомври. Денеска е Свети апостол Тома.

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите.

Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение. Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот.

Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.

The post Православната црква го празнува Свети апостол Тома appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 октомври. Денеска е Свети апостол Тома. Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение. Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.

The post Православната црква го празнува Свети апостол Тома appeared first on Република.

]]>
Православната црква слави Собор на сите македонски Светители https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pravoslavnata-tsrkva-slavi-sobor-na-site-makedonski-svetiteli/ Sun, 06 Oct 2024 06:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=823315

Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Јосиф, архиепископ Солунски, свети Агатангел Битолски, свети Георгиј Кратовски, света Кирана Солунска, свети Никита Серски, света Матрона Солунска, свети Јован Кукузел, свети Александар Солунски, свети Еразмо Охридски, свети Нектариј Битолски, свети Анастас (Спасо Радовишки), света Васа Солунска, света великомаченичка Злата Мегленска, свети Ефтимиј Солунски, свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици, свети Роман, епископ Македонски, свети Николај, архиепископ Солунски, свети Зиновиј и Зиновија Егејски, света Тесалоникија, свети Ангел Лерински, свети маченик Христо, свети Никодим Охридски, преподобен Петар Мегленски, преподобен Иларион Мегленски, преподобен Акакиј Серски, преподобен Дионисиј Костурски, преподобен Јаков Костурски, преподобен Петар Атонски, преподобен Теофил Струмички, преподобен Давид Солунски, преподобен Атанасиј Атонски, преподобен Никодим Елбасански, преподобен Јован Рилски и мноштво други кои засветиле во подвигот на овие македонски простори.

Зачнувањето на Св. Јован Крстител

Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и на Самсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Предвесник од бездетните Захарија и Елисавета.

Преку Своите ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог, Којшто од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади. Наместо љубопитност да Му воздадеме пофалба на Бога, Којшто често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во коишто оковани ние, без вонредните Божји чуда би паднале во очајание и богозаборав.

Тропар

Ти, која порано неплодна беше, сега развесели се, зашто го зачна светилото кое го најави Сонцето, Кое ќе ја прослави целата Вселена, која од слепост боледуваше. Ликувај, Захарие, смело повикувајќи: Оној што треба да се роди е пророк на Севишниот.

Светата маченичка Ираида

Негде ја нарекуваат Раис или Раида. Таа е девица од некој мисирски град Ватан, значи по с ? изгледа Мисирка. Еднаш Ираида излезе да нацрпи вода од бунарот во близина на морето и здогледа кораб наполнет со врзани христијани: свештеници, ѓакони, монаси, жени и девојки. Се распраша и дозна дека сиот тој народ мачители-незнабожци го водат за да го мачат на смрт заради името на Господ Исус Христос. Во срцето на младата Ираида се разгоре желба и самата да пострада за Господ. Ги остави садовите крај бунарот, влезе во коработ и исповеда дека и таа е христијанка. Веднаш и нејзе ја врзаа заедно со останатите и ја одведоа во мисирскиот град Антинопол. После разновидни измачувања, најпрво ? ја отсекоа главата на Ираида, а потоа на останатите. Чесно пострада и се прослави во 4 век.

Тропар

Прилепувајќи се кон Женикот на душата твоја, Ираидо света, на испит се постави срцето твое, и ти повторно се откажа од демонските мечтаења, бирајќи Го Христа и вечната вистина. Затоа смерно од Бога венец маченички доби, а ние чест и поклонение ти воздаваме, надевајќи се на твоите молитви, света девственичке.

Светиот новомаченик Никола Пантопол

Како момче пострада за Христовата вера од Турците во Цариград, во 1627 година. Таму се беше преселил татко му од Тесалија. Името Пантопол значи оној којшто продава с ? и сешто, а Никола го стекна бидејќи неговиот татко држеше ваква продавница. После многу принудувања да се потурчи и мачења затоа што не сакаше да се потурчи, го убија со меч. Моштите му почиваат во манастирот Ксиропотаму на Света Гора.

Тропар

Силниот оган на љубовта Христова пламтеше во срцето твое, Никола свети мачениче, и тебе ништо не те одвои од Господа, по Кого иташе како кошула по воден извор. Отфрлајќи ја агарјанската заблуда, Бога Го исповеда, лагата ја исмеа и венец маченички Господ ти дарува, со кој и нас закрили н? во славата ти дадена, во Небесното Царство Христово.

Светиот новомаченик Јован

Родум од местото Коница во Албанија. По род е муслиман, од родители муслимани. Но подоцна, штом ја виде чудесната сила на христијанската вера на разни места и во разни случаи, тој се крсти. За ова беше обвинет и изведен пред турски суд. Намачен е за Христовата вера од Турците во Етолија и убиен со меч после мачење, во 1814 година. Пред смртта возвикна: „Спомни си за мене, Господи, во царството Твое!“

Тропар

Благодатта Господова како ново вино во нов сад беше положена, во срцето твое, о Јоване свети мачениче, и ти озарен од љубовта Божја се приклони кон вистината, оставајќи ја измамата на телото. Затоа смртта повторно вкуси од адот, тебе венец непропадлив ти донесе во Царството на вечноста, од каде за нас моли се, ти кого Господ го приведе кон Себе.

The post Православната црква слави Собор на сите македонски Светители appeared first on Република.

]]>

Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Јосиф, архиепископ Солунски, свети Агатангел Битолски, свети Георгиј Кратовски, света Кирана Солунска, свети Никита Серски, света Матрона Солунска, свети Јован Кукузел, свети Александар Солунски, свети Еразмо Охридски, свети Нектариј Битолски, свети Анастас (Спасо Радовишки), света Васа Солунска, света великомаченичка Злата Мегленска, свети Ефтимиј Солунски, свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици, свети Роман, епископ Македонски, свети Николај, архиепископ Солунски, свети Зиновиј и Зиновија Егејски, света Тесалоникија, свети Ангел Лерински, свети маченик Христо, свети Никодим Охридски, преподобен Петар Мегленски, преподобен Иларион Мегленски, преподобен Акакиј Серски, преподобен Дионисиј Костурски, преподобен Јаков Костурски, преподобен Петар Атонски, преподобен Теофил Струмички, преподобен Давид Солунски, преподобен Атанасиј Атонски, преподобен Никодим Елбасански, преподобен Јован Рилски и мноштво други кои засветиле во подвигот на овие македонски простори.

Зачнувањето на Св. Јован Крстител

Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и на Самсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Предвесник од бездетните Захарија и Елисавета. Преку Своите ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог, Којшто од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади. Наместо љубопитност да Му воздадеме пофалба на Бога, Којшто често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во коишто оковани ние, без вонредните Божји чуда би паднале во очајание и богозаборав. Тропар Ти, која порано неплодна беше, сега развесели се, зашто го зачна светилото кое го најави Сонцето, Кое ќе ја прослави целата Вселена, која од слепост боледуваше. Ликувај, Захарие, смело повикувајќи: Оној што треба да се роди е пророк на Севишниот.

Светата маченичка Ираида

Негде ја нарекуваат Раис или Раида. Таа е девица од некој мисирски град Ватан, значи по с ? изгледа Мисирка. Еднаш Ираида излезе да нацрпи вода од бунарот во близина на морето и здогледа кораб наполнет со врзани христијани: свештеници, ѓакони, монаси, жени и девојки. Се распраша и дозна дека сиот тој народ мачители-незнабожци го водат за да го мачат на смрт заради името на Господ Исус Христос. Во срцето на младата Ираида се разгоре желба и самата да пострада за Господ. Ги остави садовите крај бунарот, влезе во коработ и исповеда дека и таа е христијанка. Веднаш и нејзе ја врзаа заедно со останатите и ја одведоа во мисирскиот град Антинопол. После разновидни измачувања, најпрво ? ја отсекоа главата на Ираида, а потоа на останатите. Чесно пострада и се прослави во 4 век. Тропар Прилепувајќи се кон Женикот на душата твоја, Ираидо света, на испит се постави срцето твое, и ти повторно се откажа од демонските мечтаења, бирајќи Го Христа и вечната вистина. Затоа смерно од Бога венец маченички доби, а ние чест и поклонение ти воздаваме, надевајќи се на твоите молитви, света девственичке.

Светиот новомаченик Никола Пантопол

Како момче пострада за Христовата вера од Турците во Цариград, во 1627 година. Таму се беше преселил татко му од Тесалија. Името Пантопол значи оној којшто продава с ? и сешто, а Никола го стекна бидејќи неговиот татко држеше ваква продавница. После многу принудувања да се потурчи и мачења затоа што не сакаше да се потурчи, го убија со меч. Моштите му почиваат во манастирот Ксиропотаму на Света Гора. Тропар Силниот оган на љубовта Христова пламтеше во срцето твое, Никола свети мачениче, и тебе ништо не те одвои од Господа, по Кого иташе како кошула по воден извор. Отфрлајќи ја агарјанската заблуда, Бога Го исповеда, лагата ја исмеа и венец маченички Господ ти дарува, со кој и нас закрили н? во славата ти дадена, во Небесното Царство Христово.

Светиот новомаченик Јован

Родум од местото Коница во Албанија. По род е муслиман, од родители муслимани. Но подоцна, штом ја виде чудесната сила на христијанската вера на разни места и во разни случаи, тој се крсти. За ова беше обвинет и изведен пред турски суд. Намачен е за Христовата вера од Турците во Етолија и убиен со меч после мачење, во 1814 година. Пред смртта возвикна: „Спомни си за мене, Господи, во царството Твое!“ Тропар Благодатта Господова како ново вино во нов сад беше положена, во срцето твое, о Јоване свети мачениче, и ти озарен од љубовта Божја се приклони кон вистината, оставајќи ја измамата на телото. Затоа смртта повторно вкуси од адот, тебе венец непропадлив ти донесе во Царството на вечноста, од каде за нас моли се, ти кого Господ го приведе кон Себе.

The post Православната црква слави Собор на сите македонски Светители appeared first on Република.

]]>
Православната црква денеска го празнува свети маченик Калиник https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pravoslavnata-tsrkva-deneska-go-praznuva-sveti-machenik-kalinik/ Sun, 11 Aug 2024 07:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=805339

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јули. Денеска е Свети маченик Калиник.

Свети Калиник пострада маченички околу 250 година. Беше родум од Киликија и се беше оставил заради проповедта на Евангелието. Поради тоа и беше затворен во Анкира од некој кнез Сакердон. Овој го принудуваше да им се поклони на идолите заканувајќи се со тешки измачувања, а кога светиот ги презре сите негови зборови овој го стави на маки.

Трпеливото поднесување на маките од страна на св. Калиник направи многумина да поверуваат во Христа. Кнезот потоа го стави во железни чевли со шајки во нив и го препрати во Гангрија за таму да го погубат се плашеше од неговото сведоштво пред народот. А, во Гангрија свети Калиник беше фрлен во вжештена печка, во која и погина.

А, откако огнот згасна, го најдоа неговото тело цело.

The post Православната црква денеска го празнува свети маченик Калиник appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јули. Денеска е Свети маченик Калиник. Свети Калиник пострада маченички околу 250 година. Беше родум од Киликија и се беше оставил заради проповедта на Евангелието. Поради тоа и беше затворен во Анкира од некој кнез Сакердон. Овој го принудуваше да им се поклони на идолите заканувајќи се со тешки измачувања, а кога светиот ги презре сите негови зборови овој го стави на маки. Трпеливото поднесување на маките од страна на св. Калиник направи многумина да поверуваат во Христа. Кнезот потоа го стави во железни чевли со шајки во нив и го препрати во Гангрија за таму да го погубат се плашеше од неговото сведоштво пред народот. А, во Гангрија свети Калиник беше фрлен во вжештена печка, во која и погина. А, откако огнот згасна, го најдоа неговото тело цело.

The post Православната црква денеска го празнува свети маченик Калиник appeared first on Република.

]]>
Канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско–Скaдарска во манастирот во Слепче https://republika.mk/vesti/makedonija/kanonizatsija-na-svetata-prepodobnomachenichka-stefanida-bitolsko-skadarska-vo-manastirot-vo-slepche/ Sat, 29 Jun 2024 07:45:20 +0000 https://republika.mk/?p=791727

Во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче и во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ во Битола, викедов со свечени богослужби ќе биде канонизирана преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска.

Свеченото вбројување на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во диптихот на светителите и исповедниците, ќе почне во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, Демирхисарско, каде што вечерва во 17 часот ќе биде отслужена Вечерна богослужба.

Утре, во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“, во Битола, ќе биде отслужена богослужба во 7 часот, а во продолжение, во 9 часот – Света архијерејска литургија, на која ќе биде објавена одлуката на САС на МПЦ-ОА, за впишување на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите.

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 11 април 2024 година, по предлог на Синодската комисијата за канонизирање на светии, донесе одлука да ја вброи преподобно-маченичката Стефанида Битолска во диптихот на светителите и исповедниците.

Моштите на света Стефанида се наоѓаат во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, а сестринството на овој манастир ја наслика иконата на оваа новопројавена Божја угодничка и го состави нејзиното житие.

The post Канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско–Скaдарска во манастирот во Слепче appeared first on Република.

]]>

Во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче и во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ во Битола, викедов со свечени богослужби ќе биде канонизирана преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска. Свеченото вбројување на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во диптихот на светителите и исповедниците, ќе почне во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, Демирхисарско, каде што вечерва во 17 часот ќе биде отслужена Вечерна богослужба. Утре, во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“, во Битола, ќе биде отслужена богослужба во 7 часот, а во продолжение, во 9 часот – Света архијерејска литургија, на која ќе биде објавена одлуката на САС на МПЦ-ОА, за впишување на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите. Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 11 април 2024 година, по предлог на Синодската комисијата за канонизирање на светии, донесе одлука да ја вброи преподобно-маченичката Стефанида Битолска во диптихот на светителите и исповедниците. Моштите на света Стефанида се наоѓаат во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, а сестринството на овој манастир ја наслика иконата на оваа новопројавена Божја угодничка и го состави нејзиното житие.

The post Канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско–Скaдарска во манастирот во Слепче appeared first on Република.

]]>
Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан упати честитка до премиерот Христијан Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/arhiepiskopot-ohridski-i-makedonski-g-g-stefan-upati-chestitka-do-premierot-hristijan-mitskoski/ Tue, 25 Jun 2024 18:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=790798

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка до Христијан Мицкоски за изборот за претседател на Владата посакувајќи му успешен и плодотворен мандат на, како што истакнува, исклучително одговорната должност.

Почитувајќи ја волјата на мнозинството граѓани на последните собраниски избори во Македонија, кои во Вашата програма препознаа можност за напредок на државата, дозволете ми од Свое, како и од името на архијереите, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, да Ви го честитаме изборот за Претседател на Владата на Македонија. Имајќи ги предвид времето и приликите во кои живееме, Ви посакуваме од Господа успешен и плодотворен мандат на исклучително одговорната должност како Претседател на македонската Влада. Секоја власт е од Бога, поучува светиот апостол Павле (Рим. 13, 1), па Нашите молитви се упатени кон Него, за Вам и на Вашите соработници да Ви дарува добро здравје, потребно трпение и многу мудрост за успешно извршување на должностите, преку богоугодни и родољубиви дела, пишува во честитката.

Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, која вековно ги негува духовните и општествените полезни вредности, наведува поглаварот г.г. Стефан, очекува соработка со институциите на новата Влада во рамките на уставните и законските можности.

The post Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан упати честитка до премиерот Христијан Мицкоски appeared first on Република.

Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето за МПЦ не е канонско, туку политичко https://republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-petar-se-pokazha-deka-prashaneto-za-mpts-ne-e-kanonsko-tuku-politichko/ Sat, 25 May 2024 08:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=781579

Митрополитот Петар рече дека барањата од Цариград, за кои пред неколку дена извести архиепискот охридски и македонски г.г Стефан, само уште еднаш потврдиле дека прашањето за добивањето на Томос за нас било само политичко, а не канонско.

https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/

Ете сега веќе доаѓа до израз дека нашето прашање за црквата не било црковно туку било политичко и ден денеска од нас не се бара, не се кажува, не се тврди дека имаме било какви проблеми со каноничноста на црквата или со верата и учењето туку исклучиво од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет, потенцираше за „Сител“ Митрополитот Петар на одбележувањето на празникот на Светите Браќа Кирил и Методиј.

Во моментов добивањето на Томос од Цариград останува отворено прашање се до надминувањето на различните ставови.

The post Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето за МПЦ не е канонско, туку политичко appeared first on Република.

]]>

Митрополитот Петар рече дека барањата од Цариград, за кои пред неколку дена извести архиепискот охридски и македонски г.г Стефан, само уште еднаш потврдиле дека прашањето за добивањето на Томос за нас било само политичко, а не канонско. https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/ Ете сега веќе доаѓа до израз дека нашето прашање за црквата не било црковно туку било политичко и ден денеска од нас не се бара, не се кажува, не се тврди дека имаме било какви проблеми со каноничноста на црквата или со верата и учењето туку исклучиво од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет, потенцираше за „Сител“ Митрополитот Петар на одбележувањето на празникот на Светите Браќа Кирил и Методиј. Во моментов добивањето на Томос од Цариград останува отворено прашање се до надминувањето на различните ставови.

The post Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето за МПЦ не е канонско, туку политичко appeared first on Република.

]]>
Бараат да се откажеме од името МПЦ и македонската дијаспора, откри г.г.Стефан за барањата на Вселенската патријаршија https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/ Wed, 22 May 2024 05:43:09 +0000 https://republika.mk/?p=780657

Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да ѝ додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави архиепискот охридски и македонски г.г Стефан.

Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето.

Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле, изјави поглаварот на МПЦ-ОА.

Прашан што конкретно бара Вселенската патријаршија, тој посочи дека биле поставени неприфатливи услови - откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина.

МПЦ-ОА се враќа во канонско единство со другите православни помесни цркви. Вселенската патријаршија одлучи да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква. Оваа одлука не значи то

Вселенската патријаршија која нè упатуваше на тоа и за кое впрочем се потпишани сите православни цркви во Шамбези дека така треба тоа да се случува не прифати во заедничко сослужување во канонско единство со сите православни цркви. Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името Mакедонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград, рече г.г. Стефан.

Според поглаварот на МПЦ-ОА, барањата на Цариградската патријаршија тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани, особено тие поврзани со името и со дијаспората.

Името ние си го имаме, тоа име е наше на никој друг не припаѓа и затоа не треба никој да бара да се откажуваме ние од нашето име, а името на нашата црква е Македонската православна црква возобновена Охридска архиепископија затоа се соджат и и двете имиња во името на нашата црква. Дијаспората кога ќе преземат од сите други народи православни кои имаат своја дијаспора тогаш нека биде и нашава, но тоа прашање тешко ќе биде реализирано односно одговорено во позитивна насока кон барањата на Цариградската патријашрија, изјаци г.г. Стефан.

The post Бараат да се откажеме од името МПЦ и македонската дијаспора, откри г.г.Стефан за барањата на Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>

Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да ѝ додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави архиепискот охридски и македонски г.г Стефан. Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето.
Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле, изјави поглаварот на МПЦ-ОА.
Прашан што конкретно бара Вселенската патријаршија, тој посочи дека биле поставени неприфатливи услови - откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина. МПЦ-ОА се враќа во канонско единство со другите православни помесни цркви. Вселенската патријаршија одлучи да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква. Оваа одлука не значи то
Вселенската патријаршија која нè упатуваше на тоа и за кое впрочем се потпишани сите православни цркви во Шамбези дека така треба тоа да се случува не прифати во заедничко сослужување во канонско единство со сите православни цркви. Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името Mакедонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград, рече г.г. Стефан.
Според поглаварот на МПЦ-ОА, барањата на Цариградската патријаршија тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани, особено тие поврзани со името и со дијаспората.
Името ние си го имаме, тоа име е наше на никој друг не припаѓа и затоа не треба никој да бара да се откажуваме ние од нашето име, а името на нашата црква е Македонската православна црква возобновена Охридска архиепископија затоа се соджат и и двете имиња во името на нашата црква. Дијаспората кога ќе преземат од сите други народи православни кои имаат своја дијаспора тогаш нека биде и нашава, но тоа прашање тешко ќе биде реализирано односно одговорено во позитивна насока кон барањата на Цариградската патријашрија, изјаци г.г. Стефан.

The post Бараат да се откажеме од името МПЦ и македонската дијаспора, откри г.г.Стефан за барањата на Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>
Православните христијани го слават денот на Светата великомаченичка Ирина https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pravoslavnite-hristijani-go-slavat-denot-na-svetata-velikomachenichka-irina/ Sat, 18 May 2024 06:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=779358

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 мај. Денот е посветен на Светата великомаченичка Ирина.

Пенелопа така се викаше пред да се крсти, беше ќерка на некој мал цар, чија престолнина беше некојси балкански град Магедон. Ро¬дителите и беа незнабошци. Во христијанската вера ја воведе некој учител Апелијан, а потоа неа и нејзините дворски дами ги крсти свети Тимотеј, ученикот на апостол Павле.

Света Ирина во срцето се одлучи да живее девствен живот. Кога татко и слушна за тоа, се разлути и сакаше да ја стави на маки, но таа на чудесен начин го обрати во Христовата вера. Подоцна претрпе многу тешки измачувања од неколку цареви. Царот Савориј дури и ја умртви, но Бог повторно ја оживеа.

Нејзината проповед и чудата што Бог ги правеше преку неа приведоа многу незнабошци во Христовата вера. Најпосле, таа самата легна во гроб и му кажа на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија гробот, таа не беше внатре. Така Бог ја прослави оваа голема маченичка и светителка.

The post Православните христијани го слават денот на Светата великомаченичка Ирина appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 мај. Денот е посветен на Светата великомаченичка Ирина. Пенелопа така се викаше пред да се крсти, беше ќерка на некој мал цар, чија престолнина беше некојси балкански град Магедон. Ро¬дителите и беа незнабошци. Во христијанската вера ја воведе некој учител Апелијан, а потоа неа и нејзините дворски дами ги крсти свети Тимотеј, ученикот на апостол Павле. Света Ирина во срцето се одлучи да живее девствен живот. Кога татко и слушна за тоа, се разлути и сакаше да ја стави на маки, но таа на чудесен начин го обрати во Христовата вера. Подоцна претрпе многу тешки измачувања од неколку цареви. Царот Савориј дури и ја умртви, но Бог повторно ја оживеа. Нејзината проповед и чудата што Бог ги правеше преку неа приведоа многу незнабошци во Христовата вера. Најпосле, таа самата легна во гроб и му кажа на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија гробот, таа не беше внатре. Така Бог ја прослави оваа голема маченичка и светителка.  

The post Православните христијани го слават денот на Светата великомаченичка Ирина appeared first on Република.

]]>
МПЦ – ОА ги повикува граѓаните да излезат и да гласаат https://republika.mk/vesti/makedonija/mpts-oa-gi-povikuva-graganite-da-izlezat-i-da-glasaat/ Wed, 08 May 2024 10:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=775408

Македонската православна црква Охридска архиепикопија ги повикува верниците и граѓаните на Македонија да излезат и да гласаат на претседатеските и парламентарни избори.

Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата.

Изборите се можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право!

Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани, Ве повикуваме да излеземе масовно и да гласаме, се вели во соопшттението на МПЦ - ОА.

The post МПЦ – ОА ги повикува граѓаните да излезат и да гласаат appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква Охридска архиепикопија ги повикува верниците и граѓаните на Македонија да излезат и да гласаат на претседатеските и парламентарни избори.
Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата. Изборите се можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право! Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани, Ве повикуваме да излеземе масовно и да гласаме, се вели во соопшттението на МПЦ - ОА.

The post МПЦ – ОА ги повикува граѓаните да излезат и да гласаат appeared first on Република.

]]>
Г.Г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-da-gi-zatsvrstime-edinstvoto-i-slogata-da-gi-nadmineme-raznoglasijata-i-megusebnite-podelbi/ Sun, 05 May 2024 07:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=774374

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски, заедно со Светиот архијерејски Синод, по повод Велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија:

„Денес сето создание се весели и се радува,

зашто – Христос воскресна[1].

Возљубени празникољупци,

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата.

Господ Исус Христос, со Своето воскресение од мртвите, ни го осмисли нашиот живот, и не само овој – земниот, туку и небесниот, односно ни го дари вечниот живот во Неговото Царство. Токму преку Христовото воскресение се одгатнаа сите загатки со коишто, уште од паѓањето во грев, се соочуваше немоќното и безутешно човештво, а коишто завршуваа со суровоста на смртта. Ете, токму преку тоа Чудо над чудата, ние, луѓето, од смртни станавме бесмртни[2] и ни беше овозможено трајно да се ослободиме од прангите на смртта и да се упатиме кон Оној Kojшто и самиот е Живот[3] – кон Христа Животодавецот.

Возљубени сорадосници во Христа воскреснатиот,

Радоста, којашто извира од тајната на Христовото воскресение и којашто, еве, сите ние, како христијани, ја сведочиме повеќе од две илјади лета, е неизмерна. Но, оваа неискажлива и преславна радост[4] не треба да биде минливо чувство, коешто ќе нѐ обземе само во овие празнични дни, туку, напротив, треба да ни постане начин на живеење и на постоење.

Впрочем, и самото христијанство е вера на радоста! Ако не постои радост, тогаш не постои ни вистинско христијанство; ако немаме радост во нас и помеѓу нас, тогаш не сме ни вистински христијани, ни вистински учесници во Христовото воскресение, ниту, пак, вистински следбеници на Христа.

Според тоа, доколку сакаме да бидеме доследни подражатели на Христа и да врвиме по Неговите стапки, тогаш ќе мора да си ги земеме врз себе нашите животни крстови и, минувајќи низ сопствените голготи, истите да ги поднесеме докрај, и тоа со радост. Само на тој начин, во нашите души – и покрај сите животни премрежја, искушенија и предизвици – ќе ја почувствуваме бескрајната радост од Неговото воскресение и ќе заживееме со несфатливата и непреодна радост на вечниот живот.

Возљубени чеда во Господа,

Тајната на Христовото воскресение најмногу се открива во дарот на простувањето. Та, можно ли е вистински да го празнуваме Велигден – Празникот над празниците – ако не простуваме и ако не бараме да ни простат!? Можно ли е да водиме христијански живот и да се нарекуваме христијани ако во нашите срца се вгнездени злопамтивоста и одмаздољубивоста или, пак, ако во нашите души се всадени гневот и лутината!? Тоа е – невозможно! Да се живее вистински христијански живот – живот според Евангелието – значи да се постане обновен човек во Христа[5] и да се чекори по патот на богољубието и човекољубието – по патот којшто води кон Царството небесно.

Затоа, што е можно поскоро, да се угледаме кон сите оние коишто низ вековите Го возљубија Бога, а го возљубија и својот ближен, да се угледаме на нивниот богоугоден живот, во којшто особено се истакнува подвигот на човекољубието и на простувањето, па – со силата на Христовото воскресение – и сите ние, коишто се именуваме со Неговото име, да го возљубиме својот ближен и секому сѐ да простиме[6] за, на тој начин, да станеме наследници на вечниот живот.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Доколку се обѕрнеме во нашето историско раздобје, ќе воочиме огромни подеми и падови, како на црковен, така и на национален план. Впрочем, македонскиот народ, со Божја помош и поткрепа, успевал и сѐ уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели; и, притоа, со крената глава да продолжи по патот кон Бога – кон Изворот на добрините и на правдата.

Та, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!? Но, како што не потклекнаа нашите прадедовци, така и ние – како нивни потомци и како доследни пазители на аманетот доверен од нив – да не дозволиме отстапки пред оние коишто постојано посегнуваат по нашето најсвето; пред оние коишто гледаат да го зграбат она коешто со векови макотрпно е градено и коешто е сочувано до денешни дни. Наша должност и обврска треба да ни биде да им се спротивставуваме на сите оние коишто на секаков начин се трудат да ни го одземат она за коешто се дадени многу жртви и коишто се желни да ни ги приграбат: и историјата, и земјата, и културата, и јазикот и сѐ што е наше – македонско.

Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто катадневно се соочуваме. Но, сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања.

Возљубени родољупци,

Ова лето Господово достојно ќе одбележиме и повеќе годишнини, коишто се изнедрени од пазувите на нашето богато и славно минато. Меѓу нив, најпрво ќе си припомниме за Беласичката битка, од 1014-тата, којашто, всушност, е неделиво поврзана со градењето и со запазувањето на нашата долговековна историска посебност, а ќе се присетиме и на бележитите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, во 1944година. Исто така, ќе ги прославиме и 860-годишното постоење на велелепниот манастир „Свети великомаченик Пантелејмон“ во Нерези, Скопско, како и 100-годишнината од замонашувањето на возобновителот на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква – блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј.

Еве, токму овие незаборавни настани нека ни бидат силен поттик за обнова на нашата црковно-национална самосвест, а истовремено нека ни бидат и постојани потсетници за она за коешто се бореле многу наши поколенија, а за коешто останува и ние да продолжиме да ги чуваме – нашата Татковина Македонија и нашата Македонска Црква.

Нека незаодната светлина од празникот на Христовото воскресение – Велигден, ни биде нераскинлива нишка којашто ќе нѐ поврзе сите Македонци – и овде, во Татковината, и насекаде каде што нашинците се иселени по светот – во единството на троедната љубов: во богољубието, братољубието и родољубието, та едногласно да воскликнеме пред сиот свет: Христос воскресе!“

The post Г.Г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски, заедно со Светиот архијерејски Синод, по повод Велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија: „Денес сето создание се весели и се радува, зашто – Христос воскресна[1]. Возљубени празникољупци, Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата. Господ Исус Христос, со Своето воскресение од мртвите, ни го осмисли нашиот живот, и не само овој – земниот, туку и небесниот, односно ни го дари вечниот живот во Неговото Царство. Токму преку Христовото воскресение се одгатнаа сите загатки со коишто, уште од паѓањето во грев, се соочуваше немоќното и безутешно човештво, а коишто завршуваа со суровоста на смртта. Ете, токму преку тоа Чудо над чудата, ние, луѓето, од смртни станавме бесмртни[2] и ни беше овозможено трајно да се ослободиме од прангите на смртта и да се упатиме кон Оној Kojшто и самиот е Живот[3] – кон Христа Животодавецот. Возљубени сорадосници во Христа воскреснатиот, Радоста, којашто извира од тајната на Христовото воскресение и којашто, еве, сите ние, како христијани, ја сведочиме повеќе од две илјади лета, е неизмерна. Но, оваа неискажлива и преславна радост[4] не треба да биде минливо чувство, коешто ќе нѐ обземе само во овие празнични дни, туку, напротив, треба да ни постане начин на живеење и на постоење. Впрочем, и самото христијанство е вера на радоста! Ако не постои радост, тогаш не постои ни вистинско христијанство; ако немаме радост во нас и помеѓу нас, тогаш не сме ни вистински христијани, ни вистински учесници во Христовото воскресение, ниту, пак, вистински следбеници на Христа. Според тоа, доколку сакаме да бидеме доследни подражатели на Христа и да врвиме по Неговите стапки, тогаш ќе мора да си ги земеме врз себе нашите животни крстови и, минувајќи низ сопствените голготи, истите да ги поднесеме докрај, и тоа со радост. Само на тој начин, во нашите души – и покрај сите животни премрежја, искушенија и предизвици – ќе ја почувствуваме бескрајната радост од Неговото воскресение и ќе заживееме со несфатливата и непреодна радост на вечниот живот. Возљубени чеда во Господа, Тајната на Христовото воскресение најмногу се открива во дарот на простувањето. Та, можно ли е вистински да го празнуваме Велигден – Празникот над празниците – ако не простуваме и ако не бараме да ни простат!? Можно ли е да водиме христијански живот и да се нарекуваме христијани ако во нашите срца се вгнездени злопамтивоста и одмаздољубивоста или, пак, ако во нашите души се всадени гневот и лутината!? Тоа е – невозможно! Да се живее вистински христијански живот – живот според Евангелието – значи да се постане обновен човек во Христа[5] и да се чекори по патот на богољубието и човекољубието – по патот којшто води кон Царството небесно. Затоа, што е можно поскоро, да се угледаме кон сите оние коишто низ вековите Го возљубија Бога, а го возљубија и својот ближен, да се угледаме на нивниот богоугоден живот, во којшто особено се истакнува подвигот на човекољубието и на простувањето, па – со силата на Христовото воскресение – и сите ние, коишто се именуваме со Неговото име, да го возљубиме својот ближен и секому сѐ да простиме[6] за, на тој начин, да станеме наследници на вечниот живот. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Доколку се обѕрнеме во нашето историско раздобје, ќе воочиме огромни подеми и падови, како на црковен, така и на национален план. Впрочем, македонскиот народ, со Божја помош и поткрепа, успевал и сѐ уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели; и, притоа, со крената глава да продолжи по патот кон Бога – кон Изворот на добрините и на правдата. Та, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!? Но, како што не потклекнаа нашите прадедовци, така и ние – како нивни потомци и како доследни пазители на аманетот доверен од нив – да не дозволиме отстапки пред оние коишто постојано посегнуваат по нашето најсвето; пред оние коишто гледаат да го зграбат она коешто со векови макотрпно е градено и коешто е сочувано до денешни дни. Наша должност и обврска треба да ни биде да им се спротивставуваме на сите оние коишто на секаков начин се трудат да ни го одземат она за коешто се дадени многу жртви и коишто се желни да ни ги приграбат: и историјата, и земјата, и културата, и јазикот и сѐ што е наше – македонско. Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто катадневно се соочуваме. Но, сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања. Возљубени родољупци, Ова лето Господово достојно ќе одбележиме и повеќе годишнини, коишто се изнедрени од пазувите на нашето богато и славно минато. Меѓу нив, најпрво ќе си припомниме за Беласичката битка, од 1014-тата, којашто, всушност, е неделиво поврзана со градењето и со запазувањето на нашата долговековна историска посебност, а ќе се присетиме и на бележитите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, во 1944година. Исто така, ќе ги прославиме и 860-годишното постоење на велелепниот манастир „Свети великомаченик Пантелејмон“ во Нерези, Скопско, како и 100-годишнината од замонашувањето на возобновителот на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква – блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј. Еве, токму овие незаборавни настани нека ни бидат силен поттик за обнова на нашата црковно-национална самосвест, а истовремено нека ни бидат и постојани потсетници за она за коешто се бореле многу наши поколенија, а за коешто останува и ние да продолжиме да ги чуваме – нашата Татковина Македонија и нашата Македонска Црква. Нека незаодната светлина од празникот на Христовото воскресение – Велигден, ни биде нераскинлива нишка којашто ќе нѐ поврзе сите Македонци – и овде, во Татковината, и насекаде каде што нашинците се иселени по светот – во единството на троедната љубов: во богољубието, братољубието и родољубието, та едногласно да воскликнеме пред сиот свет: Христос воскресе!“

The post Г.Г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби appeared first on Република.

]]>
Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби https://republika.mk/vesti/kultura/ostri-kritiki-za-maskata-so-isus-i-krstot-od-gajbi/ Sun, 14 Jan 2024 10:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=732780

Поради трагичниот настан, вчера на вевчанскиот карневал изостана музичкиот дел на дефилето и забавната програма во вечерните часови.

Посебен интерес меѓу маските кои продефилираа привлече маска со која се исмејува маката на Господ Исус Христос, прикажано како носи празни гајби од пиво наредени во форма на крст. На социјалните мрежи имаше бројни критики, а беше прозвана и МПЦ да реагира.

Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.

Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.

Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.

Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.

Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд, се вели во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

The post Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби appeared first on Република.

]]>

Поради трагичниот настан, вчера на вевчанскиот карневал изостана музичкиот дел на дефилето и забавната програма во вечерните часови. Посебен интерес меѓу маските кои продефилираа привлече маска со која се исмејува маката на Господ Исус Христос, прикажано како носи празни гајби од пиво наредени во форма на крст. На социјалните мрежи имаше бројни критики, а беше прозвана и МПЦ да реагира. Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.
Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.
Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.
Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.
Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд, се вели во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

The post Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби appeared first on Република.

]]>
Тома Фила: Тоа што разговаравме со дедо Стефан и патријархот Иринеј за признавањето на МПЦ ќе го однесам горе кај Господ https://republika.mk/vesti/balkan/toma-fila-toa-shto-razgovaravme-so-dedo-stefan-i-patrijarhot-irinej-za-priznavaneto-na-mpts-ke-go-odnesam-gore-kaj-gospod/ Tue, 12 Dec 2023 17:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=722233

Адвокатот Тома Фила во интервјуто за „Република“ сподели детали за тоа како течеле преговорите за признавање на автокефалноста на МПЦ од страна на СПЦ за кое и тој има удел.Фила вели дека тоа што го зборувале со архиепископот Стефан и Патријархот Иринеј на иста маса ветил дека ќе го однесе горе кај Господ и нема никогаш да го каже.

Тајна ќе остане и сето она што го знае на Аркан и Слободан Милошевиќ, вели Фила.

За признавањето на МПЦ јас бев со дедо Стефан и со Патријархот Иринеј.Бев третиот човек во преговорите.Тоа што се преговораше ќе однесам во гроб.Затоа се заколнав.Исто и за Милошевиќ  и Аркан.Имам многу сознанија но има професионална тајна помеѓу тој што го бранам и адвокатот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toma-fila-za-republika-ima-golemi-propusti-vo-istragata-za-vana-voziloto-moralo-da-bide-pronajdeno/

https://republika.mk/vesti/balkan/toma-fila-odbiv-da-branam-sluchaj-slichen-kakov-vana-na-ubiets-i-siluvach-na-dete/

https://www.youtube.com/watch?v=2BUGU6wqn5U

The post Тома Фила: Тоа што разговаравме со дедо Стефан и патријархот Иринеј за признавањето на МПЦ ќе го однесам горе кај Господ appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Тома Фила во интервјуто за „Република“ сподели детали за тоа како течеле преговорите за признавање на автокефалноста на МПЦ од страна на СПЦ за кое и тој има удел.Фила вели дека тоа што го зборувале со архиепископот Стефан и Патријархот Иринеј на иста маса ветил дека ќе го однесе горе кај Господ и нема никогаш да го каже. Тајна ќе остане и сето она што го знае на Аркан и Слободан Милошевиќ, вели Фила.
За признавањето на МПЦ јас бев со дедо Стефан и со Патријархот Иринеј.Бев третиот човек во преговорите.Тоа што се преговораше ќе однесам во гроб.Затоа се заколнав.Исто и за Милошевиќ  и Аркан.Имам многу сознанија но има професионална тајна помеѓу тој што го бранам и адвокатот.
  https://republika.mk/vesti/makedonija/toma-fila-za-republika-ima-golemi-propusti-vo-istragata-za-vana-voziloto-moralo-da-bide-pronajdeno/ https://republika.mk/vesti/balkan/toma-fila-odbiv-da-branam-sluchaj-slichen-kakov-vana-na-ubiets-i-siluvach-na-dete/ https://www.youtube.com/watch?v=2BUGU6wqn5U

The post Тома Фила: Тоа што разговаравме со дедо Стефан и патријархот Иринеј за признавањето на МПЦ ќе го однесам горе кај Господ appeared first on Република.

]]>
МПЦ слави неколку светители https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mpts-slavi-nekolku-svetiteli/ Sat, 02 Dec 2023 07:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=718534

Македонската православна црква денеска празнува неколку светители.

Светиот пророк Авдија

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во с ? како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно.

Тропар

Велик е животот на преведнкот пред Господа, и него наградата не го одминува, така ти Авдие, Божји пророче, дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна, која во себе ќе ги удоми децата, од нив сега прими пофалба торжествена во сите векови.

Светиот маченик Варлам

Родум од Антиохија. Заради верата во Господ Исус Христос беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идослкиот храм и му стави оган на дланката и темјан на оганот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така и не сакајќи да ги покади. Но херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка и без помисла д го фрли на идолите, с ѐ додека прстите не му изгореа и отпаднаа и дланката не му прегоре.

И така на земјата со огнот паднаа и прстите на маченикот. „Десница имаше посилна од огнот,“ вели Св. Василиј Велики, „...зашто ако пламенот и ја зафати раката, таа го држеше огнот како да е пепел“. А Златоуст пишува: „Ангелите гледаа од височините, го набљудуваа архангелите, глетката беше величествена, навистина ја надминуваше човечката природа. Кој не би посакал да види човек којшто се подвизувал и не го чувствувал она што им е својствено на луѓето, којшто и самиот бил жртвеник и жртва и жрец?“ Кога му изгоре раката, целото тело на старецот Варлам се сруши мртво на земјата, а душата му замина во вечниот спокој на неговиот Господ и Спасител. Овој преславен старец-јунак пострада во 304 година.

Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф

Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во планината на подвиг, а Јоасаф остана да се бори со многубројните искушенија во светот и со благодатта Божја да ги победува. Најпосле Јоасаф успеа да го приведе кон Христа и својот татко. Откако се крсти царот Авенир поживеа четири години во големо покајание - зашто направи големи гревови гонејќи ги христијаните - па потоа го заврши својот земен живот и замина во бесмртниот.

Младиот Јоасаф царството му го предаде на својот другар Варахиј, а самиот замина во пустина на подвиг на христијанско восовршување. Единствена желба на земјата му беше уште еднаш да се види со Старецот Варлам. И милостивиот Бог му ја исполни желбата, па еден ден Јоасаф застана пред пештерата на Варлам и возвикна: „Благослови, оче!“ Старецот Варлам се подвизуваше во пустината седумдесет години, а поживеа с ѐ на с ѐ сто години. Свети Јоасаф го остави царството во својата дваесет и петта година, тогаш замина во пустината, во којашто поживеа триесет и пет години. Обајцата имаа голема љубов кон Господ Исус, мнозина ги обратија во вистинската вера и се преселија во вечната радост на својот Господ.

Светиот маченик Илиодор

Од градот Магид во Памфилија. Мачен за верата Христова во времето на царот Аврелијан. Во тешките маки чу глас од небото: „Не бој се, Јас Сум со тебе!“ Го фрлија во бакарен усвитен вол. Усрдно Му се молеше на Бога и Бог го спаси: усвитениот вол одеднаш истина и Илиодор излезе од него жив. Судијата му довикна дека прави магии. „Моите магии се Христос,“ одговори Илиодор. Го убија со меч и отиде кај Господа.

Преподобен Порфириј Кавсокаливит

Старец Порфириј се родил во 1906 година во Свети Јован Каристиски, на Евија. Неговото световно име било Евангелос. На деветгодишна возраст се вработил во јагленарница, а потоа кај еден пријател на семејството во Пиреја. Татко му заминал да работи на каналот во Панама, за да го прехрани семејството. На возраст од околу 12 години, тајно тргнал сам за Света Гора. На бродот го запознал јеромонахот Пантелејмон, својот иден духовник, кој се подвизувал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора.

По две години бил пострижан за монах. Поради неговата ревност, послушание и подвизи на млада возраст стекнал дар на проѕорливост. На Света Гора се разболел од пневмонија, на околу 18-годишна возраст, па затоа старците го испратиле на островот Евија за да се лечи. По кратко време бил ракоположен за свештеник на возраст од 20 години, а потоа бил произведен за духовник. Триесет и три години служел како парохиски свештеник во атинската Поликлиника, исповедајќи ги болните и сите што доаѓале кај него, често исцелувајќи ги со молитвата и со благодатта Божја.

Во 1950 година се населил во напуштениот манастир посветен на свети Никола, на Пендели, а во 1979 година се населил во Милеси, Атика. Во јуни 1991 година, претчувствувајќи го својот крај и не сакајќи да биде погребан со почести, заминал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора, каде што бил замонашен пред 70 години. На 2 декември Му ја предал својата душа на Бог.

Тропар

Како награда за трудовите и благочестивиот живот, Порфирие, Господ од висините ти даде благодат мудро да ги предзнаеш идните нешта; свештен цвету на Eвија, ти од Атон таинствено се пресади во градините на бескрајната слава, за да се молиш на Христа за оние кои те восхвалуваат.

Кондак

На Евија рожба, на вселената веселба, на богословието тајник и на Христа искрен пријател, Порфириј го чествуваме, верни, со благодат од младост исполнет. Измачувани се тешат, болни се лечат, верно повикувајќи: слава на Тој што те укрепи, слава на Тој што те освети, слава на Тој што преку тебе ни дарува чудеса.

The post МПЦ слави неколку светители appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква денеска празнува неколку светители.

Светиот пророк Авдија

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во с ? како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно. Тропар Велик е животот на преведнкот пред Господа, и него наградата не го одминува, така ти Авдие, Божји пророче, дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна, која во себе ќе ги удоми децата, од нив сега прими пофалба торжествена во сите векови.

Светиот маченик Варлам

Родум од Антиохија. Заради верата во Господ Исус Христос беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идослкиот храм и му стави оган на дланката и темјан на оганот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така и не сакајќи да ги покади. Но херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка и без помисла д го фрли на идолите, с ѐ додека прстите не му изгореа и отпаднаа и дланката не му прегоре. И така на земјата со огнот паднаа и прстите на маченикот. „Десница имаше посилна од огнот,“ вели Св. Василиј Велики, „...зашто ако пламенот и ја зафати раката, таа го држеше огнот како да е пепел“. А Златоуст пишува: „Ангелите гледаа од височините, го набљудуваа архангелите, глетката беше величествена, навистина ја надминуваше човечката природа. Кој не би посакал да види човек којшто се подвизувал и не го чувствувал она што им е својствено на луѓето, којшто и самиот бил жртвеник и жртва и жрец?“ Кога му изгоре раката, целото тело на старецот Варлам се сруши мртво на земјата, а душата му замина во вечниот спокој на неговиот Господ и Спасител. Овој преславен старец-јунак пострада во 304 година.

Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф

Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во планината на подвиг, а Јоасаф остана да се бори со многубројните искушенија во светот и со благодатта Божја да ги победува. Најпосле Јоасаф успеа да го приведе кон Христа и својот татко. Откако се крсти царот Авенир поживеа четири години во големо покајание - зашто направи големи гревови гонејќи ги христијаните - па потоа го заврши својот земен живот и замина во бесмртниот. Младиот Јоасаф царството му го предаде на својот другар Варахиј, а самиот замина во пустина на подвиг на христијанско восовршување. Единствена желба на земјата му беше уште еднаш да се види со Старецот Варлам. И милостивиот Бог му ја исполни желбата, па еден ден Јоасаф застана пред пештерата на Варлам и возвикна: „Благослови, оче!“ Старецот Варлам се подвизуваше во пустината седумдесет години, а поживеа с ѐ на с ѐ сто години. Свети Јоасаф го остави царството во својата дваесет и петта година, тогаш замина во пустината, во којашто поживеа триесет и пет години. Обајцата имаа голема љубов кон Господ Исус, мнозина ги обратија во вистинската вера и се преселија во вечната радост на својот Господ.

Светиот маченик Илиодор

Од градот Магид во Памфилија. Мачен за верата Христова во времето на царот Аврелијан. Во тешките маки чу глас од небото: „Не бој се, Јас Сум со тебе!“ Го фрлија во бакарен усвитен вол. Усрдно Му се молеше на Бога и Бог го спаси: усвитениот вол одеднаш истина и Илиодор излезе од него жив. Судијата му довикна дека прави магии. „Моите магии се Христос,“ одговори Илиодор. Го убија со меч и отиде кај Господа.

Преподобен Порфириј Кавсокаливит

Старец Порфириј се родил во 1906 година во Свети Јован Каристиски, на Евија. Неговото световно име било Евангелос. На деветгодишна возраст се вработил во јагленарница, а потоа кај еден пријател на семејството во Пиреја. Татко му заминал да работи на каналот во Панама, за да го прехрани семејството. На возраст од околу 12 години, тајно тргнал сам за Света Гора. На бродот го запознал јеромонахот Пантелејмон, својот иден духовник, кој се подвизувал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора. По две години бил пострижан за монах. Поради неговата ревност, послушание и подвизи на млада возраст стекнал дар на проѕорливост. На Света Гора се разболел од пневмонија, на околу 18-годишна возраст, па затоа старците го испратиле на островот Евија за да се лечи. По кратко време бил ракоположен за свештеник на возраст од 20 години, а потоа бил произведен за духовник. Триесет и три години служел како парохиски свештеник во атинската Поликлиника, исповедајќи ги болните и сите што доаѓале кај него, често исцелувајќи ги со молитвата и со благодатта Божја. Во 1950 година се населил во напуштениот манастир посветен на свети Никола, на Пендели, а во 1979 година се населил во Милеси, Атика. Во јуни 1991 година, претчувствувајќи го својот крај и не сакајќи да биде погребан со почести, заминал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора, каде што бил замонашен пред 70 години. На 2 декември Му ја предал својата душа на Бог. Тропар Како награда за трудовите и благочестивиот живот, Порфирие, Господ од висините ти даде благодат мудро да ги предзнаеш идните нешта; свештен цвету на Eвија, ти од Атон таинствено се пресади во градините на бескрајната слава, за да се молиш на Христа за оние кои те восхвалуваат. Кондак На Евија рожба, на вселената веселба, на богословието тајник и на Христа искрен пријател, Порфириј го чествуваме, верни, со благодат од младост исполнет. Измачувани се тешат, болни се лечат, верно повикувајќи: слава на Тој што те укрепи, слава на Тој што те освети, слава на Тој што преку тебе ни дарува чудеса.

The post МПЦ слави неколку светители appeared first on Република.

]]>
Вечерна богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/vecherna-bogosluzhba-i-litija-vo-tsrkvata-rozhdestvo-na-presveta-bogoroditsa-vo-skopje/ Wed, 20 Sep 2023 16:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=683544

Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, попладнево се служи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.

На богослужба присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.

Вечерната молитва ќе биде проследена со литија околу централното градско подрачје.

Македонската православна црква - Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.

Утре (21 септември) православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица.

The post Вечерна богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, попладнево се служи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје. На богослужба присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан. Вечерната молитва ќе биде проследена со литија околу централното градско подрачје. Македонската православна црква - Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата. Утре (21 септември) православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица.

The post Вечерна богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје appeared first on Република.

]]>
Денеска e Црковна Нова година, се празнуваат овие светители https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-tsrkovna-nova-godina-se-praznuvaat-ovie-svetiteli/ Thu, 14 Sep 2023 09:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=681624

Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември (14 септемвбри според новиот календар). Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување; да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог“ (Исаија 1 – 2). Уште овој месец септември е значаен во историјата на христијанството по тоа што во него царот Константин Велики ја однесе победата над Максенциј, непријателот на Христовата вера, а на таа слобода ? уследи слободата на христијанската вероисповед во целото римско царство. Долго време во христијанскиот свет и граѓанската година беше сметана од 1 септември; на 1 јануари се премести најпрво во Западна Европа, а потоа во Русија, во времето на Петар Велики.

Тропар

Создателу на сите твари, Кој времињата и годините во Своја власт ги положи, благослови го венецот на годината на Твојата добрина, Господи, запазувајќи го благоверниот народ во мир, и градот Твој, по молитвите на Богородица, и спаси н?.

Кондак

Христе Цару, Кој живееш во висините; Создателу и Градителу на с? видливо и невидливо, Кој си ги создал деновите и ноќите, времињата и годините, благослови го и сега венецот на годинава, сочувај го и запази го во мир православниот народ наш, градот (селото) и луѓето Твои, Многумилостиве.

Преподобен Симеон Столпник

Родум Сириец, од родители селани. Во својата осумнаесетта година побегна од родителите и се замонаши. Се предаваше себеси на најтешки подвизи, понекогаш постејќи по четириесет дена. Потоа се предаде на особен подвиг: имено, деноноќно сотеше на столб, во непрестајна молитва. Неговиот столб најпрво беше висок шест лакти, потоа му подигнаа еден од дванаесет, па од дваесет и два, па од триесет и шест, и најпосле столб висок четириесет лакти. Мајка му Марта двапати доаѓаше да го види, но тој не ја примаше, туку од столбот ? рече: „Не ме вознемирувај сега, мајко, ако се удостојам ќе се видиме во оној свет.“ Свети Симеон претрпе безбројни напади од демоните, но сите ги победи со молитва кон Бога. Овој светител изврши големи чуда и мнозина болни ги исцели со збор и со молитва. Околу неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, богати и сиромашни, цареви и робови. И тој им помагаш на сите; на некои враќајќи им го телесното здравје, на некои давајќи им утеха и поука, а некои изобличувајќи ги заради нивната еретичка вера. Така ја одврати царицата Евдокија од Евтихиевата ерес и ја приведе кон Православието. Свети Симеон се подвизуваше за време на царевите Теодосиј Помладиот, Маркијан и Лав Велики. Овој прв столпник во христијанството и голем чудотворец поживеа сто и три години и се упокои во Господ на 1 септември, 459 година. Неговите мошти се пренесени во Антиохија, во црквата посветена на неговото име.

Тропар

Симеоне, свети подвижниче, подвиг пред Господа голем принесе, надминувајќи ја човечката природа на столб се подигна. Пастирот Христос преку тебе светилник на столбот постави, да свети по сите краишта земни, да се распространува светлината Христова, преку душа која Нему Му е угодна, по твоите молитви, отче свети, да се соберат сите од Бога создадени, и да поверуваат во Неговата сила спасителна.

Свети Исус Навин

Водач на еврејскиот народ после смртта Мојсеева. Тој и Халев единствени од неколкуте стотици илјади Евреи влегоа во Ветената Земја. (За неговата верност кон Бога, за неговите чуда и дела, читај во Книгата на Исус Навин). Поживеа сто и десет години и се упокои околу 1440 година пред раѓањето на Исус Христос.

Тропар

Господ беше со тебе, Исусе Навине, заради праведноста света твоја: сонцето те послуша, Јордан се раздели, и земјата ветена во наследство ти припадна, каде народот Израелски глава потслони. Радувај се, Божји слуго, и пред престолот на Вишниот застапи се, имајќи ги за помошници вишите сили небесни.

The post Денеска e Црковна Нова година, се празнуваат овие светители appeared first on Република.

МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина https://republika.mk/zivot/servisi/mpts-ja-slavi-sveti-velikomachenitsa-marina/ Sun, 30 Jul 2023 06:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=666783

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули.

Денеска е Св. великомаченица Марина.

Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка.

Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули. Денеска е Св. великомаченица Марина. Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>
Денеска е Свети свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-sveti-sveshtenomachenik-atinogen-i-negovite-10-uchenitsi/ Sat, 29 Jul 2023 06:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=666494

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јули.

Денеска е Св. свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици.

Свети Атиноген беше епископ на ерменскиот град Пидахтон и живееше во еден манастир близу градот заедно со 10 свои ученици. Во 311 година во Севастискиот округ беше испратен еден жесток мачител на христијаните, на име Филомарх, кој откако погуби многу христијани ги затвори и епископот Атиноген и неговите 10 ученици. Овие не се исплашија од заканите на Филомарх, па беа погубени.

The post Денеска е Свети свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јули. Денеска е Св. свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици. Свети Атиноген беше епископ на ерменскиот град Пидахтон и живееше во еден манастир близу градот заедно со 10 свои ученици. Во 311 година во Севастискиот округ беше испратен еден жесток мачител на христијаните, на име Филомарх, кој откако погуби многу христијани ги затвори и епископот Атиноген и неговите 10 ученици. Овие не се исплашија од заканите на Филомарх, па беа погубени.

The post Денеска е Свети свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици appeared first on Република.

]]>
Eпископот Јаков Стобиски: Не поддржуваме никаков говор на омраза, повикуваме на мирни протести https://republika.mk/vesti/makedonija/episkopot-jakov-stobiski-ne-poddrzhuvame-nikakov-govor-na-omraza-povikuvame-na-mirni-protesti/ Tue, 27 Jun 2023 11:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=655670

Светиот архиерејски Синод на МПЦ Охридска епископија на денешната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантскиот однос на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на Законот за измени во матична евиденција и Предлог законот за родова еднаквост којшто се подготвува да влезе во процедура.

-И покрај сериозното спротивставување и сосема аргументираните забелешки за содржината на двата закони како црква имаме впечаток дека се инсистира да се продолжи постапката и законите да станат официјални, формални законски решенија во нашето општество со целокупната нивна содржина, изјави епископот Јаков Стобиски.

Тој потенцира дека овој собир што го организира МПЦ не е насочен против никого, туку е насочен исклучиво против содржината на овие предлог закони.

-Ние образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базира на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајчќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, вели епископот.

Тој го повтори ставот на црквата дека овие закони сериозно ќе го загрозат правото на вероисповест, заради тоа што не само што ќе се редефинира целокупното општество туку, нагласува, ќе се ограничи слободата на говор со оној член којшто се однесува на родова сензитивниот јазик.

Епископот Јаков Стобиски, воедно потенцира дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, на овој протест, бидејќи, вели, тој е насочен исклучиво против содржината на овие закони.

-Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.

На новинарско прашање тој изјави дека црквата веќе учествува во јавната дебата за посочените закони и ќе продолжи да учествува, а има и свои предлози.

-Црквата е и мора да остане своевиден коректив на совеста на општеството. И токму заради тоа се бориме. Никој нема право да ни го забрани тоа. Што се однесува до одлуката на Извршниот одбор на СДСМ, е за поздравување иако тоа е партиска одлука. Сега се на потег сите механизми на Владата и да видиме Владата како ќе се произнесе, вели епископот Јаков Стобиски.

Тој појасни дека МПЦ не е против остварувањето на нечии права туку сметаат дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.

-Тоа е диктатура на сметка на остварување на нечии права да се остваруваат права, нема да речам на малциска група, затоа што во очите на Бог само една човечка душа има вредност колку сиот свет, рече епископот Јаков.

Појаснувајќи ги заблешеките на двата закона, тој кажа дека „сме изманипулирани, излажани заради тоа што родот како атрибут на полот, како социјален конструкт на полот не го одвојуваме од полот, и аналогно на тоа ако има два пола има два рода“.

-Овие закони ни носат еден конструкт чудовишна можност, отвораат една пандорина кутија секој ден да излегуваат разно разни родови и секој да биде што ќе посака.  Знаете тоа е нешто на што не сме навикнати, не го сакаме и не го прифаќаме. Во демократско општество, процесот на градење на законите, мора да зрее и да се обликува паралелно со менталниот склоп и со потребата, но и со подготвеноста на еден народ, на една заедница  да ги прифати промените. Тука чувствуваме дека сериозно се врши насилство врз  нас, на волјата на народот. И да не се обидува никој овој импут, овој коректив, овој рефлекс бунтовен што црквата го испраќа во општеството, да се спинува, и да се става во некаков поинаков контекст. Импулсот на црквата, рефлексот на црквата е рефлекс на 99 проценти од овој народ. Не само верните чеда на МПЦ, ние се знаеме меѓусебно, туку и на браќата муслимани протестанти, Евреи и на другите верски заедници, на другите етникуми коишто живеат овде. Ние сме мала земја се знаеме. Знаеме дека ова не е наша реалности не сакаме да биде. Тоа е целта  на протестот, порачува епископот Јаков.

Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава.

-Тука сме едногласни во духот на соопштението коешто е доставен до сите медиуми. Поддршката од останатите верски заедници е апсолутна и се надеваме на нивното присуство, вели претставникот на МПЦ.

The post Eпископот Јаков Стобиски: Не поддржуваме никаков говор на омраза, повикуваме на мирни протести appeared first on Република.

]]>

Светиот архиерејски Синод на МПЦ Охридска епископија на денешната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантскиот однос на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на Законот за измени во матична евиденција и Предлог законот за родова еднаквост којшто се подготвува да влезе во процедура. -И покрај сериозното спротивставување и сосема аргументираните забелешки за содржината на двата закони како црква имаме впечаток дека се инсистира да се продолжи постапката и законите да станат официјални, формални законски решенија во нашето општество со целокупната нивна содржина, изјави епископот Јаков Стобиски. Тој потенцира дека овој собир што го организира МПЦ не е насочен против никого, туку е насочен исклучиво против содржината на овие предлог закони.
-Ние образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базира на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајчќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, вели епископот.
Тој го повтори ставот на црквата дека овие закони сериозно ќе го загрозат правото на вероисповест, заради тоа што не само што ќе се редефинира целокупното општество туку, нагласува, ќе се ограничи слободата на говор со оној член којшто се однесува на родова сензитивниот јазик. Епископот Јаков Стобиски, воедно потенцира дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, на овој протест, бидејќи, вели, тој е насочен исклучиво против содржината на овие закони. -Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот. На новинарско прашање тој изјави дека црквата веќе учествува во јавната дебата за посочените закони и ќе продолжи да учествува, а има и свои предлози. -Црквата е и мора да остане своевиден коректив на совеста на општеството. И токму заради тоа се бориме. Никој нема право да ни го забрани тоа. Што се однесува до одлуката на Извршниот одбор на СДСМ, е за поздравување иако тоа е партиска одлука. Сега се на потег сите механизми на Владата и да видиме Владата како ќе се произнесе, вели епископот Јаков Стобиски. Тој појасни дека МПЦ не е против остварувањето на нечии права туку сметаат дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава. -Тоа е диктатура на сметка на остварување на нечии права да се остваруваат права, нема да речам на малциска група, затоа што во очите на Бог само една човечка душа има вредност колку сиот свет, рече епископот Јаков. Појаснувајќи ги заблешеките на двата закона, тој кажа дека „сме изманипулирани, излажани заради тоа што родот како атрибут на полот, како социјален конструкт на полот не го одвојуваме од полот, и аналогно на тоа ако има два пола има два рода“.
-Овие закони ни носат еден конструкт чудовишна можност, отвораат една пандорина кутија секој ден да излегуваат разно разни родови и секој да биде што ќе посака.  Знаете тоа е нешто на што не сме навикнати, не го сакаме и не го прифаќаме. Во демократско општество, процесот на градење на законите, мора да зрее и да се обликува паралелно со менталниот склоп и со потребата, но и со подготвеноста на еден народ, на една заедница  да ги прифати промените. Тука чувствуваме дека сериозно се врши насилство врз  нас, на волјата на народот. И да не се обидува никој овој импут, овој коректив, овој рефлекс бунтовен што црквата го испраќа во општеството, да се спинува, и да се става во некаков поинаков контекст. Импулсот на црквата, рефлексот на црквата е рефлекс на 99 проценти од овој народ. Не само верните чеда на МПЦ, ние се знаеме меѓусебно, туку и на браќата муслимани протестанти, Евреи и на другите верски заедници, на другите етникуми коишто живеат овде. Ние сме мала земја се знаеме. Знаеме дека ова не е наша реалности не сакаме да биде. Тоа е целта  на протестот, порачува епископот Јаков.
Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава. -Тука сме едногласни во духот на соопштението коешто е доставен до сите медиуми. Поддршката од останатите верски заедници е апсолутна и се надеваме на нивното присуство, вели претставникот на МПЦ.

The post Eпископот Јаков Стобиски: Не поддржуваме никаков говор на омраза, повикуваме на мирни протести appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Прес-конференција на САС на МПЦ – ОА https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-pres-konferentsija-na-sas-na-mpts-oa/ Tue, 27 Jun 2023 09:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=655604

Прес-конференција на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на САС на МПЦ – ОА appeared first on Република.

]]>

Прес-конференција на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на САС на МПЦ – ОА appeared first on Република.

]]>
МПЦ-ОА организира протест против Законот за родовна еднаквост – „За нашите деца, за нашата иднина“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mpts-oa-organizira-protest-protiv-zakonot-za-rodovna-ednakvost-za-nashite-detsa-za-nashata-idnina/ Fri, 23 Jun 2023 07:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=654280

Македонска православна црква организира протест под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“. Протестот се организира против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција.

Според МПЦ-ОА, овој закон наметнува менување на биолошката и објективна реалност. Тие велат дека постојат само два пола кои не може да се променат.

Да не дозволиме нашите деца да бидат индокринирани дека можат да си го променат својот пол со помош на сомнителни невладини организации и дека наместо мајка и татко имаат родител 1 и родител 2.

Протестот е најавен за 29 јуни, пред Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со почеток во 18 часот.

Повикот за протест доби и политичка поддршка. Македонски концепт донесе одлука за целосна поддршка и ги повикаа членовите на партијата масовно да се приклучат.

За таа цел, повикуваме масовно да се приклучат сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои посакуваме да живееме во НОРМАЛНА ГРАЃАНСКА ДРЖАВА и ве известуваме дека целокупното раководство на партијата Македонски Концепт, ќе биде присутно на овој протест, се вели во соопштението.

За овие закони беа организирани бројни дебати, со вклученост на голем број заинтересирани страни, координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички. Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење .

Лидерите на петте регистрирани верски заедници во земјава: православната црква, исламската заедница, католичката црква, еврејската заедница и евангелско-методистичката црква, во заедничко соопштение неодамна го изразија ставот против предложените измени на законите за личните документи и за родовата еднаквост.

Според нив, неприфатливо е легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет.

Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! – порачаа тие.

The post МПЦ-ОА организира протест против Законот за родовна еднаквост – „За нашите деца, за нашата иднина“ appeared first on Република.

]]>

Македонска православна црква организира протест под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“. Протестот се организира против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција. Според МПЦ-ОА, овој закон наметнува менување на биолошката и објективна реалност. Тие велат дека постојат само два пола кои не може да се променат.
Да не дозволиме нашите деца да бидат индокринирани дека можат да си го променат својот пол со помош на сомнителни невладини организации и дека наместо мајка и татко имаат родител 1 и родител 2.
Протестот е најавен за 29 јуни, пред Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со почеток во 18 часот. Повикот за протест доби и политичка поддршка. Македонски концепт донесе одлука за целосна поддршка и ги повикаа членовите на партијата масовно да се приклучат.
За таа цел, повикуваме масовно да се приклучат сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои посакуваме да живееме во НОРМАЛНА ГРАЃАНСКА ДРЖАВА и ве известуваме дека целокупното раководство на партијата Македонски Концепт, ќе биде присутно на овој протест, се вели во соопштението.
За овие закони беа организирани бројни дебати, со вклученост на голем број заинтересирани страни, координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички. Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење . Лидерите на петте регистрирани верски заедници во земјава: православната црква, исламската заедница, католичката црква, еврејската заедница и евангелско-методистичката црква, во заедничко соопштение неодамна го изразија ставот против предложените измени на законите за личните документи и за родовата еднаквост. Според нив, неприфатливо е легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! – порачаа тие.  

The post МПЦ-ОА организира протест против Законот за родовна еднаквост – „За нашите деца, за нашата иднина“ appeared first on Република.

]]>