МОВ 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/mov-2023/ За подобро да се разбереме Mon, 22 May 2023 09:28:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МОВ 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/mov-2023/ 32 32 „Реквием“ од Џузепе Верди на 26 мај на „Мајски оперски вечери“ https://republika.mk/vesti/kultura/rekviem-od-dhuzepe-verdi-na-26-maj-na-majski-operski-vecheri/ Mon, 22 May 2023 09:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=643527

Во рамките на 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023 на 26 мај со почеток во 20.00 ч. ќе се изведе едно од најмоќните и најдраматичните дела во историјата на класичната музика, „Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди.

Диригент е гостинот од Бугарија, Емил Табаков, концерт-мајстор е Владимир Костов, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Настапува Хорот на Националната опера и балет и Оркестарот на Филхармонија на Македонија.

Солисти: Беса Лугичи, сопран (Косово), Сања Анастасиa, мецосопран (Србија), Никола Китановски, тенор, Игор Дурловски, бас.

Неповторлива музичка фантазија! „Реквием“ на Верди е прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растеретуваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на славниот италијански книжевник Алесандро Манцони.

Композиторот Јоханес Брамс изјавил дека „само гениј би можел да напише вакво дело!“ Реквиемот на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена...

 

 

The post „Реквием“ од Џузепе Верди на 26 мај на „Мајски оперски вечери“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023 на 26 мај со почеток во 20.00 ч. ќе се изведе едно од најмоќните и најдраматичните дела во историјата на класичната музика, „Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Диригент е гостинот од Бугарија, Емил Табаков, концерт-мајстор е Владимир Костов, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Настапува Хорот на Националната опера и балет и Оркестарот на Филхармонија на Македонија. Солисти: Беса Лугичи, сопран (Косово), Сања Анастасиa, мецосопран (Србија), Никола Китановски, тенор, Игор Дурловски, бас. Неповторлива музичка фантазија! „Реквием“ на Верди е прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растеретуваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на славниот италијански книжевник Алесандро Манцони. Композиторот Јоханес Брамс изјавил дека „само гениј би можел да напише вакво дело!“ Реквиемот на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена...    

The post „Реквием“ од Џузепе Верди на 26 мај на „Мајски оперски вечери“ appeared first on Република.

]]>