млади земјоделци Archives - Република https://republika.mk/tema/mladi-zemjodeltsi/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Apr 2024 13:35:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png млади земјоделци Archives - Република https://republika.mk/tema/mladi-zemjodeltsi/ 32 32 Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-dosega-838-mladi-zemjodeltsi-uspeshno-ja-realizirale-poddrshkata-so-merkite-na-mzshv/ Sat, 06 Apr 2024 13:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=763089

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и заменик министерот Трајан Димковски денеска беа во посета на Делчево каде имаа средби со млади земјоделци корисници на меркиет на поддршка од овој ресор, како и со производители на градскиот пазар.

По посетата на погонот за призводство на макарони во село Град, кој е отворен од страна на млади земјоделци повратници, Николовски изјави дека како Министерство се води искрена грижа за секој земјоделец, давајќи фер шанса за секој и оти со конкретни мерки се нуди иднина на младите во својата држава.

-Уште од самиот почеток креиравме две нови мерки со поддршка од 10.000 и 20.000 евра за младите земјоделци, како мотив да започнат и активно да се вклучат во земјоделството. Досега вкупно 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката преку двете мерки за поддршка. Од нив 576 со грант поддршка од 10.000 евра и 262 со грант поддршка од 20.000 евра, рече Николовски.

Низ сите овие години, од 2017 до денеска преку сите мерки што ги имаат земјоделците на располагање, како што додаде Министерството има поддржано 2.689 млади земјоделци, со поддршка вредна 1,5 милијарди денари. Ја напомена поддршката во мерките за млад земјоделец, мерката за набавка на педигриран добиток, набавка на трактори, комбајни за жито, сушари и комбајни за ориз, системи капка по капка, силоси, мандри, опрема за тутун, поддршка за пчелни семејства, подигнување на лозови и овошни насади.

- Само минатата 2023 година, преку мерките за поддршка на малите винарии, малите дестилерии и малите производители на храна, сме поддржале 49 млади земјоделци, кои успешно аплицирале ги реализиарале овие мерки, поддршка вредна 27,7 милиони денари, додаде министерот.

Младите, како што потенцираше, добиваат можност за поддршка и преку ИПАРД програмата, во чија реализација сме земја лидер. Со ИПАРД 2 програмата Министерството, според него, има поддржано 1.212 млади лица, кои успешно реализирале инвестиции вредни над осум милијарди денари. Младите според министерот имаат предност и поголем процент на кофинасирање со ИПАРД програмата, а со новата ИПАРД 3 програма тие имаат и нова можност за авансна исплата од 50 проценти на одобрената поддршка веднаш по потпишувањето, за сите апликанти.

- Имавме визија и покажавме дека можеме и затоа планираме уште поголема поддршка за младите земјоделци. За 50 проценти, од 10.000 на 15.000 евра, го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци, кои сакаат да започнат со земјоделска дејност и дополнително обезбедуваме 40% авансна исплата. Младите земјоделци во првите 5 години од кога го превземаат земјоделското стопанство и се запишуваат во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) добиваат 100 проценти пораст на дополнителните субвенции, додаде Николовски.

Тој најави продолжување на активностите за формирање Сојуз на млади земјоделци, како и посебна подсекторска група за млади, со кој во иднина, ќе се креираат уште повеќе мерки за поддршка на младиот земјоделец.

The post Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и заменик министерот Трајан Димковски денеска беа во посета на Делчево каде имаа средби со млади земјоделци корисници на меркиет на поддршка од овој ресор, како и со производители на градскиот пазар. По посетата на погонот за призводство на макарони во село Град, кој е отворен од страна на млади земјоделци повратници, Николовски изјави дека како Министерство се води искрена грижа за секој земјоделец, давајќи фер шанса за секој и оти со конкретни мерки се нуди иднина на младите во својата држава. -Уште од самиот почеток креиравме две нови мерки со поддршка од 10.000 и 20.000 евра за младите земјоделци, како мотив да започнат и активно да се вклучат во земјоделството. Досега вкупно 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката преку двете мерки за поддршка. Од нив 576 со грант поддршка од 10.000 евра и 262 со грант поддршка од 20.000 евра, рече Николовски. Низ сите овие години, од 2017 до денеска преку сите мерки што ги имаат земјоделците на располагање, како што додаде Министерството има поддржано 2.689 млади земјоделци, со поддршка вредна 1,5 милијарди денари. Ја напомена поддршката во мерките за млад земјоделец, мерката за набавка на педигриран добиток, набавка на трактори, комбајни за жито, сушари и комбајни за ориз, системи капка по капка, силоси, мандри, опрема за тутун, поддршка за пчелни семејства, подигнување на лозови и овошни насади. - Само минатата 2023 година, преку мерките за поддршка на малите винарии, малите дестилерии и малите производители на храна, сме поддржале 49 млади земјоделци, кои успешно аплицирале ги реализиарале овие мерки, поддршка вредна 27,7 милиони денари, додаде министерот. Младите, како што потенцираше, добиваат можност за поддршка и преку ИПАРД програмата, во чија реализација сме земја лидер. Со ИПАРД 2 програмата Министерството, според него, има поддржано 1.212 млади лица, кои успешно реализирале инвестиции вредни над осум милијарди денари. Младите според министерот имаат предност и поголем процент на кофинасирање со ИПАРД програмата, а со новата ИПАРД 3 програма тие имаат и нова можност за авансна исплата од 50 проценти на одобрената поддршка веднаш по потпишувањето, за сите апликанти. - Имавме визија и покажавме дека можеме и затоа планираме уште поголема поддршка за младите земјоделци. За 50 проценти, од 10.000 на 15.000 евра, го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци, кои сакаат да започнат со земјоделска дејност и дополнително обезбедуваме 40% авансна исплата. Младите земјоделци во првите 5 години од кога го превземаат земјоделското стопанство и се запишуваат во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) добиваат 100 проценти пораст на дополнителните субвенции, додаде Николовски. Тој најави продолжување на активностите за формирање Сојуз на млади земјоделци, како и посебна подсекторска група за млади, со кој во иднина, ќе се креираат уште повеќе мерки за поддршка на младиот земјоделец.

The post Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ appeared first on Република.

]]>