монодрама Archives - Република https://republika.mk/tema/monodrama/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 10:10:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png монодрама Archives - Република https://republika.mk/tema/monodrama/ 32 32 Премиера на монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-monodramata-site-najubavi-neshta-so-igor-angelov/ Thu, 26 Sep 2024 10:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=819796

Премиерата на монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан
МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на популарниот македонски актер Игор
Ангелов закажана е на 1 октомври во Центар – Јадро.

Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното
здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за
механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на
растењето и на животот како возрасни. Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа
монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на
животниот список се причина за радување.

Се работи за посебно интимно театарско искуство во кое публиката добива задачи и е активно вклучена од моментот на влегување во просторот за изведба. За време на „Сите најубави нешта” гледачите се смеат и плачат, непријатно им е и се збунети, се радуваат и препознаваат и се поттикнати да размислуваат за значењето на среќата и животот. Од претставата излегувате со чувство на благодарност и олеснување. Вистинска катарза, вели Игор Ангелов.

Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола.

Влезниците за премиерата се веќе распродадени, а следните изведби се закажани на 4, 14 и 29 октомври во Центар – Јадро со почеток во 20.30 часот.

The post Премиера на монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов appeared first on Република.

]]>

Премиерата на монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на популарниот македонски актер Игор Ангелов закажана е на 1 октомври во Центар – Јадро. Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на растењето и на животот како возрасни. Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на животниот список се причина за радување.
Се работи за посебно интимно театарско искуство во кое публиката добива задачи и е активно вклучена од моментот на влегување во просторот за изведба. За време на „Сите најубави нешта” гледачите се смеат и плачат, непријатно им е и се збунети, се радуваат и препознаваат и се поттикнати да размислуваат за значењето на среќата и животот. Од претставата излегувате со чувство на благодарност и олеснување. Вистинска катарза, вели Игор Ангелов.
Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола. Влезниците за премиерата се веќе распродадени, а следните изведби се закажани на 4, 14 и 29 октомври во Центар – Јадро со почеток во 20.30 часот.

The post Премиера на монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов appeared first on Република.

]]>
Монодрамата „Секс и глад“ на Тарик Филиповиќ в четврток во МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/monodramata-seks-i-glad-na-tarik-filipovik-v-chetvrtok-vo-mnt/ Mon, 08 Apr 2024 09:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=763716

Хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ в четврток, на 11 април во Македонскиот народен театар (МНТ) гостува со хит претставата „Секс и глад“. Филиповиќ доаѓа во Скопје по пауза од шест години кога гостуваше со одличната монодрамата „Ќиро“ во МНТ која го наполни салонот до втора галерија. Гостувањето на Филиповиќ е во организација на продукциите „КМК“ и „Кикса“.

Филиповиќ во „Секс и глад“ го игра доктор Удо. Изведбата е мултимедијална и интерактивна, а во форма на колажно шоу нуди редослед на песна, танцување и неколку линии на урнебесна забава инспирирана од оваа вечно интригантна тема. Самиот текст е заснован на повеќе драмски, социолошки и антрополошки шаблони, а е составен од Филиповиќ и драматургот Нина Скоруп, а режијата е на Марио Ковач.

Овој пат Тарик ќе ве забавува, едуцира и насмее на тема секс и глад. Оваа театарска претстава на Филиповиќ ја воодушевува публиката низ целиот регион! Докторот по сексологија, професор и плејбој, олицетворение на актерот Филиповиќ, на околу седумдесет минути ќе ве одведе на возбудливо сафари низ прашумата области на човечката сексуалност. Колку и да живееме во хиперсексуализирано време, оваа тема е сè уште табу за многумина, велат од продукциите.

„Секс и глад“ е претстава која служи токму за детабуирање на тие области на човековата природа.

Се разбира примарната задача на ова моно шоу е да ве опушти, едуцира, забавува и насмее бидејќи смеата е најсигурниот и најефикасен лек во овие импотентни времиња, а Тарик е докажан лекар за нашите маки. Во претставата ќе ги запознаете или препознаете видовите сексуални односи, сексуални помагала, но и сексуални пречки кои ќе се обидеме да ги отстраниме. Освен општо познатите сексуални патеки, како што секоја дождовната шума ги крие и своите помалку познати патеки и заобиколувања. Затоа, ќе објасниме некои од оние помодерни феномени како сајбер секс, хемиски секс или, на пример, игра на тркала. Нема да ги избегнеме ни уште поделикатните теми како што се импотенција, сексуално преносливи болести, зависност од секс итн, додаваат од „КМК“ и „Кикса“.

The post Монодрамата „Секс и глад“ на Тарик Филиповиќ в четврток во МНТ appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ в четврток, на 11 април во Македонскиот народен театар (МНТ) гостува со хит претставата „Секс и глад“. Филиповиќ доаѓа во Скопје по пауза од шест години кога гостуваше со одличната монодрамата „Ќиро“ во МНТ која го наполни салонот до втора галерија. Гостувањето на Филиповиќ е во организација на продукциите „КМК“ и „Кикса“. Филиповиќ во „Секс и глад“ го игра доктор Удо. Изведбата е мултимедијална и интерактивна, а во форма на колажно шоу нуди редослед на песна, танцување и неколку линии на урнебесна забава инспирирана од оваа вечно интригантна тема. Самиот текст е заснован на повеќе драмски, социолошки и антрополошки шаблони, а е составен од Филиповиќ и драматургот Нина Скоруп, а режијата е на Марио Ковач.
Овој пат Тарик ќе ве забавува, едуцира и насмее на тема секс и глад. Оваа театарска претстава на Филиповиќ ја воодушевува публиката низ целиот регион! Докторот по сексологија, професор и плејбој, олицетворение на актерот Филиповиќ, на околу седумдесет минути ќе ве одведе на возбудливо сафари низ прашумата области на човечката сексуалност. Колку и да живееме во хиперсексуализирано време, оваа тема е сè уште табу за многумина, велат од продукциите.
„Секс и глад“ е претстава која служи токму за детабуирање на тие области на човековата природа.
Се разбира примарната задача на ова моно шоу е да ве опушти, едуцира, забавува и насмее бидејќи смеата е најсигурниот и најефикасен лек во овие импотентни времиња, а Тарик е докажан лекар за нашите маки. Во претставата ќе ги запознаете или препознаете видовите сексуални односи, сексуални помагала, но и сексуални пречки кои ќе се обидеме да ги отстраниме. Освен општо познатите сексуални патеки, како што секоја дождовната шума ги крие и своите помалку познати патеки и заобиколувања. Затоа, ќе објасниме некои од оние помодерни феномени како сајбер секс, хемиски секс или, на пример, игра на тркала. Нема да ги избегнеме ни уште поделикатните теми како што се импотенција, сексуално преносливи болести, зависност од секс итн, додаваат од „КМК“ и „Кикса“.

The post Монодрамата „Секс и глад“ на Тарик Филиповиќ в четврток во МНТ appeared first on Република.

]]>
Монодрамата „Кармен“ вечерва во Драмскиот театар во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/monodramata-karmen-vecherva-vo-dramskiot-teatar-vo-skopje-2/ Tue, 19 Mar 2024 08:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=756193

Во Драмскиот театар во Скопје, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгичевиќ – Пројковска по мотив од романот „Пет часа со Марио“.

Автор: Мигел Делибес
Режија и драматизација: Дејан Пројковски
Превод: Ненад Велковски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Раде Василев
Композитор: Горан Трајковски

 

Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Даница Илиева

Мигел Делибес (1920 – 2010) е шпански романсиер и член на Кралската шпанска академија, повеќекратен добитник на награди и признанија меѓу кои наградата Надал, Принцот од Астуријас и наградата Сервантес. Тој се смета за еден од најважните автори на XX век. Познат е по делата: Дневник на Хантер (за кое добива Национална награда за литература), Црвениот лист (Награда за фондација Хуан Марш), Стаорците (Награда за критичари), Еретикот (Добитник на Националната награда за литература) и др. Особено се истакнува неговото ремек-дело: Пет часа со Марио, објавено во 1966 година кое претставува верен експонент на социјалниот реализам, многу важен литературен тренд во Шпанија во средината на минатиот век. Преку внатрешниот дијалог на жена во криза – Кармен, нејзиниот протагонист –Делибес, открил најголем дел од постојаните политички и социјални тензии во тоа време во Шпанија. Не залудно неговото ремек дело Пет часа со Марио спаѓа во рамките на неговата листа на „сто најдобри романи на дваесеттиот век“.

The post Монодрамата „Кармен“ вечерва во Драмскиот театар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Драмскиот театар во Скопје, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгичевиќ – Пројковска по мотив од романот „Пет часа со Марио“.
Автор: Мигел Делибес Режија и драматизација: Дејан Пројковски Превод: Ненад Велковски Сценограф: Валентин Светозарев Костимограф: Раде Василев Композитор: Горан Трајковски   Инспициент: Гоце Бојчев Суфлер: Даница Илиева Мигел Делибес (1920 – 2010) е шпански романсиер и член на Кралската шпанска академија, повеќекратен добитник на награди и признанија меѓу кои наградата Надал, Принцот од Астуријас и наградата Сервантес. Тој се смета за еден од најважните автори на XX век. Познат е по делата: Дневник на Хантер (за кое добива Национална награда за литература), Црвениот лист (Награда за фондација Хуан Марш), Стаорците (Награда за критичари), Еретикот (Добитник на Националната награда за литература) и др. Особено се истакнува неговото ремек-дело: Пет часа со Марио, објавено во 1966 година кое претставува верен експонент на социјалниот реализам, многу важен литературен тренд во Шпанија во средината на минатиот век. Преку внатрешниот дијалог на жена во криза – Кармен, нејзиниот протагонист –Делибес, открил најголем дел од постојаните политички и социјални тензии во тоа време во Шпанија. Не залудно неговото ремек дело Пет часа со Марио спаѓа во рамките на неговата листа на „сто најдобри романи на дваесеттиот век“.

The post Монодрамата „Кармен“ вечерва во Драмскиот театар во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Торонто експрес“ и „Срам“ вечерва на интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола https://republika.mk/vesti/kultura/toronto-ekspres-i-sram-vecherva-na-internatsionalniot-festival-na-monodramata-vo-bitola/ Mon, 15 May 2023 07:54:00 +0000 https://republika.mk/?p=640845

Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола продолжува со гостување на Македонскиот народен театар кој учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ.

„Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарот на МНТ, а овојпат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на големата сцена во Битола како и со превод на англиски јазик, соопштија од Македонскиот народен театар.

Според програмата, покрај монодрамата „Торотнто експрес“, во вечерениот термин ќе биде одиграна монодрамата „Срам“ во која автор, режисер и актер е Ангела Стојановска.

Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола е натпреварувачки и претставите ги оценува жири-комисија во која членуваат Нина Мазур, Николај Урумов и Сашко Коцев.

The post „Торонто експрес“ и „Срам“ вечерва на интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола продолжува со гостување на Македонскиот народен театар кој учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ. „Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарот на МНТ, а овојпат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на големата сцена во Битола како и со превод на англиски јазик, соопштија од Македонскиот народен театар. Според програмата, покрај монодрамата „Торотнто експрес“, во вечерениот термин ќе биде одиграна монодрамата „Срам“ во која автор, режисер и актер е Ангела Стојановска. Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола е натпреварувачки и претставите ги оценува жири-комисија во која членуваат Нина Мазур, Николај Урумов и Сашко Коцев.

The post „Торонто експрес“ и „Срам“ вечерва на интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола appeared first on Република.

]]>
„Торонто експрес“ учествува на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола https://republika.mk/vesti/kultura/toronto-ekspres-uchestvuva-na-24-internatsionalen-festival-na-monodramata-vo-bitola/ Fri, 12 May 2023 08:10:49 +0000 https://republika.mk/?p=640005

На 24. Интернационален театарски фестивал на монодрамата во Битола Македонскиот народен театар (МНТ) учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ, која ќе се одигра на 15 мај на големата сцена во Центарот за култура.

На фестивалската програма што почнува на 12 мај ќе учествуваат професионални актери од единаесет земји (Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Македонија), а ќе бидат изведени тринаесет монодрами од кои три од Македонија, а две ќе бидат надвор од програмата.

„Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарската програма на МНТ, а овој пат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на сцена, како и со титл на англиски јазик.

Како што известија од Фестивалот, жири комисијата оваа година ќе биде во состав: Нина Мазур (која на состанокот на УНЕСКО е изгласана за потпретседател на интернационалната монодрама), Николај Урумов (актер и режисер од Р Бугарија) и нашиот актер Сашко Коцев.

The post „Торонто експрес“ учествува на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола appeared first on Република.

]]>

На 24. Интернационален театарски фестивал на монодрамата во Битола Македонскиот народен театар (МНТ) учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ, која ќе се одигра на 15 мај на големата сцена во Центарот за култура. На фестивалската програма што почнува на 12 мај ќе учествуваат професионални актери од единаесет земји (Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Македонија), а ќе бидат изведени тринаесет монодрами од кои три од Македонија, а две ќе бидат надвор од програмата. „Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарската програма на МНТ, а овој пат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на сцена, како и со титл на англиски јазик. Како што известија од Фестивалот, жири комисијата оваа година ќе биде во состав: Нина Мазур (која на состанокот на УНЕСКО е изгласана за потпретседател на интернационалната монодрама), Николај Урумов (актер и режисер од Р Бугарија) и нашиот актер Сашко Коцев.

The post „Торонто експрес“ учествува на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Монодрамата е предизвик и искушение дури и за најдобрите актери https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-monodramata-e-predizvik-i-iskushenie-duri-i-za-najdobrite-akteri/ Sun, 15 May 2022 11:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=502507

„Градот на конзулите бил, е и ќе биде достоен домаќин на многубројни врвни културни настани, меѓу кои е и овој Интернационален фестивал на монодрамата“, порача вчера министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на отворањето на Фестивалот на монодрамата во Битола.

Во 7-те фестивалски денови на сцените на Центарот за култура и Битолскиот народен театар публиката ќе има можност да проследи монодрами со учесници од 11 земји.

Многу врвни актерски имиња не си дозволиле да стапнат на чувствителниот „терен“ на овој специфичен театарски жанр. Веројатно зашто на монодрамата е полесно да ѝ се даде дефиниција отколку да ја изведете и да го задржите вниманието на публиката – особено по овој период во кој доживеавме многу монодрами во пандемичниот живот на дистанца. Затоа да им подариме достојно внимание, бидејќи монодрамата е предизвик и искушение дури и за најдобрите актери, порача министерката за култура.

На крајот, министерката Костадиновска-Стојчевска на сите учесници на фестивалот им посака убави фестивалски денови исполнети со многу аплаузи.

23. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола кој годинава се одвива под мотото „Помеѓу“, свечено беше отворен со претставата „Само глас“ на Македонскиот народен театар.

 

The post Костадиновска-Стојчевска: Монодрамата е предизвик и искушение дури и за најдобрите актери appeared first on Република.

]]>

„Градот на конзулите бил, е и ќе биде достоен домаќин на многубројни врвни културни настани, меѓу кои е и овој Интернационален фестивал на монодрамата“, порача вчера министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на отворањето на Фестивалот на монодрамата во Битола. Во 7-те фестивалски денови на сцените на Центарот за култура и Битолскиот народен театар публиката ќе има можност да проследи монодрами со учесници од 11 земји.
Многу врвни актерски имиња не си дозволиле да стапнат на чувствителниот „терен“ на овој специфичен театарски жанр. Веројатно зашто на монодрамата е полесно да ѝ се даде дефиниција отколку да ја изведете и да го задржите вниманието на публиката – особено по овој период во кој доживеавме многу монодрами во пандемичниот живот на дистанца. Затоа да им подариме достојно внимание, бидејќи монодрамата е предизвик и искушение дури и за најдобрите актери, порача министерката за култура.
На крајот, министерката Костадиновска-Стојчевска на сите учесници на фестивалот им посака убави фестивалски денови исполнети со многу аплаузи. 23. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола кој годинава се одвива под мотото „Помеѓу“, свечено беше отворен со претставата „Само глас“ на Македонскиот народен театар.  

The post Костадиновска-Стојчевска: Монодрамата е предизвик и искушение дури и за најдобрите актери appeared first on Република.

]]>
Монодрамата „Драг Вардар“ во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/monodramata-drag-vardar-vo-mkc/ Fri, 29 Apr 2022 07:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=495058

Изведба на монодрамата на Емануела Ковачевска Китановска – „Драг Вардар“, ќе се одржи на 29 април, петок, со почеток во 20 часот.

Со почеток од 20 часот, а во времетраење од 20 монодрамата го обработува ликот на фантомот, кој е отелотворение на архето над времето и неговата конечност.

Низ мотивската подлога на монодрамата се провлекуваат силни романтичарски нишки и егзистенцијалистички примеси, кои избликнуваат од основата на човековата природа што тежнее кон вечноста, оградена од својата тленост, која е одземена од Фантомот, објаснуваат авторите.

Тие додаваат дека сценографската естетика на претставата е исцрпена од духот на дваесеттите години на минатиот век со што се истакнува амбиенталната уникатност на делото.

Дизајнот е на Лазар Лукиќ, а фотографијата е на Ана Андонова.

The post Монодрамата „Драг Вардар“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Изведба на монодрамата на Емануела Ковачевска Китановска – „Драг Вардар“, ќе се одржи на 29 април, петок, со почеток во 20 часот. Со почеток од 20 часот, а во времетраење од 20 монодрамата го обработува ликот на фантомот, кој е отелотворение на архето над времето и неговата конечност.
Низ мотивската подлога на монодрамата се провлекуваат силни романтичарски нишки и егзистенцијалистички примеси, кои избликнуваат од основата на човековата природа што тежнее кон вечноста, оградена од својата тленост, која е одземена од Фантомот, објаснуваат авторите.
Тие додаваат дека сценографската естетика на претставата е исцрпена од духот на дваесеттите години на минатиот век со што се истакнува амбиенталната уникатност на делото. Дизајнот е на Лазар Лукиќ, а фотографијата е на Ана Андонова.

The post Монодрамата „Драг Вардар“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>