Моника Аксинте Archives - Република https://republika.mk/tema/monika-aksinte/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 17:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Моника Аксинте Archives - Република https://republika.mk/tema/monika-aksinte/ 32 32 Гаши – Аксинте: Македонија и Романија негуваат добри меѓусебни односи, без отворени прашања https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-aksinte-severna-makedonija-i-romanija-neguvaat-dobri-megusebni-odnosi-bez-otvoreni-prashana/ Tue, 02 Jul 2024 17:29:08 +0000 https://republika.mk/?p=792859

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши денеска се сретна со амбасадорката на Романија, Моника Аксинте, со која заклучиле дека двете земји во континуитет градат добри меѓусебни односи, кои се очекува да се надградуваат и во следниот период.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши истакнал дека двете земји во годините наназад имаат многу заеднички точки. Тој посочил дека Македонија може да искористи многу искуства од Романија, со оглед на тоа што, како што рече, оваа држава го помина патот низ кој сега оди Македонија во остварување на своите стратешки цели.

Заблагодарувајќи се за поддршката од Романија, како за веќе стекнатото членство на земјава во НАТО, така и за процесот на интеграција во ЕУ, претседателот Гаши нагласил дека за земјите кои претендираат на полноправно членство во Унијата е уште поважно во процесот на интеграција да ги усвојат европските вредности кои значат економски развој, почитување на човековите права, владеење на правото...

Амбасадорката Аксинте оценила дека Македонија и Романија негуваат многу добри меѓусебни односи, без отворени прашања и дека соработката ќе продолжи во тој дух, како и поддршката за ЕУ-перспективите на земјава. Таа го поздравила и придонесот на нашата земја во рамки на НАТО, како и помошта за Украина наспроти руската агресија.

Соговорниците се согласиле дека нашата земја успешно го завршила билатералниот скрининг во ЕУ. Исто така, заклучиле дека двете држави добро соработуваат и на мултилатерален план, за што како пример ги посочија Меѓународната организација на франкофонијата и Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

The post Гаши – Аксинте: Македонија и Романија негуваат добри меѓусебни односи, без отворени прашања appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши денеска се сретна со амбасадорката на Романија, Моника Аксинте, со која заклучиле дека двете земји во континуитет градат добри меѓусебни односи, кои се очекува да се надградуваат и во следниот период. Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши истакнал дека двете земји во годините наназад имаат многу заеднички точки. Тој посочил дека Македонија може да искористи многу искуства од Романија, со оглед на тоа што, како што рече, оваа држава го помина патот низ кој сега оди Македонија во остварување на своите стратешки цели. Заблагодарувајќи се за поддршката од Романија, како за веќе стекнатото членство на земјава во НАТО, така и за процесот на интеграција во ЕУ, претседателот Гаши нагласил дека за земјите кои претендираат на полноправно членство во Унијата е уште поважно во процесот на интеграција да ги усвојат европските вредности кои значат економски развој, почитување на човековите права, владеење на правото... Амбасадорката Аксинте оценила дека Македонија и Романија негуваат многу добри меѓусебни односи, без отворени прашања и дека соработката ќе продолжи во тој дух, како и поддршката за ЕУ-перспективите на земјава. Таа го поздравила и придонесот на нашата земја во рамки на НАТО, како и помошта за Украина наспроти руската агресија. Соговорниците се согласиле дека нашата земја успешно го завршила билатералниот скрининг во ЕУ. Исто така, заклучиле дека двете држави добро соработуваат и на мултилатерален план, за што како пример ги посочија Меѓународната организација на франкофонијата и Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

The post Гаши – Аксинте: Македонија и Романија негуваат добри меѓусебни односи, без отворени прашања appeared first on Република.

]]>