млади Archives - Република https://republika.mk/tema/mladi/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 11:01:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png млади Archives - Република https://republika.mk/tema/mladi/ 32 32 Ништо не паѓа од небо готово, ги охрабрувам младите да влезат во борба со животот, тие се во фокусот на Владата, порача Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/nishto-ne-paga-od-nebo-gotovo-gi-ohrabruvam-mladite-da-vlezat-vo-borba-so-zhivotot-tie-se-vo-fokusot-na-vladata-poracha-mitskoski/ Wed, 30 Oct 2024 11:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=832393

Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање денеска истакна дека младите се во фокусот на Владата, како и сите граѓани.

Интензивно се работи на реновирање на студентските домови, некаде околу 18 милиони евра инвестиција. Во буџетот се предвидени оние 250 евра за дигитални уреди кои ќе ги користат сите студенти, како и 10 милиони евра во форма на гранд за стартап бизниси и уште многу други - истакна Мицкоски.

Премиерот, како што посочи, ги охрабрува младите да влезат во борба со животот, затоа што само така можеме заеднички да успееме како општество.

Секој предизвик треба да го совладаме. Ништо не паѓа од небо готово, за се треба да се бориме, да го заслужиме. Ние сме тука да помогнеме и да работиме да го оставиме она што го работиме на младите, на нив останува иднината - потенцираше Мицкоски.

The post Ништо не паѓа од небо готово, ги охрабрувам младите да влезат во борба со животот, тие се во фокусот на Владата, порача Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Загрижувачки податоци од „Фридрих Еберт“: 42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата https://republika.mk/vesti/makedonija/zagrizhuvachki-podatotsi-od-fridrih-ebert-42-67-otsto-od-mladite-vo-makedonija-bi-ja-napushtile-drzhavata/ Thu, 24 Oct 2024 10:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=830497

Младите во Македонија најмногу од сите држави во Југосточна Европа изразили желба да ја напуштат земјата поради лошиот социјален, животен и економски стандард и услови. Истражување на Фондацијата „Фридрих Еберт“ покажало 42,67 отсто младите во земјава сакаат да емигирираат во странство.

Втора во регионот е Албанија каде што 36,95 отсто од младите лица би сакале да заминат надвор од државата, а потоа следуваат Грција со 31,26 отсто, Босна и Херцеговина 31,18, Косово, 27,83, во Србија и Словенија 25, во Хрватска тој процент е 21,26, а во Црна Гора 2,59.

Младите во Бугарија и во Романија, според истражувањето, покажале најмала желба за емигрирање.

Најчест мотив на младите за иселување од матичните земји се економските фактори и можности.

Повеќе од две третини (67,13 проценти) од испитаниците го истакнале финансискиот и професионалниот напредок како причини за емиграцијата. Желбата за подобрување на животниот стандард се наведува како примарен мотив за 27,78 отсто од испитаниците... Подобри можности за вработување (11,44 отсто) и повеќе можности за образование (седум отсто) се другите причини поради кои младите одлучуваат да ја напуштат земјата..., се наведува во истражувањето.

За 62 отсто од испитаниците, корупцијата е најголемиот проблем со кој ќе се соочат нивните земји во следната деценија, а потоа следат невработеноста и емиграцијата. Младите често првпат се соочуваат со корупција во образовниот систем, дури 61 процент од испитаниците сметаат дека може да се купат оценки и испити на универзитетите во нивните земји.

Според истражувањето, жените покажуваат поголема желба да го подобрат сопствениот животен стандард (29,97 проценти) и ставаат поголем акцент на можностите за образование (8,46 проценти). Мажите, пак се загрижени за корупцијата и клиентелизмот во државата.

Довербата во демократијата како политички систем, како што се нагласува, опаѓа низ целиот регион, но младите сè уште во голема мера ги поддржуваат демократските вредности.

Сепак, младите кои живеат во земји кои не се членки на Европската Унија (ЕУ) покажуваат поголем одзив кога се работи за гласање на избори.

Евентуалното членство во ЕУ сè уште предизвикува оптимизам во земјите од регионот кои не се членки, а многу млади луѓе ја поврзуваат ЕУ со подобра иднина. Наспроти тоа, младите во Земјите од ЕУ стануваат се попесимисти кога станува збор за моменталната економска состојба и пазарот на труд во нивните земји, наведуваат од „Фридрих Еберт“.

Како што пишува во истражувањето, доколку Југоисточна Европа сака да постигне значителен економски напредок, „ќе мора да внимава на гласот и изборот на младите луѓе кои се клучни во тоа“.

Резултатите сугерираат и дека факторите специфични за една земја, како што се економските услови, политичката стабилност и социјалните услови, играат клучна улога во обликувањето на намерите за емиграција на младите поединци.

Истражувањето е спроведено на примерок од 8.943 млади луѓе од Југоисточна Европа, на возраст од 14 до 29 години и покажа дека 23 отсто од нив подобрата плата ја гледаат како една од клучните причини за иселување од државата. с

The post Загрижувачки податоци од „Фридрих Еберт“: 42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата appeared first on Република.

]]>

Младите во Македонија најмногу од сите држави во Југосточна Европа изразили желба да ја напуштат земјата поради лошиот социјален, животен и економски стандард и услови. Истражување на Фондацијата „Фридрих Еберт“ покажало 42,67 отсто младите во земјава сакаат да емигирираат во странство. Втора во регионот е Албанија каде што 36,95 отсто од младите лица би сакале да заминат надвор од државата, а потоа следуваат Грција со 31,26 отсто, Босна и Херцеговина 31,18, Косово, 27,83, во Србија и Словенија 25, во Хрватска тој процент е 21,26, а во Црна Гора 2,59. Младите во Бугарија и во Романија, според истражувањето, покажале најмала желба за емигрирање. Најчест мотив на младите за иселување од матичните земји се економските фактори и можности. Повеќе од две третини (67,13 проценти) од испитаниците го истакнале финансискиот и професионалниот напредок како причини за емиграцијата. Желбата за подобрување на животниот стандард се наведува како примарен мотив за 27,78 отсто од испитаниците... Подобри можности за вработување (11,44 отсто) и повеќе можности за образование (седум отсто) се другите причини поради кои младите одлучуваат да ја напуштат земјата..., се наведува во истражувањето. За 62 отсто од испитаниците, корупцијата е најголемиот проблем со кој ќе се соочат нивните земји во следната деценија, а потоа следат невработеноста и емиграцијата. Младите често првпат се соочуваат со корупција во образовниот систем, дури 61 процент од испитаниците сметаат дека може да се купат оценки и испити на универзитетите во нивните земји. Според истражувањето, жените покажуваат поголема желба да го подобрат сопствениот животен стандард (29,97 проценти) и ставаат поголем акцент на можностите за образование (8,46 проценти). Мажите, пак се загрижени за корупцијата и клиентелизмот во државата. Довербата во демократијата како политички систем, како што се нагласува, опаѓа низ целиот регион, но младите сè уште во голема мера ги поддржуваат демократските вредности. Сепак, младите кои живеат во земји кои не се членки на Европската Унија (ЕУ) покажуваат поголем одзив кога се работи за гласање на избори. Евентуалното членство во ЕУ сè уште предизвикува оптимизам во земјите од регионот кои не се членки, а многу млади луѓе ја поврзуваат ЕУ со подобра иднина. Наспроти тоа, младите во Земјите од ЕУ стануваат се попесимисти кога станува збор за моменталната економска состојба и пазарот на труд во нивните земји, наведуваат од „Фридрих Еберт“. Како што пишува во истражувањето, доколку Југоисточна Европа сака да постигне значителен економски напредок, „ќе мора да внимава на гласот и изборот на младите луѓе кои се клучни во тоа“. Резултатите сугерираат и дека факторите специфични за една земја, како што се економските услови, политичката стабилност и социјалните услови, играат клучна улога во обликувањето на намерите за емиграција на младите поединци. Истражувањето е спроведено на примерок од 8.943 млади луѓе од Југоисточна Европа, на возраст од 14 до 29 години и покажа дека 23 отсто од нив подобрата плата ја гледаат како една од клучните причини за иселување од државата. с

The post Загрижувачки податоци од „Фридрих Еберт“: 42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: За студентите ваучери од 250 евра, до 30 илјади евра за бизнис за млади и 600 вработувања за млади лекари https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-studentite-vaucheri-od-250-evra-do-30-iljadi-evra-za-biznis-za-mladi-i-600-vrabotuvana-za-mladi-lekari/ Mon, 07 Oct 2024 19:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=823963

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за младите истакна дека владата за студентите понуди проект од 250 евра за електронски уред, но и до 30.000 евра за бизнис за млади, покрај тоа во тек е огласот за вработување на 600 млади лекари специјализанти.

Премиерот Мицкоски посочи дека иселувањето на младите е акутен проблем и потребно е владата да направи многу и да понуди повеќе од тоа до сега за да ги задржиме младите.

Сепак младите треба да разберат дека дома при еднакво понудени услови од страна на Владата има можност да се успее. Во моментот потреба од нови млади кадри има буквално во секоја институција. Не е решение да се отиде некаде надвор и да се работи различно од тоа за кое сте се школувале тука. Во таа насока понудивме два проекти кои цениме дека можат да значат додадена вредност, покрај оној проект кој беше целосно даночно ослободување за вработување на млад човек до 29 години кој е содржан веќе во програмата која ја имаше ВМРО-ДПМНЕ изборите - рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека првиот проект е ваучер од 250 евра за набавка на електронски уреди, средства кои ќе бидат понудени во буџетот за следната година за сите студенти, за сите универзитети, тоа се над 50.000 студенти.

Фонд од 10 милиони евра со кој ќе се стимулираат стартап бизниси на млади луѓе кои имаат идеја во зависност од бизнис планот во вредност од 1.000 до 30.000 евра. Цениме дека на овој начин можеме да допринесеме многу повеќе отколку да финансираме проекти за тренирање магариња, иновативни рецепти за правење на пица, и така натаму. Дали е доволно, не е, но ќе продолжиме да работиме понатаму - додаде Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека ќе треба уште, но е чекор напред, како и дека мора заедно со младите заедно да се согласиме дека и дома доколку имаме среден систем и дисциплинирани институции може многу да се направи и многу да се успее.

Што се однесува до лекари специјализанти први кажавме дека на 600 ќе им биде понудена работа во здравствените институции и тој оглас тече и тоа функционира врз база на таа владина одлука за 300 оваа година и 300 следната година. Ќе им биде понудено да бидат вработени во здравствените институции онаму каде ќе биде потребно - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: За студентите ваучери од 250 евра, до 30 илјади евра за бизнис за млади и 600 вработувања за млади лекари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за младите истакна дека владата за студентите понуди проект од 250 евра за електронски уред, но и до 30.000 евра за бизнис за млади, покрај тоа во тек е огласот за вработување на 600 млади лекари специјализанти. Премиерот Мицкоски посочи дека иселувањето на младите е акутен проблем и потребно е владата да направи многу и да понуди повеќе од тоа до сега за да ги задржиме младите.
Сепак младите треба да разберат дека дома при еднакво понудени услови од страна на Владата има можност да се успее. Во моментот потреба од нови млади кадри има буквално во секоја институција. Не е решение да се отиде некаде надвор и да се работи различно од тоа за кое сте се школувале тука. Во таа насока понудивме два проекти кои цениме дека можат да значат додадена вредност, покрај оној проект кој беше целосно даночно ослободување за вработување на млад човек до 29 години кој е содржан веќе во програмата која ја имаше ВМРО-ДПМНЕ изборите - рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека првиот проект е ваучер од 250 евра за набавка на електронски уреди, средства кои ќе бидат понудени во буџетот за следната година за сите студенти, за сите универзитети, тоа се над 50.000 студенти.
Фонд од 10 милиони евра со кој ќе се стимулираат стартап бизниси на млади луѓе кои имаат идеја во зависност од бизнис планот во вредност од 1.000 до 30.000 евра. Цениме дека на овој начин можеме да допринесеме многу повеќе отколку да финансираме проекти за тренирање магариња, иновативни рецепти за правење на пица, и така натаму. Дали е доволно, не е, но ќе продолжиме да работиме понатаму - додаде Мицкоски.
Премиерот Мицкоски нагласи дека ќе треба уште, но е чекор напред, како и дека мора заедно со младите заедно да се согласиме дека и дома доколку имаме среден систем и дисциплинирани институции може многу да се направи и многу да се успее.
Што се однесува до лекари специјализанти први кажавме дека на 600 ќе им биде понудена работа во здравствените институции и тој оглас тече и тоа функционира врз база на таа владина одлука за 300 оваа година и 300 следната година. Ќе им биде понудено да бидат вработени во здравствените институции онаму каде ќе биде потребно - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: За студентите ваучери од 250 евра, до 30 илјади евра за бизнис за млади и 600 вработувања за млади лекари appeared first on Република.

]]>
По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година https://republika.mk/vesti/makedonija/po-250-evra-za-sekoj-student-do-30-000-evra-za-nov-biznis-na-mladi-do-29-godini-najavi-mitskoski-za-2025-godina/ Mon, 07 Oct 2024 13:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=823859

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека во новиот буџет кој е во изработка за следната 2025 година ќе бидат предвидени мерки за студентите, а меѓу нив и ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси.

Мерките коишто ги промовиравме вчера подразбираат дека сите студенти, буквално сите студенти кај нас ќе добијат ваучер во вредност од 250 евра, со којшто ќе можат да купат електронски уред - телефон, компјутер или таблет, со коишто ќе бидат во ситуација да се вмрежуваат со своите колеги во регионот, но и во Европа и во светот. И цениме дека во овие тешки предизвиквуачки времиња тоа е помош за младите, но истовремено и во новиот буџет за следната година ќе обезбедиме десет милиони евра коишто ќе бидат наменети за млади до 29 години коишто ќе отпочнуваат свој бизнис и во зависност од бизнис планот тие ќе добијат грант од вредност од илјада до 30 илјади евра, рече Мицкоски.

Како што појасни, Комисија ќе врши избор и селекција на проектите.

Мислиме дека ова ќе претставува одличен мотив за младите да почнат овде да прават бизнис и истовремено да се вмрежуваат со своите врсници во регионот и во Европа, рече тој.

Премиерот Мицкоски изјавата ја даде на заедничката прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ кој е во официјална посета на Скопје, на која двајцата се осврнаа на поврзувањето на двете земји и на регионот преку проекти во енергетската и железничката инфраструктура.

Светот останува на младите. Сето тоа што денеска го правиме останува на нив. Сите овие проекти за кои што зборувавме и за енергетското проврзување и за патното и за железничкото поврзување се влог за иднината на младите да се обезбедат повеќе можности за да тие останат тука, да работат, да творат, тука да ги градат своите семејства. Оние коишто заминаа да се вратат, вели Мицкоски.

https://www.youtube.com/live/mmV1AnKqUm4?si=kUD9AbhyY-dFNr2l

The post По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година appeared first on Република.

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ke-obezbedi-fond-od-10-milioni-evra-za-razvoj-na-biznis-za-mladi-od-18-do-29-godini/ Sun, 06 Oct 2024 14:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=823525

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќање на 33 Годишната конференција на УМС на на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Охрид.

Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата, рече Мицкоски, додавајќи „Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа“.

Според Мицкоски политичарите се тука да направат се што требаза младите да останат во Македонија за да ја продолжат приказната за Македонија, и да го продолжат животот на Македонија.

Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеа Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон, кажа Мицкоски.

Мицкоски заклучи за тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот.

The post Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години appeared first on Република.

]]>

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќање на 33 Годишната конференција на УМС на на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Охрид. Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата, рече Мицкоски, додавајќи „Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа“. Според Мицкоски политичарите се тука да направат се што требаза младите да останат во Македонија за да ја продолжат приказната за Македонија, и да го продолжат животот на Македонија.
Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеа Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон, кажа Мицкоски.
Мицкоски заклучи за тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот.  

The post Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години appeared first on Република.

]]>
Мицкоски промовираше мега проекти за млади https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-promovirashe-mega-proekti-za-mladi/ Sun, 06 Oct 2024 14:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=823522

Надежта е верба во тоа дека, и покрај сите препреки и искушенија, доброто ќе победи, и дека секој кој ја носи во срцето одговорноста за другите, ќе најде сила да го изоди патот на чесноста до крај, рече во обраќањето пред УМС на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Моќта е во младите. Енергијата е во младите, иднината е во младите.

Ова се фрази кои секојдневно ги слушаме и кои политичарите најчесто ги употребуваат во своите говори.

Додека размислував за оваа годишна конференција и какви пораки да упатам ваквите фрази доминираа во моите мисли, но добро е да знаеме сите дека овие фрази иако се точни немаат никакво значење ако политичарите од власта се корумпирани, деструктивни и без визија за иднината на државата и не овозможуваат младите да го добијат заслуженото место во општеството преку поттик, мотивирање, законски можности, и преку нивно директно вклучување во носењето одлуки.

Јас сум машински инжинер, своите младински денови ги поминав учејќи, и честопати одев по студентските домови низ Скопје, каде имав свои колеги, другари, надвор од другарите од населба и други социјални кругови. Знам како е да чекаш први да ти испратат пари твоите и за да купиш нова тура храна и средства за хигиена, како е да се собираме по соби на забави затоа што не можеа многумина да си дозволат да излезат во дискотеките, но и тоа има своја убавина и е дел од нашето детство кое нема никогаш да се врати. Верувавме, сонувавме, мечтаевме, се дружевме, необременети од статус или материјални работи, полни со идеали и со наддеж.

И токму таа работа ја оддржуваше мојата генерација, а тоа е мотивот и вербата во идеалите, дека допрва доаѓа нашето време и дека со напорна работа може да промениме нешто.

Зарем не сонувале вака и генерациите од минатото, низ својата борба за подобро? Зарем не ја држеле тие низ своите предизвици идејата за Македонија жива?

Сега дојде нашето време, и сега е време да менуваме. Граѓаните тоа го очекуваат од нас. Дел од тие млади лица се денес со мене во партијата, дел се во други политички партии, дел се иселени од државата, дел работат и се разочарани од политиката и од се тоа што ни се случуваше сиот овој изминат период.

Нашата генерација помина низ бурен историски период. Бевме деца при осамостојувањето и неизвесноста која тоа ни ја донесе, бевме основци и средношколци во таа сурова транзиција кога многумина останаа без работа, родители на мои другари и другарки со кои делев секојдневие, семејства останаа да тонат во сиромаштија, удар кој до ден денес има печат врз судбините на многумина, на моменти имавме чувство некако како да земјава се бореше повеќе со своите внатрешни демони отколку со некои реални ненадминливи препреки, имавме чувство дека повеќе е до нас отколку до другите, но не ретко ќе кажевме судбината си поигрува со нас, државава нема да ја биде.

Дојдоа меѓуетничките предизвици и конфликтот 2001, некои од нас беа доброволци, некои поеднакво загрижени се прашуваа како од оваа земја ќе биде нешто, дали имаме иднина овде. Знам дека многумина од вас се прашуваат такво нешто и ден денес. И најчестиот одговор кај вас е не, многумина се уште мислат дека нема иднина во земјата. Кога ќе се погледнат бројките на над 500 илјади иселени во последниве 20 години, меѓунив огромен број и од другите етнички заедници, и намерно го кажувам ова, за да се свесни и Албанците и сите останати, знам дека ситуацијата е тешка, сложена, разочарувачка. Ние во овие 100 дена се соочивме најдиректно со севкупната реалност, соочување кое ги надмина нашите најголеми стравови и разочарувања, едно е кога гледате околу вас и гледате во реалниот живот што се случува во вашето разочарувачко секојдневие вам или на ваши блиски, но друго е кога ќе знаете дека е така насекаде, и дека така се чувствуваат сите.

Ја знам оваа генерација на млади луѓе која доаѓа, која расте во ерата на технологија и почетоци на вештачка интелигенција, која пркоси и не се задоволува со просечноста, кога го гледа светот, развиениот свет и сака да е дел од него.

Следеа промени во владите со подобри или полоши примери, со надежи, но и со разочарувања, времиња на злоупотреби на довербата, на една промена на личностите во нешто кое ни самите не биле, корумпирани од моќ и желба за пари, алчност, луѓе кои стануваа роботи изолирани од чувства за околината.

Во сето ова време остана да тлее чувството на апатија, потиштеност и разочараност. Имавме многу немили настани кои државава ја тестираа до последниот атом, настани на раб на големи конфликти, поделеност, меѓусебна омраза, надвор од ентичките пропорции, меѓупартиска омраза, гнев, освети, нов раст на криминалот, хаос и опасност од банкроти, насилна промена на име, катастрофални и срамни одлуки на штета на сопствената држава како договори со некои земји, поданички, срамен однос на непочитување на своето, на своите, на сметка на корупцијата и обидот да се допаднат на други. Тешки децении. Многу тешки.

Но внимавајте, таа, Македонија инстинктивно и со помош на народот успеа да продолжи да живее. Жива е Македонија! Таа успеа да ја надмине просечноста и плиткоста на луѓето кои ја водеа, нивните маани, предавства во секоја смисла, морална најмногу, не само во идентитетска, таа успеа да ги надмине и совлада препреките поставувани од секој оној кој свесно или несвесно од дома или од надвор се обидуваше да и наштети.

Таа успеа да живее во сите нас. И тоа е нашиот аманет кој мора да го носиме. Преку нас да живее Македонија. И ние, сите ние заедно, со ваша помош, како иднина на оваа земја, да направиме максимум да продолжат соништата и идеалите кои не водеа нас, и кои мора да ја водат секоја идна генерација.

Зошто го кажувам ова? За да знаат сите дека сите ние оваа генерација сме биле млади и сме се соочувале со проблеми и предизвици барајќи наддеж, и не сме заборавиле од каде сме дошле и за што сме мечтаеле. Ние секако сме се промениле, промените се составен де од растењето на една личност, од созревањето, но нашите идеали, мечти и соништа останале исти.

Да живееме во држава која заслужува да се нарече држава, а не во паланка која се храни од безредие, корупција, тоне во неморал и безизлез.

Ајде, ајде сите заедно да ги направиме заедничките идеали и соништа реалност.

Сега, а не понатаму. Ајде да се обидеме и дури и да не успееме целосно, да знаеме дека сме се обиделе, дека сме се бореле, со нашата борба да бидеме пример и светла точка на оваа генерација, но и светилник на надежта на идната.

Ајде заедно со вас, да се обидеме да ја промениме суровата реалност. Доста беа разочарувања. Доста беше омраза и поделби, доста беше живот неживот.

Ајде со вас, заедно со Македонија да живееме! Да создаваме, да работиме, да креираме иднина, работни места, да ја однесеме татковината во едно ново поглавје на развојот.

Еднаш во една дискусија со еден пријател со кого зборувавме за развојот на државава ми рече твоите размислувања се повеќе за 22 век, дај да го стигнеме 21-виот. Јас му реков, За Македонија да го живее 21 век, мора да е со идеите, темпото, работата во 22-риот век. Толку сме назад од развиениот свет што мора да се прават огромни чекори напред за да се надохнади пропуштеното, за да се стигне реалноста и да се биде во тек со новото време.

Каква е мојата визија за вас, за иднината и за Македонија за која мора да работиме. Дозволете да се обратам на неколку работи кои сакам денеска да се јасни и недвосмислени, а се однесуваат и на актуелната ситуација и на она што ќе следи.

Досега зборував за минатото, ајде сега заедно да ја креираме иднината. Сакам да ја видите истата иднина која ја гледам и јас, за која работам и за која планирам да се борам до крај.

Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови за да делуваат, за да учат, создаваат, да стекнуваат вештини и потоа тие да не водат напред, затоа што како што кажав оваа борба нема да е лесна, и овој пат нема да е без препреки и едноставен. Денеска пред вас, со верба во вас и во сите млади кои се дел од другите партии, но и не се дел од ниедна, со верба во сите вас обзнанувам дека владата ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, повторувам за сите студенти во Македонија, за сите до еден. Така поттикнуваме млади да имаат пристап до електронски уреди и да го имаат светот на дланка да гледаат, да учат и да се градат како личности, да имаат можности кои во мојата генерација ги немавме, барем не 90 осто од младите.

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависносст од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект. Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата. Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа. Ние сме тука за вас и се што треба ќе направиме за да останете тука и да ја продолжите приказната за Македонија да и го продолжите животот на Македонија. Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеам Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон. За тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот.

Следно дозволете да се обратам за неколку теми актуелни од денешницата, политички, верувајте не го правам ова со драга воља, не сакам настан за иднината да го трујам со денешницата. Но, како што младите се нашата иднина, тие истовремено се и нашата сегашност и го доживуваат ова што се случува низ истата призма како што и ние низ неизвеност ја доживувавме нашата сегашност како помлади. Затоа сакам да се обратам до неколку лица, најмногу до оние скептиците кои секогаш имаат да кажат нешто.

Се обраќам до нашата Коалиција, со една реченица – ќе успееме, знам дека е тешко, знам со што се соочувате кога ги гледате институциите во каква ситуација се и државата до кое дереџе е дојдена, но заедно ќе истраеме и ќе успееме. Знам дека верувате во тоа го гледам тоа во вас, имаме важна цел и мора да успееме, заради овие млади луѓе, заради сите млади, заради младите на Македонија од сите етнички, партиски и верски групи, заради сите.

Ќе се обратам и на Али Ахмети, но не на начин на кој тој мене ми се обрати, не така одамна. Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Верувај ми дека ќе ти помогнеме. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зјаат празни. Наместо да се полни со луѓе, со твои соседи, роднини пријатели. За 20 години повеќе од 100 илјади Албанци се иселија од државава. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, и да си дофрламе преку јавноста и да подгреваме тензии. Имам попаметна работа од тоа. Знам дека на тебе ти одговара да влегуваш во конфликти сомене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна теснопартиска политика, дај надмини го тоа. Дајте придонесете со проекти, предлози и јас ви ветувам се што значи прогрес и развој на земјата ќе прифатиме. Не е добро секогаш кога ќе бидете опозиција да почнувате етнички теми, а кога ќе сте власт, тогаш да станувате зелена партија. Албанците во земјава живеат лошо, неспорно дел од Албанците го почитуваат Ахмети, зошто тој е таков како што е изминативе 20 години. Но зошто да не ја заслужи и почитта кај дел од Македонците? Покажи визионерство за некои работи, но треба да покаже и визионерство преку проекти, идеи, натпревар на визии. Треба да покажеш дека ја почитуваш Македонија. Помири се опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа. А за тоа што го правеа има институт кој се вика одговорност. Ти ветив и ти ветувам ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од таквите криминални структури.

До опозицијата, до кога ќе бидете заложници на истиот ментален склоп. Ајде заедно да ги надминеме поделбите, и наместо дополнително да го делиме народот, да се обединиме преку дебата за проекти и идеи. Не може се што ќе направиме да не чини. Надминете го тоа, суетите и потребата се да се критикува по секоја цена колку и нешто да е добро и корисно. Еве за почеток поддржете ги меркиве за младите. Понатаму предложете и вие мерки, ако постои можност јас ви ветувам ќе ги прифатиме.

Конечно сакам да се осврнам на прашањето за членството во Европската Унија. Со издвојувањето на Албанија од Македонија во процесот на пристапување направивте лоша услуга на сите скептици и сите сили кои не веруваат во ЕУ. Ние веруваме во ЕУ. И веруваме во тоа дека членството на Македонија во ЕУ е наш стратешки приоритет. Членството во ЕУ е кохезивен фактор вдолж сите линии на општеството, од етнички, до политички. И недвосмислено сме определени да продолжиме по тој пат. ЕУ во континуитет со вакви потези покажува неправедност кон нас. Иако движењето на Албанија и издвојувањето не значи и нејзино брзо членство во Унијата, нас тоа не ни е прв пат. Бевме во иста група со Бугарија и Романија, потоа со Хрватска, па со Србија и Црна Гора на крај и со Албанија. Јас сум убеден дека ќе се сретнеме пак на тој пак, и тоа им е јасно на сите кои го знаат процесот на проширување и состојбите во ЕУ, но сепак, ние не смееме да дозволиме скептиците да победат и земјата да остане заглавена во геополитичка бесперспективност. Мора членството во Унијата да е живо, процесот да е жив и ние ќе нудиме предлози и решенија за надминување на оваа статус кво ситуација. Истовремено ќе работиме посветено на реформите за членство во Унијата и ќе ја менуваме лошата реалност, тоа е за наше добро и ние сме свесни за тоа. Стравувања дека ова ќе стане заробена држава се беспредметни и дело на внатрешна дневно политичка динамика. На мене лично не ми треба власт по секоја цена, тоа сум го кажал од првиот момент кога станав претседател на на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ која помина исклучително тешки би рекол ненормални предизвици и борби за да дојде до оваа огромна поддршка која ја има денес. Власт не ми треба. Сакам да променам нешто, сакам да подобрам. Тоа е мојата надеж и мојот идеал за кој зборувам од почетокот на овој говор.

Сакам да потенцирам дека преку разни институционални канали ќе се обратам и ќе работам со Европската комисија и со нашите партнери за изнаоѓање на решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси, а диктати да биде јасно не прифаќам. За овој процес потребно е и разбирање од Унијата, која очекуваме да покаже еднаква верба во европската иднина на нашиот регион како што е и нашата верба. Македонија и нашите граѓани премногу дадоа и предолго се заожници на билатерални проблеми и барања. Не барам сочувства и изговори. Барам почит за мојот народ! Ние како што споменав планираме да ја вклучиме и опозицијата во процесите, кога ќе дојде време за тоа. Нема да ветуваме работи кои се неостварливи, но и нема да пропутиме да ја консултираме опозицијата и да побараме поддршка за нашите напори. Сепак целите ни се заеднички и немаме дилема околу тоа. Веќе следната недела ќе испратам писмо до сите инволвирани во кое и на таков начин ќе ја обзнанам и потврдам мојата недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање на решение. Јас сум на располагање за идеи и дијалог и тоа сите скептици треба да го знаат. Темите како изолација се повеќе стравови и психолошки товар за скептиците од најразлична провиниенција. Ќе продолжиме напред, се допаѓало тоа некому или не.

Драги пријатели, драга моја генерацијо која е иднина на оваа земја.

Денес сме тука заедно за да ја прославиме силата, енергијата и потенцијалот на нашата младост. Како претседател на Владата, и како сопруг и татко на двајца синови, ја чувствувам одговорноста да создадам подобра иднина за вас, нашата иднина. Во последните години, младите во светот се соочуваат со предизвици кои не можеме да ги игнорираме. Според податоците на Обединетите нации, глобално, 1 до 5 млади луѓе се без работа, кај нас е слично. Ова не е само статистика, ова се судбини, соништа и потенцијали кои чекаат да бидат остварени. Ние не сме тука да констатираме проблеми, туку и да нудиме решенија.

Нашата визија за младите е јасна. Младите се не смао иднина на Македонија туку како што кажав, и нејзина сегашност. Затоа се и програмите и проектите кои ги споменав, а кои ќе ги обезбедиме.

Сите ние знаеме дека иновациите не доаѓаат од изолацијата. Младите мора да бидат вклучени во процесите на одлучување, во борбата за подобра иднина и во создавањето на нови решенија. Американскиот претседател Барак Обама еднаш кажа, младите се моторот на промената. Токму за таа промена ние говориме и денес, и говоревме во кампањата.

Според истражувањата 90 проценти од младите во светот сметаат дека образованието е клучно за нивната иднина. Затоа се и проеектиет кои ги споменав така конципирани, пристап до технологија, едукација и можност за бизнис за младите. Ние ќе се стремиме секогаш да ги поддржиме амбициите на младите, создавајќи можности од секаков тип.

Програмата за млади Младите за Македонија, чиј дел се и споменатите проекти погоре, програма, која институционално и низ реалниот сектор планираме да ја имплементираме ќе отвори многу можности за младите преку разни активности и нивно вклучување во социјални иницијативи и проекти за одржлив развој. Светот е променет. Некои се подготвуваат за преселби на Марс, некои праќаат сонди на месечината, некои создаваат роботи и вештачка интелигенција, живеат во паралелен свет од нашиот полн со предизвици и најбанални егзистенцијални проблеми од типот да не можеш да си извадиш извод од матично и да треба да платиш поткуп од 500 денари за тоа. Светот се дигитализира. Светот оди напред. Ние немаме избор. Или ќе се приклучиме со големи чекори, или ќе не заборави времето.

Вие сте нашата иднина, но и нашата надеж. Вие сте силата на Македонија, а нашата задача како влада е да ве поддржиме и да ви обезбедиме алатки за успех. Заедно можеме да ја изградиме Македонија на нашите соништа. Македонија за која ние од нашата генерација како деца при муабети на клупи, по училници, при секој поголем предизвик, сонувавме дека ќе ја имаме и во која мечтаевме дека ќе живееме.

Време е за конкренти промени. Време е да застанеме заедно и да се бориме за подобра иднина и да создадеме општество во кое сите млади ќе може да напредуваат. Време е за нова ера.

The post Мицкоски промовираше мега проекти за млади appeared first on Република.

]]>

Надежта е верба во тоа дека, и покрај сите препреки и искушенија, доброто ќе победи, и дека секој кој ја носи во срцето одговорноста за другите, ќе најде сила да го изоди патот на чесноста до крај, рече во обраќањето пред УМС на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Во продолжение во целост ви го пренесуваме обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски: Моќта е во младите. Енергијата е во младите, иднината е во младите. Ова се фрази кои секојдневно ги слушаме и кои политичарите најчесто ги употребуваат во своите говори. Додека размислував за оваа годишна конференција и какви пораки да упатам ваквите фрази доминираа во моите мисли, но добро е да знаеме сите дека овие фрази иако се точни немаат никакво значење ако политичарите од власта се корумпирани, деструктивни и без визија за иднината на државата и не овозможуваат младите да го добијат заслуженото место во општеството преку поттик, мотивирање, законски можности, и преку нивно директно вклучување во носењето одлуки. Јас сум машински инжинер, своите младински денови ги поминав учејќи, и честопати одев по студентските домови низ Скопје, каде имав свои колеги, другари, надвор од другарите од населба и други социјални кругови. Знам како е да чекаш први да ти испратат пари твоите и за да купиш нова тура храна и средства за хигиена, како е да се собираме по соби на забави затоа што не можеа многумина да си дозволат да излезат во дискотеките, но и тоа има своја убавина и е дел од нашето детство кое нема никогаш да се врати. Верувавме, сонувавме, мечтаевме, се дружевме, необременети од статус или материјални работи, полни со идеали и со наддеж. И токму таа работа ја оддржуваше мојата генерација, а тоа е мотивот и вербата во идеалите, дека допрва доаѓа нашето време и дека со напорна работа може да промениме нешто. Зарем не сонувале вака и генерациите од минатото, низ својата борба за подобро? Зарем не ја држеле тие низ своите предизвици идејата за Македонија жива? Сега дојде нашето време, и сега е време да менуваме. Граѓаните тоа го очекуваат од нас. Дел од тие млади лица се денес со мене во партијата, дел се во други политички партии, дел се иселени од државата, дел работат и се разочарани од политиката и од се тоа што ни се случуваше сиот овој изминат период. Нашата генерација помина низ бурен историски период. Бевме деца при осамостојувањето и неизвесноста која тоа ни ја донесе, бевме основци и средношколци во таа сурова транзиција кога многумина останаа без работа, родители на мои другари и другарки со кои делев секојдневие, семејства останаа да тонат во сиромаштија, удар кој до ден денес има печат врз судбините на многумина, на моменти имавме чувство некако како да земјава се бореше повеќе со своите внатрешни демони отколку со некои реални ненадминливи препреки, имавме чувство дека повеќе е до нас отколку до другите, но не ретко ќе кажевме судбината си поигрува со нас, државава нема да ја биде. Дојдоа меѓуетничките предизвици и конфликтот 2001, некои од нас беа доброволци, некои поеднакво загрижени се прашуваа како од оваа земја ќе биде нешто, дали имаме иднина овде. Знам дека многумина од вас се прашуваат такво нешто и ден денес. И најчестиот одговор кај вас е не, многумина се уште мислат дека нема иднина во земјата. Кога ќе се погледнат бројките на над 500 илјади иселени во последниве 20 години, меѓунив огромен број и од другите етнички заедници, и намерно го кажувам ова, за да се свесни и Албанците и сите останати, знам дека ситуацијата е тешка, сложена, разочарувачка. Ние во овие 100 дена се соочивме најдиректно со севкупната реалност, соочување кое ги надмина нашите најголеми стравови и разочарувања, едно е кога гледате околу вас и гледате во реалниот живот што се случува во вашето разочарувачко секојдневие вам или на ваши блиски, но друго е кога ќе знаете дека е така насекаде, и дека така се чувствуваат сите. Ја знам оваа генерација на млади луѓе која доаѓа, која расте во ерата на технологија и почетоци на вештачка интелигенција, која пркоси и не се задоволува со просечноста, кога го гледа светот, развиениот свет и сака да е дел од него. Следеа промени во владите со подобри или полоши примери, со надежи, но и со разочарувања, времиња на злоупотреби на довербата, на една промена на личностите во нешто кое ни самите не биле, корумпирани од моќ и желба за пари, алчност, луѓе кои стануваа роботи изолирани од чувства за околината. Во сето ова време остана да тлее чувството на апатија, потиштеност и разочараност. Имавме многу немили настани кои државава ја тестираа до последниот атом, настани на раб на големи конфликти, поделеност, меѓусебна омраза, надвор од ентичките пропорции, меѓупартиска омраза, гнев, освети, нов раст на криминалот, хаос и опасност од банкроти, насилна промена на име, катастрофални и срамни одлуки на штета на сопствената држава како договори со некои земји, поданички, срамен однос на непочитување на своето, на своите, на сметка на корупцијата и обидот да се допаднат на други. Тешки децении. Многу тешки. Но внимавајте, таа, Македонија инстинктивно и со помош на народот успеа да продолжи да живее. Жива е Македонија! Таа успеа да ја надмине просечноста и плиткоста на луѓето кои ја водеа, нивните маани, предавства во секоја смисла, морална најмногу, не само во идентитетска, таа успеа да ги надмине и совлада препреките поставувани од секој оној кој свесно или несвесно од дома или од надвор се обидуваше да и наштети. Таа успеа да живее во сите нас. И тоа е нашиот аманет кој мора да го носиме. Преку нас да живее Македонија. И ние, сите ние заедно, со ваша помош, како иднина на оваа земја, да направиме максимум да продолжат соништата и идеалите кои не водеа нас, и кои мора да ја водат секоја идна генерација. Зошто го кажувам ова? За да знаат сите дека сите ние оваа генерација сме биле млади и сме се соочувале со проблеми и предизвици барајќи наддеж, и не сме заборавиле од каде сме дошле и за што сме мечтаеле. Ние секако сме се промениле, промените се составен де од растењето на една личност, од созревањето, но нашите идеали, мечти и соништа останале исти. Да живееме во држава која заслужува да се нарече држава, а не во паланка која се храни од безредие, корупција, тоне во неморал и безизлез. Ајде, ајде сите заедно да ги направиме заедничките идеали и соништа реалност. Сега, а не понатаму. Ајде да се обидеме и дури и да не успееме целосно, да знаеме дека сме се обиделе, дека сме се бореле, со нашата борба да бидеме пример и светла точка на оваа генерација, но и светилник на надежта на идната. Ајде заедно со вас, да се обидеме да ја промениме суровата реалност. Доста беа разочарувања. Доста беше омраза и поделби, доста беше живот неживот. Ајде со вас, заедно со Македонија да живееме! Да создаваме, да работиме, да креираме иднина, работни места, да ја однесеме татковината во едно ново поглавје на развојот. Еднаш во една дискусија со еден пријател со кого зборувавме за развојот на државава ми рече твоите размислувања се повеќе за 22 век, дај да го стигнеме 21-виот. Јас му реков, За Македонија да го живее 21 век, мора да е со идеите, темпото, работата во 22-риот век. Толку сме назад од развиениот свет што мора да се прават огромни чекори напред за да се надохнади пропуштеното, за да се стигне реалноста и да се биде во тек со новото време. Каква е мојата визија за вас, за иднината и за Македонија за која мора да работиме. Дозволете да се обратам на неколку работи кои сакам денеска да се јасни и недвосмислени, а се однесуваат и на актуелната ситуација и на она што ќе следи. Досега зборував за минатото, ајде сега заедно да ја креираме иднината. Сакам да ја видите истата иднина која ја гледам и јас, за која работам и за која планирам да се борам до крај. Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови за да делуваат, за да учат, создаваат, да стекнуваат вештини и потоа тие да не водат напред, затоа што како што кажав оваа борба нема да е лесна, и овој пат нема да е без препреки и едноставен. Денеска пред вас, со верба во вас и во сите млади кои се дел од другите партии, но и не се дел од ниедна, со верба во сите вас обзнанувам дека владата ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, повторувам за сите студенти во Македонија, за сите до еден. Така поттикнуваме млади да имаат пристап до електронски уреди и да го имаат светот на дланка да гледаат, да учат и да се градат како личности, да имаат можности кои во мојата генерација ги немавме, барем не 90 осто од младите. Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависносст од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект. Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата. Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа. Ние сме тука за вас и се што треба ќе направиме за да останете тука и да ја продолжите приказната за Македонија да и го продолжите животот на Македонија. Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеам Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон. За тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот. Следно дозволете да се обратам за неколку теми актуелни од денешницата, политички, верувајте не го правам ова со драга воља, не сакам настан за иднината да го трујам со денешницата. Но, како што младите се нашата иднина, тие истовремено се и нашата сегашност и го доживуваат ова што се случува низ истата призма како што и ние низ неизвеност ја доживувавме нашата сегашност како помлади. Затоа сакам да се обратам до неколку лица, најмногу до оние скептиците кои секогаш имаат да кажат нешто. Се обраќам до нашата Коалиција, со една реченица – ќе успееме, знам дека е тешко, знам со што се соочувате кога ги гледате институциите во каква ситуација се и државата до кое дереџе е дојдена, но заедно ќе истраеме и ќе успееме. Знам дека верувате во тоа го гледам тоа во вас, имаме важна цел и мора да успееме, заради овие млади луѓе, заради сите млади, заради младите на Македонија од сите етнички, партиски и верски групи, заради сите. Ќе се обратам и на Али Ахмети, но не на начин на кој тој мене ми се обрати, не така одамна. Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Верувај ми дека ќе ти помогнеме. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зјаат празни. Наместо да се полни со луѓе, со твои соседи, роднини пријатели. За 20 години повеќе од 100 илјади Албанци се иселија од државава. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, и да си дофрламе преку јавноста и да подгреваме тензии. Имам попаметна работа од тоа. Знам дека на тебе ти одговара да влегуваш во конфликти сомене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна теснопартиска политика, дај надмини го тоа. Дајте придонесете со проекти, предлози и јас ви ветувам се што значи прогрес и развој на земјата ќе прифатиме. Не е добро секогаш кога ќе бидете опозиција да почнувате етнички теми, а кога ќе сте власт, тогаш да станувате зелена партија. Албанците во земјава живеат лошо, неспорно дел од Албанците го почитуваат Ахмети, зошто тој е таков како што е изминативе 20 години. Но зошто да не ја заслужи и почитта кај дел од Македонците? Покажи визионерство за некои работи, но треба да покаже и визионерство преку проекти, идеи, натпревар на визии. Треба да покажеш дека ја почитуваш Македонија. Помири се опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа. А за тоа што го правеа има институт кој се вика одговорност. Ти ветив и ти ветувам ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од таквите криминални структури. До опозицијата, до кога ќе бидете заложници на истиот ментален склоп. Ајде заедно да ги надминеме поделбите, и наместо дополнително да го делиме народот, да се обединиме преку дебата за проекти и идеи. Не може се што ќе направиме да не чини. Надминете го тоа, суетите и потребата се да се критикува по секоја цена колку и нешто да е добро и корисно. Еве за почеток поддржете ги меркиве за младите. Понатаму предложете и вие мерки, ако постои можност јас ви ветувам ќе ги прифатиме. Конечно сакам да се осврнам на прашањето за членството во Европската Унија. Со издвојувањето на Албанија од Македонија во процесот на пристапување направивте лоша услуга на сите скептици и сите сили кои не веруваат во ЕУ. Ние веруваме во ЕУ. И веруваме во тоа дека членството на Македонија во ЕУ е наш стратешки приоритет. Членството во ЕУ е кохезивен фактор вдолж сите линии на општеството, од етнички, до политички. И недвосмислено сме определени да продолжиме по тој пат. ЕУ во континуитет со вакви потези покажува неправедност кон нас. Иако движењето на Албанија и издвојувањето не значи и нејзино брзо членство во Унијата, нас тоа не ни е прв пат. Бевме во иста група со Бугарија и Романија, потоа со Хрватска, па со Србија и Црна Гора на крај и со Албанија. Јас сум убеден дека ќе се сретнеме пак на тој пак, и тоа им е јасно на сите кои го знаат процесот на проширување и состојбите во ЕУ, но сепак, ние не смееме да дозволиме скептиците да победат и земјата да остане заглавена во геополитичка бесперспективност. Мора членството во Унијата да е живо, процесот да е жив и ние ќе нудиме предлози и решенија за надминување на оваа статус кво ситуација. Истовремено ќе работиме посветено на реформите за членство во Унијата и ќе ја менуваме лошата реалност, тоа е за наше добро и ние сме свесни за тоа. Стравувања дека ова ќе стане заробена држава се беспредметни и дело на внатрешна дневно политичка динамика. На мене лично не ми треба власт по секоја цена, тоа сум го кажал од првиот момент кога станав претседател на на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ која помина исклучително тешки би рекол ненормални предизвици и борби за да дојде до оваа огромна поддршка која ја има денес. Власт не ми треба. Сакам да променам нешто, сакам да подобрам. Тоа е мојата надеж и мојот идеал за кој зборувам од почетокот на овој говор. Сакам да потенцирам дека преку разни институционални канали ќе се обратам и ќе работам со Европската комисија и со нашите партнери за изнаоѓање на решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси, а диктати да биде јасно не прифаќам. За овој процес потребно е и разбирање од Унијата, која очекуваме да покаже еднаква верба во европската иднина на нашиот регион како што е и нашата верба. Македонија и нашите граѓани премногу дадоа и предолго се заожници на билатерални проблеми и барања. Не барам сочувства и изговори. Барам почит за мојот народ! Ние како што споменав планираме да ја вклучиме и опозицијата во процесите, кога ќе дојде време за тоа. Нема да ветуваме работи кои се неостварливи, но и нема да пропутиме да ја консултираме опозицијата и да побараме поддршка за нашите напори. Сепак целите ни се заеднички и немаме дилема околу тоа. Веќе следната недела ќе испратам писмо до сите инволвирани во кое и на таков начин ќе ја обзнанам и потврдам мојата недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање на решение. Јас сум на располагање за идеи и дијалог и тоа сите скептици треба да го знаат. Темите како изолација се повеќе стравови и психолошки товар за скептиците од најразлична провиниенција. Ќе продолжиме напред, се допаѓало тоа некому или не. Драги пријатели, драга моја генерацијо која е иднина на оваа земја. Денес сме тука заедно за да ја прославиме силата, енергијата и потенцијалот на нашата младост. Како претседател на Владата, и како сопруг и татко на двајца синови, ја чувствувам одговорноста да создадам подобра иднина за вас, нашата иднина. Во последните години, младите во светот се соочуваат со предизвици кои не можеме да ги игнорираме. Според податоците на Обединетите нации, глобално, 1 до 5 млади луѓе се без работа, кај нас е слично. Ова не е само статистика, ова се судбини, соништа и потенцијали кои чекаат да бидат остварени. Ние не сме тука да констатираме проблеми, туку и да нудиме решенија. Нашата визија за младите е јасна. Младите се не смао иднина на Македонија туку како што кажав, и нејзина сегашност. Затоа се и програмите и проектите кои ги споменав, а кои ќе ги обезбедиме. Сите ние знаеме дека иновациите не доаѓаат од изолацијата. Младите мора да бидат вклучени во процесите на одлучување, во борбата за подобра иднина и во создавањето на нови решенија. Американскиот претседател Барак Обама еднаш кажа, младите се моторот на промената. Токму за таа промена ние говориме и денес, и говоревме во кампањата. Според истражувањата 90 проценти од младите во светот сметаат дека образованието е клучно за нивната иднина. Затоа се и проеектиет кои ги споменав така конципирани, пристап до технологија, едукација и можност за бизнис за младите. Ние ќе се стремиме секогаш да ги поддржиме амбициите на младите, создавајќи можности од секаков тип. Програмата за млади Младите за Македонија, чиј дел се и споменатите проекти погоре, програма, која институционално и низ реалниот сектор планираме да ја имплементираме ќе отвори многу можности за младите преку разни активности и нивно вклучување во социјални иницијативи и проекти за одржлив развој. Светот е променет. Некои се подготвуваат за преселби на Марс, некои праќаат сонди на месечината, некои создаваат роботи и вештачка интелигенција, живеат во паралелен свет од нашиот полн со предизвици и најбанални егзистенцијални проблеми од типот да не можеш да си извадиш извод од матично и да треба да платиш поткуп од 500 денари за тоа. Светот се дигитализира. Светот оди напред. Ние немаме избор. Или ќе се приклучиме со големи чекори, или ќе не заборави времето. Вие сте нашата иднина, но и нашата надеж. Вие сте силата на Македонија, а нашата задача како влада е да ве поддржиме и да ви обезбедиме алатки за успех. Заедно можеме да ја изградиме Македонија на нашите соништа. Македонија за која ние од нашата генерација како деца при муабети на клупи, по училници, при секој поголем предизвик, сонувавме дека ќе ја имаме и во која мечтаевме дека ќе живееме. Време е за конкренти промени. Време е да застанеме заедно и да се бориме за подобра иднина и да создадеме општество во кое сите млади ќе може да напредуваат. Време е за нова ера.  

The post Мицкоски промовираше мега проекти за млади appeared first on Република.

]]>
Балканот е над просекот: Младите во ЕУ го напуштаат домот на родителите на 26,3 години просечно https://republika.mk/vesti/svet/balkanot-e-nad-prosekot-mladite-vo-eu-go-napushtaat-domot-na-roditelite-na-26-3-godini-prosechno/ Fri, 04 Oct 2024 20:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=822900

Според податоците на „Евростат“ за 2023 година, младите во Европската Унија го напуштаат домот на своите родители на возраст, во просек од 26,3 години. Просечната возраст се разликува меѓу државите-членки поединечно.

Највисока просечна возраст е забележана во Хрватска. Во оваа балканска земја младите во просек остануваат со своите родители до 31,8 години. По Хрватска, висока просечна возраст е забележана и во Словачка (31 година), Грција (30,6), Шпанија (30,4), Италија (30) и Бугарија (30).

Од друга страна, во Cеверна Европа, младите многу порано го напуштаат домот на своите родители, статистички под 23 години. Тука спаѓаат Финска (21,4 години), Данска (21,8), Шведска (21,8) и Естонија (22,8).

По нив следат Холандија, Франција и Германија, каде што просекот е меѓу 23 и 24 години.

The post Балканот е над просекот: Младите во ЕУ го напуштаат домот на родителите на 26,3 години просечно appeared first on Република.

]]>

Според податоците на „Евростат“ за 2023 година, младите во Европската Унија го напуштаат домот на своите родители на возраст, во просек од 26,3 години. Просечната возраст се разликува меѓу државите-членки поединечно. Највисока просечна возраст е забележана во Хрватска. Во оваа балканска земја младите во просек остануваат со своите родители до 31,8 години. По Хрватска, висока просечна возраст е забележана и во Словачка (31 година), Грција (30,6), Шпанија (30,4), Италија (30) и Бугарија (30). Од друга страна, во Cеверна Европа, младите многу порано го напуштаат домот на своите родители, статистички под 23 години. Тука спаѓаат Финска (21,4 години), Данска (21,8), Шведска (21,8) и Естонија (22,8). По нив следат Холандија, Франција и Германија, каде што просекот е меѓу 23 и 24 години.

The post Балканот е над просекот: Младите во ЕУ го напуштаат домот на родителите на 26,3 години просечно appeared first on Република.

]]>
Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-da-se-vratat-mladite-shto-diplomirale-vo-slovenija/ Wed, 25 Sep 2024 11:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=819548

Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во Словенија да се вратат во земјава.

Сакаме да придонесеме во државата, да бидеме тука со нашата фамилија и пријатели, но сакаме да видиме и реални промени, порача еден од студентите на панел на конференција организирана од Амбасадата на Словенија во соработка со нашата Влада, за одливот на младите од земјава и како тие по дипломирањето во Словенија да се вратат за да го вложат својот капацитет и потенцијал за економски развој на нашата држава.

На конференцијата насловена „Од Словенија до Македонија: Синергија на образованието и бизнисот“ тие зборуваа за искуствата и предностите за студирање во Словенија – студентскиот стандард, модерната универзитетска инфраструктура и опременост со лаборатории, платената студентска пракса, можностите за претприемништво…

На конференцијата беше презентирано истражување на Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) од анкета на наши студенти кои студираат на словенечки универзитети. Во учебната 2023/2024, според податоците на МСОС, 1697 македонски студенти се запишале во Словенија каде што им е овозможено бесплатно студирање.

Претседателот на МСОС, Кристијан Поповски, ги презентираше резултатите од истражувањето со причини што ги одвраќаат младите да се вратат дома, заедно со препораки тие да се надминат.

-Младите не си заминуваат само поради можностите за поголеми финансиски примања или, пак, поради тоа што навистина сакаат да си заминат. Иселените млади се чувствуваме како да не можеме да опстоиме во моменталната средина што не опкружува. Станува збор за целокупни промени во образованието и трансформација на процесот на стекнување знаења. Станува збор за недоверба дека некои работи воопшто можат да се променат. Мотивацијата и надежта згаснуваат. Станува збор за недоверба дека институциите и сите ние како општество ќе си ја завршиме својата работа, рече Поповски.

Конференцијата ја отвори словенечкиот амбасадор во земјава Грегор Прескер кој истакна дека во неговата земја има потреба од квалитетен високообразован кадар, но дека тој и е многу потребен и на земјава. За таа цел ја организираат конференцијата со цел, рече, да ги поврзат сите заинтересирани чинители во креирање можности, механизми и услови кои се неопходни младите да се вратат во нивната татковина.

Нагласи дека со конференцијата сакаат да создадат синергија меѓу сите главни чинители – за тие да се запознаат подобро и разменат искуства и во иднина да носат заеднички одлуки со цел да се намали одливот на успешно образовани млади студенти и да се најде начин студентите кои ги завршиле студиите во Словенија да се вратат во земјата.

– Убедени сме дека поголемиот број од нив сакаат да се вратат и со своите знаења и искуство да придонесат за натамошниот севкупен развој на Македонија. Нашата Амбасада има воспоставено одлична соработка со МСОС и, меѓу другото, ги поддржуваме во организирањето годишен настан на кој претставници на организацијата ги споделуваат своите искуства од живеењето и студирањето во Словенија на сите потенцијални идни студенти од Македонија, што е одлична можност да се запознаат со потенцијалот за студирање во Словенија. Денес студентите ги поврзуваме со претставници на извршната власт кои може да ги креираат потребните политики што ќе придонесат за поголема грижа за сите оние кои сакаат да се вратат во земјата… Ги поврзуваме и со претставници на словенечки и македонски компании кои бараат образована и висококвалитетна работна сила за нивното успешно идно работење, рече Прескер.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето истакна дека државата е горда на своите умови, но и длабоко загрижена за растечкиот тренд на иселување на младите.

-Ова мора да се реши. Податоците се алармантни. Причините за нивното заминување се јасни – незадоволство од платите, ограничени можности и недостиг на доверба во институциите. Ова не е Македонија каква што ја посакуваме ниту онаа за која сме посветени да ја изградиме. Мора да се прашаме како можеме да создадеме средина каде младите не само што ќе сакаат да останат, туку ќе се чувствуваат инспирирани да се вратат и да придонесат за иднината на нашата земја. Како да обезбедиме Македонија да понуди исти или дури и подобри можности од оние кои ги наоѓаат надвор. Ова е предизвик кој не можеме да го решиме поединечно. За ова е потребно колективна акција, истакна Божиновска.

Го сподели личното искуство како студент во Чешка пред повеќе од 20 години и дека назад ја повлекла желбата да придонесе за иднината на земјата која ја сака.

Моето враќање не беше само лична одлука, тоа е заложба за вербата дека промената е возможна. Знам дека многу млади кои заминале го чувствуваат истото. Но, за тие да се вратат, мора да создадеме услови кои ќе го направат враќањето не само можност туку и реална шанса, додаде Божиновска.

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески изјави дека приоритет на Владата ќе биде не само да ги задржат младите во земјава туку и да вратат голем дел од тие што заминале со загарантирани ранотни места или со поддршка на нови стартап-компании и да отворат бизнис во Македонија.

Соопшти дека младите панелисти што учествуваа на денешната конференција идната недела ќе бидат поканети во Министерството за економија и труд за, како што рече, помош од нивна страна за изработка на новите мерки за вработување млади луѓе.

The post Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија appeared first on Република.

]]>

Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во Словенија да се вратат во земјава.
Сакаме да придонесеме во државата, да бидеме тука со нашата фамилија и пријатели, но сакаме да видиме и реални промени, порача еден од студентите на панел на конференција организирана од Амбасадата на Словенија во соработка со нашата Влада, за одливот на младите од земјава и како тие по дипломирањето во Словенија да се вратат за да го вложат својот капацитет и потенцијал за економски развој на нашата држава.
На конференцијата насловена „Од Словенија до Македонија: Синергија на образованието и бизнисот“ тие зборуваа за искуствата и предностите за студирање во Словенија – студентскиот стандард, модерната универзитетска инфраструктура и опременост со лаборатории, платената студентска пракса, можностите за претприемништво… На конференцијата беше презентирано истражување на Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) од анкета на наши студенти кои студираат на словенечки универзитети. Во учебната 2023/2024, според податоците на МСОС, 1697 македонски студенти се запишале во Словенија каде што им е овозможено бесплатно студирање. Претседателот на МСОС, Кристијан Поповски, ги презентираше резултатите од истражувањето со причини што ги одвраќаат младите да се вратат дома, заедно со препораки тие да се надминат.
-Младите не си заминуваат само поради можностите за поголеми финансиски примања или, пак, поради тоа што навистина сакаат да си заминат. Иселените млади се чувствуваме како да не можеме да опстоиме во моменталната средина што не опкружува. Станува збор за целокупни промени во образованието и трансформација на процесот на стекнување знаења. Станува збор за недоверба дека некои работи воопшто можат да се променат. Мотивацијата и надежта згаснуваат. Станува збор за недоверба дека институциите и сите ние како општество ќе си ја завршиме својата работа, рече Поповски.
Конференцијата ја отвори словенечкиот амбасадор во земјава Грегор Прескер кој истакна дека во неговата земја има потреба од квалитетен високообразован кадар, но дека тој и е многу потребен и на земјава. За таа цел ја организираат конференцијата со цел, рече, да ги поврзат сите заинтересирани чинители во креирање можности, механизми и услови кои се неопходни младите да се вратат во нивната татковина. Нагласи дека со конференцијата сакаат да создадат синергија меѓу сите главни чинители – за тие да се запознаат подобро и разменат искуства и во иднина да носат заеднички одлуки со цел да се намали одливот на успешно образовани млади студенти и да се најде начин студентите кои ги завршиле студиите во Словенија да се вратат во земјата.
– Убедени сме дека поголемиот број од нив сакаат да се вратат и со своите знаења и искуство да придонесат за натамошниот севкупен развој на Македонија. Нашата Амбасада има воспоставено одлична соработка со МСОС и, меѓу другото, ги поддржуваме во организирањето годишен настан на кој претставници на организацијата ги споделуваат своите искуства од живеењето и студирањето во Словенија на сите потенцијални идни студенти од Македонија, што е одлична можност да се запознаат со потенцијалот за студирање во Словенија. Денес студентите ги поврзуваме со претставници на извршната власт кои може да ги креираат потребните политики што ќе придонесат за поголема грижа за сите оние кои сакаат да се вратат во земјата… Ги поврзуваме и со претставници на словенечки и македонски компании кои бараат образована и висококвалитетна работна сила за нивното успешно идно работење, рече Прескер.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето истакна дека државата е горда на своите умови, но и длабоко загрижена за растечкиот тренд на иселување на младите.
-Ова мора да се реши. Податоците се алармантни. Причините за нивното заминување се јасни – незадоволство од платите, ограничени можности и недостиг на доверба во институциите. Ова не е Македонија каква што ја посакуваме ниту онаа за која сме посветени да ја изградиме. Мора да се прашаме како можеме да создадеме средина каде младите не само што ќе сакаат да останат, туку ќе се чувствуваат инспирирани да се вратат и да придонесат за иднината на нашата земја. Како да обезбедиме Македонија да понуди исти или дури и подобри можности од оние кои ги наоѓаат надвор. Ова е предизвик кој не можеме да го решиме поединечно. За ова е потребно колективна акција, истакна Божиновска.
Го сподели личното искуство како студент во Чешка пред повеќе од 20 години и дека назад ја повлекла желбата да придонесе за иднината на земјата која ја сака.
Моето враќање не беше само лична одлука, тоа е заложба за вербата дека промената е возможна. Знам дека многу млади кои заминале го чувствуваат истото. Но, за тие да се вратат, мора да создадеме услови кои ќе го направат враќањето не само можност туку и реална шанса, додаде Божиновска.
Заменик-министерот за економија Марјан Ристески изјави дека приоритет на Владата ќе биде не само да ги задржат младите во земјава туку и да вратат голем дел од тие што заминале со загарантирани ранотни места или со поддршка на нови стартап-компании и да отворат бизнис во Македонија. Соопшти дека младите панелисти што учествуваа на денешната конференција идната недела ќе бидат поканети во Министерството за економија и труд за, како што рече, помош од нивна страна за изработка на новите мерки за вработување млади луѓе.  

The post Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија appeared first on Република.

]]>
Заедно со институциите на државата, младите мора да бидат дел од процесот и да дизајнираат решенија https://republika.mk/zivot/zaedno-so-institutsiite-na-drzhavata-mladite-mora-da-bidat-del-od-protsesot-i-da-dizajniraat-reshenija/ Mon, 02 Sep 2024 18:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=812400

Денеска Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги презентираше наодите од истражувањето со наслов „Перцепции, ставови и предизвици на младите во Македонија“. Настанот, кој се одржа во хотелот „Александар Палас“, ја истакна клучната важност на улогата на младите во обликувањето на безбедносниот и сигурносниот пејзаж на државата.

Амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го отвори настанот подвлекувајќи ја посветеноста на Мисијата кон младите и истакнувајќи ја важноста од вклученоста на младите во напорите за мир и безбедност.

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги поддржува младите низ сите димензии на нашата работа, опремувајќи ги со вештините кои им се потребни, давајќи им платформи да го кренат својот глас и работејќи со нив со цел да се обрне внимание на прашања кои им пречат. Гласовите на младите се важни во одржувањето на мирот и безбедноста“, изјави амбасадорот Вал.

Тој истакна дека истражувањето ја покажува клучната важност на вклученоста на младите не само за да се вклучат нивните перспективи, туку да бидат активно ангажирани во идентификувањето и обраќањето внимание на безбедносните ризици на локално и национално ниво.

„Заедно со институциите на државата, младите мора да бидат дел од процесот да обрнат внимание на овие прашања и да дизајнираат решенија. Ова истражува прави обид да биде повеќе од само една колекција и анализа на податоци = тоа е повик за дејствување“, додаде Вал.

Истражувањето содржи детална анализа на младинските перспективи во однос на безбедносни прашања, вклучително и насилство, сајбер-малтретирање и маргинализација. Во него се открива дека многу млади во Македонија се чувствуваат исклучени од процесите на носење одлуки и дека им недостасува доверба во институционалните одговори. Наодите исто така ја истакнуваат загрижувачката распространетост на насилство кај младите, посебно помеѓу младите жени и девојчиња, подвлекувајќи ја потребата за родово сензитивен пристап при креирањето политики.

По презентацијата следеше и панел-дискусија, на која учествуваа клучни засегнати страни како заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исеини, претседателот на Младинскиот образовен форум, Ристо Савески и заменик-претседателот на Унијата на средношколци, Ива Трпески. Панелистите зборуваа за начините кои може да ги подобрат перцепциите на младите за безбедност и да го подобрат дијалогот помеѓу младите луѓе и властите.

Овој настан е клучен чекор кон спроведувањето на Националната стратегија за млади (2023-2027) и нејзиниот Акциски план. Мисијата на ОБСЕ во Скопје останува посветена на соработување со националните институции да развијат ефективни механизми за спречување и обраќање внимание на насилство кај младите и за зајакнување на младинската вклученост во безбедносните работи.

The post Заедно со институциите на државата, младите мора да бидат дел од процесот и да дизајнираат решенија appeared first on Република.

Премиерот Мицкоски ги прими младите кошаркари кои на Македонија и донесоа злато https://republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-gi-primi-mladite-kosharkari-koi-na-makedonija-i-donesoa-zlato/ Mon, 05 Aug 2024 12:21:22 +0000 https://republika.mk/?p=803526

Денес ја имав честа да ги примам нашите млади херои кои донесоа злато.
8:0 на Европскиот шампионат во кошарка за возраст до 18 години, Б дивизија и златен медал.
Македонија е горда на нивниот успех. Дело кое треба да се следи, објави на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

The post Премиерот Мицкоски ги прими младите кошаркари кои на Македонија и донесоа злато appeared first on Република.

]]>

Денес ја имав честа да ги примам нашите млади херои кои донесоа злато. 8:0 на Европскиот шампионат во кошарка за возраст до 18 години, Б дивизија и златен медал. Македонија е горда на нивниот успех. Дело кое треба да се следи, објави на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

The post Премиерот Мицкоски ги прими младите кошаркари кои на Македонија и донесоа злато appeared first on Република.

]]>
32 младинци ќе учествуваат на работилници на филмски фестивали во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ https://republika.mk/scena/film/32-mladintsi-ke-uchestvuvaat-na-rabotilnitsi-na-filmski-festivali-vo-ramkite-na-proektot-kultura-i-kreativnost-za-zapaden-balkan/ Mon, 22 Jul 2024 08:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=799101

Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts.

На повикот беа пријавени 40 младинци од кои 33 девојки и 7 момчиња од кои 16 од Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, 5 од Србија, по 2 од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Осумте младинци кои не беа поддржани, не добија потврда дека се примени да учествуваат на филмски фестивали.

На отворениот повик за мобилност, патните трошоци за учество на Младинскиот филмски фестивал во Сараево ќе бидат покриени за 24 младинци од кои 12 се од Босна и Херцеговина, 8 од Македонија и 4 од Србија. Поддржани се уште седум учесници се поддржани да патуваат во Ужице, Србија на Teen Doc работилницата во рамките на Филмскиот фестивал за документарни филмови „Интеракција“. На оваа работилница ќе одат по два учесника од Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија и еден учесник од Црна Гора.

„Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts, мотивирана од големиот интерес продолжува со поддршката за младите таленти од Западен Балкан.

The post 32 младинци ќе учествуваат на работилници на филмски фестивали во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts. На повикот беа пријавени 40 младинци од кои 33 девојки и 7 момчиња од кои 16 од Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, 5 од Србија, по 2 од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Осумте младинци кои не беа поддржани, не добија потврда дека се примени да учествуваат на филмски фестивали. На отворениот повик за мобилност, патните трошоци за учество на Младинскиот филмски фестивал во Сараево ќе бидат покриени за 24 младинци од кои 12 се од Босна и Херцеговина, 8 од Македонија и 4 од Србија. Поддржани се уште седум учесници се поддржани да патуваат во Ужице, Србија на Teen Doc работилницата во рамките на Филмскиот фестивал за документарни филмови „Интеракција“. На оваа работилница ќе одат по два учесника од Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија и еден учесник од Црна Гора. „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание. Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts, мотивирана од големиот интерес продолжува со поддршката за младите таленти од Западен Балкан.  

The post 32 младинци ќе учествуваат на работилници на филмски фестивали во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Речиси четвртина од младите во Србија се соочиле со депресија и анксиозност https://republika.mk/vesti/balkan/rechisi-chetvrtina-od-mladite-vo-srbija-se-soochile-so-depresija-i-anksioznost/ Tue, 02 Jul 2024 11:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=792765

Речиси една четвртина од младите во Србија се соочиле со депресија и анксиозност, а половина се обраќаат кај професионалец за некаква психолошка поддршка, покажува националното истражување за животните и здравствените навики на дваесетгодишниците, спроведено од „Здрави дваесетти “ платформа на компанијата Галеника, пренесе Бета.

Како периоди на интензивна вознемиреност, младите ги наведоа ситуациите кога треба да донесат важни животни одлуки, како запишување на факултет, а како уште еден психолошки проблем, исцрпеност и проблеми со концентрацијата, особено за време на испитните периоди, кои најчесто се решаваат со пиење кафе или енергетски пијалоци.

Истражувањето покажа дека четвртина од младите мислат дека се грижат за своето здравје, додека речиси двојно повеќе од нив изјавиле дека се трудат да ги подобрат своите навики. Повеќето од испитаниците го промениле начинот на живот во претходната година - во таа смисла испитаниците истакнуваат дека повеќе се движат, повеќе внимаваат на исхраната, почесто се занимаваат со спорт или физичка активност и помалку консумираат алкохол.

Истражувањето за животните навики на дваесетгодишниците било спроведено од јануари до февруари на примерок од 600 испитаници од цела Србија.

The post Речиси четвртина од младите во Србија се соочиле со депресија и анксиозност appeared first on Република.

]]>

Речиси една четвртина од младите во Србија се соочиле со депресија и анксиозност, а половина се обраќаат кај професионалец за некаква психолошка поддршка, покажува националното истражување за животните и здравствените навики на дваесетгодишниците, спроведено од „Здрави дваесетти “ платформа на компанијата Галеника, пренесе Бета. Како периоди на интензивна вознемиреност, младите ги наведоа ситуациите кога треба да донесат важни животни одлуки, како запишување на факултет, а како уште еден психолошки проблем, исцрпеност и проблеми со концентрацијата, особено за време на испитните периоди, кои најчесто се решаваат со пиење кафе или енергетски пијалоци. Истражувањето покажа дека четвртина од младите мислат дека се грижат за своето здравје, додека речиси двојно повеќе од нив изјавиле дека се трудат да ги подобрат своите навики. Повеќето од испитаниците го промениле начинот на живот во претходната година - во таа смисла испитаниците истакнуваат дека повеќе се движат, повеќе внимаваат на исхраната, почесто се занимаваат со спорт или физичка активност и помалку консумираат алкохол. Истражувањето за животните навики на дваесетгодишниците било спроведено од јануари до февруари на примерок од 600 испитаници од цела Србија.

The post Речиси четвртина од младите во Србија се соочиле со депресија и анксиозност appeared first on Република.

]]>
Oд година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот во Македонија, покажа анкетата на „Дететктор“ https://republika.mk/vesti/makedonija/od-godina-vo-godina-mladite-se-se-pomalku-aktivni-vo-opshtestveniot-zhivot-vo-makedonija-pokazha-anketata-na-detetktor/ Sun, 02 Jun 2024 15:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=784195

Младинскиот активизам е на незадоволително ниво, а од година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 66,3 отсто од граѓаните сметаат дека младинскиот активизам во државата не е на задоволително ниво, додека добро ниво гледаат само 21,9 проценти.

Споредено со пред 5 до 10 години, 60 отсто од граѓаните сметаат дека денеска младите се помалку активни во општествениот живот, 23,6 проценти не гледаат разлика, а само 7,7 отсто детектирале поголема активност на младите во споредба со периодот од пред 5 до 10 години.

-Анализата по возрасна структура не дава некои големи отстапувања бидејќи сите возрасни групи во прилично големо мнозинство го делат ставот дека во последните години активизмот на младите дополнително опаѓа, заклучуваат од „Детектор“.

Сепак, поголемиот дел од граѓаните или 49,2 отсто сметаат дека младите се активни во политичките партии, додека 30,9 проценти не се согласуваат со тоа.

– Интересно е што со овој став на сите граѓани не се согласуваат студентите каде близу две третини се на ставот дека младите не се доволно активни во политичките партии, истакнуваат од „Детектор“.

Слични се одговорите и за активизмот на младите во невладиниот сектор, иако тука мнозинството од 45,5 отсто е на ставот дека младите не се доволно активни, што е нешто под оние 58 проценти студенти кои го делат истиот став.

-Очекувано, според граѓаните младите се активни во спортот. Ваков став делат 60 отсто од анкетираните додека 30,2 проценти се убедени во спротивното. Граѓаните прашани каде младите се најактивни во големо мнозинство од 41,1 проценти рекле дека тоа е спортот. 15,6 отсто се определиле за политичките партии, 6,1 проценти за хуманитарни акции а само 3 отсто за еколошки акции, посочуваат од „Детектор“.

Анкетата по нарачка на „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

The post Oд година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот во Македонија, покажа анкетата на „Дететктор“ appeared first on Република.

]]>

Младинскиот активизам е на незадоволително ниво, а од година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 66,3 отсто од граѓаните сметаат дека младинскиот активизам во државата не е на задоволително ниво, додека добро ниво гледаат само 21,9 проценти. Споредено со пред 5 до 10 години, 60 отсто од граѓаните сметаат дека денеска младите се помалку активни во општествениот живот, 23,6 проценти не гледаат разлика, а само 7,7 отсто детектирале поголема активност на младите во споредба со периодот од пред 5 до 10 години. -Анализата по возрасна структура не дава некои големи отстапувања бидејќи сите возрасни групи во прилично големо мнозинство го делат ставот дека во последните години активизмот на младите дополнително опаѓа, заклучуваат од „Детектор“. Сепак, поголемиот дел од граѓаните или 49,2 отсто сметаат дека младите се активни во политичките партии, додека 30,9 проценти не се согласуваат со тоа. – Интересно е што со овој став на сите граѓани не се согласуваат студентите каде близу две третини се на ставот дека младите не се доволно активни во политичките партии, истакнуваат од „Детектор“. Слични се одговорите и за активизмот на младите во невладиниот сектор, иако тука мнозинството од 45,5 отсто е на ставот дека младите не се доволно активни, што е нешто под оние 58 проценти студенти кои го делат истиот став. -Очекувано, според граѓаните младите се активни во спортот. Ваков став делат 60 отсто од анкетираните додека 30,2 проценти се убедени во спротивното. Граѓаните прашани каде младите се најактивни во големо мнозинство од 41,1 проценти рекле дека тоа е спортот. 15,6 отсто се определиле за политичките партии, 6,1 проценти за хуманитарни акции а само 3 отсто за еколошки акции, посочуваат од „Детектор“. Анкетата по нарачка на „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.  

The post Oд година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот во Македонија, покажа анкетата на „Дететктор“ appeared first on Република.

]]>
Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми https://republika.mk/vesti/makedonija/popov-vmro-dpmne-nema-da-si-igra-so-chuvstvata-na-mladite-ke-gi-reshavame-nivnite-problemi/ Sun, 02 Jun 2024 14:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=784187

„За жал изминатите 5 до 10 години бевме сведоци на апатија од страна на младите луѓе која како УМС на ВМРО-ДПМНЕ се обидувавме да ја победиме и на крајот успеавме во тоа со оглед на резултатот на парламентарните избори. Апатијата се должи на тоа што во многу наврати се јаваше на незадоволството на младите и им се ветуваа работи реално кои не можеа да им се сервираа и предизвикаа апатија кај младите луѓе“, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов во гостување во Детектор на Сител ТВ.

Тој продолжи и додаде:

Како ВМРО-ДПМНЕ и УМС на ВМРО-ДПМНЕ многу внимававме што ќе им понудиме на младите луѓе за да не предизвикаме повторно младите луѓе да се почувствуваат изневерено. Во програмата немаме ветено апстрактни проекти туку реални проекти“, рече Попов.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да игра со чувствата на младите.

Како ВМРО-ДПМНЕ нема да си играме со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми реално и нема да им ветуваме нереални работи“, заклучи Попов.

The post Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми appeared first on Република.

]]>

„За жал изминатите 5 до 10 години бевме сведоци на апатија од страна на младите луѓе која како УМС на ВМРО-ДПМНЕ се обидувавме да ја победиме и на крајот успеавме во тоа со оглед на резултатот на парламентарните избори. Апатијата се должи на тоа што во многу наврати се јаваше на незадоволството на младите и им се ветуваа работи реално кои не можеа да им се сервираа и предизвикаа апатија кај младите луѓе“, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов во гостување во Детектор на Сител ТВ. Тој продолжи и додаде:
Како ВМРО-ДПМНЕ и УМС на ВМРО-ДПМНЕ многу внимававме што ќе им понудиме на младите луѓе за да не предизвикаме повторно младите луѓе да се почувствуваат изневерено. Во програмата немаме ветено апстрактни проекти туку реални проекти“, рече Попов.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да игра со чувствата на младите.
Како ВМРО-ДПМНЕ нема да си играме со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми реално и нема да им ветуваме нереални работи“, заклучи Попов.
 
The post Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми appeared first on Република.

]]>
Попов: Нашите пратеници ќе ги решат проблемите на младите https://republika.mk/vesti/makedonija/popov-nashite-pratenitsi-ke-gi-reshat-problemite-na-mladite/ Mon, 13 May 2024 20:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=777760

„Како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително задоволен што успеавме заедно со сите млади луѓе најпрвин да ја победиме апатијата околу тоа дека воопшто не треба да се учествува во политика и дека политиката е нешто гнасно“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24ТВ.

И затоа младите луѓе во рекорден број масовно излегоа на овие избори. Младите луѓе сепак на овие избори излегоа и гласаа, заклучи тој.

Попов додаде дека младите луѓе ја препознаа искрената понуда на ВМРО-ДПМНЕ и за нејзе гласаа.

ВМРО-ДПМНЕ имаше искрена понуда, таа не беше поткрепена на лажни ветувања. ВМРО-ДПМНЕ имаше понуда на она што е реално и она што може да се направи“, нагласи тој.

Тој посочи дека младите можат да бидат на сигурно со ВМРО-ДПМНЕ.

Кога зборуваме за вклученост на младите луѓе во политика и за новиот парламентарен состав сакам да истакнам дека ние како млади политичари цело време бараме да бидеме што е можно повеќе вклучени во Парламентот, Советите итн. Но, мислам дека е многу поважно кога ќе влеземе таму да покажеме што знаеме“, рече Попов.

„УМС на ВМРО-ДПМНЕ под мое раководство изминатите три години поднесовме над 10-тина амандмани во Собранието на Република Македонија преку нашата пратеничка група за сите прашања релевантни за младите луѓе имавме реакција. Но, најважно од се пробувавме работите да ги решаваме институционално“, потсети тој.

Попов нагласи дека младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите, ќе ги решаваат младинските проблеми од реалниот живот кон македонските институции, а во оваа ситуација тоа е македонскиот Парламент.

The post Попов: Нашите пратеници ќе ги решат проблемите на младите appeared first on Република.

]]>

„Како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително задоволен што успеавме заедно со сите млади луѓе најпрвин да ја победиме апатијата околу тоа дека воопшто не треба да се учествува во политика и дека политиката е нешто гнасно“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24ТВ.
И затоа младите луѓе во рекорден број масовно излегоа на овие избори. Младите луѓе сепак на овие избори излегоа и гласаа, заклучи тој.
Попов додаде дека младите луѓе ја препознаа искрената понуда на ВМРО-ДПМНЕ и за нејзе гласаа.
ВМРО-ДПМНЕ имаше искрена понуда, таа не беше поткрепена на лажни ветувања. ВМРО-ДПМНЕ имаше понуда на она што е реално и она што може да се направи“, нагласи тој.
Тој посочи дека младите можат да бидат на сигурно со ВМРО-ДПМНЕ.
Кога зборуваме за вклученост на младите луѓе во политика и за новиот парламентарен состав сакам да истакнам дека ние како млади политичари цело време бараме да бидеме што е можно повеќе вклучени во Парламентот, Советите итн. Но, мислам дека е многу поважно кога ќе влеземе таму да покажеме што знаеме“, рече Попов.
„УМС на ВМРО-ДПМНЕ под мое раководство изминатите три години поднесовме над 10-тина амандмани во Собранието на Република Македонија преку нашата пратеничка група за сите прашања релевантни за младите луѓе имавме реакција. Но, најважно од се пробувавме работите да ги решаваме институционално“, потсети тој. Попов нагласи дека младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите, ќе ги решаваат младинските проблеми од реалниот живот кон македонските институции, а во оваа ситуација тоа е македонскиот Парламент.

The post Попов: Нашите пратеници ќе ги решат проблемите на младите appeared first on Република.

]]>
Бесплатни работилници за филм за млади од 15 до 25 години https://republika.mk/scena/film/besplatni-rabotilnitsi-za-film-za-mladi-od-15-do-25-godini/ Thu, 09 May 2024 07:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=776142

Едукацијата на млади таленти од областа на филмот е целта на мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts што е формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на Британскиот совет. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на фестивалот и кампот за документарни филмови Интеракција), Здружението на млади уметници од Сараево, БиХ (организатор на Telemach Omladinski Filmski Festival), PriFest од Приштина, Косово (Организатор на PriFest International Film Festival) и Подгорица филм фестивал од Црна Гора, (организатор на истоимениот фестивал).

Во текот на годинава во склоп на фестивалите на мрежата ќе се реализираат 10 креативни работилници за младите таленти од Западен Балкан на кои ги развиваат и снимаат своите први кратки или долгометражни филмови.

Во тек е повикот за првата онлајн-работилница за развој на први филмови со експерти од платформата First Film First (www.firstfilmsfirst.com). Повикот е отворен најдоцна до 15 мај за млади помеѓу 15 и 25 години, кои имаат идеја или сценарио за снимање на краток филм. Работилницата ќе почне во втората половина на мај со повеќе учесници и ќе се реализира во 5 работни дена во тек на две недели (според потребите и напредокот на проектите).

Во јуни на втората работилница ќе се квалификуваат најдобрите проекти од првата работилница како и понапредни проекти кои се спремни за продукција и ќе може да се пријават дирекно за втората работилница. Овие две работилници ќе се реализираат на зум-платформата. Можат да се пријават средношколци, студенти од филмски и сродни факултети (филмска и телевизиска режија, продукција, камера, монтажа, сценарио/драматургија), инфлуенсери, професионалци, полупрофесионалци или аматери од Западен Балкан. Работилниците се бесплатни за сите учесници, а познавањето на англискиот јазик е задолжително. Повеќе за работилниците и за начинот на пријавување, на следниот ЛИНК.

Учеството на работилниците вклучува едукација, интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои споделуваат заеднички интереси во производството на видео содржини со подготвеност за тимска работа под надзор на менторите. Најдобрите три кратки филмски проекти како награда ќе добијат поддршка со бесплатно користење на опрема за снимање на филмовите (6K камера, објективи, тон и др.) .

Проектот исто така предвидува и поддршка за мобилност при што на најмалку 20 млади филмаџии ќе им бидат покриени патните трошоци за да учествуваат на креативни работилници во други земји каде ќе ги прошируваат своите знаења и ќе ги развиваат нивните идни проекти. Ова е единствена можност за младите таленти од Западен Балкан да ги развиваат и снимат своите први кратки филмови со поддршка од филмски експерти.

Мрежата EDU CUTS опфаќа филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на младите таленти. (www.educuts.com)

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Бесплатни работилници за филм за млади од 15 до 25 години appeared first on Република.

]]>

Едукацијата на млади таленти од областа на филмот е целта на мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts што е формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на Британскиот совет. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на фестивалот и кампот за документарни филмови Интеракција), Здружението на млади уметници од Сараево, БиХ (организатор на Telemach Omladinski Filmski Festival), PriFest од Приштина, Косово (Организатор на PriFest International Film Festival) и Подгорица филм фестивал од Црна Гора, (организатор на истоимениот фестивал). Во текот на годинава во склоп на фестивалите на мрежата ќе се реализираат 10 креативни работилници за младите таленти од Западен Балкан на кои ги развиваат и снимаат своите први кратки или долгометражни филмови. Во тек е повикот за првата онлајн-работилница за развој на први филмови со експерти од платформата First Film First (www.firstfilmsfirst.com). Повикот е отворен најдоцна до 15 мај за млади помеѓу 15 и 25 години, кои имаат идеја или сценарио за снимање на краток филм. Работилницата ќе почне во втората половина на мај со повеќе учесници и ќе се реализира во 5 работни дена во тек на две недели (според потребите и напредокот на проектите). Во јуни на втората работилница ќе се квалификуваат најдобрите проекти од првата работилница како и понапредни проекти кои се спремни за продукција и ќе може да се пријават дирекно за втората работилница. Овие две работилници ќе се реализираат на зум-платформата. Можат да се пријават средношколци, студенти од филмски и сродни факултети (филмска и телевизиска режија, продукција, камера, монтажа, сценарио/драматургија), инфлуенсери, професионалци, полупрофесионалци или аматери од Западен Балкан. Работилниците се бесплатни за сите учесници, а познавањето на англискиот јазик е задолжително. Повеќе за работилниците и за начинот на пријавување, на следниот ЛИНК. Учеството на работилниците вклучува едукација, интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои споделуваат заеднички интереси во производството на видео содржини со подготвеност за тимска работа под надзор на менторите. Најдобрите три кратки филмски проекти како награда ќе добијат поддршка со бесплатно користење на опрема за снимање на филмовите (6K камера, објективи, тон и др.) . Проектот исто така предвидува и поддршка за мобилност при што на најмалку 20 млади филмаџии ќе им бидат покриени патните трошоци за да учествуваат на креативни работилници во други земји каде ќе ги прошируваат своите знаења и ќе ги развиваат нивните идни проекти. Ова е единствена можност за младите таленти од Западен Балкан да ги развиваат и снимат своите први кратки филмови со поддршка од филмски експерти. Мрежата EDU CUTS опфаќа филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на младите таленти. (www.educuts.com) Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Бесплатни работилници за филм за млади од 15 до 25 години appeared first on Република.

]]>
Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија https://republika.mk/vesti/skopje/mladite-se-silata-energija-i-idninata-na-vmro-dpmne-i-makedonija/ Fri, 03 May 2024 13:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=773810

Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА!, пишува на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски.

Попладнево продолживме на дружење со младите од Бутел!

Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА!

Подготвени заедно да ја донесеме најголемата двојна победа!

Ќе победиме за нашата Македонија, за сигурна и стабилна иднина на секој млад човек!

The post Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија appeared first on Република.

]]>

Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА!, пишува на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски.
Попладнево продолживме на дружење со младите од Бутел! Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА! Подготвени заедно да ја донесеме најголемата двојна победа! Ќе победиме за нашата Македонија, за сигурна и стабилна иднина на секој млад човек!

The post Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија appeared first on Република.

]]>
Анкета: Една четвртина од младите се „загрижувачки пречесто“ на социјалните медиуми https://republika.mk/vesti/makedonija/anketa-edna-chetvrtina-od-mladite-se-zagrizhuvachki-prechesto-na-sotsijalnite-mediumi/ Thu, 18 Apr 2024 08:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=767401

Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не е вообичаено. Се сметаат за способни да препознаат дезинформации во медиумите, но повеќе од половината можеби споделиле дезинформации без да знаат. Според младите, политиката и политичките партии се извор на најмногу неточни или погрешни информации. Додека нивните политичките ставови за општествените случувања во државата се нечујни.

Ова го покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии (ИКС) во пресрет на претседателските и парламентарните избори, чија цел е да се утврдат навиките за користење на медиумите и вестите кај младите луѓе, нивната способност да ги препознаваат дезинформациите во медиумите и како се граѓански и политички ангажирани.

Младите почесто пасивно ги консумираат вестите, односно почесто наидуваат на вести додека прават други работи отколку што активно ги бараат и ги проверуваат информациите. Читањето вести често ги предизвикува да ги споделуваат усно или онлајн со пријатели и колеги и да ги читаат коментарите од други луѓе на вестите на социјалните медиуми, а поретко практикуваат директно и јавно да реагираат со свое пишано мислење за одредена вест. Во однос на темите, кај младите постои помал интерес за политичките случувања во државата, економијата и социјалната правда, а забележале неточни или погрешни информации за политика, познати личности и за криминал и корупција.

Кај младите луѓе се забележува критичен однос кон вистинитоста на споделените информации, но и мала насоченост кон идентификување на емоционалниот тон на веста, на што треба да се посвети повеќе внимание при едукациите за медиумска писменост. Тие за себе мислат дека се успешни во препознавањето на дезинформациите, иако над половина (51 %) одговориле дека можеби споделиле без да знаат дека е дезинформација. Само 13,4 % сметаат дека поголем дел од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а 34,3 % пријавиле присуство на дезинформации во медиумите. Речиси 2/3 од младите испитаници сметаат дека главни креатори на дезинформациите се политичките партии.

Кај испитаните млади луѓе се забележува изразена заинтересираност за јавните работи. Во однос на нивниот граѓански ангажман, над половина (53 %) од испитаниците биле вклучени во некаков вид волонтерска активност за решавање на локалните проблеми. Во поглед на изборниот ангажман, 39,8 % испитаници се изјаснија дека редовно гласаат, а понекогаш гласаат 16,7 %. Но, кога беа прашани за нивниот „политички глас“, најчест одговор на младите испитаници е „Не сум го направил/а тоа“ за серија понудени активности што претставуваат манифестација на политички ставови во однос на определени општествени случувања, како што се: акции за собирање средства во добротворни цели, учество во протест, средба со некој политичар функционер, потпишување писмена петиција, бојкотирање компанија поради нејзините општествени вредности и сл.

Во однос на употребата на социјалните медиуми, 5 % од испитаниците спаѓаат во критичната група на висока зависност од социјални медиуми, но забележителен е и процентот на испитаниците (19 %) што се блиску до критичниот резултат за дијагностицирање на ваквата зависност. Кај луѓето што се зависни од социјалните медиуми може да се забележи појава на вознемиреност, особено кога нема достапност до социјалните мрежи, постојано се проверува телефонот кога ќе се слушне звукот за известување, при поставување слика на профилите постојано се проверуваат коментарите и лајковите, користењето на социјалните медиуми е првото и последното нешто во денот, односно вообичаена рутина, а настаните се проценуваат според тоа колку се вредни за „прикачување“.

Анкетниот прашалник е спроведен во периодот од декември 2023 до март 2024 година на примерок од 345 испитаници на возраст од 18 до 29 години со различни демографски и социоекономски карактеристики (средношколци, студенти, невработени и вработени). Истражувањето е дел од проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

The post Анкета: Една четвртина од младите се „загрижувачки пречесто“ на социјалните медиуми appeared first on Република.

]]>

Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не е вообичаено. Се сметаат за способни да препознаат дезинформации во медиумите, но повеќе од половината можеби споделиле дезинформации без да знаат. Според младите, политиката и политичките партии се извор на најмногу неточни или погрешни информации. Додека нивните политичките ставови за општествените случувања во државата се нечујни. Ова го покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии (ИКС) во пресрет на претседателските и парламентарните избори, чија цел е да се утврдат навиките за користење на медиумите и вестите кај младите луѓе, нивната способност да ги препознаваат дезинформациите во медиумите и како се граѓански и политички ангажирани. Младите почесто пасивно ги консумираат вестите, односно почесто наидуваат на вести додека прават други работи отколку што активно ги бараат и ги проверуваат информациите. Читањето вести често ги предизвикува да ги споделуваат усно или онлајн со пријатели и колеги и да ги читаат коментарите од други луѓе на вестите на социјалните медиуми, а поретко практикуваат директно и јавно да реагираат со свое пишано мислење за одредена вест. Во однос на темите, кај младите постои помал интерес за политичките случувања во државата, економијата и социјалната правда, а забележале неточни или погрешни информации за политика, познати личности и за криминал и корупција. Кај младите луѓе се забележува критичен однос кон вистинитоста на споделените информации, но и мала насоченост кон идентификување на емоционалниот тон на веста, на што треба да се посвети повеќе внимание при едукациите за медиумска писменост. Тие за себе мислат дека се успешни во препознавањето на дезинформациите, иако над половина (51 %) одговориле дека можеби споделиле без да знаат дека е дезинформација. Само 13,4 % сметаат дека поголем дел од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а 34,3 % пријавиле присуство на дезинформации во медиумите. Речиси 2/3 од младите испитаници сметаат дека главни креатори на дезинформациите се политичките партии. Кај испитаните млади луѓе се забележува изразена заинтересираност за јавните работи. Во однос на нивниот граѓански ангажман, над половина (53 %) од испитаниците биле вклучени во некаков вид волонтерска активност за решавање на локалните проблеми. Во поглед на изборниот ангажман, 39,8 % испитаници се изјаснија дека редовно гласаат, а понекогаш гласаат 16,7 %. Но, кога беа прашани за нивниот „политички глас“, најчест одговор на младите испитаници е „Не сум го направил/а тоа“ за серија понудени активности што претставуваат манифестација на политички ставови во однос на определени општествени случувања, како што се: акции за собирање средства во добротворни цели, учество во протест, средба со некој политичар функционер, потпишување писмена петиција, бојкотирање компанија поради нејзините општествени вредности и сл. Во однос на употребата на социјалните медиуми, 5 % од испитаниците спаѓаат во критичната група на висока зависност од социјални медиуми, но забележителен е и процентот на испитаниците (19 %) што се блиску до критичниот резултат за дијагностицирање на ваквата зависност. Кај луѓето што се зависни од социјалните медиуми може да се забележи појава на вознемиреност, особено кога нема достапност до социјалните мрежи, постојано се проверува телефонот кога ќе се слушне звукот за известување, при поставување слика на профилите постојано се проверуваат коментарите и лајковите, користењето на социјалните медиуми е првото и последното нешто во денот, односно вообичаена рутина, а настаните се проценуваат според тоа колку се вредни за „прикачување“. Анкетниот прашалник е спроведен во периодот од декември 2023 до март 2024 година на примерок од 345 испитаници на возраст од 18 до 29 години со различни демографски и социоекономски карактеристики (средношколци, студенти, невработени и вработени). Истражувањето е дел од проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

The post Анкета: Една четвртина од младите се „загрижувачки пречесто“ на социјалните медиуми appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-manifestot-na-sdmm-e-kreatsija-na-mladite-koi-sakaaat-da-ja-kreiraat-idninata-vo-evropska-drzhava/ Mon, 15 Apr 2024 19:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=766455

Ние денес се бориме за младите да имаат подобро утре, подобри услови за живот, а Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на денешната промоција на Манифестот подготвен од Социјалдемократската младина на Македонија.

Во однос на мерките што до сега се преземени за младите, Ковачевски потенцираше дека во изминатиот период се потпиша договор за реновирање на сите студентски домови во државата, неколкукратно се зголеми и се израмни висината на стипендиите кои студентите ги добиваат. Ако порано стипендиите беа од 2.000 до 3000 денари, сега нема стипендија која е пониска од 6.050 денари.

Така се инвестира во младите. Со 100 милиони евра ги поддржавме домашните компании што значеше нови работни места, 5.000 работни места така се отворија. На тие работни места работат млади луѓе. Сега предвидуваме 180 милиони евра финансиска поддршка. Повторно предвидуваме во ФИТР да можат младите своите идеи да ги реализираат, да формираат свои компании и голем број на мерки кои се однесуваат на субвенционирање на отпочнување на бизнис кај младите со повисоки суми. 8.000 евра да биде субвенција која што ја добиваат за отпочнување на бизнис“, рече Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека секогаш се потребни храбри одлуки за да се направат крупни исчекори за напредок на државата, потенцирајќи дека со доаѓањето на СДСМ на власт, многу работи во државата се променија на подобро.

„Промената на власта донесе демократија, слобода на медиумите, слобода на изразување, што е најважно во едно демократско општество. Донесе економски напредок. Ние денес имаме 50% помала невработеност од тоа што беше 2016. Минималната плата од 8.000, денес е 22.500 денари. Просечната плата е 650 евра од 350 евра. Сите бројки се или дуплирани или триплирани. Младинската невработеност е намалена за 50%. Воведовме мерки кои не постоеја до тогаш. На пример, студентски оброк не постоеше и не можеше да постои затоа што парите се трошеа на стиропор, на споменици, на жални врби во Вардар. Денес секој студент добива 140 денари дневно за оброк, тоа се месечно 50 евра. Потоа, најразлични додатоци за млади, финансиска поддршка за отворање на свои компании и низа на други мерки кои им помагаат на младите да напредуваат во својата лична и професионална кариера, рече Ковачевски.

Говорејќи за исполнување на стратешките цели, Ковачевски потенцираше дека благодарение на правилните и храбри политики на СДСМ во изминатите седум години, Македонија денес е членка на НАТО, што е огромна придобивка за државата, за сите граѓани вклучително и за младите.

Вие гледате колку е значајно една држава биде дел од НАТО, со оглед на војните кои се водат, но и со оглед на тоа што во стабилна држава доаѓаат странски инвестиции. Сега имаме дупло повеќе странски инвестиции, затоа има и толку работни места. Денес младите имаат многу повеќе можности за вработување од тоа што имаа пред 32 години. Пред 32 години во Македонија, невработеноста се искачуваше до фамозни 45%. Ние предвидуваме невработеноста да биде 7%. Предвидуваме просечната плата да биде 1.100 евра, минималната плата 600 евра, рече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски посочи дека она што сега е најважно е да се продолжи европскиот пат, како процес кој единствено може да донесе суштински и позитивни промени за државата.

Македонија ќе стане земја членка на ЕУ, не само заради членство, туку поради обезбедување на повисок животен стандард, заради обезбедување подобро здравство, образование, повисоки плати, подобри работни места, подобри услуги кои ги сакаат и младите и сите други граѓани. Тоа ќе се случи по победата на изборите прво на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, којшто е еден исклучително интегритетен, чесен, напреден политичар кој ги почитува сите подеднакво и со победата на коалицијата за европска иднина предоводена од СДСМ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава appeared first on Република.

]]>

Ние денес се бориме за младите да имаат подобро утре, подобри услови за живот, а Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на денешната промоција на Манифестот подготвен од Социјалдемократската младина на Македонија. Во однос на мерките што до сега се преземени за младите, Ковачевски потенцираше дека во изминатиот период се потпиша договор за реновирање на сите студентски домови во државата, неколкукратно се зголеми и се израмни висината на стипендиите кои студентите ги добиваат. Ако порано стипендиите беа од 2.000 до 3000 денари, сега нема стипендија која е пониска од 6.050 денари.
Така се инвестира во младите. Со 100 милиони евра ги поддржавме домашните компании што значеше нови работни места, 5.000 работни места така се отворија. На тие работни места работат млади луѓе. Сега предвидуваме 180 милиони евра финансиска поддршка. Повторно предвидуваме во ФИТР да можат младите своите идеи да ги реализираат, да формираат свои компании и голем број на мерки кои се однесуваат на субвенционирање на отпочнување на бизнис кај младите со повисоки суми. 8.000 евра да биде субвенција која што ја добиваат за отпочнување на бизнис“, рече Ковачевски.
Ковачевски потенцираше дека секогаш се потребни храбри одлуки за да се направат крупни исчекори за напредок на државата, потенцирајќи дека со доаѓањето на СДСМ на власт, многу работи во државата се променија на подобро.
„Промената на власта донесе демократија, слобода на медиумите, слобода на изразување, што е најважно во едно демократско општество. Донесе економски напредок. Ние денес имаме 50% помала невработеност од тоа што беше 2016. Минималната плата од 8.000, денес е 22.500 денари. Просечната плата е 650 евра од 350 евра. Сите бројки се или дуплирани или триплирани. Младинската невработеност е намалена за 50%. Воведовме мерки кои не постоеја до тогаш. На пример, студентски оброк не постоеше и не можеше да постои затоа што парите се трошеа на стиропор, на споменици, на жални врби во Вардар. Денес секој студент добива 140 денари дневно за оброк, тоа се месечно 50 евра. Потоа, најразлични додатоци за млади, финансиска поддршка за отворање на свои компании и низа на други мерки кои им помагаат на младите да напредуваат во својата лична и професионална кариера, рече Ковачевски.
Говорејќи за исполнување на стратешките цели, Ковачевски потенцираше дека благодарение на правилните и храбри политики на СДСМ во изминатите седум години, Македонија денес е членка на НАТО, што е огромна придобивка за државата, за сите граѓани вклучително и за младите.
Вие гледате колку е значајно една држава биде дел од НАТО, со оглед на војните кои се водат, но и со оглед на тоа што во стабилна држава доаѓаат странски инвестиции. Сега имаме дупло повеќе странски инвестиции, затоа има и толку работни места. Денес младите имаат многу повеќе можности за вработување од тоа што имаа пред 32 години. Пред 32 години во Македонија, невработеноста се искачуваше до фамозни 45%. Ние предвидуваме невработеноста да биде 7%. Предвидуваме просечната плата да биде 1.100 евра, минималната плата 600 евра, рече Ковачевски.
При тоа, Ковачевски посочи дека она што сега е најважно е да се продолжи европскиот пат, како процес кој единствено може да донесе суштински и позитивни промени за државата.
Македонија ќе стане земја членка на ЕУ, не само заради членство, туку поради обезбедување на повисок животен стандард, заради обезбедување подобро здравство, образование, повисоки плати, подобри работни места, подобри услуги кои ги сакаат и младите и сите други граѓани. Тоа ќе се случи по победата на изборите прво на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, којшто е еден исклучително интегритетен, чесен, напреден политичар кој ги почитува сите подеднакво и со победата на коалицијата за европска иднина предоводена од СДСМ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
 
The post Ковачевски: Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава appeared first on Република.

]]>
Николоски во Кавадарци: „Силата доаѓа од младите“ https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vo-kavadartsi-silata-doaga-od-mladite/ Sat, 06 Apr 2024 15:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=763137

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Александар Николоски, оствари средба со младите луѓе во Кавадарци.

Силата доаѓа од младите! Прекрасно поминато попладне со младите во Кавадарци“ – напиша тој по средбата на својот Фејсбук профил.

The post Николоски во Кавадарци: „Силата доаѓа од младите“ appeared first on Република.