МОБ Archives - Република https://republika.mk/tema/mob/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 11:23:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МОБ Archives - Република https://republika.mk/tema/mob/ 32 32 Министерство за култура: Овации за „Набуко“ во изведба на МОБ во Софија https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvo-za-kultura-ovatsii-za-nabuko-vo-izvedba-na-mob-vo-sofija/ Sat, 14 Sep 2024 11:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=816299

Македонската Национална опера и балет вчера ја изведе оперската претстава „Набуко“ од Џузепе Верди во Софиската национална опера и балет. Како што информираат од Министерството за култура, претставата била поздравена со силни аплаузи.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој ја проследил претставата заедно со неговиот бугарски колега, Најден Тодоров, упатил честитки за македонскиот ансамбл и изразил задоволство од соработката помеѓу двете држави.

Културата е делот каде што се надминуваат сите проблеми, затоа ние ќе продолжиме да ја развиваме соработката во културата и во туризмот, сектори кои може да донесат и економски придобивки за двете земји, посочил тој, пренесуваат од министерството.

Изведбата ја проследија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Претставата „Набуко“ беше изведена под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, со Марјан Јовановски во главната улога.

Со ова гостување, официјално беше отворена новата сезона на Софиската опера.

Следната изведба на „Набуко“ е закажана за 21 септември во Скопје

The post Министерство за култура: Овации за „Набуко“ во изведба на МОБ во Софија appeared first on Република.

]]>

Македонската Национална опера и балет вчера ја изведе оперската претстава „Набуко“ од Џузепе Верди во Софиската национална опера и балет. Како што информираат од Министерството за култура, претставата била поздравена со силни аплаузи. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој ја проследил претставата заедно со неговиот бугарски колега, Најден Тодоров, упатил честитки за македонскиот ансамбл и изразил задоволство од соработката помеѓу двете држави. Културата е делот каде што се надминуваат сите проблеми, затоа ние ќе продолжиме да ја развиваме соработката во културата и во туризмот, сектори кои може да донесат и економски придобивки за двете земји, посочил тој, пренесуваат од министерството. Изведбата ја проследија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Претставата „Набуко“ беше изведена под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, со Марјан Јовановски во главната улога. Со ова гостување, официјално беше отворена новата сезона на Софиската опера. Следната изведба на „Набуко“ е закажана за 21 септември во Скопје

The post Министерство за култура: Овации за „Набуко“ во изведба на МОБ во Софија appeared first on Република.

]]>
Операта „Боеми“ на Пучини вечер во НОБ https://republika.mk/vesti/kultura/operata-boemi-na-puchini-vecher-vo-nob/ Sat, 16 Mar 2024 07:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=755306

Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта во четири чина „Боеми“ од Џакомо Пучини, приказна за животот на љубовниците Родолфо и Мими, чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите”од Хенри Мургер.

Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски, соопшти НОБ.

Режисер на претставата е Дејан Прошев, диригент Бисера Чадловска, сценограф Зоран Николовски, костимограф Марија Пупучевска, концерт-мајстор Верица Ламбевска, хор-мајстор - Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.

Ќе настапи домашна солистичка екипа: Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Биљана Јосифов, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Тихомир Јакимовски, Диме Петров, во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

The post Операта „Боеми“ на Пучини вечер во НОБ appeared first on Република.

]]>

Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта во четири чина „Боеми“ од Џакомо Пучини, приказна за животот на љубовниците Родолфо и Мими, чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите”од Хенри Мургер.
Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски, соопшти НОБ.
Режисер на претставата е Дејан Прошев, диригент Бисера Чадловска, сценограф Зоран Николовски, костимограф Марија Пупучевска, концерт-мајстор Верица Ламбевска, хор-мајстор - Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ. Ќе настапи домашна солистичка екипа: Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Биљана Јосифов, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Тихомир Јакимовски, Диме Петров, во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

The post Операта „Боеми“ на Пучини вечер во НОБ appeared first on Република.

]]>
„Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ на сцената на Опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/sheherezada-i-valpurgiska-nokj-na-scenata-na-opera-i-balet-2/ Fri, 07 Oct 2022 09:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=557784

На сцената на Националната опера и балет на 7 октомври со почеток во 20.00 часот ќе се изведат допадливите балетски едночинки „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков и „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно. Ќе настапат првенци, истакнати солисти, солисти, балетските ансамбли на Националната опера и балет и Државната опера Варна, Р. Бугарија .

Приказните од „Илјада и една ноќ“ преточени во балетот „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков ќе се изведе под диригентската палка на  гостинот од Бугарија, Григор Паликаров, кореографијата ја пренесе познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија.

Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Ивана Коцевска во улогата на Забеида, Балаж Лашеи (Унгарија) во улогата на Златен роб.

Во вториот дел публикате ќе има можност да ја проследи едночинката „Валпургиска ноќ“ (балетскиот дел од операта „Фауст“ од Шарл Гуно.)

Диригент е Григор Паликаров (Бугарија),  кореографијата е на Леонид Лавровски, редакцијата на кореографијата и режијата е на Светлана Тоншева (Бугарија), а костимограф: Изабела Поњавиќ.

Настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска, Павел Кирчев (Бугарија) и Марко ди Салво (Бугарија).

Настапуваат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и Државната опера Варна, Р. Бугарија, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

 

Во Фоајето на Националната опера и балет од 7 октомври 2022 година ќе биде поставена изложба на дел од костимографијата  од оперските и балетските премиери изведени во последните 3 сезони во Националната опера и балет.

 

The post „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ на сцената на Опера и балет appeared first on Република.

]]>

На сцената на Националната опера и балет на 7 октомври со почеток во 20.00 часот ќе се изведат допадливите балетски едночинки „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков и „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно. Ќе настапат првенци, истакнати солисти, солисти, балетските ансамбли на Националната опера и балет и Државната опера Варна, Р. Бугарија . Приказните од „Илјада и една ноќ“ преточени во балетот „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков ќе се изведе под диригентската палка на  гостинот од Бугарија, Григор Паликаров, кореографијата ја пренесе познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија. Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Ивана Коцевска во улогата на Забеида, Балаж Лашеи (Унгарија) во улогата на Златен роб. Во вториот дел публикате ќе има можност да ја проследи едночинката „Валпургиска ноќ“ (балетскиот дел од операта „Фауст“ од Шарл Гуно.) Диригент е Григор Паликаров (Бугарија),  кореографијата е на Леонид Лавровски, редакцијата на кореографијата и режијата е на Светлана Тоншева (Бугарија), а костимограф: Изабела Поњавиќ. Настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска, Павел Кирчев (Бугарија) и Марко ди Салво (Бугарија). Настапуваат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и Државната опера Варна, Р. Бугарија, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.   Во Фоајето на Националната опера и балет од 7 октомври 2022 година ќе биде поставена изложба на дел од костимографијата  од оперските и балетските премиери изведени во последните 3 сезони во Националната опера и балет.  

The post „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ на сцената на Опера и балет appeared first on Република.

]]>
Дурловски: Ова е МОБ кога имаше струја https://republika.mk/vesti/kultura/durlovski-ova-e-mob-koga-imashe-struja/ Mon, 22 Aug 2022 21:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=543043

Ова е Македонската опера и балет кога имаше струја...

2016-17

Во една година имавме 8 премиери, 200 концерти и претстави, илјадници костими и милиони воздишки.

The post Дурловски: Ова е МОБ кога имаше струја appeared first on Република.

]]>

Ова е Македонската опера и балет кога имаше струја... 2016-17 Во една година имавме 8 премиери, 200 концерти и претстави, илјадници костими и милиони воздишки.

The post Дурловски: Ова е МОБ кога имаше струја appeared first on Република.

]]>