морско чудовиште Archives - Република https://republika.mk/tema/morsko-chudovishte/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Dec 2023 07:46:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png морско чудовиште Archives - Република https://republika.mk/tema/morsko-chudovishte/ 32 32 Огромно преисториско морско „чудовиште“ ископано од карпите во Англија – имало трето око и било терор во океаните https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ogromno-preistorisko-morsko-chudovishte-iskopano-od-karpite-vo-anglija-imalo-treto-oko-i-bilo-teror-vo-okeanite/ Mon, 18 Dec 2023 11:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=724103

Научници откопале череп на џиновско морско чудовиште - плиосаур, морски рептил кој ги тероризирал океаните пред околу 150 милиони години - од карпите на брегот Јура во Дорсет.

Овој череп долг 2 метри е еден од најкомплетните примероци од ваков вид што некогаш биле откриени и им овозможува на експертите подобар увид во начинот на живот на овој древен предатор.

Тоа е еден од најдобрите фосили на кои сум работел. Единствен е по тоа што е комплетен. Долната вилица и горниот череп се споени заедно, како кога бил жив плиосаурот. Се сомневам дека постои фосилен примерок со ова ниво на детали во светот. И дури и да постои, обично му недостасува некој дел. Секоја коска е зачуван на овој фосил“, вели локалниот палеонтолог Стив Етчес за „Би-Би-Си“.

Черепот е поголем од повеќето луѓе

Черепот е поголем од повеќето луѓе, а на него остануваат 130 заби. Предните се долги и остри. Самиот плиосаур бил долг помеѓу 10 и 12 метри. Има четири моќни екстремитети слични на перки со кои можел да се движи со голема брзина низ океанот.

Ова животно било толку масивно што можело да лови се на што ќе наиде. Било како подводен Т. Рекс“, вели палеонтологот Андре Роу од Универзитетот во Бристол.

Плиосаурот, исто така, знаел да јаде и разни влекачи, па дури и други плиосаури.

https://twitter.com/markoftheD/status/1733824708766838879?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1733824708766838879%7Ctwgr%5E1c3f0c632bb87a5eee3c9baf53356692d7798162%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnezavisen.mk%2Fogromno-antichko-morsko-chudovishte-iskopano-od-karpite-vo-anglija-imalo-treto-oko%2F

Трето око

Муцката на фосилот е испреплетена со мали дупки во кои можеби имало жлезди кои му помале да ја регистрира промената во притисокот на водата создадена од потенцијалниот плен. А, на главата му има дупка во која се наоѓало париетално или трето око, како што имаат денес некои гуштери, жаби и риби.

Станува збор за око чувствително на светло, кое веројатно му служело на плиосаурот кога лови други животни, особено кога излегувал од длабоки, матни води, вели Етчес.

Научникот е убеден дека остатокот од морското „чудовиште“ се крие во карпите.

Се обложувам дека е така. Овој дел од карпата брзо се еродира. Нема да помине долго пред да се појават останатите плиосаури. Тоа е можност што се случува еднаш во животот“, вели тој.

The post Огромно преисториско морско „чудовиште“ ископано од карпите во Англија – имало трето око и било терор во океаните appeared first on Република.

]]>

Научници откопале череп на џиновско морско чудовиште - плиосаур, морски рептил кој ги тероризирал океаните пред околу 150 милиони години - од карпите на брегот Јура во Дорсет. Овој череп долг 2 метри е еден од најкомплетните примероци од ваков вид што некогаш биле откриени и им овозможува на експертите подобар увид во начинот на живот на овој древен предатор.
Тоа е еден од најдобрите фосили на кои сум работел. Единствен е по тоа што е комплетен. Долната вилица и горниот череп се споени заедно, како кога бил жив плиосаурот. Се сомневам дека постои фосилен примерок со ова ниво на детали во светот. И дури и да постои, обично му недостасува некој дел. Секоја коска е зачуван на овој фосил“, вели локалниот палеонтолог Стив Етчес за „Би-Би-Си“.

Черепот е поголем од повеќето луѓе

Черепот е поголем од повеќето луѓе, а на него остануваат 130 заби. Предните се долги и остри. Самиот плиосаур бил долг помеѓу 10 и 12 метри. Има четири моќни екстремитети слични на перки со кои можел да се движи со голема брзина низ океанот.
Ова животно било толку масивно што можело да лови се на што ќе наиде. Било како подводен Т. Рекс“, вели палеонтологот Андре Роу од Универзитетот во Бристол.
Плиосаурот, исто така, знаел да јаде и разни влекачи, па дури и други плиосаури. https://twitter.com/markoftheD/status/1733824708766838879?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1733824708766838879%7Ctwgr%5E1c3f0c632bb87a5eee3c9baf53356692d7798162%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnezavisen.mk%2Fogromno-antichko-morsko-chudovishte-iskopano-od-karpite-vo-anglija-imalo-treto-oko%2F  