молитва во собрание Archives - Република https://republika.mk/tema/molitva-vo-sobranie/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 16:28:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png молитва во собрание Archives - Република https://republika.mk/tema/molitva-vo-sobranie/ 32 32 „Вреди“: Гаши со молитвата во Собранието не го прекршил Уставот https://republika.mk/vesti/makedonija/vredi-gashi-so-molitvata-vo-sobranieto-ne-go-prekrshil-ustavot/ Sat, 13 Jul 2024 16:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=796458

Вчерашното одржување на молитва во Собранието од страна на претседателот на собранието и претставници на граѓанскиот сектор на седницата за одбележување на Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница беше протолкувано како кршење на Уставот и секуларноста на државата.

Од „Вреди“ се на став дека тоа не се случило на редовна седница на Собранието и дека од организаторот на настанот било објаснето дека само се користела просторијата на Собранието. Според Хисени со молитвата не бил прекршен Уставот и секуларноста на државата, наведувајќи дека секуларноста забранува директно наметнување на религијата во политиките на државата, а дека еден човечки гест не ја загрозува секуларноста на државата.

На прашањето дали тоа значи дека и во иднина ќе има вакви молитви во рамки на Собранието за други пригоди од Хисени со одговор:

„Ако се знае чинот на што се однесува молитвата не е никаква религиозна постапка редовна, туку е само индивидулано што се однесува на душата на тие починати. Молитвата се однесува, како што се однесува на другите настани, едноминутно молчење се почитуваат жртвите“, изјави Хисени.

За молитвата на Собраниската седница посветена на Меѓународниот ден на жртвите од Сребреница вчера реагираа сите парламентарни политички партии од македонскиот политички блок, вклучително и киоалицксиот партнер во владата на Вреди, ВМРО-ДПМНЕ. Сите се со ист став дека во Собранието не смеат да се организираат религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава.

Инаку, Членот 19 од Уставот на Македонија јасно ја гарантира слобода на вероисповеста и слободно и јавно изразување на верата, но истовремено определува дека Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата.

The post „Вреди“: Гаши со молитвата во Собранието не го прекршил Уставот appeared first on Република.

]]>

Вчерашното одржување на молитва во Собранието од страна на претседателот на собранието и претставници на граѓанскиот сектор на седницата за одбележување на Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница беше протолкувано како кршење на Уставот и секуларноста на државата. Од „Вреди“ се на став дека тоа не се случило на редовна седница на Собранието и дека од организаторот на настанот било објаснето дека само се користела просторијата на Собранието. Според Хисени со молитвата не бил прекршен Уставот и секуларноста на државата, наведувајќи дека секуларноста забранува директно наметнување на религијата во политиките на државата, а дека еден човечки гест не ја загрозува секуларноста на државата. На прашањето дали тоа значи дека и во иднина ќе има вакви молитви во рамки на Собранието за други пригоди од Хисени со одговор:
„Ако се знае чинот на што се однесува молитвата не е никаква религиозна постапка редовна, туку е само индивидулано што се однесува на душата на тие починати. Молитвата се однесува, како што се однесува на другите настани, едноминутно молчење се почитуваат жртвите“, изјави Хисени.
За молитвата на Собраниската седница посветена на Меѓународниот ден на жртвите од Сребреница вчера реагираа сите парламентарни политички партии од македонскиот политички блок, вклучително и киоалицксиот партнер во владата на Вреди, ВМРО-ДПМНЕ. Сите се со ист став дека во Собранието не смеат да се организираат религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Инаку, Членот 19 од Уставот на Македонија јасно ја гарантира слобода на вероисповеста и слободно и јавно изразување на верата, но истовремено определува дека Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата.

The post „Вреди“: Гаши со молитвата во Собранието не го прекршил Уставот appeared first on Република.

]]>