Моден викенд Archives - Република https://republika.mk/tema/moden-vikend/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 08:38:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Моден викенд Archives - Република https://republika.mk/tema/moden-vikend/ 32 32 Познати личности дефилираа на моден викенд https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/poznati-lichnosti-defiliraa-na-moden-vikend/ Sat, 26 Oct 2024 08:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=831200

Првиот ден од Моден Викенд Скопје 2024 започна со силна порака – модата не е тренд, туку моќна алатка за промена. Во срцето на Скопје, Културниот Центар Лабораториум се претвори во креативна сцена каде локалната традиција и глобалните иновации се сретнаа за да го отворат патот кон иднината на модата. Оваа 29-та сезона не беше само прослава на модната естетика, туку и на одржливоста како клучна компонента за трансформација на индустријата. Секоја изложба и секој дизајн беа дел од внимателно куриран дијалог за тоа како модата може да биде еколошки свесна и културно релевантна.

Најпрво, публиката имаше привилегија да ја посети изложбата „Fashion. Forever.“, курирана од Амбасадата на Шведска.

Во текот на вечерта, Џон Бела ја размрда атмосферата со својот музички настап, носејќи софистициран звук што ја освои публиката и ги постави основите за следните уметнички моменти.

Кулминацијата на вечерта се случи со модната ревија на DMWC „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“. Иницијативата е дел од проектот „Промовирање на женската иновација и креативност на пазарот“, спроведена со поддршка на Амбасадата на Република Словенија. Моделите ги носеа познати јавни личности од јавниот живот, меѓу кои беше и Мелита Гугуловска, Генерален директор на Сава осигурување АД Скопје.

Гугуловска на ревијата се појави во комбинација сочинета од свилена кошула во нуд боја со детаљ на цвет и елегантно сино лелеаво здолниште. Целата комбинација Гугуловска ја заокружи со чевли исто така во нуд боја. Вистинска дама на вистинско место.

The post Познати личности дефилираа на моден викенд appeared first on Република.

]]>

Првиот ден од Моден Викенд Скопје 2024 започна со силна порака – модата не е тренд, туку моќна алатка за промена. Во срцето на Скопје, Културниот Центар Лабораториум се претвори во креативна сцена каде локалната традиција и глобалните иновации се сретнаа за да го отворат патот кон иднината на модата. Оваа 29-та сезона не беше само прослава на модната естетика, туку и на одржливоста како клучна компонента за трансформација на индустријата. Секоја изложба и секој дизајн беа дел од внимателно куриран дијалог за тоа како модата може да биде еколошки свесна и културно релевантна. Најпрво, публиката имаше привилегија да ја посети изложбата „Fashion. Forever.“, курирана од Амбасадата на Шведска. Во текот на вечерта, Џон Бела ја размрда атмосферата со својот музички настап, носејќи софистициран звук што ја освои публиката и ги постави основите за следните уметнички моменти. Кулминацијата на вечерта се случи со модната ревија на DMWC „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“. Иницијативата е дел од проектот „Промовирање на женската иновација и креативност на пазарот“, спроведена со поддршка на Амбасадата на Република Словенија. Моделите ги носеа познати јавни личности од јавниот живот, меѓу кои беше и Мелита Гугуловска, Генерален директор на Сава осигурување АД Скопје.
Гугуловска на ревијата се појави во комбинација сочинета од свилена кошула во нуд боја со детаљ на цвет и елегантно сино лелеаво здолниште. Целата комбинација Гугуловска ја заокружи со чевли исто така во нуд боја. Вистинска дама на вистинско место.
 
The post Познати личности дефилираа на моден викенд appeared first on Република.

]]>
Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода на пролетното издание на Моден Викенд Скопје https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/italijanska-izvonrednost-vo-dizajn-i-odrzhliva-moda-so-moden-vikend-skopje/ Tue, 05 Mar 2024 12:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=751483

Овој март, Амбасадата на Република Италија во Скопје, заедно со ITA - Италијанската трговска агенција, East Gate Mall и Моден Викенд Скопје, ја заземаат културната сцена со долгоочекуваните денови на италијанскиот дизајн.

Настанот, кој годинава е под мотото „Создавање вредности: инклузивност, иновации и одржливост“, ветува дека ќе ја спои безвременската елеганција на италијанскиот дизајн со практиките за одржливост што го тераат светот да размислува напред.

Чифте амам ќе биде локацијата на која на 14-ти март ќе биде свеченото отворање на денови на италијанскиот дизајн со мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. Неговата евокативна гостувачка изложба од Музејот за дизајн ADI е посветена на 140-та годишнината од првото издание на Пинкио, прикажувајќи ги проектите што го толкуваат наследството на „Авантурите на Пинокио“ преку модерната визура на дизајнот.

Следниот ден, на 15-ти март, како и минатата година, така и оваа, East Gate Mall ќе биде домаќин на модно шоу, во кое сите присутнои гости и посетителите на трговскиот центар ќе ги дознаат најновите модни трендови од 20 врвни италијански брендови и со тоа ќе се означи почетокот на 28-та сезона на Моден викенд Скопје. Модната ревија ќе има за цел да ја спои традиционалната италијанска мода со современите трендови и одржливите практики, поставувајќи нови стандарди во оваа индустрија.

Неизмерно сме горди што и годинава како Моден Викенд Скопје сме тука со Деновите на италијанскиот дизајн. Овогодинешната тема длабоко резонира со нашата посветеност за промовирање дизајн кој ја вреднува инклузивноста, иновативноста и особено одржливоста. Чест е да се соработува со вакви ценети партнери за да се оживее оваа визија. Упатуваме топла покана до сите ентузијасти на модата, дизајнот и одржливоста да ни се придружат во ова уникатно културно искуство кое ја слави италијанската извонредност и го отвора патот за позелена иднина во модата“ - стои во изјавата на организаторот.

Покрај Деновите на италијанскиот дизајн, Моден Викенд Скопје планира и низа активности до крај на март насочени кон застапување на одржливи модни иницијативи. Програмата вклучува интерактивни работилници, поп-ап локација Ready, Steady, Shop! посветена на “бавната мода” и простор за излагање на македонските модни брендови, како и можности за вмрежување. Сите настани се дизајнирани да поттикнат подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење преку модата и дизјанот.

Настанот ќе кулминира на 28 и 29 март со ревии на домашни дизајнери кои ќе ги покажат своите креации, истакнувајќи ја моќта и креативноста на локалните модни сили. Големото финале е закажано за 30-ти март, со Bridal Fashion Night, ветувајќи ексклузивен избор на невестински колекции.

Серијата настани ја потврдува доминантната позиција на Скопје како растечки центар за одржлива мода и дизајн во овој дел од светот, благодарејќи на Моден Викенд Скопје истовремено истакнувајќи ја заедничката глобална одговорност кон одржливоста. Соработката меѓу италијанските и македонските културни сили означува значаен чекор кон интегрирање на еколошките практики во рамките на меѓународниот дизајн и модата.

Моден Викенд Скопје FWSK продолжува да биде во првите редови на прoмовирање на иновативна и етичка мода. Со историја која опфаќа безмалку 15 год, FWSK е посветен на поттикнување на модната индустрија која ги почитува и луѓето и планетата. 28 изадние на овој култен настан кој ја слави модата и дизајнот е подготвено да започне.

The post Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода на пролетното издание на Моден Викенд Скопје appeared first on Република.

]]>

Овој март, Амбасадата на Република Италија во Скопје, заедно со ITA - Италијанската трговска агенција, East Gate Mall и Моден Викенд Скопје, ја заземаат културната сцена со долгоочекуваните денови на италијанскиот дизајн. Настанот, кој годинава е под мотото „Создавање вредности: инклузивност, иновации и одржливост“, ветува дека ќе ја спои безвременската елеганција на италијанскиот дизајн со практиките за одржливост што го тераат светот да размислува напред. Чифте амам ќе биде локацијата на која на 14-ти март ќе биде свеченото отворање на денови на италијанскиот дизајн со мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. Неговата евокативна гостувачка изложба од Музејот за дизајн ADI е посветена на 140-та годишнината од првото издание на Пинкио, прикажувајќи ги проектите што го толкуваат наследството на „Авантурите на Пинокио“ преку модерната визура на дизајнот. Следниот ден, на 15-ти март, како и минатата година, така и оваа, East Gate Mall ќе биде домаќин на модно шоу, во кое сите присутнои гости и посетителите на трговскиот центар ќе ги дознаат најновите модни трендови од 20 врвни италијански брендови и со тоа ќе се означи почетокот на 28-та сезона на Моден викенд Скопје. Модната ревија ќе има за цел да ја спои традиционалната италијанска мода со современите трендови и одржливите практики, поставувајќи нови стандарди во оваа индустрија.
Неизмерно сме горди што и годинава како Моден Викенд Скопје сме тука со Деновите на италијанскиот дизајн. Овогодинешната тема длабоко резонира со нашата посветеност за промовирање дизајн кој ја вреднува инклузивноста, иновативноста и особено одржливоста. Чест е да се соработува со вакви ценети партнери за да се оживее оваа визија. Упатуваме топла покана до сите ентузијасти на модата, дизајнот и одржливоста да ни се придружат во ова уникатно културно искуство кое ја слави италијанската извонредност и го отвора патот за позелена иднина во модата“ - стои во изјавата на организаторот.
Покрај Деновите на италијанскиот дизајн, Моден Викенд Скопје планира и низа активности до крај на март насочени кон застапување на одржливи модни иницијативи. Програмата вклучува интерактивни работилници, поп-ап локација Ready, Steady, Shop! посветена на “бавната мода” и простор за излагање на македонските модни брендови, како и можности за вмрежување. Сите настани се дизајнирани да поттикнат подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење преку модата и дизјанот. Настанот ќе кулминира на 28 и 29 март со ревии на домашни дизајнери кои ќе ги покажат своите креации, истакнувајќи ја моќта и креативноста на локалните модни сили. Големото финале е закажано за 30-ти март, со Bridal Fashion Night, ветувајќи ексклузивен избор на невестински колекции. Серијата настани ја потврдува доминантната позиција на Скопје како растечки центар за одржлива мода и дизајн во овој дел од светот, благодарејќи на Моден Викенд Скопје истовремено истакнувајќи ја заедничката глобална одговорност кон одржливоста. Соработката меѓу италијанските и македонските културни сили означува значаен чекор кон интегрирање на еколошките практики во рамките на меѓународниот дизајн и модата. Моден Викенд Скопје FWSK продолжува да биде во првите редови на прoмовирање на иновативна и етичка мода. Со историја која опфаќа безмалку 15 год, FWSK е посветен на поттикнување на модната индустрија која ги почитува и луѓето и планетата. 28 изадние на овој култен настан кој ја слави модата и дизајнот е подготвено да започне.          

The post Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода на пролетното издание на Моден Викенд Скопје appeared first on Република.

]]>
Дизајнерска вечера на Моден Викенд Скопје https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/dizajnerska-vechera-na-moden-vikend-skopje/ Mon, 13 Mar 2023 07:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=618939

Амбиентот беше минималистички, за рефлекторот кој го поседува човечкото око да биде насочен кон две нешта кои беа значајни за таа вечер. Храната и еден нов бренд на накит кој доаѓа кај нас. Пригушено светло, сјај на свеќи и онаа ведрина на мимозите кои доминираат во оваа сезона, токму за одржувањето на Моден Викенд Скопје, беа дискретно поставени да не пречат на она што е важно. 

Необична локација, добро избрано друштво и фантастична храна.

Така Моден Викенд Скопје одлучи да угости 40 личности на една интимна вечера која се случи во рамките на викендот.

Совршеност и необичност имавме на неколку нивоа... Од амбиентот кој ги дочека гостите на старт, до финалето, каде добија сервиран накит пред уживањето во десертот.

Тој спој на необично искуство, гостите сигурно ќе го запомнат, покрај тоа што креаторите на оваа вечера направија во два часа сите сетила да бидат активирани на естетски начин.

Храната секогаш е фокус на една вечера, па FJ Culinary Consultants беа избрани да го подготват менито кое беше составено од наши локални и италијански продукти за да се донесе спој на двете национални приказни на чиниите. Така имаше антипасто од наше цвекло со дресинг направен од состојки од Модена. Наше козјо сирење комбинирано со мармалад од домати од Италија поставен на мус од босилек, грав Бакла од гостиварско со карамелизиран копар, реконструирано турамису со чоколаден, лешников и кафе крем.

На вечерата во чест на новиот италијански бренд дојде и Амбасадотор на Италијa Андреа Силвстри.

Ваквите дизајнерски вечери се една убава класика на големите модни недели ширум светот, а кај нас Моден Викенд Скопје со една таква вечера која пред неколку години ја помести во еден овоштарник во Преспа, само најави дека сака да ја менува играта кај нас. Преку користење на локални производи, создадени од локални фармери кои го имаат ептетот на здрава храна и одржлива гастрономска приказна. Така што оваа вечера не е само обична средба на избрани личности на една совршена маса.

Ова е место каде се спојува естетиката со одржливоста, глобалното го сретнува локалното на необичен начин преку искуства поврзани со храната создадена за истражување и виното кои се блескав накин на секоја вечера. 

Сјај доволен за свое око, сатенска текстура на изработката која ќе ги задоволи оние кои од накитот сакаат врв во она што го носат, а притоа секоја од колекциите нуди посебна приказна во која ќе се пронајдат .....

Оваа вечера се случи во рамките на 26. издание на Моден Викенд Скопје, под мотото „Јазикот на етиката и дизајнот", кој годинава календарски и концептуално се вклопи во  Деновите на италијанскиот дизајн во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје и Италијанската агенција за трговија ITA и East Gate Mall.

The post Дизајнерска вечера на Моден Викенд Скопје appeared first on Република.

Заврши 26. издание на Моден викенд Скопје https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/zavrshi-26-izdanie-na-moden-vikend-skopje/ Sun, 12 Mar 2023 16:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=618831

Тридневното модно патување на 26. издание на Моден Викенд Скопје, заврши синоќа во East Gate Mall со "The Bridal Fashion Night".

Последениот ден од настанот беше "The Bridal Fashion Night" кој беше кулминација на најновите трендови и дизајни во невестинската мода, програма која не ги разочара присутните.

Серијата ревии ја отвори Наташа Карчева и нејзиниот бренд AL APAREL, кој е синоним за детали и рачна изработка од најфини материјали. Од деликатни до авангардни силуети на оваа колекција, се гледа уникатната визија на дизајнерката која остава големи импресии.

Потоа следуваше ревијата на SIGMA Jewelry, бренд за ексклузивен италијански накит кој повторно изнуди воздишки со новата луксузна колекција за претстојната сезона. Оваа ревија, преку несекојдневен моден перформанс ги претстави новите трендови во кои идните невести со префинет вкус за аксесоари, несомнено ќе се вљубат на прв поглед во раскошниот сет ланчиња, обетки и прстени во кои моделите продефилираа на пистата, затоа што му даваат посебно благородна нота на целокупниот изглед за големиот ден.

VLORA & KALTRINA- couture collection е модна рефлексија која се базира на филозофијата за елегантна женственост. Секоја нивна креација е рачно изработена, а тоа внимание кон деталите кое е претворено во љубов кон истите, ги прави нивните креации од класично елегантни до модерно софистицирани.

Големото финале беше оставено за FA-BU на Јагода Пачемска, дамата од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу", која изработува несекојдневни фустани од свежо цвеќе. Ова се креации кои го одземаат здивот, а Пачемска секогаш инспирирана од убавината која ја дава природата преку цветови и зеленило, како и нежноста која тие ја имаат открива креации за кои не сте ни сонувале. Фустаните од цветови се иновација, која е нова димензија во модниот дизајн. Ова се и еко френдли креации, зошто цветовите од вашиот фустан можат да се компостираат по нивната употреба.

Модниот Викенд Скопје е познат по можноста покрај ревијите на пистата, присутните да имаат можност да комуницираат со дизајнерите. Многу од дизајнерите ја споделија својата инспирација и креативен процес, давајќи им на присутните уникатен увид во светот на невестинската мода.

Моден Викенд Скопје и со ова 26. свое издание, беше прослава на креативноста, стилот и иновативноста во модната индустрија, со одличен одзив кај публиката.

Покрај низата модни ревии, изложби и работилници, прикажувајќи ги најновите трендови и стилови и од етаблираните и од новите дизајнери, присутните имаа можност да се сретнат и да комуницираат со дизајнери, експерти во светот на модата, блогери, модели и инсајдери во индустријата, како и да научат повеќе за светот на модата и дизајнот низ различните аспекти на креативниот процес.

Покрај модните ревии, Моден Викенд Скопје вклучи и јавни дебати на тема одржливост во модата и циркуларна економија, виртуелна ревија и реална изложба, поп ап дизајниран простор за концептуални продавници...сѐ под мотото „Јазикот на етиката и дизајнот", вклопувајќи се во Деновите на италијанскиот дизајн во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, Италијанската агенција за трговија ITA и East Gate Mall.
Maya - официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина.

Фото | Гјоргиј Ристоски

The post Заврши 26. издание на Моден викенд Скопје appeared first on Република.

]]>

Тридневното модно патување на 26. издание на Моден Викенд Скопје, заврши синоќа во East Gate Mall со "The Bridal Fashion Night". Последениот ден од настанот беше "The Bridal Fashion Night" кој беше кулминација на најновите трендови и дизајни во невестинската мода, програма која не ги разочара присутните. Серијата ревии ја отвори Наташа Карчева и нејзиниот бренд AL APAREL, кој е синоним за детали и рачна изработка од најфини материјали. Од деликатни до авангардни силуети на оваа колекција, се гледа уникатната визија на дизајнерката која остава големи импресии. Потоа следуваше ревијата на SIGMA Jewelry, бренд за ексклузивен италијански накит кој повторно изнуди воздишки со новата луксузна колекција за претстојната сезона. Оваа ревија, преку несекојдневен моден перформанс ги претстави новите трендови во кои идните невести со префинет вкус за аксесоари, несомнено ќе се вљубат на прв поглед во раскошниот сет ланчиња, обетки и прстени во кои моделите продефилираа на пистата, затоа што му даваат посебно благородна нота на целокупниот изглед за големиот ден. VLORA & KALTRINA- couture collection е модна рефлексија која се базира на филозофијата за елегантна женственост. Секоја нивна креација е рачно изработена, а тоа внимание кон деталите кое е претворено во љубов кон истите, ги прави нивните креации од класично елегантни до модерно софистицирани. Големото финале беше оставено за FA-BU на Јагода Пачемска, дамата од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу", која изработува несекојдневни фустани од свежо цвеќе. Ова се креации кои го одземаат здивот, а Пачемска секогаш инспирирана од убавината која ја дава природата преку цветови и зеленило, како и нежноста која тие ја имаат открива креации за кои не сте ни сонувале. Фустаните од цветови се иновација, која е нова димензија во модниот дизајн. Ова се и еко френдли креации, зошто цветовите од вашиот фустан можат да се компостираат по нивната употреба. Модниот Викенд Скопје е познат по можноста покрај ревијите на пистата, присутните да имаат можност да комуницираат со дизајнерите. Многу од дизајнерите ја споделија својата инспирација и креативен процес, давајќи им на присутните уникатен увид во светот на невестинската мода. Моден Викенд Скопје и со ова 26. свое издание, беше прослава на креативноста, стилот и иновативноста во модната индустрија, со одличен одзив кај публиката. Покрај низата модни ревии, изложби и работилници, прикажувајќи ги најновите трендови и стилови и од етаблираните и од новите дизајнери, присутните имаа можност да се сретнат и да комуницираат со дизајнери, експерти во светот на модата, блогери, модели и инсајдери во индустријата, како и да научат повеќе за светот на модата и дизајнот низ различните аспекти на креативниот процес. Покрај модните ревии, Моден Викенд Скопје вклучи и јавни дебати на тема одржливост во модата и циркуларна економија, виртуелна ревија и реална изложба, поп ап дизајниран простор за концептуални продавници...сѐ под мотото „Јазикот на етиката и дизајнот", вклопувајќи се во Деновите на италијанскиот дизајн во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, Италијанската агенција за трговија ITA и East Gate Mall. Maya - официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина. Фото | Гјоргиј Ристоски  

The post Заврши 26. издание на Моден викенд Скопје appeared first on Република.

]]>
Италијанска ноќ во Скопје: Почна 26. Skopje Fashion Weekend https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/italijanska-nok-vo-skopje-pochna-26-skopje-fashion-weekend/ Fri, 10 Mar 2023 11:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=618091

Синоќа под мотото „Јазикот на етиката и дизајнот", Fashion Weekend Skopje го означи својот старт по 26 пат, годинава на нова локација и со нов концепт, календарски и концептуално вклопувајќи се во  Деновите на италијанскиот дизајн во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје и Италијанската агенција за трговија ITA.

Деновите на италијанскиот дизајн се одржуваат ширум светот, иницирани од страна на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка преку италијанските амбасади, институти за култура и трговски агенции за промовирање на италијанскиот дизајн и архитектура. 

„Годинешната тема на Деновите на италијанскиот дизајн е „Квалитет кој просветлува. Енергијата на дизајнот и за луѓето и за околината“.

Го избравме овој наслов затоа што со својата интелектуална и продуктивна енергија, италијанскиот дизајн има намера да помогне да се донесе светлината во период во кој се чини дека преовладуваат сенките и темнината, и да го направи тоа користејќи го квалитетот кој отсекогаш бил негов белег. Во овој контекст, зборот квалитет не е толку синоним за луксуз, туку фактор на одржлив и одговорен развој„ - истакна Амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвстри кој синоќа го отвори настанот. 

Италија е број 1° во светот по бројот на дизајнерски компании, а всушност дизајнот е во голема мера одговорен за успехот на тие производи. Впрочем, италијанските производи отсекогаш биле поврзани со квалитет, висока специјализација, диференцијација и елеганција.

Модната индустрија е срцето на брендот Made in Italy, термин кој се користи од 1980 година за да ја означи меѓународната уникатност на италијанските производи, особено во четирите главни индустрии, популарно познати како „Four F“: храна, мебел, Ферари (автомобилски) и токму Fashion.

„Италијанските брендови се познати во светот како симболи на стил. Всушност, италијанскиот се смета за јазик на модата, ѝ на македонски се вели мода.

Така, вечерва, иако сум многу среќен што со East gate ги презентирам најновите колекции на многу важни италијански брендови, сакам да им оддадам почит не само на овие фирми, туку и на дизајнерите и занаетчиите кои се глобални водечки во облеката и обувките„ - истакна амбасадорот.

На познатата писта на Skopje Fashion Week, на која повеќе од четврт век во овој крај на светот, продефилирале и дизајнери и имиња на модели кои значат многу кај нас и глобално, синоќа ги презентираше колекциите на ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, KIKO MILANO... со пто го направи најавениот спој на возбудата и гламурот кои ги поседуваат италијанските славни брендови.

Денес, продолжува Skopje Fashion Week со промоција на домашните дизајнерски сили на модната сцена. Свој поп-ап продажен простор ќе има и УРМА - првата концептуална онлајн продавница кај нас, која 

го соединува пазарењето со културата на живеење, пружајќи им несекојдневно и стилско купувачко искуство на клиентите со дизајнерски производи од висок квалитет, како и внимателно одбрани производи од етаблирани брендови, креирајќи селекција која има и културни придобивки за купувачите.

Програмата во следните два денови ќе ги претстави најважните аспекти на одржливоста мода, но и на иновативните процеси кои ќе ја определуваат во иднина. 

Активизмот на FWSK, низ бројни општествено  одговорни проекти најмногу поврзани со циркуларната мода, со години наназад го врти вниманието кон одредени проблеми во нашето опкружение и иницира начини да се приближиме кон решавањето на истите.

The post Италијанска ноќ во Скопје: Почна 26. Skopje Fashion Weekend appeared first on Република.