мозаик Archives - Република https://republika.mk/tema/mozaik/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 10:36:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мозаик Archives - Република https://republika.mk/tema/mozaik/ 32 32 „Танц Фест“ заврушува вечерва со „Мозаик“ на Мурад Мерзуки https://republika.mk/vesti/kultura/tants-fest-zavrushuva-vecherva-so-mozaik-na-murad-merzuki/ Fri, 17 May 2024 10:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=779136

Со претставата „Мозаик“ вечерва, на 17 мај, во Македонскиот народен театар (МНТ) на големата сцена завршува јубилејното, 20. издание на Фестивалот „Танц-фест“ Скопје 2024 кој се одржуваше под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“.

Воедно со оваа претстава ќе се означи почетокот на серија настани за прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје.

„Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните летни олимписки игри во Париз, Франција, Мурад Мерзуки, донесува пресек на неговите најдобри остварувања и е програма која ќе биде премиерно изведена во Скопје, за завршницата на фестивалската програма.

Кореографијата ја потпишува Мерзуки, асистент е Кадер Белмоктар, костимограф Надин Чабаниер, а продукцијата на претставата е на „Pôle en Scènes“ – Кафиг танцова компанија Франција. Публиката ќе може да ужива во виртуозноста на изведувачите и кореографско и режиско мајсторство на Мурад, со оваа извонредна танцова компанија, која е актуелна на сцените низ светот. Мурад Мерзуки и е познат на нашата публика, по неговото гостување на Танц Фест Скопје во 2017 со претставата „Пиксел“.

Со оглед на тоа дека Интерарт културниот центар, од оформувањето во 1996 година има тесна соработка со Францускиот институт, ова е прекрасна прилика да се спојат во еден миг двата значајни јубилеја. Интерарт културниот центар во 1996 година ја започна програмата „Недела на модерен балет“ во рамки на фестивалот Охридско лето, од кога и започнува соработката со Францускиот институт. Тоа е првата организирана презентација на европски современи танцови претстави во Македонија. Се радувам на двата јубилеја, многу ни значи соработката со Францускиот институт низ годиниве наназад, и му го честитаме овој голем јубилеј.“ – вели уметничката директорка Рисима Рисимкин.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ.

The post „Танц Фест“ заврушува вечерва со „Мозаик“ на Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Мозаик“ вечерва, на 17 мај, во Македонскиот народен театар (МНТ) на големата сцена завршува јубилејното, 20. издание на Фестивалот „Танц-фест“ Скопје 2024 кој се одржуваше под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Воедно со оваа претстава ќе се означи почетокот на серија настани за прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје. „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните летни олимписки игри во Париз, Франција, Мурад Мерзуки, донесува пресек на неговите најдобри остварувања и е програма која ќе биде премиерно изведена во Скопје, за завршницата на фестивалската програма. Кореографијата ја потпишува Мерзуки, асистент е Кадер Белмоктар, костимограф Надин Чабаниер, а продукцијата на претставата е на „Pôle en Scènes“ – Кафиг танцова компанија Франција. Публиката ќе може да ужива во виртуозноста на изведувачите и кореографско и режиско мајсторство на Мурад, со оваа извонредна танцова компанија, која е актуелна на сцените низ светот. Мурад Мерзуки и е познат на нашата публика, по неговото гостување на Танц Фест Скопје во 2017 со претставата „Пиксел“.
Со оглед на тоа дека Интерарт културниот центар, од оформувањето во 1996 година има тесна соработка со Францускиот институт, ова е прекрасна прилика да се спојат во еден миг двата значајни јубилеја. Интерарт културниот центар во 1996 година ја започна програмата „Недела на модерен балет“ во рамки на фестивалот Охридско лето, од кога и започнува соработката со Францускиот институт. Тоа е првата организирана презентација на европски современи танцови претстави во Македонија. Се радувам на двата јубилеја, многу ни значи соработката со Францускиот институт низ годиниве наназад, и му го честитаме овој голем јубилеј.“ – вели уметничката директорка Рисима Рисимкин.
Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ.

The post „Танц Фест“ заврушува вечерва со „Мозаик“ на Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>
Нова закана за бомба во Москва во трговскиот центар „Мозаик“ https://republika.mk/vesti/svet/nova-zakana-za-bomba-vo-moskva-vo-trgovskiot-tsentar-mozaik/ Mon, 25 Mar 2024 15:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=758615

Посетителите и персоналот на трговскиот и забавниот центар Мозаик, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана од експлозивна направа, изјави за РИА Новости претставник на итната служба на главниот град.

 

„Анонимен повик со закана за бомба во трговскиот центар Мозаик на улица Кожуховскаја 7. зграда 9“, рекол соговорникот на руската агенција.

Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата.

Лажните закани за бомби во различни руски градови станаа почести од крајот на 2019 година, насочени кон судови, трговски центри, метро станици, воздухопловна и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи.

The post Нова закана за бомба во Москва во трговскиот центар „Мозаик“ appeared first on Република.

]]>

Посетителите и персоналот на трговскиот и забавниот центар Мозаик, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана од експлозивна направа, изјави за РИА Новости претставник на итната служба на главниот град.  
„Анонимен повик со закана за бомба во трговскиот центар Мозаик на улица Кожуховскаја 7. зграда 9“, рекол соговорникот на руската агенција. Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата. Лажните закани за бомби во различни руски градови станаа почести од крајот на 2019 година, насочени кон судови, трговски центри, метро станици, воздухопловна и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи.

The post Нова закана за бомба во Москва во трговскиот центар „Мозаик“ appeared first on Република.

]]>
Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од пет до осум години во Музеј на град Скопје https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/besplatna-rabotilnitsa-za-mozaik-nameneta-za-detsa-od-pet-do-osum-godini-vo-muzej-na-grad-skopje/ Mon, 21 Aug 2023 08:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=674057

Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од 5 до 8 години во среда (23 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ што ја организира Халкбанк АД Скопје. На работилницата „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ малите учесници ќе работат на шаблони со природни материјали под менторство на искусни уметници.

Во рамките на „Халки шарено лето“ дваесетина деца деновиве лудо се забавуваа учејќи ги основите за ударните инструменти. Под менторство на музичарката Елена Чадиковска, перкусионист и уметникот Урош Вељковиќ, тапанар во рок бенд, децата на практичен начин се запознаа со ритамот на ударните инструменти тапан, триангл, ксилофон и конги.

Вељковиќ вели дека за него како артист, уметник и музичар е многу важно на децата да им пренесе почетно знаење за ударните инструменти.

Сите во себе го имаат основниот ритам, но им треба поттик за да почнат да го препознаваат. За работа со мали деца е потребно многу трпение, посебно со ударачките инструменти. Па така трпеливо успеавме на тапаните да научиме некои основни ритми и неколку стилови музика во кои тие се употребуваат. Тапаните и ритамот се многу битни во развојот на еден млад ум. И тоа како можат да ја подобрат моториката кај децата, двоење на десната рака од левата и нозете, и двоење на нозете од рацете во различно темпо. Тоа може да влијае само позитивно на тие мали мозочиња на кои светот останува – објаснува Вељковиќ.

 

The post Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од пет до осум години во Музеј на град Скопје appeared first on Република.

]]>

Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од 5 до 8 години во среда (23 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ што ја организира Халкбанк АД Скопје. На работилницата „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ малите учесници ќе работат на шаблони со природни материјали под менторство на искусни уметници. Во рамките на „Халки шарено лето“ дваесетина деца деновиве лудо се забавуваа учејќи ги основите за ударните инструменти. Под менторство на музичарката Елена Чадиковска, перкусионист и уметникот Урош Вељковиќ, тапанар во рок бенд, децата на практичен начин се запознаа со ритамот на ударните инструменти тапан, триангл, ксилофон и конги. Вељковиќ вели дека за него како артист, уметник и музичар е многу важно на децата да им пренесе почетно знаење за ударните инструменти.
Сите во себе го имаат основниот ритам, но им треба поттик за да почнат да го препознаваат. За работа со мали деца е потребно многу трпение, посебно со ударачките инструменти. Па така трпеливо успеавме на тапаните да научиме некои основни ритми и неколку стилови музика во кои тие се употребуваат. Тапаните и ритамот се многу битни во развојот на еден млад ум. И тоа како можат да ја подобрат моториката кај децата, двоење на десната рака од левата и нозете, и двоење на нозете од рацете во различно темпо. Тоа може да влијае само позитивно на тие мали мозочиња на кои светот останува – објаснува Вељковиќ.
 

The post Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од пет до осум години во Музеј на град Скопје appeared first on Република.

]]>
Неверојатно археолошко откритие во Сирија: Пронајден најважниот локалитет од почетокот на војната во 2011 година https://republika.mk/vesti/svet/neverojatno-arheoloshko-otkritie-vo-sirija-pronajden-najvazniot-lokalitet-od-pochetokot-na-vojnata-vo-2011-godina/ Fri, 14 Oct 2022 11:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=561099

Речиси недопрен мозаик стар 1.600 години е откриен во централна Сирија. Археолозите коишто учествувале во откривањето на овој значаен археолошки локалитет истакнуваат дека мозаикот е од периодот на антички Рим.

Мозаикот е пронајден под зграда во Растан во близина на Хомс, која бунтовниците ја држеа за време граѓанската војна до 2018 година.

Ова ремек дело прикажува митолошки сцени, вклучително и Тројанската и Амазонската војна, за кои се тврди дека се најретки.

Многу од археолошките богатства во Сирија се оштетени по повеќе од една деценија војна, но последното откритие се опишува како најважно археолошко откритие од почетокот на конфликтот во 2011 година.

Она што е пред нас е откритие кое е многу ретко на светско ниво - вели Хаман Сад, висок функционер на сириската Генерална дирекција за музеи и антиквитети.

Тој додава дека мозаикот е богат со детали, на кој се претставени римскиот бог на морето Нептун и неговите 40 љубовници, како и Херакле како ја убива амазонската кралица Хиполита.

Растан беше упориште на бунтовниците и место на интензивни борби се додека не беше заземен од сириските владини сили во 2018 година.

Сирија се смета за огромно богатство за археолозите, бидејќи е дом на некои од најдобро зачуваните реликвии на древните цивилизации, вклучувајќи ја џамијата Омајад во Дамаск и античкиот град Палмира.

The post Неверојатно археолошко откритие во Сирија: Пронајден најважниот локалитет од почетокот на војната во 2011 година appeared first on Република.

]]>

Речиси недопрен мозаик стар 1.600 години е откриен во централна Сирија. Археолозите коишто учествувале во откривањето на овој значаен археолошки локалитет истакнуваат дека мозаикот е од периодот на антички Рим. Мозаикот е пронајден под зграда во Растан во близина на Хомс, која бунтовниците ја држеа за време граѓанската војна до 2018 година. Ова ремек дело прикажува митолошки сцени, вклучително и Тројанската и Амазонската војна, за кои се тврди дека се најретки. Многу од археолошките богатства во Сирија се оштетени по повеќе од една деценија војна, но последното откритие се опишува како најважно археолошко откритие од почетокот на конфликтот во 2011 година.
Она што е пред нас е откритие кое е многу ретко на светско ниво - вели Хаман Сад, висок функционер на сириската Генерална дирекција за музеи и антиквитети.
Тој додава дека мозаикот е богат со детали, на кој се претставени римскиот бог на морето Нептун и неговите 40 љубовници, како и Херакле како ја убива амазонската кралица Хиполита. Растан беше упориште на бунтовниците и место на интензивни борби се додека не беше заземен од сириските владини сили во 2018 година. Сирија се смета за огромно богатство за археолозите, бидејќи е дом на некои од најдобро зачуваните реликвии на древните цивилизации, вклучувајќи ја џамијата Омајад во Дамаск и античкиот град Палмира.

The post Неверојатно археолошко откритие во Сирија: Пронајден најважниот локалитет од почетокот на војната во 2011 година appeared first on Република.

]]>
ФБИ вратил во Рим мозаик стар 2.000 години https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/fbi-vratil-vo-rim-mozaik-star-2-000-godini/ Sun, 04 Sep 2022 13:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=547354

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и вратило на италијанската Влада римски мозаик стар 2.000 година, „клучен дел од историјата на Рим“, кој бил скриен со децении, соопштија денеска од ФБИ.

ФБИ тимот за криминал со уметнички дела во 2020 година бил контактиран од претставник на клиент кој поседувал огромен „мозаик со приказ на митолошката фигура Медуза“.

Мозаикот бил исечен на 16 парчиња, секое тешко од 30 до 90 килограми, ставени на палети и чуван во приватен магацин во Лос Анџелес од 1990 година, соопшти ФБИ.

Клиентот немал документација, во светот на уметноста позната како доказ за потекло, па затоа не можеле да го продадат делото. Не е познато како анонимниот клиент дошол во посед на мозаикот или колку долго се наоѓал во САД. Од ФБИ укажаа дека тој можел да се води за изгубен и 100 години.

Специјалните агенти на ФБИ, Елизабет Ривас и Ален Грув, биле ангажирани да истражат за потеклото на мозаикот, пред истиот да биде вратен на вистинските сопственици. Полицијата во Италија потврдила дека е италијански и „влезен во записи за културна сопственост од 1909 година“.

– Единствен современ запис за постоењето на мозаикот е оглас во весник од 1959 година за негова продажба во околината на Лос Анџелес.

Официјални лица од Италија допатувале во Лос Анџелес да го проверат мозаикот и да помогнат со негово враќање.

Конечно, мозаикот бил вратен безбедно во Рим во април, откако анонимниот клиент ги платил трошоците за специјален транспорт во сандаци

The post ФБИ вратил во Рим мозаик стар 2.000 години appeared first on Република.

]]>

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и вратило на италијанската Влада римски мозаик стар 2.000 година, „клучен дел од историјата на Рим“, кој бил скриен со децении, соопштија денеска од ФБИ. ФБИ тимот за криминал со уметнички дела во 2020 година бил контактиран од претставник на клиент кој поседувал огромен „мозаик со приказ на митолошката фигура Медуза“. Мозаикот бил исечен на 16 парчиња, секое тешко од 30 до 90 килограми, ставени на палети и чуван во приватен магацин во Лос Анџелес од 1990 година, соопшти ФБИ. Клиентот немал документација, во светот на уметноста позната како доказ за потекло, па затоа не можеле да го продадат делото. Не е познато како анонимниот клиент дошол во посед на мозаикот или колку долго се наоѓал во САД. Од ФБИ укажаа дека тој можел да се води за изгубен и 100 години. Специјалните агенти на ФБИ, Елизабет Ривас и Ален Грув, биле ангажирани да истражат за потеклото на мозаикот, пред истиот да биде вратен на вистинските сопственици. Полицијата во Италија потврдила дека е италијански и „влезен во записи за културна сопственост од 1909 година“. – Единствен современ запис за постоењето на мозаикот е оглас во весник од 1959 година за негова продажба во околината на Лос Анџелес. Официјални лица од Италија допатувале во Лос Анџелес да го проверат мозаикот и да помогнат со негово враќање. Конечно, мозаикот бил вратен безбедно во Рим во април, откако анонимниот клиент ги платил трошоците за специјален транспорт во сандаци

The post ФБИ вратил во Рим мозаик стар 2.000 години appeared first on Република.

]]>