мост Беласица Archives - Република https://republika.mk/tema/most-belasitsa/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 06:32:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мост Беласица Archives - Република https://republika.mk/tema/most-belasitsa/ 32 32 Се снима филм кај „Ист гејт“, улицата и мостот ќе бидат затворени https://republika.mk/vesti/skopje/se-snima-film-kaj-ist-gejt-ulitsata-i-mostot-ke-bidat-zatvoreni/ Sat, 12 Oct 2024 06:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=825747

Поради снимање на филм на мостот Беласица, денеска од 06.00 до 18.00 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај во Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Како што информираат од МВР, сообраќајот на улицата „Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

The post Се снима филм кај „Ист гејт“, улицата и мостот ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>

Поради снимање на филм на мостот Беласица, денеска од 06.00 до 18.00 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај во Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Како што информираат од МВР, сообраќајот на улицата „Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

The post Се снима филм кај „Ист гејт“, улицата и мостот ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>
Се монтира нов топловод под мостот „Беласица“ https://republika.mk/vesti/skopje/se-montira-nov-toplovod-pod-mostot-belasitsa/ Mon, 30 Sep 2024 15:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=821133

АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина денес ги почнаа активностите на терен за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица.

Поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел, комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона.

„Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот, да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании“, изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија кој присуствуваше и на почетокот на активностите на терен.

До целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО. Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури.

The post Се монтира нов топловод под мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина денес ги почнаа активностите на терен за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица. Поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел, комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона.
„Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот, да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании“, изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија кој присуствуваше и на почетокот на активностите на терен.
До целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО. Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури.

The post Се монтира нов топловод под мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица https://republika.mk/vesti/skopje/pochna-montiraneto-na-noviot-toplovod-pod-mostot-belasitsa/ Mon, 30 Sep 2024 12:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=821071

АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина денеска ги започнаа активностите на терен за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица, информираат од АД ЕСМ.

Оттаму посочуваат дека поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона.

Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот, да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании, изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, кој присуствуваше на почетокот на активностите на терен.

Од АД ЕСМ известуваат дека до целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО.

Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури, велат од АД ЕСМ.

The post Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина денеска ги започнаа активностите на терен за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица, информираат од АД ЕСМ. Оттаму посочуваат дека поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона.
Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот, да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании, изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, кој присуствуваше на почетокот на активностите на терен.
Од АД ЕСМ известуваат дека до целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО.
Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури, велат од АД ЕСМ.

The post Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица appeared first on Република.

]]>
Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај https://republika.mk/vesti/skopje/mostot-belasitsa-e-tselosno-otvoren-za-soobrakaj/ Thu, 02 May 2024 18:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=773508

Мостот Беласица после скоро една година е целосно отворен за сообраќај.

Претходната година на 12 мај на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај.

Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од денеска пак мостот е целосно отворен за сообраќај.

The post Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>

Мостот Беласица после скоро една година е целосно отворен за сообраќај. Претходната година на 12 мај на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај. Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од денеска пак мостот е целосно отворен за сообраќај.

The post Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>
Мостот „Беласица“ ќе биде затворен утре наутро https://republika.mk/vesti/skopje/mostot-belasitsa-ke-bide-zatvoren-utre-nautro/ Sat, 23 Dec 2023 16:05:58 +0000 https://republika.mk/?p=725977

ЈП "Улици и патишта" известува дека на  24.12.2023 год.(недела) во периодот од 8 часот до 12 часот, ќе се изведуваат градежни активности на мостот „Беласица“.

Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација.

ЈП Улици и патишта апелира за внимателност во движењето на возилата и трпение на граѓаните до завршување на градежните работи.

The post Мостот „Беласица“ ќе биде затворен утре наутро appeared first on Република.

]]>

ЈП "Улици и патишта" известува дека на  24.12.2023 год.(недела) во периодот од 8 часот до 12 часот, ќе се изведуваат градежни активности на мостот „Беласица“. Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација. ЈП Улици и патишта апелира за внимателност во движењето на возилата и трпение на граѓаните до завршување на градежните работи.

The post Мостот „Беласица“ ќе биде затворен утре наутро appeared first on Република.

]]>
АД ЕСМ: Почнуваме со подготвителни активности за санација на цевководот на мостот „Беласица“ https://republika.mk/vesti/skopje/ad-esm-pochnuvame-so-podgotvitelni-aktivnosti-za-sanatsija-na-tsevkovodot-na-mostot-belasitsa/ Tue, 03 Oct 2023 09:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=687376

АД ЕСМ почнува со подготвителни активности за санација на цевководот на мостот „Беласица“ во Скопје и уверува дека цевководот ќе биде целосно функционален и ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Град Скопје. Согласно законската обврска на 15 октомври, како што велат од компанијата, радијаторите ќе бидат топли, граѓаните да бидат спокојни, парно ќе има.

Во текот на изминатите недели, АД ЕСМ активно работи на решение за проблемот со цевководот кај мостот Беласица, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови. Бидејќи мостот е под надлежност на Град Скопје, АД ЕСМ е во постојана комуникација со нив и се бара заедничко решение за санирање на овој проблем, поосочуваат од АД ЕСМ.

Нагласуваат дека поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и додаваат дека ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок.

Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите, велат од ЕСМ.

Потсетуваат дека минатата грејна сезона кога сите кренаа раце и избегаа од одговорност, АД ЕСМ по задолжение од Владата го презеде и овој товар.

Доколку АД ЕСМ не ја менаџираше кризата со топлинска енергија во градот Скопје, иако се работи за комунална дејност и обврска на општините, тогаш граѓаните во градот Скопје ќе се грееја на струја и можеби ќе крахираше електроенергетскиот систем во целата држава, порачуваат од компанијата.

The post АД ЕСМ: Почнуваме со подготвителни активности за санација на цевководот на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

Арсовска тврди дека мостот „Беласица“ е безбеден, најави постапки против лица кои што ширеле „лаги и невистини“ https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-tvrdi-deka-mostot-belasitsa-e-bezbeden-najavi-postapki-protiv-litsa-koi-shto-shirele-lagi-i-nevistini/ Thu, 28 Sep 2023 12:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=686015

Мостот „Беласица“ е безбеден и тоа постои како податок според вештачењето. Но, за да се пушти во целост, треба санација во долниот дел. ЕСМ ја презеде обврската за санација во долниот дел и откако тоа ќе заврши, тогаш ќе треба да се почне со поставување на цевките за топлинска енергија кои што се извадени после пожарот што во мај го зафати мостот, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

https://republika.mk/vesti/skopje/prof-markovski-vo-ovoj-moment-ne-mozhe-da-se-otseni-dali-mostot-belasitsa-e-bezbeden-za-upotreba-ili-ne/

Според неа, мостот има минорни оштетувања, кои не ја ефектуираат стабилноста и безбедноста.

Постојат минорни оштетувања на мостот кои не ја ефектуираат стабилноста и безбедноста, меѓутоа тој мора да се санира првенствено од штетата која што е предизвикана од горењето. Таа санација не ја прави ниту Градот Скопје, ниту трето лице, ја прави оној којшто треба да ја изврши монтажата на тој потег. Откако ЕСМ ќе заврши со иницијалната санација, ќе отпочне со монтирање на цевководот. И едното и другото се нивна обврска. Во ова Градот Скопје нема никаков импут, никаква обврска, ниту пак некакво влијание, а не е надлежна во одреден рок да им наложи да ги монтираат работите кои се во интерес на тоа да се отпочне грејната сезона на време, изјави Арсовска, по денешната прес-конференцијата поврзана со изборот на Скопје - европска престолнина на културата 2028.

Градоначалничката најави и постапки против лица кои што ширеле лаги и невистини за безбедноста на мостот „Беласица“.

Работници на ЕСМ денеска биле спречени да работат затоа што, според Арсовска, не поседуваат соодветна документација за работа за постапување со тешки товарни возила.

The post Арсовска тврди дека мостот „Беласица“ е безбеден, најави постапки против лица кои што ширеле „лаги и невистини“ appeared first on Република.

]]>

Мостот „Беласица“ е безбеден и тоа постои како податок според вештачењето. Но, за да се пушти во целост, треба санација во долниот дел. ЕСМ ја презеде обврската за санација во долниот дел и откако тоа ќе заврши, тогаш ќе треба да се почне со поставување на цевките за топлинска енергија кои што се извадени после пожарот што во мај го зафати мостот, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. https://republika.mk/vesti/skopje/prof-markovski-vo-ovoj-moment-ne-mozhe-da-se-otseni-dali-mostot-belasitsa-e-bezbeden-za-upotreba-ili-ne/ Според неа, мостот има минорни оштетувања, кои не ја ефектуираат стабилноста и безбедноста.
Постојат минорни оштетувања на мостот кои не ја ефектуираат стабилноста и безбедноста, меѓутоа тој мора да се санира првенствено од штетата која што е предизвикана од горењето. Таа санација не ја прави ниту Градот Скопје, ниту трето лице, ја прави оној којшто треба да ја изврши монтажата на тој потег. Откако ЕСМ ќе заврши со иницијалната санација, ќе отпочне со монтирање на цевководот. И едното и другото се нивна обврска. Во ова Градот Скопје нема никаков импут, никаква обврска, ниту пак некакво влијание, а не е надлежна во одреден рок да им наложи да ги монтираат работите кои се во интерес на тоа да се отпочне грејната сезона на време, изјави Арсовска, по денешната прес-конференцијата поврзана со изборот на Скопје - европска престолнина на културата 2028.
Градоначалничката најави и постапки против лица кои што ширеле лаги и невистини за безбедноста на мостот „Беласица“. Работници на ЕСМ денеска биле спречени да работат затоа што, според Арсовска, не поседуваат соодветна документација за работа за постапување со тешки товарни возила.

The post Арсовска тврди дека мостот „Беласица“ е безбеден, најави постапки против лица кои што ширеле „лаги и невистини“ appeared first on Република.

]]>
Проф. Марковски: Во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ е безбеден за употреба или не https://republika.mk/vesti/skopje/prof-markovski-vo-ovoj-moment-ne-mozhe-da-se-otseni-dali-mostot-belasitsa-e-bezbeden-za-upotreba-ili-ne/ Thu, 28 Sep 2023 09:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=685942

Деканот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски вели дека во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ во Скопје е безбеден за употреба или не и останува на неговиот став дека се потребни продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на состојбата на мостот кој пред неколку месеци беше зафатен од пожар.

Во однос на мостот „Беласица“ и безбедноста за неговото користење досега имам повеќе пати излезено со изјави во јавноста. Мојот став дека има потреба од продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на неговата состојба е јасен. Ниту јас, ниту, пак, Градежниот факултет имаме информации врз основа на што е донесена одлука за негово делумно пуштање во употреба. Имајќи го во предвид овој недостаток на информации не би можел да дадам подецидна и попрецизна изјава во овој момент дали мостот е безбеден за употреба или не, рече Марковски во одговор на новинарско прашање на денешниот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија насловен „Отпорни конструкции”.

Град Скопје во септември го отвори мостот за сообраќај само за „лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ“.

Оттаму се повикаа на „експертски извештај“, според кој било утврдено е дека истиот „нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот“.

Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, соопштија од Град Скопје.

The post Проф. Марковски: Во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ е безбеден за употреба или не appeared first on Република.

]]>

Деканот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски вели дека во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ во Скопје е безбеден за употреба или не и останува на неговиот став дека се потребни продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на состојбата на мостот кој пред неколку месеци беше зафатен од пожар.
Во однос на мостот „Беласица“ и безбедноста за неговото користење досега имам повеќе пати излезено со изјави во јавноста. Мојот став дека има потреба од продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на неговата состојба е јасен. Ниту јас, ниту, пак, Градежниот факултет имаме информации врз основа на што е донесена одлука за негово делумно пуштање во употреба. Имајќи го во предвид овој недостаток на информации не би можел да дадам подецидна и попрецизна изјава во овој момент дали мостот е безбеден за употреба или не, рече Марковски во одговор на новинарско прашање на денешниот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија насловен „Отпорни конструкции”.
Град Скопје во септември го отвори мостот за сообраќај само за „лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ“. Оттаму се повикаа на „експертски извештај“, според кој било утврдено е дека истиот „нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот“.
Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, соопштија од Град Скопје.
 
The post Проф. Марковски: Во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ е безбеден за употреба или не appeared first on Република.

]]>
Се очекува во наредните денови ЕСМ ќе почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“ https://republika.mk/vesti/skopje/se-ochekuva-vo-narednite-denovi-esm-ke-pochne-so-postavuvane-na-toplovodnite-tsevki-pod-mostot-belasitsa/ Tue, 26 Sep 2023 15:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=685395

Доколку не бидат поставени топловодните цевки на мостот „Беласица“, цената на парното греење, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе доживее цунами, затоа што топинската енергија што се добива од централата ТЕ-ТО е неколкукратно поевтина во однос на она што би се добивало од другите топлани кои работат на другите енергенси, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски посочи дека активно се работи и дека не би требало да се доцни.

Мислам дека во наредните денови ЕСМ ќе треба да започне со поставување на нови цевки, тоа значи одредена подготовка на долниот дел од мостот неврзано со конструкцијата на мостот и врз основа на таа подготовка, која се прави врз претходно вештачење, ќе можат да започнат со поставување на цевките. Доколку не се успее во тој процес, тогаш ќе има проблем греењето во Скопје, но сметам дека не треба тоа да се случи, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Според него, потребна е континуирана комуникација меѓу ЕСМ и Град Скопје.

ЕСМ има многу сериозно пристапено кон овој проблем. Ќе биде потребна дневна комуникација со Град Скопје прво во делот на санирање односно подготовка на подлогите за поставување на цевките, издавање на сооветни дозволи. Сметам дека има време тоа да биде направено. Штом се направи тоа ќе ја олесни работата на Регулаторна комисија за да може да одреди цена на топлинска енергија, рече Ковачевски.

Целосната реконструкција на мостот, како што посочи, не е поврзана со топловодот.

The post Се очекува во наредните денови ЕСМ ќе почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>

Доколку не бидат поставени топловодните цевки на мостот „Беласица“, цената на парното греење, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе доживее цунами, затоа што топинската енергија што се добива од централата ТЕ-ТО е неколкукратно поевтина во однос на она што би се добивало од другите топлани кои работат на другите енергенси, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски посочи дека активно се работи и дека не би требало да се доцни.
Мислам дека во наредните денови ЕСМ ќе треба да започне со поставување на нови цевки, тоа значи одредена подготовка на долниот дел од мостот неврзано со конструкцијата на мостот и врз основа на таа подготовка, која се прави врз претходно вештачење, ќе можат да започнат со поставување на цевките. Доколку не се успее во тој процес, тогаш ќе има проблем греењето во Скопје, но сметам дека не треба тоа да се случи, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.
Според него, потребна е континуирана комуникација меѓу ЕСМ и Град Скопје.
ЕСМ има многу сериозно пристапено кон овој проблем. Ќе биде потребна дневна комуникација со Град Скопје прво во делот на санирање односно подготовка на подлогите за поставување на цевките, издавање на сооветни дозволи. Сметам дека има време тоа да биде направено. Штом се направи тоа ќе ја олесни работата на Регулаторна комисија за да може да одреди цена на топлинска енергија, рече Ковачевски.
Целосната реконструкција на мостот, како што посочи, не е поврзана со топловодот.

The post Се очекува во наредните денови ЕСМ ќе почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>
ЕСМ чека дозвола од Градот да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ https://republika.mk/vesti/skopje/esm-cheka-dozvola-od-gradot-da-gi-postavi-novite-toplovodni-tsevki-na-mostot-belasitsa/ Tue, 05 Sep 2023 11:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=678971

АД ЕСМ соопшти дека е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок.

Од АД ЕСМ потенцираат дека опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.

ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите подготвителни активности за поставување на нови топловодни цевки кои се веќе пренеси на локацијата, посочуваат во соопштението.

Инаку, мостот „Беласица“ од саботата, 2 септември, е отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од ЕСМ велат дека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи.

Мостот „Беласица“ беше затворен за сообраќај четири месеци откако на 12 мај избувна пожар.

The post ЕСМ чека дозвола од Градот да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ соопшти дека е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок. Од АД ЕСМ потенцираат дека опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.
ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите подготвителни активности за поставување на нови топловодни цевки кои се веќе пренеси на локацијата, посочуваат во соопштението.
Инаку, мостот „Беласица“ од саботата, 2 септември, е отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од ЕСМ велат дека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи. Мостот „Беласица“ беше затворен за сообраќај четири месеци откако на 12 мај избувна пожар.

The post ЕСМ чека дозвола од Градот да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>
Од денеска повторно може да се вози по мостот „Беласица“ https://republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-povtorno-mozhe-da-se-vozi-po-mostot-belasitsa/ Sat, 02 Sep 2023 11:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=678109

Град Скопје објави дека согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул. „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот.

- Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, соопштија од Град Скопје.

Од денес, мостот на булеварот „Беласица“ ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ.

The post Од денеска повторно може да се вози по мостот „Беласица“ appeared first on Република.

Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ е предаден, оштетувањата се мали, но ќе треба санација https://republika.mk/vesti/skopje/garevski-izveshtajot-za-mostot-belasitsa-e-predaden-oshtetuvanata-se-mali-no-ke-treba-sanatsija/ Thu, 29 Jun 2023 16:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=656545

Експертизата за опожарениот мост „Беласица“ е направена од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени и драфт верзијата е предадена во Град Скопје, потврди за МИА директорот на Институтот, професор Михаил Гаревски.

Од визуелната инспекција, вели Гаревски, не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие се скриени со заштитниот слој на бетон. Овој е основниот услов и затоа оштетувањата се мали.

Иако оштетувањата се мали, посочува, сепак ќе треба да се изврши санација.

Но, потенцира, потребна е санација на плочата над примарните цевки за парно со торкретирање за да се врати заштитниот слој од бетон кој ја штити ребрастата арматура од корозија. Потребно е и да се врати паднатиот бетон на некои површини од долната плоча и вертикалните ребра на сандачестите носачи. За да може да се спроведе санацијата на мостот неопходно е да се извадат цевките за парно кои се наоѓаат под мостот, појаснува професорот.

Иако тој вели дека извештајот е предаден во Град Скопје, оттаму велат дека во моментот не располагаат со никакви информации.

The post Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ е предаден, оштетувањата се мали, но ќе треба санација appeared first on Република.

]]>

Експертизата за опожарениот мост „Беласица“ е направена од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени и драфт верзијата е предадена во Град Скопје, потврди за МИА директорот на Институтот, професор Михаил Гаревски. Од визуелната инспекција, вели Гаревски, не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие се скриени со заштитниот слој на бетон. Овој е основниот услов и затоа оштетувањата се мали. Иако оштетувањата се мали, посочува, сепак ќе треба да се изврши санација. Но, потенцира, потребна е санација на плочата над примарните цевки за парно со торкретирање за да се врати заштитниот слој од бетон кој ја штити ребрастата арматура од корозија. Потребно е и да се врати паднатиот бетон на некои површини од долната плоча и вертикалните ребра на сандачестите носачи. За да може да се спроведе санацијата на мостот неопходно е да се извадат цевките за парно кои се наоѓаат под мостот, појаснува професорот. Иако тој вели дека извештајот е предаден во Град Скопје, оттаму велат дека во моментот не располагаат со никакви информации.

The post Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ е предаден, оштетувањата се мали, но ќе треба санација appeared first on Република.

]]>
Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ би требало да биде готов следната недела https://republika.mk/vesti/skopje/garevski-izveshtajot-za-mostot-belasitsa-bi-trebalo-da-bide-gotov-slednata-nedela/ Tue, 20 Jun 2023 17:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=653476

Извештајот за мостот „Беласица“ би требало да биде готов следната недела. Во врска со отстранувањето на цевките, било што и да се прави понатака тие мора да се извадат, изјави за МИА, Михаил Гаревски, од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени.

Пред еден месец, Гаревски изјави дека експертизата не би смеело да биде повеќе од 20 дена и таа ќе покаже дали треба санација и каква.

Во интерес на граѓаните и градот јас велам дека било што и да се прави понатака дали санација, експертизата покажува дека санацијата ќе биде само освежување, мора да се извадат цевките, не може без вадење на цевките. Дури, паралелно може да се направи вадење и санација да би можело што побрзо да се оди на пробно товарање, рече тој.

Според него, „топката“ како што посочи, е кај Топлификација, таа, како што вели, за кој било тип на санација мора да ги извади цевките.

По повикот од Регулаторната комисија за енергетика за што поскоро санирање на топловодот, што исто така беше зафатен од пожарот на 12. минатиот месец, се огласија од ЕСМ дистрибуција од каде порачаа дека тоа ќе биде направено во најкраток можен рок.

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, соопштија од ЕСМ Дистрибуција неодамна.

Оттаму уверуваат дека и покрај опожарувањето на мостот, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023, ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска викендот најави дека мостот „Беласица“ ќе се санира многу брзо затоа што, како што рече, се однесува на козметичко рефреширање на она кое што е паднато во делот на бетонот и оти наскоро, односно неделава, мостот ќе биде пуштен повторно во употреба.

The post Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ би требало да биде готов следната недела appeared first on Република.

]]>

Извештајот за мостот „Беласица“ би требало да биде готов следната недела. Во врска со отстранувањето на цевките, било што и да се прави понатака тие мора да се извадат, изјави за МИА, Михаил Гаревски, од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Пред еден месец, Гаревски изјави дека експертизата не би смеело да биде повеќе од 20 дена и таа ќе покаже дали треба санација и каква.
Во интерес на граѓаните и градот јас велам дека било што и да се прави понатака дали санација, експертизата покажува дека санацијата ќе биде само освежување, мора да се извадат цевките, не може без вадење на цевките. Дури, паралелно може да се направи вадење и санација да би можело што побрзо да се оди на пробно товарање, рече тој.
Според него, „топката“ како што посочи, е кај Топлификација, таа, како што вели, за кој било тип на санација мора да ги извади цевките. По повикот од Регулаторната комисија за енергетика за што поскоро санирање на топловодот, што исто така беше зафатен од пожарот на 12. минатиот месец, се огласија од ЕСМ дистрибуција од каде порачаа дека тоа ќе биде направено во најкраток можен рок.
Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, соопштија од ЕСМ Дистрибуција неодамна.
Оттаму уверуваат дека и покрај опожарувањето на мостот, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023, ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска викендот најави дека мостот „Беласица“ ќе се санира многу брзо затоа што, како што рече, се однесува на козметичко рефреширање на она кое што е паднато во делот на бетонот и оти наскоро, односно неделава, мостот ќе биде пуштен повторно во употреба.

The post Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ би требало да биде готов следната недела appeared first on Република.

]]>
Гаревски реален: Нема шанси мостот „Беласица“ да се пушти во употреба наредната недела https://republika.mk/vesti/skopje/garevski-realen-nema-shansi-mostot-belasitsa-da-se-pushti-vo-upotreba-narednata-nedela/ Mon, 19 Jun 2023 12:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=653132

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, информираат од компанијата.

[caption id="" align="alignnone" width="1071"] (фото: ЕСМ)[/caption]

Од ЕСМ потенцираат дека и покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа.

Претходно, професор Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) изјави за ТВ 24 дека прерано е да се каже дека мостот ќе биде пуптен во употреба следната недела. Според него, пуштањето на мостот во најголема мера ќе зависи од ЕСМ, односно од демонтирањето на цевките за парно греење.

Без вадењето на цевките не може да се направи ниту, да кажеме, примарна санација, рече Гаревски.

Експертизата која сè уште не е завршена, и се очекува да биде готова идниот понеделник, во моментов покажува дека сепак нема да има потреба од зајакнување на мостот, но сигурно е, според него, дека мостот не може и не смее да се пушти во употреба толку скоро.

Откако ќе се направи санација, обично по правило би требало бетонот да зрее 28 дена, а потоа треба да се направи пробно товарење како доказ дека мостот е во ред. Тоа товарење на мостот ќе биде со 60-тонски возила. Ќе се направи тоа испитување, што е стандардна процедура, особено кога некој мост е опожарен, па дури потоа тоа може да се пушти мостот“, вели Гаревски.

Градоначалничката Арсовска изјави дека на мостот ќе треба да се направи одредена санација која се однесува на козметичко рефреширање на она што е паднато од бетонот.

https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-mostot-belasitsa-mozhebi-od-narednata-nedela-ke-mozhe-da-bide-pushten-vo-upotreba/

Во суштина, нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста на мостот и тоа е она што е најважно за нас. Денеска ми јавија дека се готови со сите испитувања кои се направени и дека мостот „Беласица“ ќе се санира многу брзо. Сметам дека веќе од наредната недела ќе можеме да го пуштиме во употреба“, изјави градоначалничката на Град Скопје.

Пожарот на мостот „Беласица“ избувна ноќта меѓу 11 и 12 мај, запалена беше електричната инсталација и системот за парно греење кој поминува под мостот.

The post Гаревски реален: Нема шанси мостот „Беласица“ да се пушти во употреба наредната недела appeared first on Република.

]]>

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, информираат од компанијата. [caption id="" align="alignnone" width="1071"] (фото: ЕСМ)[/caption] Од ЕСМ потенцираат дека и покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа. Претходно, професор Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) изјави за ТВ 24 дека прерано е да се каже дека мостот ќе биде пуптен во употреба следната недела. Според него, пуштањето на мостот во најголема мера ќе зависи од ЕСМ, односно од демонтирањето на цевките за парно греење.
Без вадењето на цевките не може да се направи ниту, да кажеме, примарна санација, рече Гаревски.
Експертизата која сè уште не е завршена, и се очекува да биде готова идниот понеделник, во моментов покажува дека сепак нема да има потреба од зајакнување на мостот, но сигурно е, според него, дека мостот не може и не смее да се пушти во употреба толку скоро.
Откако ќе се направи санација, обично по правило би требало бетонот да зрее 28 дена, а потоа треба да се направи пробно товарење како доказ дека мостот е во ред. Тоа товарење на мостот ќе биде со 60-тонски возила. Ќе се направи тоа испитување, што е стандардна процедура, особено кога некој мост е опожарен, па дури потоа тоа може да се пушти мостот“, вели Гаревски.
Градоначалничката Арсовска изјави дека на мостот ќе треба да се направи одредена санација која се однесува на козметичко рефреширање на она што е паднато од бетонот. https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-mostot-belasitsa-mozhebi-od-narednata-nedela-ke-mozhe-da-bide-pushten-vo-upotreba/
Во суштина, нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста на мостот и тоа е она што е најважно за нас. Денеска ми јавија дека се готови со сите испитувања кои се направени и дека мостот „Беласица“ ќе се санира многу брзо. Сметам дека веќе од наредната недела ќе можеме да го пуштиме во употреба“, изјави градоначалничката на Град Скопје.
Пожарот на мостот „Беласица“ избувна ноќта меѓу 11 и 12 мај, запалена беше електричната инсталација и системот за парно греење кој поминува под мостот.

The post Гаревски реален: Нема шанси мостот „Беласица“ да се пушти во употреба наредната недела appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Мостот „Беласица“ можеби од наредната недела ќе може да биде пуштен во употреба https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-mostot-belasitsa-mozhebi-od-narednata-nedela-ke-mozhe-da-bide-pushten-vo-upotreba/ Sat, 17 Jun 2023 20:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=652609

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, информира дека се готови сите испитувања направени на мостот „Беласица“ и дека тој ќе биде саниран многу брзо.

Сметам дека веќе од наредната недела ќе можеме да го пуштиме во употреба, изјави Арсовска.

При гостувањето во тема на денот на Сител телевизија, Арсовска кажа дека на мостот ќе треба да се направи одредена санација која, како што рече, се однесува на козметичко рефреширање на она кое што е паднато во делот на бетонот.

Во суштина нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста и тоа е она кое што е најважно за нас, изјави Арсовска.

Градоначалничката посочи дека сите мостови кои што ги има во Град Скопје и се во нивна надлежност редовно се одржуваат.

На некои од нив треба да се направи некоја козметичка санација меѓутоа, генерално се безбедни, сигурни за движење, рече таа.

Пожарот на мостот „Беласица“ избувна ноќта меѓу 11 и 12 мај, а од Противпожарната единица тогаш за МИА изјавија дека запалена била електрична инсталација и систем за парно греење.

The post Арсовска: Мостот „Беласица“ можеби од наредната недела ќе може да биде пуштен во употреба appeared first on Република.

Инж. Њагуљ: Трагите и оштетувањата од пожарот се посериозни отколку што е видливо на фотографиите https://republika.mk/vesti/skopje/inzh-nagul-tragite-i-oshtetuvanata-od-pozharot-se-poseriozni-otkolku-shto-e-vidlivo-na-fotografiite/ Fri, 26 May 2023 07:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=644761

Иако мојот увид беше визуелен, тој ми ги отвори очите дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставував врз основа на достапните фотографии. Трагите и оштетувањата од високата температура од пожарот не беа видливи на фотографиите онолку колку што навистина се, вели во ексклузивна изјава за МИА проектантот на мостот „Беласица” Вукан Њагуљ.

Тој во организација на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени изминатите два дена престојуваше во Скопје со цел да изврши увид во состојбата на мостот.

Во разговорот за МИА, инженерот Њагуљ порачува дека оштетувањата треба да се третираат многу сериозно и дека се потребни детални испитувања и пресметки.

[caption id="" align="alignnone" width="2000"] Фото: Дарко Попов[/caption]

Кога бев на мостот добив впечаток дека она што го видов бара многу посериозен пристап отколку што мислев. Тоа е мое мислење, мој впечаток. Мостот, според мене, не може да се третира како оштетувањето да е мало и безначајно, едноставно затоа што не се знае какво е. Мора да се направи многу детално испитување. Не само визуелно, туку да се отвори конструкцијата, да се испита, да се земат примероци и да се испитаат лабораториски. Го слушав интервјуто на професорот Марковски кој рече дека во Македонија не располагате со опрема за сето она што треба да се испита. Но како и да е, тоа мора да се направи и дури тогаш може да се даде проценка за моменталната состојба на мостот, истакнува Њагуљ.

Нагласува дека не станува збор за обични оштетувања како што се корозија или пукнатини, туку за сосема друг тип на оштетување и затоа се потребни прецизни претпоставки за квалитетот на материјалите на мостот.

Секоја проценка сега, без тие податоци е просто невозможна. И не само тоа, туку мора да се направат и пресметки врз основа на кои ќе се види состојбата на конструкцијата. Секако, во тие пресметки треба да се влезе со што е можно попрецизни претпоставки за квалитетот на материјалите кои треба да произлезат од испитувањата што мора претходно да се направат. Дури потоа може да се каже – сега треба да се продолжи со ова или со она, вели инженерот.

Оценува дека постои можност за оштетување на продолжените кабли во главните носачи.

Не оштетени како челик, туку оштетени во однос на нивната носивост. Ако челикот се прегрее, ги губи карактеристиките што ги има, вклучувајќи ја и силата во него, со што се намалува сигурноста на мостот до некоја мера и се менува напрегањето во конструкцијата, појаснува Њагуљ.

Во однос на проблемот со сообраќајот кој настана по затворањето на мостот, тој посочува дека има решение, но додава дека е тешко изводливо.

Мое лично мислење е дека некој вид на контролиран пешачки сообраќај можеби може да се дозволи. Но, врз основа на моето искуство при вакви слични случаи, сметам дека дозволувањето на некаков редуциран патнички сообраќај со себе носи одреден ризик. На крај да заклучам. Според мене мора да се направат сите потребни истражувања и пресметки пред да се донесе било каква одлука. Мостот може да има и доволна сигурност според некои критериуми, но тоа може да биде тема за дискусија дури откако ќе се направат испитувањата, порачува инженерот Њагуљ.

The post Инж. Њагуљ: Трагите и оштетувањата од пожарот се посериозни отколку што е видливо на фотографиите appeared first on Република.

]]>

Иако мојот увид беше визуелен, тој ми ги отвори очите дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставував врз основа на достапните фотографии. Трагите и оштетувањата од високата температура од пожарот не беа видливи на фотографиите онолку колку што навистина се, вели во ексклузивна изјава за МИА проектантот на мостот „Беласица” Вукан Њагуљ. Тој во организација на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени изминатите два дена престојуваше во Скопје со цел да изврши увид во состојбата на мостот. Во разговорот за МИА, инженерот Њагуљ порачува дека оштетувањата треба да се третираат многу сериозно и дека се потребни детални испитувања и пресметки. [caption id="" align="alignnone" width="2000"] Фото: Дарко Попов[/caption]
Кога бев на мостот добив впечаток дека она што го видов бара многу посериозен пристап отколку што мислев. Тоа е мое мислење, мој впечаток. Мостот, според мене, не може да се третира како оштетувањето да е мало и безначајно, едноставно затоа што не се знае какво е. Мора да се направи многу детално испитување. Не само визуелно, туку да се отвори конструкцијата, да се испита, да се земат примероци и да се испитаат лабораториски. Го слушав интервјуто на професорот Марковски кој рече дека во Македонија не располагате со опрема за сето она што треба да се испита. Но како и да е, тоа мора да се направи и дури тогаш може да се даде проценка за моменталната состојба на мостот, истакнува Њагуљ.
Нагласува дека не станува збор за обични оштетувања како што се корозија или пукнатини, туку за сосема друг тип на оштетување и затоа се потребни прецизни претпоставки за квалитетот на материјалите на мостот.
Секоја проценка сега, без тие податоци е просто невозможна. И не само тоа, туку мора да се направат и пресметки врз основа на кои ќе се види состојбата на конструкцијата. Секако, во тие пресметки треба да се влезе со што е можно попрецизни претпоставки за квалитетот на материјалите кои треба да произлезат од испитувањата што мора претходно да се направат. Дури потоа може да се каже – сега треба да се продолжи со ова или со она, вели инженерот.
  Оценува дека постои можност за оштетување на продолжените кабли во главните носачи.
Не оштетени како челик, туку оштетени во однос на нивната носивост. Ако челикот се прегрее, ги губи карактеристиките што ги има, вклучувајќи ја и силата во него, со што се намалува сигурноста на мостот до некоја мера и се менува напрегањето во конструкцијата, појаснува Њагуљ.
  Во однос на проблемот со сообраќајот кој настана по затворањето на мостот, тој посочува дека има решение, но додава дека е тешко изводливо.
Мое лично мислење е дека некој вид на контролиран пешачки сообраќај можеби може да се дозволи. Но, врз основа на моето искуство при вакви слични случаи, сметам дека дозволувањето на некаков редуциран патнички сообраќај со себе носи одреден ризик. На крај да заклучам. Според мене мора да се направат сите потребни истражувања и пресметки пред да се донесе било каква одлука. Мостот може да има и доволна сигурност според некои критериуми, но тоа може да биде тема за дискусија дури откако ќе се направат испитувањата, порачува инженерот Њагуљ.

The post Инж. Њагуљ: Трагите и оштетувањата од пожарот се посериозни отколку што е видливо на фотографиите appeared first on Република.

]]>
Ниту една фирма во земјава нема доволно искуство и соодветна апаратура за утврдување на фактичката состојба на мостот „Беласица“ https://republika.mk/vesti/skopje/nitu-edna-firma-vo-zemjava-nema-dovolno-iskustvo-i-soodvetna-aparatura-za-utvrduvane-na-faktichkata-sostojba-na-mostot-belasitsa/ Thu, 25 May 2023 09:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=644479

Бетонот при своето вградување има одредени механички карактеристики, но поради пожарот доаѓа до таканаречена евапорација, испарување на водата заробена внатре во бетонските пори и поради тоа бетонот ги губи тие карактеристики. Сега прашањето е колку од тие каракеристики се изгубени, колку се задржани и што тоа ќе значи за конструкцијата. Арматурата за претходно напрегање е исто така многу чувствителна на високи температури, веќе при температура над 100 степени Целзиусови доаѓа до релаксација на напрегањето на арматурата, а со тоа се смалува силата и тоа може да биде сериозен проблем, објаснува во интервју за МИА професор Санде Атанасовски, еден од консултантите ангажиран во реализацијата проектот за мостот „Беласица“.

Оштетувањата по пожарот, како што вели, се неповолни без разлика дали се големи или мали.

Пензионираниот професор од Градежниот факултет во Скопје, Атанасовски, кој има работено на мостот од креирањето на идејата до неговото пуштање во употреба, вели дека доколку пожарот оставил големи последици на мостот следи долгогодишна санација. Но додава дека за утврдување на фактичката состојба во овој случај ниту една фирма во земјава нема доволно искуство ниту пак соодветна апаратура.

Професорот оштетувањата на мостот ги подели на две категори, помали или визуелно воочливи и поголеми внатрешни оштетувања.

Оценува дека утврдувањето и справувањето со посериозните последици би бил макотрпен процес, како и дека според прописите кои не наложуваат, но и според проценките на тимот кој работел на идејата за мостот не била предвидена можната опасност од пожар.

Интервјуто во целост тука

The post Ниту една фирма во земјава нема доволно искуство и соодветна апаратура за утврдување на фактичката состојба на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>

Бетонот при своето вградување има одредени механички карактеристики, но поради пожарот доаѓа до таканаречена евапорација, испарување на водата заробена внатре во бетонските пори и поради тоа бетонот ги губи тие карактеристики. Сега прашањето е колку од тие каракеристики се изгубени, колку се задржани и што тоа ќе значи за конструкцијата. Арматурата за претходно напрегање е исто така многу чувствителна на високи температури, веќе при температура над 100 степени Целзиусови доаѓа до релаксација на напрегањето на арматурата, а со тоа се смалува силата и тоа може да биде сериозен проблем, објаснува во интервју за МИА професор Санде Атанасовски, еден од консултантите ангажиран во реализацијата проектот за мостот „Беласица“. Оштетувањата по пожарот, како што вели, се неповолни без разлика дали се големи или мали. Пензионираниот професор од Градежниот факултет во Скопје, Атанасовски, кој има работено на мостот од креирањето на идејата до неговото пуштање во употреба, вели дека доколку пожарот оставил големи последици на мостот следи долгогодишна санација. Но додава дека за утврдување на фактичката состојба во овој случај ниту една фирма во земјава нема доволно искуство ниту пак соодветна апаратура. Професорот оштетувањата на мостот ги подели на две категори, помали или визуелно воочливи и поголеми внатрешни оштетувања. Оценува дека утврдувањето и справувањето со посериозните последици би бил макотрпен процес, како и дека според прописите кои не наложуваат, но и според проценките на тимот кој работел на идејата за мостот не била предвидена можната опасност од пожар. Интервјуто во целост тука

The post Ниту една фирма во земјава нема доволно искуство и соодветна апаратура за утврдување на фактичката состојба на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>
Ангелов: Мостовите во Скопје се безбедни, а мостот кај Ист Гејт се вештачи од врвни стручњаци кои ќе ја утврдат штетата https://republika.mk/vesti/skopje/angelov-mostovite-vo-skopje-se-bezbedni-a-mostot-kaj-ist-gejt-se-veshtachi-od-vrvni-struchnatsi-koi-ke-ja-utvrdat-shtetata/ Sat, 20 May 2023 14:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=643004

Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи од страна на врвни стручни лица, професори, кои ќе ја утврдат штетата. Се надевам дека веќе следната недела ќе имаме информации колкава е штетата и колку време ќе биде потребно истата да биде санирана, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во одговор на новинарско прашање.

Ангелов потенцираше дека другите мостови во градот се безбедни. Напомена дека како ЦУК, поднеле барање до Градот Скопје да извршат вонредна проверка, но и барање до МВР да проверат дали по другите мостови во градот престојуваат бездомници или друг тип на лица кои можат да ја загрозат безбедноста на мостот.

Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи. Се додека не се утврди колкава е штетата, се што ќе кажеме е непотврдено и ќе дојде во ранг на шпекулации. Добро е тоа што другата страна на мостот од страна на Железничката станица не е оштетена. Оштетета е само страна од Ист Гејт, каде што пожарот всушност и започнал. Што се однесува до другите мостови во градот, тие се безбедни. Но, доколку под мостот нема горливи материи, луѓето не можат туку така да ја загрозат безбедноста на мостот, рече Ангелов.

Според Ангелов, проблемот кај овој мост е тоа што под него минуваат големите цевководи по кои поминуваше топлата вода од Топланата.

Прашан кој го врши вештачењето на мостот, Ангелов посочи дека прашањето треба да се упати до Градот Скопје, но според неофицијални информации, се работи за врвни професори.

Инаку, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес-конференција рече дека нема нарушување на структурниот интегритет на мостот „Беласица“.

Првичните информации говорат дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, оштетувањата на објектот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет на мостот, посочи градоначалничката.

The post Ангелов: Мостовите во Скопје се безбедни, а мостот кај Ист Гејт се вештачи од врвни стручњаци кои ќе ја утврдат штетата appeared first on Република.

]]>

Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи од страна на врвни стручни лица, професори, кои ќе ја утврдат штетата. Се надевам дека веќе следната недела ќе имаме информации колкава е штетата и колку време ќе биде потребно истата да биде санирана, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во одговор на новинарско прашање. Ангелов потенцираше дека другите мостови во градот се безбедни. Напомена дека како ЦУК, поднеле барање до Градот Скопје да извршат вонредна проверка, но и барање до МВР да проверат дали по другите мостови во градот престојуваат бездомници или друг тип на лица кои можат да ја загрозат безбедноста на мостот.
Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи. Се додека не се утврди колкава е штетата, се што ќе кажеме е непотврдено и ќе дојде во ранг на шпекулации. Добро е тоа што другата страна на мостот од страна на Железничката станица не е оштетена. Оштетета е само страна од Ист Гејт, каде што пожарот всушност и започнал. Што се однесува до другите мостови во градот, тие се безбедни. Но, доколку под мостот нема горливи материи, луѓето не можат туку така да ја загрозат безбедноста на мостот, рече Ангелов.
Според Ангелов, проблемот кај овој мост е тоа што под него минуваат големите цевководи по кои поминуваше топлата вода од Топланата. Прашан кој го врши вештачењето на мостот, Ангелов посочи дека прашањето треба да се упати до Градот Скопје, но според неофицијални информации, се работи за врвни професори. Инаку, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес-конференција рече дека нема нарушување на структурниот интегритет на мостот „Беласица“.
Првичните информации говорат дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, оштетувањата на објектот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет на мостот, посочи градоначалничката.
 
The post Ангелов: Мостовите во Скопје се безбедни, а мостот кај Ист Гејт се вештачи од врвни стручњаци кои ќе ја утврдат штетата appeared first on Република.

]]>
Нема нарушување на структурниот интегритет на мостот „Беласица“, рече Арсовска https://republika.mk/vesti/skopje/nema-narushuvane-na-strukturniot-integritet-na-mostot-belasitsa-reche-arsovska/ Sat, 20 May 2023 11:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=642962

Првичните информации говорат дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, оштетувањата на објектот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет на мостот,  изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес - конференција одржана на мостот „Беласица“.

-Сакам оваа прилика да ја искористам и да ги замолам сите институции кои се сметаат за засегнати да не шират страв и паника кај граѓаните со паушални тврдења кои се однесуваат на било какви наводни структурни оштетувања на мостот, рече Арсовска.

Посочи дека Службите на Градот Скопје и таа лично уште од првата вечер се на терен на увид во настаната штета при пожарот.

-Денеска со мене е и еден од најголемите експерти не само во Македонија туку и пошироко професорот Михаил Гаревски кој во текот на изминатата недела изврши иницијални проверки со цел да добиеме потврда и да бидеме сигурни дека во моментот кога мостот ќе биде пуштен во употреба нема да биде загрозен никој, нагласи Арсовска.

Таа напомена дека заедно со помошта на видни стручни лица од областа, Град Скопје ги превзема сите потребни проверки со цел да бидеме сигурни дека никој нема да биде доведен во опасност и затоа се спроведува детално истражување за штетата која би можела пожарот да ја нанесе на мостот „Беласица“.

Арсовска упати апел до сите институции да бидат на висина на задачата и прво да се спроведат сите можни испитувања на мостот „Беласица“ како што тоа го прави Градот Скопје со цел, како што истакна, да дојдеме до вистински заклучок кога најбрзо мостот може повторно да биде пуштен во употреба.

-Паушалните тврдења како досега кои произлегоа од политичките агенди на групи и поединци, што само шират страв и паника помеѓу граѓаните, не помагаат никому. Жалам што можам да констатирам дека секоја непогода со која се соочува градот резултира со медиумски линч на градската администрација иако на граѓаните им е јасно дека се работи само за очајни обиди за собирање на политички поени, рече Арсовска.

The post Нема нарушување на структурниот интегритет на мостот „Беласица“, рече Арсовска appeared first on Република.

Таа напомена дека заедно со помошта на видни стручни лица од областа, Град Скопје ги превзема сите потребни проверки со цел да бидеме сигурни дека никој нема да биде доведен во опасност и затоа се спроведува детално истражување за штетата која би можела пожарот да ја нанесе на мостот „Беласица“. Арсовска упати апел до сите институции да бидат на висина на задачата и прво да се спроведат сите можни испитувања на мостот „Беласица“ како што тоа го прави Градот Скопје со цел, како што истакна, да дојдеме до вистински заклучок кога најбрзо мостот може повторно да биде пуштен во употреба.

Арсовска тврди дека нема нарушување на структурниот интегритет на мостот „Беласица“ https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-tvrdi-deka-nema-narushuvane-na-strukturniot-integritet-na-mostot-belasitsa/ Sat, 20 May 2023 09:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=642931

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, при посета на мостот „Беласица“  соопшти дека првичните информации говорат оти благодарение на брзата реакција на пожарникарите, оштетувањата на објектот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет на мостот.

Сакам оваа прилика да ја искористам и да ги замолам сите институции кои се сметаат за засегнати да не шират страв и паника кај граѓаните со паушални тврдења кои се однесуваат на било какви наводни структурни оштетувања на мостот, изјави Арсовска.

Таа посочи дека Службите на Градот Скопје и таа лично уште од првата вечер се на терен на увид во настаната штета при пожарот.

Денеска со мене е и еден од најголемите експерти не само во Македонија туку и пошироко професорот Михаил Гаревски кој во текот на изминатата недела изврши иницијални проверки со цел да добиеме потврда и да бидеме сигурни дека во моментот кога мостот ќе биде пуштен во употреба нема да биде загрозен никој, изјави Арсовска.

Таа напомена дека заедно со помошта на видни стручни лица од областа, Град Скопје ги превзема сите потребни проверки со цел да бидеме сигурни дека никој нема да биде доведен во опасност и затоа се спроведува детално истражување за штетата која би можела пожарот да ја нанесе на мостот „Беласица“.

Арсовска упати апел до сите институции да бидат на висина на задачата и прво да се спроведат сите можни испитувања на мостот „Беласица“ како што тоа го прави Градот Скопје со цел, како што истакна, да дојдеме до вистински заклучок кога најбрзо мостот може повторно да биде пуштен во употреба.

The post Арсовска тврди дека нема нарушување на структурниот интегритет на мостот „Беласица“ appeared first on Република.