Молдавија Archives - Република https://republika.mk/tema/moldavija/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 07:38:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Молдавија Archives - Република https://republika.mk/tema/moldavija/ 32 32 Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од изборите одлучуваат кој ќе биде шеф на државата https://republika.mk/vesti/svet/glasachite-vo-moldavija-deneska-vo-vtoriot-krug-od-izborite-odluchuvaat-koj-ke-bide-shef-na-drzhavata/ Sun, 03 Nov 2024 07:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=833616

Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од претседателските избори ќе одлучуваат кој ќе биде претседател на државата.

Избирачките места во земјата се отворени во 7 часот утринава по локално време, а ќе се затворат во 21 часот.

ДПА ги претставува почетните позиции на двајцата претенденти – актуелната проевропска претседателка на земјата, Маја Санду и поранешниот главен обвинител Александар Стојаногло, поддржан од прорускиот електорат.

Педесет и двегодишната Санду не можеше да добие апсолутно мнозинство на гласањето на 20 октомври – ја поддржаа 42,45 отсто од гласачите. Сепак, ова е највисок резултат меѓу 11-те кандидати.

Нејзиниот ривал Стојаноглу, чија кандидатура беше предложена од проруската партија на социјалистите на Република Молдавија на поранешниот претседател Игор Додон, го зазеде второто место со 25,98 отсто.

И покрај значајната разлика помеѓу Санду и нејзиниот противник во првиот круг, исходот од денешниот втор круг не се смета за предодреден, наведува ДПА.

Молдавија, чија економија главно се потпира на земјоделството, има кандидатски статус за членство во Европската унија, како и Украина.

Иако Санду и денеска е фаворит, таа се најде на удар на критиките поради недостигот на економски и социјален напредок во земјата, со население од околу 2,5 милиони. Педесет и седумгодишниот Стојаногло ја застапува линијата на истовремен стремеж за влез во ЕУ и за одржување добри економски односи со Русија.

Безбедносните служби во Молдавија објавија дека откриле проруска шема за купување гласови пред првиот круг од изборите. По две гласања во октомври, безбедносните служби во Молдавија објавија дека откриле проруска шема за купување гласови пред првиот круг од изборите.

По две гласања во октомври, молдавските органи за спроведување на законот соопштија дека шемата за купување гласови била организирана од Илан Шор, протеран олигарх кој моментално живее во Русија и осуден во отсуство во 2023 година за измама и перење пари.

Обвинителите велат дека во периодот од септември до октомври на гласачите им биле исплатени 39 милиони долари. Повеќе од 130,000 од нив добиле пари преку руска банка под меѓународни санкции.

Шор негира дека сторил неправда.

Своето право на глас во денешниот втор круг можат да го искористат и стотици илјади Молдавци кои живеат во странство – главно во земјите на ЕУ – како и молдавските граѓани во отцепениот регион Придњестровје, контролиран од Русија. Придњестровје беше извор на тензии за време на војната во соседна Украина, особено затоа што таму се наоѓа воена база со 1,500 руски војници. Претседателот во Молдавија има значителни овластувања во области како што се надворешната политика и националната безбедност. 

 

The post Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од изборите одлучуваат кој ќе биде шеф на државата appeared first on Република.

]]>

Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од претседателските избори ќе одлучуваат кој ќе биде претседател на државата.

Избирачките места во земјата се отворени во 7 часот утринава по локално време, а ќе се затворат во 21 часот.

ДПА ги претставува почетните позиции на двајцата претенденти – актуелната проевропска претседателка на земјата, Маја Санду и поранешниот главен обвинител Александар Стојаногло, поддржан од прорускиот електорат.

Педесет и двегодишната Санду не можеше да добие апсолутно мнозинство на гласањето на 20 октомври – ја поддржаа 42,45 отсто од гласачите. Сепак, ова е највисок резултат меѓу 11-те кандидати.

Нејзиниот ривал Стојаноглу, чија кандидатура беше предложена од проруската партија на социјалистите на Република Молдавија на поранешниот претседател Игор Додон, го зазеде второто место со 25,98 отсто.

И покрај значајната разлика помеѓу Санду и нејзиниот противник во првиот круг, исходот од денешниот втор круг не се смета за предодреден, наведува ДПА.

Молдавија, чија економија главно се потпира на земјоделството, има кандидатски статус за членство во Европската унија, како и Украина.

Иако Санду и денеска е фаворит, таа се најде на удар на критиките поради недостигот на економски и социјален напредок во земјата, со население од околу 2,5 милиони. Педесет и седумгодишниот Стојаногло ја застапува линијата на истовремен стремеж за влез во ЕУ и за одржување добри економски односи со Русија.

Безбедносните служби во Молдавија објавија дека откриле проруска шема за купување гласови пред првиот круг од изборите. По две гласања во октомври, безбедносните служби во Молдавија објавија дека откриле проруска шема за купување гласови пред првиот круг од изборите.

По две гласања во октомври, молдавските органи за спроведување на законот соопштија дека шемата за купување гласови била организирана од Илан Шор, протеран олигарх кој моментално живее во Русија и осуден во отсуство во 2023 година за измама и перење пари.

Обвинителите велат дека во периодот од септември до октомври на гласачите им биле исплатени 39 милиони долари. Повеќе од 130,000 од нив добиле пари преку руска банка под меѓународни санкции.

Шор негира дека сторил неправда.

Своето право на глас во денешниот втор круг можат да го искористат и стотици илјади Молдавци кои живеат во странство – главно во земјите на ЕУ – како и молдавските граѓани во отцепениот регион Придњестровје, контролиран од Русија. Придњестровје беше извор на тензии за време на војната во соседна Украина, особено затоа што таму се наоѓа воена база со 1,500 руски војници. Претседателот во Молдавија има значителни овластувања во области како што се надворешната политика и националната безбедност. 

 

The post Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од изборите одлучуваат кој ќе биде шеф на државата appeared first on Република.

]]>
Moлдавците сепак тесно одлучија дека сакаат во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/molavtsite-sepak-tesno-odluchija-deka-sakaat-vo-eu/ Mon, 21 Oct 2024 07:57:27 +0000 https://republika.mk/?p=829276

Повеќе од половина од гласачите во Молдавија гласаа за евроинтеграции на референдумот за членство на земјата во Европската унија, покажуваат прелиминарните податоци на Централната изборна комисија по обработени 98,38 отсто од гласачките ливчиња.

49,93 отсто од граѓаните гласале против идејата Кишињев да влезе во ЕУ.

https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-i-kazha-ne-na-evropskata-unija-pristignuvaat-rezultatite-od-referendumot/

Според податоците на ЦИК, 732.780 гласачи гласале за членство на Молдавија во ЕУ, додека 730.664 гласале против.

Претходно, синоќа Централната изборна комисија соопшти дека граѓаните на Молдавија на референдумот не гласале за влез на републиката во ЕУ. По обработката на 30 отсто од гласачките ливчиња, 56 отсто биле „против“, додека 43 отсто гласале „за“.

Во рамките на референдумот беше потребно да се одговори на едно прашање: „Дали поддржувате измени на Уставот со цел членство на Република Молдавија во Европската Унија?“.

The post Moлдавците сепак тесно одлучија дека сакаат во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Повеќе од половина од гласачите во Молдавија гласаа за евроинтеграции на референдумот за членство на земјата во Европската унија, покажуваат прелиминарните податоци на Централната изборна комисија по обработени 98,38 отсто од гласачките ливчиња. 49,93 отсто од граѓаните гласале против идејата Кишињев да влезе во ЕУ. https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-i-kazha-ne-na-evropskata-unija-pristignuvaat-rezultatite-od-referendumot/ Според податоците на ЦИК, 732.780 гласачи гласале за членство на Молдавија во ЕУ, додека 730.664 гласале против. Претходно, синоќа Централната изборна комисија соопшти дека граѓаните на Молдавија на референдумот не гласале за влез на републиката во ЕУ. По обработката на 30 отсто од гласачките ливчиња, 56 отсто биле „против“, додека 43 отсто гласале „за“. Во рамките на референдумот беше потребно да се одговори на едно прашање: „Дали поддржувате измени на Уставот со цел членство на Република Молдавија во Европската Унија?“.

The post Moлдавците сепак тесно одлучија дека сакаат во ЕУ appeared first on Република.

]]>
И Молдавија како Македонија кажа „не“ за промена на Уставот на референдум, дали ЕУ ќе ја промени волјата на народот? https://republika.mk/vesti/svet/i-moldavija-kako-makedonija-kazha-ne-za-promena-na-ustavot-na-referendum-dali-eu-ke-promeni-voljata-na-narodot/ Mon, 21 Oct 2024 07:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=829251

Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ што се одржа во текот на вчерашниот ден „виси на конец“, при што процентот на гласовите „за“ и „не“ речиси е еднаков.

Во моментов 49,9 отсто од гласовите се за „да“, а 50,1 отсто од гласовите се за „не“, со преброени околу 97 отсто од гласовите. Тоа е резултат што малкумина го очекуваа, бидејќи неколку неодамнешни анкети сугерираа дека гласањето за влез во ЕУ сигурно ќе победи.

Актуелната проевропска претседателка Маја Санду претходно го осуди тесниот резултат како „производ на странско мешање во молдавската политика“.

Таа рече дека тоа е „напад без преседан врз демократијата“, мислејќи на широко распространетите наводи дека Русија им плаќала на луѓето да гласаат на одреден начин, што Москва го негира.

„Криминални групи, кои дејствуваат заедно со странски сили, непријателски настроени кон нашите национални интереси, ја нападнаа нашата земја со десетици милиони евра, лаги и пропаганда со цел да ја заробат во неизвесност и нестабилност“, рече Санду во Кишињев.

Санду, исто така, рече дека нејзината влада има „јасни докази“ дека биле купени 300.000 гласови, што таа го нарече „измама без преседан“.

„Ги чекаме конечните (изборни) резултати и ќе одговориме со силни одлуки“, изјави Санду. Кремљ ги отфрли обвинувањата за купување гласови.

Санду беше прва во првиот круг, но со многу помала разлика од очекуваното - 41отсто од гласовите - така што сега ќе се соочи со тежок втор круг на почетокот на ноември, каде што нејзините противници најверојатно ќе се обединат против неа.

Втор е Александар Стојаногло, кој е поддржан од проруската Социјалистичка партија, која освои речиси 30 проценти, повеќе од очекуваното. Ако другите кандидати го поддржат Стојаного пред вториот круг, Санду би можела да се изложи на реален ризик да не биде реизбрана.

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека гласањето мора да се продолжи во Москва и на две избирачки места во Романија и едно во Франција поради големиот број гласачи. До затворањето во 21 часот на гласачките места се јавиле 51 процент од гласачите и по тој основ референдумот е валиден.

Овие избори се клучни тестови за земјата, која се соочува со избор помеѓу продолжување на членството во ЕУ или одржување блиски врски со Русија.

Молдавија во моментов е во преговори со ЕУ за членство. Пристапните преговори ќе продолжат и покрај исходот од референдумот, бидејќи тој не беше правно обврзувачки.

The post И Молдавија како Македонија кажа „не“ за промена на Уставот на референдум, дали ЕУ ќе ја промени волјата на народот? appeared first on Република.

]]>

Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ што се одржа во текот на вчерашниот ден „виси на конец“, при што процентот на гласовите „за“ и „не“ речиси е еднаков. Во моментов 49,9 отсто од гласовите се за „да“, а 50,1 отсто од гласовите се за „не“, со преброени околу 97 отсто од гласовите. Тоа е резултат што малкумина го очекуваа, бидејќи неколку неодамнешни анкети сугерираа дека гласањето за влез во ЕУ сигурно ќе победи. Актуелната проевропска претседателка Маја Санду претходно го осуди тесниот резултат како „производ на странско мешање во молдавската политика“. Таа рече дека тоа е „напад без преседан врз демократијата“, мислејќи на широко распространетите наводи дека Русија им плаќала на луѓето да гласаат на одреден начин, што Москва го негира.
„Криминални групи, кои дејствуваат заедно со странски сили, непријателски настроени кон нашите национални интереси, ја нападнаа нашата земја со десетици милиони евра, лаги и пропаганда со цел да ја заробат во неизвесност и нестабилност“, рече Санду во Кишињев.
Санду, исто така, рече дека нејзината влада има „јасни докази“ дека биле купени 300.000 гласови, што таа го нарече „измама без преседан“.
„Ги чекаме конечните (изборни) резултати и ќе одговориме со силни одлуки“, изјави Санду. Кремљ ги отфрли обвинувањата за купување гласови.
Санду беше прва во првиот круг, но со многу помала разлика од очекуваното - 41отсто од гласовите - така што сега ќе се соочи со тежок втор круг на почетокот на ноември, каде што нејзините противници најверојатно ќе се обединат против неа. Втор е Александар Стојаногло, кој е поддржан од проруската Социјалистичка партија, која освои речиси 30 проценти, повеќе од очекуваното. Ако другите кандидати го поддржат Стојаного пред вториот круг, Санду би можела да се изложи на реален ризик да не биде реизбрана. Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека гласањето мора да се продолжи во Москва и на две избирачки места во Романија и едно во Франција поради големиот број гласачи. До затворањето во 21 часот на гласачките места се јавиле 51 процент од гласачите и по тој основ референдумот е валиден. Овие избори се клучни тестови за земјата, која се соочува со избор помеѓу продолжување на членството во ЕУ или одржување блиски врски со Русија. Молдавија во моментов е во преговори со ЕУ за членство. Пристапните преговори ќе продолжат и покрај исходот од референдумот, бидејќи тој не беше правно обврзувачки.

The post И Молдавија како Македонија кажа „не“ за промена на Уставот на референдум, дали ЕУ ќе ја промени волјата на народот? appeared first on Република.

]]>
Молдавија и кажа „не“ на Европската Унија: Пристигнуваат резултатите од референдумот https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-i-kazha-ne-na-evropskata-unija-pristignuvaat-rezultatite-od-referendumot/ Sun, 20 Oct 2024 22:16:28 +0000 https://republika.mk/?p=829232

Во Молдавија оваа недела се одржаа претседателски избори и референдум за продолжување на приближувањето кон ЕУ. Се чини дека Молдавците рекоа „не“ на Европската Унија и го отфрлија планот поранешната советска република да ја додаде целта за пристапување во ЕУа во нејзиниот устав. Изборната комисија соопшти дека 56 отсто од гласачите рекле „не“ на предлогот по делумното пребројување, додека 44 отсто рекле „да“, објави Ројтерс.

Во исто време, првите податоци на молдавската изборна комисија (по пребројани 34 отсто од гласачките ливчиња) покажуваат дека актуелната претседателка Маја Санду е во водство со 35 отсто од освоените гласови. Сепак, блиску е опозицискиот кандидат Александр Столијаногло со 29 отсто од гласовите.

Главно земјоделска земја со околу 2,5 милиони жители, Молдавија се обиде да ги прекине врските со Русија и да се приближи до ЕУ по стартот на војната во Украина во 2022 година. Поранешната советска република ги почна преговорите за членство во ЕУ во јуни.

Пред референдумот, анкетите покажаа дека околу 55 отсто од Молдавците би го поддржале потегот, додека 34 отсто биле против.

Сепак, за да биде валиден резултатот, во гласањето треба да учествува најмалку 33 отсто од гласачкото тело.

The post Молдавија и кажа „не“ на Европската Унија: Пристигнуваат резултатите од референдумот appeared first on Република.

]]>

Во Молдавија оваа недела се одржаа претседателски избори и референдум за продолжување на приближувањето кон ЕУ. Се чини дека Молдавците рекоа „не“ на Европската Унија и го отфрлија планот поранешната советска република да ја додаде целта за пристапување во ЕУа во нејзиниот устав. Изборната комисија соопшти дека 56 отсто од гласачите рекле „не“ на предлогот по делумното пребројување, додека 44 отсто рекле „да“, објави Ројтерс. Во исто време, првите податоци на молдавската изборна комисија (по пребројани 34 отсто од гласачките ливчиња) покажуваат дека актуелната претседателка Маја Санду е во водство со 35 отсто од освоените гласови. Сепак, блиску е опозицискиот кандидат Александр Столијаногло со 29 отсто од гласовите. Главно земјоделска земја со околу 2,5 милиони жители, Молдавија се обиде да ги прекине врските со Русија и да се приближи до ЕУ по стартот на војната во Украина во 2022 година. Поранешната советска република ги почна преговорите за членство во ЕУ во јуни. Пред референдумот, анкетите покажаа дека околу 55 отсто од Молдавците би го поддржале потегот, додека 34 отсто биле против. Сепак, за да биде валиден резултатот, во гласањето треба да учествува најмалку 33 отсто од гласачкото тело.

The post Молдавија и кажа „не“ на Европската Унија: Пристигнуваат резултатите од референдумот appeared first on Република.

]]>
Молдавија утре гласа – претседателски избори и референдум за членство во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-utre-glasa-pretsedatelski-izbori-i-referendum-za-chlenstvo-vo-eu/ Sat, 19 Oct 2024 18:47:03 +0000 https://republika.mk/?p=828933

Граѓаните на Молдавија утре ќе излезат на гласање за претседателските избори, и за референдумот за членство во ЕУ, кој ќе покаже дали земјата во Југоисточна Европа со три милиони жители ќе избере иднина со Русија или на Запад, пишува Гардијан.

Прозападната претседателка Маја Санду очекува да добие втор мандат и да обезбеди глас „за“ на референдумот, со цел да го потврди пристапот на Молдавија во ЕУ како „неповратна“ цел во Уставот.

Од распадот на Советскиот Сојуз, Молдавија гравитира меѓу прозападните и проруските влијанија, но за време на мандатот на Санду, таа го забрза притисокот да се оддалечи од Москва, среде нејзината војна во соседна Украина.

Анкетите сугерираат дека Санду ќе победи во првиот круг и укажуваат на тоа дека до 65 отсто од Молдавците го поддржуваат пристапувањето во ЕУ, иако актуелниот претседател би можел да се соочи со потежок пат доколку има втор круг, објави Гардијан.

Санду и нејзините сојузници тврдат дека на исходот од изборите би можело да влијае големата кампања за купување гласови и дезинформации оркестрирани од Русија и нејзините полномошници, а особено тие го обвинија бегалецот проруски бизнисмен Илан Шор, гласен противник на членството во ЕУ. , на водење на дестабилизирачка кампања од Москва.

Доколку ниту еден од 11-те кандидати не освои повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори на 20 октомври, вториот круг ќе се одржи на 3 ноември.

Молдавците ќе гласаат „за“ или „не“ на референдумот за вклучување на членството во ЕУ како стратешка цел во Уставот на земјата.

The post Молдавија утре гласа – претседателски избори и референдум за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Молдавија утре ќе излезат на гласање за претседателските избори, и за референдумот за членство во ЕУ, кој ќе покаже дали земјата во Југоисточна Европа со три милиони жители ќе избере иднина со Русија или на Запад, пишува Гардијан. Прозападната претседателка Маја Санду очекува да добие втор мандат и да обезбеди глас „за“ на референдумот, со цел да го потврди пристапот на Молдавија во ЕУ како „неповратна“ цел во Уставот. Од распадот на Советскиот Сојуз, Молдавија гравитира меѓу прозападните и проруските влијанија, но за време на мандатот на Санду, таа го забрза притисокот да се оддалечи од Москва, среде нејзината војна во соседна Украина.
Анкетите сугерираат дека Санду ќе победи во првиот круг и укажуваат на тоа дека до 65 отсто од Молдавците го поддржуваат пристапувањето во ЕУ, иако актуелниот претседател би можел да се соочи со потежок пат доколку има втор круг, објави Гардијан.
Санду и нејзините сојузници тврдат дека на исходот од изборите би можело да влијае големата кампања за купување гласови и дезинформации оркестрирани од Русија и нејзините полномошници, а особено тие го обвинија бегалецот проруски бизнисмен Илан Шор, гласен противник на членството во ЕУ. , на водење на дестабилизирачка кампања од Москва. Доколку ниту еден од 11-те кандидати не освои повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори на 20 октомври, вториот круг ќе се одржи на 3 ноември. Молдавците ќе гласаат „за“ или „не“ на референдумот за вклучување на членството во ЕУ како стратешка цел во Уставот на земјата.

The post Молдавија утре гласа – претседателски избори и референдум за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Маскирани лица вршат масовни рации во канцелариите и домовите на опозициски политичари во Молдавија https://republika.mk/vesti/svet/maskirani-litsa-vrshat-masovni-ratsii-vo-kantselariite-i-domovite-na-opozitsiski-politichari-vo-moldavija/ Thu, 17 Oct 2024 17:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=828165

Низ Молдавија се вршат масовни претреси на куќи на активисти од блокот „Победа“, јавуваат локалните медиуми. Според нив, причините не се официјално соопштени.

Опозицискиот политичар, Алексеј Лунгу објави фотографија од безбедносните сили како влегуваат во просториите на опозиските партии.

Службениците на антикорупцискиот центар облечени во маски, вооружени со автомати упаднаа во канцеларијата на блокот „Победа“ во Балти. Претреси се вршени не само во канцелариите, туку и во домовите на вработените. Остануваат само уште неколку дена до изборите. ПАС се обидува да не изолира: блокираат страници на социјалните мрежи, не влечат по судовите“, напиша тој.

На 20 октомври во земјата ќе се одржат претседателски избори и референдум за влез во Европската Унија.

Истовремено, пратеникот од опозицијата, Александар Суходолски, соопшти дека молдавските безбедносни сили спроведуваат рации во автономниот регион Гагаузија во домовите на оние чии деца заминале да студираат во Русија.

Полицискиот режим на Маја Санду сега влева страв кај обичните граѓани кои немаат врска со политика... Низ цела Гагаузија, родителите се во паника - режимот сака да ги прогласи нивните деца, кои се трудат да учат и да се развиваат, да бидат агенти на Кремљ.

 

Обидувајќи се да им служи на своите западни господари, Санду го изгубила разумот. Да се ​​сомневаме дека децата работат за Москва е надвор од разум. Зошто таа нема слични поплаки за оние кои одат на програми за размена во САД, Романија и други земји од ЕУ?“, напиша тој на каналот Телеграм.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/

 

The post Маскирани лица вршат масовни рации во канцелариите и домовите на опозициски политичари во Молдавија appeared first on Република.

]]>

Низ Молдавија се вршат масовни претреси на куќи на активисти од блокот „Победа“, јавуваат локалните медиуми. Според нив, причините не се официјално соопштени. Опозицискиот политичар, Алексеј Лунгу објави фотографија од безбедносните сили како влегуваат во просториите на опозиските партии.
Службениците на антикорупцискиот центар облечени во маски, вооружени со автомати упаднаа во канцеларијата на блокот „Победа“ во Балти. Претреси се вршени не само во канцелариите, туку и во домовите на вработените. Остануваат само уште неколку дена до изборите. ПАС се обидува да не изолира: блокираат страници на социјалните мрежи, не влечат по судовите“, напиша тој.
На 20 октомври во земјата ќе се одржат претседателски избори и референдум за влез во Европската Унија. Истовремено, пратеникот од опозицијата, Александар Суходолски, соопшти дека молдавските безбедносни сили спроведуваат рации во автономниот регион Гагаузија во домовите на оние чии деца заминале да студираат во Русија.
Полицискиот режим на Маја Санду сега влева страв кај обичните граѓани кои немаат врска со политика... Низ цела Гагаузија, родителите се во паника - режимот сака да ги прогласи нивните деца, кои се трудат да учат и да се развиваат, да бидат агенти на Кремљ.   Обидувајќи се да им служи на своите западни господари, Санду го изгубила разумот. Да се ​​сомневаме дека децата работат за Москва е надвор од разум. Зошто таа нема слични поплаки за оние кои одат на програми за размена во САД, Романија и други земји од ЕУ?“, напиша тој на каналот Телеграм.
https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/  

The post Маскирани лица вршат масовни рации во канцелариите и домовите на опозициски политичари во Молдавија appeared first on Република.

]]>
Што е Транснистрија каде што загина молдавски војник https://republika.mk/vesti/svet/shto-e-transnistrija-kade-shto-zagina-moldavski-vojnik/ Fri, 13 Sep 2024 07:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=815849

Војник од Молдавија, кој служел на границата со сепаратистичкиот регион Транснистрија, бил убиен вчера во неразјаснети околности во редок инцидент повеќе од 30 години по војната меѓу двете страни.

Во соопштението од Министерството за одбрана се наведува дека војникот бил „смртно ранет како последица од истрел од оружје што го поседувал додека вршел должност на својата позиција“. Се наведува дека полицијата и форензичарите го истражуваат инцидентот.

Војниците од Молдавија и од сепаратистичката Транснистрија се стационирани на линијата што ги раздвојува двете страни, заедно со руските „мировници“ кои беа присутни по краткиот конфликт во 1992 година по распадот на советската власт.

Молдавија вети дека повторно ќе ја вклучи Транснистрија на нејзина територија, а инцидентите долж линијата се исклучително ретки. Последниот смртен случај на војник датира од 2022 година.

https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/

The post Што е Транснистрија каде што загина молдавски војник appeared first on Република.

]]>

Војник од Молдавија, кој служел на границата со сепаратистичкиот регион Транснистрија, бил убиен вчера во неразјаснети околности во редок инцидент повеќе од 30 години по војната меѓу двете страни. Во соопштението од Министерството за одбрана се наведува дека војникот бил „смртно ранет како последица од истрел од оружје што го поседувал додека вршел должност на својата позиција“. Се наведува дека полицијата и форензичарите го истражуваат инцидентот. Војниците од Молдавија и од сепаратистичката Транснистрија се стационирани на линијата што ги раздвојува двете страни, заедно со руските „мировници“ кои беа присутни по краткиот конфликт во 1992 година по распадот на советската власт. Молдавија вети дека повторно ќе ја вклучи Транснистрија на нејзина територија, а инцидентите долж линијата се исклучително ретки. Последниот смртен случај на војник датира од 2022 година. https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/

The post Што е Транснистрија каде што загина молдавски војник appeared first on Република.

]]>
Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија „за да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“ https://republika.mk/vesti/svet/romanija-saka-da-go-kupi-edinstvenoto-pristanishte-na-moldavija-za-da-stane-vazhen-tsentar-vo-protsesot-na-obnova-na-ukraina/ Tue, 03 Sep 2024 14:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=810945

Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија, што се наоѓа во Црното Море.

Станува збор за купување на меѓународниот дел на пристаништето Ѓурѓулешти на брегот на Дунав.

Интерес за купување изрази романскиот премиер Марсел Чолаку, кој се занимава и со купување на енергетски компании во Молдавија.

Пристаништето Ѓурѓулешти има терминал за нафта, два терминали за жито, терминал за други товари и деловен парк. Не е наведена сумата за која Романија е подготвена да го купи пристаништето.

Уште во септември 2023 година, Чолаку ги објави плановите на земјата да го купи молдавското пристаниште, бидејќи Романија „треба да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“.

The post Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија „за да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“ appeared first on Република.

]]>

Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија, што се наоѓа во Црното Море. Станува збор за купување на меѓународниот дел на пристаништето Ѓурѓулешти на брегот на Дунав. Интерес за купување изрази романскиот премиер Марсел Чолаку, кој се занимава и со купување на енергетски компании во Молдавија. Пристаништето Ѓурѓулешти има терминал за нафта, два терминали за жито, терминал за други товари и деловен парк. Не е наведена сумата за која Романија е подготвена да го купи пристаништето. Уште во септември 2023 година, Чолаку ги објави плановите на земјата да го купи молдавското пристаниште, бидејќи Романија „треба да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“.

The post Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија „за да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“ appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен им честиташе на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-im-chestitashe-na-moldavija-i-ukraina-za-pochetokot-na-pristapnite-pregovori/ Tue, 25 Jun 2024 10:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=790620

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска соопшти дека Европската унија официјално ги започна пристапните преговори со Украина и Молдавија.

„Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори. Ова е многу добра вест за народот на Украина, Молдавија и целата Европска унија. Патот пред нас ќе биде тежок, но полн со можности“, рече таа на платформата X. Минатата недела земјите-членки на ЕУ ги одобрија преговарачките рамки за пристапување на Украина и Молдавија во блокот.

Постојаните претставници на ЕУ на 14 јуни постигнаа начелен договор за рамката за пристапните преговори меѓу Украина и Молдавија, пренесува Танјуг.

Претходно Европската комисија објави дека Украина и Молдавија ги исполнуваат сите критериуми потребни за формален почеток на преговорите за членство во ЕУ.

The post Фон дер Лајен им честиташе на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска соопшти дека Европската унија официјално ги започна пристапните преговори со Украина и Молдавија.
„Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори. Ова е многу добра вест за народот на Украина, Молдавија и целата Европска унија. Патот пред нас ќе биде тежок, но полн со можности“, рече таа на платформата X. Минатата недела земјите-членки на ЕУ ги одобрија преговарачките рамки за пристапување на Украина и Молдавија во блокот.
Постојаните претставници на ЕУ на 14 јуни постигнаа начелен договор за рамката за пристапните преговори меѓу Украина и Молдавија, пренесува Танјуг. Претходно Европската комисија објави дека Украина и Молдавија ги исполнуваат сите критериуми потребни за формален почеток на преговорите за членство во ЕУ.

The post Фон дер Лајен им честиташе на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори appeared first on Република.

]]>
ЕУ ги започнува преговорите за членство со Украина и Молдавија https://republika.mk/vesti/svet/eu-gi-zapochnuva-pregovorite-za-chlenstvo-so-ukraina-i-moldavija/ Tue, 25 Jun 2024 05:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=790471

Европската унија денеска официјално ги започнува пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Овој значаен потег е особено насочен кон испраќање гласање за доверба во иднината на Украина, бидејќи Москва има замав на бојното поле речиси две и пол години од инвазијата на Кремљ.

Ова се навистина историски моменти. Украина е и секогаш ќе биде дел од обединета Европа. Милиони Украинци, и навистина генерации наш народ, го остваруваат својот европски сон, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски кога 27-те земји на ЕУ минатата недела потпишаа за почеток на разговорите.

Украина -- проследена со нејзиниот сосед Молдавија -- ги поднесе своите кандидатури за пристап во ЕУ веднаш по нападот од Русија во февруари 2022 година.

Почетокот на разговорите во Луксембург сè уште го означува само почетокот на долготрајниот процес на реформи исполнет со политички пречки што веројатно ќе потрае многу години.

Застанувањето на патот на тоа патување нема да бидат само напорите на Русија за дестабилизација, туку и воздржаноста од сомнителните внатре во ЕУ, особено Унгарија, јавија француски медиуми.

Досега, сепак, Украина -- претставена на разговорите од вицепремиерката Олга Стефанишина -- доби пофалби за отпочнувањето на низа реформи за спречување на митото и политичкото мешање, дури и додека беснее војна.

Голема заслуга за украинската влада е што постигна толку брз напредок во време на војна кон пристапувањето. И мислам дека тоа одразува ниво на компетентност и вистинска посветеност во име на украинската влада за пристапување во Европската унија, рече вчера министерот за надворешни работи на Ирска, Мајкл Мартин.

Војната на Русија во Украина повторно го поттикна притисокот во ЕУ да прими нови членки.

ЕУ во декември 2023 година, исто така, додели кандидатски статус за Груција.
Таа, исто така, ги одобри пристапните преговори со Босна и има разговори во тек со Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија.

Состаноците со Украина и Молдавија денеска ќе започнат процес на проверка на тоа колку законите во земјите веќе се усогласени со стандардите на ЕУ и колку повеќе работа претстои.

Откако тоа ќе се направи, ЕУ треба да започне со поставување услови за преговори за 35 теми, од оданочување до политика за животната средина.

Се чини малку веројатно дека ќе има напредок кон следниот чекор во наредните шест месеци, кога Унгарија, најпријателската земја за Русија во блокот, ќе претседава со ЕУ.

Почетокот на разговорите силно одекнува во Украина бидејќи тоа беше желбата за поблиски врски со ЕУ што предизвика протести уште во 2014 година, кои на крајот прераснаа во целосна криза со Русија.

Разговорите доаѓаат во тензично време во Молдавија, откако САД, Велика Британија и Канада предупредија на руски „заговор“ да влијае на претседателските избори во земјата во октомври.

Заглавени меѓу Украина разурната од војна и членката на ЕУ Романија, прозападните власти на Молдавија често го обвинуваат Кремљ за мешање во нејзините внатрешни работи.

Претседателката Маја Санду ја обвини Москва, која има војници стационирани во отцепен регион на земјата, дека има за цел да ја дестабилизира Молдавија пред гласањето.

The post ЕУ ги започнува преговорите за членство со Украина и Молдавија appeared first on Република.

]]>

Европската унија денеска официјално ги започнува пристапните преговори со Украина и Молдавија. Овој значаен потег е особено насочен кон испраќање гласање за доверба во иднината на Украина, бидејќи Москва има замав на бојното поле речиси две и пол години од инвазијата на Кремљ.
Ова се навистина историски моменти. Украина е и секогаш ќе биде дел од обединета Европа. Милиони Украинци, и навистина генерации наш народ, го остваруваат својот европски сон, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски кога 27-те земји на ЕУ минатата недела потпишаа за почеток на разговорите.
Украина -- проследена со нејзиниот сосед Молдавија -- ги поднесе своите кандидатури за пристап во ЕУ веднаш по нападот од Русија во февруари 2022 година. Почетокот на разговорите во Луксембург сè уште го означува само почетокот на долготрајниот процес на реформи исполнет со политички пречки што веројатно ќе потрае многу години. Застанувањето на патот на тоа патување нема да бидат само напорите на Русија за дестабилизација, туку и воздржаноста од сомнителните внатре во ЕУ, особено Унгарија, јавија француски медиуми. Досега, сепак, Украина -- претставена на разговорите од вицепремиерката Олга Стефанишина -- доби пофалби за отпочнувањето на низа реформи за спречување на митото и политичкото мешање, дури и додека беснее војна.
Голема заслуга за украинската влада е што постигна толку брз напредок во време на војна кон пристапувањето. И мислам дека тоа одразува ниво на компетентност и вистинска посветеност во име на украинската влада за пристапување во Европската унија, рече вчера министерот за надворешни работи на Ирска, Мајкл Мартин.
Војната на Русија во Украина повторно го поттикна притисокот во ЕУ да прими нови членки. ЕУ во декември 2023 година, исто така, додели кандидатски статус за Груција. Таа, исто така, ги одобри пристапните преговори со Босна и има разговори во тек со Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. Состаноците со Украина и Молдавија денеска ќе започнат процес на проверка на тоа колку законите во земјите веќе се усогласени со стандардите на ЕУ и колку повеќе работа претстои. Откако тоа ќе се направи, ЕУ треба да започне со поставување услови за преговори за 35 теми, од оданочување до политика за животната средина. Се чини малку веројатно дека ќе има напредок кон следниот чекор во наредните шест месеци, кога Унгарија, најпријателската земја за Русија во блокот, ќе претседава со ЕУ. Почетокот на разговорите силно одекнува во Украина бидејќи тоа беше желбата за поблиски врски со ЕУ што предизвика протести уште во 2014 година, кои на крајот прераснаа во целосна криза со Русија. Разговорите доаѓаат во тензично време во Молдавија, откако САД, Велика Британија и Канада предупредија на руски „заговор“ да влијае на претседателските избори во земјата во октомври. Заглавени меѓу Украина разурната од војна и членката на ЕУ Романија, прозападните власти на Молдавија често го обвинуваат Кремљ за мешање во нејзините внатрешни работи. Претседателката Маја Санду ја обвини Москва, која има војници стационирани во отцепен регион на земјата, дека има за цел да ја дестабилизира Молдавија пред гласањето.

The post ЕУ ги започнува преговорите за членство со Украина и Молдавија appeared first on Република.

]]>
И официјално: Украина и Молдавија почнуваат преговори за членство во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/i-ofitsijalno-ukraina-i-moldavija-pochnuvaat-pregovori-za-chlenstvo-vo-eu/ Fri, 21 Jun 2024 12:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=789546

ваесет и седумте земји на ЕУ потврдија дека пристапните преговори со Украина и Молдавија ќе започнат во вторник, соопшти белгиското претседателство со ЕУ .

На состанокот во Луксембург, министрите за финансии на ЕУ формално усвоија преговарачка рамка со двете земји кандидати, потврдувајќи го начелниот договор постигнат од нивните претставници минатата недела.

Тој договор овозможува преговорите официјално да започнат во вторник во Луксембург, според истиот извор.

The post И официјално: Украина и Молдавија почнуваат преговори за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

ваесет и седумте земји на ЕУ потврдија дека пристапните преговори со Украина и Молдавија ќе започнат во вторник, соопшти белгиското претседателство со ЕУ . На состанокот во Луксембург, министрите за финансии на ЕУ формално усвоија преговарачка рамка со двете земји кандидати, потврдувајќи го начелниот договор постигнат од нивните претставници минатата недела. Тој договор овозможува преговорите официјално да започнат во вторник во Луксембург, според истиот извор.

The post И официјално: Украина и Молдавија почнуваат преговори за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Украина и Молдавија ги почнуваат пристапните преговори со ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-i-moldavija-gi-pochnuvaat-pristapnite-pregovori-so-eu/ Sat, 15 Jun 2024 09:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=787786

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија постигнаа „начелен договор“ за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија за членство во Унијата, соопшти белгиското претседателство со Советот на ЕУ.

Како што соопшти Белгија, „амбасадорите дале начелна согласност за преговарачките рамки“, а претседателството ќе ги свика првите меѓувладини конференции за 25 јуни.

Оваа одлука мора да биде официјално потврдена на министерскиот состанок на 21 јуни.

 

The post Украина и Молдавија ги почнуваат пристапните преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија постигнаа „начелен договор“ за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија за членство во Унијата, соопшти белгиското претседателство со Советот на ЕУ. Како што соопшти Белгија, „амбасадорите дале начелна согласност за преговарачките рамки“, а претседателството ќе ги свика првите меѓувладини конференции за 25 јуни. Оваа одлука мора да биде официјално потврдена на министерскиот состанок на 21 јуни.  

The post Украина и Молдавија ги почнуваат пристапните преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Украина и Молдавија ги исполниле условите, ќе почнат преговори со ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-i-moldavija-gi-ispolnile-uslovite-ke-pochnat-pregovori-so-eu/ Fri, 07 Jun 2024 11:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=785515

Европската комисија донесе одлука да ги извести земјите членки на ЕУ дека Украина и Молдавија ги презедоа сите неопходни чекори за отпочнување на преговорите за членство во Унијата, информира денеска портпаролката на ЕК за проширување и соседска политика, Ана Писонеро.

Таа додаде дека прашањето за започнување на преговарачкиот процес со Украина и Молдавија е на денешниот дневен ред на заседанието на Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер), потенцирајќи дека конечната одлука за отпочнување на преговорите со двете земји треба да ја донесат членките на Унијата.

- Тие треба да ги усвојат преговарачките рамки, што е предуслов претседателството на Советот да свика меѓувладини конференции со што ќе се означи почетокот на преговорите, рече Писонеро.

Таа посочи дека Украина постигнала значителен напредок во борбата против корупција, усогласување со регулативите на ЕУ за ограничување на моќта и влијанието на олигарсите, како и за заштита на правата на малцинствата.

Молдавија, пак, според Писонеро, остварила значителен напредок во ветингот на судскиот систем, независноста на јавното обвинителство, борбата против корупцијата и законодавството за финансиските текови.

- Сега останува на земјите членки да дискутираат и да донесат одлука за следните чекори, додаде Писонеро.

The post Украина и Молдавија ги исполниле условите, ќе почнат преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија донесе одлука да ги извести земјите членки на ЕУ дека Украина и Молдавија ги презедоа сите неопходни чекори за отпочнување на преговорите за членство во Унијата, информира денеска портпаролката на ЕК за проширување и соседска политика, Ана Писонеро. Таа додаде дека прашањето за започнување на преговарачкиот процес со Украина и Молдавија е на денешниот дневен ред на заседанието на Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер), потенцирајќи дека конечната одлука за отпочнување на преговорите со двете земји треба да ја донесат членките на Унијата. - Тие треба да ги усвојат преговарачките рамки, што е предуслов претседателството на Советот да свика меѓувладини конференции со што ќе се означи почетокот на преговорите, рече Писонеро. Таа посочи дека Украина постигнала значителен напредок во борбата против корупција, усогласување со регулативите на ЕУ за ограничување на моќта и влијанието на олигарсите, како и за заштита на правата на малцинствата. Молдавија, пак, според Писонеро, остварила значителен напредок во ветингот на судскиот систем, независноста на јавното обвинителство, борбата против корупцијата и законодавството за финансиските текови. - Сега останува на земјите членки да дискутираат и да донесат одлука за следните чекори, додаде Писонеро.

The post Украина и Молдавија ги исполниле условите, ќе почнат преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Романија: Молдавците и молдавскиот јазик не постојат https://republika.mk/vesti/svet/premierot-na-romanija-moldavtsite-i-moldavskiot-jazik-ne-postojat/ Thu, 16 May 2024 15:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=778714

Премиерот на Романија, Марсел Чолаку, за време на телевизиска дебата на каналот „Диги24“ изјави дека „Молдавците и молдавскиот јазик не постојат“.

Романија ќе ја поддржи Молдавија на нејзиниот пат на интеграција, бидејќи таму сите се Романци и ништо друго. Нема Молдавци, нема молдавски јазик - ова е романски јазик и ова се Романци“, изјави Чолаку.

Претходно прее месец и половина, романскиот премиер исто така изјави дека во Молдавија живеат само Романци и дека тој лично ја поддржува идејата за обединување на двете држави.

https://republika.mk/vesti/svet/nivnoto-postoene-e-istoriska-greshka-romanskiot-premier-poddrzhuva-pripojuvane-na-moldavija/

По првото соопштение, молдавската парламентарна опозиција побара во собранието да го сослуша министерот за надворешни работи Михаи Попсој во врска со антимолдавските изјави на романскиот премиер, но владејачката партија „Акција и солидарност“ одби.

The post Премиерот на Романија: Молдавците и молдавскиот јазик не постојат appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Романија, Марсел Чолаку, за време на телевизиска дебата на каналот „Диги24“ изјави дека „Молдавците и молдавскиот јазик не постојат“.
Романија ќе ја поддржи Молдавија на нејзиниот пат на интеграција, бидејќи таму сите се Романци и ништо друго. Нема Молдавци, нема молдавски јазик - ова е романски јазик и ова се Романци“, изјави Чолаку.
Претходно прее месец и половина, романскиот премиер исто така изјави дека во Молдавија живеат само Романци и дека тој лично ја поддржува идејата за обединување на двете држави. https://republika.mk/vesti/svet/nivnoto-postoene-e-istoriska-greshka-romanskiot-premier-poddrzhuva-pripojuvane-na-moldavija/ По првото соопштение, молдавската парламентарна опозиција побара во собранието да го сослуша министерот за надворешни работи Михаи Попсој во врска со антимолдавските изјави на романскиот премиер, но владејачката партија „Акција и солидарност“ одби.

The post Премиерот на Романија: Молдавците и молдавскиот јазик не постојат appeared first on Република.

]]>
Власта ќе ја учи Молдавија на евроинтеграции https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ke-ja-uchi-moldavija-na-evrointegratsii/ Fri, 26 Apr 2024 12:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=771430

 Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности и определбата за што побрз влез во Европската унија, и на тој пат соработката и споделувањето на искуствата и практиките се од особена важност истакнаа молдавската вицепремиерка за европски прашања Кристина Герасимов и нејзиниот домаќин и колега Бојан Маричиќ на заедничката прс-конференцијата во медија центарот на Владата.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека заедничата цел на двете земји е дополнителен поттик за зацврстување на сојузништвото помеѓу двете земји.

-Со оглед на тоа дека земјата се наоѓа во фаза која ние ја поминавме, а тоа е скринингот, на вицепремиерката и пренесов дека Македонија ќе го стави на располагање целото знаење и искуство  на нашите колеги во процесот на скринингот. Тоа е израз на една европска пријателска слидарност и поддршка и пријателство како европски вредности. Двете држави сериозно претендираме за членство при првото наредно рпоширување на ЕУ, тоа проширување добива на значење и во забрзување  заради геостратешките и безбеднсоните аспекти, подвлече Маричиќ.

Додаде дека споделувањето на искуството во изодувањето на патот кон ЕУ е од големо значење.

Вицепремиерката Герасимов рече дека денешната посета е основа за започнување на многу продуктивен дијалог и за разменување на ставови и пракси.

-Мило ми е што имавме можност денеска да го започнеме она што ќе биде основа за многу продуктивен дијалог за Моладивија и Македонија за европските работи онака како што се движиме кон достигнување на нашата цел евроинеграцијата, ги споделуваме истите цели и вредности, како и силна посветеност на слободата безбедноста и демократијата. Република Молдавија силно го поддржува процесот на проширување врз заслуги. Истовремено сум убедена дека судбината на демократијата во источното соседство на ЕУ како и на Западниот Балкан е еден ден да станат членови на европското семејство. Тука се покажани аспирациите на нашите граѓани за постигнување на просперитетна иднина. Затоа сметаме дека зааедно сме посилни и навистина сме заинтересирани да продолжиме да ги разменуваме ставовите и најдобрите пракси онака како што ќе напредуват преговорите, истакна Герасимов.

Дискусијата на одржаната средба таа ја оцени како продуктивна.

-Го уверувам мојот колега дека ќе се обидеме да дознаеме повеќе како вашата јавна администрација и општество успеа да се справи со обврската да го пренесе европското законодавство во националното, да ги воведе реформте со цел и ние да можеме да го достигнеме стандардот на живеење во ЕУ, воедно отворени сме да ги споделиме и нашите искуства за тоа како ние ги кооридинираме интерните процеси, порача Герасимов

The post Власта ќе ја учи Молдавија на евроинтеграции appeared first on Република.

]]>

 Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности и определбата за што побрз влез во Европската унија, и на тој пат соработката и споделувањето на искуствата и практиките се од особена важност истакнаа молдавската вицепремиерка за европски прашања Кристина Герасимов и нејзиниот домаќин и колега Бојан Маричиќ на заедничката прс-конференцијата во медија центарот на Владата. Вицепремиерот Маричиќ посочи дека заедничата цел на двете земји е дополнителен поттик за зацврстување на сојузништвото помеѓу двете земји.
-Со оглед на тоа дека земјата се наоѓа во фаза која ние ја поминавме, а тоа е скринингот, на вицепремиерката и пренесов дека Македонија ќе го стави на располагање целото знаење и искуство  на нашите колеги во процесот на скринингот. Тоа е израз на една европска пријателска слидарност и поддршка и пријателство како европски вредности. Двете држави сериозно претендираме за членство при првото наредно рпоширување на ЕУ, тоа проширување добива на значење и во забрзување  заради геостратешките и безбеднсоните аспекти, подвлече Маричиќ.
Додаде дека споделувањето на искуството во изодувањето на патот кон ЕУ е од големо значење. Вицепремиерката Герасимов рече дека денешната посета е основа за започнување на многу продуктивен дијалог и за разменување на ставови и пракси. -Мило ми е што имавме можност денеска да го започнеме она што ќе биде основа за многу продуктивен дијалог за Моладивија и Македонија за европските работи онака како што се движиме кон достигнување на нашата цел евроинеграцијата, ги споделуваме истите цели и вредности, како и силна посветеност на слободата безбедноста и демократијата. Република Молдавија силно го поддржува процесот на проширување врз заслуги. Истовремено сум убедена дека судбината на демократијата во источното соседство на ЕУ како и на Западниот Балкан е еден ден да станат членови на европското семејство. Тука се покажани аспирациите на нашите граѓани за постигнување на просперитетна иднина. Затоа сметаме дека зааедно сме посилни и навистина сме заинтересирани да продолжиме да ги разменуваме ставовите и најдобрите пракси онака како што ќе напредуват преговорите, истакна Герасимов. Дискусијата на одржаната средба таа ја оцени како продуктивна.
-Го уверувам мојот колега дека ќе се обидеме да дознаеме повеќе како вашата јавна администрација и општество успеа да се справи со обврската да го пренесе европското законодавство во националното, да ги воведе реформте со цел и ние да можеме да го достигнеме стандардот на живеење во ЕУ, воедно отворени сме да ги споделиме и нашите искуства за тоа како ние ги кооридинираме интерните процеси, порача Герасимов

The post Власта ќе ја учи Молдавија на евроинтеграции appeared first on Република.

]]>
„Нивното постоење е историска грешка“: Романскиот премиер поддржува припојување на Молдавија https://republika.mk/vesti/svet/nivnoto-postoene-e-istoriska-greshka-romanskiot-premier-poddrzhuva-pripojuvane-na-moldavija/ Fri, 05 Apr 2024 19:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=762837

Романскиот премиер, Марсел Чолаку, во интервју за телевизискиот канал „ДЦ Њуз“ (DC News- изјави дека ја поддржува идејата за припојување на Молдавија. Чолаку изјави дека постоењето на Молдавија е „историска грешка“, а нејзиното припојување е можно и во форматот на европската интеграција и на други начини.

Во романските медиуми неодамна се пишуваше за „другите начини“. Така на 3 април, Министерството за одбрана на Романија на јавна расправа поднесе предлог-закон со кој ќе им се овозможи на претседателот и премиерот, без согласност на парламентот, да носат одлуки за „употреба на вооружени сили во странство за заштита на своите граѓани од хибридни закани“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/

Хибридната закана најверојатно се однесува на Придњестровје, република во Молдавија, која не е призната од меѓународна заедница, а која има блиски врски со Русија.

The post „Нивното постоење е историска грешка“: Романскиот премиер поддржува припојување на Молдавија appeared first on Република.

]]>

Романскиот премиер, Марсел Чолаку, во интервју за телевизискиот канал „ДЦ Њуз“ (DC News- изјави дека ја поддржува идејата за припојување на Молдавија. Чолаку изјави дека постоењето на Молдавија е „историска грешка“, а нејзиното припојување е можно и во форматот на европската интеграција и на други начини. Во романските медиуми неодамна се пишуваше за „другите начини“. Така на 3 април, Министерството за одбрана на Романија на јавна расправа поднесе предлог-закон со кој ќе им се овозможи на претседателот и премиерот, без согласност на парламентот, да носат одлуки за „употреба на вооружени сили во странство за заштита на своите граѓани од хибридни закани“. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/ Хибридната закана најверојатно се однесува на Придњестровје, република во Молдавија, која не е призната од меѓународна заедница, а која има блиски врски со Русија.

The post „Нивното постоење е историска грешка“: Романскиот премиер поддржува припојување на Молдавија appeared first on Република.

]]>
Македонија ремизираше со Молдавија https://republika.mk/sport/fudbal/makedonija-remizirashe-so-moldavija/ Fri, 22 Mar 2024 18:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=757558

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против против Молдавија на стадионот „Мардан“ во Анталија, Турција.

Ова беше четвртиот меѓусбен натпревар на овие две селекции кој заврши без победник.

Бојан Миовски во 45. минута го постигна голот за водство на нашата репрезентација. На погодокот на Миовски му претходеше удар на капитенот Барди, удар кој голманот на Молдавија го одби до Миовски.

Со еврогол на Дамашкан во 83. минута, Молдавија израмни на 1:1 за конечен резултат на контролниот натпревар меѓу двете селекции.

Следниот тест на „жолто-црвените“ е дуелот против Црна Гора во понеделник полладне, исто така во Анталија.

 

The post Македонија ремизираше со Молдавија appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против против Молдавија на стадионот „Мардан“ во Анталија, Турција. Ова беше четвртиот меѓусбен натпревар на овие две селекции кој заврши без победник. Бојан Миовски во 45. минута го постигна голот за водство на нашата репрезентација. На погодокот на Миовски му претходеше удар на капитенот Барди, удар кој голманот на Молдавија го одби до Миовски. Со еврогол на Дамашкан во 83. минута, Молдавија израмни на 1:1 за конечен резултат на контролниот натпревар меѓу двете селекции. Следниот тест на „жолто-црвените“ е дуелот против Црна Гора во понеделник полладне, исто така во Анталија.  

The post Македонија ремизираше со Молдавија appeared first on Република.

]]>
Молдавија протера руски дипломат затоа што руските државјани од Придњестровје гласаа на изборите во Русија https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-protera-ruski-diplomat-zatoa-shto-ruskite-drzhavjani-od-pridnestrovje-glasaa-na-izborite-vo-rusija/ Tue, 19 Mar 2024 18:52:53 +0000 https://republika.mk/?p=756407

Молдавија објави дека протерала руски дипломат поради организирање на гласање за руските претседателски избори во Придњестровје, молдавскиот сепаратистички регион.

Молдавија го повика на разговор рускиот амбасадор, Олег Васњецов, протестирајќи поради тоа што во Приднестровје беа отворени шест избирачки места на кои руските државјани од регионот гласаа за руските претседателски избори „спротивно на ставот на молдавските власти“.

Од молдавското министерство за надворешни работи додаваат дека го информирало Васњецов дека вработен во Руската амбасада, чие име не е соопштено, е „соработник“ кој е прогласен за персона нон грата и мора да ја напушти земјата.

Молдавските власти постојано ја обвинуваат Русија дека води „хибридна војна“ против нивната земја со, како што велат, финансирање антивладини протести, мешање во локалните избори и водење обемни кампањи за дезинформации во обид да се собори владата и да се одврати земјата од нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

The post Молдавија протера руски дипломат затоа што руските државјани од Придњестровје гласаа на изборите во Русија appeared first on Република.

]]>

Молдавија објави дека протерала руски дипломат поради организирање на гласање за руските претседателски избори во Придњестровје, молдавскиот сепаратистички регион. Молдавија го повика на разговор рускиот амбасадор, Олег Васњецов, протестирајќи поради тоа што во Приднестровје беа отворени шест избирачки места на кои руските државјани од регионот гласаа за руските претседателски избори „спротивно на ставот на молдавските власти“. Од молдавското министерство за надворешни работи додаваат дека го информирало Васњецов дека вработен во Руската амбасада, чие име не е соопштено, е „соработник“ кој е прогласен за персона нон грата и мора да ја напушти земјата. Молдавските власти постојано ја обвинуваат Русија дека води „хибридна војна“ против нивната земја со, како што велат, финансирање антивладини протести, мешање во локалните избори и водење обемни кампањи за дезинформации во обид да се собори владата и да се одврати земјата од нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

The post Молдавија протера руски дипломат затоа што руските државјани од Придњестровје гласаа на изборите во Русија appeared first on Република.

]]>
Македонските фудбалери се собраа во Анталија за дуелите со Црна Гора и Молдавија https://republika.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-se-sobraa-vo-antalija-za-duelite-so-tsrna-gora-i-moldavija/ Mon, 18 Mar 2024 16:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=756014

Македонската фудбалска репрезентација попладнево во турскиот град Анталија ги стартува мини подготовките за двата претстојни пријателски натпревари на неутрален терен против Црна Гора и Молдавија.

Прв противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски во 2024 година ќе биде селекцијата на Молдавија, а делот е закажан за 22 март во спортскиот комплекс „Мардан“ во Анталија со почеток во 15:30 часот.

На истиот стадион македонските фудбалери на 25 март ќе играат против Црна Гора. Дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

Од репрезентативниот список кој Милевски го објави за двата натпревари во Турција отпадна поради повреда фудбалерот на белгиски Беверен, Ердон Даци. ег ФОТО: ФФМ

 

The post Македонските фудбалери се собраа во Анталија за дуелите со Црна Гора и Молдавија appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација попладнево во турскиот град Анталија ги стартува мини подготовките за двата претстојни пријателски натпревари на неутрален терен против Црна Гора и Молдавија. Прв противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски во 2024 година ќе биде селекцијата на Молдавија, а делот е закажан за 22 март во спортскиот комплекс „Мардан“ во Анталија со почеток во 15:30 часот. На истиот стадион македонските фудбалери на 25 март ќе играат против Црна Гора. Дуелот е закажан со почеток во 18 часот. Од репрезентативниот список кој Милевски го објави за двата натпревари во Турција отпадна поради повреда фудбалерот на белгиски Беверен, Ердон Даци. ег ФОТО: ФФМ  

The post Македонските фудбалери се собраа во Анталија за дуелите со Црна Гора и Молдавија appeared first on Република.

]]>
Брисел ја финализира рамката за преговори за Украина и Молдавија со ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/brisel-ja-finalizira-ramkata-za-pregovori-za-ukraina-i-moldavija-so-eu/ Tue, 12 Mar 2024 18:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=754136

Европската комисија соопшти дека на земјите-членки им предложила рамки за пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Лидерите на Европската унија во декември се согласија да ги отворат преговорите за членство со Киев, што претставува историски потег речиси две години по руската војна против таа дрѓава. Тие, исто така, се согласија во исто време да започнат разговори со нејзиниот сосед Молдавија.

За ЕУ и земјите-кандидатки навистина да ги започнат разговорите, извршната власт на блокот треба да подготви рамка, која сега мора да биде одобрена од сите 27 земји-членки на ЕУ.

„Преговарачките рамки ги утврдуваат насоките и принципите за пристапните преговори со секоја земја-кандидат“, соопшти комисијата.

„Сега е на Советот (земјите-членки на ЕУ) да ги започнат своите внатрешни разгледувања за тие текстови“.

Комисијата беше принудена да забрза откако нејзината шефица Урсула фон дер Лајен минатиот месец ги вознемири Киев и неговите најсилни поддржувачи во ЕУ велејќи дека рамката за разговори нема да биде изнесена до изборите за Европскиот парламент во јуни.

The post Брисел ја финализира рамката за преговори за Украина и Молдавија со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија соопшти дека на земјите-членки им предложила рамки за пристапните преговори со Украина и Молдавија. Лидерите на Европската унија во декември се согласија да ги отворат преговорите за членство со Киев, што претставува историски потег речиси две години по руската војна против таа дрѓава. Тие, исто така, се согласија во исто време да започнат разговори со нејзиниот сосед Молдавија. За ЕУ и земјите-кандидатки навистина да ги започнат разговорите, извршната власт на блокот треба да подготви рамка, која сега мора да биде одобрена од сите 27 земји-членки на ЕУ.
„Преговарачките рамки ги утврдуваат насоките и принципите за пристапните преговори со секоја земја-кандидат“, соопшти комисијата.
„Сега е на Советот (земјите-членки на ЕУ) да ги започнат своите внатрешни разгледувања за тие текстови“. Комисијата беше принудена да забрза откако нејзината шефица Урсула фон дер Лајен минатиот месец ги вознемири Киев и неговите најсилни поддржувачи во ЕУ велејќи дека рамката за разговори нема да биде изнесена до изборите за Европскиот парламент во јуни.

The post Брисел ја финализира рамката за преговори за Украина и Молдавија со ЕУ appeared first on Република.

]]>