Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“.
Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци" за 2023 година и на Антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“.
Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид.
Манифестацијата почна вчера со традиционалното садење дрво на добитникот на „Златен венец“ истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон во Паркот на поезијата. Официјално синоќа ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Покрај ресорниот министер на свеченото отворање присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.
The post Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ appeared first on Република.
]]>The post Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ appeared first on Република.
]]>Светскиот ден на поезијата ќе биде одбележан и од Струшките вечери на поезијата. Одбележувањето ќе започне со свеченото прогласување на добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година, кое ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.
По свеченото прогласување ќе следува традиционалното поетско читање на кое ќе настапат истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети, a од името на Македонскиот ПЕН центар ќе биде прочитано поетското послание.
По повод Светскиот ден на поезијата, годинава ќе биде организирано и поетско читање во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга кое ќе се одржи вечер со почеток во 18ː30 часот. Ќе настапат истакнати македонски поети од Струга, Вевчани, Охрид, Кичево, Прилеп и од Скопје, а ќе бидат прочитани и песни од добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.
Во чест на Светскиот ден на поезијата, во Europe House – Струга вечер во 20 часот ќе биде организирано и поетско читање „Пулсот на поезијата“ на кое ќе настапат млади поети од Струга, Охрид, Вевчани, Скопје и Куманово, по што ќе следува музички настап на Пијан Славеј.
Оваа година, првпат, со заедничка иницијатива на Струшките вечери на поезијата и Министерството за образование и наука, по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата е објавен конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз.
Исто така, за првпат оваа година во сите основни и средни училишта за време на наставата по мајчин јазик ќе се организира и еден специјален час посветен на Светскиот ден на поезијата.
Пред младите ќе бидат презентирани примери од најпознатите светски и домашни поети како и значењето на „Струшките вечери на поезијата“ како еден од најзначајните светски поетски фестивали.
The post Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ appeared first on Република.
]]>The post Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ appeared first on Република.
]]>Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го објави конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор, до 35 години.
Конкурсот трае до 21 февруари 2023 година, до кога сите книги и пријави треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, или во електронска форма, според условите наведени подолу.
Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2023 година.
Услови за учество на конкурсот за наградата се дебитантски книги на млади поети под 35 години и дебитантските книги да се издадени во претходните две години, 2021 и 2022-ва.
Кандидатите треба да испратат 3 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот, како и најмалку 7 песни од истата книга преведени на англиски јазик на поштенската адреса на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 111, 6330 Струга, Република Македонија) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки. Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 21 февруари 2023 година. Освен 3 копии од книгата (во печатена и во електронска форма), англиски преводи на 7 песни од истата книга, кандидатите треба да испратат и кратка биографија на англиски јазик. Апликацијата треба да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: [email protected] (заради дополнителна сигурност, потребните документи треба да се пратат и на [email protected]) Исто така, кандидатите треба да го испратат ISBN бројот заедно со потребните материјали.
Националните комисии за УНЕСКО се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата. Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот–лауреат во превод на македонски јазик.
Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга, Македонија, кон крајот на август 2023 година, каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.
Конкурсот е објавен на веб страницата на Струшки вечери на поезијата: https://svp.org.mk/mk/mostovi-2023-bridges/.
Наградата „Мостови на Струга“ беше востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21 март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од најзначајните креативни изрази на човештвото. Секоја година, СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.
Досегашни добитници на наградата биле: Ангело В. Суарез (Филипини) 2004, Андреа Коте (Колумбија ) 2005, Маријана Гејде (Руска Федерација) 2006, Мануа Риме (Белгија) 2007, Антонија Новаковиќ (Хрватска) 2008, Усман Сарус (Сенегал) 2009, Сим Кера (Естонија) 2010, Хироши Таниучи (Јапонија) 2011, Франсоа-Ксавиер Мегр (Франција) 2012, Николина Андова Шопова (Македонија) 2013, Хари Ман (Велика Британија) 2014, Паула Бозалонго (Шпанија) 2015, Руна Светликова (Белгија) 2016, Горан Чолакхоџиќ (Хрватска) 2017, Паули Тапио (Финска) 2018, Моника Херцег (Хрватска) 2019, Мартина Стракова (Словачка) 2020, Владан Кречковиќ (Србија) 2021 и Џерардо Мазучо (Италија) 2022.
The post Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ appeared first on Република.
]]>Кандидатите треба да испратат 3 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот, како и најмалку 7 песни од истата книга преведени на англиски јазик на поштенската адреса на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 111, 6330 Струга, Република Македонија) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки. Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 21 февруари 2023 година. Освен 3 копии од книгата (во печатена и во електронска форма), англиски преводи на 7 песни од истата книга, кандидатите треба да испратат и кратка биографија на англиски јазик. Апликацијата треба да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: [email protected] (заради дополнителна сигурност, потребните документи треба да се пратат и на [email protected]) Исто така, кандидатите треба да го испратат ISBN бројот заедно со потребните материјали.Националните комисии за УНЕСКО се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата. Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот–лауреат во превод на македонски јазик. Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга, Македонија, кон крајот на август 2023 година, каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“. Конкурсот е објавен на веб страницата на Струшки вечери на поезијата: https://svp.org.mk/mk/mostovi-2023-bridges/. Наградата „Мостови на Струга“ беше востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21 март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од најзначајните креативни изрази на човештвото. Секоја година, СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“. Досегашни добитници на наградата биле: Ангело В. Суарез (Филипини) 2004, Андреа Коте (Колумбија ) 2005, Маријана Гејде (Руска Федерација) 2006, Мануа Риме (Белгија) 2007, Антонија Новаковиќ (Хрватска) 2008, Усман Сарус (Сенегал) 2009, Сим Кера (Естонија) 2010, Хироши Таниучи (Јапонија) 2011, Франсоа-Ксавиер Мегр (Франција) 2012, Николина Андова Шопова (Македонија) 2013, Хари Ман (Велика Британија) 2014, Паула Бозалонго (Шпанија) 2015, Руна Светликова (Белгија) 2016, Горан Чолакхоџиќ (Хрватска) 2017, Паули Тапио (Финска) 2018, Моника Херцег (Хрватска) 2019, Мартина Стракова (Словачка) 2020, Владан Кречковиќ (Србија) 2021 и Џерардо Мазучо (Италија) 2022.
The post Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ appeared first on Република.
]]>Добитник на „Мостови на Струга“ за 2022 година, награда за најдобра дебитанстка поетска збирка од млад автор (под 35 години), што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ во соработка со УНЕСКO , е италијанскиот поет Џерардо Мазучо.
Одлуката беше соопштена на свечениот настан во Македонската академија на науките и уметностите, на кој покрај прогласувањето на лауреатите на СВП, беше одбележан 21 март-Светскиот ден на поезијата со поетско читање во кое учествуваа истакнати поети- членови на Македонскиот П.Е.Н Центар и на Друштвото на писателите на Македонија.
Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 24 до 29 август.
Џерардо Мазучо е роден во Батипаља, близу Неапол во 1991 година. Откако ги завршил Класичните студии во Еболи, се преселил во Милано во 2010 година, каде дипломирал Авторски права, а потоа и Издаваштво на Универзитетот Бокони. Од 2012 година, тој бил уредник на сериите „Каповерси“ за Бомпиани. Во 2020 година, ја основа издавачката куќа „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција и белетристика. „Утопија“ е италијанскиот издавач на Никанор Пара, Ана Бландијана, Ен Карсон, Ко Ун, Ида Витале, Наja Мариe Аидт и Љубомир Левчев. Неговата поезија е дел од антологии, списанија, посебни веб-страници и некомерцијални памфлети.
Неговата прва книга е „Дотука живееше човек“, која се стекнува со критички и комерцијален успех на национално ниво. Номиниран за шест книжевни награди, тој е добитник на најважната италијанска награда за поетски дебитанти – 32-то издание на „Премио Камаиоре“, како и 61-то издание на „Премио Сан Доменикино“ за најдобро поетско издание на годината (додека изданието на шпански јазик тековно се подготвува).
Првото дело на Џерардо Мазучо е меланхолична химна на мистеријата на суштествувањето, во постојана рамнотежа помеѓу вознемирувањата на животот, интроспекцијата на вистината и загадочноста на светот. Со својот буден, одмерен и препознатлив стил, „Дотука живееше човек“ е инвентивно поетско сведоштво за живот обележан од минливоста на врските и љубовта, кога поетот станува исповедник на сопствената „фрленост во светот”. Сепак, појдовното искуство на интровертност и отфрленост доживува своја впечатлива катарза, благодарение на необичните, луцидни и оригинални поетски слики, со мистичен призвук на лично откровение и чудесно просветлување.”
The post Италијанскиот поет Џерардо Мазучо е добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2022 appeared first on Република.
]]>Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 24 до 29 август.Џерардо Мазучо е роден во Батипаља, близу Неапол во 1991 година. Откако ги завршил Класичните студии во Еболи, се преселил во Милано во 2010 година, каде дипломирал Авторски права, а потоа и Издаваштво на Универзитетот Бокони. Од 2012 година, тој бил уредник на сериите „Каповерси“ за Бомпиани. Во 2020 година, ја основа издавачката куќа „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција и белетристика. „Утопија“ е италијанскиот издавач на Никанор Пара, Ана Бландијана, Ен Карсон, Ко Ун, Ида Витале, Наja Мариe Аидт и Љубомир Левчев. Неговата поезија е дел од антологии, списанија, посебни веб-страници и некомерцијални памфлети. Неговата прва книга е „Дотука живееше човек“, која се стекнува со критички и комерцијален успех на национално ниво. Номиниран за шест книжевни награди, тој е добитник на најважната италијанска награда за поетски дебитанти – 32-то издание на „Премио Камаиоре“, како и 61-то издание на „Премио Сан Доменикино“ за најдобро поетско издание на годината (додека изданието на шпански јазик тековно се подготвува).
Првото дело на Џерардо Мазучо е меланхолична химна на мистеријата на суштествувањето, во постојана рамнотежа помеѓу вознемирувањата на животот, интроспекцијата на вистината и загадочноста на светот. Со својот буден, одмерен и препознатлив стил, „Дотука живееше човек“ е инвентивно поетско сведоштво за живот обележан од минливоста на врските и љубовта, кога поетот станува исповедник на сопствената „фрленост во светот”. Сепак, појдовното искуство на интровертност и отфрленост доживува своја впечатлива катарза, благодарение на необичните, луцидни и оригинални поетски слики, со мистичен призвук на лично откровение и чудесно просветлување.”
The post Италијанскиот поет Џерардо Мазучо е добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2022 appeared first on Република.
]]>Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо.
Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна прпеобразба во музика, филм, слика или калиграфско писмо, се наведува во образложението на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.
Како што посочи претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во МАНУ, Таникава е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот, најпознатиот и најиновативен поет од Јапонија, но не само меѓу живите поети, туку и пошироко, чии што дела се преведени на многу јазици во светот.
Таникава е автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено бројни книжевни признанија не само во Јапонија, туку и во странство.
Неговите дела се појавуваат не само во угледни книжевни списанија, туку и во школските учебници по медиумите и пошироко. Шунтаро се јавува и како автор исто така на драмски текстови, на филмски сценарија, тој е плоден есеист, самиот е преведувач, но и автор на литература за деца. Добитник е на низа престижни награди.
Како неговите современици, така и Таникава верува дека традиционалната јапонска поезија е заробена во сенката на историската оспеднатост со минатото, дека традиционалната јапонска култура се разградува од вербата во сопствената моќ, но затоа и се насочил токму кон западната поезија и култура, додаде Шелева.
Во своето поздравно обраќање, Шунтаро се заблагодари за почитта кон поезијата, и верува дека таа ќе послужи како „гласник која ги пренесува гласовите скриени во остареното тело“.
Дали само јас чувствувам некаква самотија штом добијам награда или одликување? Невообичаено е чувството да се биде избран од мноштвото поети и заедно со радоста и гордоста кои ги чувствувам, бидејќи сум избран за добитник, се чувствувам и уважено меѓу моите колеги поети. Но, кога се присетувам на покојниот Макото Ока, мојот близок пријател и добитникот на оваа награда во 1996 година, самотијата ми исчезнува и неа ја заменува љубовта кон моите колеги поети и кон оние кои копнеат да постанат поети. Иако живееме во различни времиња, во различни околности и со различни мајчини јазици во ова немирно доба на нашата ранлива земја, оваа љубов постојано расте, се вели во обраќањето на Шунтаро.
Наградата „Мостови на Струга“ годинава ја доби италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Наградата е востановена во 2004 година, а годинава се доделува по 19-ти пат.
Мазучо е роден на југот од Италија, во 1991 година. Откако ги завршил класичните студии, се преселил во Милано во 2010 година, каде што дипломирал авторски права а потоа и издаваштво на Универзитетот во Бокони.
Во 2020 ја основал и издавачката куча „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција, поезија и белетристика.
-Мазаучо е длабоко упатен во тајните на поетската вокација, а тоа најдобро се гледа токму од неговата поезија, која е спој на несомнена дарба и префинета вештина. Се добива чувтсво дека во неговите песни секој стих е токму на вистинското место. Иако е млад поет, неговата поезија е веќе дел на антологии, списанија, посебни веб страници, некомерцијални памфлети, рече во своето обраќање членот на Управниот одбор на манифестацијата, Владимир Мартиновски.
Првата книга на Мазучо, за која ја и добива наградата „Мостови на Струга“ е стихозбирката „Еден човек живеел тука“ и е книга со која тој стекнува критички и комеријцален успех, не само на национално, туку и на меѓународно ниво.
The post Највлијателниот и најиновативен поет од Јапонија, Шунтаро Таникава е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година appeared first on Република.
]]>Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна прпеобразба во музика, филм, слика или калиграфско писмо, се наведува во образложението на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.Како што посочи претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во МАНУ, Таникава е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот, најпознатиот и најиновативен поет од Јапонија, но не само меѓу живите поети, туку и пошироко, чии што дела се преведени на многу јазици во светот. Таникава е автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено бројни книжевни признанија не само во Јапонија, туку и во странство. Неговите дела се појавуваат не само во угледни книжевни списанија, туку и во школските учебници по медиумите и пошироко. Шунтаро се јавува и како автор исто така на драмски текстови, на филмски сценарија, тој е плоден есеист, самиот е преведувач, но и автор на литература за деца. Добитник е на низа престижни награди.
Како неговите современици, така и Таникава верува дека традиционалната јапонска поезија е заробена во сенката на историската оспеднатост со минатото, дека традиционалната јапонска култура се разградува од вербата во сопствената моќ, но затоа и се насочил токму кон западната поезија и култура, додаде Шелева.Во своето поздравно обраќање, Шунтаро се заблагодари за почитта кон поезијата, и верува дека таа ќе послужи како „гласник која ги пренесува гласовите скриени во остареното тело“.
Дали само јас чувствувам некаква самотија штом добијам награда или одликување? Невообичаено е чувството да се биде избран од мноштвото поети и заедно со радоста и гордоста кои ги чувствувам, бидејќи сум избран за добитник, се чувствувам и уважено меѓу моите колеги поети. Но, кога се присетувам на покојниот Макото Ока, мојот близок пријател и добитникот на оваа награда во 1996 година, самотијата ми исчезнува и неа ја заменува љубовта кон моите колеги поети и кон оние кои копнеат да постанат поети. Иако живееме во различни времиња, во различни околности и со различни мајчини јазици во ова немирно доба на нашата ранлива земја, оваа љубов постојано расте, се вели во обраќањето на Шунтаро.Наградата „Мостови на Струга“ годинава ја доби италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Наградата е востановена во 2004 година, а годинава се доделува по 19-ти пат. Мазучо е роден на југот од Италија, во 1991 година. Откако ги завршил класичните студии, се преселил во Милано во 2010 година, каде што дипломирал авторски права а потоа и издаваштво на Универзитетот во Бокони. Во 2020 ја основал и издавачката куча „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција, поезија и белетристика. -Мазаучо е длабоко упатен во тајните на поетската вокација, а тоа најдобро се гледа токму од неговата поезија, која е спој на несомнена дарба и префинета вештина. Се добива чувтсво дека во неговите песни секој стих е токму на вистинското место. Иако е млад поет, неговата поезија е веќе дел на антологии, списанија, посебни веб страници, некомерцијални памфлети, рече во своето обраќање членот на Управниот одбор на манифестацијата, Владимир Мартиновски. Првата книга на Мазучо, за која ја и добива наградата „Мостови на Струга“ е стихозбирката „Еден човек живеел тука“ и е книга со која тој стекнува критички и комеријцален успех, не само на национално, туку и на меѓународно ниво.
The post Највлијателниот и најиновативен поет од Јапонија, Шунтаро Таникава е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година appeared first on Република.
]]>